14 minute read

STARTUP инвестиција во компанија

Капитал број 1086 27.11.2020 34 STARTUP

БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРОТ УКИМ СО ПРВАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО КОМПАНИЈА СТО ИЛЈАДИ ЕВРА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ELEVATE GLOBAL

Advertisement

Бизнис Акцелераторот УКИМ ќе додели две транши на Elevate Global – иницијална инвестиција во износ од 25.00 евра и последователна инвестиција од 75.000 евра. Исто така, БАУ ќе обезбеди и континуирана дополнителна поддршка во менторство на тимот на стартапот и поддршка при освојување нови пазари.

пишува:

Игор Петровски

igor.petrovski@kapital.mk

ССто илјади евра финансиска поддршка доби македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ), што е всушност првата инвестиција на овој акцелератор откако почна да функционира минатата година. БАУ ќе додели две транши на Elevate Global - иницијална инвестиција во износ од 25.00 евра и последователна инвестиција од 75.000 евра. Исто така, БАУ ќе обезбеди и континуирана дополнителна поддршка во менторство на тимот на стартапот и поддршка при освојување нови пазари. Средствата остварени од инвестицијата на БАУ ќе помогнат на Elevate Global во нивното тековно работење, маркетинг и развој на бизнисот, беше објаснето на денешната промоција на оваа инвестиција. Наједноставно кажано, решението на Elevate Global со коешто конкурира на светскиот пазар е всушност софтвер, којшто со огромна брзина трансферира голем број податоци во применливо знаење при носење деловни одлуки. Нивниот продукт интегрира процесирање на огромни количини на податоци,

Капитал број 1086 27.11.2020

35

БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРОТ УКИМ СО ПРВАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО КОМПАНИЈА СТО ИЛЈАДИ ЕВРА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИОТ СТАРТАП ELEVATE GLOBAL

вештачка интелигенција и машинско учење, со цел да помогне при предвидување на ситуации во различен опсег на индустрии што се клучни за донесување на одлуки. „На пример, во областа на електроенергетиката, предвидуваме генерирање и потрошувачка на струја од соларни панели и ветерници сè со цел да се знае колку струја ќе биде произведена или потрошена за да се балансира енергијата. Ако не го правиме тоа нашиот систем ќе колабира, ќе падне. Што мислите, што ќе се случи со електроенергетскиот систем ако сите ставиме сончеви панели на покривте на домовите? Електроенергетскиот

На промоцијата на инвестицијата, покрај раководителот на Бизнис Акцелераторот УКИМ Александар Стамболиев и ко – основачот на Elevate Global, Ѓорѓи Маџаров, присуствуваа и Фатмир Битиќи – вицепремиер задолжен за економски прашања, Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ.

систем ќе го немаме, ќе изгори за една минута. Многу е тешко да ја балансирате електроенергетската мрежа. Мораме да знаеме која е потрошувачката, побарувачката и кој тоа во секој момент ќе го врши снабдувањето. Затоа се потребни процесирања на огромни количини на податоци со огромна брзина“, објасни Ѓорѓи Маџаров, ко – основач и директор на Elevate Global на денешната онлајн презентација на инвестицијата.

