ПРОМОТИВНО ДО 31.03.2011 КУПУВАЈТЕ ВО ТЕХНОМАРКЕТ ПОЛЕСНО ОД КОГА И ДА Е! Одобрување за само 1 ден Износ до 60.000 денари Отплата до 12 месечни рати
www.capitalbank.com.mk
содржина
економски билтен Содржина
тема на бројот ГодиШна СметКа и ФинанСиСКи иЗВеШтаи За 2010 Година Подготвил: Бранко Костовски
1. ВоВеден дел
5
2. обВрски на тргоВците Во однос на годишната сметка и финансиските изВештаи 6 3. коректиВни (прилагодуВаЧки) книжења
11
4. трошоци на продадени произВоди
13
5. утВрдуВање на финансискиот резултат по годишната сметка
19
6. данок на добиВка за 2010
23
7. годишна сметка
42
8. илустратиВни финансиски изВештаи
50
www.primeko.com.mk
3
уредник Почитувани,
Издавачки одбор
Бранко Костовски Главен уредник
економски билтен списaние на примеко биз доо Скопје
Овој број на списанието е тематски. Истиот го посветуваме на подготовката на годишната сметка и финансиските извештаи за 2010 година.
издавачки совет: проф. д-р Зоран Ивановски (претседател) проф. д-р Мирољуб Шукаров м-р Саша Твртковиќ Крсто Несторов Сашa Грујевски
Веројатно вашиот прв заклучок во однос на горенаведеното е: “Добро, авторот ни кажува дека станува збор за истиот материјал од лани, но со сменети години, датуми и понекој износ.“ И не сте далеку од вистината. Веројатно и затоа, најчесто поставувано прашање во однос на оваа тема е следното: “Дали има нешто различно од лани или пак одиме исто како минатата година?“
главен и одговорен уредник: м-р Бранко Костовски
Ајде да одговориме на ова прашање:
лектoр: Маја Костадиновска компјутерска обработка и графички дизајн: печати: ДБ СИСТЕМИ - Скопје издавач: примеко биз доо бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје Тел./факс: 02/ 2465-919 www.primeko.com.mk Даночен број: МК-4032010509991 Трансакциска сметка: 300-0000031599-08 Банка депозитор: Комерцијална банка АД, Скопје Списанието излегува еднаш месечно. Годишната претплата за списанието се врши на трансакциска сметка: 300-0000031599-08 ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје. Списанието се доставува по пошта. Ракописи, прилози и мислења се испраќаат на адреса: ПРИМЕКО БИЗ ДОО, бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје или по e-mail: branko@primeko-revizija.com
1) Ажурирана е рамката за финансиско известување во РМ преку објавување на новиот Правилник за водење на сметководство (“Службен весник на РМ” бр. 159/09); 2) Во контекст на претходното, обрнете внимание на илустративните финансиски извештаи кои се дел од овој тематски број; 3) Ажурирана е содржината на годишната сметка преку изменетиот член 476 став 4 од Законот за трговските друштва (“Службен весник на РМ“ бр. 48/10), според кој годишната сметка сега (покрај биланс на успех и состојба) вклучува и објаснувачки белешки. Сепак, со оглед на тоа што во постоечките обрасци на кои се поднесува годишната сметка не постои место за објаснувачките белешки, излегува дека обајснувачките белешки ќе останат за наредната година; 4) Согласно новиот став (6) на членот 476 од Законот за трговските друштва (“Службен весник на РМ“ бр. 48/10), годишната сметка и финансискиот извештај кои се однесуваат за иста деловна година и кои се подготвени согласно одредбите на овој закон и со прописите за сметководство треба да содржат идентични податоци за состојбата на средствата, обврските, приходите, расходите, главнината и остварената добивка односно загуба на друштвото за деловната година. Ова досега беше имплицитно барање, но сега е законска обврска; 5) Дивидендите коишто даночниот обврзник ги исплатуваше на правни лица резиденти на Република Македонија се оданочуваа со данок на добивка заклучно со 06.07.2010. По овој датум истите не подлежат на оданочување; Мојот бивш шеф, кој е вистински доајен на нашата професија (со повеќедецениско искуство) вели вака: “Јас стопати ќе ви кажам како се прават годишната сметка и финансиските извештаи, но под услов јас ниту еднаш да не ги правам.“ Кога малку подобро ќе размислам, човекот има право. Не се сомневам дека и вие го делите истото мислење.
Ракописите не се враќаат.
4
Со почит, Бранко Костовски www.primeko.com.mk
1. ВоВеден дел
ГодиШна СметКа и ФинанСиСКи иЗВеШтаи За 2010 Година Пишува Бранко Костовски branko@primeko-revizija.com
1. ВОВЕДЕН ДЕЛ Овој текст тргнува од претпоставката дека читателот ги има завршено сите книжења, освен прилагодувачките (adjusting entries) за 2010 година и дека врз основа на таквата евиденција има изготвено бруто биланс. Тоа практично значи дека корисникот на овој прирачник го има завршено процесот на идентификување и мерење на сметководствените трансакции и дека тие целосно се евидентирани во дневникот, главната книга како и во помошните евиденции (аналитички евиденции). Ако е тоа така, сосема е логично да заклучиме дека во овој прирачник нема да ги најдете оние содржини кои се однесуваат на признавањето и мерењето (освен по исклучок, доколку е тоа неопходно поради континуитет на излагањето). Овој текст за изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи за 2010 година е наменет за субјектите кои се сметаат за трговски друштва во смисла на Законот за трговските друштва (ЗТД). 1.1. Рамка за финансиското известување во Република Македонија Сметководственото известување во Република Македонија е регулирано со Законот за трговските друштва (ЗТД), кој е објавен во “Службен весник на РМ“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08 и 48/10. Кога станува збор за финансиските извештаи, пропис (донесен врз основа на ЗТД) кој се однесува на нив е Правилникот за водење на сметководство (“Службен весник на РМ” бр. 159/09 - понатаму Правилник). За помалку упатените ќе кажеме дека овој Правилник ги содржи меѓународните сметководствени стандарди (МСС), меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), како и толкувањата на надлежните комитети и дека неговата примена е задолжителна за сите трговци. Или појасно кажано, сите трговци (ДООЕЛ, ДОО, АД и др.) се должни да ги применуваат МСФИ (МСС), кои се објавени како составен дел на споменатиот правилник. Или уште појасно кажано елементите на годишните сметки и на финансиските извештаи (средства, обврски, капитал, приходи и расходи) мораат да бидат признати, измерени и обелоденети (ова не се однесува на годишната сметка) согласно МСФИ (МСС). Понатаму во текстот ќе го употребуваме терминот МСФИ, а читателот треба да има во предвид дека овој термин го подразбира целокупниот сет (комплет) на МСФИ и МСС. Кога станува збор за годишната сметка, пропис (донесен врз основа на ЗТД) кој се однесува на неа (исклучиво од аспект на обелоденувањето, односно од аспект на формата и содржината), е Правилникот за формата и содржината на годишната сметка ("Службен весник на РМ" бр. 113/06 и 110/07). Согласно членот 7 од овој Правилник, годишната сметка за 2010 година ќе се изготвува на билансните шеми (биланс на состојбата и биланс на успехот), кои шеми се пропишани со споменатиот правилник. Овде е интересно да се напомене дека согласно
www.primeko.com.mk
5
I
2. обВрски на тргоВците Во однос на годишната сметка и финансиските изВештаи
за ликвидација или стечајна постапка или на настанувањето на статусна промена; – крајот на наредниот месец по истекот на пресметковниот период, доколку годишната сметка е изготвена за период кој е пократок од деловната година; – 31 март во тековната година за консолидираната годишна сметка која се однесува на претходната година. Што се однесува до финансиските извештаи, нив (откако тие претходно се одобрени од страна на собранието односно содружниците), органот на управување заедно со годишниот извештај за работа на друштвото, ги доставува во препис до Централниот регистар, но не подоцна од 30 јуни. Овде треба да се има во предвид дека основниот рок за доставување на финансиските извештаи е најдоцна во рок од 30 дена од денот на нивното одобрување. Притоа, крајниот рок за одобрување на финансиските извештаи е крајот на месец мај, а за нивно доставување во препис до Централниот регистар, крајниот рок е 30 јуни. Се разбира дека одобрувањето и доставувањето можат да бидат направени и порано, со тоа да мора да се запази
рокот за доставување кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на одобрување на финансиските извештаи. 2.8. Усвојување и одобрување на годишната сметка и финансиските извештаи Според решенијата во Законот за трговските друштва постои разлика помеѓу термините усвојување и одобрување. Ваквата разлика произлегува и од тоа што се изготвува и годишна сметка и финансиски извештаи. Трговците кои не се распоредени како средни и големи изготвуваат само годишна сметка, па според тоа ги усвојуваат годишните сметки. Средните и големи трговци ги усвојуваат годишните сметки, а ги одобруваат финансиските извештаи. По правило, усвојувањето на годишните сметки го врши органот на управување односно управителот или управителите кај друштва со ограничена одговорност, а одборот на директори односно управниот одбор кај акционерските друштва. Одобрувањето на годишната сметка и финансиските
Реклами во Економски Билтен Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.
EKONOMSKI BILTEN
Контакт: Наташа Илиевска тел. 02/2465-919 e-mail: natasha@primeko-revizija.com
-
ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ - Ревизорски извештаи - Сите видови финансиски извештаи - Семинари, обуки, советувања и конференции Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста * Тираж 1000 броја
www.primeko.com.mk
9
3. коректиВни (прилагодуВаЧки) книжења
Во продолжение ќе ги разгледаме споменатите типови на корективни книжења. 3.1. Однапред платени расходи Расходите кои се платени и евидентирани како средства, пред тие да настанале, претставуваат однапред платени расходи. При плаќањето на ваквите расходи биле задолжени средствата (во нашата практика некоја сметка од групата 19), со што се укажува на тоа дека користа од извршеното плаќање ќе биде добиена во иднина. Вакви се случаите на плаќања кои се наменети за осигурување, закупнина, реклама, некои режиски набавки и друго. Однапред платените расходи треба да се укинат или со истекот на временскиот период (закупнина и осигурување) или со добивање на услугата (материјалите) како на пример кај рекламата. Со оглед на тоа дека е непрактично укинувањето (прекнижувањето) да се врши на дневна основа, тоа се прави под датумот под кој се изготвуваат финансиските извештаи (во конкретниот случај 31.12.2010.). Според тоа, на секој датум под кој се изготвуваат финансиските извештаи се спроведуваат и корективните книжења, со цел однапред платените расходи кои треба да се укинат, да бидат признаени како расходи, а нивното салдо да остане како средство во билансот на состојба (по правило на групата 19). Во конкретниот случај, при книжењето се одобрува средството (се книжи на побарува), а се задолжуваат расходите (се книжи на долгува) за износот за кој се врши укинување на однапред платените расходи. 3.2. Незаработени приходи
Незаработените приходи треба да се укинат или со истекот на временскиот период (закупнина, сметководствени услуги) или со исполнување на обврската за која се примени парите, како на пример кај рекламата. Со оглед на тоа дека е непрактично укинувањето (прекнижувањето) да се врши на дневна основа, тоа се прави под датумот под кој се изготвуваат финансиските извештаи (во конкретниот случај 31.12.2010.). Според тоа, на секој датум под кој се изготвуваат финансиските извештаи се спроведуваат и корективните книжења, со цел незаработените приходи кои треба да се укинат, да бидат признаени како приходи, а нивното салдо да остане како обврска во билансот на состојба (по правило на групата 29). Во конкретниот случај, при книжењето се одобруваат приходите (се книжи на побарува), а се задолжуваат обврските (се книжи на долгува) за износот за кој се врши укинување на незаработените приходи. 3.3. Пресметани приходи Приходите кои се заработени, но кои сеуште не се наплатени или евидентирани заклучно со датумот на финансиските извештаи (во конкретниот случај 31.12.2010.), претставуваат пресметани приходи. Тие настануваат или со истекот на временскиот период (закупнина, камата, сметководствени услуги) или пак доколку услугите биле извршени, а истите не биле фактурирани, ниту пак наплатени до крајот на пресметковниот период. Со корективното книжење, се признава побарување (со цел на правилно вреднување на средствата во билансот на состојба) и приход (со цел на правилно вреднување на приходите во билансот на успех). Според тоа, при книжењето се одобруваат приходите (се книжи на побарува), а се задолжуваат средствата (се книжи на долгува).
Приходите кои се наплатени и евидентирани како обврски, пред тие да бидат заработени, претставуваат незаработени приходи. При наплатата на ваквите приходи биле задолжени средствата (паричните 3.4. Пресметани расходи средства), а биле одобрени обврските (во нашата практика некоја сметка од групата 29) со што се Расходите кои настанале, но кои сеуште не се - Вреднување компании и акции за индивидуални клиенти укажува на тоа декана обврската која произлегува од платени или евидентирани заклучно со датумот на Due Dilligence извршеното плаќање ќе биде исполнета во иднина. финансиските извештаи (во конкретниот случај на Teaser Вакви- Изработка се случаите на наплати кои произлегуваат од 31.12.2010.), претставуваат пресметани расходи. Тие - Целосна поддршка на странски инвеститори закупнина, претплата на списанија, реклама, услуги и настануваат или со истекот на временскиот период друго. (закупнина, камата, сметководствени услуги) или пак
USLUGI
- Вреднување на компании и акции за индивидуални клиенти - Due Dilligence - Изработка на Teaser - Целосна поддршка на странски инвеститори
12
www.primeko.com.mk
- Вреднување на компании и акции за индивидуални клиенти - Due Dilligence
USLUGI
5. утВрдуВање на финансискиот резултат по годишната сметка
IZDANIJA
НАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА 5.6. Нераспределена добивка
2) на товар на резерва; 1. Прирачник зазадолжителната финансискоопшта известување 3) на товар на посебните резерви за покривање загуби; за4)мали и средни ентитети Делот од добивката што ќе остане по премии и + 18%ДДВ распределувањето за други намени или целиот износ, - Цена: 5) на 4.000,00 товар на ДЕН основната главнина, со нејзино
може да се остави нераспределен, кој подоцна во текот намалување. на наредната година со одлука ќе се распредели. Кога станува збор за загуба посебно треба да се 2. Финансиски менаџмент има во предвид член 354 1 од ЗТД според кој, - Ценa: 4.000,00 ДЕН + став 18%ДДВ 5.7. Загуба и покривање на загубата ако акционерско друштво во текот на работењето, а особено според тримесечната или полугодишната Загубата која субјектите ќе ја искажат по годишната пресметка, односно годишната сметка покажува нова сметка за 2010 година, постои во случај кога вкупните загуба, поголема од 30% од вредноста на имотот на расходи се поголеми од вкупните приходи или поради друштвото, односно 50% од основната главнина, недоволниот износ на добивката пред оданочување за извршните членови на одборот на директори, односно да се покрие данокот од добивка. управниот одбор мораат веднаш да подготват извештај За покривање на загубата одлучуваат имателите во писмена форма во којшто ќе ги објаснат причините на удели односно акции на Собир на содружници за загубата и ќе предложат мерки со коишто загубата односно на Собрание на акционери, кои согласно ќе биде покриена. Извештајот се одобрува од одборот членот 484, став (2) од ЗТД носат одлука за покривање на директори, односно од надзорниот одбор. ПОПУСТИ ! ! ! Во рок на загубата. Покривањето за загубите се врши од 48 ПРЕТПЛАТНИЦИ часа од сознавањето дека друштвото50% покажало ПРИМЕКО ПРЕМИУМ – ПОПУСТ редоследно од следните извори кои се наведуваат во загуба, органот на управување свикува собрание ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50% одлуката за покривање на загубата, и тоа: на кое ќе ги извести акционерите за состојбата и за ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50% 1) акумулирана добивка; преземените мерки.
IZDANIJA НАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА 1. Прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети - Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ 2. Финансиски менаџмент - Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ
ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50% ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50% ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%
22
www.primeko.com.mk
6. данок на добиВка за 2010
3. Неисплатени пресметани плати од тековната година Трошоците за пресметаните бруто плати на вработените се признаваат за потребите на данокот од добивка во висина на исплатениот износ. Разликата меѓу трошоците за пресметаните бруто плати и исплатениот износ за фискалната година до денот на доставувањето на Даночниот биланс до даночните власти како трошок кој не се признава на пресметковна основа за потребите на данок од добивка, се додава во даночниот биланс како корективна – зголемувачка ставка во пресметката на даночната основа. Како исплатена плата се сметаат износите на исплатените нето плати надоместоците на платата, натаму износите на платениот персонален данок од плата и износите на платените придонеси од плата, исплатени за фискалната година и тоа до денот на доставувањето на даночниот биланс. Сметководствено кажано, неисплатената бруто плата за пресметковниот период треба да соодветствува на разликата на побарувачкиот промет од сметките за обврски по основ на плати, персонален данок од плати и соодветните социјални давачки, кој се однесува на фискалната година 2010, намален за долговниот промет – исплатите на истите сметки кој повторно се однесува на фискалната година 2010. 4. Неисплатени надоместоци на трошоците од
NOMSKI ILTEN
работниот однос за годината во висина утврдена со ЗДД На овој реден број се внесуваат неисплатените (до датумот на поднесување на Даночниот биланс) надоместоци на трошоците од работниот однос за годината, како и износот на исплатените надоместоци на трошоци од работен однос во износ поголем од утврдениот со член 14 став 1 точки 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 од ЗДД и член 4 став 2 точка 4 од ЗДД Правилникот. Следните износи не се внесуваат на овој реден број: – исплатените надоместоци на трошоците од работен однос за: службено патување (освен користењето на приватен автомобил), теренски додаток или одвоен живот, во висина на најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија (ОКДС) и прописите за органите на државната управа. Согласно членот 35 од Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија (“Сл. Весник на РМ бр. 88/09 кој се применува од 16.07.2009 година), работникот има право (станува збор за најниски износи) на: 1) дневници за службени патувања во земјата во висина од 8% од просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци (види www.primeko-audit. com/Plati/nadomestoci2.aspx);
Реклами во Економски Билтен Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.
EKONOMSKI BILTEN
Контакт: аша Илиевска . 02/2465-919 o-revizija.com
Контакт: Наташа Илиевска тел. 02/2465-919 e-mail: natasha@primeko-revizija.com
ГИ ВАШИТЕ ски извештаи ски извештаи конференции те со јавноста аж 1000 броја
ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ - Ревизорски извештаи - Сите видови финансиски извештаи - Семинари, обуки, советувања и конференции Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста * Тираж 1000 броја
-
www.primeko.com.mk
27
6. данок на добиВка за 2010
утрвдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Значи не се признаваат како трошок за потребите на данок од добивка: ũ Издатоците за донации кои го надминуваат лимитот од износ од 5% од вкупниот приход и покрај тоа што го исполнуваат условот да се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. ũ Целиот износ на издатоците за донациите кои не се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Пресметка на износот на донациите што не се
на данокот од добивка: ũ Издатоците за спонзорства кои го надминуваат лимитот од износ од 3% од вкупниот приход и покрај тоа што го исполнуваат условот да се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. ũ Целиот износ на издатоците за спонзорствата кои не се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Даночната регулатива не содржи одредби кои би го дефинирале спонзорството и покрај тоа што се несомнени амбициите за што е можно поширок даночен опфат на ваквите активности. Од даночен
признава за потребите на данокот од добивка е дадена во продолжение. 23. Трошоци за спонзорства, во спротивност на условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, како и трошоците за спонзорства во износ над 3% од вкупниот приход остварен во тековната година Издатоците за спонзорство се признаваат како трошок за потребите на данокот од добивка, но најмногу до 3% од вкупниот приход на даночниот обврзник. Натаму, за да истите воопшто бидат признаени тие мора покрај вклопувањето во лимитот да се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утрвдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Значи не се признаваат како трошок за потребите
аспект, нашата регулатива спонзорството го смета како активност коресподентна со донации, давање производи без надомест, во кои рамки го третира неговото оданочување. Во практика под спонзорство се подразбира начин на финансирање на одредени субјекти и активности, пред се од областа на науката, културата, здравството, спортот, хуманитарните активности, политиката и други сродни области. Согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности под спонзорство се подразбира доброволна финансиска исплата, давање на добра или услуги за конкретен проект и/или активност, кои овозможуваат директна корист на давателот како што се промоција на име, фирма и заштитен знак на давателот на спонзорството. Според истиот закон под донација се подразбира доброволна и
www.primeko.com.mk
37
National
National restaurant Offers you all kinds of specialities of the national food
ТОП-ТУРС д.о.о.е.л. - Скопје Транспортна фирма која врши превоз на стоки во меѓународниот друмски сообраќај веќе 15 години. Контакт Адреса: Ул „Скоевска” Бр. 10а 1000 Скопје Тел/Факс: 02/2461205 Блаже: 070 221 478 Виктор: 070 270 098 e-mail: skopje@topturs.cz
Ресторан Национал Александрија А - ДООЕЛ Скопје Ул. Никола Русински 3А 1/1 1000 Скопје Р. Македонија Тел: ++389 2 3214 200 ++389 2 3214 400 ++ 389 2 3214 500 Факс: ++389 2 02 3214 200 e-mail: restorannacional@mt.net.mk
Alkoplast 03
АЛКОПЛАСТ 03
Ул. Киро Фетак бр. 20, Населба Драчево 1000 Скопје Тел: 02/2796 934, Факс: 02/2796 934, Моб: 075/423 873, 075/423 874 e-mail: alkoplast03@hotmail.com web: www.alkoplast03.com.mk
RESTORAN GURMET
Ресторан ГУРМЕТ Раде Кончар бр.3 1000 Скопје Работно време: 09:00 - 24:00/ 09:00 - 01:00 e-mail: gurmet@restorani.com.mk www.gurmet.restorani.com.mk Тел: +389 2 3211 484