6 minute read

ИНТЕРВЈУ Николаос Цифакис, универзитетски

Капитал број 1086 27.11.2020 18 ИНТЕРВЈУ

НИКОЛАОС ЦИФАКИС УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР ЕУ ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ПОЛИТИЧКАТА МОЌ НА БАЛКАНОТ!

Advertisement

Истакнатиот професор од Универзитетот во Пелопонез и член на Советодавната група за политика на Балканот во Европа смета дека блокадата за македонските интеграции ќе значат дека Европа нема веќе политичка моќ во регионот и дека тоа воопшто не е мала работа, оти има низа отворени прашања, пред се' тоа помеѓу Косово и Србија каде Брисел е директен медијатор. „Дополнително, во последните две години гледаме напори за излез од авторитарните циклуси, нешто што е реткост во регионот и ако ЕУ не успее да ги цени промената на власта ама и на политиките, тоа ќе биде негативна порака за сите“ вели тој. Како позитивен сигнал тој ги цени резултатите од изборите во САД, што според него ќе влијаат на нормализирање на целокупната политичка клима во светски рамки, ама и на реставрација на силно нарушените односи помеѓу ЕУ и САД, односно трансатлантската врска, што резултираше со некоординираност и хаос помеѓу главните играчи на Западот.

разговара:

Катерина Синадиновска

katerina.sinadinovska@kapital.mk

Г

XГосподине Цифакис, како гледате

на процесот на проширување во овој момент?

Ако ја гледате само посветеноста на сите кои се големи оптимисти и најавите од пред два месеци за еден многу амбициозен инвестициски план што вклучува 9 милијарди евра за периодот од 2021 - 2027 што ќе финансира различни проекти од транспорт и поврзување, сите влади земји во регионот, и сите општества, сите тие ја изразија својата поддршка за процесот на пристапување. Но, ако одиме во суштината и го гледаме прогресот во процесот резултатите се слаби. Од една страна ЕУ не притиска за да има реформи и прогрес во реформите во земјите од регионот, а во исто време повеќето балкански лидери се повеќе заинтересирани за процедурална усогласеност со европските норми, отколку да има вистинска усогласеност. XКаква опасност за регионот може

да значи ново одложување за македонските интеграции?

Прво, ова е еден навистина несреќен развој на настаните што никој не го очекуваше пред една година. Ефектите од блокадата за Северна Македонија ќе бидат поразителни за регионот. Не смееме да заборавиме дека Преспанскиот договор е поврзан со пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ, има неколку чекори што недостасуваат, а што се директно поврзани со напредокот во пристапувањето кон ЕУ. Исто така да бидам искрен, Скопје го прифати Преспанскиот договор со очекување дека на тој начин ќе биде „прикачен“ пристапот кон ЕУ. Тоа беше главната мотивација. Но, тука не се работи само за Преспанскиот договор. Брисел се обидува да биде медијатор помеѓу Косово и Србија, и моќта на Брисел ќе биде намалена во разговорите помеѓу Косово и Србија. Секој договор за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово e подложен на очекувањата за европска интеграција. Ако членството во ЕУ е далечно, тогаш има многу мала влог за наоѓање на компромис и решение. Значи европското влијание и политики во регионот ќе бидат оштетени и надвор од македонскиот случај. И последно, да не заборавиме, во последните две години гледаме напори за излез од авторитарните циклуси, нешто што е реткост во регионот и ако ЕУ не успее да ги цени промената на власта ама и на политиките во изминатите години, тоа ќе биде негативна порака за остатокот од регионот . XСлушаме различни гласови што го

доведуваат во прашање принципот на консензус. Дали е овој систем на гласање всушност сè уште одржлив?

