11 minute read

МЕНАЏМЕНТ Како да се решите од стравот на губење моќ и контрола

Капитал број 1086 27.11.2020 44 МЕНАЏМЕНТ

ДЕЛЕГИРАЊЕ КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

Advertisement

Ако работата ја носите дома, ако останувате во канцеларијата и по завршување на работното време, ако работите преку викенд со цел да го надополните пропуштеното, ако целите ги надминуваат индивидуалните способности и можности – тогаш време е да научите да делегирате. Еве некои клучни совети како добро и ефикасно да ги делегирате задачите

AАко работата ја носите дома, ако останувате во канцеларијата и по завршување на работното време, ако работите преку викенд со цел да го надополните пропуштеното, ако целите ги надминуваат индивидуалните способности и можности – тогаш време е да научите да делегирате. Поедноставно, тоа е пренесување на работата на другите со јасно дефинирани овластувања кои се потребни за работата да се заврши, односно одлука со која ќе одлучите кои задачи и на кој би му ги предале, а што ќе задржите за себе. Но, делегирањето е повеќе од само префрлање на задачите – со тоа

истовремено барате од членовите на тимот да преземат извршување на задачите и овластување да ги работат работите во ваше име, но сепак вие сте одговорни. Парадоксот, меѓутоа е што сите се жалат на премногу работа, но без разлика грото менаџери мора да се одликуваат со вештини да можат делегираат оти сите работни процес се подобруваат и поедноставуваат ако задачите се квалитетно распоредени. Истражувањата за работното време кај луѓето кои се на челните позиции покажуваат дека тие работат во просек 50 работни часа или повеќе во текот на една недела. Но оние што знаат да делегираат имаат задоволни соработници, клиенти и партнери и успешно ги исполнуваат своите цели.

Линија на помал отпор

Верувањето на поединците дека сè можат сами најдобро да направат, предизвикува се поголема неефикасност и незадоволство кај другите вработени. Таквиот начин на размислување почнува да биде пречка во остварување на зададените цели. Затоа делегирањето на задачите е одраз на заемна доверба меѓу менаџерите и вработените, но и добра проценка како најдобро може да се искористат квалитетно одредени членови во тимот. Делегирањето е и област на личен и професионален развој. Проблемот доаѓа од нашето верување дека треба да се контролираат резултатите и цврсто вкоренетото мислење дека знаеме само ние како нешто може да направиме најдобро. Па затоа тешко ни е да ја препуштиме контролата на други. Како менаџери се плашиме од последиците кога вработениот нема да ја заврши работата со посакуваниот резултат или во зададениот рок. Неуспехот може лошо да влијае на нас, па затоа често одиме по линија на помал отпор. Место да ги подобрите своите вештини за делегирање, понекогаш ни е полесно да ги завршиме работите и задачите сами оти преоптоварувањето ни се чини помалку ризично од тоа задачите да им ги поделиме на другите. Ни се јавуваат мисли како: „Што ако тие не го направат ова исправно и според моите стандарди? Што ако тоа го направат подобро од мене? Што ако станам помалку важен на работното место?“ Со оглед на тоа дека по природа сакаме да имаме контрола, губењето на истата го доживуваме како губење на авторитетот и моќта. Во основа кај многумина неделегирањето на задачите е всушност начин да ја задржат контролата.

Вештина на избор

При делегирањето е важно да се изберат вистинските луѓе за задачите што би им ги дале. При изборот на подредениот на кој ќе му делегирате Капитал број 1086 27.11.2020

45

ШТО ПРАВИ БАФЕТ?

Ворен Бафет, американски вложувач, бизнисмен и еден од најголемите светски филантропи, а според листата на магазинот Форбс и трет најбогат човек во светот, сигурно не е преоптоварен со недоволно време поради неделегирање на задачите на своите соработници. Според неговата биографија, тој со задоволство делегира без разлика на ризиците од таквиот пристап. Бафет од својата мала канцеларија управува со војска од 257 илјади вработени со помош на само 21 вработени во канцеларија. Неговиот бизнис партнер на овој начин го опиша неговиот работен ден: „Тој поминува половина од денот само седејќи и читајќи. А останатото време разговара телефонски или во живо со многу способни луѓе на кои многу им верува“.

