1092-Kapital magazin

Page 14

ФЕВ. 2021

14 ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

КАКО РАБОТЕШЕ ФОНДОВСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО КОРОНА - КРИЗА

ВРЕДНОСТА НА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ФОНДОВИ БЛАГО ЗГОЛЕМЕНА, НО ПРИНОСИТЕ СЛАБИ ВО 2020 автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Д

еновиве од Министерството за финансии стигнаа најавите за промените во регулативата за инвестициски фондови од коишто се очекува да го раздвижат овој пазар на капитал во земјава. Клучните новитети (подетално во рамката приложена во текстов, н.з.) се можностите за формирање на два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи (feeder funds), a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на отворените фондови во Македонија, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд. Од фондовите велат дека овие промени се заговарани веќе подолго време, односно последниве 2-3 години, во насока на усогласување на домашното законодавство со она на ЕУ, и дека нема некакви радикални поместувања што ќе се случат на пазарот. Од Министерството за финансии пак, веруваат дека со законските промени ќе се постигне поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Во меѓувреме, инвестициските фондови минатата година, одбележана во знакот на корона – кризата ја завршија во

стилот “каква криза беше, можеше и многу полошо“. Од прегледот што го дава Македонската берза на својата веб страна, се гледа дека фондовите што вложуваат во акции за периодот 31.12.2019 – 31.12.2020 претежно имаат негативни стапки на принос - Илирика Југоисточна Европа (-10,2%), Генерали Брик (-11,9%), Илирика Глобал Растечки пазари (-4,4%), ВФП Премиум инвест (-4,57%), итн. Од акциските фондови позитивен принос имаат само Генерали Топ брендови (+1,12%), КБ Публикум – МБИ 10 (1,99%) и Граве Глобал (1,67%). Паричните фондови имаат нешто подобри перформанси, што е разбирливо, бидејќи вложуваат во банкарски депозити и државни обврзници (приносите им се движат од 1,3% - 1,5%) , како и обврзничките фондови, со приноси помали и од 1%, па до речиси 2%. Ако во 2019 година домашните инвестициски фондови имаа одлични резултати, при што предничеа акциските фондови – ВФП Премиум (25%), Генерали Топ брендови (16%), КБ Публикум МБИ-10 (33%), итн., минатата година случувањата на светските берзи, поточно паниката која настана во март месец поради локдауните и затворањата на економиите, којашто се прелеа и на Македонската берза (каде што на пример, вложува акцискиот фонд КБ Публикум МБИ-10), не можеа поинаку да се одразат на резултатите на македонските инвестициски фондови.

Но, како што вели Петар Андреевски, директор на друштвото за управување со фондови ВФП Фонд Менаџмент, токму континуираната едукација на инвеститорите треба да е клучниот фактор во разбирањето како функционираат акциските фондови и која е целта за вложување во нив. „Корекции на светските берзи се случуваат постојано, непредвидливи кризи како оваа актуелната здравствена исто така се случуваат, и тогаш имаме значителни корекции на светските пазари. Секако тоа се одразува на перформансите на инвестициските фондови што вложуваат во акции. Токму затоа, ние и во нашиот проспект на фондот, имаме наведено дека вложувањето во акциски фондови е претежно наменето за подолг рок, од 10 години па натаму. Затоа први правиме едно профилирање на нашите клиенти, анализираме повеќе фактори, како што е нивниот временски хоризонт на чекање, склоноста кон ризик, возраста, стабилноста на приходите, итн., со што му препорачуваме каков избалансиран пристап да направи при креирање на своето портфолио. Се разбира, на тој што му е потребно управување со ликвидните средства на краток рок тука се паричните фондови, за среден рок се соодветни обврзничките, додека за подолг рок, односно со намера да се штеди за школување на деца и сл., најлогичен избор се акциските фондови.“, објаснува Андреевски.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.