8 minute read

ЕКОНОМИЈА Промовирана научна студија во издание на Фондацијата „Фридрих Еберт

Капитал број 1086 27.11.2020 30 ЕКОНОМИЈА

ПРОМОВИРАНА НАУЧНА СТУДИЈА ВО ИЗДАНИЕ НА ФОНДАЦИЈАТА „ФРИДРИХ ЕБЕРТ“ ГОЛЕМАТА СЛИКА: МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА СРЕДЕН И ДОЛГ РОК

Advertisement

Од почетокот на ковид - кризата, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Иако предизвиците не стивнуваа, туку напротив, од почетоците на работата на експертската група се повеќе нараснуваа, нивните препораки укажуваат на низа можности за градење на подобра иднина доколку се применат соодветни стратегии и модели, што пак зависи од тоа “Каде сакаме да се видиме на среден и долг рок?“. Во следните броеви на „Капитал“ ќе ги презентираме детално поглавјата од научната студија „Голема слика: македонската економија на среден и долг рок“

Редакција Капитал Н

На 23-ти ноември, Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје ја промовираше Научната студија “Големата слика: македонската економија на среден и долг рок”. Во време на криза од невидени размери и економски предизвици кои го зафатија цел свет, се отворија низа прашања и за иднината на македонската економија. За таа цел, од почетокот на кризата, па до денес, група на економисти, социолози, инженери, банкари, поранешни и актуелни министри работеа на поставување на “големата слика” за македонската економија. Иако предизвиците не стивнуваа, туку напротив, од почетоците на работата на експертската група се повеќе нараснуваа, нивните препораки укажуваат на низа можности за градење на подобра иднина доколку се применат соодветни стратегии и модели, што пак зависи од тоа “Каде сакаме да се видиме на среден и долг рок?”. Во рамки на своето воведно обраќање, директорката на Фондацијата „Фридрих Еберт“ - канцеларија Скопје, Ева Елерајт нагласи дека за да го одбереме вистинскиот пат, најнапред треба да знаеме каде сакаме да стигнеме, како на среден така и на долг рок, што пак претставува основа за изработка на оваа студија. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој исто така се обрати на промоцијата и ја поздрави иницијативата за изработка на една ваква научна студија, посочи дека голем дел од наодите и од препораките во истата се совпаѓаат со приоритетите и фокусот на политиките на Владата во овој мандат .„Еден од приоритетите е поголема интегрираност на нашата економија во меѓународните економски текови преку креирање на интензивен дијалог и соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор, наместо класичниот „top-down“ или „bottom up“ пристап, креираме хоризонтален пристап кој подразбира инклузивност на сите чинители, како и отворен дијалог за важните државни прашања.“, посочи вицепремиерот Битиќи.

Извозна експанзија

Главните заклучоци и препораки од научната студија „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, презентирани од страна дел од членовите на експертската група и универзитетски професори: Ванчо Узунов, Глигор Бишев, Маја Геровска Митев, и Никола Стиков, кои меѓу другото сугерираат дека покрај конвергенцијата кон ЕУ, како долгорочен приоритет на домашната економија треба да биде и фер распределба на доходот, односно намалување на сиромаштијата. Потребно е зајакнување на капацитетот на државата преку поголемо учество на државни расходи во самиот БДП, а уште повеќе, постоење на квалитетни владини институции, каде целта не е (само) да се намали државната администрација, ниту (само) да се спроведе „најдобра практика“ на раководење со државните институции, туку треба реформирање на целиот општествен и политички „сет-ап“ на окружувањето. Беше нагласено дека се неопходни структурни промени и ефикасно користење на производните фактори. Особено ни се потребни реформи во насока на подигнување на квалитетот на образованието, инвестирање во технолошки развој, истражување и иновации. Изборот пак на извозна експанзија како долгорочна развојна стратегија, која авторите ја сугерираат, значи дека економијата на државата не треба да остане (само) „мала отворена економија“, туку треба постепено да стане меѓународно интегрирана економија. Тоа воопшто не е исто. Треба да дојде до пораст на извозот и на стоки, а и на услуги со поголема компонента на домашна додадена вредност. Идниот модел на економски развој треба да има секторски пристап во однос на привлекувањето на СДИ, во којшто и домашните фирми не треба да изостанат. Тие треба да се вклучат и во регионалните и меѓународни вредносни вериги. Регионалниот (заеднички) пазар претставува голем потенцијал за домашните фирми, каде тие демонстрираат повисока конкурентната способност во однос на европско ниво. Тука се и можностите кои се отвораат со нарушените глобални економски текови како резултат на пандемијата, а кои ќе ги направат овие простори сè поинтересни за СДИ од ЕУ, и ќе придонесат кон поголемо поврзување на домашните фирми во споменатите вредносни вериги. Онаа стара парадигма според која пазарот е најефикасен алокатор на ресурси докажа дека покрај невидливата рака на пазарот е потребна и видлива рака на државата која ќе ги координира економските активности, а неконвенционалните инструменти на монетарната политика станаа трајна карактеристика на економските политики.

Социјалните и еколошките прашања не се меѓусебно спротивставени

Државата треба да ги искористи демографските и миграциските трендови како катализатори на пазарот на труд. Балансирање на образовниот профил на работната Капитал број 1086 27.11.2020

31

Хетерогена група на интелектуалци за полесно согледување на „големата слика“

Составена од 11 членови (Глигор Бишев, Јане Богоев, Ивана Вучкова, Маја Геровска-Митев, Марија Дренковска, Бранимир Јовановиќ, Никола Поповски, Никола Стиков, Драган Тевдовски, Ванчо Узунов, Мила Царовска), хетерогената група што ја изработи научната студија креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок, како и социјалните системи и образованието како основа за креирање на фер општество од мали нозе, собрани низ годините на искуство, експертиза и знаење од страна на економисти, социолози, банкари, и еден инженер, двајца поранешни министри за финансии, како и актуелната министерка за образование, луѓе познати во нашето општество кои денес работат дома, а и во странство: како во Европа, така и во САД и Канада; дел кејнзијанци и приврзаници на слободниот пазар; помлади и повозрасни.

Капитал број 1086 27.11.2020 32 ЕКОНОМИЈА

сила со понудата на работни места (на среден рок) и поттикнување коренити промени во образовниот систем со цел производство човеков капитал кој е интензивен во знаење (на долг рок), како и поттикнување на флексибилни работни аранжмани без нарушување на работничките права. Ивана Вучкова од Фондацијатата „Фридрих Еберт“, ко - авторка на еден од трудовите во студијата, додаде дека социјалните и еколошките прашања не се меѓусебно спротивставени, туку се јавуваат како резултат на долго воспоставен неправеден економски модел. Ковид-19 најмногу ни укажа на тоа, бидејќи ниту една криза не е криза на еднакви можности, колку и да се труди некој да го претстави тоа така, факт е дека сите не сме засегнати исто. Оваа студија нуди препораки за различните можности кои ни се располагање за градење на подобра иднина, и во големата слика за македонската економија на среден и долг рок, посветува клучно внимание на образовните и социјални политики, како и на зелената агенда, односно развој. Затоа што излезот од Ковид-19 кризата треба да значи почеток на еден нов систем во кој пристапот до образование и универзалната социјална заштита играат главна улога, а што пак и нема значење доколку не се справиме со климатските промени кои допрва ќе ни носат предизвици и друга криза, за која ќе нема ниту тестови, а богами ниту вакцина. Почесно обраќање за време на промоцијата, имаше и д-р Ахим Тругер, професор по социо - економски науки со фокус јавни финансии на Универзитетот Дуизбург Есен, и член на Германскиот совет на економски експерти или што би се рекло во буквален превод на македонски јазик „економски мудреци“. Тој ги поздрави препораките од студијата и ги оцени како клучни, не само поради релевантноста, туку и поради кредибилитетот кој го имаат, а кој се должи на хетерогеноста и освртот на образование, социјални и еколошки аспекти, дигитализација и улогата на државата како особено важни во барањето на одговори во економската наука. Во своето излагање, тој го елаборираше и моделот на Германскиот економски совет како формално независно тело, кое изработува годишни извештаи за германската економија и дава мислење по однос на клучни економски политики. Но, д-р Тругер ги нагласи и придобивките од неформалните модели кои Министерството за финансии на Германија ги практикува преку редовни средби (секој втор четврток) со експерти од областа на економијата, по однос на клучните макроекономски параметри и потребата од соодветни мерки во водењето на јавните финансии. Експертска група која работеше на

Меѓународно интегрирана, наместо само „мала и отворена„ економија

Изборот пак на извозна експанзија како долгорочна развојна стратегија, која авторите ја сугерираат, значи дека економијата на државата не треба да остане (само) „мала отворена економија“, туку треба постепено да стане меѓународно интегрирана економија. Тоа воопшто не е исто. Треба да дојде до пораст на извозот и на стоки, а и на услуги со поголема компонента на домашна додадена вредност. Идниот модел на економски развој треба да има секторски пристап во однос на привлекувањето на СДИ, во којшто и домашните фирми не треба да изостанат. Тие треба да се вклучат и во регионалните и меѓународни вредносни вериги. Регионалниот (заеднички) пазар претставува голем потенцијал за домашните фирми, каде тие демонстрираат повисока конкурентната способност во однос на европско ниво.

оваа научна студија, за прв пат се сретна во март годинава, на онлајн платформа. Составена од 11 членови, оваа хетерогена група креираше низа препораки за македонската економија на среден и долг рок, како и социјалните системи и образованието како основа за креирање на фер општество од мали нозе, собрани низ годините на искуство, експертиза и знаење од страна на економисти, социолози, банкари, и еден инженер, двајца поранешни министри за финансии, како и актуелната министерка за образование, луѓе познати во нашето општество кои денес работат дома, а и во странство: како во Европа, така и во САД и Канада; дел кејнзијанци и приврзаници на слободниот пазар; помлади и повозрасни. Бидејќи кажано со зборовите на координаторот на истата, проф. Драган Тевдовски, големата слика не може да ја види некој што има само лево - ориентирани ставови за политиките, исто како што не може да ја види и само некој со десно – ориентирани ставови. Исто, големата слика не можат да ја видат само младите со нивните идеали и верба во промени, туку е потребен и гласот на повозрасните за да укажат да не се повторуваат истите грешки. За крај, големата слика не може да се види само од внатре, туку таа мора да се гледа и од надвор. nnn

This article is from: