Содржина
ЕКОНОМСКИ БИЛТЕН Содржина на рубрики
Финансиско известување 5
Спроведување на пописот за 2010 година Бранко Костовски
ДЕВИЗИ И ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ 24
FX МОНИТОР Саша Грујевски
владин барометар 27
Виртуелна абдикација на владата: Судбина на јавните претпријатија Проф. д-р Зоран Ивановски
ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ 29
Вреднување на акции Проф. д-р Зоран Ивановски
ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА 33
Прирачник за интерна ревизија Проф. д-р Зоран Ивановски
БЕРЗАНСКИ ИНФОРМАЦИИ 47 Економија на јавен сектор 50
Цели и функции на економијата на јавен сектор м-р Надица Ивановска
ФИНАНСИСКИ ПАЗАРИ И ИНСТИТУЦИИ 53
Репо договори Проф. д-р Зоран Ивановски
ТРГОВСКО ПРАВО 63
Вложување на нерезидент во Република Македонија Проф. д-р Зоран Ивановски
www.primeko.com.mk
3
Уредник Почитувани,
Издавачки одбор
М
ЕКОНОМСКИ БИЛТЕН списaние на ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје Издавачки совет: проф. д-р Зоран Ивановски (претседател) проф. д-р Мирољуб Шукаров м-р Саша Твртковиќ Крсто Несторов Сашa Грујевски Главен и одговорен уредник: м-р Бранко Костовски Лектoр: Маја Костадиновска Компјутерска обработка и графички дизајн: Печати: ГЕНЕКС - Кочани Издавач: ПРИМЕКО БИЗ ДОО бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје Тел./факс: 02/ 2465-919 www.primeko.com.mk Даночен број: МК-4032010509991 Трансакциска сметка: 300-0000031599-08 Банка депозитор: Комерцијална банка АД, Скопје Списанието излегува еднаш месечно. Годишната претплата за списанието се врши на трансакциска сметка: 300-0000031599-08 ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје. Списанието се доставува по пошта. Ракописи, прилози и мислења се испраќаат на адреса: ПРИМЕКО БИЗ ДОО, бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје или по e-mail: branko@primeko-revizija.com Ракописите не се враќаат.
ногу често колегите ми Бранко Костовски го поставуваат следното Главен уредник прашање: “Дали постои сметководствена професија во Република Македонија?“. Како одговор, безмалку секогаш им ја раскажувам следната случка. “Разговараат двајца колеги. Колегата ја прашува колешката: Колешке, што работите вие? Работам како сметководител, одговорила колешката. Колешке, за леб да трпите, сметководство да не работите, возвратил колегата.“ Овој краток дијалог ја опишува суштината на состојбата со “сметководствената професија“ денес во Република Македонија. Што е уште поиндикативно, огромното мнозинство на сметководители се согласуваат со становиштето на колегата од дијалогот. Тоа покажува дека тие работат како сметководители, само затоа што немаат друг избор, инаку сосем извесно, би се занимавале со некоја друга работа. Зошто е тоа така? Според моето мислење, следните причини се клучни за ваквата перцепција: –– не постои никаков критериум за тоа кој може да обавува сметководствена дејност; –– претходното води до драстичен пад на угледот на сметководителите во јавноста и до понудените пазарни цени за сметководствените услуги; –– како резултат, сметководителите не се во можност адекватно да го финансираат своето професионално усовршување, без кое со текот на времето нивните компетенции и конкуретност се деградираат; –– во контекст на наведеното, постои голем јаз помеѓу она што сметководителите го вложуваат (труд, едукација, огромна одговорност) и она што како надомест го добиваат за својата работа; –– притисокот на надлежните контролни органи секогаш е насочен кон сметководителите, така да тие се секогаш “дежурни криминалци“ во компаниите; –– работата на сметководителите секогаш е зависна од разни писмени “ставови“, “мислења“, “толкувања“ (кои многу често не се јавно достапни) издадени од државни органи и институции, кои иако не се овластени, сепак си дозволуваат премногу слободно да ги толкуваат законите (по правило секогаш во интерес на буџетот); –– - кога професионалниот суд на сметководителот ќе дојде во судир со “став“, “мислење“ или “толкување“ на некој државен орган, менаџментот (сопственикот) по правило го обвинува сметководителот за некомпетентност, што може да резултира со сериозни санкции по сметководителот (од две страни: казни од државата и казни од менаџментот). Значи, не постои симетрија на одговорноста помеѓу сметководителот и неодговорниот државен орган. Дури и кога е во право (докажано со судска пресуда којзнае кога подоцна), сметководителот веројатно веќе ја загубил својата работа и углед, а пак државниот службеник кој го потпишал актот, погодувате, и понатаму си е државен службеник. Имајќи го сето наведено во предвид, ние сме целосно свесни дека вам, како на наши претплатници, Ви ја должиме целосната поддршка за разрешување на проблемите со кои сте секојдневно соочени во вашата работа.
