3 minute read
KRSTE RODŽEVSKI
KRSTE RODŽEVSKI acoustic guitar, vocal
9 ЈУНИ 22:00
Advertisement
Крсте Роџевски е македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена од неговата преселба во Њујорк во доцните деведесетти. По издавањето на трилогијата: „Batania“ (2015), „Bitter Almonds“ (2017) и „The Rabbit And the Fallen Sycamore” (2018), Роџевски ги снима „Hubris“ (2020) и „Fair Weather Friends” (2022). Станува збор за концептуални албуми со интроспективни текстови и електроакустичен звук, збогатен со експериментални и фри-џез елементи. Во нивното создавање, тој соработува со некои од најеминентните имиња на њујоршката експериментална и импро-џез сцена (Бил Ласвел, Томика Рид, Крис Дејвис, Икуе Мори, Мери Халворсон, Ингрид Лауброк и др.), како и со неколку врвни претставници на модерната чикашка сцена (Џеф Паркер, Никол Мичел, Кен Вандермарк итн.). Дури четворица од нив се добитници на престижната американска награда МекАртур, позната и како „грант за генијалци“. Творештвото на Крсте Роџевски добива извонредно позитивни рецензии во реномираните The Wire, Downbeat, Avant Music, All About Jazz, Stereogum... Новото, шесто по ред, издание на Роџевски под наслов „Black Earth“, продуцирано од Бил Ласвел, ќе излезе во втората половина на оваа година. На соло акустичниот настап на OFFest, тој ќе ги претстави своите песни во една чиста, наивна и соголена форма, ослободена од студиските дотерувања.
Krste Rodzevski is a Macedonian-born vocalist, guitarist, and composer, who has been active in the downtown avant-garde scene since relocating to New York City in the late ’90s. After releasing his trilogy of “Batania” (2015), “Bitter Almonds” (2017), and “The Rabbit and the Fallen Sycamore” (2018), Rodzevski recorded “Hubris” (2020), followed by “Fair Weather Friends” (2022). These are conceptual albums of insight-oriented lyrics and electroacoustic sound, infused with experimental and free jazz elements. His collaborators are some of the preeminent names of NY’s jazz-improv and experimental scene (Bill Laswell, Tomeka Reid, Kris Davis, Ikue Mori, Mary Halvorson, Ingrid Laubrock etc.) as well as superb representatives of the modern Chicago scene (Jeff Parker, Nicole Mitchel, Ken Vandermark, etc.). Of note, four of these musicians are recipients of the MacArthur genius award. His work received highly positive reviews by The Wire, Downbeat, Avant Music, All About Jazz, Stereogum, etc. Downbeat included “The Rabbit and the Fallen Sycamore” in the list of best albums of 2018. Rodzevski is expected to release his sixth studio record “Black Earth”, produced by Bill Laswell, later this year. His solo acoustic concert at OFFest will include song versions in a pure, naive, and free of studio-manipulation form.
IRENA & VOJTĚCH HAVLOVI Czech Republic
IRENA HAVLOVA viola da gamba, piano, vocal VOJTĚCH HAVEL violoncello, piano, vocal
10 ЈУНИ 20:00
Чешкото дуо Ирена и Војтех Хавлови (The Havels) има речиси 40-годишна заедничка уметничка кариера и партнерство зад себе. Започнаа да работат заедно кон средината на 80-тите како дел од експерименталниот ансамбл Capella Antiqua e Moderna, уникатна асоцијација на музичари чиј репертоар опфаќаше различни стилови на европската класична музика: од ренесансата до современата. Со текот на годините тие минаа низ неколку сопствени развојни фази, патувајќи долго и широко низ времето и просторот. Со својот инвентивен и неортодоксен пристап кон историските и модерните композициски техники и интерпретативни процеси, Хавлови развија уникатен и музички автономен јазик кој е тешко, ако не и невозможно, да се дефинира. Во изминатите 40 години тие бележат бројни значајни соработки. Прославениот независен режисер Винсент Мун сними документарен филм за нив. Композицијата на Брајс Деснер „Little Blue Something“, создадена во чест на музиката на дуото од Прага, која ги користи нејзините мотиви, ја снимиja Kronos Quartet на албумот „Aheym“. Музичарите од бендот The National, како и Суфјан Стивенс, се меѓу долгогодишните обожаватели на Хавлови. Нивната музика е отворена и сè уште расте добивајќи нови стимули. photo: Kateřina Wiecková
The Czech husband-and-wife duo Irena & Vojtěch Havlovi (The Havels) have almost 4 decades of joint artistic career and partnership behind them. They started working together in the mid 80’s as part of the experimental ensemble Capella Antiqua e Moderna, a unique association of musicians whose repertoire spanned various styles of European classical music, ranging from the Renaissance to contemporary. During the years they have passed through several distinctive stages of development, traveling far and wide, through time and space. With an inventive and unorthodox approach to both historical and modern compositional techniques and interpretive procedures, the Havel’s have steadfastly developed a unique and musically autonomous language that is difficult, if not impossible, to put in a box. The couple have had many important collaborators in 40 years. A documentary about them was made by the celebrated independent filmmaker Vincent Moon. Bryce Dessner’s composition “Little Blue Something” is a tribute to the music of the Prague duo and uses its motifs: it was recorded by the Kronos Quartet on the album “Aheym”. Musicians from The National, as well as Sufjan Stevens, are among the long-time fans of The Havels. Their music is open and still expanding, receiving new stimuli.