ПРОМОТИВНО ДО 31.03.2011 КУПУВАЈТЕ ВО ТЕХНОМАРКЕТ ПОЛЕСНО ОД КОГА И ДА Е! Одобрување за само 1 ден Износ до 60.000 денари Отплата до 12 месечни рати
www.capitalbank.com.mk
Содржина
ЕКОНОМСКИ БИЛТЕН СОДРЖИНА
ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ Нова форма и содржина Бранко Костовски
5
ДАНОЦИ Измени и дополнувања на законот за данокот Бранко Костовски
17
ФЕНАНСИСКА АНАЛИЗА Систем на финансиско известување Проф. д-р Зоран Ивановски
24
ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ Основи на финансискиот менаџмент Проф. д-р Зоран Ивановски
29
ЕКОНОМИЈА НА ЈАВЕН СЕКТОР Пазарот и државата во современата економија м-р Надица Ивановска
33
ИНВЕСТИЦИОНО НАСЛЕДСТВО Хипотекарната криза и импликациите врз инвестиционото банкарство м-р Надица Ивановска
37
ДЕВИЗИ И ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ FX Монитор - Април 2011 Саша Грујевски
44
КНИГОВОДСТВЕНА СКРИПТА Надоместок за привремена спреченост на работа - боледување Оливера Николова
45
ИЗБРАНИ СЦЕНАРИЈА ОД WWW.PRIMEKO-AUDIT.COM Бранко Костовски
50
www.primeko.com.mk
3
Уредник Бранко Костовски Главен уредник
Издавачки одбор ЕКОНОМСКИ БИЛТЕН списaние на ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје
Почитувани, Ајде во овој воведник да разгледаме еден математички проблем, кој воедно е и сметководствен проблем доколку е предмет на сметководствена евиденција.
Издавачки совет: проф. д-р Зоран Ивановски (претседател) проф. д-р Мирољуб Шукаров м-р Саша Твртковиќ Крсто Несторов Сашa Грујевски
Доаѓаат тројца гости за да преспијат во хотел и го прашуваат рецепционерот колку чини соба за тројца. Рецепционерот им одговорил дека таква соба чини 30 евра. Со оглед на тоа дека цената им одговарала, гостите ја изнајмиле собата. Подоцна, рецепционерот увидел дека наплатил повеќе за собата затоа што таа всушност чинела 25 евра, па му дал 5 евра на својот помошник и го замолил истите да им ги врати на гостите. Сепак, помошникот на гостите им вратил само 3 евра, а 2 задржал за себе.
Главен и одговорен уредник: м-р Бранко Костовски Лектoр: Маја Костадиновска Компјутерска обработка и графички дизајн:
Ајде сега да видиме каде се парите. Почетно секој од гостите платил по 10 евра (3 Х 10 = 30) за собата. Со оглед на тоа дека им биле вратени 3 евра (по 1 за секого), јасно е дека секој од гостите собата го чини по 9 евра. Тројца гости по 9 евра изнесува 27 евра за собата, плус двете евра кои ги задржал помошникот, се добива износ од 29 евра. Но, каде е уште едно евро?
Печати: ДБ СИСТЕМИ - Скопје Издавач: ПРИМЕКО БИЗ ДОО бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје Тел./факс: 02/ 2465-919 www.primeko.com.mk
Со почит, Бранко Костовски
Даночен број: МК-4032010509991 Трансакциска сметка: 300-0000031599-08 Банка депозитор: Комерцијална банка АД, Скопје Списанието излегува еднаш месечно. Годишната претплата за списанието се врши на трансакциска сметка: 300-0000031599-08 ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје. Списанието се доставува по пошта. Ракописи, прилози и мислења се испраќаат на адреса: ПРИМЕКО БИЗ ДОО, бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје или по e-mail: branko@primeko-revizija.com Ракописите не се враќаат.
4
www.primeko.com.mk
ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
НОВА ФОРМА И СОДРЖИНА НА ГОДИШНАТА СМЕТКА Пишува Бранко Костовски branko@primeko-revizija.com
Во “Сл. весник на РМ“ бр. 52/11 од 13.април 2011 година е објавен Правилникот за формата и содржината на годишната сметка кој е на сила од 14 април 2011. Во овој број ви ги презентираме новите обрасци, со напомена дека околу нивната содржина (суштина) ќе дискутираме во наредните броеви.
www.primeko.com.mk
5
ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
10
www.primeko.com.mk
ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
www.primeko.com.mk
11
ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
- Вреднување на компании и акции за индивидуални клиенти - Due Dilligence - Изработка на Teaser - Целосна поддршка на странски инвеститори
12
www.primeko.com.mk
USLUGI
ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Реклами во Економски Билтен Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.
