Macedonian
Паркирање во Јара Parking in Yarra
Понекогаш во Јара има повеќе автомобили отколку што има места за паркирање. Оваа Општина е стара. Локалните улици изградени во деветнаесеттиот век не биле наменети за автомобили ниту за домаќниства што требало да паркираат повеќе од еден автомобил. Општината сака да се обиде да ги реши локалните проблеми со сообраќајот и паркирањето, но не со градење на повеќе паркиралишта или со изградба на нови патишта. Општината како главна задача си има поставено да ги подобри и заштити условите за паркирање на жителите и бизнисите, додека истовремено поттикнува повеќе луѓе да користат јавен превоз. Општината издава пет различни вида на дозволи за паркирање: • • • • •
За жители (ако живеете во Јара) За жители (ако живеете во Јара) За онеспособени лица (ако сте онеспособени или се грижите за некој што е онеспособен) За посетители (за луѓето што доаѓаат да ве посетуваат) Привремени (кога ви треба дозвола за кус временски период)
На повеќето луѓе што живеат во Јара им е дозволено да имаат најмногу до три дозволи за паркирање. На пример, ако живеете во Јара и поседувате две коли, може да поднесете барање за две дозволи за жители и една дозвола за посетители. На луѓето кои живеат во апартмани или станови изградени по декември 2003 не им следува дозвола за паркирање на улица. Проверете во Општината ако не сте сигурни дали ви следува дозвола за паркирање. Дозволите важат 12 месеци и ви овозможуваат законски да паркирате во едно подрачје (на пример, во близината на вашиот дом) за одредена годишна цена, или бесплатно ако поднесувате барање за дозвола за онеспособени лица. На вашата дозвола за паркирање има голема бројка. Дозволено ви е законски да паркирате во подрачјето што е означено со истиот број (видете ја картата на стр. 2). Ако паркирате во погрешно подрачје, може да бидете парично казнети. Ако добиете парична казна, имате рок од 28 дена за да ја платите. Ако не платите во рок од 28 дена, може да бидат преземени натамошни правни постапки и можеби ќе треба да и платите на Општината повеќе пари. Ако мислите дека имате оправдана причина да не ја платите вашата казна, може да побарате од Општината одново да ја разгледа одлуката да ве казни. За повеќе информации за паркиралиштата, наплатите за паркирање, дозволите и паричните казни, ве молиме телефонирајте во Општината на 9205 5255 или посетете го www.yarracity.vic.gov.au/services/parking/. Исто така може да зборувате со некој на вашиот јазик ако се јавите во преведувачката служба на Општината на 9280 1940. За информации за нашите преведувачки служби, ве молиме телефонирајте на 9280 1940 и побарајте информативна книшка за Yarralink, или посетете го www.yarracity.vic.gov.au
Место на интернет: www.yarracity.vic.gov.au
Телефон: 9205 5555
Macedonian
Паркирање во Јара Parking in Yarra
Зони за дозволите за паркирање
Место на интернет: www.yarracity.vic.gov.au
Телефон: 9205 5555