1092-Kapital magazin

Page 24

ФЕВ. 2021

24 ФЕЉТОН

KAPITAL.MK I БРОЈ 1092

ГОЛЕМАТА СЛИКА

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА С автори:

НИКОЛА ПОПОВСКИ БРАНИМИР ЈОВАНОВИЌ ДРАГАН ТЕВДОВСКИ ПОГЛАВЈЕ 4 Јавните финансии и фискалната политика на среден рок Значењето на системот на јавните финансии (ЈФ) за функционирањето на националната економија, државата и за општеството во целина е огромно. Тој е во директна корелација со класичните, но и современите цели и функции што истиот ги обезбедува. Класичните концепции за системот на јавните финансии, пред сè, се насочени кон обезбедувањето на алокативната функција којашто има за

цел да го обезбеди снабдувањето на економијата и општеството со добра (стоки и услуги) што пазарниот механизам не може соодветно или не може воопшто да ги обезбеди заради неговата имперфектност, односно познатата карактеристика на потфрлањето на пазарот (market failure). Многу слични на нив се и проблемите со постоењето на екстерналиите во економијата за кои јавните финансии нудат соодветни решенија за нивно неутрализирање. Денес, врз основа на современите концепции за системите на јавни финансии во нив системски се инкорпорирани и важните функции на секундарната редистрибуција на примарната, односно пазарната дистрибуција на доходите во економијата; стабилизациската функција која е во насока на користењето на системот

на ЈФ за одржување на динамичката макроекономска рамнотежа; а сè повеќе и нивната развојна функција што треба да обезбеди оптимизација на стапката на раст на економијата и нејзин подинамичен развој. Од овој агол гледано, јавните финансии во Северна Македонија системски се современо и добро поставени и во себе ги инкорпорираат сите потребни цели и функции. Тие се потпираат на современи начела и мерки на обезбедувањето на јавните приходи и нивното трошење во вид на јавни расходи, што е суштината на фискалната политика. Системот, во основа, е насочен кон обезбедување на широк спектар на јавни добра, иако во некои сектори недоволни (образование, здравство, материјална инфраструктура и сл.), а во други (административни услуги, внатрешна безбедност, одделни


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.