Како научно – истражувачка работа се претвора во бизнис

Маџаров, којшто е инженер и универзитетски професор по информатика, ја раскажа накратко и успешната приказна за неговиот стартап. „Сè почна пред околу 2 години, кога една идеја на двајца инженери посветени на својата научно - истражувачка работа беше презентирана на локалниот настан BETAPITCH Скопје. Оваа идеја беше препознаена од стручното жири и како најдобра се најде на глобалниот настан BETAPITCH Global во Берлин. Прва јавна презентација, прв јавен настап, прво искуство и прва меѓународна награда. Потоа се нижеа и другите награди и признанија. Победници на GIST настанот, позиционирање меѓу најдобрите 30 стартап компании на TechTour за Југоисточна Европа, па сè до Merit WinnerDigital Innovation Award од World Information Technology and Services Alliance (WITSA) во конкуренција на иновативни решенија од преку 80 земји од целиот свет. Времето одминуваше, тимот вредно работеше и идејата добиваше свој лик и имплементација. Денес имаме решение подготвено за пласирање на светскиот пазар. Улогата на стартап екосистемот, акцелераторите и фондовите за развој во оваа фаза е клучна и неговата поддршка во процесот на бизнис развојот неминовен за да се постигне посакуваниот успех“, рече Маџаров. Александар Стамболиев, раководител на БАУ ги повика сите кои имаат идеја да се пријават на отворениот повик за апликации за поддршка на Акцелераторот УКИМ на линкот: http://accelerator.ukim.mk/apply/. „Поддршката вклучува инвестиции во рана фаза и прилагодени програми за поддршка на бизнисот, вклучувајќи менторство и пристап до меѓународни пазари, фондови, мрежи и заедници. На располагање се целокупното искуство и ресурси на нашите основачи: УКИМИНОФЕИТ, Развојната фондација Кримсон, Друштвото за ревизија РСМ и фондацијата ‘Проф. д-р Димитар Стамболиев’, кои заедно во соработка со повеќе од 3.000 професори од најстариот универзитет во Македонија, 25 ментори – успешни Mакедонци во светот претставени преку Обединетата Македонска Дијаспора и нашите

Капитал број 1086 27.11.2020 36 STARTUP

Нашиот продукт е софтвер, којшто со огромна брзина трансферира голем број податоци во применливо знаење при носење деловни одлуки. Решението интегрира процесирање на огромни количини на податоци, вештачка интелигенција и машинско учење, со цел да помогне при предвидување на ситуации во различен опсег на индустрии што се клучни за донесување на одлуки,

вели Ѓорѓи Маџаров, ко – основач и директор на Elevate Global

Сите кои имаат идеја може да се пријават на отворениот повик за апликации за поддршка на Акцелераторот УКИМ. Доколку се квалификуваат, поддршката значи инвестиции во рана фаза и прилагодени програми за поддршка на бизнисот, вклучувајќи менторство и пристап до меѓународни пазари, фондови, мрежи и заедници. На располагање се целокупното искуство и ресурси на нашите основачи кои заедно во соработка со повеќе од 3.000 професори од УКИМ, 25 ментори – успешни Mакедонци во светот, и нашите меѓународни партнери ќе ви помогнат да го остварите својот бизнис потенцијал,

вели раководителот на БАУ, Александар Стамболиев.

меѓународни партнери ќе ви помогнат да го остварите својот бизнис потенцијал“, порача Стамболиев.

УКИМ во функција на развој на стартап екосистемот

На промоцијата присуствуваа и Фатмир Битиќи – вицепремиер задолжен за економски прашања, Коста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој и проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ. Ректорот Јанкуловски го истакна придонесот на академската заедница во развојот на стартап екосистемот во државава. „Со формирање на Акцелераторот УКИМ сакавме да покажеме дека имаме општествена одговорност, да му помогнеме на општеството и на човештвото кои се соочуваат со сериозни кризи и предизвици и потребата научните и стручни капацитети на нашиот Универзитет да ги ставиме во функција на општествениот и технолошкиот развој. Нашиот придонес за развој на стартап компаниите, забрзување на нивниот раст и развој и со помош на останатите содружници во проектот за акцелераторот, за меѓународно вмрежување на стартапите и партиципација на глобалниот пазар, се состои од плејада експерти од сите научни подрачја, голем број лаборатории и материјални ресурси со кои располагаме“, рече Јанкуловски. Според Битиќи, микро, малите и средни претпријатија, во најголем број, се јадрото на секоја економија. „Ако до пред три години постојано слушавме дека компаниите се соочуваат со сериозни проблеми во изнаоѓање финансии за отпочнување на бизнис, реализација на нивните бизнис идеи, за унапредување на нивните процеси, за проширување и технолошки развој, сите сме сведоци дека денес тоа не е случај. Во изминатите три години креиравме широк дијапазон на можности за младите лица, за креативните луѓе, за веќе оформените компании. Тука би ги споменал грантовите и кредитите за самовработување преку Агенцијата за вработување, потоа мерките од Фондот за иновации и технолошки развој со кои го издигнавме Фондот на навистина високо ниво, а стана препознатлив за поддршка на микро, мали и средни компании, старт ап и спин оф“, рече Битиќи. ФИТР и Владата континуирано ги поддржуваат домашните компании со цел економско зајакнување, отворање на нови работни места и конкурентност на пазарите и во поразвиените земји, додаде директорот на ФИТР, Коста Петров. „Инвестирањето во основање и развој на акцелератори за нас е од особено значење, бидејќи преку нив се овозможува техничка поддршка и финансии за млади луѓе кои ги реализираат своите идеи преку стартап компании, односно брзо растечки бизниси. ФИТР во соработка со Светска банка досега поддржа три акцелератори со речиси два милиони евра и 305 стартап компании со вкупно кофинансирање од 17,3 милиони евра. Преку инструментите на ФИТР на корисниците им нудиме средства за почетни инвестиции, но и за инвестиции во сите фази на развој на нивните бизниси“, истакна Петров. nnn