EKONOMSKI BILTEN
Контакт: Наташа Илиевска тел. 02/2465-919 e-mail: natasha@primeko-revizija.com
-
14
ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ - Ревизорски извештаи - Сите видови финансиски извештаи - Семинари, обуки, советувања и конференции Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста * Тираж 1000 броја
www.primeko.com.mk
Даноци
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА Пишува Бранко Костовски branko@primeko-revizija.com
В
о овој текст се осврнуваме на измените и дополнувањата на законот за данокот на добивка кои се објавени во “Сл. весник на РМ“ бр. 47/11, а кои стапуваат во сила на 16.04.2011.
Измени и дополнувања на законот за данокот на добивка
Според оценката на предлагачот, основна цел на предложените изменувања и дополнувања на Законот за данокот на добивка е допрецизирање на системот на одaночување на добивките во моментот на нивната распределба во вид на дивиденди и други распределби од добивката, како и дополнителни усогласувања на терминологијата и на суштинските импликации на воспоставениот начин на оданочување. Предложените изменувања и дополнувања ги содржат следниве решенија: – дефинирање на даночната основа составена од: фискалната основа која ја сочинуваат непризнаените расходи за даночни цели и финансискиот резултат сметководствената бруто добивка, која по покривање на загубите од работењето во изминатите даночни периоди, се оданочува во годината на нејзината распределба за исплати во вид на дивиденди и други исплати од добивката; – доуредување на категориите на трошоци кои претставуваат нефункционални расходи; – детално опишување на расходите и помалку искажаните приходи кај поврзаните субјекти, особено во делот на каматите по основ на заемите добиени од содружниците или акционерите посредно или непосредно поврзани со правното лице; – во однос на оданочувањето на распределбите од добивката во вид на исплати на дивиденди и други исплати од добивката, се врши допрецизирање на одделните категории како што се: исплатена дивиденда, аванс на дивиденда и други исплати од добивката на даночниот обврзник; – се ослободуваат од оданочување трошоците по основ на уплатените доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд кои не го надминуваат износот од четири просечни месечни бруто плати на годишно ниво по вработен; – се дефинира опфатот на трговските друштва кои плаќаат годишен данок на вкупен приход по однос на оние трговски друштва класифицирани како мали и микро трговци и се врши проширување на примената на овој систем на оданочување и на правните лица резиденти на Република Македонија кои што водат сметководство и изготвуваат годишни сметки согласно Законот за трговските друштва, а кои што според природата и обемот на дејноста се сметаат за трговци; – се врши поедноставување на системот на оданочување на трговските друштва со годишен вкупен приход преку воведување на самооданочување, на тој начин што утврдувањето на данокот се врши од страна на самите даночни обврзници
www.primeko.com.mk
17
Даноци 4. Годишен данок на вкупен приход Трговските друштва клaсифицирани како мали и микротрговци и правните лица резиденти на Република Македонија кои водат сметководство и изготвуваат годишни сметки согласно Законот за трговските друштва и кои според природата и обемот на дејноста се сметаат за трговци, плаќаат годишен данок на вкупен приход (наместо данок на добивка) под услов: 1) да извршуваат стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри и 2) вкупниот приход остварен во последните три години вклучувајќи ја и годината за која се утврдува од кој било извор да не надминува износ од 3.000.000 денари на годишно ниво. 4.1. Пресметување на годишен данок на вкупен приход Годишниот данок на вкупен приход се пресметува врз основа на остварениот вкупен приход по сите основи, во годината за која се утврдува данокот. Данокот на вкупен приход, се пресметува во висина од 1% од износот на остварениот вкупен приход искажан во Билансот на успех во Годишната сметка за годината за која се утврдува данокот. Даночната основа го претставува вкупно остварениот приход за годината по сите основи. 4.2. Регистрирање на трговски друштва за годишен данок на вкупен приход Трговските друштва плаќаат годишен данок на вкупен приход, Управата за јавни приходи ги евидентира во регистар на трговски друштва за годишен данок на вкупен приход. Управата за јавни приходи регистрирањето го врши врз основа на податоците за искажаниот вкупен приход во Билансот на успех кон годишните сметки за последните три години. 4.3. Бришење од регистерот Трговските друштва се бришат од регистарот на трговски друштва за годишен данок на вкупен приход, ако Управата за јавни приходи при прегледот на годишните сметки и работните книги на трговското друштво утврди дека истото не ги исполнило условите од членот 38-в на овој закон, односно доколку просечниот остварен вкупен приход во последните три години, вклучувајќи ја и годината за која се утврдува данокот е за повеќе од 10% поголем од максимално утврдениот. Во ваквите случаи трговското друштво е должно да плати данок на добивка, а платениот
22
данок на вкупен приход ќе се смета како аконтација на данокот на добивка. Трговските друштва се бришат од регистарот ако Управата за јавни приходи утврди дека се работи за поврзани лица кои остваруваат значаен меѓусебен промет, по цени кои се разликуваат од цените коишто се воспоставени со неповрзани субјекти, со цел да се постигне намалено плаќање на данокот на добивка. како и доколку утврди дека трговското друштво презема обврски и искажува расходи поврзани со работењето на со него поврзаното лице. 5. Утврдување и наплата Даночниот обврзник е должен утврдувањето и плаќањето на данокот на добивка да го врши врз основа на образецот “ДБ - даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“ што се доставува до Управата за јавни приходи во рокот пропишан за поднесување на годишната сметка согласно со Законот за трговските друштва и прописите за сметководство. Даночниот обврзник којшто врши распределби од добивката, утврдувањето и плаќањето на данокот го врши врз основа на образецот “ДД - ИД - пресметка на данок на добивка на исплатени дивиденди и други исплати од добивката“ кој се доставува до Управата за јавни приходи најдоцна до денот на исплатата. Субјектите плаќаат годишен данок на вкупен приход истиот го утврдуваат на образецот “ДБ - ВП годишен данок на вкупен приход“ кој се доставува до Управата за јавни приходи до 31 мај во годината што следи по годината за која се врши оданочувањето, а плаќањето на данокот се врши најдоцна во рок од 30 дена по рокот за доставување на образецот. 5.1. Месечни аконтации Месечните аконтации на данокот на добивка на непризнаени расходи во даночниот биланс (образец ДБ - даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи) се утврдуваат во износ од една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година. Месечните аконтации се плаќаат во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец. Разликата меѓу уплатената аконтација и вистинската обврска на пресметаниот данок на добивка за даночниот период, обврзникот е должен да ја уплати во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за предавање на годишната сметка. Ако обврзникот на данокот во вид на аконтација платил поголем износ на
www.primeko.com.mk
Даноци данок од износот што бил должен да го плати, може од органот за јавни приходи да бара враќање на повеќе платениот износ. Органот за јавни приходи е должен повеќе платениот данок на добивка да му го врати на обврзникот на негово барање, во рок од 60 дена од
денот на поднесувањето на барањето за враќање. Ако обврзникот на данокот на добивка не бара враќање на повеќе уплатениот данок, повеќе платениот износ ќе се смета како аконтација за наредниот период.
Реклами во Економски Билтен Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.
EKONOMSKI BILTEN
Контакт: Наташа Илиевска тел. 02/2465-919 e-mail: natasha@primeko-revizija.com
-
ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ - Ревизорски извештаи - Сите видови финансиски извештаи - Семинари, обуки, советувања и конференции Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста * Тираж 1000 броја
IZDANIJA
НАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА 1. Прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети - Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ 2. Финансиски менаџмент - Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ
ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50% ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50% ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%
www.primeko.com.mk
23
Финансиска анализа
СИСТЕМ НА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ Пишува Проф. д-р Зоран Ивановски zoran.ivanovski@primekorevizija.com
П
римеко го продолжува серијалот на текстови посветен на Анализата на финансиски извештаи, со цел да се олесни и подобри процесот на одлучување на менаџерите во компанијата и надворешните инвеститори/доверители. Во овој број нашата цел е да ги запознаеме читателите на Примеко со системите на финансиско известување. Разбирањето на концепциската основа на системот на финансиско известување и подготвувањето на финансиските извештаи е основен предуслов на финансиската анализа. Финансиските извештаи се издаваат од менаџментот на компанијата, кој е одговорен за нивната форма и содржина. Менаџментот врши избор на сметководствени методи, усогласување на сметководствените податоци и подготвување на финансиските извештаи. Кај помалите компании дел од подготвителната работа може да биде извршена од ревизорите. Сметководствениот процес или системот на финансиско известување што го создаваат финансиските информации за надворешните корисници опфаќа четири основни финансиски извештаи: – Биланс на состојба (извештај за финансиската состојба) – Биланс на успех (извештај за заработувачката) – Извештај за паричните текови – Извештај за промените ви капиталот Овие четири финансиски извештаи, проширени со белешките и дополнителните прегледи, меѓусебно се поврзани. Како резултат на тоа, тие треба да обезбедат релевантни, веродостојни и навремени информации, што се основни за донесувањето одлуки за инвестирање, кредитирање и слични одлуки, на тој начин остварувајќи ги целите на финансиското известување. OСНОВНИ ПРИНЦИПИ И ПРАВИЛА ЗА МЕРЕЊЕ Финансиските извештаи обезбедуваат информации за средствата (ресурсите), обврските (облигациите), добивката и паричните текови, и акционерската главнина на фирмата. Ефектите од трансакциите и другите настани се евидентираат во соодветниот финансиски извештај. Билансот на состојба ги прикажува средствата, обврските и капиталот. Извештајот за промените во капиталот ги објавува капиталните трансакции со сопствениците. Билансот на успех ги прикажува приходите, расходите, добивките и загубите. Извештајот на паричните текови ги вклучува оперативните, инвестициските и финансиските приливи и одливи. Голем број трансакции се прикажани во повеќе од еден извештај, така што целиот комплет финансиски извештаи е потребен за вреднување на фирмата. Системот на финансиското известување се базира на генерираните податоци од сметководствените настани и селектираните економски настани. Финансиските извештаи при прикажувањето на настаните и трансакциите задоволуваат определени критериуми, примарно трансакциите на размена (размена на паричните
24
www.primeko.com.mk
Финансиски менаџмент
ОСНОВИ НА ФИНАНСИСКИОТ МЕНАЏМЕНТ Пишува Проф. д-р Зоран Ивановски zoran.ivanovski@primekorevizija.com
Ф
инансискиот менаџмент нуди одговори на поголем број на прашања поврзани со работењето и фиинансирањето на претпријатијата. Целокупната активност на претпријатието може да се претстави како збир на инвестициони, финансиски и оперативни активности и точно детерминирани средства и извори за нивно извршување. Поврзувањето на активностите и донесување на правилни одлуки, претставува главна задача на финансикиот менаџер. Крајна цел на сите активности е зголемување на вредноста на компанијата, односно зголемување на богатството на акционерите (вредноста на нивните акции), што се прави преку проектирање и остварување на посакуван однос помеѓу приносот и ризикот. Финансискиот менаџмент треба да даде одговор и предлог за употреба, односно за користење на средствата, обезбедување на извори за нивно финансирање, трошокот на капиталот, одлучувањето за распределбата на добивката, политиката на дивиденди, со што крајната цел станува остварлива. Тргнувајќи од тој факт, од овој број на Примеко Ви нуди целосно запознавање со оваа финансиска дисциплина, која ќе биде опфатена и во наредните број на кономскиот Билтен.
Цели и функции на финансискиот менаџмент Основна цел на финансискиот менаџмент претставува максимизацијата на богатството на акционерите (англ.-maximization of shareholders value), што претставува, во исто време, рационална насока за деловно работење и овозможува ефикасност на распоредот и оптимализација на користењето на средствата во друштвото. Споменатиот принцип претставува основа за донесување на финансиските одлуки. Од друга страна, основна цел на финансиските пазари во економијата (како националната, така и глобалната) е рационална дистрибуција на заштедените средства од штедачите - на корисниците на заштедите, кои пак инвестираат во реален или финансиски имот. За да се распоредат заштедите во реални инвестициони можности, нивниот тек треба да биде управуван од рационални економски критериуми. Општо кажано, распоредот на заштедите во националната економија и пошироко, се врши врз основа на очекуваниот принос и ризик. Поради тоа, пазарната вредност на акциите на компанијата, која ги опфаќа двата фактори, ја одразува пазарната противредност помеѓу ризикот и приносот. Доколку одлуките се донесуваат во согласност со веројатниот учинок врз пазарната вредност на акциите, претпријатието ќе привлече капитал. Било која друга цел веројатно би водела кон субоптимална примена на средствата и поради тоа, до субоптимален раст на капиталот и економијата во целост. Функцијата на финансискиот менеџмент опфаќа три главни одлуки, кои претпријатието мора да ги донесе: одлука за инвестирање, одлука за финансирање и одлука за дивиденди. www.primeko.com.mk
29
Економија на јавен сектор
ПАЗАРОТ И ДРЖАВАТА ВО СОВРЕМЕНАТА ЕКОНОМИЈА
Пишува
М-р Надица Ивановска
Адам Смит, Богатство на народите, 1976 Пазарот и планската економија ги имаат своите корени уште од раните доба. Уште пред неколку векови, владата или градските здруженија го креирале поголемиот дел од економските активности во Европа и Азија. Но, во времето на американската револуција, владите почнале да ја губат директната контрола над цените и над економските услови. Феудалните односи постепено го уредувале, т.е. трасирале патот на пазарот, односно она што се нарекува „слободно претприемништво” или „конкурентен капитализам”. Тој тренд кулминирал во 19 век, во времето на laissez-faire. Таа доктрина, која може да се преведе како „оставете не на мира”, потенцира дека владите треба што помалку да се „мешаат” во економските активности и тие одлуки да се препуштат на пазарот. Многу влади го следеле тој пристап во 20 век. Но, пред да се воспостави потполна ситуација на laissez-faire, стопанисувањето се одвивало на сосема друг начин. Имено, на крајот на 19 век, скоро во сите земји на САД и Европа, економските функции на владата постепено се зголемувале. Државата на благосостојбата во голем дел го заменува пазарот и актерите во капиталистичките економии, додека во социјалистичките стопанства, владите го заменуваат пазарот во многу земји од Европа и Азија. По 1980 година, ситуацијата повторно се менува. Конзервативните економски политики ја намалиле владината контрола над стопанството во пазарните стопанства. Во 1990 година, многу социјалистички влади го „отфрлаат” хиерархискиот систем на централно планирање и се свртуваат кон „пазарот”. Што всушност претставува пазарно стопанство? Како владата ја превзема улогата на пазарот? Со одговорот на овие прашања ќе ги разбереме основните принципи на дејствувањето на пазарната економија и ќе ја согледаме улогата на владата во економскиот амбиент. Како пазарот ги решава основните економски проблеми? Во земјите како САД, голем дел од економските прашања се решаваат преку пазарот. Кој ги проучува трите темелни прашања: што, како и за кого да се произведува во пазарната економија? Во рамките на пазарната економија, ниту еден поединец ниту деловен ентитет не е одговорен за решавањето на економските проблеми во рамките на тој амбиент. Наместо тоа, илјадници претпријатија и потрошувачи стапуваат во доброволна размена и нивните акции и цели се управувани од т.н. невидлива рака, преку системот на цени и пазарот. Интересен е фактот, дека економските активности се координираат без ничија присила или наредба од некој центар, односно без некој главен план. Пазарниот систем не произведува неред и анархија. Тој содржи внатрешна логика, т.е. тој дејствува. Пазарниот систем е развиен механизам за несвесна координација на луѓето, активностите и претпријатијата преку системот на
www.primeko.com.mk
33
Економија на јавен сектор економија, можеме да констатираме дека постои двовладателсто: потрошувачи и технологија. Потрошувачите управуваат преку своите вродени и стекнати вкусови, изразени со помош на нивните парични гласови, во која цел ќе се насочи користењето на општествените ресурси. Но достапните ресурси претставуваат огранувачки фактор на потрошувачите. Стопанството неможе да оди над своите производни можности. Можете да летате до Америка, но не и до Марс. Производните ресурси на некое стопанство, при одредено ниво на знаење и технологија, ги ограничуваат местата каде што потрошувачите можат да ги вложат своите парични гласови. Поинаку кажано, потрошувачите сами неможат да одлучат што ќе се произведува од асортиманот на добра. Побарувачката на потрошувачите може да се усклади со понудата на
добрата од страна на претпријатијата. Така, одлуките на претпријатијата, при дадени трошоци и понуда, заедно со побарувачката на потрошувачите, помагаат при донесување на одлуките што ќе се произведе. Исто како што брокерот може да ги спои купувачите и продавачите, така и пазарот делува како посредник, кој ги задоволува вкусовите на потрошувачите во дадените технолошки ограничувања. Многу е битно да се согледа улогата на профитот во управувањето со пазарниот механизам. Профитот претставува награда или казна за некое претпријатие. Профитот ги мотивира претпријатијата да влезат во областа, каде што потрошувачите сакаат повеќе од тоа добро, да ја напуштат областа каде што потрошувачите посакуваат помалку од тие добра и да користат најефикасни, т.е. најефтини техники на производство.
Реклами во Економски Билтен Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.
EKONOMSKI BILTEN
Контакт: Наташа Илиевска тел. 02/2465-919 e-mail: natasha@primeko-revizija.com
-
36
ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ - Ревизорски извештаи - Сите видови финансиски извештаи - Семинари, обуки, советувања и конференции Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста * Тираж 1000 броја
www.primeko.com.mk
Инвестиционо наследство
ХИПОТЕКАРНАТА КРИЗА И ИМПЛИКАЦИИТЕ ВРЗ ИНВЕСТИЦИОНОТО БАНКАРСТВО Пишува
М-р Надица Ивановска
Инвестиционото банкарство од 2008 година па се до денес доживува драматични моменти, како резултат на историските настани и промени кои се случуваат на Wall Street. Нема сомнение дека кризата е резултат на самоволното и систематско избегнување на власта да ја проверува и регулира активноста на банкарите и фондовите. Финансискиот систем функционирал без вистинска контрола и потребното ниво на транспарентност. Длабочината на кризата покажа дека не е доволна само интервенцијата на Администрацијата на САД и на владите на земјите членки на Европската унија за да се излезе од кризата туку беше потребно и Азиските земји да влезат во глобалната пресметка со финансиската криза. Вовед Целта на анализата е согледување на состојбите и функционирањето на берзите, особено во делот на активностите на инвестиционите банки, во услови на појава на финансиска криза, како резултат на турбуленциите настанати на пазарот на хипотерни кредити во САД и импликациите врз пазарите на капитал во светот. Фокусот е на анализа на причините за појава на кризата, улогата и последиците врз инвестиционото банкарство. Користејќи компаративен и аналитички приод, се анализира генезата на кризата и страотниот ефект на дубиозите предизвикан од системската недефинираност на инвестиционото банкарство. Анализата на ефектите на кризата врз берзите и берзанското работење е насочена кон виталните функции на инвестиционите банки и автономните берзански функции. Инвестиционата банка е посредник кој прибавува средства од стопанството, државата и локалните органи на власта и ги пласира во хартии од вредност. Таа е посредник при нова емисија на хартии од вредност (прво продавање на хартиите од вредност). На овој пазар се врши мобилизација на слободен паричен капитал, со цел да се обезбеди долгорочно финансирање на корпорациите, преку нова емисија на акции и обврзници. Големината и значењето на овие институции зависи од развиеноста на пазарот на капитал во земјата во која тие работат, од големината на територијата на која ги нудат своите услуги, дали се занимаваат само со специјализирани хартии од вредност или со повеќе хартии од вредност, од видот на инвеститорите, како и од спектарот на услугите кои ги нудат. Поради тоа што работат со пари на нивните клиенти, условите за нивното основање и понатамошна работа се регулираат со соодветен закон, а контролата ја врши државата преку посебен орган и преку берзата чиј член е друштвото. Криза на Wall Street Тргнувајќи од потребата да понудиме оценка на тековната состојба на финансиските пазари и функционирањето на инвестиционото банкарство, можеме
www.primeko.com.mk
37
Книговоствена скрипта
НАДОМЕСТОК ЗА ПРИВРЕМЕНА СПРЕЧЕНОСТ НА РАБОТА – БОЛЕДУВАЊЕ Пишува Оливера Николова zoran.ivanovski@primekorevizija.com
З
а време кога работникот е на боледување има право на надоместок на плата. Законот за работни односи и Општиот колективен договор за стопанството го дефинираат исклучиво правото на работникот на надоместокот на плата за време на боледување. Меѓутоа наведените прописи не го регулираат начинот, условите и постапката за остварување на наведеното право. Овие прашања се уредени со Законот за здравствено осигурување и подзаконските акти кои ја регулираат наведената материја. Согласно член 12 од ЗЗО во рамките на задолжителното здравствено осигурување се обезбедува право на парични надоместоци и тоа: 1) Право на надоместок на плата за време на привремена спреченост поради болест и повреда и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, и 2) Право на надоместок на патни трошоци. Согласно член 13 од ЗЗО лицата во работен однос имаат право на надоместок на плата за време на боледување во случај на: болест и повреда надвор од работа; повреда на работа и професионална болест; бременост, раѓање и мајчинство; лекување и медицинско испитување; негување на болно дете до 3 годишна возраст; негување на болен член на потесно семејство над 3 годишна возраст, но најмногу до 30 дена; неопходно придружување на болно лице упатено на преглед или лекување надвор од местото на живеење; неопходно придружување на болно дете до 3 годишна возраст додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена; доброволно давање на крв, ткиво или орган и изолираност поради спречување на зараза. Согласно член 14 од ЗЗО право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа, може да остварат сите осигуреници ако биле здравствено осигурани непрекинато најмалку 6 месеци пред настанување на случајот. Надоместокот на плата во сите погоре наведени случаи на привремена спреченост на работа, му припаѓа на вработеното лице од првиот ден на спреченоста на работа и трае цело време додека трае спреченоста за работа, а се исплатува за деновите за кои се остварува плата, според прописите на работни односи. Работничка за време на бременост, раѓање и мајчинство има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеци непрекинато, а доколку роди повеќе деца, одеднаш една година. Врз основа на наод од надлежен орган, работничката може да го започне отсуството за бременост, раѓање и мајчинство 45 дена пред раѓањето,а задолжително 28 дена пред раѓање. Работничката која
www.primeko.com.mk
45
Книговоствена скрипта 2710 – Нето плата 2727 –Надоместок на плата боледување 2730 – Персонален данок 2740 - Придонес за здравство 2741 – Придонес за ПИО
2742 – Придонес за враб. 2743 – Придонес за проф.заб.
4567 6725 442 1174 2893
193 81
Жиро сметка 16075 исплатени плата, надоместок, данок и придонеси
Избрани сценарија од www.primeko-audit.com ... ПРОДОЛЖЕНИЕ ОД МИНАТИОТ БРОЈ Пример: 2 Ревизор располага со информација дека просечната нето плата во некоја голема компанија изнесува 20.000 денари. Тој сака да дознае дали тврдењето дека просечната плата во таа компанија не е поголема од 20.000 денари е точно. Врз основа на избран случаен примерок од исплатните листи на 100 вработени тој утврдил просечна плата од 27.000 денари и стандардна девијација од 9.470 денари. Дали добиените резултати на ниво на доверба (сигурност) од 95% го потврдуваат тврдењето дека просечната плата не е поголема од 20.000 денари? Внеси го бројот на податоци во примерокот (31 до 10000): Внеси 100 Внеси ја аритметичката средина која е утврдена од примерокот: Внеси 27000 Внеси ја вредноста на стандардната девијација на примерокот: Внеси 9470 Внеси ја вредноста на аритметичката средина според нулта хипотезата: Внеси 20000 Од листата подолу избери ја алтернативната хипотеза: Аритметичката средина на популацијата е поголема од онаа определена во нултата хипотеза Од листата избери го нивото на сигурност на тестот: избери 95% Потоа притисни на полето: Тестирај ја хипотезата
Добиваш резултат: ПРОДОЛЖУВА ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ... 50
www.primeko.com.mk
National
National restaurant Offers you all kinds of specialities of the national food
ТОП-ТУРС д.о.о.е.л. - Скопје Транспортна фирма која врши превоз на стоки во меѓународниот друмски сообраќај веќе 15 години. Контакт Адреса: Ул „Скоевска” Бр. 10а 1000 Скопје Тел/Факс: 02/2461205 Блаже: 070 221 478 Виктор: 070 270 098 e-mail: skopje@topturs.cz
Ресторан Национал Александрија А - ДООЕЛ Скопје Ул. Никола Русински 3А 1/1 1000 Скопје Р. Македонија Тел: ++389 2 3214 200 ++389 2 3214 400 ++ 389 2 3214 500 Факс: ++389 2 02 3214 200 e-mail: restorannacional@mt.net.mk
Alkoplast 03
АЛКОПЛАСТ 03
Ул. Киро Фетак бр. 20, Населба Драчево 1000 Скопје Тел: 02/2796 934, Факс: 02/2796 934, Моб: 075/423 873, 075/423 874 e-mail: alkoplast03@hotmail.com web: www.alkoplast03.com.mk
RESTORAN GURMET
Ресторан ГУРМЕТ Раде Кончар бр.3 1000 Скопје Работно време: 09:00 - 24:00/ 09:00 - 01:00 e-mail: gurmet@restorani.com.mk www.gurmet.restorani.com.mk Тел: +389 2 3211 484