1 minute read
DIZZY MANDJEKU & THE ODEMBA OK ALL STARS
10 ЈУНИ 24:00 МКЦ - ДАНСИНГ САЛА DR Congo/Belgium
DIZZY MANDJEKU guitar TOMS NTALE guitar MALAGE DE LUGENDO vocals
Advertisement
LOKOMBE N’KALULU vocals NANA AKUMU vocals JOMALI BOLONGE bass guitar
ALONZO NZAU drums MUKULU MUKI trumpet, vocals DIBWIDI DIDAN tenor saxophone
Гитаристот Дизи Манџеку е жива легенда на конгоанската румба. Пред да стане член на славниот оркестар OK Jazz на Франко Луамбо Макиади во 60-тите и 70-тите, Дизи веќе предводи неколку бендови, настапувајќи со бројни великани на конгоанската музичка сцена. Во тоа време, Дизи и Сем Мангвана ги оформија African All Stars. Оваа формација, предводена од Дизи, имаше големо влијание на глобално ниво. Под уметничкото раководство на Дизи, Orchester African All Stars International објави три албуми, кои се сметаат за вистински конгоански споменици. Музичкото наследство и културното значење на Франко Луамбо Макиади и неговиот бенд T.P.O.K. Jazz е огромно. Конгоанската румба од неодамна е прогласена за нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Легендарниот оркестар на Франко беше извонредно влијателен, а неговиот оригинален стил во румбата стана познат како „Odemba“. По смртта на Франко, Дизи го презеде водството на бендот и стана незаменлив дел од музичката елита на Конго, стоејќи рамо до рамо со Папа Ноел, Папа Вемба, Тшала Муана и Веркис. Подоцна, по преселбата во Брисел, Дизи ги формира Odemba OK All Stars, негувајќи го уникатниот звук на традиционалната конгоанска румба.
In the Congolese rumba movement, the guitarist Dizzy Mandjeku is considered a living legend. Before he became a member of the renowned Orchestre OK Jazz, directed by Franco Luambo Makiadi in the 60’s and 70’s, Dizzy had already formed numerous bands in his home country, and played with many huge names of the Congolese music scene. Dizzy and Sam Mangwana formed the African All Stars, a formation that Dizzy was leading and that had quite some impact internationally. Under his artistic direction, the Orchestre African All Stars International released three albums, each considered true soukous monuments. The musical heritage and cultural relevance of Franco and T.P.O.K. Jazz is essential. The Congolese rumba has recently been added to the UNESCO list of intangible heritage. This legendary orchestra of Franco was of great influence and its unique approach of rumba became known as Odemba. After Franco’s passing, Dizzy took over the lead of the band and became an indispensable part of the Congolese musical society. At a later stage, when Dizzy had moved to Brussels, he founded Odemba OK All Stars, preserving the unique sound of the traditional Congolese rumba.