1101- Kapital magazin

Page 1

business magazine

БРОЈ 1101 l 14 мај 2021 петок година 21 l www.kapital.mk

ЕКОНОМИЈА

COVER STORY

НАРОДНА БАНКА ПРЕДВИДУВА РАСТ ОД 3,9% ГОДИНАВА

СЕЗОНА НА ПРЕЗЕМАЊА НА МАКЕДОНСКИ ИКТ И ДИГИТАЛНИ КОМПАНИИ

ПАНДЕМИЈАТА СТИВНА И ЕКОНОМИЈАТА ЗДИВНА

INTERVIEW

СВЕТ

САШО ЈОВАНОВСКИ Даталаб Македонија

СПОЈУВАЊЕТО ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ НАШАТА ЛИДЕРСКА ПОЗИЦИЈА ВО ПОНУДАТА НА ДЕЛОВЕН СОФТВЕР СВЕТ: ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ НАДВИСНУВА КАКО ОПАСНОСТ

ДОМАШНА СЦЕНА

КАКО РАБОТЕА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2021

БЛИСКИ ИСТОК

ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА ВО НОВА ВОЈНА



3

КАПИТАЛ... 1101 4

10

COVER STORY

ИНТЕРВЈУ

Сезона на преземања на македонски ИКТ и дигитални компании

Сашо Јовановски Даталаб Македонија и

Андреј Мертељ

Сеавус, ИнКом, Еконет, Групер... добија нови сопственици - кој ќе ја продолжи низата?

Даталаб Технологије д.д. Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

12

ЕКОНОМИЈА

Народната банка очекува раст од 3,9% годинава Пандемијата стивна и економијата здивна

18

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Како работеа котираните компании во првиот квартал од 2021 Градежниците и хотелиерите останаа најпогодени од кризата

24

28

СВЕТ

БЛИСКИ ИСТОК

Пазари на капитал

Израел и Палестина во нова војна

Инфлацијата се надвиснува како опасност

Граѓаните во крв и солзи, водачите во политички профит

COVER STORY Сезона на преземања на македонски ИКТ и дигитални компании............................4 Сеавус, ИнКом, Еконет, Групер... добија нови сопственици кој ќе ја продолжи низата? ИНТЕРВЈУ Сашо Јовановски, Даталаб Македонија и Андреј Мертељ, Даталаб Технологије д.д Спојувањето ќе ја засили нашата лидерска позиција во понудата на деловен софтвер

ЕКОНОМИЈА Народната банка очекува раст од 3,9% годинава.......................................12 Пандемијата стивна и економијата здивна ЛУЃЕ И КОМПАНИИ Како работеа котираните компании во првиот квартал од 2021....................................18 Градежниците и хотелиерите останаа најпогодени од кризата СВЕТ Пазари на капитал................................................24 Инфлацијата се надвиснува како опасност

34

КАРИЕРИ

Совети во време на пандемија (а, и по неа)

Не работете додека сте на одмор. Сериозно.

БЛИСКИ ИСТОК Израел и Палестина во нова војна........28 Граѓаните во крв и солзи, водачите во политички профит КАРИЕРИ Совети во време на пандемија (а, и по неа)......34 Не работете додека сте на одмор. Сериозно. ЛИДЕРИ Рекоа за... .....................................................................37 Успехот

Импресум// Издава: Капитал Медиа Гроуп доо Скопје, бул. Партизански Одреди бр.17-1/16, п.фах 503, 1000 Скопје l Адреса на уредништвото на издавачот на медиум: бул. ВМРО бр.7, здрада 1, влез 1, кат 6, стан бр.31 l П. ФАХ 503, 1000 Скопје l Директор и одговорен уредник: Љупчо Зиков l Печати: Европа 92, ул. Крижевска бр.52, 2300 Кочани, Р. Македонија l Тираж: 3.000 примероци l Датум на печатење: 12.05.2021 Капитал Медиа Гроуп е членка на Асоцијацијата за заштита на печатени медиуми

Капитал Медиа Гроуп е членка на Советот за етика на медиумите во Македонија

МАЈ 2021


MAJ 2021

COVER STORY 4 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

СЕАВУС, ИНКОМ, ЕКОНЕТ ДОБИЈА НОВИ СОПСТВЕ

КОЈ ЌЕ ЈА ПРОДОЛЖ


5

СЕЗОНА НА ПРЕЗЕМАЊА НАИ ДИГИТАЛНИ КОМПАНИИ СЕЗОНА НА ПРЕЗЕМАЊА НА МАКЕДОНСКИ ИКТ МАКЕДОНСКИ ИКТ И ДИГИТАЛНИ КОМПАНИИ

Т, ГРУПЕР... ЕНИЦИ

ЖИ НИЗАТА?

MAJ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Најголемата софтверска компанија во Македонија, Сеавус, е преземена од чешката групација Арикома; специјалистите за дигитална трансформација и деловен софтвер ИнКом добија нов сопственик во словенечката Даталаб Технологије; пионерите на е-трговијата Групер предводени од „кралицата на попустите“ Нина Ангеловска, станаа дел од семејството на полската Асеко, додека Еконет, познат како дистрибутер на технологијата на Cisco и Microsoft, а подоцна и развивач на софтверски решенија, купен е од страна на Синами, компанија зад којашто стои довчерашниот сопственик на Сеавус, Игор Лештар. Сето ова се случи за само четири месеци годинава. Што ли уште ќе се случува на македонската ИКТ и дигитална сцена до крајот на оваа 2021?


MAJ 2021

6 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Еконет, домашна компанија основана во 1999 година, позната како овластен дистрибутер на продуктите од реномираниот глобален бренд Cisco за Македонија, Албанија и Косово, а потоа и на Microsoft, а од 2016 и развивач на софтверски решенија, преземена е од страна на Синами, софтверска компанија која делуваше речиси 20 години во рамките на Сеавус, а по аквизицијата на Сеавус од страна на чешката групација Арикома, компанијата се издвои како нов, самостоен бренд.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

П

очетокот на оваа 2021 како да навести дека ќе биде возбудлива година за преземања и спојувања на домашниот пазар на ИКТ и компании од дигиталниот бизнис. Прво, во јануари, одекна веста за преземањето на најголемата домашна информатичка компанија, Сеавус, од страна на групацијата Арикома (Aricoma), најголемиот ИКТ холдинг во Чешка. Преземањето всушност се случило на почетокот на декември минатата година, кога првите информации беа објавени на корпоративниот сајт на Сеавус, но детали околу сумата што ја даде Арикома за македонската компанија не беа објавени. Основачот и претседател на управата на Сеавус, Игор Лештар, по повод преземањето во интервју за Макфакс изјави дека приказната за неговата компанија личи на онаа „како кога се расте дете – го кревате на нозе, го учите

на лични вредности, го водите на прав пат, вложувате во него за да може потоа како родител да го пуштите во светот за да биде уште поуспешно.“ Според Лештар, продажбата на Сеавус на Арикома е сериозна и промислена бизнис одлука, која се темели на анализи и која отвора нови перспективи за Сеавус, компанија која своите почетоци ги бележи во 1999 година, основана од Лештар и уште еден партнер, а денес е меѓународна групација со над 15 претставништва и 800 вработени. „Сеавус“ достигна степен на развој кој треба уште повеќе да се надградува за поголема интернационална експанзија. За тоа му е потребно окрупнување и му е потребен еден многу посилен финансиски партнер што може да го однесе „Сеавус“ на следното, повисоко ниво на развој. Затоа и бевме атрактивна можност за потенцијалните купувачи. Длабоко сум убеден дека заедно со силен стратешки партнер како Арикома ќе ги забрзаме иновациите и уште повеќе ќе ги зајакнеме нашите позиции.“, вели Лештар за Макфакс. Инаку, Арикома е групација којашто

периодов е прилично агилна во збогатувањето на своето портфолио со нови компании од регионот и Европа, па освен аквизицијата на Сеавус, во март месец годинава беше објавено и преземањето на чешката ИТ компанија Комикс (Komix), еден од поголемите играчи на ИТ пазарот во оваа земја. Арикома е холдинг со годишни приходи од преку 300 милиони евра и заработка од 23 милиони евра, со над 2.800 вработени во сите компании од портфолиото. Самата групација Арикома, пак, е дел од поголемата групација ККЦГ (KKCG Group) на еден од најмоќните бизнисмени во Чешка, Карел Комарек, којашто е всушност меѓународна инвестициска корпорација којашто работи во 19 земји и менаџира со средства вредни над шест милијарди евра. Стратешките сектори на ККЦГ се нафта и гас, технологија, недвижности и гејмерска индустрија. При крајот на јануари, на свеченото објавување на оваа аквизиција, покрај првиот човек на Сеавус, Лештар, присуствуваа и македонскиот премиер Зоран Заев, чешкиот амбасадор


СЕЗОНА НА ПРЕЗЕМАЊА НА МАКЕДОНСКИ ИКТ И ДИГИТАЛНИ КОМПАНИИ

7

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

фото: Макфакс

ИГОР ЛЕШТАР

Мирослав Томан и директорот за инвестиции во Арикома, Михал Томанек. Заев истакна во таа прилика дека македонскиот ИКТ сектор во последниве години е најбрзо растечка индустрија во земјава и ги вработува најмладите и најпродуктивни кадри. “Групацијата Арикома може да очекува поддршка од Владата за сите нејзини наредни развојни планови“, рече Заев и најави намалување на персоналниот данок во ИКТ секторот од сегашните

основачот на Сеавус, вели дека со преземањето од страна на чешката Арикома, неговата компанија ќе добие силен стратешки партнер со чијашто помош ќе се засилат иновациите и ќе се забрза растот и нејзиниот меѓународниот пробив.

10 на нула проценти во 2023 година, како и други мерки за развој на оваа индустрија.

Словенечката Даталаб ја презеде македонската ИнКом ЕРП

Во меѓувреме, за краток период во јавноста се објавија уште неколку аквизиции на домашни ИКТ компании од европски, но и домашни поголеми играчи. На крајот на месец март се појави информацијата дека се спојуваат македонската компанија ИнКом ЕРП со

САШО ЈОВАНОВСКИ

MAJ 2021

довчерашен директор на ИнКом, сега веќе Даталаб Македонија, вели дека со новиот сопственик Даталаб од Словенија ќе се обидат да ја засилат лидерската позиција на домашниот и регионалниот пазар во полето на деловен софтвер. Проектите за дигитална трансформација што ги изведувала претходно ИнКом, се темелат на софтверот Pantheon, развиен од словенечкиот партнер, а сега нов сопственик на македонската компанија.


MAJ 2021

8 COVER STORY

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Даталаб од Словенија. Во интервју за Капитал, сега веќе новиот директор на Даталаб Македонија, Сашо Јовановски, фирмата ќерка на Даталаб Технологије од Љубљана и главниот извршен директор на словенечката фирма Андреј Мертељ дадоа повеќе детали за ова преземање/спојување и за идните планови. ИнКом ЕРП беше етаблирана на македонскиот пазар како специјализирана за проекти за дигитална трансформација, не само на домашни, туку и на компании од регионот. Повеќе компании од Србија, Косово и Албанија ги користеле услугите на ИнКом, особено за имплементација на деловен систем кај производните компании. „Овие проекти се базирани на најпопуларниот регионален деловен софтвер Pantheon (покрива процеси во сметководство, производство, материјално работење, продажба, набавки, плати, човечки ресурси, DMS, архива, финансии). Овој продукт на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација.“, објасни Јовановски за Капитал. Оттука, додава тој, доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нивниот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година. „Засилени со консултантите од Даталаб Македонија, наш личен предизвик е да направиме силен прогрес во регионот, но и да ја засилиме лидерска позиција за деловен софтвер во Северна Македонија.“, вели Јовановски, директорот на ИнКом, сега веќе Даталаб Македонија. Директорот пак на словенечката Даталаб, Андреј Мертељ вели дека поради фантастичниот и високо мотивираниот кадар на ИнКом, решиле да ги спојат стратегиите и тимовите. „Заедно, ќе изградиме успешна приказна со цел да станеме најголемата ERP (enterprise resource planning) компанија во земјата и можеби дури и во микрорегионот.“, истакна Мертељ.

И Групер се продаде, но не на групен попуст, туку на полска софтверска компанија

Уште неслегната прашината, што се вели, од погоре споменатите аквизиции, се објави уште „бомба“ на домашниот пазар на ИКТ, конкретно во овој случај, дигиталната сфера, односно е-трговијата: пионерот во оваа област во Македонија, платформата за групни попусти Групер, основан од младата претприемачка (и поранешна министерка за финансии) Нина Ангеловска пред 10 години, е преземен од страна на полската компанија Пејтен (Payten), членка на групацијата Асеко (Asseco). Асеко на македонската јавност и стана познат уште пред десетина години, со преземањето на домашната ИТ компанија Пексим, основана од Михаил Петрески. Пејтен, инаку е провајдер на целосни софтверски решенија за платежната индустрија, а Асеко групацијата - една

Популарната платформа за групни попусти Групер, основанa од младата претприемачка (и поранешна министерка за финансии) НИНА АНГЕЛОВСКА пред 10 години, е преземен од страна на полската компанија Пејтен (Payten), членка на групацијата Асеко (Asseco), којашто пак е присутна на македонскиот пазар повеќе од 10 години преку преземањето на тогашната компанија Пексим, специјализирана за банкарски софтвери. Ангеловска вели дека „после 10 годишен значаен придонес и развивање на е-трговијата како водечка компанија, на Групер му претстои уште побрз раст, нови предизвици, пријателства, соработки и уште многу успеси, сега како дел од меѓународна групација. од водечките софтверски компании во Европа, од неодамна значајно го шири бизнисот со вклучување на компании во доменот на развој на софтвер за платежни решенија во Европа и пошироко. „Покрај платежните решенија, инвестициите и ширењето во е-трговија како стратешката определба е во фокус веќе извесно време, а чест ми е што Групер е првата e-commerce платформа од регионот која стана дел од групацијата. После 10 годишен значаен придонес и развивање на е-трговијата како водечка компанија, верувам дека на Групер му претстои уште побрз раст, нови предизвици, пријателства, соработки и уште многу успеси, сега како дел од меѓународна групација.“, напиша основачката и директорка на Групер, Нина Ангеловска, на социјалните мрежи по повод аквизицијата. Таа истакна дека со ова преземање, се оддава признание за напорната работа на тимот на Групер изминатава деценија, на нивната посветеност и на досегашните успеси, но воедно претставува одлична можност за целосна реализација на потенцијалот на Grouper. „Имав 22 години кога со цело срце и енергија со двајцата партнери тргнавме на претприемачкиот пат... Ја лансиравме првата платформа за групни попусти во Македонија во време кога е-трговијата речиси и да не постоеше, картичките се користеа многу малку, социјалните медиуми беа во зародиш, а малите компании речиси и да не користеа дигитални алатки и немаа онлајн присуство. Придонесовме за развој на е-трговијата, им помогнавме на стотици

компании да се приклучат во е-светот, да добијат нови клиенти и да го рашират својот бизнис. Илјадници е-купувачи за прв пат купија онлјан на Групер, пробаа нови искуства, открија нови места и станаа дел од Групер заедницата која секоја година се зголемуваше се’ повеќе. Придонесот на Групер беше препознаен дома и меѓународно преку бројните награди и признанија (Forbes, UNCTAD и многу други).“, истакна Ангеловска.

Уште едно преземање, но овој пат целосно домашно

И за крај, но останува да видиме дали ќе биде последно за оваа сезона, е преземањето на македонската ИТ компанија Еконет, еден од пионерите на оваа сцена во земјава, од страна на исто така домашна компанија, Синами. Компанијата Еконет, инаку, е основана во 1999 година, и се позиционираше како прв и единствен овластен дистрибутер на продуктите од реномираниот глобален бренд Cisco за Македонија, Албанија и Косово, а потпирајќи се на своето искуство во дистрибуцијата на софистицирана ИТ опрема, подоцна стана овластен дистрибутер и за уште еден светски бренд – Microsoft. Следењето на глобалните трендови во ИТ индустријата, навремената дистрибуција на најсовремените ИТ продукти, како и искуството во обезбедување консултантски услуги за дизајнирање и имплементација на технички решенија за голем број компании, биле главен мотив за Еконет во 2016 година и самата да стане компанија за развој на нови софтверски решенија и услуги. „Спојувањето со реномираната компанија Синами е продолжување на нашата успешна приказна, но и


СЕЗОНА НА ПРЕЗЕМАЊА НА МАКЕДОНСКИ ИКТ И ДИГИТАЛНИ КОМПАНИИ нов почеток кој ни отвора можност за уште поуспешно делување во ИТ секторот. Повеќедецениското искуство кое го носат нашите кадри ќе обезбеди дополнителна вредност за тимот на Синами во справување со динамичното темпо на работа, а со примена на нашите вештини, сигурен сум дека ќе придонесеме и во континуираниот развој на нови, напредни производи. Навистина сме среќни што се придружуваме на искусен тим кој постигнува исклучителни резултати и на меѓународниот пазар и веруваме дека заедно ќе се позиционираме уште подобро и ќе постигнеме уште повеќе.“, изјави Иво Лазаревиќ од Еконет. Синами е софтверска компанија која делуваше речиси 20 години во рамките на Сеавус, а по аквизицијата на Сеавус од страна на чешката групација Арикома, компанијата се издвои како нов, самостоен бренд, што значи дека мастермајнд зад ова преземање е всушност Игор Лештар, довчерашниот сопственик на Сеавус. Во клиентите на Синами денес се вбројуваат дури 70% од најуспешните Fortune 500 компании, како Airbus, Rolls Royce, McLaren, SAP, Tesla и слични профили на клиенти од различни индустрии со просечен број од 40.000 вработени. „Проширувањето на Синами кој од неодамна функционира како самостоен бренд е само логична последица на нашата бизнис стратегија за раст на компанијата. Имаме навистина огромен потенцијал и верувам дека овој чекор само дополнително ќе придонесе за исполнување на нашата амбициозна визија за развој. Располагаме со силни човечки ресурси, односно добро подготвен и мотивиран кадар со повеќедецениско искуство на кој сега му се придружува и нов тим од висококвалификувани ИТ професионалци, па сигурен сум дека со овој состав ќе го одржиме растот кој веќе го имаме во Европа и Северна Америка, но и ќе продолжиме со освојувањето нови пазари.“, истакна Бојан Тасевски, извршен директор на Синами. nnn

9

MAJ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

ИКТ СЕКТОРОТ Е НАЈБРЗО РАСТЕЧКИ ВО МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ИКТ секторот кој во последните години бележи постојан раст во број на компании и вработени, раст на извозот, на профитот и на приходите, стана најбрзо растечка индустрија во земјата. Генералниот приход на индустријата во 2016 година бил 752 милиони евра, додека во 2019 година бил 880 милиони евра. Тоа е раст од 17% за три години, а бројот на компании регистрирани во ИКТ секторот од 2016 година кога биле 1.296 пораснал на 1.957 во 2019 година, што е пораст за околу 700 компании за само 3 години. Иако се уште нема официјални статистички податоци за работењето на компаниите од информатичко комуникациските технологии (ИКТ) лани, сепак проценките се дека оваа индустрија ќе прикаже позитивни резултати за 2020 година. Од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) објаснуваат дека позитивните страни се што во услови на пандемија и локдаун кој ограничува движење на граѓаните, овие компании брзо се адаптирале на работата од дома, а побарувачката за информатички услуги не се намалила.


MAJ. 2021

10 INTERVIEW

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

СПОЈУВАЊЕТО ЌЕ ЈА ЗАСИЛИ НАШАТА ЛИДЕРСКА ПОЗИЦИЈА ВО ПОНУДАТА НА ДЕЛОВЕН СОФТВЕР Спојувања (merges) на компании во земјава се случуваат исклучително ретко. На крајот на месец март 2021 година, домашните и регионалните портали ја пренесоа информацијата од берзата во Љубљана, дека се спојуваат македонската компанија ИнКом ЕРП со Даталаб од Словенија. Тргнавме во потрага по оваа вест, за да ги дознаеме деталите за ова спојување. Ви ги пренесуваме изјавите од нашите соговорници, за процесот на спојување како и за очекувањата кои се поставени за периодот кој следи. Разговаравме со новиот директор на Даталаб Македонија – Сашо Јовановски (фирма ќерка на Даталаб Технологије од Словенија), како и со главниот извршен директор на Даталаб – Андреј Мертељ.

разговара:

ИГОР ПЕТРОВСКИ XГ-дин X Јовановски, зошто се одлучивте за спојување на тимот на ИнКом ЕРП во Даталаб Македонија? Вашите деловни резултати во изминатите години се исклучителни, со постојан раст на корисници на вашите услуги, како и со присуство во повеќе држави во регионот? Јовановски: Компанијата ИнКом во изминатите години, покажа дека во Северна Македонија постои квалитетен консултантски потенцијал, кој е баран во повеќе држави во регионот. Заедно со деловниот партнер Ѓорѓи Николов и тимот на искусни консултанти, реализиравме бројни проекти за дигитална трансформација во регионот. Повеќе компании во Србија, Косово, Албанија и Словенија ги користеа нашите услуги, посебно за имплементација на деловен систем кај производствени компании. Нашите услуги ги ставивме на располагање по барање на самите компании, на кои тимот за имплементација кој треба да ја изведе дигиталната трансформација им беше од најголемо значење. Нашето инсистирање за високо квалитетни услуги за дигитална трансформација, квалитетен проектен менаџмент и искусен тим, ни беа најдобра препорака кај новите корисници. Во регионот, а посебно во Словенија – постои изградена свест дека основата за дигитална трансформација се квалитетни консултантски услуги. Овие проекти се базирани на најпопуларниот регионален деловен софтвер Pantheon (покрива процеси во сметководство, производство, материјално работење, продажба, набавки, плати, човечки ресурси, DMS, архива, финансии). Овој продукт на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе

од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Од тука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година. Засилени со консултантите од Даталаб Македонија, наш личен предизвик е да направиме силен прогрес во регионот, но и да ја засилиме лидерска позиција за деловен софтвер во Северна Македонија. XГ-дин X Мертељ, Вам секако добро ви е познат македонскиот пазар, бидејќи вашата компанија е присутна во Северна Македонија уште од 2008 година. Зошто се решивте за спојување на компаниите? Кои се очекувањата? Што добива Даталаб со инвестицијата? Мертељ: Живееме во период во кој КОВИД-19 создаде многу голема побарувачка за дигитализација во нашите приватни и деловни активности. Компаниите треба да бидат опремени и да работат дигитално, бидејќи побарувачката за дигитални услуги што ја олеснуваат работа од дома е зголемена. Во пракса ова значи, дека покрај нашата деловна програма Pantheon поставена на облак (cloud), деловните субјекти исто така ги имплементираат нашите услуги за еБизнис активности, како што се еДокументација, еФактура, еКнижење, WorkFlow (Тек на документи) и многу повеќе. За да можеме успешно да ги воведеме сите овие производи на пазарот во Северна Македонија, потребен ни е силен тим со високо обучени консултанти за да можеме да станеме поконкурентни. Градиме регионален центар што ќе ни овозможи да го сториме токму тоа и да ни помогне да ги развиваме нашите производи и да ја развиваме нашата компанија. Инком има фантастичен и високо

мотивиран тим со богато знаење и искуство, поради што решивме да ги споиме нашите стратегии и тимови. Заедно, ќе изградиме успешна приказна со цел да станеме најголемата ERP компанија во земјата и можеби дури и во микрорегионот. XГ-дин X Јовановски, изминатиов период бевте ангажиран од повеќе компании во Македонија и регионот, како ментор или консултант за развој на бизнисот. Дали можеме да очекуваме ваков ангажман од Ваша страна во улога на директор во Даталаб Македонија ? Јовановски: Сите треба да имаме лична одговорност кон семејството, кон деловната заедница, кон државата во која живееме. Десетина години волонтерски им помагам на компаниите во земјава, како дел од проекти кои во фокусот имаат стартап компаниите. Сметам дека тоа ми е обврска, од која нема да се откажам. Веќе во првите денови од стапување на новата позиција, иницирав проект за корпоративна иновативност со ФИТР. Верувам дека преку овој проект, заедно со ФИТР, ќе им помогнеме на десетина нови македонски стартапи. Идејата е токму преку менторство, бизнис совети и поставување на нови бизнис модели, да помогнеме во развојот на мали компании од повеќе сектори: 1. Модерни сметководствени агенции, кои ќе понудат сметководствени услуги базирани на облак (cloud) платформи. Таргетот на овие компании ќе бидат сите 65.000 корисници во регионот, не само корисниците во Северна Македонија. 2. Нови ИТ софтверски фирми, кои ќе понудат нови софтверски вертикали, како мобилни апликации, е-продавници и други решенија за целата Даталаб заедница. Потребата и пазарот постојат и се достапни за овие компании. 3. Консултантски компании кои ќе нудат проекти за дигитална трансформација во целиот регион. Нашиот тим има


11

MAJ. 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Pantheon, софтверот на Datalab Tehnologije од Љубљана во моментот го користат повеќе од 65.000 корисници во регионот, што претставува одлична база на компании кои бараат квалитетни услуги за дигитална трансформација. Ние, како ИнКом ЕРП работевме многу со овој софтвер на проекти од земјава и регионот, па оттука доаѓа и иницијативата на Даталаб, за спојување на нашиот тим во Даталаб Македонија, што и се случи со почетокот на вториот квартал во 2021 година.

Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија. Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера.

САШО ЈОВАНОВСКИ АНДРЕЈ МЕРТЕЉ главен извршен директор на Даталаб Македонија разработен деловен план за директно присуство во повеќе држави во регионот, па овие нови компании ќе имаат деловна можност која не треба да ја пропуштат. Ги повикувам сите млади економисти, програмери, консултанти .. кои имаат претприемачки дух и храброст, да ни се приклучат на оваа патување! XГ-дин X Мертељ, што носи Даталаб на пазарот во Северна Македонија? Мертељ: Иако развојот на технологијата им овозможи на деловните субјекти да го оптимизираат и дигитализираат своето работење веќе пред повеќе години, потребна ни беше ситуација како оваа во која се наоѓаме во моментов за да ги отвориме очите кон тој факт. Една од новите програми што ќе ја воведеме на пазарот во Северна Македонија е PANTHEON Web Light, онлајн веб програма наменета за мали бизниси и за сите постојни корисници на PANTHEON кои сакаат да ги надградат своите процеси со веб-базирана верзија. Дополнително, ќе понудиме повеќе наши пакети на еБизнис услуги што ќе ги подигне процесите на компаниите во дигиталната сфера. Како давател на услуги за дигитална трансформација, јас сум многу свесен колку е важно работењето на компанијата да е континуирано без прекин. Одговорните сопственици и менаџерите ќе сторат сè што е во нивна моќ да обезбедат

главен извршен директор на Даталаб Технологије д.д.

континуирано работење на нивната компанија дури и во ситуации како што е оваа во која се наоѓаме денес. XГ-дин X Јовановски, какво влијание врз македонските компании ќе имаат новите технологии и програми за кои говореше господинот Мертељ? Јовановски: Дигиталната трансформација е неопходна во македонските компании, бидејќи преку овој процес, ќе постигнеме висока продуктивност и ефикасност во работењето. Не гледам друга можност за брз развој на нашата економија, освен инвестирањето во дигитална трансформација, за што ги имаме сите претпоставки. Придобивките од овој процес зависат од типот на самата компанија, а нашите искуства со имплементација на Pantheon ERP деловното решение во Македонија и регионот, ни покажаа дека:  ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ КОМПАНИИ – го зголемуваат нивото на ефикасност во процесот на производство, добро владеат со нарачките и со производствената цена на сопствените продукти. Сето ова, без квалитетна дигитална трансформација е тешко достижно.  ТРГОВСКИТЕ КОМПАНИИ – низ процесот на дигитална трансформација добиваат подобро менаџирање на залихите, но и го решаваат проблемот на скалабилност на продажниот процес

– ова е голем проблем кај нас, бидејќи најчесто сопственикот на трговска фирма во голем процент го изведува самостојно процесот на продажба. Без дигитални алатки, не може да се зголеми продажбата и тимот за продажба на ефикасен начин  СМЕТКОВОДСТВЕНИ БИРОА – овие компании комплетно го базираат своето работење на деловните системи. За нив тоа е основно средство за работа. Дали 3-ца вработени во едно сметководствено биро, ќе имаат 25 или 50 клиенти зависи најмногу од квалитетот на деловното решение. Во Македонија, заедно со телеком компаниите, веќе 9 години сме присутни со Pantheon cloud услугата, која е идеално и докажано решение за сметководителите.  УСЛУЖНИТЕ КОМПАНИИ – често се гушат во администрација и огромна документација. Нема подобар и поефикасен одговор на тоа, од дигитална трансформација Нашиот консултантски тим денес, низ процесот на спојување, стана најголемиот консултантски тим за дигитална трансформација во Македонија. Сигурен сум дека успешно ќе им излеземе во пресрет на 4.799-те корисници во Македонија, но и на многу други, кои се’ уште не го започнале патот на дигитална трансформација. 


МАЈ 2021

12 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

НАРОДНАТА БАНКА ОЧЕКУВА РАСТ ОД 3,9% ГОДИНАВА

ПАНДЕМИЈАТА СТИВНА И ЕКОНОМИЈАТА ЗДИВНА


13

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

АНИТА АНГЕЛОВСКА БЕЖОСКА гувернерка на НБМ

Ризиците за растот и натаму се надолни и поврзани со справувањето со пандемијата. Нашето алтернативно сценарио покажува побавно закрепнување и понизок раст на домашната економија во 2021 и 2022 во просек за околу 1 п.п., во споредба со основната проекција.

ФРЕЈК ЈАНМААТ

раководител на Сектор за економски прашања во Делегација на ЕУ

Економското опоравување на земјава, кое нагло запре во 2020 година, бидејќи пандемијата ја погоди домашната и странската побарувачка, во текот на 2021 и 2022 година, се очекува да добие цврста основа. Според пролетните проекции на Комисијата, реалниот раст на БДП во просек би изнесувал 3,7%, а во 2022 ќе биде 3,8%.

Откако вирусот почна да ја губи силата со стекнувањето масовен имунитет кај граѓаните, така се релаксира и економијата од рестриктивните мерки кои принудија некои бизниси привремено да се затвораа, ги паузираа инвестициите и ги намалија продажбите на фирмите. Одеднаш, се чувствува одредено олеснување во бизнис секторот а оптимизам има и во најновите прогнози за економското закрепнување по оваа корона – криза. По падот на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5% минатата година, оваа година Народната банка предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9% а иста прогноза има и за догодина. Во 2023 се очекува растот да досигне 4%. автор:

АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ

К

ако што пандемијата ја губи силата со стекнувањето масовен имунитет кај граѓаните, така се релаксира и економијата од рестриктивните мерки кои принудија некои бизниси привремено да се затвораа, ги паузираа инвестициите и ги намалија продажбите на фирмите. Одеднаш, се чувствува одредено олеснување во бизнис секторот а оптимизам има и во најновите прогнози за економското закрепнување по оваа

корона – криза. По падот на бруто домашниот производ (БДП) од 4,5% минатата година, оваа година Народната банка предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9%. Тоа значи дека централната банка ја задржа истата проекција за растот како и во октомври лани. На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, односно економскиот раст да биде ист и догодина, а потоа во 2023 да достигне 4%. „Оваа динамика на раст сепак значи дека економијата би се вратила на преткризното ниво во текот на 2022 година, исто како во октомвриските проекции“, истакна гувернерката на

Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Во однос на структурата на растот, како и при октомвриските проекции се очекува позитивен придонес на домашната побарувачка, а негативен на нетоизвозот Во рамки на домашната побарувачка најголем позитивен придонес се предвидува од инвестициите, кои по високиот пад од 10% изминатата година се очекува да растат во просек оваа и наредната година за 9,4%, како резултат на раст на странските директни инвестиции (СДИ), интензивирање на државните и приватните домашни инвестиции при постабилен амбиент и


МАЈ 2021

14 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Како што брифираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, додека закрепнувањето се очекува да се забрза во текот на годинава, што се должи главно на домашната побарувачка, производството се очекува да ги надмине вредностите од преткризниот период дури следната 2022 година. Со понатамошно укинување на мерките за ограничување, трошоците на домаќинствата се предвидува да се зацврстат со зголемена брзина во 2021 и 2022 година, поткрепени со понатамошно зголемување на платите, зголемување на вработеноста и заживување на дознаките. натамошна солидна кредитна поддршка. Личната потрошувачка исто така, по падот од 5,4% минатата година, се предвидува да расте во просек 3,7%, при зголемена склоност за потрошувачка со засилување на процесот на имунизација, пораст на расположливиот доход како резултат на поповолни движења и на пазарот на трудот, како и натамошна кредитна поддршка. Во однос на извозот, по падот од 11% минатата година, НБМ очекува оваа и наредната година просечен раст од 7% во услови на закрепнување на странската побарувачка и позитивни ефекти од капацитетите со странски капитал, но и од дел од традиционалниот извозен сектор при поволна ценовна конјунктура. Растот на извозот и домашната побарувачка (кои имаат голема увозна компонента) ќе доведат и до раст на увозот, со што нето-извозот ќе има негативен придонес „Ризиците за растот и натаму се надолни и поврзани со справувањето со пандемијата. Нашето алтернативно сценарио покажува побавно закрепнување и понизок раст на домашната економија во 2021 и 2022 во просек за околу 1 п.п., во споредба со основната проекција“, потенцираше гувернерката. Во однос на инфлацијата, НБМ генерално очекува таа да остане умерена на среден рок. „За оваа година правиме умерена нагорна ревизија за 2021 година, од 1,5% на 2,2%, имајќи ги предвид поизразените нагорни корекции на цените на примарните производи на светските берзи, пред се’ нафтата и храната, а за 2022 и 2023 година ја задржуваме проекцијата за инфлација од 2%. Очекуваното закрепнување на домашната побарувачка нема да создаде позначителни притисоци врз цените, при оцени за мал позитивен производствен јаз во периодот на проекцијата. Ризиците за проектираната патека на инфлација се главно поврзани со неизвесноста околу увезените цени

на примарните производи кои се многу променливи, можните ограничувања на понудата поврзани со пандемијата, како и евентуалниот побрз и поцелосен пренос на растот на цените на инпутите врз финалните цени на производите“, објасни гувернерката Бежоска.

Светот се надева на постпандемиски бум

Здравствената криза доведе до севкупна економска криза, која истовремено ги погоди сите економии во светот и тоа со интензитет од невидени размери. Но, според процените на ММФ, интензитетот ќе беше и до трипати поголем доколку не беше обезбедена монетарна и фискална поддршка, како и мерки во финансискиот сектор, кои во оваа криза беа значајно повисоки од периодот на големата финансиска криза. „Токму поради силната монетарна и фискална поддршка, ММФ проценува дека оваа криза (во споредба со 2008) ќе остави помали долготрајни последици врз билансите на реалниот сектор и ќе овозможи релативно побрзо закрепнување, особено кај економиите со подобри основи кои обезбедија поголема поддршка“, анализираат од Народната банка. Ова е видливо, велат тие, и преку подобрите остварувања измината година, односно глобалната економија забележа пад од 3,3%, наспроти претходно очекуваниот пад од 4,4%, рефлектирајќи ги подобрите остварувања во втората половина од годината. За 2021 и 2022 година сега се проектира раст од 6% и 4,4%, соодветно (наспроти 5,2% и 4,2% во октомври), поради подобри остварувања изминатата година, очекувана зголемена фискална поддршка, особено во САД и ЕУ и забрзан процес на масовна имунизација. „Притоа, се очекува нееднаква динамика на закрепнувањето – прилично голема дивергенција по земји, но генерално побрзо кај брзо - растечките земји

(просечен раст од 5,9%), а послабо кај развиените земји (просечен раст од 4,4%). Главни ризици остануваат да бидат побавен процес на имунизација против Ковид-19 (поради кој може да се очекува понизок раст оваа година за 1.5 п.п. и 1 п.п. следната година), прерано повлекување на монетарната и фискалната поддршка што би резултирало со поголеми и потрајни ефекти врз економиите и позначајно затегнување на меѓународните финансиските пазари“, оценуваат од Народната банка. Движењето на глобалната економија, а особено на европската е критичен за нас поради влијанието врз трговската размена. По падот на побарувачката од околу 5% минатата година (сличен пад како и во 2009 година), се очекува постепено закрепнување од 3,6% оваа година и 4,1% наредната година, што претставува умерена надолна корекција за оваа година и нагорна корекција за наредната година (за по околу 1 п.п. за двете години). „Корекциите во најголема мера се должат на очекувањата за германската економија, која е наш најзначаен трговски партнер (околу 50% од нашиот извоз) за која се очекува нешто помал раст за оваа година, а повисок наредната година (3,6% раст оваа година и 3,9% раст во 2022 година). Притоа, помал раст се очекува во услужниот сектор, а не во индустријата којашто е од клучно значење поради вклученоста во германските синџири на производство на автомобили“, оценува Народната банка. Ризиците за проекциите за растот на странската побарувачка се главно надолни (условени од времетраењето на пандемијата, спроведувањето на процесот на вакцинација, продолжувањето на мерките за поддршка на економиите, како и брзината на враќање на довербата и стабилизирање на очекувањата кај потрошувачите и инвеститорите). Солидниот раст на странската


15

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101


МАЈ 2021

16 ЕКОНОМИЈА

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

побарувачка за оваа и наредната година, има позитивни ефекти врз закрепнувањето на извозот, којшто има позитивни мултипликативни ефекти врз повеќе сегменти во нашата економија.

Оптимизам и во Европа

Европската Комисија очекува економското опоравување на земјава, кое нагло запре во 2020 година, бидејќи пандемијата ја погоди домашната и странската побарувачка, во текот на 2021 и 2022 година, да добие цврста основа. Според пролетните проекции на Комисијата, реалниот раст на БДП во просек би изнесувал 3,7%, а во 2022 ќе биде 3,8%. Како што брифираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, додека закрепнувањето се очекува да се забрза во текот на годинава, што се должи главно на домашната побарувачка, производството се очекува да ги надмине вредностите од преткризниот период дури следната 2022 година. Со понатамошно укинување на мерките за ограничување, трошоците на домаќинствата се предвидува да се зацврстат со зголемена брзина во 2021 и 2022 година, поткрепени со понатамошно зголемување на платите, зголемување на вработеноста и заживување на дознаките. Во делот на очекувањата во инвестициите, како што истакна на средба со новинари Фрејк Јанмаат, раководител на Сектор за економски прашања во Делегацијата на ЕУ во Скопје, се очекува тие да бидат поттикнати со барем делумно реализирање на амбициозните планови на Владата да инвестира во патна, железничка и комунална инфраструктура. Закрепнувањето на странската побарувачка, особено од Германија и Кина, поддржано од обновување на синџирите на снабдување, според него, го поттикнува растот на извозот. Сепак, надворешната рамнотежа веројатно ќе го намали растот во двете години, како резултат на силната побарувачка за увоз, како одраз на зголемената домашна побарувачка и извозното производство зависно од увозот. Кога станува збор за пазарот на трудот, се оценува дека тој се покажал отпорен во текот на целата година, поради владини субвенции за плати и придонеси. Загубите на работните места останаа ограничени, но растат секој квартал, а работната сила се намалува последователно. Со заздравувањето кое се зацврстува во 2021 година, и ако владината поддршка за работодавачите и работниците продолжи барем оваа година, како што е предвидено во петтиот владин пакет усвоен од Парламентот во април, вработувањето, се посочува, најверојатно ќе расте со забрзано темпо во однос на прогнозата. Проценката е и дека се зголемува притисокот врз потрошувачките цени како резултат на инфлацијата. Имено, таа се зголеми во втората половина на годината, водена од растот на цените на храната, горивата, вклучително и повисоките акцизи за нафтените производи и законскиот пораст на цената на електричната енергија во август. Додека зголемувањето на цените на храната се очекува да се

Здравствената криза доведе до севкупна економска криза, која истовремено ги погоди сите економии во светот и тоа со интензитет од невидени размери. Но, според процените на ММФ, интензитетот ќе беше и до трипати поголем доколку не беше обезбедена монетарна и фискална поддршка, како и мерки во финансискиот сектор, кои во оваа криза беа значајно повисоки од периодот на големата финансиска криза. Токму поради силната монетарна и фискална поддршка, ММФ проценува дека оваа криза (во споредба со 2008) ќе остави помали долготрајни последици врз билансите на реалниот сектор и ќе овозможи релативно побрзо закрепнување.

смири, основниот ефект од цените на електричната енергија продолжува во првата половина на 2021 година. Двете, зголемувањето на увозните цени на стоките и засилувањето на домашната побарувачка, како што беше посочено, се очекува да ја одредат динамиката на инфлација. Нивото на долгот се зголеми, како резултат на големите финансиски барања поврзани со кризата. Јавните финансии се влошија во 2020 година, откако се активираа автоматските стабилизатори, а владата спроведе мерки на дискреција за поддршка во вкупна вредност од околу 3% од БДП. Опоравувањето на даночните приходи во последниот квартал на 2020 година, делумно се должи на приливот на одложени плаќања за данок на доход, а се зголемија и социјалните придонеси од државните субвенции во споредба со претходната година. За да се помогне во финансирање на повисоки трансфери, капиталните расходи беа намалени. Во однос на БДП, тој излезе скоро непроменет од претходната година, од 3,1%. Во согласност со економското закрепнување, јавните финансии се очекува да се подобрат во текот на прогнозираниот временски хоризонт. Трансферите и трошоците поврзани со кризата за стоки и услуги се предвидува постепено да опаѓаат, додека капиталните трошоци, кои силно ја реализираа својата цел во 2020 година, се очекува значително да пораснат. „Враќањето на јавните приходи веројатно ќе биде поддржано со постојани подобрувања во управувањето со јавните финансии, како

што е спроведувањето на Стратегијата за реформа на даночниот систем, усвоена од Владата во декември, што може да ја зајакне мобилизацијата на приходите. Додека Владата планира да се врати на фискалната консолидација од 2021 година, таа не претстави конкретни мерки за поткрепа на ова. Сè уште високите фискални дефицити и плановите за позајмување во 2021 година со цел да ги надополнат депозитите во централната банка, веројатно ќе го зголемат нивото на долг понатаму, особено во 2021 година“, оценуваат од ЕК. Во однос на ризиците за прогнозираните вредности, се наведува дека неизвесноста за текот на пандемијата може да ги намали очекувањата за порастот, особено во врска со дознаките и автомобилските синџири за снабдување. Негативните случувања што создаваат потреба за понатамошни мерки за поддршка, исто така, ќе предизвикаат ризици за фискалните изгледи. Покрај тоа,се додава, прогнозата за приходите, може да биде оспорена од слабата посветеност на реформите за мобилизација на приходите, како што се плановите за нови намалувања на даноци и изземања од даноци. Од друга страна, брзото спроведување на клучните одредби од новиот закон за органски буџет и спроведувањето на неодамнешниот Акциски план за управување со јавни инвестиции може да ги подобри изгледите. ЕК четири пати годишно излегува со прогнози за економскиот раст во земјите кандидати за членство и во земјите аспиранти за членство во ЕУ. 



МАЈ 2021

18 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

КАКО РАБОТЕА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ ВО ПРВИО

ГРАДЕЖНИЦИТЕ И ХОТЕ ОСТАНАА НАЈПОГОДЕНИ

Иако вкупната добивка на сите котирани друштва што поднеле финансиски извештај е речиси двојно поголема од лани, нивниот вкупен приход од продажба е дури и помал, односно изнесува 524,3 милиони евра, наспроти 536,8 милиони евра лани во истиот период. Сепак, вкупната загуба на сите котирани друштва е прилично намалена, односно од 11,4 милиони евра лани, на 3,9 милиони евра годинава, додека вкупната добивка е зголемена од 40,7 милиони евра на без малку 60 милиони евра. Кога ќе се погледнат поединечно резултатите, разликата во вкупните нето износи на резултатите меѓу двете години што изнесува речиси 27 милиони евра.


ОТ КВАРТАЛ ОД 2021

ЕЛИЕРИТЕ И ОД КРИЗАТА

19

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101


МАЈ 2021

20 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Осумте котирани банки, иако со вкупните приходи учествуваат со само 15,3% во приходите на сите стотина котирани компании, од вкупно 56 милиони евра нето добивка, 44% или речиси 25 милиони евра се нивни.

автор:

ИГОР ПЕТРОВСКИ

Р

ечиси двојно поголема нето добивка покажале вкупно сите котирани компании на Македонската берза во првите три месеци годинава, покажува анализата направена врз основа на финансиските извештаи објавени во системот СеиНет на Македонска берза. Нешто над 56 милиони евра е вкупната нето добивка на 90 котирани компании што доставиле извештај за работењето до Берза во првиот квартал од 2021, за разлика од 29,4 милиони евра лани истиот период, што е за 91% повеќе. Од котираните компании, 64 оствариле добивка, 26 загуба, четири друштва сè уште не ги објавиле резултатите до моментот на затворање на овој текст, а 3 друштва се долгорочно суспендирани од котација. Минатата година, кога во месец март почнаа да се чувствуваат позначително ефектите од пандемијата, односно полицискиот час и локдаунот што почна во државава, 57 компании оствариле добивка, 36 работеле со загуба, а 3 не објавиле резултати. Бројките покажуваат, дека сепак годинава, иако вкупната добивка на сите котирани друштва што поднеле финансиски извештај е речиси двојно поголема од лани, нивниот вкупен приход од продажба е дури и помал, односно изнесува 524,3 милиони евра, наспроти 536,8 милиони евра лани во истиот период. Сепак, вкупната загуба на сите котирани друштва е прилично намалена, односно од 11,4 милиони евра лани, на 3,9 милиони евра годинава, додека вкупната добивка е зголемена од 40,7 милиони евра на без малку 60 милиони евра. Кога ќе се погледнат поединечно резултатите, разликата во вкупните нето

Сектори кои се пак најпогодени, ако се гледа според остварениот нето финансиски резултат, се секако угостителството и туризмот, каде што имаме три големи хотелски компании што котираат, како и градежништвото, каде што поради мораториумите за градба во некои општини, стагнирањето на дел од капиталните инвестиции, губењето на странските пазари за некои компании порано присутни надвор од Македонија, резултатот е вкупна нето загуба за секторот.

износи на резултатите меѓу двете години што изнесува речиси 27 милиони евра, најмногу се должи на следново: -ЗК Пелагонија од Битола, лани за првите три месеци покажал загуба од 533,8 илјади евра, додека годинава пријавил добивка од 4,2 милиони евра. Причината е што оваа година комбинатот имал во делот на останати оперативни приходи забележано прилив од 6,3 милиони евра, што е 13 пати повеќе во однос на првиот квартал во 2020. Оваа голема сума е

поради продажба на удел вреден 6,2 милиони евра. -Комерцијална банка има прикажано добивка за првиот квартал од речиси шест милиони евра, што е за 2,5 милиони евра повеќе во однос на лани или за 66%. Банката има помали нето приходи од камата за 5,7% или за 570 илјади евра, а нешто повисоки расходи, но во ставката останати приходи (капитална добивка од продажба на преземен имот, н.з. ) има забележано околу три милиони евра, што


21

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

е повеќе за 32% во однос на лани. Оваа година Комерцијална во првиот квартал има и помали расходи на име исправка на вредност на финансиските средства, и тоа за 25% или за сума од 1,54 милиони евра помалку. Сето ова е причината за поголемата добивка за 2,5 милиони евра оваа година во првиот квартал. -Либерти АД Скопје, ладната валалница или поранешен АрцелорМитал ЦРМ, минатата година во првиот квартал има загуба од 1,54 милиони евра, а годинава нето добивка од 2,11 милиони евра. Годинава компанијата имала оперативна добивка од речиси 2,5 милиони евра, за разлика од лани кога имала оперативна загуба од 1,1 милиони евра. -Македонски Телеком има за речиси 50% поголема добивка годинава, или во вредност за 2,5 милиони евра повеќе. Компанијата има приходи од продажба во првиот квартал за 2,6% поголеми, а расходи за 3% поголеми, што значи дека оперативната добивка и изнесува 8,5 милиони евра, или за 35% повеќе. Исто така и ставката финансиски приходи е за 141% поголема, и изнесува околу 212 илјади евра. -Мермерен комбинат Прилеп има за дури 320% поголема добивка во однос на истиот период лани, односно 1,4 милиони евра, за разлика од 336 илјади евра лани. Вкупните приходи од продажба на комбинатот се речиси 3,5 милиони евра, или за 137% повеќе. -Рафинеријата ОКТА од Скопје, лани имала загуба од речиси 5 милиони евра за првиот квартал, додека годинава има добивка од речиси 2,5 милиони евра. Вкупните приходи на компанијата се опаднати за 12,6%, односно продажните количини за 10% помалку, но од друга страна, како што објаснуваат од компанијата во образложението на финансискиот резултат, бруто маржата бележи нагорен тренд, достигнувајќи 4,65 милиони евра, што претставува целосно закрепнување од негативните 2,16 милиони евра минатата година. Ова се должи на растот на меѓународните цени на горивото што довело до позитивен ефект од залихите.

Осумте котирани банки со 44% од целата нето добивка на сите 97 котирани друштва

Банките, традиционално се најпрофитабилниот сектор меѓу сите бизнис гранки што се претставени од 97-те котирани компании. Вкупно осумте котирани банки што доставуваат финансиски извештај до Берзата во првиот квартал имаат вкупен нето финансиски резултат добивка од 24,6 милиони евра, што е за 17,5% подобро од лани. Овој резултат претставува 44% од вкупната нето добивка од 56 милиони евра што ја имаат остварено сите котирани компании заедно. Најголема добивка има Стопанска банка од 8,3 милиони евра, иако за 6,7% помалку од лани, пред НЛБ Банка со 8,1 милион евра и 19,3% повеќе од лани и Комерцијална банка со 6 милиони евра, што е 65% повеќе од лани истиот период. Во образложението на Стопанска банка се вели дека „како банка со најголема капитална основа и со најголемо кредитно портфолио во земјата, планот е да се движи во линија на порастот на пазарот, со очекување да го зголеми

Нето финансиски резултати на котираните компании по сектори (во денари) Банки Индустрија Услуги Фармација Земјоделство Трговија со наф. деривати Трговија Градежништво Осигурување Угостителство

I-III 2021 1.513.472.250 573.050.042 512.475.339 423.491.180 276.176.600 181.575.322 17.454.800 -17.481.145 -18.722.602 -37.431.080

I-III 2020 Промена 1.288.108.053 17,50% 106.624.543 437,45% 326.109.286 57,15% 344.669.080 22,87% -24.816.200 -257.072.163 1.093.459 1496,29% 22.489.000 22.725.391 -43.004.223 -

Извор: Податоци од системот СЕИНет на Македонска берза

Топ 5 котирани компании според остварен приход (во денари) ОКТА Макпетрол Алкалоид Македонски Телеком Либерти Скопје

I-III 2021 4.308.835.498 3.935.859.000 3.273.226.000 2.686.314.000 1.944.612.997

I-III 2020 4.932.403.823 4.795.169.000 3.367.918.000 2.619.421.000 1.605.310.390

промена -12,64% -17,92% -2,81% 2,55% 21,14%

Извор: Податоци од системот СЕИНет на Македонска берза

Топ 5 котирани компании според остварена добивка (во денари) Стопанска банка - Скопје НЛБ Банка Македонски Телеком Комерцијална банка Алкалоид

I-III 2021 509.679.000 499.309.000 466.376.000 360.157.000 346.708.000

I-III 2020 546.088.000 418.532.000 313.241.000 217.549.000 314.492.000

промена -6,67% 19,30% 48,89% 65,55% 10,24%

Извор: Податоци од системот СЕИНет на Македонска берза

Котирани компании со најголема загуба (во денари) Тутунски комбинат Прилеп Триглав осигурување Бетон Скопје Македонијатурист Хотели Метропол Охрид

I-III 2021 -68.457.000 -30.955.133 -25.529.000 -16.540.080 -16.284.000

I-III 2020 -60.431.000 4.409.979 10.540.000 -13.893.223 -20.758.000

Извор: Податоци од системот СЕИНет на Македонска берза


МАЈ 2021

22 ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Во секторот фармација има само две котирани компании и нивната вкупна добивка во првиот квартал изнесува 6,9 милиони евра, што е за 23% повеќе во однос на лани. Оваа сума е 74% од вкупната нето добивка на сите 40 котирани друштва во секторот преработувачка индустрија. пазарното учество во корпоративниот сектор, да го задржи водечкото пазарно учество во секторот на население, со понуда на услови и на цени што се во согласност со конкуренцијата, притоа почитувајќи ги принципите за прудентно работење во својата кредитна политика.“ Од Комерцијална банка очекуваат реализацијата на макроекономските проекции да биде придружена со ризици кои се поврзани со долготрајноста и последиците на здравствената криза, интензитетот на ефектите врз економијата и резултатите од економските мерки за нејзино ублажување, како и ризиците поврзани со евроинтеграциските процеси и задржувањето на политичката стабилност во земјата. „Банката ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, при што и во следниот период ќе биде фокусирана пред сè на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите кои ќе бидат најзасегнати од здравствената и економската криза.“ велат во коментарот на својот финансиски биланс од Комерцијална банка. Во секторот индустрија, од каде што има најмногу котирани компании, 41, вкупниот нето резултат во првиот квартал е 9,3 милиони евра, што е за 5,4 пати повеќе од истиот период лани. Ова се должи на фактот што лани во вкупниот биланс на индустриските компании, загубата на Либерти Скопје од 1,5 милиони евра (а оваа година добивка од над два милиони евра), потоа на ФЗЦ 11 Октомври од Куманово со 700 илјади евра (оваа година помала загуба, од 166 илјади евра) влечеа доста надолу во нето резултатот, како и загуби на некои други фирми што годинава се ублажени или имаат остварено добивки. Најголема добивка меѓу индустриските компании во првиот квартал има Цементарница Усје од Скопје, од околу 3 милиони евра, што е пад за 5% во однос на лани, пред Либерти Скопје и Мермерен комбинат коишто имаат

по околу 1,5 милиони евра добивка. Добивка од над еден милион евра има и челичарницата Макстил, односно 1,15 милиони евра. Во секторот фармација, којшто во анализите на Македонска берза се посматра одвоено од секторот индустрија, иако има само две котирани компании нивната вкупна добивка во првиот квартал изнесува 6,9 милиони евра, што е за 23% повеќе во однос на лани. Оваа сума е 74% од вкупната нето добивка на сите 40 котирани друштва во секторот преработувачка индустрија. Поголемата компанија, Алкалоид, има добивка од 5,6 милиони евра или за 10% повеќе од лани, додека Реплек работел со добивка од 1,25 милиони евра или за 154% подобро од лани.

Последици од рестрикција: хотел со 7 илјади евра приход за три месеци Во секторот услуги - каде што припаѓаат компании од доста различни специјалности, како Македонски Телеком во областа на телекомуникациските услуги, ГТЦ Скопје од областа на недвижностите, Транскоп Битола од транспортните услуги, Фершпед од шпедицијата, итн. – вкупниот нето резултат за првиот квартал е 8,3 милиони евра, што е за 57% подобро од истиот период лани. Подобриот резултат годинава „го влечат“ поголемите добивки пред сè на Македонски Телеком, за 49%, на 7,6 милиони евра, Фершпед, за 28%, односно на 306 илјади евра , потоа на ГТЦ АД Скопје кој лани имал 350 илјади евра загуба, а годинава 162 илјади евра добивка, итн. Карактеристично е што всушност само нето добивката на Македонски Телеком зафаќа 91% од вкупната нето добивка на целиот сектор услуги, каде што се наоѓаат 17 компании. Сектор кој годинава во првиот квартал поминал подобро од лани, дефинитивно е трговијата со нафтени деривати, каде што влегуваат двете, всушност најголеми котирани компании според остварен приход, ОКТА и Макпетрол, со 70 милиони евра и 64 милиони евра

респективно. Заради повисоките цени на горивата од почетокот на оваа година во споредба со лани, овие две компании имаат остварено повисока продажна цена на дериватите, и следствено, поголеми добивки. Па така, ОКТА има нето добивка од 2,34 милиони евра во првиот квартал, за разлика од загубата од речиси пет милиони евра лани, додека Макпетрол има добивка од 605 илјади евра, што е за речиси 5% подобро од лани. Сектори кои се пак најпогодени, ако се гледа според остварениот нето финансиски резултат, се секако угостителството и туризмот, каде што имаме три големи хотелски компании, како и градежништвото, каде што поради мораториумите за градба во некои општини, стагнирањето на дел од капиталните инвестиции, губењето на странските пазари за некои компании порано присутни надвор од Македонија, резултатот е вкупна нето загуба за секторот. Во делот угостителство, трите големи играчи што котираат на Берза, Македонијатурист, Хотели Метропол Охрид и Интернешнл Хотелс имаат вкупна нето загуба од околу 608 илјади евра, што е помала од лани, кога изнесувала над 700 илјади евра. Сепак, и годинава поради мерките на ограничување, отсуството на гости од странство и сл., неорганизирањето семинари, свадби и други настани, овие три компании практично и да не работеа, што се гледа според остварените приходи: само 162 илјади евра за Македонијатурист, што е за речиси 70% помалку од лани, 63 илјади евра за Хотели Метропол Охрид или за 52% помалку од лани, како и симболични 7100 евра за Интернешнл Хотелс (Хотел Континентал во Скопје) што е за цели 95% помалку од лани. Треба да истакнеме дека минатата година, во првите два месеци сè уште не беше почната паниката поради пандемијата, па хотелските компании имаа нормално работење, што се отсликува и преку приходите во тој период. 



МАЈ 2021

24 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

ПАЗАРИ НА КАПИТАЛ

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ НАДВИС КАКО ОПАСНОСТ

Економските податоци ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС (опремата на текстот е редакциска) ширум светот се солидни, очекувањата за раст на о подобрите временски услови, доаѓа и смирување БДП за 2021 година се на пандемијата во Европа подобрија во последните и САД. Иако делови од Азија, особено Индија, неколку недели, а се сериозно погодени и очекувањата за 2022 податоците и бројките што доаѓаат оттаму година се исто така големи. се несигурни, останува фактот дека во Европа и САД барем Прекумерната инфлација и пандемијата привремено се повлекува. Ова пак води пред сè, зголемувањето на кон забрзано олабавување на јавниот и поголем економски оптимизам. потрошувачките цени може живот Летото на Стариот континент се чини значително да ги влоши дека е понормално од пролетта, бидејќи забрзаната вакцинација очигледно геополитичките тензии. значително го намалува процентот Ситуацијата станува на сериозно болни, дозволувајќи слична во 2011 година, кога им на владите да го ослободат од рестрикции услужниот сектор, особено зголемувањето на цените угостителството и туризмот. Пазарите го прифаќаат ова со раширени на стоките резултираше раце, но се чини дека ова сценарио со тензии на пазарите во е веќе вклучено во постојните нивоа, развој и доведе до цела бидејќи динамиката на раст запре. главно се однесува на низа настани како арапска Загриженоста зголемувањето на цените на стоките и пролет, крвави револуции и натамошните проблеми во синџирите за снабдување и логистика. локални војни.

С

Секојдневно гледаме нови рекорди на пазарите на стоки и тоа ќе мора да се прелее на крајните цени за потрошувачите. Пазарот на труд во САД е послаб отколку што надворешно изгледаше во изминатиот месец, но различните стимулативни политики досега успешно го ублажуваа ова. Овие мерки се инфлаторни во ова опкружување на олабавување на јавниот живот, а нивото на инфлација во следните месеци останува најчесто споменувана бројка овие денови. Бидејќи Европа заостанува зад Соединетите држави, се поставува прашањето какво понатамошно забрзување во Европа може да даде отворањето на европските држави.

Да не се заборават геополитичките тенденции

Не се заборавени ниту геополитичките тенденции. Напротив, постои чувство дека ситуацијата меѓу Кина и САД и Европа се влошува. Европа очигледно зачекори посилно кон американската страна од релативно неутралниот став. Кина го придружуваше ова со силни предупредувања, но сега засега се занимава со дисциплинирање на нејзините технолошки компании, каде што е јасно дека нема да дозволи монополски пристап како во САД, каде


25

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

ДИВЕРЗИФИКАЦИЈАТА НА ПОРТФОЛИОТО ОСТАНУВА ПРИОРИТЕТ Финансиите, особено банките, остануваат шпекулативни инвестиции во случај инфлацијата да ги надмине очекувањата. За малку потрпеливи инвеститори, на пазарите во развој, кинеските акции остануваат привлечни, со оглед на зголемениот геополитички ризик и кинеската дисциплина на технолошките компании. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда потребно е да издржат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период.

П

СНУВА што корпорациите ќе диктираат политика и трендови. Економските податоци ширум светот се солидни, очекувањата за раст на БДП за 2021 година се подобрија во последните неколку недели, а очекувањата за 2022 година се исто така големи. Прекумерната инфлација и пред сè, зголемувањето на потрошувачките цени може значително да ги влоши геополитичките тензии. Ситуацијата станува слична во 2011 година, кога зголемувањето на цените на стоките резултираше со тензии на пазарите во развој и доведе до цела низа настани како арапска пролет, крвави револуции и локални војни. Овој пат, во игра се уште поголеми обложувања, па минатата недела централните банки ги смирија духовите со засилена реторика, притоа одржувајќи многу опуштена монетарна политика што останува бедем против проблемите со ликвидноста. Пазарите остануваат близу до рекордно највисоките нивоа, но и покрај одличните деловни податоци, тие не беа во можност да се движат повисоко во првиот квартал. Впечаток е дека трендот е уморен, дека сите добри вести се веќе вклучени во овие нивоа и дека проценките се едноставно превисоки за понатамошен раст. Индивидуалните избувнувања се забележуваат само

андемијата, стимулот на владата, ликвидноста на централната банка и геополитиката ги обликуваат берзите. Според последните резултати, акциите на компаниите од областа на технологијата и е-трговијата како и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст на бизнисот, но со високи проценки, геополитички превирања и стравувања од инфлација, инвеститорите остануваат повнимателни. Обврзниците се скапи, бидејќи приносите прилагодени на очекувањата за инфлацијата се мизерни, а заедно со негативните приноси од банкарските продукти, инвеститорите продолжуваат да бидат принудени главно кон инвестиции во акции и недвижнини. Диверзификацијата на портфолиото останува приоритет. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде што отворањето на економиите по пандемијата значително ќе ја зајакне економската динамика или стимулативните мерки од страна на земјите ќе го променат деловното опкружување. Тежината во форма на индивидуални учества треба да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравствена заштита (исто така преку демографски трендови), индустрија, заради инфраструктурни стимуланси, како и заради преминот кон „зелена“ енергија, а исто така можеме да додадеме селективен потрошувачки сектор. Меѓу регионите, Европа се издвојува по привлечност, додека на САД им треба малку повеќе претпазливост поради големата тежина на ИТ компаниите. Поради прекрасните дивидендни приноси и привлечните проценки, нашиот регион на Централна и Југоисточна Европа е исто така интересен за мал дел од портфолиото. Енергијата и материјалите остануваат заштита од инфлација, иако проценките не се претерани во овие индустрии, но по значителниот раст во минатото, претпазливоста не е излишна. Финансиите, особено банките, остануваат шпекулативни инвестиции во случај инфлацијата да ги надмине очекувањата. За малку потрпеливи инвеститори, на пазарите во развој, кинеските акции остануваат привлечни, со оглед на гореспоменатиот зголемен геополитички ризик и кинеската дисциплина на технолошките компании. Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда потребно е да издржат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови, а фокусирањето на долгорочните трендови историски е важна компонента во постигнување натпросечни приноси.


МАЈ 2021

26 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Секојдневно гледаме нови рекорди на пазарите на стоки и тоа ќе мора да се прелее на крајните цени за потрошувачите. Пазарот на труд во САД е послаб отколку што надворешно изгледаше во изминатиот месец, но различните стимулативни политики досега успешно го ублажуваа ова. Овие мерки се инфлаторни во ова опкружување на олабавување на јавниот живот, а нивото на инфлација во следните месеци останува најчесто споменувана бројка овие денови. Бидејќи Европа заостанува зад Соединетите држави, се поставува прашањето какво понатамошно забрзување во Европа може да даде отворањето на европските држави. на полокализирани пазари, каде што понекогаш магловитите продажби се полесни и помалку контролирани. Стравот од инфлација ги принудува инвеститорите надвор од технологијата и високо ценетите компании, кои од друга страна имаат најголеми пондери во индексите, па затоа видовме благ пад на индексите во последните денови, иако одредени циклични компании, особено од индустријата, финансиите и материјалите, достигнуваат нови врвови.

Се очекуваат поголеми откупувања на сопствени акции

Пазарите на обврзници исто така се повеќе или помалку на место, а податоците од пазарот на труд во САД се полоши од очекуваните. Очекувањата за зголемување на каматните стапки во втората половина на 2022 година се оладија и како резултат на тоа, потребните приноси на американските обврзници благо паднаа, но од друга страна, растечките стравувања од инфлација продолжуваат да ја намалуваат привлечноста на долгорочните обврзници. Бизнисите затоа брзаат да најдат извори на финансирање кои остануваат на рекордно ниско ниво. Така и покрај големиот вишок на ликвидност на сметките, Амазон ќе издаде 18,5 милијарди долари обврзници за рефинансирање и купување на сопствени акции. Генерално, очекуваме зголемени откупи на сопствени акции на корпорации во следните два месеци, бидејќи резултатите од првиот квартал покажаа многу добра финансиска слика, а компаниите најавија зголемени откупи на сопствени акции. Ова, заедно со огромната заштеда на населението и релативно оптимистичките прогнози на

Бизнисите затоа брзаат да најдат извори на финансирање кои остануваат на рекордно ниско ниво. Така и покрај големиот вишок на ликвидност на сметките, Амазон ќе издаде 18,5 милијарди долари обврзници за рефинансирање и купување на сопствени акции. Генерално, се очекуваат зголемени откупи на сопствени акции на корпорации во следните два месеци, бидејќи резултатите од првиот квартал покажаа многу добра финансиска слика, а компаниите најавија зголемени откупи на сопствени акции. компаниите, ги ограничуваат посилните корекции на пазарите, бидејќи секоја исправка веднаш привлекува нови инвеститори. Она што може да ја надмине техниката е изненадувачка бројка што пазарот не ја зема предвид, како што е повисока

инфлација од очекуваната или на пр. геополитичко затегнување. Доларот изгуби од својата вредност во последните денови и се помести на 1,21 УСД за евро, но поместувањата не се толку големи што може да се каже дека отстапуваат од вообичаената флуктуација. 


NLB Pay - мобилен паричник

Плаќајте со NLB Pay за нов велосипед! Во периодот од 12.04.2021 до 30.05.2021, плаќајте со NLB Pay мобилниот паричник и искористете ја можноста да добиете велосипед. Секој петок во периодот до 30.05.2021 година, следува велосипед за корисникот со најмногу трансакции изминатата недела.

Pay www.nlb.mk

Контакт центар: 02 / 15 600


МАЈ 2021

28 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА ВО НОВА ВОЈНА

ГРАЃАНИТЕ ВО КРВ И СОЛЗИ, ВОДАЧИТЕ ВО ПОЛИТИЧКИ ПРОФИТ Нема ништо досега невидено во објаснувањата за заднината на новиот хорор на Блискиот исток каде судирите ескалираа со огромна брзина во последната недела додека семејства бројат загинати и ранети, во политичките и воени елити се бројат добиени карти за зацврстување на политичките позиции.


29

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101


МАЈ 2021

30 СВЕТ Израелскиот софистициран антиракетен систем е делумно финансиран од САД

автор:

КАТЕРИНА СИНАДИНОВСКА

Т

оа што луѓето сè уште го немаат научено е како да се однесуваат со другите човечки суштества. Мора да најдеме начин да коегзистираме заедно, без да се повредуваме и да си нанесуваме зло едни на други. И ова треба да важи насекаде, без разлика дали сме во САД или на Блискиот исток, на африканскиот континент или во Азија, или на кое било друго место на планетата“. Овие зборови на великанот Мартин Лутер Кинг се чинат така далечни за нивото на човековата еволуција во 2021 година кога светот е шокиран од вестите за ескалација на судирите и војната што буквално преку ноќ се разгоре на Блискиот исток, помеѓу Израел и Палестина. Читателите можеби ќе си помислат дека нема многу простор за шокираност што оружјето го има главниот збор во овој дел од светот (од „дивата“ Газа ништо ново), но, ако се има предвид дека човештвото веќе втора година се бори со пандемија на смртоносен вирус (коронавирусот), очекувањата и на закоравените песимисти сигурно се движеа во насока не само на затишје на воените судири ширум планетата, туку и на едно созревање за човековата природа кон толеранција, почит и прифаќање наместо угнетување на различните. Но, по се изгледа светот е далеку од созревање - катастрофални вести за стотици ранети и мртви, крв и солзи,

напади на цивили и злоупотреба на воена сила за зацврстување на политичките позиции - ова се вестите од Израел и Палестина деновиве. Во морето на информации што ги пласираат светските медиумски агенции и големите медиумски куќи со свои дописништва од местата на конфликтот лесно се одвојува веста од пропагандата, за оние кои се занимаваат со медиумска работа, но за граѓаните тоа е прилично ѓаволски тешко оти злоупотребата на емоциите на публиката и читателите преку пласирање на потресни сведоштва и слики, но и безобразно играње на картата на веќе вкоренетите предрасуди особено кон исламскиот свет изгледа како правило во етерот и целокупниот наратив. Ние се одлучивме да пренесеме една сеопфатна анализа од Њујорк Тајмс, редок медиумски напис кој ги исцртува изворите на конфликтот - борба за политичка власт и одржување на сопствените политички позиции.

Во сите војни губитници се граѓаните

Најлошите борби меѓу Израелците и Палестинците во последните седум години се засилија во вторникот вечерта, откако израелските воздушни напади започнаа да се насочуваат кон канцелариите на Хамас во градот Газа, а милитантите во Газа истрелаа ракети кон метрополата Тел Авив, јужниот град Ашкелон и главниот аеродром во Израел. Во Газа, најмалку триесет и пет Палестинци, од кои десет деца, се убиени до вторникот вечерта, а преку двеста се ранети, според здравствените власти. Во Израел, пет лица беа убиени во нападите на Тел Авив, Ашкелон и Лод, а најмалку

ФОТО: Амин Коен, Ројтерс

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

сто се ранети. Далеку од воениот конфликт, бран граѓански немири се прошири и низ арапските населби, додека палестинските граѓани на Израел изразија бес за убиствата во Газа повторувајќи ги долгогодишните поплаки за дискриминација и репресија внатре во самиот Израел. Додека напливот на демонстрации, најсилен од 2014 година, донесе страв кај милиони граѓани и во Газа и во Израел, Хамас, исламистичката милитантна група што управува со појасот Газа и премиерот Бенјамин Нетанјаху од Израел се чини дека допрва ќе го разгоруваат огнот. На Хамас, новиов конфликт му овозможи да ги ревитализира своите тврдења за апсолутно раководството на палестинскиот отпор. Ги врами своите ракети како директен одговор на неколку рации на израелската полиција врз џамијата Акса, религиозно место во источен Ерусалим, свето за муслиманите и за Евреите. Во тој процес, групата се претстави како заштитник на палестинските демонстранти и верници во градот. За премиерот Нетанјаху, расеаноста на војната и поделбите што ги создава меѓу различните опозициски партии кои моментално преговараат за коалиција за негово соборување од власт, му дадоа поволна шанса да остане на функцијата, само неколку дена откако се чинеше дека можеби конечно ќе биде испратен во политичката историја. Аналитичарите велат дека овие ескалации не се ништо ново во својата суштина - нов е само бројот на нови загинати и ранети.


31

МАЈ 2021

Евакуација на цивили во појасот Газа

„Тоа е приказна како и секоја претходна војна меѓу Израел и Хамас“, вели Гасан Хатиб, експерт за политика на универзитетот Бирзејт на окупираниот Западен брег. Двете влади излегуваат од него победнички, а граѓаните на Газа излегуваат како губитници“. Двете страни ја искористија симболиката на светиот град. Израелската војска го кодираше своето дело „Чувари на ѕидовите“, што е упатување на античките бедеми на Стариот град Ерусалим. Палестинците имаат свое кодно име: Ерусалимски меч. За разлика од величественоста на имињата, за жртвите на насилството, првите 36 часа од обновениот конфликт донесоа само терор и загуба. Палестинците и израелската војска се нерамноправни - првите вооружени со ракети, вторите со борбени авиони и софистициран антиракетен одбранбен систем, „Железната купола“, делумно финансирана од САД. Израелските воздушни напади имаат за цел стратешки цели во густо населената Газа, убивајќи цивили дури и кога Израел јавно инсистира на тоа дека презема мерки за да ги избегне тие жртви. Од друга страна, и ракетите на Хамас имаат за цел центри на цивилно население, но честопати ја промашуваат целта. Осама Собох е 31-годишен државен службеник во градот Газа, кој ја изгуби својата мајка, Амира и братот Абделрахман, во израелскиот напад врз нивниот станбен блок. „Ова е мајка ми“, рече господинот Собох по телефон во вторникот попладне. „Многу е тешко да се збогувате со најскапоцената личност што ја имате на

земјата“. Г-дин Собо се прашува зошто Израел имал насочено напад кон цивилна зграда. „Тоа не е воена касарна, не претставува никаква опасност за Израел“, рече тој. „Ова беше стара жена со дете со церебрална парализа“. Тринаесет милји на север, во заспаното предградие на Ашкелон, во Израел, една баба гази низ стаклените парчиња и ситните остатоци оставени од ракетата на Хамас, која се пробила низ нејзиниот станбен блок. „Што згрешив? “ прашува таа, Марија Нагив (61), поранешен војник, родена во Украина. „Јас не направив ништо и тие сè уште ни испраќаат бомби“. Г-ѓа Нагив малку знае за настаните во комплексот Акса кои претходеа на нападот и всушност беа почеток на судирите. „Што всушност се случи во Ерусалим?“ - прашува додека крцкаат парчиња стакло под нејзините нозе. „Не следев ништо во врска со тоа“. Подоцна истиот ден, член на Градскиот совет во Ашкелон, Амичаи Сибони, истрчува низ улиците на градот, барајќи избезумено засолниште за бомби, додека сирените за бомбите звучат над глава. „Сега има сирена“, вели тој додека му го раскажуваше своето искуство на еден израелски медиум. „Барам безбедна просторија во супермаркет. Гледам околу мене постари купувачи како се симнуваат на подот. Тие се вознемирени и се држат едни на други на земја “. Во Газа и Израел, ракетите и воздушните напади достигнаа интензитет што се смета за редок за оваа рана фаза во конфликтот тука.

ФОТО: Махмуд Хамс, Франс Прес

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Во Газа, израелските пилоти бргу се префрлија од единствено воени цели, свртувајќи се во вторникот кон станбениот блок за кој се вели дека е дом на водечки милитант и во кула блокирани канцеларии на неколку претставници на Хамас. Израелскиот воен портпарол, потполковник Joнатан Конрикус, рано во вторникот изјави дека 15 милитанти биле убиени во удари на авиони и беспилотни летала. Една ракета погоди училиште во Ашкелон. Ама, училиштето беше празно затоа што израелските власти наредија да се затворат сите училишта на 25 милји од Газа во пресрет на ракети. Немири избувнаа и меѓу палестинските државјани на Израел, кои беа лути од ударите во Газа, рацијата во комплексот Акса и претстојното протерување на неколку палестински семејства од нивните домови во Ерусалим. Демонстрантите кои вееја палестински знамиња се собраа во неколку арапски градови низ Израел, од кои некои палеа автомобили и еврејски имоти. Палестинците демонстрираа и во етнички мешаниот град Лод, каде рано во среда беше прогласена вонредна состојба. Демонстрантите запалија една синагога и десетици автомобили. Еден Палестинец беше смртно застрелан во овие немири. Во говорот снимен во Катар и емитуван на телевизиски канал поврзан со Хамас, високиот политички лидер на Хамас, Исмаил Ханија изјави: „Успеавме да создадеме равенка што ги поврзува фронтовите на Ерусалим и Газа“, рече тој. „Тие се неразделни. Ерусалим и Газа се едно. ”


МАЈ 2021

32 СВЕТ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

ФОТО Мохамед Абед, Франс Прес

Израелски нафтен објект погоден од ракета

Нетанјаху се бори да остане на власт, Хамас си зацврстува позиции За Хамас, аналитичарите изјавија дека новата рунда борби и дава на групата можност да врати дел од сјајот што го имаше како движење на отпор, кое избледе по повеќе години владеење со Појасот Газа. Од доаѓањето на власт во 2007 година, Хамас ја изгуби популарноста поради, според многумина во Газа, неговиот авторитарен пристап и лошото управување. Но, нејзиното самопретставување како бранител на Ерусалим повторно и дозволи на групата да добие на сила и поддршка преку раширениот гнев од израелското полициско однесување во комплексот Акса. И, исто така, и ’беше дозволено на групата да вози ковчези на кампањата за спречување на иселување на палестинските семејства од Шеик Арара, населба во источен Ерусалим. Маката на семејствата одекна широко, бидејќи ги отелотвори пошироките напори за отстранување на Палестинците од делови на Источен Ерусалим и минатото раселување на Арапите на окупираните територии и во рамките на Израел. Ракетниот оган исто така му овозможува на Хамас да го надмине претседателот Махмуд Абас од палестинските власти, што врши делумна автономија во делови на Западниот брег. Г-дин Абас неодамна ги откажа првите избори во Палестина во последните 15 години, негирајќи ја шансата на Хамас да се легитимира преку изборен успех. Сега Хамас сака да ја докаже својата важност преку други средства, анализира

Мхајмар Абусада, политиколог на универзитетот Ал Акса во Газа. „Дефинитивно, она што се случува е индиректна порака до палестинските власти и до Абас“, рече г-дин Абусада. „Ако тој не е подготвен да ја реорганизира палестинската внатрешна куќа, тоа е уште една причина зошто Хамас ескалира“. Војната, исто така, му дава и на Нетанјаху политички простор за дишење. Противниците на Нетанјаху имаат три недели да создадат коалиција - и нивниот успех зависи од крајно десничарските еврејски политичари и арапските исламисти кои ќе ги остават настрана фундаменталните разлики за да ги здружат силите во владата. Но, војната со Газа го прави ова помалку веројатно, бидејќи на арапските политичари кои се противат на конфронтациите со Газа им станува многу потешко да најдат заедничка кауза со десничарите кои цврсто ги поддржуваат воените дејствија. Мансур Абас, исламистички политичар чија партија одржува рамнотежа на парламентарната моќ, ги откажа коалициските разговори во понеделникот, бидејќи воената ескалација се појави како неизбежна. И министерот за одбрана Бени Ганц, кој вети дека ќе го симне Нетанјаху, сега е преокупиран со воените напори. Нетанјаху, во изјавите е пркосен и триумфалистички - вели дека борбите може да не завршат наскоро: „Хамас и исламски џихад платија и ќе платат многу тешка цена за нивната агресија“, изјави тој во обраќањето

доцна во ноќта. „Ова ќе потрае.“ Она што е јасно е дека ќе потрае на штета на цивилите оставени тажни и престрашени од конфликтот, луѓе за кои овие политички прашања не значат ништо. Во Бејт Ханун, северна Газа, семејството ал-Масри погреба две млади момчиња кои беа убиени во понеделникот вечерта. Ибрахим (11) и Марван (7) играле надвор од нивниот дом кога удрила ракета, според нивниот вујко, Башир ал-Масри (25). За г-дин ал-Масри, нападот покажа дека Израел не се грижи за цивилниот живот. „Тие се насочени кон згради со деца, имаат за цел амбуланти, имаат за цел училишта“, рече тој по телефон. „И целиот свет, почнувајќи од Америка, вели дека луѓето во Газа се терористи. Но, ние не сме терористи. Ние само сакаме да живееме во мир “. Во вторникот вечерта беше невозможно да се предвиди кога мирот може да се очекува да дојде. Брзата ескалација до напади на цели со висока вредност може да значи дека секоја страна тргнува кон поголем конфликт, иако некои аналитичари сметаат дека тоа исто така може да значи дека секој се обидува да даде моќна завршна изјава пред да завршат борбите. Но, полковникот Конрикус во вторникот рече дека воздушната кампања на војската е сè уште во „рана фаза“, па оттука тежината сепак преовладува кај оние проценки кои говорат дека светот е на прагот на една крвава и болна војна, несфатлива за вредностите на 21 век.




За секој случај.

SOS пакетот покрива трошоци за операции и тешки болести.

Повеќе инфо на: info.zdravje@triglav.mk 02 5102 106 02 5102 108

SOS пакет за здравствено осигурување Кога надвор е облачно, дали со себе ќе понесете чадор, за секој случај? Животот, исто како времето, може да биде непредвидлив. Затоа, за некои одлуки добро е да се размислува однапред. SOS пакетот на Триглав е едноставно и достапно решение, коешто овозможува комплексна здравствена заштита - нуди бројни поволности, коишто се исти, без разлика на возраста, обезбедува еднократен надомест за тешки болести и директно ги покрива трошоците за операции кон приватните здравствени установи. SOS пакетот е тука да обезбеди финансиска сигурност тогаш, кога е таа најпотребна. Добро е да го имате, за секој случај.