Капитал број 1086 27.11.2020

38 СВЕТ

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ БЕРЗИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДА РАСТАТ БАВНО

Капитал број 1086 27.11.2020

39

ПРОДОЛЖУВААТ ДА РАСТАТ БАВНО

Земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Како резултат, расте задолженоста и јавниот фискален дефицит. Но, пазарите гледаат на ова како краткорочен мост кон времето по пандемијата.

Генерали Инвестментс

(редакциска опрема Капитал)

Б

Бројката на новозаразени и смртни случаи, од една страна, и подобрените информации за вакцините, од друга страна, продолжуваат да ги кројат движењата на пазарот. Бројот на новозаразените и повеќе од 10.000 дневни смртни случаи на глобално ниво го доведоа светот до ново затворање, слично на пролетта и следствено, повторно во остра контракција на економијата. Земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Како резултат, расте задолженоста и јавниот фискален дефицит. Но, пазарите гледаат на ова како краткорочен мост кон времето по пандемијата. Три водечки вакцини (AstraZenеca оваа недела им се придружи на Moderna I Pfizer) ветуваат крај на пандемијата. Можеби оптимизмот е малку пребрз бидејќи нормализацијата може да се очекува во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефективни, но ротацијата помеѓу индустриите и компаниите продолжува. Претходно најпогодените индустрии и акции можеа да се пофалат со највисоки стапки на раст во последните две недели. Расплетот на изборите во САД продолжува да биде од помош, а администрацијата на Трамп полека се

Пазарите продолжуваат да растат бавно. Видовме големи поместувања кај одделните акции, особено во секторите кои беа најголеми жртви на пандемијата. Некои акции пораснаа и за повеќе од триесет проценти. Но, бидејќи овие компании имаат мала тежина во глобалните индекси, во кои доминираат технолошки гиганти кои забавуваат во последно време, промените кај најголемите светски индекси се мали. Можеме да кажеме дека ротацијата во поризични, циклични инвестиции продолжува.,

велат аналитичарите на Генерали Инвестментс во својот редовен седмичен извештај за глобалните финансиски пазари.

Капитал број 1086 27.11.2020

40 СВЕТ

Помалите пазари остануваат многу непредвидливи. Видовме силен скок во Турција, бидејќи политиката го смени правецот и ги зголеми каматните стапки. Во Кина видовме корекција кај најголемите технолошки гиганти на кои партијата им рече на малку потежок начин дека тие се во служба на партијата и на државата, а не само на приватните интереси.

Три водечки вакцини (AstraZenеca оваа недела им се придружи на Moderna I Pfizer) ветуваат крај на пандемијата. Можеби оптимизмот е малку пребрз бидејќи нормализацијата може да се очекува во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефективни, но ротацијата помеѓу индустриите и компаниите продолжува. Претходно најпогодените индустрии и акции можеа да се пофалат со највисоки стапки на раст во последните две недели.

подготвува да ја предаде власта. Инаугурацијата се очекува во средината на јануари, а претпоставките за новата администрација не се променети. Збирот на претпоставки, инвеститорите го сметаат за позитивен за пазарот, а реториката на централните банки дава дополнителен импулс. Сè очекува дека ова е светло на крајот од тунелот, така што сегашното затворање на фирмите и како последица на тоа лошите економски податоци од крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година се практично лански снег, за кој веќе никој не е заинтересиран. Аналитичарите зборуваат за втората половина на 2021 и 2022 година, кога

Капитал број 1086 27.11.2020 Капитал број 1086 27.11.2020

41

Капитал број 1086 27.11.2020

42 СВЕТ

веќе нема да има пандемии, а се очекува значителен раст на БДП, профитите и деловната активност. Светот се гледа низ розови очила. Но, ова е карактеристика на буквално сите периоди веднаш по изборите во САД. Сè додека ликвидноста е неограничена, веселото расположение на сите пазари ќе продолжи.