Секое прашање е различно. Има прашања како за единствениот пазар или монетарна унија кои успеаја да се извлечат со потребата од консензус. Идејата е дека ветата ќе се намалат, но ова може да оди заедно само со поблиска политичка интеграција. Во сегашноста и во догледна иднина ветото ќе биде дел од политиката на проширување и ова е нешто што секогаш било случај, од периодот на Шарл де Гол до денеска европските членки си го одржувале правото да одлучуваат кој ќе биде дел од семејството, со кого ја гледаат заедничката иднина или со кого ќе градат врски на взаемна солидарност. За македонскиот случај конкретно не е прашањето дали ќе функционира принципот на вето, туку принципот дали земја членка ќе цени една земја кандидат дали ќе дојде подготвена или не, за земјата кандидат да знае што да очекува. XНо, во македонскиот случај на тест

се европските вредности и самиот европски систем.

Да, сфаќам што Ви е поентата. Ако прашувате на пример што е заедничко за луѓе од различни земји и култури, од Португалија, Латвија или Грција, тоа е токму наследството на овие европски вредности, тоа е она што ги спојува европските граѓани како Европејци, тоа се тие постулатите на Лисабонскиот договор, човечкото достоинство, слободата, демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Точно е дека сите овие нешта внатрешно се пред предизвик. Тука е ветото од Полска и Унгарија врз Буџетот на ЕУ и Планот за закрепнување, оти не сакаат да бидат подложни на клаузулата за владеење на правото. Ова е навистина многу тежок момент, но ЕУ мора да најде начин да си го реши, оти во спротивно спроведува двојни стандарди кон земјите членки и оние кои тоа сакаат да бидат. Но, многу е тешко да се промени една држава откако веќе е членка, особено ако се две земји, навистина е многу тешко да се спроведат ваков тип на одлуки. XКако ја цените улогата на

Германија во овие процеси?

Пандемијата и човечкото уништување и моменталната длабока економската рецесија како резултат на последователните карантини се само врвот на сантата мраз. Овие кризи се преклопија со неколку веќе постоечки проблеми кои не престанаа да постојат. Капитал број 1086 27.11.2020

19

Тоа е исклучително тешко, но ЕУ ќе мора да најде начин да се справи со земјите членки кои уриваат вредности.

Да наброиме неколку, тука е Брегзит, прашања поврзани со Русија, Турција и европското соседство, конкуренцијата со Кина и она на што сведочевме последните години - слабеењето на трансатлантската врска со САД поради преференцијата на Трамп за поблиски партнерства со други алијанси и лидери, како Путин или Ердоган. Затоа во овој контекст тешко е да се каже како ќе се мери успехот или неуспехот на германското претседателство. Мислам дека во моментов тоа што е врвен приоритет е да се реши кризата со Буџетот на ЕУ, оти тука влогот е многу висок, тоа значи како Европа ќе изгледа во следните години, и кои ќе бидат излезите не само од оваа пандемија туку и од рецесијата што доаѓа.. Ова е несреќна околност за македонскиот случај, оти без да ја намалам германската вложеност и поддршка на интеграциите на земјите од Западен Балкан, ниту напорите за решавање на прашањето со Бугарија, се плашам дека најголемо прашање сега е проблемот со Буџетот. XГо споменавте нарушувањето на

врската со САД, Каков ефект ќе имаат резултатите од тамошните избори врз европската политика.

Видовме дека различни европски лидери заземаа различни позиции кон победникот.

Ефектот ќе биде позитивен. Џо Бајден го познава регионот, беше активен заменик претседател, а доаѓал на Балканот и во деведесеттите, знае за војната во Босна, Косово итн., Имам очекувања за реставрација на трансатлантското партнерство. Не е коинциденција што во првите денови по изборот, тој телефонски се слушна со лидерите на Канада, Франција и Германија. За очекување е една подобра координација во Западот, а ако зборуваме конкретно за Балканот очекуваме зајакнување на трудот што постоеше каде ЕУ произведува иницијативи за политики, а САД ја обезбедува неопходната поддршка. Ова се тие позитивни вибрации, а позитивен сигнал е и номинацијата на Ентони Блинкен, оти тој е лично близок со Бајден низ долг период. Значи, очекувам враќање на нормалноста иако тешко е да се каже дека лесно ќе се избрише историјата и она што се случуваше изминативе четири години. nnn

This article is from: