УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНИОТ ПРОЦЕС ПРЕКУ ТЕХНИКИТЕ НА АРТ- ТЕРАПИЈАТА
м-р.Јасмина Лукановска дефектолог-арт-окупационен терапевт Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на M-р Јасмина Лукановска и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.
Зошто уметноста е вообичаена дисциплина на инклузијата? Уметноста овозможува учење преку активности кои го охрабруваат и олеснуваат едукативниот и социјалниот развој. АРТедукаторите се во уникатна положба, бидејќи уметноста има способност да се поврзе со сите уч еници без разлика на нивните ограничувања. Бројот на ученици со посебни образовни потреби во одделенијата каде се применува арт- терапијата постојано се зголемува. Всушност одделенијата каде се практикува уметничкото изразување се и првата срединакаде севклучуваат учениците со посебни потреби. Арт- терапијата овозможува поголем степен на самоспознавање и креативност кај учениците со посебни образовни потреби.
ШТО Е АРТ- ТЕРАПИЈА?
Арт- терапијата е форма на психотерапија која не се интересира за естетиката на произведеното од странана детето во процесот на работа, туку целта е да му се помогне на детето да направи одреденапромена, да ја развие личноста како и својот потенцијал .Арт- терапевтот не прави дијагностика и не ги оценува ликовите и симболите што ученикот ги создал,напротив се насочува ученикот да го користи својот потенцијал преку примена наразлични материјали. Арт- наставникот мора да биде подготвен да ги учи учениците во интегрирани одделенија и да одговорат на социјалните, инструкциските и програмските способности на учениците со различен степен.
Арт- терапијата е средство кое непосредно влијае и го олеснува процесот на инклузија на учениците со посебни образовни потреби.во рамките на редовнитее училишта. Се смета дека уметноста е од голема корист за ученикот,овозможувајќи му дасесоочисо различни трауми, злоупотреба, проблеми во однесувањето, исто така им дава можност за емоционална експресија, особено оние ученици кои немаат добро развиена вербална комуникација. Преку сликата детето може даојасни или раскаже некој настан штого доживеал, да изрази бес, лутина, страв,фрустрација или радост и среќа.
Затоа
арт- терапијата може да биде корисен пристап во воспоставување на комуникација со различни деца, но не смее да се заборави дека во инклузивната училница арттерапијата не е главната структура на средина која поттикнува на учење. Со прилагодувањето и паралелна примена на арт- терапијата со курикулумот се овозможува вклучување на сите деца во методска обработка на единицата без разлика на нивните ограничувања.
Постојат четири области на придобивки од арт- терапијата кај учениците со посебни образовни потреби: Уметноста се користи како средство за стекнување на академски концепти Уметностаа се користи како акцелератор за социјални вештини Уметноста се користи како средство за градење на позитивна слика за себе и сопственото тело Уметноста секористи како средство за инклузија/интеграција на деца со посебни образовнипотреби.
Одделението
вокое се спроведува арттерапијата и часовите по уметност, не се нова рамка за инклузивно образование. Корените на арт- терапијата низ призмата на образованието се поставени многу одамна. Таквата училишна поставеност на учениците им дава слобода да напредуваат,,да донесуваат одлуки и да ги надминуваат препреките. Уметничкото изразување ја зголемува свесноста на ученикот за светот и неговата улога во светот.
Улогата
на арт- терапијата во рамките на училиштата им е да помогне на учениците во изразување и решавање на нивните внатрешни конфликти, да ја олесни нивната адаптација на надворешни промени и тоа најчесто на ученици со потешкотии во учењето, проблеми во однесувањето, емоционални растројства, физичка попреченост во фината и груба моторика. Училишните арт- терапевти треба да соработуваат со колективот во училиштето,како и со родителите на децата,во насока да ги споделат и заедно да ги реализираат основните цели на арттерапијата.
Инклузијата во одделенијата каде се спроведува арт- терапијата создава и многу можности засоцијална интеракција помеѓу врсниците,вклучувајќи го врсничкото туторство, при што учениците со посебни потреби стануваат делод колаборативен тим.
Основа на секоја арт- терапија е иницијалната процена преку која се согледуваат преостанатите способности и потенцијали на ученикот,но и негови ограничувања.
Типичниот начин на проценка во арт- терапијата сесостои од 5 или 6 задачи со примена на различни медии и материјали, кои арт- терапевтот ги задава на ученикот.
Овие
задачи се во корелација на личната перцепцијана ученикот, перцепција занеговото семејство, училиште или други аспекти на средината. Процената се врши и на цртежите и на однесувањето на ученикот за времена реализацијата на самите задачи,а се проценува развојната, семејната и академска историја. Наставникот мора да има во предвид декапсихичкиот живот на детето е многу осетлива област и затоа треба да има многу внимателен пристап.
Пратењето
на детскиот развој од страна на наставникот овозможува надополнување на сликата добиена од психолошката дијагностика на детето и педагошката перспектива атоа е една од најсложените задачи на наставникот во современото училиште. Соодветната дијагностика и прифаќање на децата во учииште, ќе ја намалат траумата на децата со која сесоочуваат при поаѓање на училиште и која подеднакво ги погодува и детето и семејството.
Арт-
терапевтот нема за цел само да ги утврди бариерите со кои се соочуваат ученицитесопосебни потреби, туку и да ги дијагностицира проблемите и да обезбеди индивидуализирани интервенции со кои ќе им помогне на учениците во процесот на учење. Децата ретко покажуваат отпор кон процесот на арт- терапијата и уметничкото изразување. Таа им нуди начини да се изразат себе си,што потешко го остваруваат со вербална комуникација. Оссновни задачи кои се сретнуваат во работатана арт- терапевтот се:
-Консултации-
соработува со наставниците, родителите и останатиот училишен персонаал во решавањето на социјалните проблеми како и вопроблемите со учењето и однесувањето. Им помага на другите да го разберат детскиот развој и ја зацврстува поврзаноста помеѓу наставниците, родителите и општеството. Едукација- обезбедува програми заменаџирање на стратегиите во училницата, стекнување на вештини кај родителите, работа со деца со посебни образовни потреби, стратегии на учење со примена на уметност и сл.
Истражување- ја проценува ефективноста од академските програми, процедурите на справување на однесувањето, спроведува истражувања заимплементација на нови сознанија. Проценка- во соработка со останатите наставници и родители применува на широк спектар на техники, го проценува когнитивниот, емоционалниот развој на учениците,академските способности, слабости, училишните програми, развојот на личноста. Интервенции- работи дирекно со учениците и семејствата и им помага во решавањето на конфликти како и проблемите поврзани со прилагодувањето на учениците во училишето, справување со проблеми во однесувањето.
ТЕХНИКИ НА АРТ- ТЕРАПИЈАТА ВО ИНКЛУЗИВНА УЧИЛНИЦА Цртање Цртеж
на семејство- од детето се бара да го нацрта своето семејство, при што доколку детето има потешкотии се насочува да го замисли својот дом и лицата кои живеат во него, а откако ќе нацрта од него се бара да го престави цртежот. Во текот на анализата од детето може да се побара да каже по нешто за секој лик од цртежот,или да изведе одреден дијалог помеѓу ликовите. Оваа вежба може да сеизведува секој месец со цел да се добијат нови описи на чувства.
Цртеж
на грмушка- Детето треба да се отвори кон креативни асоцијации, потребно е да му се даваат многу сугестии. На пр. Деца, затворете ги очите и отидете во свој простор и замислете дека сте некоја грмушка од роза или некое друго растение. Од детето се бара да каже на пр. Каква грмушка си ти? Дали си многу голем?Дали си многу мал? Дали имаш цветови? Каде се наоѓаш? Има лидруга грмушка или си сам? ИИзгледаш ли како грмушка на роза или нешто друго? Имали нешто околу тебе и какво е? Како преживуваш? Се грижи ли некој за тебе?
После тоа се бара од децата даги отворат очите и да ја нацртаат својата грмушка. На децата им се напоменува дека не треба да се грижат за цртежот бидејќи се ќе можат да објаснат. Понекогаш може да се постави дирекно прашање Кој се грижи за тебе? Понатаму се прашува дали тоа што кажал во описот на грмушката, одговара на било кој начин, на описот на живототна детето. Покасно можат да се прочитаат сите тврдења и да се води разговор.Некогаш децата лесно се идентификуваат со грмушката и таа идентификација може да помогне да детето почне да зборува за своите грижи.
Шкртање -Оваа техника му помага на детето отворено да го искаже својот внатрешен свет. Оргиналната процедура бара да детето го користи целото тело, да во воздух со помош на ритмички движења направи цртеж. Од детето се бара да ги затвори очите и да со движење црта на замислен голем лист, со замислен молив во секоја рака.Престанува да црта кога е сигурно дека допрел секој дел од тој голем лист. После на мал лист, детето црта со помалку ограничувања. Се бара однего да направи реален цртеж, што сака (шкраба), понекогаш со затворени очи.
Следниот
чекор е испитување на цртежот од сите страни- Барање на форми кои ја сугерираат сликата, а после тоа комплетирање на сликата, така што се потенцираат линиите, за да се добие реална слика. Се води разговор и некогаш децата изнаоѓаат неколку мали слики. Други го доживуваат како да се самите тоа. Радо раскажуваат приказна за своите цртежи( некој нацртал патка, шешир). Наставникот ја запишува детската приказна, по потреба поставува прашања за да приказната се развие понатаму.
Слика
на бес - Понекогаш детето може да го изрази својот бес додека зборува за братот,таткото,другарче и сл. Од детето се бара да ги нацрта своите чувства. На детето му се дава дебел мек молив или фломастер во боја. Тоа најчесто страшно шкрта по хартијата. Одеднаш станува поопуштено. Некогаш детето шкрта вертикални линии и тогаш од него се бара да замисли дека е затворено со таа едналинија. Овој цртеж може да биде прв чекор да детето почне да зборува за својот бес, што е и цел на цртежот.
Моја
недела, мој ден, мој живот-Може да се добие прекрасна слика на детскиот живот барајќи да детето ја нацрта својата недела, ден, живот. Цртежот отвора можност за разговор. Некои деца цртаат многу сиромашни цртежи, бидејќи е тоа начин на кој тие се чувствуваат себе и својот живот. Понекогаш, без посебна инструкција, децата цртаат каков ден или недела бисакале да имаат и тоа дава многу материјал за разговор и работа.
Линија-
Линијата е термин обично за некоја случајна ознака, обично точка на парче хартија. Терапевтот седнува со детето намаса, со 2 молива и хартија пред себе и детето. Терапевтот ги затвора очите, прави линија на хартија и бара од детето да го заврши цртежот, односно да тоа го претвориво нешто. Потоа и детето прави линија и бара од терапевтот да го претвори во нешто. Како што процедурата продолжува, тие зборуваат еден на друг за цртежот и тогаш се јавуваат и други материјали. Дел од комуникацијата со детето ќе се јави како резултат на едноставна употреба на оваа игра.
Боја, крива линија и облици-Наставникот може да ги охрабри децата да ги нацртаат своите чувства во боја, криви линии и облици. Може да се постави некој убав модел во кој децата ќе можат едно време да гледаат околу 10 минути.Објектите можат да бидат: цвет, лист, растение, заоѓање на сонце,слики или нешто друго. Секој објект може да се употреби за да предизвика чувства. Тоа може да биде и слушање музика. После тоа се дава задачада ги нацртаат своите чувства, но само со боја, линија и облик. Може на децата да им се даде инструкција да ги затворат очите и да обратат внимание на тоакако се чувствуваат, како се чувствува нивното тело. Се бара од нив да тие тоа да го изразат на хартија користејќи само линии или само бои и облици, За тоа се води разговор.
Групен
цртеж - Некогаш се бара постапка да семејството или 2 деца или терапевт и дете на парчехартија да нацртаат само снопче од линии, кругови или други облици. Потребно е да се обрати внимание како детето се чувствува. Некогаш на парче хартија се појавува борба и интересно е да се види како проблемот се решава. Тоа што на детето му се случува во вежбата, детето покажува дека му се случува и во животот.
Сликање Сликањето
има терапевска вредност. Како се одвива сликањето често така течат емоциите. Поголем број на деца сакат да сликаат, сакаат да манипулираат со бои и да употребуваат бои. Наставникот може да им сугерира на децата да сликаат било што и да го чекаат резултатот. Кога ќе завршат,децата треба да зборуваат за сликата. Обично тонот, бојата и самото сликање се сложуваат со емоциите на детето.Од детето се бара да слика како -сега- се чувствува кога е тажно или кога е среќно. Малите деца сакаат да сликаат без инструкции. Тие силно се занесуваатсо растурање и мешање на бои,а покасно ви опишуваат што гледаатитоаможе да биде прекрасна приказна.
Сликање
со прсти- Автоагресивното дете често со сликање може да го изрази својот бес и кон другите, а не само спрема себе. Хиперактивното дете и дете со потешкотија во моторната координација кога слика со прсти станува посмирено и концентрирано затоа што сликањето прави да се биде таков. Низ сликањето со прсти децата се стимулираат да раскажуваат за својот живот, залични лоши искуства и чувства, за својот бескон родителите, наставниците и сл.што може на наставникот да му покажат каде сенеговите основни проблеми.
Сликањето
со прсти смирува. Детето кое слика со прсти може да ги менува шарите и брзо да ги брише. Не го доживува неуспехот и немора да има многу умеење за сликање. Кога сликањето е готово детето може да ја раскаже приказната.
Сликање
со стапала- Стапалата се многу чувствителни. . Децата можат да сликаат сосите делови од стапалата-прсти,пета, стапала од страна и пробуваат да ја видат разликата меѓу стапалата. Кога сеансата е готова, децата седнуваат и зборуваат за искуството. Обично изразуваат чувство на смиреност и радост штоучествувале во активност која не е вообичаена и која преставува привилегија во нивното училиште. Децата можат да работат индивидуални слики групни, ѕидни. Да се присетиме дека децата сакаат да шлапкааат по бари и ќе видиме колкаво задоволство ќеимаат кога ќе сликаат со нозете.
Моделирање При
моделирање се применуваат голем број на материјали со различна конзистенција, кои на децата покрај можноста за изразување на своите чувства, ставови, идеи им овозможува стимулационен моторнокогнитивен развој. Заедничко засите техникина арт- терапијата е тоа штоод детето себара да гиизрази своите ставови, чувства преку творбата, да ја опише творбата.
Неопходно
е да сенапомене дека во текот на неделата за деца сопосебни потреби поволно е да се организираат најмногу пет вежби со траење од 20 до30 минути. Одделенските наставници,арт- терапевтите треба да бидат сензитивни за говорниот развој на децата со посебни образовни потребии врз основа на тоа да им обезбедат доволно време за вербално изразување при објаснување на нивните творби.
ЗАКЛУЧОК Вклучувањето
на арт- терапијата во рамките на училишниот систем постепено се зголемува, со зголемувањето на потребата од воочување на проблемите ипотребите на учениците со посебни образовни потреби, но и неопходноста да се направат соодветни проценки. Една група на деца со влегувањето во училиштата се соочуваат со голем број на проблеми кои ги ставаат во ризик од неуспех, додека пак за други деца училиштата се единствено место каде се сретнуваат со структуираност и сигурност.
Во
последно време се поголем е бројот на деца во редовните училишта кај кои комплесните задачи на учење се комплицираат соневролошки дефицити се предизвикуваат потешкотии во учењето. Овие деца не ретко се одбегнувани и одбивани од своите врсници, што води допојава на секундарнипоследици како што се ниска самодоверба, депресија,неконторлирано однесување.
Во
арт- терапијата се применуваат истите техники како и во редовната програма за ликовно образование, но со поинаков акцент на начин на водење на ученикот во процесот на изработка и анализа на самата творба која дирекно го насочува моделот на терапија. Арт- терапијата овозможува поголем степен на самоспознавање и креативност кај учениците со посебни образовни потреби
Уметничкото
изразување е нивен прв јазик, кога зборовите не се доволни. Арт- терапијата овозможува нормализирање на активностите во животот на децата што им помага да ги дефинираат нивните внатрешни сили и да се справат со искуства од нивното секојдневие.
Решавањето
на проблемите поврзани со посебните потреби на учениците со цел да се задоволат нивните потреби, започнува од ставот дека нешто може да се подобри (Gay,1993)