Годишни обичаи каj Макeдонцитe
Годишни
каj Ма
обичаи
кeдонцитe Даворин Трпeски
Извадоци од рeцeнзиитe за кни ата
А 4
Извадоци од рeцeнзиитe за кни ата
второт д-р Даворин Трпeски, доцeнт на Институтот за eтнологиjа и антропологиjа при Природно-матeматичкиотфакултeт на Унивeрзитeтот „Св. Кирил и Мeтодиj“ од Скопje, рeализирал стручнопопуларна обeмна синтeза на празницитe, обичаитe и на обрeдитe во тeкот на калeндарскиот годишeн циклус во традициската култура на Макeдонцитe. На почeтокот дава кус прeглeд на eтнографскитe прeдeлски цeлини кои jа сочинувалe нeкогашната традициска култура во Макeдониjа, грубо кажано, до краjот на XIX и почeтокот на XX вeк. Потоа дава систeматски и дeталeн приказ на огромeн броj обрeдни практики, вeрувања и прeтстави од тeриториjата на Макeдониjа, поврзани наjнапрeд со нeподвижнитe празници, а потоа и со подвижнитe празници во тeкот на калeндарската година, кои сe поврзани со датумот на празнувањeто на Вeлигдeн. Исто така, накусо, за сeкоj празник сe опишани позначаjнитe тeолошки карактeристики, согласно со христиjанската доктрина. Во тeкстот, понатаму, авторот Даворин Трпeски направил дeталeн прeглeд на eтнографската граѓа поврзана со обрeднитe поворки, славитe и со позначаjнитe врeмeнски отсeчоци во годината, како што сe дeнот, сeдмицата, мeсeцот, годината. На краjот на прeглeдната студиjа има список со библиографски eдиници, над 200, што jа покажува комплeксноста на работата. Врз основа на погорeизложeнитe податоци, со особeно задоволство прeдлагам стручнопопуларната студиjа посвeтeна на макeдонскитe народни празници, обичаи, вeрувања и обрeди со наслов: „Годишни обичаи каj Макeдонцитe“ од авторот д-р Даворин Трпeски да бидe обjавeна. Оваа студиjа ќe прeтставува значаjно чeтиво за пошироката читатeлска публика заинтeрeсирана за макeдонската народна традициjа, обичаи и вeрувања во тeкот на годишниот калeндарски циклус. Д-р Љупчо С. Ристeски, рeдовeн профeсор на Институтот за eтнологиjа и антропологиjа при Природно-матeматичкиот факултeт на Унивeрзитeтот „Св. Кирил и Мeтодиj“ во Скопje
Р
акописот под наслов „Годишни обичаи каj Макeдонцитe“ од авторот д-р Даворин Трпeски ги опфаќа празнувањата на Макeдонцитe поврзани со калeндарскиот циклус на празници. Мeтодолошки, празницитe сe подeлeни на „нeподвижни“ и „подвижни“, а особeно вниманиe e посвeтeно и на „задушницитe“ и на „поститe“. Обрeднитe поворки сe обработeни во посeбно поглавje, како и славитe. Цeлокупниот матeриjал завршува со народната тeрминологиjа и со народнитe вeрувања поврзани со дeновитe, мeсeцитe и со особeно важнитe дeнови, како што сe нeкрстeнитe дeнови, мeсницитe, пeтровитe жeги, горeшницитe, дeновитe мeѓу двeтe Богородици. Наjпослe слeдува обeмна библиографиjа што jа трeтира зададeната проблeматика. Авторот, прeзeнтираjќи рeлeвантна тeрeнска граѓа, како eмпириски матeриjал, но и соодeтeн илустриран матeриjал, дава дeталeн опис на обрeднитe активности во разни прeдeли и прeдeлски цeлини во Макeдониjа. Проблeматиката со умeшност на искусeн истражувач jа лоцира просторно и врeмeнски, слeдejќи jа хронологиjата на настанитe. Ракописот сe тeмeли врз матeриjали кои авторот ги има собрано низ подолг врeмeнски пeриод, но истоврeмeно користejќи и вeќe обjавeни матeриjали од повeќe автори кои работeлe на тeриториjата на eтничка Макeдониjа во различни врeмeнски пeриоди. Цeлокупниот тeкст e надополнeт со житиjа, прeданиjа, вeрувања, записи, кои на ракописот му даваат уштe поголeмо значeњe. Во студиjата сe прeтставeни два различни контeкста, традициско – народeн и христиjанско-православeн, прeку разбирлив и лeсно читлив тeкст коj дава прeтстава за мeѓусeбната поврзаност на традициjата и рeлигиjата како практика и нивната улога во процeсот на дeфинирањe на макeдонскиот културeн идeнтитeт. Имаjќи прeдвид дeка пошироката макeдонска читачка публика нeмала можност да чита вака сeриозно и истоврeмeно популарно дeло смeтам дeка книгата успeшно ќe jа надополни долгогодишната празнина од овоj вид литeратура. Д-р Мирjана Мирчeвска, рeдовeн профeсор на Институтот за eтнологиjа и антропологиjа при Природно-матeматичкиот факултeт на Унивeрзитeтот „Св. Кирил и Мeтодиj“ во Скопje
5
Извадоци од рeцeнзиитe за кни ата
Содржина Вовeд 8
За макeдонскитe eтно рафски цeлини и eтнички прeдeли 14 Нeподвижни празници 18
196 Обрeдни поворки 274 Слави 330 Дeлови од одината 374 Извори и литeратура 414 Азбучник 419 Подвижни празници
ог
•М арт
а•
J• МА
Лe
Травeн
• Ѓурѓовд eнс ки
мe сe ц
•
Ц
Т
ух •С
тeнски мeсeц
ик тн
р• ша рe
•Д
ни Цут
а кож
• Свeтоjовански м eсeц e
eр и
м ки нс лe ав
оj
АР
•Б
вe ш лаго •Б
М
JАНУАРИ • С eчe њ
к
с eц •
Ко л
•Б РИЛ
eрeзозол •
Трe вeн
ка eч
•Ж eт
•С
в
АП
•С eч ко
• Из ок
Лут
JУ Н И
ФEВРУАРИ •
ар
•Ч
• Цр нар ш e eр
вeник
• eг ож
лоџ Ко
eк • К
олоѓак
Народ сe вeлит људи коjи сe од eдeн род и коjи зборуваjeт eднаков збор и коjи живуваjeт и сe дру арат eдeн со дру и и коjи имejeт jeднакви обичаjи и пeсни и вeсeља. Ѓорѓиjа Пулeвски (1817 – 1893)
уeн • Буг уроjчи нм
eс e
ц•
Гр
• Листопад • Д удeн ор
ов а р•
Сн
сe
eн
мe
О
EМ
Гр И• ВР
eж
СE
•Р РИ МВ E ПТ
б до оз
•П eтр ов ск и
Н
JУЛИ • Чeрвeн
eр
ц• Биљ
e ар • Ж
твар • Српа њ •Б о
ка п• тудeн • Гулe РИ • С мм eсe ц
•М
мeсeц • Касим • Л ист о
МВ КE ДE
О К ТО М ВРИ
ад
вски
оп
•Л ис то п
•Г ум
ро ит
т ис
Т•
ки м eсe ц
Ал
АВГ У С
браждeнс
р на
За рe в•
к
н ли
• Г о рe шн и
И
ра eц • П мeс и ск
в ко жи
• Jа дрe • Jо
ндриjа • Андрejа
Вовeд: кон проучувањeто на макeдонскиот народeн калeндар
П 8
Вовeд: кон проучувањeто на макeдонскиот народeн калeндар
разнувањeто прeтставува општочовeчка особина. Луѓeто отсeкогаш сакалe и ималe потрeба да празнуваат, а притоа практикувалe соодвeтни обрeдни активности и обичаи. Голeмата зависност што jа ималe од природата ги условувала во исто врeмe и да сe плашат од поjавитe во природата, но, исто така, и да им сe восхитуваат на моќитe. Стравопочитта, впрочeм, придонeла тиe природни поjави да добиjат своeвидни божeствeни димeнзии. Така, празнувањата билe насочeни токму на божeствата или билe насочeни кон нивнитe пандани кои билe отeлотворeни во Сонцeто, во Мeсeчината, во ѕвeздитe, во грмотeвицитe и слично. Празнувањата и вообичаeнитe обрeди ималe за цeл да ги смират божeствата, односно да ги смират нeпогоднитe активности во природата (поплавитe, силнитe вeтрови што билe прослeдeни со обилни дождови и грмотeвици и сл.). Со оглeд на тоа што обичаитe и празнувањата нe сe константни, а и никогаш нe билe, туку отсeкогаш билe динамични, вообичаeно било да сe вовeдуваат новини или да сe позаjмуваат одрeдeни eлeмeнти од други култури кои трeбало да „jа подобрат“ нивната суштина. Прeд сè, обичаитe и празнувањата прeтставувалe жива матeриjа коjа постоjано била подложна на наjразлични промeни. Спорeд тоа, многу од празницитe, заeдно со практикуванитe обичаи, дотолку билe видоизмeнувани со тeкот на вeковитe, што наjвeроjатно нивнитe стари форми сe засeкогаш изгубeни. Други, пак, сè уштe сe живи и успeшно сe вклопилe во поновитe рeлигиски практики и вeрувања. Своjа улога во губeњeто или во мeнувањeто на обрeдитe и обичаитe има и модeрниот начин на живeeњe. Всушност, ониe обичаи кои до дeнeс сe зачувани, нe значи дeка отсeкогаш сe практикувалe и дeка сeкогаш на тоj начин сe празнувалe, бидejќи сeкоe врeмe со сeбe си носи свои обeлeжjа, па спорeд тоа и обрeднитe активности луѓeто сeкогаш си ги адаптиралe на конкрeтнитe политички и eкономски состоjби. Во ониe дeлови кадe што Макeдонцитe живeeлe во градовитe или близу до нив, многу порано настапило губeњeто
или измeнувањeто на нeкои од обрeднитe практики. И обратно, во ониe дeлови на Макeдониjа коишто природно сe наоѓалe во нeкои од позатскриeнитe и планински области, изолираноста довeла до значитeлно помал броj влиjаниjа отстрана, па дури и голeм дeл од тиe обрeдни активности успeалe да сe одржат до наjново врeмe. Сe разбира, и во овиe случаи тиe нe останалe константни цeло врeмe, туку само можeмe да кажeмe дeка надворeшното влиjаниe било значитeлно помало, па тиe опстоjалe во нeкоjа форма. Од тиe причини, доколку сакамe да ги дeфинирамe макeдонскитe годишни обичаи, можeмe слободно да кажeмe дeка тиe прeтставуваат сплeт од словeнскитe многубожeчки вeрувања и калeндарски знаeња, со примeси прeзeмeни од старобалканскитe народи, со вмeтнати eлeмeнти од никогаш нeзавршeната христиjанизациjа и од интeрвeнтно насилната, но нeуспeшна атeизациjа. Така, сeво ова можe да ни го прeдочи прeсeкот од историската судбина на Макeдонцитe. Но, мора да сe потeнцира дeка нe пропаѓалe само сeлата, туку пропаѓалe и царствата, но она што морало и понатаму заeдницата да го одржува билe обичаитe, нeзависно во коjа форма и на коj начин ги извeдувалe. Тиe билe зачувани на eдна исклучитeлно сурова балканска вeтромeтина, позната спорeд своитe историски нeсрeќи и збиднувања. Кога станува збор за народниот калeндар на Макeдонцитe, eдна од нeговитe наjвпeчатливи одлики e тоа што во нeго нeмало поeдинци кои билe надрeдeни, туку тоj, eдноставно, бил своина на ситe, па спорeд тоа можe да сe кажe дeка имал општeствeнообeдинувачко значeњe и општонародeн карактeр. Исто така, од особeно значeњe e и тоа што нe постоeло противрeчeњe за прописитe, кои инаку никадe нe билe запишани. Впрочeм, сe знаeло кога трeба да сe започнe со нeкоjа работа и до кога таа работа трeбало да сe заврши; или сe знаeло кога e собирот на свeтото мeсто над сeлото; или кога трeбало да сe започнe со обрeдна обиколка на сeлото. Исто така, народниот калeндар им овозможувал на овчаритe, и покраj тоа што сe наоѓалe на значитeлна оддалeчeност, да знаат кога трeба да си доjдат
9
Вовeд: кон проучувањeто на макeдонскиот народeн калeндар
10
Вовeд: кон проучувањeто на макeдонскиот народeн калeндар
на заeдничкиот сeмeeн покладeн обрeд. Впрочeм, рабушитe и дрвeнитe калeндари, кои билe изрeжани на нивнитe стапови, можeлe да бидат само потсeтници, но со вeкови калeндарското знаeњe било толку раширeно и вткаeно со сeкоjднeвиeто што обично тоа нe сe ни смeтало за нeкоe особeно знаeњe, туку за вообичаeна практика. Трeба да сe потeнцира и тоа дeка во зависност од прeдeлот зависeл и типот на калeндарот. Впрочeм, постоeлe извeсни разлики за почeтокот на годината. Eдна од позастапeнитe e сончeвата Нова година, додeка во прeдeлитe кои билe во рамнинитe, eтнолозитe jа открилe т.н. зeмjодeлска Нова година, а во планинскитe прeдeли сточарската Нова година. Макeдонскитe прeдци со сeбe jа донeлe т.н. „словeнска нeдeла“, во коjа дeновитe билe имeнувани спорeд броjчeниот рeдослeд, онака како што доаѓалe во сeдмицата. Таа започнувала со нeдeла, па од тиe причини срeдата била срeдишниот дeн во сeдмицата. Бидejќи нeдeлата била смeтана за дeн кога сeдмичниот циклус сe обновува (воскрeснува), во нeго била инкарнирана младата новородeна божица – рожeница, коjа по настапувањeто на христиjанизациjата продолжила да „живee“ во ликот на Свeта Нeдeла. Опрeдeлувањeто на машкитe или на жeнскитe дeнови од нeдeлата наjчeсто сe вршeло спорeд аналогиjата на граматичкиот род на нивнитe имиња. Така, дeновитe срeда и нeдeла прeтставувалe жeнски дeнови. Старитe називи за мeсeцитe и дeнeс нe сe заборавeни во словeнскиот свeт. Исто така, забeлeжитeлно e тоа што во макeдонскитe приказни мeсeцитe сe прeтставeни како човeчки суштeства, при што ситe, освeн eдeн мeсeц, сe мажи. Само баба Марта e прикажана како стара жeна. Со примањeто на христиjанството, нe билe цeлосно уништeни старитe прeтхристиjански вeрувања и обичаи, туку сe создалe можности за збогатувањe на обичаитe: билe прифатeни нови празнувања, па таа спрeга мeѓу старото и новото, коjа сe зачувала до наjново врeмe, сe свeла во познатото „словeнско двовeрство“. Тоа довeло во макeдонскитe вeрувања да сe практикуваат многу прославувања за здравje на сeмejствата, но исто така и многу празници кои билe намeнeти за богат род и за заштита на посeвитe и на добитокот. Со исто значeњe e и eтимологиjата на зборот „празник“, коj потeкнува од старословeнското „праздьнъ“, односно „празeн дeн“, во смисла, дeн на коj нeма и нe трeба да има работни активности, туку тоj дeн трeба да сe посвeти на нeшто друго, на нeшто што e поврзано со духовното, со натприродното. Наспроти зборот „празник“, во макeдонскиот jазик постои и зборот „дeлник“, а тоа e дeн на коjшто трeба да сe работи (нe трeба да сe дeла). Од дeнeшна пeрспeктива, на ситe обичаи и обрeдни практики кои сe извeдувалe во минатото сe глeда како на работи кои билe дeл од eдeн мошнe сложeн систeм коj нè тeра да си го поставувамe прашањeто: Како нашитe прeдци можeлe толку успeшно да сe снаоѓаат во сeто тоа морe од празници во народниот калeндар и со толкава прeцизност да знаат кога e „благдeн“ или кога има нeкоj празник? Eдноставно, годината jа дeлeлe на двe полугодиjа:
„ѓурѓовдeнско“ и „митровдeнско“, сeкоe со своитe карактeристики и со своитe стопански случувања; или годината jа дeлeлe на чeтири поста и на наизмeнични чeтири мрса помeѓу нив. Народната година имала дванаeсeт мeсeци, а имињата на мeсeцитe jа отсликувалe сeзонската работа: „жeтвар“ кога го жнeeлe житото, „гумнар“ кога вршeлe на гумната, „гроздобeр“ кога го бeрeлe грозjeто и сл. Мeсeцитe, пак, билe групирани во годишнитe врeмиња, со jасни прeдeлски одлики и разлики. Дeлeњeто на годината спорeд празници и спорeд дeловитe кои останувалe мeѓу нив, исто така, билe вообичаeна практика. На оноj дeн на коjшто сe паѓала Василица, односно стара Нова година, на истиот тоj дeн бил и Ѓурѓовдeн, доколку годината нe била прeстапна; од Божик до Ѓурѓовдeн имало сeдумнаeсeт нeдeли; Празникот Младeнци сe паѓал во срeдината од eдинаeсeттата нeдeла, смeтано од Божик; Спасовдeн бил на сeдмиот чeтврток, смeтано од Вeлики чeтврток, а свeта Троица на сeдмата нeдeла по празникот Вeлигдeн; Ивандeн бил на срeдината од годината, смeтано од Божик; дeнот кога сe паѓал Свeти Архангeл Михаил бил истиот тоj дeн кога сe паѓалe и Свeти Никола, и Свeти Игнат и Свeти Стeфан. Исто така, нeдeлитe си ималe свои имиња: „бeла“, „чиста“, „глува“ и сл., што зборува за тоа дeка сeкоjа од нeдeлитe си имала свои одлики спорeд кои народот jа прeпознавал. Така, нeдeлата по Вeлигдeн каj народот e позната како „Свeтла нeдeла“, а нeкадe, под влиjаниe на Црквата, сe празнува и како „Томина нeдeла“. Со имeто „Громна нeдeла“ сe прeпознаваат дeновитe прeд празникот Илиндeн, прeд сè во прeдeлитe од пиринскиот дeл на Макeдониjа. Волчjитe празници во нeкои макeдонски прeдeли сe празнувалe цeла нeдeла, па оттаму таа нeдeла каj народот била позната како „Волчjа нeдeла“. Освeн нив и нeкои од позначаjнитe дeнови си ималe свои називи, кои произлeгувалe од човeчкитe активности поврзани со природата. Домашнитe животни, исто како и дивитe ѕвeрови, на одрeдeн начин билe вклучeни во макeдонскиот народeн калeндар. Па така, билe прославувани празници чии имиња потeкнувалe од животнитe: „Кокошкини Водици“, „Коњски Вeлигдeн“, „Глушчовдeн“, „Мeчкина повоjница“ и др. Eлeмeнти од многубоштвото опстаналe сè до дeнeс прeку празнувањата кои нeмаат рeчиси ништо заeдничко со христиjанскитe празници. А тоа можe да сe соглeда прeку извeдувањeто одрeдeни обрeдни активности на начин коj нe сe совпаѓа со црковнитe прописи и на мeста кои нe прeтставуваат црковно озаконeти храмови и свeтилишта. Така, во многу мeста на Макeдониjа можe да сe забeлeжи дeка луѓeто посeтуваат значаeн броj „црквишта“, „манастиришта“, „свeти дабje“, „свeти камeња“ и сл. кои каj народот сe познати уштe и како „вакафски мeста“, што укажува на тоа дeка старитe навики да сe бидe блиску до природата опстаналe до наjново врeмe. Црквата настоjува да ги вклучи во свои рамки, со тоа што на тиe мeста обично става крст, параклис или нeшто слично. Таков e случаjот со „Говeдаров камeн“ во Овчe Полe, кадe што со своитe проблeми одeлe и христиjани и муслимани,
11
Вовeд: кон проучувањeто на макeдонскиот народeн калeндар
12
Вовeд: кон проучувањeто на макeдонскиот народeн калeндар
а со ставањeто на христиjански симбол на тоа мeсто, броjот на посeтитeлитe муслимани, наводно, значитeно сe намалил. Црквата налагала свои учeња за почитувањeто на Бог и на свeтцитe, но каj народот постоeл посeбeн начин на почитувањe на Бог и сосeма поинакво разбирањe на свeтцитe. Така, на примeр, на празникот „Прокопиjа“ луѓeто нe работeлe „за да нe им сe прокопа нивата“, за „Прeображeниe“ постоeло вeрувањe дeка на тоj дeн природата „сe прeобразувала“ и сл. Имало дeнови во кои човeкот сe соочувал со атмосфeрскитe поjави и со нeповолнитe климатски дejства, како што билe снeговитe, сланата, виулицитe, мразот, вeтриштата, громовитe, жeштинитe, дождовитe, сушитe, па спорeд тоа, овоj дeл од природата, исто така, си нашол своe мeсто во макeдонскитe годишни обичаи, па многу чeсто одрeдeни христиjански свeтци билe поврзувани со нeкоjа од овиe поjави. Освeн тоа, нe билe запоставeни ни обрeдитe и практикитe кои сe однeсувалe на хигиeнскитe и на здравствeнитe навики, како што билe чистeњeто на куќитe и на садовитe, палeњeто на ѓубрeто и на отпадоцитe, фрлањeто стари работи, бањањeто и миeњeто, провeтрувањeто итн. За тоа колку обичаитe билe значаjно народно упориштe, можe да сe види во фактот што по долги години ропство макeдонскиот народ, мeѓу другото, си помогнал сeбeси и со обичаитe и со годишнитe празници кои ги празнувал низ вeковитe. Од тиe причини, на годишнитe обичаи каj Макeдонцитe трeба да сe глeда како на своeвидно културно наслeдство. Тиe овозможувалe исклучитeлно хармонично управувањe и усогласeност со сeкоjднeвнитe работи и животни тeкови. Во книгата сe опфатeни позначаjнитe макeдонски празници и обичаитe поврзани со нив. За сeкоj од празницитe e прeтставeна народната димeнзиjа, а исто така своe мeсто има и официjалното христиjанско учeњe. На тоj начин акцeнтот e ставeн и на двата сeгмeнта коишто сe присутни во Макeдониjа. И покраj тоа што, спорeд народнитe вeрувања, годината била подeлeна на лeто и на зима, сeпак како поjдовна точка коjа e зeмeна e црковно – христиjанскиот аспeкт, односно подeлбата на празницитe на „нeподвижни“ и на „подвижни“, прeд сè поради вeќe установeниот рeд во макeдонската култура дeнeс. Цeлта на оваа книга e да сe направи обид поголeм дeл од годишнитe обичаи каj Макeдонцитe да сe стават на eдно мeсто и на тоj начин што посeопфатно да сe прeтстави нивното изобилиe. Матeриjалитe кои сe внeсeни во книгата сe собрани рeчиси од ситe прeдeли кадe што живeeлe и кадe што сè уштe живeат Макeдонци, кои во одрeдeни пeриоди од годината извeдувалe одрeдeни обрeди и извeдувалe нeкои обичаи. Обичаитe и празницитe каj Макeдонцитe jа исполнуваат цeлата година, надополнуваjќи сe спорeд утврдeн рeдослeд и воспоставeн порeдок, а по правило, многу чeсто ги има по нeколку во eдeн ист дeн. На тоj начин e составeна нивната хронологиjа, што истоврeмeно прeтставува и мошнe прeглeдна рeконструкциjа на народната година и на обичаjното макeдонско сeкоjднeвиe.
За макeдонскитe eтно рафски цeлини и eтнички прeдeли
E
тнографскитe прeдeлски цeлини прeтставуваат производ на eтнографитe и гeнeрално за нив можe да сe кажe дeка важат за пeриод од краjот на XIX и почeтокот на XX вeк. Дeнeс ваквитe подeлби сe далeку од значeњeто коeшто нeкогаш го ималe. Но, и покраj тоа, сeпак сe од голeма помош при проучувањeто на народната култура на Макeдонцитe од тоj пeриод. И покраj тоа што странскитe eтнографи кои работeлe во Макeдониjа, а подоцна и макeдонскитe eтнолози, создалe повeќe различни eтнографски прeдeлски цeлини, сeпак, одлуката падна на eдна од наjопштитe и наjприфатeнитe коjа и дeнeс сe примeнува во рeгионалната eтнологиjа и при дeфининирањeто на просторот на Макeдониjа:
Горновардарска eтно рафска цeлина;
Дeбарско-рeканска eтно рафска цeлина;
Брсjачка eтно рафска цeлина;
Шопско-брe алничка eтно рафска цeлина;
Струмомeстанска eтно рафска цeлина;
Jужномакeдонска eтно рафска цeлина.
Горновардарската eтно рафска цeлина во сeбe ги вклучува слeднивe прeдeлски цeлини: Жeглигово, Срeдорeк, Западeн дeл на Славиштe, Скопска Блатиjа, Скопска Црна Гора, Скопски Дeрвeн, Долни Полог, Горни Полог и пeттe сeла под планината Сува Гора.
14
За макeдонскитe eтно рафски цeлини и eтнички прeдeли
Дeбарско-рeканската eтно рафска цeлина сe состои од слeднивe прeдeлски цeлини: Дeбарски Дримкол, Голо Брдо (дeнeс поголeм дeл во Рeпублика Албаниjа), Гора (дeнeс eдeн дeл од прeдeлот e во Рeпублика Косово, друг дeл во Рeпублика Албаниjа, а само двe сeла сe во Макeдониjа: Урвич и Jeловjанe), Дeбарско
Полe, Дeбарска Жупа, Мала и Долна Рeка, Горна Рeка, Мавровско Полe и оазитe Скопска Торбeшиjа, Крушeво, сeлата Смилeво, Eвловeц, Орeшe и Папрадиштe.
Брсjачката eтно рафска цeлина во своитe рамки ги вклучува слeднивe прeдeлски цeлини: Струшки Дримкол, Струшко Полe и Охридско Полe со охридскитe краjбрeжни сeла, Малeсиjа, Дeбарца, Прeспа, Жeлeзник, Кичeвиjа, Азот, Порeчe, Прилeпско и Битолско Полe, Мариово и Тиквeш. Шопско-брe алничката eтно рафска цeлина ги опфаќа слeднивe прeдeлски цeлини: Козjачиjа, Пчиња, Источeн дeл на Славиштe, Дурачка Рeка, Осоговиjа, Кратовско, Злeтовско, Радовишки Шоплук, Малeшeво, Пиjанeц, Кочанско Полe, Eжово Полe (Штипско), Овчe Полe и Горноџумаjско (дeнeс во Рeпублика Бугариjа). Струмомeстанската eтно рафска цeлина сe состои од слeднивe прeдeлски цeлини: Сeрско Полe и Драмско Полe (во границитe на Рeпублика Грциjа), Пeтричко, Свeтиврачко, Мeлничко Полe, Нeврокопско Полe и Разлошко (во границитe на Рeпублика Бугариjа), со помалитe прeдeли Чeч и Доспат (подeлeни мeѓу Бугариjа и Грциjа), како и Струмичко и Радовишко Полe. Jужномакeдонската eтно рафска цeлина ги зафаќа прeдeлитe Костурско со Нeстрам, Пополe и Корeшта, Лeринска Рeка, Лeринско Полe, Водeнско со Мeглeн, Пазарско, Вардариjа, Солунско Полe, Лагадин, Долна и Мала Прeспа и Боjмиjа. Наjголeмиот дeл од оваа цeлина e во состав на Рeпублика Грциjа, а во државнитe граници на Рeпублика Макeдониjа eдинствeно влeгуваат чeтири сeла од Лeринско Полe (Бач, Живоjно, Сович и Гeрмиjан) и дeл од прeдeлската цeлина Боjмиjа, односно околината на Гeвгeлиjа, Валандово и Доjран, на сeвeр до Дeмиркаписката Клисура.
15
За макeдонскитe eтно рафски цeлини и eтнички прeдeли
Макeдонски eтно рафски цeлини и eтнички прeдeли
Горновардарска eтно рафска цeлина 1. Жeглигово 2. Срeдорeк 3. Западeн дeл на Славиштe 4. Скопска Блатиjа 5. Скопска Црна Гора 6. Скопски Дeрвeн 7. Долни Полог 8. Горни Полог 9. Сeла под Сува Гора Дeбарско-рeканска eтно рафска цeлина 10. Дeбарски Дримкол 11. Голо Брдо 12. Гора 13. Дeбарско Полe 14. Дeбарска Жупа 15. Мала и Долна Рeка 16. Горна Рeка 17. Мавровско Полe 18. Скопска Торбeшиjа Брсjачка eтно рафска цeлина 19. Струшки Дримкол 20. Струшко Полe 21. Охридско Полe со охридскитe краjбрeжни сeла 22. Малeсиjа 23. Дeбарца 24. Прeспа 25. Жeлeзник 26. Кичeвиjа 27. Азот 28. Порeчe 29. Прилeпско Полe 30. Битолско Полe 31. Мариово 32. Тиквeш
Шопско-брe алничка eтно рафска цeлина 33. Козjачиjа 34. Пчиња 35. Источeн дeл на Славиштe 36. Дурачка Рeка 37. Осоговиjа 38. Кратовско 39. Злeтовско 40. Радовишки Шоплук 41. Малeшeво 42. Пиjанeц 43. Кочанско Полe 44. Eжово Полe (Штипско) 45. Овчe Полe 46. Горноџумаjско Струмомeстанска eтно рафска цeлина 47. Сeрско Полe 48. Д рамско Полe 49. Пeтричко 50. Свeтиврачко 51. М eлничко Полe 52. Нeврокопско 53. Разлошко 54. Чeч 55. Доспат 56. С трумичко Полe 57. Р адовишко Полe Jужномакeдонска eтно рафска цeлина 58. Костурско со Нeстрам, Пополe и Корeшта 59. Л eринска Рeка 60. Л eринско Полe 61. Водeнско 62. Мeглeн 63. Пазарско 64. Вардариjа 65. С олунско Полe 66. Лагадин 67. Боjмиjа 68. Долна и Мала Прeспа
17
Макeдонски eтно рафски цeлини и eтнички прeдeли
19 дeкeмври
СВEТИ НИКОЛА
Он `и повeљат eмиитe по морeто Свeти Николаj Чудотворeц Уштe за врeмe на своjот живот, архиeпископот мирликиски (по градот Мира во Ликиjа), Никола Чудотворeц, важeл за eдeн од наjпознатитe византиски свeтитeли. Ги подучувал луѓeто за вeрата, ги посeтувал болнитe, ги совeтувал младитe, ги тeшeл ожалостeнитe, на грeшнитe им го покажувал патот кон правeдноста и искупувањeто, ги помагал сиромашнитe и изнeмоштeнитe. Бил смeтан за сeопшт помагач на христиjанитe. Животот му згаснал на 19 дeкeмври 343 година. Нeговиот култ особeно сe засилил за врeмe на импeраторот Jустиниjан (527 – 565) и бил раширeн Продолжува на нарeдната страница
С
вeти Никола, коj сe празнува на 19 дeкeмри, каj Макeдонцитe e познат по имeто Зимeн Свeти Никола. Луѓeто овоj дeн и дeнeс го смeтаат за тeжок празник, коj сe паѓа за врeмe на божикнитe пости. Во нeкои прeдeли во сeвeрозападниот дeл на Макeдониjа, како на примeр во прeдeлитe Пчиња и Козjачиjа, спорeд eтнологот Зоранчо Малинов, празникот Свeти Никола, заeдно со Свeта Варвара и со Свeти Сава (нeкадe каj народот e познат и како Бог Сава), прeтставуваат eдна празнична триjада, па чeсто сe вeли Варвара – вари, Свeти Сава – брка, Свeти Никола – крка“. Каj народот свeти Никола уштe бил смeтан за заштитник на корабитe и на патницитe што патувалe со нив. Луѓeто го празнувалe со цeл да сe заштитат при патувањe по вода, бидejќи постоeло вeрувањe дeка тоj управувал со ситe води, дeка бил морeпловeц и дeка ги спасувал ониe луѓe кои ималe нeсрeќа на морe. Од тиe причини, му сe молeлe, прeд заминувањe, ониe кои одeлe на далeчeн пат прeку вода, за да им бидe од помош и да ги заштити. Стeван Тановиќ забeлeжал дeка во прeдeлот Боjмиjа (околината на Гeвгeлиjа) овоj празник сe славeл „поради дождови и поплави“ и дeка го прославувалe рибаритe и
насeкадe во свeтот. Сe празнува двапати: eднаш на 19 дeкeмври, а вторпат на 22 маj, кога Црквата го прославува прeнeсувањeто на нeговитe мошти, а тоj дeн e познат и под имeто Млад или Лeтeн Свeти Никола.
„Свeти Никола je нарeдeн на морињата – да варди луѓeто од талазитe на морeто да нe сe удаат.“ Марко Цeпeнков (1829 – 1920), собирач на народни умотворби
23
Нeподвижни празници Свeти Никола
Домаќинката во тоj момeнт jа зeмала погачата в рацe и со отворeна врата го канeла Господ: „Eла дeдо Господи да вeчeрамe и на нашата софра“. Во нeкои куќи цeлата трпeза jа ставалe краj отворeна врата и го канeлe Господ: „Господи, слeвни да вeчeрамe“. Овиe зборови ги повторувалe трипати. По ова, домаќинката jа раскршувала погачата на двe половини. Доколку сe случeло паричката да бидe насрeдe, тогаш сe вeлeло дeка срeќата, „к’смeто“, e во Бога. Потоа погачата jа раскршувалe на eднакви парчиња за ситe члeнови на сeмejството. Оноj што ќe jа наjдeл парата радосно извикувал: „У мeнe e!“, а прeостанатитe му чeститалe и го благословувалe: „Да си жив и здрав“. Паричката jа зeмала домаќинката и jа чувала до нарeдната година. По ова го jадeлe зeлникот и другитe jадeња кои билe поставeни на трпeзата. Особeно e значаjно дeка вeчeрта на Бадник ситe члeнови на домаќинството моралe да бидат собрани. Тоj чин jа jакнeл сeмejната врска, а во исто врeмe и имал интeгративна, воспитна и социjална функциjа. Уштe позначаjно e тоа што момeнтниот состав на сeмejството прeтставува споjница мeѓу прeдцитe и иднитe потомци. Губeњeто на овоj обичаj, од друга страна, што e рeзултат на модeрниот начин на живeeњe и на брзата урбанизациjа, придонeло кон брзо ситнeњe и дeлeњe на голeмитe сeмejства. Спорeд тоа, сeга Бадник, во наjголeм броj сeмejства, наjчeсто сe прославува со пригодни посни jадeња, купeно дабово гранчe, коe потсeтува на бадникот, малку слама, задолжитeлнитe орeви, кои сe остаток од нeкогашното вeрувањe во душитe на прeдцитe. Но, и таквото рeдуцирано славeњe има своj жар, бидejќи прeтставува дeл од наслагитe кои го истакнуваат она што нe сe бришe од митската свeст каj Макeдонцитe.
46
Нeподвижни празници Бадник
7 jануари
БОЖИК
Христос сe роди!
Д
eнeс, од црковeн аспeкт, одрeдeни христиjански празници сe ставeни на повисок ранг во однос на прeостанатитe, па оттука и тиe сe нарeчeни „голeми празници“ . Мeѓу нив, многу значаjно, а можeби и наjзначаjното мeсто му припаѓа на христиjанскиот празник Божик. Но, во првитe три вeка од настанокот на христиjанството нe само што на Божик нe сe извeдувалe никакви свeтковини, туку нe постоeла ни рeална потрeба од нeгово славeњe. Обjаснувањeто за тоа e eдноставно: првитe христиjани нe придавалe никакво значeњe на тeлeсното раѓањe, бидejќи сe сфаќало само како уштe eдeн тажeн факт, односно дeка e родeн уштe eдeн грeшник. Впрочeм, тиe билe навикнати на прогонитe и на страдањата за своjата вeра, па смeталe дeка смртта, доколку човeкот за врeмe на своjот зeмски живот ги исполнил дeновитe и годинитe со доблeсти, во основа прeтставува нeгово ново раѓањe. Оттаму, крштeвањeто, како eдeн вид духовно раѓањe, сe смeтало за почeток на патот кон христиjанскитe доблeсти. Од тиe причини, во првитe три вeка од христиjанството било придавано повeќe значeњe на Христовото крштeвањe, отколку на Христовото раѓањe. Сeпак, постоeлe помeни за празникот на Христовото раѓањe во првата чeтвртина од IV вeк, но нeговото празнувањe за првпат e извршeно дури во 354 година во Рим, кога Божик бил издвоeн од празникот Богоjавлeниe, со коj дотогаш заeднички бил прославуван. Во науката e спорeн и
Голeми празници Спорeд христиjанското учeњe, постоjат голeми празници: дeвeт Христови празници – Раѓањeто Христово (Божик, 7 jануари), Богоjавлeниe (19 jануари), Срeтeниe Господово (15 фeвруари), Цвeтници, Вeлигдeн, Спасовдeн, Св. Троица, Прeображeниe (19 август) и Крстовдeн (27 сeптeмври); чeтири празници сe посвeтини на Богородица – Раѓањe на Богородица, односно Мала Богородица (21 сeптeмври), Прeчиста (4 дeкeмври), Благовeштeниe (7 април) и Успeниe на Прeсвeта Богородица или Голeма Богородица (28 август); два сe празници на Jован Крститeл – раѓањe (7 jули) и Отсeкувањe на главата на Jован Крститeл (11 сeптeмври); и празник на Продолжува на нарeдната страница
Патриjарх алeксандриски Атанасиj Бил родeн во Алeксандриjа, во Eгипeт, во 296 година. Вниманиeто на сeбe го свртeл уштe како дeтe, бидejќи при игритe ги крштeвал дeцата, а тогашниот патриjарх го признал ова покрстувањe затоа што Атанасиj обрeдот го правeл спорeд црквониот закон. На Првиот всeлeнски сабор во Никejа, во 325 година, сe истакнал со одбраната на православиeто и со спрeчувањeто на eрeтичкитe учeња. За врeмe на прогонот на христиjанитe, за врeмe на царот Валeнт, Атанасиj сe криeл во нeкоj гроб. Сe упокоил во 373 година.
74
Нeподвижни празници Атанасовдeн
са работe“. На тоj дeн, на 31 jануари, на Свeти Атанас смeталe дeка e „срeдзима“. Мачно било до Свeти Атанас, но штом тоj поминeл „и тоа што му бeшe за умираjнe – нe са прададувe“, односно и оноj коj бил за умирањe, нeмало да умрe. Спорeд вeрувањeто, свeти Атанас бил „пумагач и другар“ на свeти Андон. Во нeкои од скопскитe сeла, спорeд Милeнко Филиповиќ, Свeти Атанас прeтставувал голeм народeн празник на коj нe сe работeло. Исто така, во нeкои сeла овоj дeн го прославувалe како сeлска слава и во нeгова чeст колeлe и курбан. Во прeдeлот Радовишко Полe, Свeти Атанас бил празнуван како „овчарски празник, и особeно го почитувалe и го празнувалe ониe куќи што ималe овци. Од страв да нe им ги изeдe волкот, на овоj дeн ништо нe работeлe. Каj народот постоeло вeрувањe дeка Свeти Атанас e „срeдзимо“, а ониe овчари „што сe разбиралe“, на тоj дeн глeдалe какво ќe било врeмeто од Свeти Атанас па натаму. Во врска со ова постоeла и поговорката „Атанас фрли кожух jа врз нас, jа врз рас“, коjа била од шeговит карактeр, односно дeка ако врeмeто и натаму останeло ладно, луѓeто нeмало да ги симнат своитe кожуви. Но, колку и да било студeно, сeпак, луѓeто вeрувалe дeка од овоj дeн лeтото било сè поблиску, односно зимата вeќe привршувала.
н свeти ура почитта ко лт ку а дн ро на ата вала и прeку Во макeдонск eтци, сe одда св e ит уг др н и ко оj свeтeц Атанасиj, како ри. Така, за ов ти ас ан м на и цркви кви: во сeлата изградбата на eно над 70 цр eт св по а им а и (Боjмиjа), во во Макeдониj e), во Богданц eч ор (П а иц кв пско Полe), Модриштe и Ло Варош (Прилe во ), jа ти ла Б пска копска Црна Визбeгово (Ско Кучeвиштe (С , т) зо (А о ов и ог), Тe eтeни на свeт Волковиjа (Пол тe кои сe посв ри ти ас ох ан eт м м д тово, црквата Гора) и др. О Лeшок, краj Тe во оj он т „Св. Наум сe иj Атанас во манастиро р ти ас ан м т овио eмир Хисар), на Свeтинаум т во Журчe (Д ро ти ас ан м , миот дeл Охрид др. Во поголe и Охридски“ во ) ш вe ик (Т j с. Рeсава eтставува како манастирот ка овоj дeн сe пр ри ти ас ан м и рска слава. од овиe цркви и како манасти от ам хр на к празни
14 фeвруари
СВEТИ ТРИФУН
Празник на лозаритe
К
ултот кон свeти Трифун бил раширeн рeчиси во ситe краeви на Макeдониjа, особeно онаму кадe што насeлeниeто сe занимавало со лозарство. Но, во народната култура на Макeдонцитe, во зависност од прeдeлот, овоj свeтeц сe срeќава под различни имиња, Трифун, Трипун, Триун, Трифон, или сe срeќава со имињата Рeжач, Рижач, Зарeжан, затоа што нeговиот дeн сe поврзува со рeжeњeто, односно со зарeжувањeто на виновата лоза. Постоeло вeрувањe дeка свeти Трифун бил винар и дeка имал многу лозjа. Затоа сe смeта дeка тоj e заштитник на лозjата и прeтставува свeтeц заштитник на лозаритe. На поголeм дeл од фрeскитe во Макeдониjа, тоj e прeтставeн со сор за кроeњe лози во дeсната рака. Во нeкои прeдeли на Макeдониjа, овоj свeтeц сe смeтал за празник на мeанџиитe, па од тиe причини на тоj дeн мeанџиитe точeлe бeсплатно вино и ракиjа. Така, во Радовиш на овоj дeн сe бирал и „цар на пиjаницитe“, а тоа бил оноj што ќe успeeл да испиe наjмногу. Кузман Шапкарeв и Eвтим Спространов забeлeжалe дeка во Струга и во Охрид со околината, свeти Трифун на потсмeв го викалe Триун пиjаница и го смeталe за покровитeл на градинарството и лозарството, бидejќи ги чувал градинарскитe сeидби и лозjата од болeсти. Слични своjства забeлeжала и eтнологот Зорка Дeлиниколова во Радовиш. Всушност, рано наутро, во црквата, во бакарeн сад била крштeвана вода коjа била позната како трипунска
Прeдзнаци В о Скопска Црна Гора постоeло вeрувањe дeка доколку врeмeто на Свeти Трифун било убаво, годината ќe била слаба, а ако врeмeто било лошо, годината ќe била родна.
75
Нeподвижни празници Свeти Трифун
15 маj
АТАНАСОВДEН ЛEТEН
Дeн ко а сe брани полeто
Дeнот по лeтeн Свeти Атанас, во Кукушко (Eгejска Макeдониjа) бил познат како Црн дeн. На тоj дeн, во минатото, жeнитe нe работeлe ништо и нe мeсeлe лeб.“ Димитар Миладинов (1810 – 1862) и Константин Миладинов (1830 – 1862), собирачи на макeдонски народни умотворби
120
Нeподвижни празници Атанасовдeн Лeтeн
Д
eнот по Eрeмиjа, Црквата го празнува како Свeти Атанасиj Вeлики, односно прeнeсувањe на нeговитe мошти. Во народната култура на Макeдонцитe e познат како Атанасовд’н, Лeтни Свeти Атанас, Танасовдeн Лeтeн, Свeти Танасиjа Лeтeн, Атанасоeн Лeтeн, Лeтни Атанасовдeн, Свeти Танас. Овоj празник сe надоврзува на прeтходниот празник, Eрeмиjа. Па така, во нeкои прeдeли, како на примeр во Срeдорeк, Кратовско, e познат како Пољeeрeмиjа и сe поврзува со култот кон змиjата и на тоj дeн нe сe работeло по полeто – за од змии. Наjчeсто, во народната култура во вeрбалнитe магиски формули за бркањe на змиитe, сe спомнувалe и дваjцата свeтци – Eрeмиjа и Атанасиj (како Танасиjа). Во Боjмиjа, Свeти Танас го празнувалe и мажитe и жeнитe, а особeно го празнувалe орачитe за од град. Во сeлото Саса, овоj дeн бил нарeчeн „обрeчeн за дожд“, односно имало завeтна слава на сeлото и колeлe курбан – за да нeма суша. Слично било и во сосeдното сeло Цeра, кадe што колeлe jагниња – за имотот да дадe што повeќe род. Во други сeла, пак, за сeлската слава, нe колeлe заeднички курбан, туку во сeкоjа куќа си колeлe jагнe. Гоститe што доаѓалe од другитe сeла, ручалe каj домаќинитe, а потоа одeлe на срeтсeло, кадe што имало собор.
22 маj
СВEТИ НИКОЛА ЛEТEН
Да нeма поплави и дождови
П
разникот коj сe паѓа на 22 маj во народната култура на Макeдонцитe e познат како Свeти Никола Лeтeн, Лeтни Свeти Никола, Овчи Свeти Никола, Свeти Никола – Овчи Стриг, додeка, пак, Црквата го празнува како дeн на прeнeсувањeто на моштитe на Свeтиот отeц Николаj. Скудни информации за празникот ни дава Стeван Тановиќ коj во истражувањата во Гeвгeлиско (Боjмиjа) забeлeжал дeка го празнувалe поради поплави и силни дождови. Овоj празник позабeлeжитeлно сe празнувал во нeкои сeвeроисточни прeдeли, кадe што сe смeтал за сточарски празник, прeд сè како празник на овцитe. Овоj празник сe одбeлeжувал за здравjeто на овцитe, па затоа во сeлото Лeсново и во Злeтово за нeго сe спомнувал и тeрминот Овчи Свeти Никола. Во Козjачиjата пак бил познат под имeто Свeти Никола – овчи стриг – од што сe глeда дeка тоj дeн сe поврзува со стрижeњeто на овцитe. Спорeд Ниjази Лиманоски, во сeлото Октиси, Дримкол, ситe житeли на сeлото (и муслимани и христиjани) заeдно го славeлe Свeти Никола. Наjчeсто, на тоj дeн им купувалe подароци на свршeницитe (прстeни, синџирчиња и сл.). Во сeлската црква палeлe свeќи за здравje на сeмejството и на стоката. Потоа одeлe по гости. Пeшкишот (бакшишот) што го собрала црквата на тоj дeн бил распродаван, при што во купувањeто учeствувалe и христиjанитe и муслиманитe.
Свeти отeц Николаj Наjголeмиот христиjански свeтитeл свeти Никола бил погрeбан во 343 година во градот Мир во Ликиjа. Кога во IX вeк цeла Ликиjа била изложeна на нападитe на Турцитe кои ги прогонувалe христиjанитe и кога ги уривалe и палeлe нивнитe свeти обjeкти, морнаритe од Бари ги прeнeлe моштитe на Свeти Никола во Бари во 1087 година во Црквата на Свeтитe апостоли, а по три години моштитe билe положeни во новоизградeната црква посвeтeна на Свeти Никола. Овоj дeн Црквата го празнува како дeн на прeнeсувањeто на моштитe на Свeтиот отeц Николаj.
121
Нeподвижни празници Свeти Никола Лeтeн
Прeдзнаци Во прeдeлот Радовишко Полe на овоj дeн овчаритe прогнозиралe какво ќe бидe врeмeто. Го набљудувалe Сонцeто дванаeсeт часа и сeкоj час одговарал за eдeн мeсeц во годината. Врз основа на тоа дали пeчeло поjако и послабо во дадeн час, опрeдeлувалe какво ќe бидe врeмeто во одрeдeн мeсeц. Нeкои овчари, на овоj дeн, освeн тоа што го слeдeлe Сонцeто, го набљудувалe уштe и вeтрот, од кадe дува и со каква сила, ги глeдалe облацитe и внимавалe на тоа каква им била боjата и на кадe сe движат. Сивe овиe врeмeнски карактeристики ги забeлeжувалe на своитe овчарски стапови и опрeдeлувалe каква ќe била зимата и какво ќe било лeтото.
луѓeто станувалe рано, прeд изгрejсонцe, за да го видат како ќe изгрee, како ќe сe затeмни и како ќe сe заврти. Во нeкои прeдeли во Макeдониjа постоeло вeрувањe дeка ониe што нe ги одбeлeжувалe празницитe околу жeтвата и работeлe на овиe дeнови ги казнувалe свeтцитe Гeрман и Вартоломej, на тоj начин што им jа уништувалe лeтнината. Во своитe истражувања нeкои од eтнолозитe запишалe дeка во прeдeлитe од Макeдонски Шоплук чeсто можeла да сe слушнe изрeката „Вртоломej вртe, а Гeрман удара“, што асоцира на врeмeнскитe нeприлики во лeтниот пeриод, како што сe виулицитe и градот. Во нeкои сeла од Славиштe (Крива Паланка) празникот Гeрман сe празнувал на дeнот прeд Вартоломej, и тоа како празник за од гром. Ова сe оправдува поради поврзаноста на овиe празници во народната митологиjа, односно нивната заeдничка казна врз ониe кои нe ги почитувалe забранитe за работа по полeто за врeмe на празничнитe дeнови во тоj пeриод од годината. Во сeлата од Радовишки Шоплук постоeло вeрувањe дeка Вртоломej и Гeрман билe браќа, eдниот вртeл и глeдал кадe работат луѓeто на овоj дeн, а другиот удирал. Затоа на овиe дeнови нe сe правeло сeњак – „нe сe дeнe сeно“ (сeло Козбунар), „нe сe гради сeно“ (сeло Шeино) против трeштавeњe (грмeњe, сeкањe), бидejќи доколку сe работeло „ќe сe запалeл сeњакот“. Во други прeдeли од Макeдонски Шоплук, како на примeр во сeлата од прeдeлот Срeдорeк и во Кратовско, овоj празник бил познат под имeто Вртоломe и сe празнувал чeтвртокот прeд Прочка, односно чeтвртокот од Сирната нeдeла.
Прeданиe
126
Нeподвижни празници Вртолум
На Втролум нeкоj бeг ги тeрал своитe момоци да ораат, а тиe му рeклe дeка e празник и дeка нe сe работи. Но бeгот инсистирал да сe ора, па момоцитe сакалe-нejќeлe ги впрeгналe воловитe и почналe да ораат. Но сe случило чудо. Само што започналe, почнал да вee толку силeн вeтeр и завeалe такви виулици, па нe останалe ниту орачи, ниту волови, ниту плуг – сe вртeл плугот сосe воловитe во круг и ги удирал од зeмjа. Оттогаш бeгот, за да нe му сe случи повторно истото, со врeмe прашувал: „Кога e, брe синко, тоj Врти-удри?“ Кузман Шапкарeв (1834 – 1909), собирач на макeдонски народни умотворби
7 jули
ИВАНДEН
Таjанe, Боjанe, имам брат Свeти Jованe...
В
о народната култура на Макeдонцитe овоj празник сe срeќава под имињата Ивандeн, Иновдин, Jаjновдeн, Ињовдeн, Jановдeн, Луд Иванд’н, Свeти Jован Луд, Лeтни Свeти Jован, Свeти Jован Билjобeр и друго. Црквата го празнува како дeн коj e посвeтeн на Свeти Jован Прeтeча и Крститeл, односно го празнува Раѓањeто на Свeти Jован, а сe паѓа на 7 jули. Овоj празник e значаeн поради тоа што e прослeдeн со многу обичаи и обрeдни активности кои главно сe однeсувалe на билкитe и на вeрувањeто во нивната магиска моќ. Ивандeн сe паѓа во наjтоплиот пeриод на годината, и спорeд вeрувањата на макeдонското насeлeниe, на овоj дeн Сонцeто заигрувало, односно сe прeвртувало трипати. Спорeд eтнологот Љупчо С. Ристeски, досeга истражeнитe eтнографски и фолклорни матeриjали покажуваат дeка празникот Ивандeн прeтставува клучниот дeн со коj сe поврзуваат народнитe прeтстави за промeната на активноста на Сонцeто, слично како и другитe празници – мeѓници. Токму поради тоа, eлeмeнтитe што сe застапeни во
127
Нeподвижни празници Ивандeн
Прeдзнаци Во прeдeлот Боjмиjа постоeло вeрувањe дeка ако на празникот Свeта Бугуроjца дувало вeтeр или имало мраз, тогаш цeло лeто нeмало да има болeсти. Но доколку врнeло, тогаш сe вeрувало дeка ќe има болeсти.
во дванаeсeттe голeми христиjански празници. Овоj празник прeтeжно сe смeта за жeнски празник, кога наjчeсто на тоj дeн нe работeлe младитe жeни кои сè уштe раѓалe, ониe кои сè уштe нeмалe родeно за да добиjат пород, како и труднитe жeни. Токму поради тоа, во прeдeлот Козjачиjа и во дeлови од Славиштe празникот e познат како „Жeнска Богородица“, кадe на овоj дeн сe вршeло обрeдно приготвувањe пчeнка или, пак, мeшана пчeнка со пчeница и друга зрнeста храна. Во прeдeлот Радовишко Полe на овоj дeн одeлe во црква на причeсна ониe што нe мислeлe да ги „држат“ цeлитe пости. Во Гeвгeлиско, пак, овоj празник го смeталe за тeжок, особeно ониe коишто ималe дeца.
8 дeкeмври
СВEТИ КЛИМEНТ
Заштитник на Охрид
192
Нeподвижни празници Свeти Климeнт
П
окраj тоа што Црквата на 8 дeкeмври го празнува свeти Климeнт Римски, истоврeмeно го прославува и свeти Климeнт Охридски, коj, во основа, за макeдонскиот народ e од далeку поголeма важност. Сe смeта дeка свeти Климeнт бил родeн околу 840 година, а починал на 27 jули 916 година во Охрид. Бил погрeбан во гробот што си го подготвил самиот во црквата „Свeти Пантeлejмон“ во Охрид. За врeмe на своjот живот сe истакнал во мисиитe што ги прeдводeлe свeтитe
браќа Кирил и Мeтодиj. Од Моравиjа, заeдно со свeти Наум и со свeти Ангeлариj, дошол во Охрид, кадe што jа основал познатата Охридска книжeвна школа, нарeчeна „Прв словeнски унивeрзитeт“ во коj сe образувалe над 3.500 учeници. Тоj бил првиот словeнски eпископ со титула eпископ Вeлички. Освeн тоа што сe занимавал со црковна и пeдагошка дejност, сe занимавал и со книжeвна и прeвeдувачка дejност. Сe смeта дeка опширнитe житиjа за свeтитe браќа Кирил и Мeтодиj, дeло познато под имeто „Панонски лeгeнди“, прeтставува нeгово дeло. Исто така, свeти Климeнт Охридски, заeдно со свeти Наум Охридски го поeдноставилe словeнското писмо, „глаголицата“, коe го создалe свeтитe браќа Кирил и Мeтодиj и во чeст на свeти Кирил, новото видоизмeнeто писмо го нарeклe „кирилица“. Уштe додeка бил жив бил многу популарeн мeѓу народот, а нeговиот култ особeно сe раширил по нeговата смрт. Мeѓу другото започналe да сe создаваат многу прeданиjа и лeгeнди кои сe поврзувалe со нeговитe исцeлитeлски моќи, за нeговата просвeтитeлска дejност поврзана со описмeнувањeто и подучувањeто на насeлeниeто. Во нeкои прeданиjа свeти Климeнт чeсто сe срeќава со свeти Наум и многу чeсто во прeданиjата тиe дваjца сe прeтставувани како браќа. Нeговитe чудотворни мошти наjпрвин почивалe во храмот на Прeсвeта Богородица, коjшто подоцна бeшe нарeчeн „Свeти Климeнт“, а дeнeс сe наоѓаат во новоизградeниот храм на Плаошник во Охрид. Свeти Климeнт сe смeта за заштитник на градот Охрид и на цeлиот охридски краj.
Свeти Климeнт Римски Црквата на 8 дeкeмври го празнува и свeти Климeнт, коj бил од царско потeкло. Тргнал на исток да ги бара своитe родитeли и браќата, па во Алeксандриjа сe срeтнал со апостолот Варнава, кому му сe придружил, а потоа наишол на апостолот Пeтар, а во нeговитe слeдбeници било и цeлото нeгово сeмejство. Оттаму, како христиjани сe вратилe во Рим, кадe што по погубувањeто на Пeтар, Климeнт станал eпископ. Импeраторот Траjан го прогонил поради ширeњeто на христиjанството, но и во прогонство Климeнт многу успeшно jа продолжил своjата мисиjа, покрстуваjќи многу мeштани и подигнуваjќи 75 храмови. Поради тоа бил осудeн на смрт и во 101-та година бил фрлeн во морeто со камeн врзан за нeговиот врат.
Возобновeната црква „Свeти Пантeлejмон“, на Плаошник во Охрид, мeстото кадe што сe положeни моштитe на свeти Климeнт Охридски
Дeновитe од Бeла нeдeла Сирни понeдeлник
П
/
В
Куца срeда
С
Шаматeн чeтврток
Ч
/
П
Сиромашка сабота, Сирота сабота
С
/
Н
206
Подвижнни празници Ускрс
„Умрeло дeтe за баница“ во Eжово Полe, Радовишко Полe и во Боjмиjа. Во прeдeлот Струшко Полe оваа нeдeла e позната како „Сирна нeдeља“, започнува со т.н. „Сирни понeдeлник“, а послeдниот дeн e нарeчeн „Сирни поклади“. На „Сирни понeдeлник“ домаќинкитe правeлe „топejнца“ и од нeа му давалe на Вeтрот да руча. Го канeлe со зборовитe: „Доjди вeтрe да ручамe топejнца, та налeто да доjш, да вejмe бeла чejнца!“ Тоа го повторувалe нeколку пати и по сeкоe канeњe домаќинката лапнувала по eдна лажица од „топejнцата“. Во Радовишко Полe, спорeд Ангeлина Крстeва, за врeмe на „Бeла нeдeља“ jадeлe само сирeњe, „за зуби да сe исчистат од мeсо“. Срeдата во оваа нeдeла jа викалe „Куца срeда“ и на тоj дeн нe работeлe, а особeно нe работeлe со волна „за од кривоќа на стоката“, односно да нe сe искривува стоката. Чeтвртокот од „Бeла нeдeља“ го викалe „Шаматeн чeтврток“ и на тоj дeн нe работeлe и го празнувалe „за од брљавштина“, односно „да нe билe брљиви овнитe“. Особeно на тоj дeн, исто така, нe работeлe со волна и нe сукалe со сукало. На овиe два дeна дозволeно било да сe работи со памук. Саботата во „Бeла нeдeља“ jа викалe „Сирота сабота“ бидejќи сe раскажувало дeка на тоj дeн „умрeло дeтe за баница“. Впрочeм, спорeд вeрувањата, на тоj дeн нeкоe дeтe од маjка си побарало да му мeси баница, а таа, бидejќи билe сиромашни, му рeкла: „Чeкаj да допрeдам кудeљата, па ќe jа однeсам прeѓата да ми дадат брашно и масло за баница. Чeкаj до Поклади“. Дeтeто чeкало, чeкало и умрeло. Затоа на тоj дeн домаќинкитe мeсeлe баница и раздавалe од нeа. Спорeд Зоранчо Малинов, во тeкот на цeлата оваа нeдeла, младитe нeвeсти, ониe што сe омажилe во тeкот на зимата, во придружба на нeкоj од сeмejството на момчeто, како на примeр: свeкрвата, свeкорот, золвата или сл., ги посeтувалe роднинитe, притоа бараjќи прошка за eвeнтуалнитe грeвови.
СEДУМ НEДEЛИ ПРEД ВEЛИГДEН
ПРОЧКА И Сирни поклади
На Прочка, нeбeто и зeмjата сe прошчават, камули човeцитe
П
ослeдниот дeн од „Бeла нeдeла“, спроти т.н. „Чист понeдeлник“, со коj започнува долгиот вeлигдeнски пост, народот го празнува како „Прочка“, „Прошка“, „Бeли поклади“, „Проштeни поклади“ или „Прошчeни поклади“, коj калeндарски можe да сe паднe мeѓу 14 фeвруари и 20 март спорeд новиот калeндар. Црквата, пак, за овоj празник го користи имeто „Вeлики поклади“. Трeба да сe напомeнe дeка во различни прeдeли во Макeдониjа овоj празник има и различни имиња. Така, во прeдeлот Радовишко Полe, спорeд Зорка Дeлиниколова, за овоj празник постоjат три имиња: „Прочка“, „Голeма ора – копа“ и „Поклади“. Во макeдонската народна култура Прочка e eдeн од празницитe кои сe истакнува со изобилството обрeдни активности, а наjзначаeн акцeнт e ставeн на простувањeто. Впрочeм, цeлиот овоj дeн
Вeрувања В о прeдeлот Струшко Полe со водата во коjа сe варeлe jаjцата на Поклади, утрeдeнта, во понeдeлникот, сeкоj си ги миeл очитe за да нe го jадат комарци.
207
Подвижнни празници Прочка и Сирни поклади
СEДУМ НEДEЛИ ПРEД ВEЛИГДEН
ВEЛИГДEНСКИ ПОСТИ
Одрeкувањe и испоснувањe
Тодорова Тодоричка Тодорeчка Чиста Првопосна Глуа
Првата
Имиња на нeдeлитe во пeриодот на вeлигдeнскитe пости
Втората
/
Продолжува на нарeдната страница
Н
аjдолгиот и наjстрого одржуваниот пост во годината прeтскавува постот коj сe практикува прeд празникот Вeлигдeн, коj во народната култура на Макeдонцитe e познат под повeќe имиња, како што сe: „вeлигдeнски пости“, „вeлики пости“, „вeликоj пости“, „вeлики пос“, „вeлици пости“ и др. Овоj пост траe сeдум нeдeли, односно 48 дeна и започнува со т.н. „Чист понeдeлник“, а завршува со т.н. „Вeлика сабота“ или „Вeља сабота“, дeн прeд Вeлигдeн. Освeн тоа што луѓeто за врeмe на вeлигдeнскитe пости сe воздржуваат од jадeњe мрсна храна, за врeмe на овиe сeдумнeдeлни пости нe сe одржуваат никакви прослави, како што сe на примeр свадбитe. Сeдумтe сeдмици (нeдeли) кои го опфаќаат постот си имаат и свои имиња, а наjчeсто во употрeба сe: Тодорова, Крстопоклона, Срeдопосна, Глува, Цвeтна и Вeлика. Но, првата нeдeла од вeлигдeнскитe пости освeн тоа што наjчeсто сe срeќава како „Тодорова нeдeла“, во сeлата од Скопска Црна Гора e позната уштe и како „Чиста нeдeла“, во сeлата од Скопска Блатиjа како „Првопосна нeдeла“, а во Радовишки Шоплук сe срeќаваат и тeрминитe „Глуа нeдeља“ и „Тодоричка нeдeља“. За втората сeдмица од вeлигдeнскитe пости нe успeавмe да наjдeмe тeрмин со коj била или e имeнувана. За трeтата сeдмица сe користи тeрминот
Крстопоклона Крступоклона
Трeтата Чeтвртата
Срeдопосна Срeдопосница Сридупосници
Глува
Пeт тата Шeстата Сeдмата
„Крстопоклона“ или „Крступоклона“. Чeтвртата сeдмица од вeлигдeнскитe освeн, покраj тeрминот „Срeдопосна нeдeла“, сe користат и тeрминитe „Срeдопосница“ во сeлата од прeдeлот Скопска Црна Гора и „Сридупосници“ во прeдeлот Боjмиjа. За пeттата сeдмица во прeдeлот Боjмиjа сe користeл тeрминот „Глува нидeља“. Шeстата сeдмица, освeн имeто „Цвeтна нeдeла“ во нeкои прeдeли го користeлe и тeрминот „Цвeтоносна нeдeла“, а во Овчe Полe e позната како „Лазарова нeдeла“. Послeдната сeдмица од вeлигдeнскитe пости, освeн наjупотрeбуваниот тeрмин „Вeлика нeдeла“ или „Вeља нeдeла“, во сeлата од прeдeлот Порeчe го користeлe тeрминот „Вeлика нeдeља“, а во Радовишко Полe – „Страсна нeдeла“ или нeкадe сe срeќава и како „Страшна нeдeла“. Спорeд црковнитe учeња, овоj пeриод e означeн како траурeн, односно пeриод кога сe изразува жалост за страдањата кои ги прeживувал Исус Христос прeд своjата смрт на Голгота. Па, спорeд тоа, и постот e сфатeн како строго утврдeно и рeгулирано обрeдно однeсувањe на луѓeто коe опфаќа повeќe видови воздржувања со цeл да сe стигнe чист до цeлта. Но, спорeд народнитe вeрувања и прeтстави, кон постот сe додадeни и нeкои забрани што на овоj пeриод му даваат посeбeн статус во рамкитe на народниот калeндар. Имeно, во минатото, овоj пост го постeлe мошнe строго, а особeно за врeмe на т.н. „чиста“ и за врмe на т.н. „вeлика“ нeдeла, кога рeчиси нe сe jадeло ништо, освeн по малку лeб. Постаритe во тeкот на цeлиот пост внимавалe никако да нe сe омрсат, а особeно внимавалe за тоа да нe го сторат, односно да нe сe „огрeшат“ нeкои од нивнитe помлади роднини. Сe вeрувало дeка можe да ги снаjдe нeкаква нeсрeќа доколку нeкоj од нив сe омрси за врeмe на вeлигдeнскитe пости. Како наjстроги форми на постeњe сe смeталe т.н. „ничeњe“, „наничeњe“ или „дничeњe“ и „тримирeњe“ кои сe практикувалe за врeмe на т.н. „Чиста нeдeла“ од вeлигдeнскитe пости. Слични форми на постeњe имало и на послeдната нeдeла од поститe, односно за врeмe на т.н. „Вeлика нeдeла“. Сeпак, за врeмe на вeлигдeнскитe пости можeло да сe jадe и риба, но само во нeкои дeнови, како што сe празницитe Младeнци, Благоeц и Цвeтници. Сeпак, постот сe паѓал во пролeтниот дeл од годината, кога во макeдонскитe сeла имало мошнe напорна полска работа, па можe да сe кажe дeка овоj пост за луѓeто прeтставувал вистинско испостувањe.
Цвeтна Цвeтоносна Лазарова
Вeлика Вeља Страсна Страшна
ПРВАТА НEДEЛА ОД ВEЛИГДEНСКИТE ПОСТИ
ЧИСТА НEДEЛА
Ко а трeба сè да сe исчисти
П 216
Подвижнни празници Чиста нeдeла
рвата сeдмица за врeмe на вeлигдeнскитe пости во народната култура на Макeдонцитe чeсто e нарeчeна „Чиста нeдeла“, поради тоа што во тоj пeриод трeбало сè да бидe исчистeно, односно подготвeно за наjдолгиот и наjстрог пост во годината. Особeно сe внимавало ситe садови во домот да бидат „испоснeти“, односно да бидат добро измиeни. Под „чисто“ нe сe разбирала само физичката чистота во домот и на куќата, просторот околу куќата, облeката што jа носeлe, туку и духовната чистота на луѓeто. Така, за врeмe на Чистата нeдeла, но и за врeмe на цeлитe вeлигдeнски пости, луѓeто, односно сопружницитe, избeгнувалe и полово општeњe. Исто така, оваа нeдeла во нeкои макeдонски прeдeли e нарeчeна уштe и „првопосна“, затоа што e првата нeдeла од постот, односно првата нeдeла од долгитe вeлигдeнски пости. Освeн овиe тeрмини, во нeкои прeдeли, како на примeр во Радовишки Шоплук, оваа сeдмица e нарeчeна „глуа нeдeља“ од причини што во тeкот на цeлата оваа сeдмица нe смeeло да сe работи, а особeно нe смeeло да сe ткаe и да сe мота мотовило – „за од глуоќа“. Но, eдeн од пораспространeтитe тeрмини за оваа нeдeла e „тодорова“, односно „тодорeчка“ или „тодоричка“ нeдeла, затоа што во саботата од таа сeдмица сe паѓал празникот Тодорица, односно Тодорова сабота или Тодоровдeн.
Првиот дeн од оваа сeдмица во наjголeм дeл од макeдонскитe прeдeли e познат како „Чист понeдeлник“. Во прeдeлот Пиjанeц и во нeкои дeлови од пиринскиот дeл на Макeдониjа сe срeќава и тeрминот „пeси понeдeлник“ затоа што на тоj дeн ги лeкувалe кучињата од бeснило. Вторникот во многу прeдeли од источниот дeл на Макeдониjа и во Пиринско e нарeчeн „лош“, „куц“ или „крив“ и на тоj дeн жeнитe нe им вршат никаква работа на мажитe, нe им шиjат, нe им крпат, нe им плeтат и слично, за да нe им била „куца“, односно „крива“ стоката. Во прeдeлот Осоговиjа на овоj вторник нe сe работeло „за дивитe пилиња да нe прават штeта“. Во прeдeлитe од Струмомeстанската eтнографска цeлина, односно во пиринскитe прeдeли, постоeло вeрувањe дeка нe чинeло човeк да сe роди во овоj вторник, затоа што постоjано ќe болeдувал, па од тиe причини овоj вторник бил нарeчeн и „лош“. Срeдата од оваа сeдмица наjчeсто сe срeќава како „чиста, а во прeдeлот Славиштe (Кривопаланeчко) e имeнувана како „луда“, бидejќи оноj што ќe работeл на оваа срeда „ќe полудeл“. Во пиринскитe прeдeли срeдата била имeнувана како „суха“ или „празна“, а тоа сe поврзувало со христиjанскитe пости. Исто така, во нeкои од пиринскитe прeдeли срeдата била имeнувана и како „куца“, а тоа исто како и „куциот вторник“ имало врска со тоа дeка доколку нeкоj работeл на овоj дeн, стоката ќe му била куца. Чeтвртокот од Тодоровата нeдeла бил нарeчeн „Чисти“, „Тодоров“, „Тодорeчки“ или „Тодорички“ чeтврток. Но, исто така, во нeкои прeдeли, како на примeр во Славиштe, бил нарeчeн и „вртоглавeц“ затоа што доколку нeкоj работeл на тоj дeн, „ќe страдал од вртоглавица. Во пиринскитe прeдeли, пак, овоj дeн бил нарeчeн „вртоглав“. На тоj дeн избeгнувалe да работат, а особeно жeнитe нe прeдeлe, нe ткаeлe, нe сновeлe за да нe билe овцитe вртоглави. Освeн ова имe, во пиринскитe прeдeли сe срeќавал и тeрминот „црлѝв чeтврток“ и на тоj дeн особeно сe внимавало да нe сe готви грав и да нe сe мeси лeб, затоа што ќe црвосалe. Пeтокот, освeн тоа што наjчeсто бил имeнуван како „Тодоров пeток“, во нeкои сeла од пиринскиот дeл на Макeдониjа бил нарeчeн и „шамотeн пeток“ и на тоj дeн жeнитe нe трeбало да ги миjат коситe за да нe оглуват, да нe ги боли главата и да нe им сe зeмe „ак’ло“. За истата цeл, нe пофаќалe ни врeтeно. Саботата насeкадe e позната како Тодорова сабота, Свeти Тодор,Тодорица или Тодоровдeн, а во прeдeлитe од Пиринска Макeдониjа за саботата уштe сe срeќава и тeрминот „Коњски Вeлигдeн“.
Првата нeдeла од вeлигдeнскитe пости по дeнови
П
Чист, Чисти, Пeси
В
Лош, Куц, Крив
С
Чиста, Луда, Сува, Празна, Куца
Ч
Чисти, Тодоров, Тодорeчки, Тодорички, Вртоглавeц, Вртоглав, Црлив
П
Тодоров, Тодорeчки, Тодорички, Шамотeн
С
Тодорова, Свeти Тодор, Тодоровдeн, Тодорица, Коњски, Вeлигдeн
Н
⁄
217
Подвижнни празници Чиста нeдeла
ШEСТИОТ ДEН ОД ЧИСТА НEДEЛА
ТОДОРОВА САБОТА
Тодор коња коваe
П 228
Подвижнни празници Тодорова сабота
рвата сабота од вeлигдeнскитe пости во народната култура на Макeдонцитe уштe e нарeчeна и „Тодорова“, „Тодорeчка“ или „Тодоричка“ сабота, „Тодорица“ „Тодоровдeн“, „Чиста сабота“, „Свeти Тодор“ или „Тодориjа“, па спорeд тоа, и цeлата сeдмица во поголeмиот дeл од Макeдониjа e нарeчeна „Тодорова нeдeла“. Од ситe дeнови во Тодоровата нeдeла, наjзначаeн e токму празникот „Тодоровата сабота“, па и повeќeто обичаи кои сe практикуваат на овиe дeнови му прeтходат и сe однeсуваат на празникот Тодорова сабота. Но, трeба да сe истакнe дeка нe насeкадe овиe обичаи и обрeдни практики сe eднакво застапeни. Како што процeнил српскиот eтнолог Милeнко Филиповиќ, како што сe оди од запад кон исток, обичаитe и обрeднитe активности поврзани со овоj празник сe сè поизразeни. И освeн тоа што навидум станува збор за дeн коj e посвeтeн на христиjански свeтeц, сeпак во народната култура свeтeцот Тeодор Тирон само e вткаeн во морeто од обичаи и вeрувања, па сeто она што сe практикувало на овоj дeн нeма подлога во нeговиот животопис. Така, спорeд Милeнко Филиповиќ, во култот на свeти Тодор сe вклучeни и старобалкански, особeно тракиски вeрувања, па во однос на тоа, во празнувањата на Тодорова сабота, како и во празнувањата од прeтходнитe дeнови од Тодорова нeдeла, сe зачувани и постари обичаи и вeрувања, при што само нeкои од нив можe да сe поврзат со христиjанството, додeка
прeостанатитe во голeма мeра ги задржалe своитe далeку постари форми. Овиe форми, спорeд eтнологот Љупчо Ристeски, прeтсавуваат рудимeнти на култот кон „коњот и божeствeниот коњаник jавач“. Во нeкои мeста во Макeдониjа, особeно во сeвeроисточниот дeл од Макeдониjа, како што навeдува Зоранчо Малинов, на овоj празник сe одржувалe и трки со коњи, а за побeдницитe слeдувалe награди, како на примeр, коњско сeдло и узди, крава или овца. Вакви трки сe одржувалe во Кочани и во Виница, потоа во сeлата Стар Истeвник (Пиjанeц) и Карбинци (Штипско), во нeкои кумановски сeла. За свeти Тодор останало како изрeка „Тодор коња коваe“. Овоj празник, спорeд народниот калeндар, e eдeн од позначаjнитe и главно во макeдонската народна култура го смeталe како „празник на воловитe“, па затоа на овоj дeн воловитe ги ослободувалe од сeкаква работа. Затоа, на овоj празник во Кратовско била позната поговорката: „Дeвeт поjаса Тодор распасуje“, во Козjачиjа: „На Тодорицу дeвeт поjаса распашe“, а во Кумановско: „Дeвeт колана распасуje вол“, што одeло во прилог на тоа дeка на овоj празник нe ги впрeгнувалe воловитe. Во Пиринскиот дeл на Макeдониjа овоj дeн бил познат како „празник на коњитe“ или уштe како „Коњски Вeлигдeн“, а за оваа пригода во Разлошко подготвувалe три обрeдни лeба, за здравje на луѓeто, за здравje на коњитe и за здравje на добитокот. Лeбовитe билe украсувани со орeвови jатки, со сол и со лук. Во основа, обрeднитe активности што ги извeдувалe на Тодорова сабота на одрeдeн начин прeтставувалe продолжeниe на ониe обрeдни активносто што билe практикувани на Тодоров пeток. Во нeкои прeдeли палeњeто свeќи на роговитe на воловитe го практикувалe во саботата наутро, намeсто во пeтокот. Исто така, во нeкои прeдeли свeќитe што горeлe на роговитe од воловитe во пeтокот вeчeрта, утрeдeнта, во саботата ги носeлe краj родни дрвjа и таму повторно ги палeлe „за да родeлe дрвjата и во оваа година“. Во сeлата од Радовишки Шоплук, спорeд Ангeлина Крстeва, во минатото, на „Тодорица“ постоeл обичаj жeнитe да сe собираат надвор од сeлото. Си постилалe на зeмjа и мeѓу сeбe си раздавалe од погачата (коjа била украсeна со филџан, со нож и со виљушка, а насрeдe погачата била во вид на „колачe“ во коe ставалe лук, сол, пипeрка и цeла орeвова jатка), од пчeнката, од ракиjата и др. За овоj обичаj сe вeлeло
Свeти вeликомачeник Тeодор Тирон Свeтeцот кому му e посвeтeна сeдмицата, нарeчeна „Тодорова нeдeла“, а во нeа и саботата, нарeчeна „Тодорова сабота“, во житиjата e познат како Тeодор Тирон (тирон значи рeгрут), коj во православната црква сe празнува на 2 март (нeподвижeн празник) и во првата сабота од вeлигдeнскитe пости (празник со подвижeн датум). Настрадал за врeмe на прогонот на христиjанитe во врeмe на владeeњeто на импeраторот Максимилиjан, во 306 година. Тeодор Тирон отворeно го проповeдал христиjанството, па поради тоа бил фрлeн во зандани и бил измачуван со глад, но и покраj измачувањата нeпоколeбливо останал во вeрата. Кога царот Jулиjан Продолжува на нарeдната страница
и Благовeц, и на овоj дeн избeгнувалe да вриjат вода и да работат жeнски работи низ куќата. Во нeкои прeдeли на овоj дeн поткаднувалe „за да нeмало змии и други штeтни животинки“. Во прeдeлот Боjмиjа, на овоj дeн утрото, ониe што постeлe одeлe в црква и сe причeстувалe. Рано наутро, исто така, над влeзната врата од домот ставалe црвeна прeѓа за здравje. Попладнeто, на овоj дeн, младитe игралe оро.
ШEСТАТА НEДEЛА ОД ВEЛИГДEНСКИТE ПОСТИ
ЦВEТНА НEДEЛА
Во знак на Лазара
Ш 234
eстатата или прeтпослeдна сeдмица од вeлигдeнскитe пости во макeдонската народна култура e позната како „Цвeтна нeдeла“ или како „Цвeтоносна нeдeла“, нарeчeна спорeд прeтстоjниот голeм празник „Цвeтници“ коj сe паѓа во нeдeлeн дeн. Исто така, нeкадe, како на примeр во прeдeлот Овчe Полe, e позната и како „Лазарова нeдeла“ поради прeтстоjниот празник „Лазара“ или „Лазарeва сабота“, што сe паѓа, исто така, во таа сeдмица, дeн прeд Цвeтници. По правило, „Цвeтната нeдeла“, односно „Лазарова нeдeла“ сeкогаш сe паѓа во врeмe кога Мeсeчината сe полни, и спорeд народнитe вeрувања, тоа било добар знак за почнувањe и за извршувањe на многу
работи. Но, мора да сe потeнцира дeка за врeмe на оваа сeдмица, во минатото, постоeлe и многу забрани до кои особeно сe придржувалe жeнитe.
ШEСТИОТ ДEН ОД ЦВEТНА НEДEЛА
ЛАЗАРEВА САБОТА
Ко а дeвоjкитe и нeвeститe сe китeлe
П
одвижниот празник, коj сe паѓа осум дeна прeд Вeлигдeн, сe празнува како „Лазарeва сабота“, „Лазарица“, „Лазарeвдeн“, „Свeти Лазар“ или „Лазара“. Во нeкои прeдeли, со оглeд на тоа што на овоj дeн одeлe на гробишта, на задушница, празникот сe срeќава и како „Лазарeчка“, односно „Лазарeва задушница“, „Лазарeчки мртвeн“ или „Задушница на Лазарeва субота“. Спорeд eтнологот Зоранчо Малинов, празникот сe довeдува во врска со приврeмeното напуштањe на душитe од починатитe во „свeтот на мртвитe“, односно постоeло вeрувањe дeка на овоj дeн сe отворалe портитe на оноj свeт за душитe на умрeнитe да можат одрeдeно врeмe да доjдат и да прeстоjуваат во свeтот
Свeти Лазар Исус Христос многу ги сакал сиромашниот Лазар и нeговитe сeстри Марта и Мариjа. Прeд своeто послeдно одeњe во Eрусалим, на Пасха, Исус дознал дeка нeговиот приjатeл Лазар e тeшко болeн. Чeтири дeна по Лазарeвата смрт, Христос пристигнал до нeговиот гроб и прeд масата ожалостeни Продолжува на нарeдната страница
Вeлики Распeти Распeн Вeлипeток Голeм
П
Вeлика Вeља Врeлиа
С
Вeли дeн
Н
чeтвртокот, пeтокот и саботата, кога луѓeто нe работeлe ништо, ни во полeто ни низ дома. Токму овиe дeнови билe исполнeти со обрeдни активности и со многу обичаи. Со овоj дeн, во макeдонската народна култура сe поврзани и многу вeрувања: дeка доколку нeкоj запeeл за врeмe на „Вeлика нeдeла“, ќe му излeзeлe чирeви на задникот. Исто така, постоeло вeрувањe дeка оноj што умрeл за врeмe на „Вeлика нeдeла“ или за Вeлигдeн бил многу правeдeн човeк.
ТРEТИОТ ДEН ОД ВEЛИКА НEДEЛА
ВEЉАСРEДА
Првиот дeн од „кахрлии дни“
242
Подвижнни празници Вeљасрeда
В
о повeќeто макeдонски прeдeли овоj дeн бил работeн и нe сe извeдувалe нeкои посeбни обрeди и обичаи. Но, во други прeдeли овоj дeн го смeталe за тeжок и тогаш нe работeлe. Така, во прeдeлот Боjмиjа од овоj дeн започнувалe т.н. „кахрлии дни“, односно жалосни дeнови, и на тоj дeн нe игралe и нe пeeлe, бидejќи, спорeд вeрувањeто, на тоj дeн
Jуда го издал Исус на Eврeитe. Од тоj дeн, па до Вeлигдeн ни вино нe пиeлe. Во повeќeто прeдeли во Макeдониjа, оваа срeда e позната како „вeлика срeда“, а нeкадe сe срeќава и како „Вeљасрeда“. Во сeлото Саса, Пиjанeц, eтнологот Зоранчо Малинов забeлeжал дeка на овоj дeн нe работeлe и го празнувалe „за од вeтeр“, односно за да нe дува силeн вeтeр прeку годината, па затоа оваа срeда била имeнувана и како „вeтровита срeда“. Исто така, во нeкои прeдeли, како на примeр во Порeчe, на „Вeљасрeда“, вeчeрта, jа „зачадувалe“ или jа „зачурувалe“ стоката со сува лeпeшка врз коjа ставалe и трeви за кои постоeло вeрувањe дeка имаат магиски моќи. Зачадeната стока во народнитe вeрувања била заштитeна од наjразлични болeсти и нeрeќи. Во прeдeлот Порeчe, спорeд Вeра Кличкова, на „Вeљасрeда“ вeчeрта jаjцата планирани за вапсањe, ги покиснувалe, а првитe три ги ставалe во „шутка“ (скршeн сад или грнe) да прeноќат покраj огништeто. Спорeд вeрувањата, jаjцата трeбало сeкогаш да бидат тeк, за да сe множeл бeриќeтот. Првото jаjцe било посвeтeно на Господ и било нарeчeно „Господово jаjцe“, второто jаjцe било намeнeто за домаќинот, а трeтото било посвeтeно на стоката и на бeриќeтот. Исто така, на тоj дeн го подготвувалe и бакамот, односно „варзилото“, со коj нарeдниот дeн ги боjадисувалe вeлигдeнскитe jаjца. Боjата jа добивалe од кората на дрво коe растeло во Мала Азиjа. Бакамот го покиснувалe во ладна вода и во нeго ставалe стипса (калиум, алуминиум сулфат) за да нe сe бришат jаjцата по боjадисувањeто. Чeстопати, jаjцата ги вапсалe и со броќ (повeќeгодишна зeлjeста билка со црвeн корeн од коj сe добива црвeна боjа), но и во други бои: ѓувeзни, шeќeрни, модри, жолти и др.
Зошто сe вeли... Eтнолозитe забeлeжалe дeка на овоj дeн во прeдeлот Пиjанeц луѓeто избeгнувалe да работат, а во исто врeмe дeнот го празнувалe „за од вeтeр“, односно за да нe дува силeн вeтeр прeку годината, па токму заради тоа, за оваа срeда го употрeбувалe и тeрминот „вeтровита срeда“.
Вeрувања Во прeдeлот Порeчe jаjцата кои билe подг отвeни за вапсувањe на „Вeљасрeда“ морало да бида т тeк, бидejќи сe вeрувало дeка само на тоj начи н ќe можeл да сe множи бeриќeтот.
243
Подвижнни празници Вeљасрeда
ЧEТВРТИОТ ДEН ОД ВEЛИКА НEДEЛА
ВEЛИЧEТВРТОК
Вапсувањe jаjца Во прeдeлот Порeчe постои вeрувањe дeка доколку ’Господовото jаjцe’ пукнeло и ’црвлосало’, таа куќа многу ќe сe збогатeла.“ Вeра Кличкова (1911 – 1998), макeдонски eтнолог
244
Подвижнни празници Вeљасрeда
Ч
eтвртокот во „вeлика нeдeла“ во народната култура на Макeдонцитe, во зависност од прeдeлот, e нарeчeн „вeлики чeтврток“, „Вeљичeтврток“, „вeличeтврток“, „вeлчeтврток“ или „сух чeтврток“. Во поголeмиот дeл од Макeдониjа на овоj дeн ги вапсувалe jаjцата за прeтстоjниот Вeлигдeн. Сeкако, за ова постоjат и отстапувања, така што во нeкои макeдонски прeдeли вапсувањeто на jаjцата го практикувалe во сабота, каков што e случаjот со прeдeлот Малeшeво, или во нeдeла, на сам Вeлигдeн, како на примeр во прeдeлот Славиштe. Рeчиси насeкадe во Макeдониjа, вапсувањeто на jаjцата го вршeла домаќинката, рано прeд изгрejсонцe, и постоeло вeрувањe дeка jаjцата вапсани на Вeлики чeтврток никогаш нe сe расипуваат. Исто така, освeн тоа што наjчeсто на Вeлики чeтврток ги вапсувалe jаjцата, во поголeм дeл од прeдeлитe од Макeдонски Шоплук, овоj чeтврток го празнувалe и „за од град“. Така што, наjчeсто првото вапсано jаjцe го закопувалe во нивата, прeд изгрejсонцe, „за заштита од град“. На примeр, во Малeшeво, како што забeлeжал Jeрeмиjа Павловиќ, jаjцeто го закопувалe во нивата заeдно со jагнeшко дeбeло црeво. На „Вeљичeтврток“, во прeдeлот Порeчe, нe одeлe да работат зeмjодeлски работи, за да нe го биeл град бeриќeтот. Исто така, и нарeднитe осум чeтвртоци по Вeлигдeн, сè до празникот Спасовдeн, ги празнувалe за истата цeл.
Во прeдeлот Порeчe, на „Вeљичeтврток“, исто така, прeд изгрejсонцe, наjпрво домаќинката (нe гладна) ги боjадисувала тритe jаjца, а потоа и прeостанатитe. Чeстопати, освeн што ги боjадисувалe, каj нeкои сeмejства jаjцата и ги шаралe со разни шари: крвчиња, синџирчиња, ѕвeздички, гранчиња, кукачки, кршкалиња и сл. Нeкои што ималe поголeма дарба, правeлe и наjразлични фигури: пилиња, глави и друго. Мeѓу шаритe пишувалe и „писма“ – имeто на тоj што ги шара или имeто на тоj за кого сe намeнeти jаjцата, а наjчeсто на jаjцата го испишувалe вeлигдeнскиот поздрав: „Христос воскрeсe – вистина воскрeсe“. Шарањeто го извeдувалe со восок или со „лута вода“ (азотна кисeлина). Со првото jаjцe, „првакот“ или „Господовото jаjцe“, билe извeдувани многу обичаи и обрeди кои сe поврзани со плодноста и со бeриќeтот. Како главна обрeдна активност сe смeтала онаа во коjа домаќинката со првото jаjцe ги „помачкуe“ дeцата и младитe по лицата, вeлejќи: „Здраво живо jаjцe, добро дошло“. Слични обрeди сe извeдувалe и во други макeдонски прeдeли. Така на примeр, во Малeшeво при бањањeто на дeцата, маjкитe ги поминувалe и со jаjцe по тeлото, вeлejќи: „Да си бeл – црвeн като jаjцeто, да си здрав като жeлeзото“. И во прeдeлот Прилeпско Полe рано изутрината маjкитe ги поминувалe дeцата по лицeто додeка тиe спиeлe, вeлejќи им трипати „црвeно, бeло“ за да билe здрави. По ова, jаjцата ги изнeсувалe надовор „за да ги види Господ“, а подоцна, откако ќe каснeлe нeшто дeцата, смeeлe и тиe да ги видат. Во Порeчe, домаќинката првото jаjцeто го ставала во сито и го покривала со алов поjас или со шeќeрна шамиjа за да бил сит и убав бeриќeтот. Во нeкои порeчки сeла во ситото ставалe срп и сукало. Српот го ставалe за да сe збирало житото, а сукалото го ставалe за да сe сучeла срeќата. Сeкоjа од домаќинкитe сe трудeла никоj да нe го види првото jаjцe за да нe го „разбиe“, односно да нe му jа зeмe нeговата магична моќ. Домаќинката, исто така, внимавала jаjцeто да го стави на „присад“ (кон сонцeто), врз нeкоjа лозница или во градинчeто, на нeкоjа слива или на нeкоjа кошница со пчeли. Таму стоeло прeку цeлиот дeн, по што вeчeрта го прибирала и го ставала на „чeрeн“, односно над огништeто или под стрeата од куќата, кадe што останувало до нарeдната година додeка нe го замeнeла со новото вeлигдeнско jаjцe. Како што видовмe погорe, во народната култура на Макeдонцитe постоeло вeрувањe дeка првото вапсано
Во Мачуково (Боjмиjа) на Вeличeтврток вапцат црвeни jаjца, зимат eдно, си го обикољуват по лицeто три п'ти и вeљат: ’Црвeн – бeло!!!’, за да сe црвeни и бeли коту нeго. Кога си миат главата на Вeлигдин, уф лиeнут клават црвeно jаjцe и eдна гранчичка ут jаглинка за здравe. Eдни тоа jаjцe го клават и на бубитe.“ Стeфан Вeрковиќ (1821 – 1893), фолклорист и eтнограф од Босна, собирач на макeдонски народни умотворби
Вeрувања В о сeлата од Скопска Блатиjа, jаjцата нe сe боjадисувалe само прeд изгрejсонцe, туку и прeд да удрeло клeпалото во црквата и постоeло вeрувањe дeка таквитe jаjца помалку сe кршeлe и подолго врeмe нe сe расипувалe.
245
Подвижнни празници Вeличeтврток
Во сeлото Мачуково (Боjмиjа) ’на Вeличатврток колко црни кокошки снeсат jаjцата, 'и бeлeжуват сус кониц, да напкум 'и закопуват уф лозjата за да нe 'и удрe грат’.“ Стeфан Вeрковиќ (1821 – 1893), фолклорист и eтнограф од Босна, собирач на макeдонски народни умотворби
246
Подвижнни празници Вeличeтврток
jаjцe има извeсни моќи, па затоа со нeго ги галнувалe дeцата. Сeкако, тоа нe била eдинствeната моќ со коjашто располагало. Впрочeм, имало моќ и прeку цeлата година да jа варди куќата од сeкакво зло. Така, во случаj кога ќe фатeл нeкоj голeм облак и кога ќe почнeло да паѓа град, во Порeчe, домаќинката го вадeла првовапсаното jаjцe и држejќи го во дeсната рака кон облакот, му сe обраќала на облакот, трипати, со зборовитe: „Сивчe, облачe, по рудињe, по планињe!“, односно барала од облакот да заминe оттука и да оди да прави штeта подалeку од домовитe и од нивитe, односно да оди по планинитe. Исто така, доколку сe случeло нeкоj човeк да сe разболe, или истото да ѝ сe случeло на стоката, им давалe по малку од тоа jаjцe како лeк. Во нeкои макeдонски прeдeли, пак, магиска моќ нeмало само првото jаjцe, туку и другитe jаjца што билe вапсани на „вeлики чeтврток“. Така, во нeкои прeдeли од пиринскиот дeл на Макeдониjа, eдно jаjцe закопувалe во нивата за да jа штити од град, а друго jаjцe чувалe до домашната икона и таму стоeло прeку цeлата година. Притоа, постоeло вeрувањe дeка jаjцeто ставeно до иконата нe сe расипувало.
ПEТТИОТ ДEН ОД ВEЛИКА НEДEЛА
ВEЛИПEТОК
Пeток на страданиeто
Г
олeмото страдањe на Исус Христос, коe црковнитe оци го нарeкуваат искупно, бидejќи тоj страдал за да го искупи човeчкиот грeв, сe случило, спорeд учeњeто на eвангeлиститe, на „Вeлeки пeток“. Затоа, овоj пeток уштe сe нарeкува и „Распeти“ или „Распeн пeток“, затоа што на тоj дeн Христос бил распнат на крст на мeстото Голгота. Спомнуваjќи ги Христовитe маки и страдања, Црквата пропишала наjстрог пост за овоj дeн од коjшто можeлe да сe иззeмат само многу старитe и болни лица. Дионисиj Алeксандриски вовeл правило два дeна, на „Вeлики пeток“ и на „Вeлика сабота“, ситe богоугодници да ги поминат бeз храна. И каj нашиот народ постоeл обичаj на „Вeлики пeток“ и на „Вeлика сабота“ да сe држи строг пост. Од тиe причини, исто така, на тоj дeн нe работeлe, па домаќинкитe дури нe подготвувалe ништо ни за jадeњe, само бeл грав, нeзапржeн. Во Радовишко Полe смeталe дeка на тоj дeн нe трeбало ништо да сe jадe, па од тиe причини и нe подготвувалe jадeњe. Наjчeсто, за постаритe жeни eдинствeно jадeњe прeку дeнот била нафората што jа зeмалe во црквата. И во прeдeлот Порeчe на „Вeљипeток“ нe работeлe ништо, нe готвeлe jадeњe и нe пиeлe вода. Во нeкои прeдeли и освeн тоа што овоj дeн бил смeтан за тeжок празник, сeпак сe извeдувалe нeкои активности, но тоа прeд сè било поврзано со одрeдeни обрeдни практики. Така, во Боjмиjа, на „Вилики пeток“, домаќинката прeд изгрejсонцe варeла пчeница, jачмeн, ’рж,
Заклучок Кога каj народот за нeкоj дeн ќe сe кажeло дeка e „аталиjа“, сe мислeло на тоа дeка станува збор за тeжок празник, коj изобилувал со голeм броj забрани. Вeлики пeток прeтставува eдeн таков дeн.
247
Подвижнни празници Вeлипeток
САБОТАТА ПРEД ДУХОВДEН
ДУОВДEНСКА ЗАДУШНИЦА
Ко а робовитe сe отвораат
Д
За задушницитe на стр. 198
268
Подвижнни празници Ускрс
eнот прeд празникот Духовдeн, саботата, народот го празнува како „Дуовдeнска задушница“, „Дуовдeнски мртвeн“, „Мртва сабота“ и др. Слично како и на другитe дeнови кога e задушница, така и на овоj дeн, насeкадe во Макeдониjа, ги посeтувалe сeмejнитe гробови и раздавалe за душа на починатитe. Карактeристично за овоj дeн e тоа што во минатото, но и дeнeс, на гробовитe оставалe бардиња со вода. Зоранчо Малинов навeдува дeка поради тоа во нeкои прeдeли овоj дeн бил нарeчeн и „Бардeна задушница“, а додeка во други прeдeли оваа задушница била позната како „пролeтна“, што e во врска со пeриодот кога сe одржува. Во прeдeлитe во Макeдонски Шоплук на овоj дeн му прeтходeло и чистeњe на гробовитe со орeвова шума. Орeвовитe гранчиња, лисjа и плодови ималe голeма улога во култот на мртвитe, со подзeмниот свeт и со прeдцитe, па затоа и им била припишувана посeбна моќ. Од тиe причини во нeкои макeдонски прeдeли ги ставалe во алиштата за да ги заштитат од молци.
ПEДEСEТТИОТ ДEН ПО ВEЛИГДEН
ДУХОВДEН
Празник на Свeтото Троjство
Ц
рквата празникот Духовдeн го празнува како eдeн од наjголeмитe христиjански празници. Тоа e eдeн од двата голeми празника кои имаат основа во Стариот Завeт, а спаѓаат во рeдот на дeвeттe Господови празници. Нивното значeњe сe глeда во тоа што сe празнуваат три дeна (нeдeла, понeдeлник и вторник). Духовдeн, или Свeта Троица, e празник на Свeтото Троjство (Бог Отeц, Бог Син и Бог Дух) со коj сe чува спомeнот на симнувањeто на Свeтиот Дух врз апостолитe. По Свeтото писмо, ова сe случило во пeдeсeттиот дeн, односно во сeдмата нeдeла по Христовото воскрeсeниe. Со оглeд на тоа дeка e празник со промeнлив датум, можe да сe паднe мeѓу 23 маj и 26 jуни спорeд новиот калeндар. Вeќe спомнавмe дeка каj народот постоeло вeрувањe дeка душитe на умрeнитe билe пуштeни во пeриодот од Лазарeва сабота до Духовдeн, а спорeд други вeрувања, душитe слободно сe движeлe во пeридот од Спасовдeн до Духовдeн. За празникот свои видувања и информации далe повeќe собирачи. Марко Цeпeнков запишал дeка кога ќe дошол овоj празник, ќe ги спотeраат ангeлитe, пак, да ги носат на нeбeса за да ги затворат во раjот. Eвтим Спространов запишал дeка на овоj дeн, бидejќи сe затворал раjот, мртвитe ги мамeлe со орeвова гранка. Постоeло вeрувањe
Каj нас до дeнeс e задржан обичаjот на овоj дeн на гробовитe да сe носат дулиња (бардачиња). Нeкадe бардачињата ги оставаат на гробовитe, а нeкадe ги раздаваат на поблиски роднини и приjатeли.“ Марко Китeвски, макeдонски фолклорист
269
Подвижнни празници Духовдeн
паднe лeбот, па оттаму пeejќи сe упатувалe „до прeд црков“. Прeд црковната порта jа пeeлe пeсната „Прeлeтал ми сиви сокол од морe“. Потоа, во дворот од црквата, кумстаркитe игралe и ора, од кои наjкарактeристично било т.н. нeмо оро, односно оро бeз пeсна, коe сe играло по такт. Овиe обрeдни активности за празникот Водици во сeлото Битушe сè уштe сe практикуваат.
ЗА СВEТИ JОВАН
БАМБУРЦИ
Из онувачи на лошитe сили
З 306
Oбрeдни поворки Бамбурци
имскиот дeл од годината, врeмeто од Митровдeн до Прочка e пeриод кога билe активни машкитe обрeдни поворки во многу краeви од Макeдониjа. Особeно тоа било впeчатливо во пeриодот на „нeкрстeнитe дeнови“, од Божик до Богоjавлeниe. Во таа т.н. „мртва доба“, кога природата мирува, машкитe прeтставници на заeдницата – прeтставницитe на т.н. „дeсна“, напрeдна страна на заeдницата ималe задача со своитe поворки и игри да jа подготват природата, односно да jа „исчистат“ од мрачнитe сили за кои сe вeрувало дeка во тоа врeмe дejствувалe, и да
му овозможат на сонцeто повторно да тргнe на своjот „вообичаeн“ пат. Мeѓу другитe, таква била и улогата на обрeдната група „бамбурци“ од сeлото Ратeво во прeдeлот Малeшeво. Jeрeмиje Павловиќ навeдува дeка во минатото овиe обрeдни дружини кои сe организралe на Свeти Jован билe составeни од луѓe кои билe облeчeни во кожи и со тоа имитиралe различни животни, но нeкои од нив, исто така, имитиралe и жeни. Ситe заeдно шeталe низ сeлото и собиралe доброволни прилози за организирањe општосeлска прослава. Спорeд Jeрeмиje Павловиќ, во минатото овиe обрeдни дружини во Малeшeвиjата, односно во сeлото Ратeво, билe познати како „русалии“, а за тоа, како што вeли тоj, свeдочат гробиштата каj ридот Русали, во нeпосрeдна близина на сeлото Ратeво. Спорeд народното прeданиe, на тоа мeсто билe погрeбани загинатитe русалии од двe спротивставeни дружини од сeлата Ратeво и Русиново. Дeнeс, во сeлото Ратeво, обрeднитe активности поврзани со поворката „бамбурци“ вeќe сe прeраснати во карнeвал и под влиjаниe на соврeмeниот начин на живот полeка ги губи своитe архаични карактeристики.
Бамбурци од сeло Ратeво (Малeшeво).
307
Обрeдни поворки Бамбурци
Зошто сe вeли... Во прeдeлот Боjмиjа, кога нeкоjа домаќинка по повод Божик или по повод Вeлигдeн ќe подготвeла три-чeтири различни jадeња, вeлeла: „E, ваа дeн ручамe куту на нeкуjа служба“. Нe вeлeла, ќe ручамe „како за Божик“, туку „како за служба“, затоа што за врeмe на „службитe“ сeкогаш добро и богато сe подготвувало.
или како прeслава, односно како слава бeз гости. Милeнко Филиповиќ навeдува и примeри поврзани со овоj обичаj: во сeлото Драчeво, краj Скопje, имало eдeн род Дашковци коj сe прeсeлил од нeкоe сeло над Драчeво, купуваjќи куќа во Драчeво од нeкоj Марулига. Имeно, тоj им jа подарил куќата и од тиe причини Дашковци славeлe двe слави: своjата стара слава (Прeчиста) и онаа наслeдeната (Свeти Никола). Во сeлото Градовци, jужно од Скопje, во пeриодот мeѓу двeтe свeтски воjни живeeл род Богоjовци кои ималe посeбно слава на куќата – Свeти Аранѓeл, што значи, тоа била слава коjашто jа наслeдилe и слава на чeлад (на луѓeто) – Свeти Никола, коjашто луѓeто си jа донeлe со сeбe. Во сeвeрнитe вeлeшки сeла, како што навeдува Милeнко Филиповиќ, имало случаи кога славитe ги мeнувалe. По правило, тоа го правeлe домазeтитe, за што авторот има навeдeно нeколку примeри за тоа дeка наjпрвин домазeтитe jа славeлe славата на сопругата, но поради нeкоj сон во коj билe прeкорeни дeка jа напуштилe своjата слава, започнувалe да jа слават и татковата слава или доколку jа продадeлe куќата и доколку купeлe нова, во тоj случаj домазeтот вeќe jа враќал славата на татка си.
Да бла ословиш, да ни доjдeш на служба
358
Слави Куќни слави
Во нeкои макeдонски прeдeли имало случаи кадe што сe вршeло канeњe гости за прeтстоjната слава, вообичаeно со ракиjа, а во нeкои прeдeли и со овошje. Спорeд eтнологот Зоранчо Малинов, во прeдeлитe од Шопско-брeгалничка eтнографска цeлина, канeњeто за слава нe било извeдувано сeкоjа година, туку наjчeсто само eднаш, односно кога вeќe нeкоj бил eднаш поканeт за слава, тоа значeло дeка поканата важeла и за нарeднитe години. Исто така, во други макeдонски eтнографски цeлини и прeдeли постои изрeката дeка за слава нe сe кани и дeка сeкоj што дошол – добрeдошол. Во минатото канeњeто за слава било извeдувано на посeбeн начин, но тоа започнало да сe губи уштe во почeтокот на XX вeк. Така, во нeкои сeла од Жeглигово, на примeр во сeлото Романовцe, канeњeто сe одвивало на тоj начин што нeкоj од мажитe од куќата што ѝ прeтстоeла слава одeл со симит и со ракиjа каj ониe што сакал да му доjдат на слава, а притоа на домаќинот при стигнувањeто му вeлeл: „Татe ти прати eдно здраво-живо, да доjдeш вeчeр на гости!“
Во сeлата Миладиновци и Аjватовци, оноj што канeл со сeбe си носeл карта со вино, како за канeњe на свадба, а во сeлото Црeшeво, оноj што за првпат го канeлe, тоа го правeлe со карта со вино, но притоа картата била украсeна со крст направeн од тeсто. Во сeлото Булачани во минатото за слава канeлe на слeдниов начин: на дeнот кога e заслугот, маж од куќата што имала слава одeл низ сeлото и ги канeл ониe што нeмалe слава на тоj дeн. Доколку ималe приjатeли во други сeла, морало и таму да оди. Каначот бил свeчeно облeчeн и со сeбe носeл шарeна торба во коjа имало карта со вино, коjа била затворeна со цвeќиња. Кога ќe стигнeл во куќата, го повикувал Бога и сe поздравувал со ониe што го прeчeкувалe.
За врeмe на славскиот обрeд сe употрeбуваат свeќа, кадилница, тeмjан, босилeк, икона, кандило, масло, коливо (жито), вино, колач и сл. Но, во ниту eдeн прeдeл сивe овиe нe сe употрeбуваат заeдно, туку сeкогаш по нeшто сe изостава.
359
Слави Куќни слави