4
Со почит, Бранко Костовски
www.primeko.com.mk
Финансиско известување
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ЗА 2010 ГОДИНА Пишува Бранко Костовски branko@primeko-revizija.com
1) ПОПИСОТ (ИНВЕНТАР) КАКО СМЕТКОВОДСТВЕН ИНСТРУМЕНТ Имперфектноста на сметководствениот систем и постапка меѓу другото се огледа и во фактот што тие овозможуваат опфатност само на оние деловни настани и трансакции кои се документирани односно за кои е испоставена исправа која има карактер на сметководствен документ. Според тоа, финансиските извештаи кога би биле изготвени единствено со респектирање на сметководствената документирана евиденција би ги инкорпорирале само оние промени на средствата, обврските, капиталот, приходите и расходите кои се документирани, а не и оние кои фактички се случиле, а за кои не постои документациона основа. Од овие причини пописот во сметководството се јавува како коректив со кој се овозможува усогласување на сметководствената со фактичката состојба. Впрочем како основни задачи на пописот во рамките на системот на двојно сметководство стручната литература ги наведува: –– Составување на почетен биланс на новоосновано друштво врз основа на пописот како документациона основа и –– Утврдување на недокументираните промени на имотот на друштвото со цел изработка на годишен (краен) биланс кај друштвата кои континуирано делуваат. Од наведеното е сосем јасно дека пописот како сметководствен инструмент е во функција на утврдување на што е можно пореални финансиски извештаи. Состојбите утврдени со пописот во сметководствената евиденција се инкорпорираат преку спроведување на предзаклучните книжења со што практично се врши усогласување на сметководствената со фактичката состојба. Како основни причини за несогласување помеѓу сметководствената и фактичката состојба во литературата се наведуваат следните: –– Погрешни книжења во сметководството; –– Постоење на недокументирани промени на средствата (имотот) кои не се сметководствено евидентирани. Станува збор за кусоци и вишоци кои се јавуваат, а не се опфатени со приходите и расходите; –– Нереални вредности на одделни сметки поради: www.primeko.com.mk
5
Девизи и девизно работење
FX mОНИТОР
Пишува Саша Грујевски grujevskis@hotmail.com
Глобалниот девизен пазар тековно и очекувањата за 2011 година Во ноемврискиот број на овој билтен беа наведени нашите очекувања за претстојните монетарните збиднувања, поточно импликациите на монетизацијата на долгот во САД (QEII) врз другите економии. Беше наведено дека: ũũ зголемената ликвидност во САД ќе се прелее во БРИК и останатите азиски земји во развој; ũũ еврото најнапред ке порасне до 1,43$, а потоа ќе следи пад до 1,33 и подоцна до 1,23$ како резултат на неразрешените фискални проблеми во еврозоната; ũũ веројатно ќе следи и зголемување на референтните каматни стапки во земјите во развој, а со тоа постепено намалување на економската активност како резултат на обидот да се осуети можната инфлација. Во неделата на почетокот на декември, најважните теми на фианнсиските пазари беа скокот на репо каматните стапки во Кина и извештајот за финансиската стабилност на Португалија. На овие теми претходеше и уште едно многу важно случување, а тоа е финансиската помош на Ирска, која наспроти првичните одбивања за задолжување преку европскиот стабилизационен фонд (што подразбира зголемување на даноците и губењето на статусот на земја со најниски даноци во евро зоната), под притисок на речиси заглавениот домашен банкарски систем, беа принудини на склучување на договор за заем од 85 мрд евра. Приказната со Ирска ги смири финансиските пазари и посебно еврото, (првата реакција по QEII на 3ти ноември беше зголемување на вредноста на еврото од 1,40$ на 1,4270$, а потоа во сенка на ирскиот проблем, следеше пад до 1,29$ за евро) кое на 29 ноември се тргуваше за околу 1,3140$. Финансиските турбуленции во Португалија најверојатно ќе завршат со сличен аранжман како и Ирска, што ќе има дополнителен позитивен ефект врз евро-зоната. Меѓутоа, додека тоа не се случи и како реакцијата на одлуката на рејтинг агенцијата S&P за ставање
24
www.primeko.com.mk
Девизи и девизно работење дестабилизација во ЕУ. 3. Во претходните текстови ја напоменавме можноста за прогласување на Кина за валутен манипулатор. Меѓутоа поединечните национални економии, општо гледано, се наоѓаат во состојба на изнаоѓање решение за тековните перформанси на економските субјекти преку регулирање на вредноста на
националните валути. Ова може да доведе до нагласено негодување меѓу трговските партнери, непочитување на меѓународните правила и конечно до трговски војни. Во последната таква отворена трговска војна меѓу САД и Јапонија во средината на деведесетите, јенот ја зголеми својата вредност за 40% од 140 јени за долар на 102 јени. Овој пат на удар се очекува да бидат пред се земјите од BRIK.
REVIZIJA
Реклами во Економски Билтен Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.
EKONOMSKI BILTEN
Контакт: Наташа Илиевска тел. 02/2465-919 e-mail: natasha@primeko-revizija.com
26
ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ - Ревизорски извештаи - Сите видови финансиски извештаи - Семинари, обуки, советувања и конференции Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста * Тираж 1000 броја www.primeko.com.mk
Владин барометар
ВИРТУЕЛНА АБДИКАЦИЈА НА ВЛАДАТА: СУДБИНАТА НА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА Пишува проф. д-р Зоран Ивановски zoran.ivanovski@primekorevizija.com
В
о државата не стивнува дебатата околу надворешното задолжување на РМ, за капиталните инвестиции на Владата во културата, спомениците, лавовите......
Од една страна, добро е што конечно економските теми доаѓаат на прво место, од аспект на интересот на јавноста, што навистина досега изгледаше многу чудно, дотолку повеќе што живееме во земја, која има катастрофално висока стапка на невработеност и нуди низок животен стандрад. Причините за таквиот став се познати и се должат на “напорните” теми од партиските кујни и нивни бесконечни “препукувања”, на што обично се додаваат национализмот и националните права, кои од страна на политичарите се “засладувани” со безбедносни закани и други “црни сценарија”. Од друга страна, изгледа дека и во споменатите случаеви, политиката повторно го “одработува” своето и јавноста се наведува на погрешна насока. Така, во јавноста недостасува една отворена полемика околу (не) успешноста на економската политика, слабите резултати на претпријатијата од јавниот сектор и можноста да одговорат на потребите на еден динамичен развој. Во ова прилика нашиот фокус и иницијатива ќе биде на јавните претпријатија. Имено, јавното производство на стоки и услуги е нешто од што се „срамат и бегаат” најголемиот број на економисти. Тоа постои и најверојатно ќе се зголемува, што е всушност е многу тешко да се објасни. Некоја прифатлива економска теорија за јавниот сектор сеуште и не е објавена. Сепак, мора да се признае дека постои широко распространета перцепција помеѓу луѓето дека огромниот раст на јавните претпријатија не беше проследен со еднакво импресивни резултати и перформанси на таквите претријатија. Таквата перцепција влијае многу луѓе да веруваат дека јавните претпријатија и нивните менаџери се „по дифолт” неефикасни. www.primeko.com.mk
27
Финансиски менаџмент
ВРЕДНУВАЊЕ НА АКЦИИ
Пишува проф. д-р Зоран Ивановски zoran.ivanovski@primekorevizija.com
В
о претходните броеви на Економскиот Билтен прикажавме два примери на вреднување на компанијата Алкалоид АД Скопје, со примена на методите на релативно вреднување и вреднување со дисконтирани готовински текови. Од овој број започнува серијалот за вреднување на акции, со цел подлабоко да навлеземе во проблематиката на вреднувањето. Во овој број ќе биде даден пример на вреднување на акциите на истата компанија со методот на дисконтирање на дивиденди. Во наредните броеви постојано ќе вреднуваме акции на компании кои котираат на македонската берза.
ВРЕДНУВАЊЕ НА АКЦИИ Според законот на една цена, цената на хартијата од вредност треба да биде еднаква на сегашната вредност на очекуваните готовински текови кои инвеститорот ќе ги добие заради сопственоста врз хартијата од вредност. При вреднувањето на акциите ќе ја користиме таа идеа. Така, за да вреднуваме акција, потребно е да ги знаеме очекуваните парични текови кои инвеститорот ќе ги добие и соодветниот трошок на капитал, со кои ќе ги дисконтираме тие парични текови. Двете од овие големини се предмет на проценка. Анализа на вреднувањето ќе започне со идентификување на релевантните парични текови и развојот на алатки кои практичарите ги користат за евалуација на акциите. Анализата тргнува од разгледувањето на дивидендите и капиталните добивки кои ги примаат инвеститорите, кои ги чуваат акциите различни временски интервали, од што се развива модел на дисконтирање на дивиденди. Вреднувањето ќе продолжи со примена на методите кои се користат и во капиталното буџетирање, односно вреднување на акциите со методи на дисконтирани готовински текови, како и вреднување кое се базира на споредливи фирми (пазарно ориентирано вреднување). ЦЕНИ НА АКЦИИ, ПРИНОСИ И ИНВЕСТИЦИОНЕН ХОРИЗОНТ Анализа на вреднувањето на акции ја започнуваме со www.primeko.com.mk
29
Финансиски менаџмент
Дата на вреднување – 25.04.2010.
Компанијата оствари раст од 16% на приходите од продажби во 2009 година. Оперативната добивка е повисока за 3%, додека нето добивката бележи раст од 11%. Компанијата бележи и намалување на нето маргината која сега изнесува 10,22%. Книговодствената вредност по акција е зголемена за 8% и сега изнесува 4407 денари, при што повратот на капиталот е зголемен на 8,91%. Со дадените претпоставки за раст на EPS се добива фер вредност на акцијата од 5.000 денари. Во споредба со неколку клучни показатели, акцијата на Алкалоид е потценета во однос на просекот од индустријата.
INTERNATIONAL SCIENCE JOURNAL ✓ Согласно Уредбата за нормативи и стандарди за основање на високообразовни установи и за вршење на високобразовна дејност (Сл. Весник на РМ бр. 103, од 30.07.2010 година), во членовите 15, 16, 17 со кои се регулира организирање на трет циклус на универзитетски студии, се пропишува дека менторот на докторскиот труд треба да има најмалку пет објавени рецензирани научно-истражувачки трудови во меѓународни научни списанија, во дадено поле, во последните пет години и најмалку три учества на меѓународни собири во последните четири години. ✓ Високообразовната установа нема да дозволи одбрана на докторски труд на кандидат кој пред одбраната на докторскиот труд нема објавено два рецензирани научно-истражувачки труда како прв автор во меѓународни научни списанија. ✓ Меѓународно научно списание во смисла на оваа уредба е списание кое има меѓународен уредувачки одбор во кој учествуваат најмалку пет земји при што бројот на членови од една земја не може да надминува 40% од вкупниот број на членови. Во согласност со законските одредби, формиран е ПРИМЕКО – International Science Journal, со меѓународен издавачки совет во состав: проф. д-р Зоран Ивановски, проф. д-р Тилчо Иванов (Универзитет за национално и светско стопанство – Софија, Бугарија), проф. д-р Елена Кристина Лакатуш (Политехника, Букурешт, Романија), проф. д-р Хајнрих Бух (Бундесвер академија, Минхен, Германија), проф. д-р Масимо Бракале (Европски универзитет во Рим, Италија). Списанието е така структурирано да има две одделни едиции на оригинални научно-истражувачки текстови и студии. ✓ Првото издание е ЕКОНОМИЈА И ПРИМЕНЕТА ТЕХНОЛОГИЈА (ECONOMICS AND APPLIED TECHNOGY) со рок за доставување трудови до 02.01.2011, ✓ Второто издание е за МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, ПРАВО И БЕЗБЕДНОСТ (INTERNATIONAL RELATIONS, POLITICS, LAW AND SECURITY) со рок за доставување трудови до 02.01.2011. Списанието ќе биде издавано на англиски јазик и освен во печатена форма ќе биде достапно и електронски на сајтот на ПРИМЕКО (www.primeko.com.mk). Трошокот за објавување е 100 € + ДДВ и го плаќаат само оние кои ќе добијат известување дека трудовите им се прифатени, износ со кој се покриваат трошоците на рецензирањето, печатењето и дистрибуцијата на списанието.
32
www.primeko.com.mk
Интерна Ревизија
ПРИРАЧНИК ЗА ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА Пишува проф. д-р Зоран Ивановски zoran.ivanovski@primekorevizija.com
С
огласно измените на Законот за трговски друштва и новите членови од 415-а, б, в и г (Службен весник на РМ, бр. 47 од 09.04.2010 година), потсетуваме на обврската за организирање на служба за внатрешна ревизија, со точно детерминирани обврски и надлежности. Имено, органот на надзор на акционерското друштво кое е голем трговец, како и на друштво чии акции котираат на берза, односно друштво кое согласно со Законот за хартии од вредност е со посебни обврски за известување, е должен да организира служба за внатрешна ревизија, како независна организациска единица во друштвото. Организациската поставеност, правата, одговорностите и односите со другите организациски единици на друштвото, како и одговорноста и условите за назначување на раководителот на службата за внатрешна ревизија ги уредува органот на надзор. Во овој број на списанието Економски Билтен даваме скратен прирачник за Интерна ревизија. ПРИРАЧНИК ЗА ИНТЕРНА РЕВИЗИЈА Вовед Интерната ревизија ја обавуваат интерни ревизори, кои се вработенивосамотодруштво(претпријатие).Предметнаинтерната ревизија е примарно проверување и оценка на работењето, организираноста на деловните функции, начинот на донесување на деловни одлуки и функционирање на информацискиот систем. Заради тоа, менаџментот одлучува за организација на интерната ревизија како еден вид надзор на сметководствениот систем и системот на интерната контрола и врската со екстерната ревизија (било да е таа државна или комерцијална). Интерните ревизори ги доставуваат своите извештаи на усвојување на ниво на менаџмент. Предметот на интерната ревизија претставува хетерогена и сложена област, на која современата теорија и пракса од областа на интерната ревизија и посветила значајно внимание. Тоа не е нималку случајно кога се почитува фактот, дека, врз основа на резултатите добиени со спроведување на интерната ревизија www.primeko.com.mk
33
Интерна Ревизија Низок ризик
ефикасноста и квалитетот на работењето на организациониот дел-предметот на ревизија; –– Кога нема директна опасност за остварување –– Кога има забелешки, каде ризикот може да се на финансиска загуба за компанијата; оцени како лимитиран (или локализиран); –– Кога наодите не се сериозни, но нивното отстранување е значајно за подобрување на –– Доколку недостатоците не се отстранети за време на траење на ревизијата, очекуваме дека системот на интерна контрола, усогласеност ќе бидат отстранети во разумен период. со интерните барањата, безбедноста,
www.primeko.com.mk www.primeko-revizija.com www.primeko-audit.com and executive level)
46
www.primeko.com.mk
Берзански информации
Берзански информации
www.primeko.com.mk
47
REVIZIJA www.primeko-revizija.com Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијата Работиме според највисоките професионални и етички стандарди Приклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.com e-mail Address: promocija Password: primeko
REVIZIJA www.primeko-revizija.com IZDANIJA Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијата НАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО Работиме според највисоките професионални и етички стандардиИЗДАНИЈА 1. Прирачник известување Приклучи се и ти на големото семејство кориснициза нафинансиско нашите услуги за мали и средни ентитети
Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.com - Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ e-mail Address: promocija Password: primeko 2. Финансиски менаџмент
- Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ
REVIZIJA www.primeko-revizija.com Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијата Работиме според највисоките професионални и етички стандарди ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50% Приклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%
48
Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.com ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50% e-mail Address: promocija Password: primeko
Економија на јавен сектор
Цели и функции на економијата на јавен сектор Пишува м-р Надица Ивановска
С
писанието Економски Билтен отвара серијал на текстови посветени на Економијата на јавниот сектор и Политиката и менаџментот на јавните претпријатија. Основната цел е имплементација на современите сознанија во економската област и нивна примена во секторот за кој одговорност носи државата. Современите економии можат да се оценат како успешни единствено како конзистентен спој на динамичен бизнис сектор и ефикасен јавен сектор. Цели и функции на економијата на јавен сектор Економијата на јавен сектор ги инволвира елементите на економската логика и економските методи во организацијата и функционирањето на јавниот сектор (државната администрација, јавните претпријатија, агенции, служби и др.). Како и во другите области на економиката, се испитуваат четирите основни проблеми на економиката: 5) алокативната ефикасност на ресурсите, суштествено прашање за една национална економија, како и за глобалната економија; 6) дистрибуцијата, која секогаш е актуелна кога се анализираат импликациите на материјалните средства врз работењето на јавниот сектор. Поради фактот што сите решенија зависат од финансиите, дистрибуцијата е во тесна врска со алокативните прашања; 7) стабилноста, која е важна да се сочува и да не дојде до промена на рамнотежата помеѓу секторите во една национална економија; 8) политиката на цени, нивниот тренд како и одржувањето на рамнотежата, која може да биде пореметена од јавните расходи. Особено интересно поле на економијата на јавниот сектор е анализата на влијанието на јавните расходи врз економскиот развој, влијанието на развојот на јавниот сектор врз развојот на националните економии и сл. Интересот за економијата на јавниот сектор се јавува после
50
www.primeko.com.mk
Економија на јавен сектор да реагира на секојдневните пазарни сигнали и современата економска димензија во сферата на нивно делување, воведување на најдобрите промени. практики од комерцијалниот сектор и целосно Постојат повеќе причини за таквиот неуспех елиминирање на нивниот фетишизиран статус на на државата. Едната е немањето на мотив заштитен привилегиран сектор. Од друга страна, на бирократот да преземе некоја економска намалувањето на процентуалното учество на акција. Втората е можеби незнаењето. Сепак и јавниот сектор во националните економии, како самиот политички процес претставува еден вид резултат на особено интензивните и масивните на ограничување за успешноста на државата процеси на приватизација на јавниот сектор, во економијата. Имено, оние што се избрани го генерираат предизвикот за пронаоѓање и (некои по “клуч”, други со непотизам, трети унапредување на ефикасноста на работењето заради “заслугите” како партиски послушници- на “преостанатиот” дел на јавниот сектор. апаратчики) и што треба да служат во јавен Ограниченоста на ресурсите во националната интерес, понекогаш се поттикнати од различни економија, особено на намалените буџети со причини да служат за специјални интересни кои се финансира јавниот сектор, ја наметнуваат потребата од изнаоѓање на соодветни системи групи. на менаџмент со јавниот сектор и јавните Државата треба да има изработена и усвоена претпријатија, поефикасна и порационална стратегија за економски развој, особено употреба на средствата и државниот капитал, на во делот на функционирањето на јавниот економиката на трошоците на јавниот сектор и сектор, со јасно детерминирани приоритети намалување на ризикот од кумулирање на загуби и и инструменти за нивна реализација. намалување на јавното богатство. Намалувањето Економската политика на државата треба на јавниот сектор, исто така, влијае на фискалниот да се базира на објективните потреби и систем, развојот, дефицитот, билансот на можности на земјата, а не да биде резултат на плаќањата и каматните стапки, а од друга страна, политичката рамнотежа и констелациите на државата мора да оствари оптимален сооднос и соодветна композиција силите во земјата. помеѓу приватниот Големината и и јавниот сектор значењето на јавниот во националната сектор ја наметнуваат економија. потребата за интензивно инволвирање на
Генерален дистрибутер на производите на: Procter & Gamble KRAFT FOODS ТД НЕЛТ СТ ДООЕЛ Ул. 32 бр. 20, 1041 Илинден, Скопје Тел. +389 (0)2 2581 900 Факс. +389 (0)2 2581 999
SC Johnson SSL JAFFA Crvenka Dr. Oetker Neoplanta Novi Sad
Магацин Битола: Индустриски пат бб (Јавор репроматеријали), 7000 Битола Тел. +389 (0)47 224 622 Факс. +389 (0)47 202 685
BAMBI
52
www.primeko.com.mk
Финансиски пазари и институции
РЕПО ДОГОВОРИ Пишува проф. д-р Зоран Ивановски zoran.ivanovski@primekorevizija.com
Р
епо-пазарот е значаен сегмент на пазарите на пари, којшто овозможува поевтино и посигурно позајмување на финансиски средства од страна на банките и другите финансиски институции во споредба со необезбеденото (неколатерализираното) тргување. Репо-трансакциите претставуваат и флексибилен инструмент за ликвидносно управување, којшто овозможува ниска изложеност кон кредитен ризик. Со оглед на предностите на репото во однос на необезбеденото позајмување и позајмувањето со залог, репо-операцииите имаат сѐ позначајна улога и при спроведувањето на монетарните операции од страна на централните банки. Во таа смисла, НБРМ активно учествуваше во поставувањето правила за тргување и порамнување на пазарите преку шалтер и во изготвувањето генерален реподоговор, како клучни елементи за развој на репо-пазарите. И покрај воспоставената регулаторна и инфраструктурна рамка, репо-трансакциите отсуствуваат во меѓубанкарското тргување во Р. Македонија, при што банките наведуваат неколку причини за ваквата состојба, коишто се разработени во рамки на овој текст. Дополнително, во текстот е даден осврт на основните карактеристики на репото, најновите трендови на репо-пазарите во развиените економии и на крајот, е обработен практичен пример за склучување и сметководствено евидентирање репотрансакции. 2. Теоретски аспекти на репо-трансакциите Репото претставува договор за моментна (промптна) продажба на хартии од вредност со обврска за нивно повторно купување, или пак договор за моментно (промптно) купување хартии од вредност со обврска за нивна повторна продажба на некој иден датум по однапред договорена цена. Значи станува збор за две трансакции во пакет. Кај првата трансакција едната договорна страна продава хартии од вредност по утврдена цена на другата договорна страна за што добива одреден износ на парични средства на кои плаќа договорена репокамата. По истекот на договорениот рок, се извршува втората www.primeko.com.mk
53
Наслов или обврски, т.е. доаѓа само до трансформација на средствата од паричен облик во заеми по реподоговори. Финансиската состојба на договорната страна-купувач може да се илустрира на следниов начин: Пред склучување на репо-трансакцијата
По склучување на репо-трансакцијата
USLUGI Реклами во Економски Билтен Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.
EKONOMSKI BILTEN
Контакт: Наташа Илиевска тел. 02/2465-919 e-mail: natasha@primeko-revizija.com
-
ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ - Ревизорски извештаи - Сите видови финансиски извештаи - Семинари, обуки, советувања и конференции Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста * Тираж 1000 броја www.primeko.com.mk
61
REVIZIJA www.primeko-revizija.com Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијата Работиме според највисоките професионални и етички стандарди Приклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.com e-mail Address: promocija Password: primeko
REVIZIJA www.primeko-revizija.com Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијата Работиме според највисоките професионални и етички стандарди Приклучи се и ти на големото семејство корисници на нашите услуги Промотивна шифра за пристап на www.primeko-revizija.com e-mail Address: promocija Password: primeko
REVIZIJA www.primeko-revizija.com Обезбедуваме високо ниво на професионални услуги од областа на ревизијата Работиме според највисоките професионални и етички стандарди Бизнис Центар АДИНГ Ул. Кузман Бр. 5, Приклучи се иШапкарев ти на големото семејство корисници на нашите услуги www.tehno-cist.com.mk
Заедно со Вас
Тел./Факс.: +389 9 203 1424
e-mail: tehno-cist@t-home.mk Тел./Факс.: ++389 2 203 5170, 5149 Промотивна шифра за203 пристап на www.primeko-revizija.com e-mail: info@bc-a.com.mk | www.bc-a.com.mk e-mail Address: promocija Password: primeko
Трговско право
ВЛОЖУВАЊЕ НА НЕРЕЗИДЕНТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Пишува проф. д-р Зоран Ивановски zoran.ivanovski@primekorevizija.com
Р
ечиси да нема ден кога состојбата во економијата не се оценува и поврзува со движењето на странските директни инвестиции. Нема сомнение дека станува збор за исклучително важен аспект на макро и микроекономската економска политика, особено (како што е случајот со Република Македонија) кога земјата располага со недоволно ниво на домашна акумулација за финансирање на инвестициони проекти. Без инвестиции нема развој, без развој нема бизнис и нови работни места. Така започнува всушност и да се одмотува зачараниот круг на сиромаштијата и високата стапка на вработеност. Странските директни инвестиции претставуваат форма на меѓународно движење на капитал, преку кое се рефлектира целта за остварување на долгорочен интерес помеѓу директниот инвеститор (резидент од една економија) и директно инвестираното претпријатие (резидент на друга економија). Странските директни инвестиции, покрај иницијалната трансакција на вложување, во себе ги инкорпорираат и сите последователни инвестирања помеѓу нив и нивните афилијации. Долгорочниот интерес може да биде присуство на странскиот инвеститор во форма на стратешки или финансиски инвеститор, од што зависи и управувањето со друштвото во кое го вложил капиталот. Целта на анализата е да се појасни целокупниот процес на вложување на странскиот инвеститор во ново или постоечко друштво. Кој може да основа друштво? Друштво може да основаат домашни и странски физички или правни лица. Учеството на странско лице во новоосновано и во постојано друштво не е ограничено, освен ако со закон не е определено. Имотот создаден со вложување во трговското друштво се изразува со пари и ја представува основната главнина на друштвото. Услови под кои странско лице може да биде основач на друштвото, акционер односно содружник Согласно член 30 од Законот за трговски друштва, содружник, www.primeko.com.mk
63
www.primeko.com.mk www.primeko-revizija.com www.primeko-audit.com and executive level)
66
www.primeko.com.mk
National
National restaurant Offers you all kinds of specialities of the national food
ТОП-ТУРС д.о.о.е.л. - Скопје Транспортна фирма која врши превоз на стоки во меѓународниот друмски сообраќај веќе 15 години. Контакт Адреса: Ул „Скоевска” Бр. 10а 1000 Скопје Тел/Факс: 02/2461205 Блаже: 070 221 478 Виктор: 070 270 098 e-mail: skopje@topturs.cz
Ресторан Национал Александрија А - ДООЕЛ Скопје Ул. Никола Русински 3А 1/1 1000 Скопје Р. Македонија Тел: ++389 2 3214 200 ++389 2 3214 400 ++ 389 2 3214 500 Факс: ++389 2 02 3214 200 e-mail: restorannacional@mt.net.mk
Alkoplast 03
АЛКОПЛАСТ 03
Ул. Киро Фетак бр. 20, Населба Драчево 1000 Скопје Тел: 02/2796 934, Факс: 02/2796 934, Моб: 075/423 873, 075/423 874 e-mail: alkoplast03@hotmail.com web: www.alkoplast03.com.mk
RESTORAN GURMET
Ресторан ГУРМЕТ Раде Кончар бр.3 1000 Скопје Работно време: 09:00 - 24:00/ 09:00 - 01:00 e-mail: gurmet@restorani.com.mk www.gurmet.restorani.com.mk Тел: +389 2 3211 484