задачи морате да имате сознание за неговите способности и склоности кон соработка, но и доверба во него, неговите лични квалитети и неговиот однос кон одговорностите. Со делотворно делегирање придонесувате кон остварување на целите на компанијата, но и ја развивате и градите личност која ви е подредена, а која преку извршување на доделените задачи успешно ќе ги усовршува своите вештини, а со тоа и вие ќе добиете повеќе време за управување и завршување на креативните работи. Потребно е да се истакне дека не е доволно само да се познава природата на делегирањето. Потребно е да сакате и да знаете да делегирате. Умешното делегирање е збир на сакање, знаење и однесување. Делегирањето е едно од најбараните вештини и една од најпосакуваните карактеристики на современиот менаџер. И покрај тоа, според некои истражувања (кои ги анализираат врските меѓу степенот на делегирани задачи и постигнатите резултати кај менаџерите), поголемите пропусти и неуспеси кај менаџерите доаѓаат токму од недоволното или неодговорното делегирање. Очигледно, не е во прашање непознавањето на улогата што може да ја направи делегирањето и нејзините предности, туку пред се односот на менаџерите кон делегирањето. Станува збор за лични уверувања кај менаџерите и нивниот личен однос кон делегирањето. Втемелени се личните уверувања за делегирањето, кои најчесто пресудно влијаат и на успехот на делегирањето и на успешното управување во целина, подготвеност за прифаќање на туѓите идеи, доверување на задачите на другите, преземање на ризици и можни грешки како и подготвеност за создавање доверба кон подредените.

Последици од неделегирањето

Многу често, спротивно на наведените општоприфатени уверувања, менаџерите немаат доверба во своите подредени и мислат дека секоја работа можат да ја направат подобро од нив. А всушност сè може да се делегира – освен одговорноста. Клучниот збор за современото поимање на делегирањето е – доверба. Не секое делегирање е успешно, па затоа е важно да ги знаете и опасностите од неефикасното делегирање. Една од најчестите опасности од неделегирањето е губење време на надгледување на другите: роковите не се почитуваат, некои вработени повеќе работат од други, што неизбежно предизвикува лоша атмосфера и незадоволство; компетентните се или фрустрирани или се досадуваат; тимот и поединците се демотивирани оти не ги добиваат саканите и прифатливите одговорности и на тој начин не развиваат нови вештини. Менаџерот е премногу ангажиран и нема време да разговара со вработени. Вработените не се сигурни во своите надлежности и задолженија. Многу е лошо ако сугестиите на вработените се игнорираат и веднаш се отфрлаат, а уште полошо е ако информациите за промена во плановите и целите не доаѓаат до вработените. На тој начин компанијата забавува поради бавните одлучувања. nnn

Капитал број 1086 27.11.2020 46 МЕНАЏМЕНТ

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

Капитал број 1086 27.11.2020

47

Сликата за претприемачот многу често се идеализира. Повеќето сметаат дека тие се големи лидери кои ги смислуваат сите најдобри идеи и имаат тимови кои слепо го прати секој нивни збор. Понекогаш тоа е навистина така, но во поголемиот број случаи претприемачите работат многу напорно со тимот со цел заедно да ги смислат, а потоа и да ги реализираат добрите идеи. Во овој процес клучен фактор е добрата комуникација. Таа одредува дали некој претпримач ќе биде успешен, бидејќи и најдобрите идеи можат да пропаднат ако комуникацијата е лоша и преполна со грешки. Притоа, комуникацијата не е само разговарање, туку таа подрабира неколку лучни вештини кои претприемачите мораат да ги усвојат.

Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека колку што сте подобри во преговорите, толку сте подобри во бизнисот. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација. Сликата за претприемачот многу често се идеализира. Повеќето сметаат дека тие се големи лидери кои ги смислуваат сите најдобри идеи и имаат тимови кои слепо го прати секој нивни збор. Понекогаш тоа е навистина така, но во поголемиот број случаи претприемачите работат многу напорно со тимот со цел заедно да ги смислат, а потоа и да ги реализираат добрите идеи. Во овој процес клучен фактор е добрата комуникација. Таа одредува дали некој претпримач ќе биде успешен, бидејќи и најдобрите идеи можат да пропаднат ако комуникацијата е лоша и преполна со грешки. Притоа, комуникацијата не е само разговарање, туку таа подрабира неколку клучни вештини кои претприемачите мораат да ги усвојат. Според Enterpreneur ова се клучните вештини кои претприемачите мора да ги совладаат за да имаат успешна комуникација. X Јасен разговор Разговорот е основа на комуникацијата и неговата важност никако не смее да се занемари. Дури и едноставен, пријателски разговор со вработените може да изгради меѓусебна доверба, но и да открие некои проблеми пред тие да станат преголеми и пресериозни. Здрава доза на разговарање со непозната личност исто така може да доведе до некоја деловна прилика. Бидете попристапни, пријателски настреоени, бидејќи така ќе можете да разговарата со сите. X Говор на телото Добар дел од комуникацијата е невербален, па заради тоа усовршувањето на говорот на теловот е нужност. Во секој момент е битно држењето на телото- бидете исправени, било да седите или стоите, рамениците повлечете ги малку наназад, а главата држете ја високо и исправено. Луѓето гледајте ги право во очи и немојте да се мрштите. Рацете не ги држете во џебови. Ова се само основи за тоа како треба да го држите телото. Со усовршување на говорот на тело можете да имате контрола врз секоја ситуација. X Пишување Не морате да бидете Мерсел Пруст, но треба да научите да пишувате директно и силно. Сигурно често користите и електронска пошта во комуникацијата, па затоа е важно да знаете како јасно и толно да ги артикулирате своите мисли преку овој медиум со што помалку грешки и нејасностии. Најлесно ќе го подобрите своето пишување ако редово читате книги и друга литература. X Презентирање Претприемачот многу често може да има потреба да врши презентации на своите идеи и на работењето во повеќе формати. Можеби ќе треба да ги презентирате финансиските извештаи на партнерите или на некои заинтересирани инвеститори.Или можеби ќе треба да ги презентирате вашите услуги и производи на заинтересираните клиенти. Можеби дури и ќе треба да одржите говор на некој саем за претприемништво. Во сите наведени сличаи кога презентирате ви е неопходна јасност, концизност, самоувереност и држење на телото. X Преговарање Во деловниот свет преговорите се секојдневие, па затоа важи правилото дека што сте подобри во преговорите, тоа сте подобри во бизнисот. Полесно ќе успеете да обезбедите добри услови за изнајмување на канцеларија, да плаќате поразумни плати на вработените и да добиете подобри понуди од клиентите. За ефикасно преговарање не се важни за вистинските зборови, туку битен е и тајмингот, познавањето на клучните факти и секако самоувереноста. X Посредништво Иако поретко ќе бидете посредник отколку говорник, понекогаш ќе треба да решите одредени конфликти. Можеби ќе требате да разрешите некој конфликт помеѓу двајца вработени, околу тоа чија била одговорноста да се заврши некоја работа. Или можеби двајца различни добавувачи ќе влезат во конфликт заради грешка во комуникација. Во секој случај, морате да ги сослушате двете страни и да им помогнете да ги решат своите проблеми. X Дебати Дебатирањето не значи карање. Може да биде и здрава расправа за две или повече опцоо во опкружувањето полно со меѓусебно почитување. Целта на дебатата не е секогаш да се порази противникот, клучно е да се изнесат вашите мислења и убедувања на најдобар можен начин. Така на вложувачите, партнерите и вработените полесно ќе им ги разјасните своите идеи. X Водење Лидерот има многу одговорности, но во комуникацијата е најважно да оддавате самодоверба, доверб и страст. Луѓето ќе ги инспирирате со секојдневни пораки, јавни и приватни, и клучно е да се држите како лидери, со цел да го одржите својот моќен имиџ. X Претприемачот мора

да биде поливалентен

Денеска постојат различни платформи за комуникација –телефонски повици, смс, електронска пошта, видео разговори, инстант пораки, Фејсбук, и треба да одберете која е насоодветна во која ситуација. Изборот на вистински медиум е многу важно. X Слушање Слушањето е веројатно најважна комуникациска вештина, бидејќи е применлива во многу ситуации. Активното слушање помага во разговорот, дебатите, водењето, преговарањето и просредувањето, бидејќи со нив покажувате промисленост, емпатија и ангажираност на луѓето околу себе. Кога ќе ги совладате овие 10 клучни комуникациски вештини, ќе имате подобри изгледи да успеете како претприемач и бизнисмен. Како и кај секоја друга вештина, ниту комуникацијата не може да се усоврши без пракса. Затоа трудете се што повеќе можете и бидете свесни за секој свој настап. nnn

Капитал број 1086 27.11.2020

48 ЛИДЕРИ

ДРУ ХЈУСТОН ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР НА DROPBOX

НЕ СЕКИРАЈТЕ СЕ ЗА НЕУСПЕХОТ

САМО ЕДНАШ ТРЕБА ДА ЈА ПОГОДИТЕ РАБОТАВА D Dropbox денес е најпознатиот онлајн сервис што ни овозможува да ги префрлиме и чуваме нашите фајлови на т.н. облак (cloud). Дру Хјустон е ко - основач и директор на компанијата, која што е неговиот шести стартап по ред, пред да доживее планетарен успех и да го направи милијардер, со проценето богатство во моментов од околу 2,5 милијарди долари. Тој е извршен директор на компанијата и сопственик на 25% од акциите.

Вредните луѓе не работат напорно затоа што се дисциплинирани, туку затоа што работата на решавање возбудлив проблем е забавна. Не секирајте се за неуспехот; Само еднаш треба да ја погодите работава.

Наместо да се трудите да си го направите животот совршен, дајте си слобода да го направите авантура. Најопасната мисла што може да ја имате како креативна личност е тоа дека знаете што правите.

Многу често да не знаеш сè за сешто е всушност добра работа... Многу одлични, иновативни работи се случиле кога луѓето едноставно не знаеле дека тие се воопшто можни.“ Да се опкружиш со инспиративни луѓе е исто толку важно колку талентот и напорната работа.

Некаде помеѓу печатењето визитки на кои што пишува ‘основач’ и сè друго што треба да сторите, вие сфаќате, ‘Ох, овде имало еден тон работа’”.

Една од погрешните перцепции за претприемачите е дека тие го сакаат ризикот. Всушност, сите ние сакаме работите да се одвиваат како што очекуваме. Она што ни е треба е оптимизам и толеранција за неизвесноста.

This article is from: