1 art therapy macedonia makedonski

Page 1

Основни принципи и можности на арт-терапиjaта Валентина Маринова Психотерапевт

Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на Валентина Маринова и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.


Потекло на арт-терапиjaта

Терминот арт терапија за прв пат бил употребен од А. Хил во 1938 г. при опис на својата работа со болни од туберколоза. Арт-терапијата се појавува речиси истовремено во Англија и САД во 40-те год. на 20 век. За разлика од создавањето и развојот на многу други психотерапевтски пристапи, кои тргнуваат главно од науки, сврзани со развојот и функционирањето на човекот, во Англија идејата за користење на материјали и методи на ликовна уметност доаѓа од уметници. Во Бугарија арт-терапијата се развива (уште пред промените во 1989 г.) благодарение на едни от пионерите на арт-терапијата во светот – проф. Дајана Волтер – раководител на Катедрата за арт терапија во Лондон и Даниел Ламли – спровел реформа во англиското училиште, ослободувајќи го образованието по ликовна уметност од шаблонските шеми, преку пренесување методи позајмени од арт терапијата во часовите по цртање.


Специфични механизми на терапевтска интеракција

1.

2. 3. 4. 5. 6. 7.

Сообразно редeфинирање на изразуваната „содржина” на еден релативно непознат до тој момент за пациентот невербален начин. Откривање на себе си со пониско ниво на притисок. Изразување на чувства, кои се фрустрирани и за нив нема модел на однесување. Врска меѓу минатото, сегашноста и иднината. Пациентот е активен субјект. Тој престанува да се чувствува само како беспомошна жртва на своите проблеми и внатрешни конфликти. Соединувањето на внатрешното, фантазијата и надворешната реалност во творечки продукт. Споделувањето на продуктот и на процесот на работата со него, допринесува за создавањето на терапевтска врска.


Основни насоки кај арт-терапевтската работа со деца 1 дел

Детето го опишува цртежот, така како што го разбира.

Детето раскажува за конкретни делови на цртежот, ги опишува реалните форми на објекти и луѓе, кои ги нацртало.

Детето се поттикнува да го опише цртежот во прво лице, еднина (има веројатност тоа да предизвика вознемиреност кај некои деца).

Ако детето не знае што нешто означува во процесот на работата со цртежот и не може да го објасни, терапевтот може да му предложи интерпретација, многу внимателно и задолжително сообразно со неговото “чувство за правилност”. Ако детето го прифати, тоа е добро и може да му помага во процесот понатаму. Ако детето не го прифати предлогот, терапевтот го повлекува и не му го наметнува.


Основни насоки кај арт-терапевтската работа со деца 2 дел •

Поттикнувајте ги децата да се сконцентрираат на користењето на боите. Боите можат да се користат реално или идиосинкратично и на различни начини во различни моменти. (Во својот развој малите деца не ги користат боите реално).

Внимавајте на сигнали во детскиот глас, тонот, држењето на телото, говорот и дишењето. Користете ги тие знаци, за да поттикнете понатамошно истажување или за да ги оттргнете мислите и идеите кои создаваат голем неспокој кај детето. Помогнете им на децата да стекнат чувство за сопственост на продуктот кој го создале, без разлика дали е тоа цртеж, расказ или нешто друго. Внимателно прашајте ги на кој начин е продуктот поврзан со нивниот живот или со дел од нивниот живот.


Основни насоки кај арт-терапевтската работа со деца 3 дел •

• •

Внимавајте на изоставени делови или празни пространства при што сепак, имате предвид, дека не можеме да прифатиме дека изоставениот дел секогаш е симбол на едно и исто мислење или чувство во секој цртеж, или дури во секој цртеж, создаден од едно исто дете. Понекогаш може да го прифатите цртежот буквално, но понекогаш е потребно да тргнете во спротивна насока од она што е нацртано. (Пример: Супер херои, кои се одразуваат на самодовербата на детето или маркер за преголема компензација на ниска самооценка). Натерајте го детето да го опише процесот на цртање (чувствата кои ги чувствувало пред, за време и по завшувањето на работата). Барајте модели и теми во производот.


Основни насоки кај арт-терапевтската работа со деца 4 дел •

• •

Не може терапевтот да си дозволи да го критикува цртежот на некое дете врз основа на неговите уметнички квалитети. И воопшто да критикува. Важно е да има разнообразност од материјали, за да може да се почувствува и односот кон материјалот, да се даде можност за избор. При недостатокот на разнообразност, децата можат да донесат стари материјали од дома. Тоа исто ги прави вклучени и додава повеќе авторство и легитимност на терапевтскиот процес. Ако се прави во училиштето, оваа дејност да не противречи на училишните часови. Да биде интегрирана во целосниот учебен процес. Кога се работи со деца, важно е да имаат структура, рамка и ограничувања, затоа што тоа е дејност, која подразбира експресија, слобода. Важно е оваа дејност да не прерасне во еден хаос, кој ќе го изневери терапевтот и потоа и децата и да ги одбие сите учесници во овој процес.


Основи на арт-терапевтската работа со деца 5 дел • • • •

Излегувањето надвор од рамките на дозволеното теба да се избегнува, бидејќи кај децата може да остави идеја не за сериозна работа, туку за хаос и преминување на граници, што не е целта на работата. Безбедност на физичката средина, да нема предмети со кои децата може да се повредат. Арт-терапиjaта избегнува конкуренција во однос на тоа кој нацртал нешто поубаво; тоа е многу важно за децата, бидејќи многу недостасува во училишната средина. При работата со деца може да се дава тема на цртање, земајќи ја предвид тенденцијата на групата и на какви потреби на групата ќе се одговори, додека кај возрасни многу повеќе се остава изборот на самата група, додека при работата со деца таква интервенција е сосема допустлива.


Корисни линкови

• Британска асоциација на арт-терапевтите http://www.baat.org/ • Бугарска асоциација за арт-терапија http://arttherapy-bulgaria.org/


Галерија

Основачите на Бугарската асоциација за арт-терапија во 2006 г.


Тренинг и обуки за арт-терапија

Серија семинари „Вовед во арт-терапијата“ – еднодневни семинари на определена тема Летна школа за арт-терапија – тридневна школа во месец јуни Наставна програма „Арт-терапијата како метод во консултирањето, превенцијата и рехабилитацијата” – воведно, основно и специјализирано ниво


Галерија


Крај! End!


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.