Помалите пазари остануваат многу непредвидливи

Пазарите продолжуваат да растат бавно. Видовме големи поместувања кај одделните акции, особено во секторите кои беа најголеми жртви на пандемијата. Некои акции пораснаа и за повеќе од триесет проценти. Но, бидејќи овие компании имаат мала тежина во глобалните индекси, во кои доминираат технолошки гиганти кои забавуваат во последно време, промените кај најголемите светски индекси се мали. Можеме да кажеме дека ротацијата во поризични, циклични инвестиции продолжува. Последните недели парите беа привлечени главно од индустријата, но исто така и од биотехнологијата, услугите (туризам, угостителство, итн.), автомобили, финансии, како и сè што е поврзано со заштитата на животната средина и зелената енергија. Од друга страна, гледаме помал интерес за технолошки гиганти, компании кои служат работејќи од дома и вршат е - трговија, како и компании од прехранбената индустрија и некои фармацевтски гиганти. Помалите пазари остануваат многу непредвидливи. Видовме силен скок во Турција, бидејќи политиката го смени правецот и ги зголеми каматните стапки. Во Кина видовме корекција кај најголемите технолошки гиганти на кои партијата им рече на малку потежок начин дека тие се во служба на партијата и на државата, а не само на приватните интереси. Сепак, растот е резултат на бавното движење на пазарите на Европа, каде што оптимизмот расте во последните неколку недели и покрај силниот застој во јавниот живот, а договорот за Брегзит никогаш не бил толку близу до целта. Договорот ќе отстрани голема пречка или ризик за европскиот пазар, особено од гледна точка на САД или глобалните инвеститори. nnn

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ИНВЕСТИТОРИТЕ СО ДОЛГОРОЧНИ ЦЕЛИ НА ЗАШТЕДА ТРЕБА ДА ИСТРААТ И ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ВРШАТ ПЕРИОДИЧНИ ПЛАЌАЊА

Трендот на раст на пазарите исто така, може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, кој ќе биде повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и повеќе еколошки живот, а структурата на растот ќе се промени. Можно е носители на раст на индексите да не бидат најголемите технолошки компании, туку други помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани.

Информациите за вакцините и ликвидноста овозможена од централната банка ќе продолжат да ги кројат берзите. На краток рок технолошките гиганти веројатно достигнаа врв со најавите за можна вакцина, а вниманието е насочено и кон другите сегменти на пазарот. На долг рок акциите од технолошките компании и компаниите кои вршат е - трговија и работа од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но остануваат скапи, така што инвеститорите ќе бидат повнимателни и воздржани. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарски производи продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите на инвестиции во акции, а поради очекуваните вакцини и состојбата во политиката на САД, инвестирањето во акции денес е нешто полесно. Остануваме посветени на општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка и за обврзници и за акции, а интересот на инвеститорот за технолошки акции ќе продолжи да биде силен, но како што видовме со високи процени, претпазливоста не е излишна. Можностите надвор од технолошкиот сектор се привлечни, главно како резултат на значително пониските процени и промените во очекуваното идно работење на компаниите, предизвикани од очекувањата за вакцината. Најновите деловни резултати во некои „заборавени“ индустрии се охрабрувачки и ако вакцината навистина се појави на пазарот пролетта 2021 година, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од корен и ротацијата помеѓу индустриите ќе добие силна поддршка. Историјата нè учи дека индустриите со многу високи процени имаат тенденција да даваат потпросечни приноси во следната деценија. Трендот на раст на пазарите исто така, може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, кој ќе биде повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и повеќе еколошки живот, а структурата на растот ќе се промени. Можно е носители на раст на индексот да не бидат најголемите технолошки компании, туку други помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде процените не се претерани. Ова вклучува главно здравство, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда треба да истраат и да продолжат да вршат периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период.

This article is from: