3 art terapija kaj deca so autizam

Page 1

м-р:Јасмина Лукановска дефектолог-арт-окупационен терапевт

Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на M-р Јасмина Лукановска и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.


Аутизмот е најсериозна форма на манифестирање на аномалии во развојот на личноста,која влијае на можноста на личноста да има контакт со други лица.

Еден критериум кој има значање кај аутизмот е полот. Аутизмот се појавува 4 пати повеќекај машките деца , отколку кај женските деца.


Не се познати причините за појава на аутизмот. Се смета дека имаат генетска основа. Исто така фактори кои се смета дека придонесуваат за појава на аутизмот или за зголемување на симптомите се: одредени видови на храна, заразните болести, тешките метали, издувни гасови, пестициди,фталати и феноли кои секористат воизработката на пластичните производи, алкохол,пушењето цигари, дроги и вакцини.


Сите луѓе со аутизам имаат некои основни симптоми во следниве области:  Социјални интеракции и меѓучовечки односи  -Позначајни проблеми во невербалната комуникација, како што егледањето воочи, изрази налицето, држење на телото,  -Неможноста да воспостави пријателства со деца на иста возраст,  -Недостаток на интерес за споделување на радоста, грижите или успехот на другите луѓе,  -Недостаток на емпатија. Луѓето со аутизам имаат потешкотии во разбирањето на чувствата на другите луѓе, како што е болката или тагата.


Вербална и невербална комуникација    

-Каснење во говорот или недостатокод него -Проблеми во започнување на разговор -Стереотипен јазик и употреба на повторувачки зборови - Потешкотија во разбирањето на ставовите на лицата со кои водат разговор. Напр. Лицето со аутизам може да не разбере кога некој се шегува -Можат да ја протолкуваат комуникацијата од збор до збор и не се во можност да ја разберат пораката


Намален интерес за активности или игра 

 

-Невообичаено внимание врз играчките. Помалите деца со аутизам често се фокусираат на делови од играчките, какошто се тркалата на автомобилот и не игра со целата играчка. -Потреба за рутина -Стереотипно однесување, Симптомите на аутизам најчесто се забележуваат прво од страна на родителите или други лица вопрвите 3 години од животот на детето.


Третман 

За да се има успех во работата солицата со аутизам, потребно е да се започне со ран третман кој започнува од 2до 3 години. Најчесто користени терапии се Медицински третман, диети, применета бихејворална анализа-АБА, систем на комуникација преку размена на сликиПЕКС, логопедски третмани, терапија преку игра, терапија со животни, музико терапија, арт- терапија.


Резиме  Аутизам е невролошко нарушување со квалитативни оштетувања во социјалната интеракција и комуникација како и присуство на репетитивни и стереотипни обрасци на однесување, интереси и активности. 

Кога се зборува за аутизам се мисли на тријада на оштетување:социјализација, комуникацција и имагинација.


Проблемите во социјализацијата може да се изразат како сиромашен контакт со очи, недостаток на изрази на емпатија. Социјалнно базираните емоции како срам или конкурентност и не постојат.

Тешкотиите во комуникација се гледаат во однос на недостатокот на заеднички граматички грешки. Контекстуално прашање (зошто нешто се случува) и заменката се користи заедничко за една проблемска област. Често пати имагинацијата отсуствува поради природната потреба од ред, контрола на секојдневните активности.


Donna Williams(1996) вели дека проблемот со аутизмот е поврзан со сетилата:     

допирот е ужасен, мирисот премногу силен, звуците болат, видот е пореметен, вкусот е премногу изразен.


Арт- терапијата активно се вклучува во овие области. Арт-терапевтот прави палета од сензорна стимулација, каде што пред се обезбедува сигурна, организирана средина, користејќи активности што ќе можат да ја отворат вратата на имагинацијата. Примената на арт- терапијата во раната дијагноза, процената на секое дете, едукацијата, третманот и рехабилитацијата е од суштинско значење


Во арт- терапијата не се користи само една метода, туку постои голем број на различни пристапи и нивни комбинации. 

-Користење на спонтани цртежи на детето -Комбинација на цртеж, слика, драма -Комбинација на серија на цртежи и драматизација на приказна околу нив како филмско сценарио.


На децата не им требаат никакви материјали за да ги развијат своите цртачки способности.

Светот е полн со можности да се развијат овие способности, само треба детето да се адаптира на истите.


Пр. Џејсон е отприлика 14 месеци и се храни со неговиот омилен пудинг од јаболка и по обичај поголемиот дел завршува на маса или на под. Тој неможеше да одолее и неговата рака веднаш почна да експериментира со составот и со промените што настануваа со формата кога тој ќе ја ставеше раката низ пудингот. Тоа за него е искуство што вклучува мирис, вкус, допир, состав и визија. Тоа не само што го стимулира орално туку и неговата радост е јасна кога го допира овојинтересен материјал. Со мрдањето на неговите прсти се добиваат различни форми и тоа го доведува уште повеќе да експериментира


Развојот на цртањето кај децата започнува во исто време кога почнува развојот на говорот околу 15 месечна возраст.  1.Пре- репрезентационо цртање  Израз кој често се користи да се опишат овие цртежи е “чкртаница”. Тоа вообичаено значи опис на нешто што нема значење. Ние ќе покажеме дека ова не е точно. Ние повеќе сакаме да го користиме терминот пререпрезентационо цртање. Репрезентационо значи вообичаено да се репрезентира нешто визуелно.


На пр. Сум видел цвет во градина и во негово отсуство јас го репрезентирам преку цртањето. Или тука може да се репрезентираат аспекти од мојот внатрешен свет, мојата лутина или разочарување и да бидат преставени на абстракно ниво преку користење на форма и боја. Со користење на терминот пререпрезентација ние укажуваме дека во раните степени во развојот на детето тоа не значи дека свесно сака да репрезентира нешто.


2. Стадиум на правење на белег 

 

Од 2-4 годишна возраст постои рано правење на белег- кој се нарекува“стадиум на чкртаница” .Овој стадиум најчесто е пропратен со вербален опис за тоа што се случува и е насоченакон самиот себе, односно постои комуникација со самиот себе. Односно овој стадиум се нарекува и “Именувана чкртаница”. Низ цртежите децата искажуваат како се чувствуваат и како ја доживуваат околината околу себе. Со цел целосно да се набљудуваат овие стадиуми се користат видео снимки.


Пример- Патрик го набљудувавме кога тој беше 2 години и преку видео снимање се покажа дека тој поминува 45 минути во цртање на еден цртеж. Иако завршеното дело непокажува некоја препознатлива форма,преку видео снимката сепокажува односот помеѓу интеракциите на Патрик со околината и белезите што ги направил . Тој бил свесенза видео опремата и велел камера- додека во исто време користејќи жолти креони со мали повеќекратни мали потези. Покасно неговото внимание се сврти кон гледање околу собата, посебно на еден постер со слики на риби.


Тогаш тој одбра кафеав креон и неговите движења беа кружни додека го кажуваше зборот риба. Сеуште држејќи го кафеавиот креон тој сега се сврти кн другите деца близу до него на масата и иако не гледаше во тоашто го правеше тој продолжи да прави белези на дното на хартијата. Ова е пример на именувана чкртаница пропратена со физичка активност како што беше опишана предходно.


3. Стадиум на препланирање  Од 4 годишна возраст децата почнуваат да прават препознатливи цртежи, тоа се нарекува “стадиум на пре-планирање”.  Во овој стадиум детето почнува да ги поврзува белезите во светот околу нив,лииите почнуваат да постануваат повеќе од движење.  Во рамките наовој стадиум на чкртаница кога децата експериментираат со различни движења со рацете, гледаат дека различните белези даваат резултат.  Детето постигнува степен кога препознава форма со белезите што ги направил.  Најобичен пример од ова се кружните движења што детето ги прави кога правикруг.  Еден од квалитетите на кругот е што е затворена форма. Во имагинацијата на детето ова преставува билошто-личност, кола или животно.  Овој стадиум е транзиција помеѓу пререпрезентативно и репрезентативно цртање.


4.Стадиум на планирање  Децата откриваат дека белезите преставуваат објективовистинскиот свет, тие исто така ја откриваат и формата на говор.  Дете што го откриа кругот со правење на кружни движења,почнува да експериментира со ова движење со цел да го усоврши.  Тоа го користи движењето што веќе го знае.  Најчест начин е круг со помали белези во внатре, преставувајќи белези одлицето и 4 линии кои ги преставуваат рацете и нозете.


Пример-Џефри спонтано направи круг со два помали белега внатре и четири коипреставуваа екстремитети.На прашањето што значат точките вокругот тојодговориочи. Напрашањето каде е носот-неговата прва реакција беше да го допре својот нос, а потоа и третиот белег беше ставен во кругот. Една недела подоцна повторно ги нацрта истите белези, но овојпат во средината имаше белег кој го означуваше носот. Продоживме со оваа игра и го прашав каде е устата. Тој повторно покажана својата уста и потоа стави четврт белег во кругот. Овој стадиум е наречен “Интелектуален реализам”.


5. Стадиум на Интелектуален реализам  

Во овој стадиум децата цртат што знаат,а не што гледаат. Цртежите на децата зависат од тоа што им е во мислите, отколку тоашто се наоѓа пред нив. Џефри правеше 2 круга еден над друг,првиот ја преставува главата а вториот телото. Беше прашан каде е папокот, а тој веднаш ја стави раката на стомакот,и потоа направи белег во средината на вториот круг. Јасно е дека тој не ја гледаше целата фигура, туку се ослонуваше на внатрешното знаење на својата анатомија . Во овој стадиум детето не само што знае дека цртањето е форма на јазик, туку и почнува да развива вокабулар од тој јазик.


 

Колку повеќе децата експериментираат со линии, форми, бои, толкуповеќе стануваат компетентни во пренесување на внатрешното доживување на лист хартија. Со текот на времето стануваат толку вешти да непостои ништо што тие не можат да го прикажат, а што го чувствуваат. Цртежите се полни со луѓе, животни, дрва, цвеќиња, куќи, автомобили -на кратко целото искуство за светот околу нив. Цртежите на децата постануваат репрезентација на нивните искуства. Во спектарот на аутизмот, има деца кај кои оваа ситуација се развива после 3 тата година од животот.


Пример-Дејвид започна со арт- терапија на 9 годишна возраст , а дијагнозата аутизам ја добива на 4 годишна возраст, иако неговите родители приметиле дека нешто не е во ред уште многу порано. Бидeјќи повеќето деца со аутизам покажуваат знаци на вознемиреност кога се во присуство на непознати луѓе, се практикува да се помине време во нивната околина пред да сепочне со арттерапијата. Тоа им овозможува на децата да се навикнат на терапевтот, а и терапевтот на нив. Дејвид поседува одличниперцептивнии моторни вештини. Тој ужива во уметноста, занесен во активноста, паузирајќи од време навреме да каже еден или два збора , обично да опише што нацртал, без да биде насочен кон одредена личност.


 

Анализирајќи ги делата на Дејвид се заклучи дека е доста уметнички надарен,но и дека е опседнат со животни одмала возраст. Сите обиди да нацрта нешто друго освен животни е безуспешно. Формалната терапија со Дејвид започна после 4 тата сесија,но кај некои деца е потребно и подолг период. Во третата сесија се почуствува дека може да му се пријде физички. Седнав близу до него, нотојнеме приметуваше. Обидите за разговор беа безуспешни. Ова траеше 6 недели, покрај сите обиди,првата сесија беше најтешка која траеше само половина час.


Во почетокот Дејвид беше релаксиран со своите материјали и почна да црта. Неговите цртежи беа типични од тоа што сум го видел,разни видови наживотни, лав, тигар...Секоја нацртана фигура беше именувана. Јас му понудив нов лис хартија кога видов дека завршил со цртањето, тој јаприфати и почна да црта повторно. Второто цртање беше типично, но со повеќе животни. Неговото цртање беше по шема. Тој имаше формула со која се придржуваше, слично како репетативните симптоми нааа аутизмот.Тогаш на третиот лист хартија му се даде инструкција да нацрта нешто друго како на пр.самиот себе.


 

Тој се подзамисли и почна да црта. Го напиша своето име и мпогледна како да завршил со барањето.Кога му се објасни дека треба да се нацрта себеси тој почна да црта кругови како глава, уши, без да го поместува моливот, коса над главата. Тој почна да покажува знаци на вознемреност, гледајќи во терапевтот како да му требаше подршка. Тој стануваше се повознемирен и ја изгужва хартијата,ставајќи ја раката во уста, но во последен момент се воздржа да не се повреди. Терапевтот му даде нов лист и му објасни дека не мора да продолжи понатаму на тој лист. Тоа успеа да го смири и тој почна повторно да црта со своите креони, со слични животни.


Во текот на оваа прва получасовна сесијаДејвид направи 7 цртежи со животни. На крајот Дејвид му се обрати на терапевтот и го праша да црта со него. Беше мирен и релаксиран кога цртаа заедно. Оваа ситуација даде до знаење дека тој е чувствителен кога се однесува до јазикот и негово разбирање. Повеќето луѓе кои се грижат за Дејвид гледаат колку е можно да него ставаат во ситуација да биде вознемирен. Терапевтот во првата сесија не го направи тоа,и тој се вознемири.Во втората сесија односот се подобруваше,


Се повеќе се ослонуваше на невербален разговор, што се гледа од видео снимката. По 9 тата сесија тој стана потолерантен на вербалните комуникации од страна на терапевтот. Во 28 та сесија тој беше во можност да го продолжи тоа од предходната сесија. Предходно тоане беше присутно.Тој напредок се гледа во тоа што со враќањето кон изработеното од предходната сесија,почнува да прави еден говорен однос помеу минатото и сегашноста. Со текот на времето имаше нацртано слонови, мајмуни, тигри, пајаци.


Сите тие беа нацртани со иста формула.сите имаа сплескана форма без сенчање или користење на боја за да се добие тродимензионалност. Оваа формана цртање не е поразлична од други форми на репетативно однесување кај деца со аутизам, како на пр. Ставање блокови од коцки или редење на креони строго по боја. Сега гледаме дека тоа што напрв поглед изгледаше методично цртање, е всушност симптом на неговата аутистична состојба.


Кај Дејвид цртежите беа пошема и репрезентативни, типични за едно седум годишно дете. Но за разлика од обично 7 годишно дете кое има емоционален однос кон тоа што го црта,често пропратено со богат говор, кај Дејвид тоа го нема. Со тоа што тој ги именува животните нема никаква индикација за некаков однос или возбудување или било каков емоционалено дговор. Со тоа се гледа дека тој пропуштил некои од раните стадиуми на развој кај цртањето во кој играњето со материјали за цртање нуди емоционално реагирање кај детето.


Стратегијата беше да се проба Дејвид да експериментира со различни иматеријали за цртањесо цел да добие поразновидни и не толку стереотипни цртежи. Но токму тие нови материјали му предизвикаа нервоза и повторно се враќаше на старите материјали. Со текот на времето креоните беа заменети со четки и бои и ако се види под бојата,повторно се истите стереотипни цртежи на животни. Тоа покажува дека иако тој ги толерира новите искуства со бои и четка,сепак основата е иста и му останува како сигурност.


Случаите што се објаснети до сега служат како пример за специјална методологија во арттерапијата што се развива преку работата со деца со аутизам. Во развивањето на оваа методологија,се користи терминот и нтерактивна арт- терапија бидејќи акцентот е на внимателно набљудување на искуството и на детето и на терапевтот. Ова посебно се однесува на комуникативните способности и можности на детето .Нас не интересира не само јазикот како форма на комуникација туку и како комуникативан рамка која приозлегува од моментот на раѓање.


Во раните стадиуми на животот се појавуваат комуникативни примери кои кулминираат во развојот на јазикот и уметноста. Кај некои деца со аутизам, симптомите на пореметување можат да влијаат врз раните стадиуми на комуникација на таков начин да користењето на говор е целосно блокирано. Досега ја видовме поврзаноста помеѓу вербалниот говор со другите форми на комуникација, посебно преку уметноста. Од тоа ни е јасно дека во такви случаи раната терапевска интервенција енеопходна. Оваа терапија може да започне уште од 12-18 месеци. Какошто се развиваат инструментите за дијагноза, така станува полесно да се открие аутизмот на рана возрасти да се почне со терапија.


Во сесијата терапевтот се фокусира на сите аспекти на изразите на детето и се труди да го разбере и да му го објасни тоа на детето. Со други зборови секоја вокализација или движење, се директен одговор на околината,како и налуѓето во неа. Тоа му помага на детето да добие некој видна значење што тие изразувања преставуваат.


Пример- Шарлот немаше прозборено на ниту една сесија од можни 50 сесии, но често мрмори сама со себе. Некогаш прави могу високи тонови, додека гледа во таванот и ги мрда очите наоколу да види каде звукот ќе отиде. Со тоа што терапевтот ги повторува тие високи тонови по неа и го прати нејзиниот поглед,тој влегува во нејзиниот свет. Тоа е многу важно бидејќи таа сега бара намерно да ги дели тие искуства со терапевтот. Иако сеуште не секористи говорот,сепак квалитетот на нивната протоконверзација е релаксирана.


Во текот на една сесија терапевтот беше поспан. Шарлот се доближи до терапевтот, му даде контакт со очи, што даде до знаење дека таа го бараше намерно вниманието во целост. Ова беше многу важно бидејќи терапевтот може невербално да и даде до знаење дека ја разбира нејзината потреба за блискост и тоа беше многу важно за неа. Таа направи 4 многу интересни цртежи во текот на оваа сесија што покажуваат блискост, изолација и разбирање на блискоста помеѓу неа.


Средена средина 

Стимулациите како светла (визуелни), миризби(олфакторни), звуци, тактилни дразби некогаш и вкусови се од големо влијание кога се средува просторот за работа.Можеме да зборуваме за ниска или висока стимулација. Повеќето простории се високо стимулирани- бои на зидови, разноврсни материјали, слатки миризби во воздухот дури и грицки и пијалоци во близина.


Идеалниот работен простор треба да биде поголем, со што ќе се креираат различни места, за да се прилагодат различни сензорни потреби.

Соба со ниска стимулација или простор треба да има празни зидови, без никакви материјали и празни непокриени прозорци. ѕидовите да се во прикладни бои, подот да се покрие со мек паркет, или перници. Столови и маси да има минимално.


Обезбедување на визуелна подршка Децата со аутизам често се високо визуелни (потребни им се визуелни модели, визуелни инструкции). Визуелни модели- може да биде се што ќе може детето да го инспирира(играчка, слика, цртање од страна на возрасни). Визуелни инструкции- може да бидат сликовни или пишани и да обезбедат јасна структура и очекување.


Менување на задачи во повеќе делови Ако е потребно објектот што се црта може да се подели на делови. На пр.Цртање на куќа се мисли на цртање на две хоризонтални линии и две вертикални линии, потоа две линии што доаѓаат од врвот до дното, правејќи триаголник итн.


Да се обезбеди физичка, сензорна подршка Ако детето ги користи материјалите несоодветно обезбеди им замена( ако џвака четка обезбеди нешто соодветно за џвакање).  Некои шкрабања ќе започнат во ред, потоа понесени од кинестетското чувство децата прават удари.  Треба терапевтот да обезбеди нежен притисок на зглобот или рамото не детето, а со тек притисокот да се намалиод нашата рака.


Работата на детето да не се обесхрабрува- Да се прослави нацртаното. Да се даваат имиња на изолираните шкрабања- на тој начин му се помага на детето визуелно да ја изолира сликата, да почне абстракно да размислува и да отвара начин за прешематско цртање . Базичните шкрабања да се персонализираат (вертикалните линии се пруга или тигар, точките се пуканки). Не е на одмет и и вклучување на звук, песна, слика, приказна.


Децата со аутизам имаат потреба од ред и организирање затоа се користи техниката на секвенци во бои, потреба боите да се користат во правилен ред, како виножито шема(ROYGBIV), red, orange, yellou, green, blue, indigo, violet.


Етикетирање на бои- Ова вклучува етикетирање- човек, зграда, случка во одредена боја. Пр. Понеделник е црвен. Која е причината за избор на одредена боја тешко може да се утврди. Работата со скулптури е многу тешка. Дводимензионалната работа- цртање или боење е обично полесна да се замисли . Но Тродимензионалното творење е поврзано со доцнење во развојот и тактилна одбрана.


Тактилна одбрана- овој термин се користи од многу терапевти. Тактилна одбрана е осетливост на допир, а тоа вклучува стискање, допир на текстура. Децата можат да бидат хиперстимулирани и допирање на мокри лигави материјали понекогаш им е тешко да ги толерираат. Сушената глина, оставањето на бел траг од глинамолот или боење со раце може да бидат доста непријатни за нив,


 

Арт- материјалите влијаат врз арт- регулацијата Малите деца обично истражуваат низ артматеријалите (сакаат дебели бои). Терапијата може да помогне во смирувањето и регулирањето. При изведување на арт- терапијата треба да се внимава на добрата подготвеност на средината и материјалите со кои ќе се работи. Внимателно да се испланира времето за објаснување на активноста која отприлика трае 20 минути и време за изведување на активноста која е во времетраење од 20 минути. Голем акцент е ставен во изразувањето на чувствата и емоциите кога е креирана творбата, како и во завршниот продукт.


Арт- терапијата не е замена за нормалната терапија туку интегрален дел од почетокот на третманот, Преку тоа се развива толерантноста кај децата. Во арт- терапијата имаме конкретна форма на уметничко дело или цртежи кои можат да предизвикаат силна реакција кај детето. Една од најголемите пречки за имагинативните игри се шематските цртежи и активности. Тоа значи користење на еден вид материјали и предмети за цртање, повторување на истите цртежи и движења.


Преку користење на раните категории во правење на белези- шкрабање, знакови, можно е да го забележиме шематското однесување и нивните потешкотии во комуницирање. При изведувањето на арт- терапијата треба да се има во предвид дали детето налозите ги прима преку индиректен или директен пристап или пак е чувствително и треба посебен пристап


При индиректен пристап децата имаат главно интеракција преку говорот на телото, повторување на исти движења, паузи, контакт со очи. Терапевтот не ги повторува овие движења. Кај дирекниот пристап децата се задоволни и се користи традиционалниот начин,а целта е да се охрабрат да користат колку што е можно повеќе уметнички материјали Кај чувствителните деца секој контакт може да е премногу за нив и тие да се чувствуваат како да се надвор од терапијата.


Арт терапијата се фокусира на психолошко- емоционалниот развој кај децата и е форма на рана интервенција која помага во однесувањето кај детето. Раните фази на цртањето и неговиот развој се многу важни и се основа за развој на комуникациските способности и користење на вербален говор.


Благодарам на вниманието


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.