Ваш партнер за здравје.

triglav.mk


МАЈ 2021

34 KАРИЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

СОВЕТИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА (А, И ПО НЕА)

НЕ РАБОТЕТЕ ДОДЕКА СТЕ НА ОДМОР. СЕРИОЗНО. Поминувањето викенди или празници работејќи, го поткопува едниот од најважните фактори што одредуваат дали луѓето се истрајни во својата работа: внатрешната мотивација. Луѓето се внатрешно мотивирани кога се вклучени во активности што им се интересни, во коишто уживаат и наоѓаат смисла. Истражувањата на бизнис школата на Харвард укажуваат на тоа дека ако работите во слободно време вие си создавате внатрешен конфликт помеѓу постигнување на личните и професионалните цели, што води до тоа луѓето помалку да уживаат во работата.


35

МАЈ 2021

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Во една студија, научниците од Харвард интервјуирале студенти што учеле во универзитетската библиотека за време на државен празник. Во еден случај на студентите им нагласиле дека дента било федерален празник („Денеска е 17 февруари, Денот на претседателот), а во друг случај не („Денеска е 17 февруари). Кога студентите биле потсетувани дека учат во време кога другите се забавуваат и сл., тие чувствувале дека нивните материјали за учење се помалку интересни и помалку им значат – што значи, се чувствувале помалку внатрешно мотивирани за учење.

HARVARD BUSINESS REVIEW

Н

ачинот како и кога работиме, драстично се менува. Податоците од истражувањето „American Time Use“ од 2018 година покажуваат дека 30% од вработените со полно работно време се изјасниле дека се случува да работат и за празници и викенди, што значи дека кога луѓето и официјално не се на работа, не значи дека престануваат да работат. Уште повеќе, актуелната промена што се случува на глобално ниво поради пандемијата, а тоа е работењето од дома, само ја комплицира ситуацијата: формалните граници помеѓу работата и не – работата стануваат уште позаматени, а вработените се позбунети околу тоа кога е, а кога не е време за работа. Многумина претпоставуваат дека флексибилноста во рамки на работните обврски би требало да ја зголеми мотивираноста. Да имате можност да си поставите свој распоред на задачите би требало да ни олесни да си ги координираме работните денови така што би ја максимизирале продуктивноста, што на прв поглед имплицира дека луѓето всушност би биле повеќе мотивирани ако можат да работат за време на викенди, празници или одмори. Дополнително, истражувањата покажуваат дека ако сте зафатени (како спротивност на не правење ништо) може да придонесе да се почувствувате

продуктивни, и следствено вашата работа да ви изгледа дека има повеќе смисла, односно, работењето кога другите не работат практично да ви ја крене мотивацијата. Меѓутоа, нашите истражувања покажуваат дека токму спротивното најчесто држи вода. Поминувањето викенди или одмори работејќи, го поткопува едниот од најважните фактори што одредуваат дали луѓето се истрајни во својата работа: внатрешната мотивација. Луѓето се внатрешно мотивирани кога се вклучени во активности што им се интересни, во коишто уживаат и наоѓаат смисла. Нашите податоци укажуваат на тоа дека ако работите во слободно време вие си создавате внатрешен конфликт помеѓу постигнување на личните и професионалните цели, што води до тоа луѓето помалку да уживаат во работата. Сепак, правејќи го ова истражување за време на нашите сопствени викенди и одмори, исто така откривме и решение за овој проблем: треба да го редефинирате слободното време како “работно време“ и со тоа ќе си помогнете во задржување на внатрешната мотивација околу работата.

Како работењето во слободно време влијае врз внатрешната мотивација?

За да одговориме на ова прашање, анализиравме податоци од репрезентативен примерок од 1.298 американски работници. Вработените наведуваа во прашалниците дали


МАЈ 2021

36 KАРИЕРИ

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

Податоците од истражувањето „American Time Use“ од 2018 година покажуваат дека 30% од вработените со полно работно време се изјасниле дека се случува да работат и за празници и викенди, што значи дека кога луѓето и официјално не се на работа, не значи дека престануваат да работат. Уште повеќе, актуелната промена што се случува на глобално ниво поради пандемијата, а тоа е работењето од дома, само ја комплицира ситуацијата: формалните граници помеѓу работата и не – работата стануваат уште позаматени, а вработените се позбунети околу тоа кога е, а кога не е време за работа. работат само од понеделник до петок, или пак и за време на некои викенди и сл. Во ова истражување, внатрешната мотивација се рефлектираше преку изјавите од типот: „мојата работа за мене е значајна“ и „работата ми овозможува да ги користам своите вештини и способности.“ Откривме дека луѓето во просек, оние што работеле некои викенди, се чувствуваат помалку внатрешно мотивирани за работа. Имајќи предвид дека овие работи беа во корелација, можно е дека постојат и други фактори што би влијаеле врз внатрешната мотивација на луѓето, како на пример работењето на пониска позиција во хиерархијата и сл. Па така, земавме предвид повеќе потенцијални надворешни фактори, како домашниот приход, ниво на образование, број на работни часови во неделата, како и општото задоволство од животот, и откривме дека врската помеѓу работното време и внатрешната мотивација беше конзистентно. За подлабоко да ја испитаме врската помеѓу работното време и внатрешната мотивација, направивме уште четири дополнителни експерименти со вработени што работеа за викенди и студенти што учеа за време на распуст. Сите студии покажаа дека работењето кога е слободно време ја намалува внатрешната мотивација на луѓето за нивната работа. На пример, во една студија, интервјуиравме студенти што учеа во универзитетската библиотека за време на државен празник. Во еден случај на студентите им нагласувавме дека дента беше федерален празник („Денеска е 17 февруари, Денот на претседателот), а во друг случај не („Денеска е 17 февруари). Кога студентите беа потсетувани дека учат во време кога другите се забавуваат и сл., тие чувствуваа дека нивните материјали за учење се помалку интересни и помалку им значат – што значи, се чувствуваа помалку внатрешно мотивирани за учење.

Зошто работењето во слободно време ја поткопува внатрешната мотивација?

Слично на тоа како луѓето го сметаат понеделник за „вистински“ почеток на неделата, луѓето генерално го категоризираат своето време или како време за работа или за одмор. Кога се ангажираат работно во времето што го сметаат за слободно, како што е викенд, тие искусуваат конфликт помеѓу нивните очекувања и реалноста, и како резултат, ја доживуваат својата работа како помалку исполнувачка и помалку значајна.

Што да правите ако треба да работите во слободно време?

За жал, во многу работни позиции, повремено работење за викенди или празници, па дури и во време на годишен одмор, може да е неизбежно. Па, што да направите за да останете мотивирани кога мора да работите во таков случај? Во нашето истражување, откривме интервентна стратегија што им помогна на студентите што учеа за време на пролетниот распуст, а на вработените што работеа во сабота, да ја одржат својата внатрешна мотивација: стратегијата ја нарековме „означување на времето како работно време“.На пример, во една студија, на едната група што работеа во сабота им рековме „Луѓето обично ги користат викендите да го надополнат во работата тоа што го пропуштиле или да отидат малку пред другите“, а на другата група и рековме „Луѓето обично ги користат викендите за да се релаксираат и да одморат малку од работата“. Нашите наоди покажуваат дека иако и двете групи работеа во слободно време, првата група се чувствуваше повеќе заинтересирана и ангажирана во својата работа и исполнувањето на целите, затоа што на времето гледаат како време за работа (наспроти времето за релаксирање).

Дали работењето во слободно време ја поткопува целата мотивација за работа?

Треба да спомнеме и дека внатрешната

мотивација не е единствениот вид мотивација што ги инспирира луѓето да работат. Луѓето работат и поради т.н. надворешна мотивација (на пример, за да добијат плата, да го издржуваат семејството, итн.). И додека работењето во слободно време имаше негативен ефект врз внатрешната мотивација за работа, нашите студии не ни дадоа доказ дека тоа влијае и врз нивната надворешна мотивација. Ако конфликтот на целите поврзан со работењето за викенди и празници го поткопува нашиот капацитет да ја доживееме работата инхерентно значајна, тој не ја менува вредноста на тоа што ќе бидеме платени за работата, ќе имаме сигурност и сл. Меѓутоа, истражувањата на Кеитлин Вули и Аелет Фишбах покажуваат дека без внатрешна мотивација, надворешната мотивација е често недоволна за да ги држи луѓето задоволни и да ги тера да дадат се’ од себе на работното место. Поуката од сето ова е следнава: Дали ќе уживаме во својата работа ќе зависи не само од типот на активностите во коишто сме ангажирани, туку и од тоа кога сме инволвирани во тие активности. Ако треба да работиме во слободно време, обидете се да ментално да го редефинирате тоа како работно време и така ќе си помогнете да ја одржите мотивацијата. Менаџерите исто така, може да им помогнат на своите вработени со тоа што ќе ги поттикнат да не работат „после работа“, бидејќи нашите наоди покажуваат дека работењето тогаш ја намалува внатрешната мотивација и со тоа и напорот што го вложуваат во својата работа. Решението како да се остане мотивиран отсекогаш било важно, но откако пандемијата присили многу работници да работат од дома и ги оптовари со дополнителни задачи, овие стратегии ќе бидат особено важни за да помогнат вие и вашиот тим да останете продуктивни и да се вложите себеси што повеќе. nnn


37

ЛИДЕРСТВО

KAPITAL.MK I БРОЈ 1101

www.kapital.mk

Капитал број 839 27.11.2015

60

Лидерство

РЕКОА ЗА...за... УСПЕХОТ реКоа УсПехот

н

Најбогатите и најуспешните луѓе вово бизнисот дошле донешто тамуисклучително случајно. Дали ајбогатите и најуспешните луѓе бизнисот ненаправиле добро.преку барем, паметни инвестиции остра бизнис интуиција, комбинација на талент, неили дошле до таму случајно. дали прекуили со исклучителна најголемиот дел од нив. Кога некогаш ќе ви треба упорност, паметни вистински тајминг, овие сигурно направиле исклучително инвестиции или острамилијардери бизнис нешто да ве подигне и данешто ве натера да продолжите по интуиција, или со исклучителна комбипатот до во бизнисот, можете се потсетите на добро. Барем, најголемиот дел од нив. Кога некогаш ќеуспех ви треба нешто да ведаподигне и да на талент, упорност, вистински овие инспиративни некои од најуспешните ве натеранација да продолжите по патот до успех во бизнисот, можетеизјави да сеодпотсетите на овие и тајминг, овие милијардери сигурно најбогати луѓе на планетава. инспиративни изјави од некои од најуспешните и најбогати луѓе на планетава. Успехот е лош учител. Ги заведува паметните луѓе да мислат дека тие не можат да изгубат

ако го менувате светот, тогаш работите на значајни работи и возбудени сте кога станувате рано наутро

биЛ Гејтс од мојот татко научив дека промените и експериментирањето се константни и многу значајни. Мора секогаш да се обидувате и правите нови работи

американски милијардер и филантропист

еднаш кога ќе разбереме дека несовршеното разбирање е човечка состојба, човек не треба да се срами ако не е во право, туку ако не успее да ги корегира своите грешки

америка за мене е земја, во која ако имате да понудите нешто добро, ќе бидете многу високо вреднувани

Лери ПејЏ

ко-основач на Гугл

не ги мешајте личните интереси со развојот на компанијата

с.робсон ваЛтон

ванГ јаинЛин

ЏорЏ сорос

стив Џобс

американски бизнисмен

американски инвеститор

тадаши јанаи

кинески бизнисмен и милијардер

МАЈ 2021

кинески бизнисмен и филантропист

единствен начин да имате успех во работата е да го сакате тоа што го работите. ако се уште не сте го нашле, продолжете да го барате. Како и за се што е поврзано со срцето, ќе знаете кога ќе ја најдете

ко-основач на Епл.

ричард брансон

англиски бизнисмен и инвеститор

за мене бизнисот не во тоа да носите скапи одела и да ги задоволувате акционерите, туку во тоа да бидете искрен со себеси, со вашите идеи и да се фокусирате на суштината



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.