Aktivnosti i igri vo senzorna i terapevska soba maja trajchova

Page 1

Активности и игри во сензорна и терапевска соба

Оваа публикација е изработена со помош од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на Маја Трајчова, дефектолог и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.


Каде се одвива СИ

Специјално уредени простории, простории кои имаат за цел стимулација на вестибуларен , проприорецептивен систем и тактилен систем Просториите во кои таа се одвива се простории со многу можности за движење и сензорно збогатување. збогатување Тоа се простории со лулашки, трамболини, трамболини базени со топчиња, тунели, скутери и рампи по кои децата се возат, делови за качување, кутии со зрна, со т.н. н. водени топчиња и тн.


Како изгледа




Што е,, а што не е стимулирање на сензорните системи

Активирање на внатрешниот поттик кај детето да се вклучи и да се развива преку забавни, но предизвикувачки сензомоторни активности кои водат кон покомплекси сомато-моторни сомато адаптивни одговори.


Се карактеризира со игровна атмосфера во која детето е поттикнато да планира и изведува различни активности, флексибилно да одговори на поинакви и нови предизвици и да развие самодоверба и чувство за компетенција. компетенција


Не е сведување на работата на активности како што се лулањето лулањето, скокањето, протнување или слично. Сензорна интеграција не е вежбање. вежбање Целта е да добиеме независен одговор спрема точно определената активност, наспроти водење и насочување на детето како да ја изведе активноста. активноста


Принципи на работата

Холистички пристап кон детето што опфаќа работа на полето на однесување и емоции, комуникација, комуникација сензо-моторни и когнитивни способности Се става акцент на развој на односот меѓу детето и терапевтот, создавање на социјални предизвици, предизвици соодветна интеракција Градење на двонасочна комуникација


Child directed, but therapist quided – водено од терапевтот, насочено од и кон детето


Точно одмерен предизвик, предизвик на нивото на развој на кое е детето Завршува со успех- градиме чувство за компетентност Го активира внатрешниот поттик на детето и е мотивирачки Обезбедува организација и соодветно ниво на возбуденост кај детето ( alert, but calm state)


Забавна активност

Ослободено од стрес и притисок

Замислена игра, деца со повисоки когнитивни способности Слобода детето само да осмислува нови активности


Работа во училишни услови

Се обезбедува помош која има за цел да го подобри функционирањето на детето поврзано со неговата едукација Подобрување на перформансот на детето поврзан со наставниот план Целта е одредена од училишниот тим, во соработка со терапевт/дефектолог терапевт Адаптација на околината


Адаптација на задачите Препорака на стратегии за смирување и организирање



Активности за стимулација на вестибуларен систем


Како се стимулира вестибуларниот систем

Секоја промена на положбата на главата

Напред-назад

Горе - долу

Лево-десно

Вртење

Вибрација


Вестибуларна хиперсензитивност хиперсензитивностгравитациска несигурност

Постепено вклучување во активности кои детето ги избегнува

Проприорецепција – често и многу

Нежни, бавни движења напред-назад

Игра и замислени активности

Носење на тежина или тесна облека


Идеи

Постепено навикнување на одење на различна површина

Качување/симнување симнување на пониско скалило

Препреки

Лулање – бавни, линеарни движења(ниско)

Игри на под со нишање нишање, тркалање

Качување

Лазење


Вестибуларна хипосензитивност

Брзи, неритмички,, непредвидливи движења

Скокање

Трчање

Лулање – во различни правци со менување на брзината и нагло застанување, застанување вртење во круг, различна положба на тело

Качување на различни висини

Пилатес топки, топки за скокање


Идеи

Употреба на опрема од игралишта

Одење како животни

Играње одбојка со лесна топка/балон

Нишкање во стол - нишалка

Скокање на трамболина, трамболина со јаже

Одење по нерамен терен со препреки

Моторни лавиринти


Идеи

Возење на скутер седнато/на седнато стомак

Тркалање по под

Седење и скокање на топка за вежбање

Стоење на даска за балансирање

Лулање на трапез

Одење нагоре/надолу надолу по скали/ивици

Скокање кон одредена цел


Барање на вестибуларен стимул Да се обезбеди соодветна стимулација на вестибуларното сетило, но на еден целисходен начин, со предизвик

Лулање со менување на правец и брзина на лулање, менување на положба на тело

Висење и лулање на трапез

Пилатес топка

Возење на скутер

Спортови кои комбинираат вестибуларен, проприорецептивен и тактилен инпут(карате и сл.)


Важни напомени

Вестибуларното сетило е главен организатор на нервниот систем Внимавајте на знаци на преосетливост на вестибуларното сетило Комбинирајте со проприоцептивни активности 15 мин. вестибуларна стимулација има 6-8 часа позитивен или негативен ефект на нервниот систем


Негативни реакции на вестибуларен систем

Претерано прозевање, икање

Неритмичко дишење

Промена на боја на лице лице, побледување

Потење

Зголемена аксиозност

Ширење на зениците

Моторна вознемиреност


Активности со проприорецептивен систем


Како се стимулира проприорецептивниот систем

Пасивни активности со давање на длабок притисок Активни активности , детето активно учествува во „тешки активности“ активности Одлични се за деца кои бараат движење и се судираат во предмети Сите активности кои ги вклучуваат мускулите и зглобовите Скокање, трчање, качување.... качување


Хиперсензитивноста ретко се забележува како дисфункција Децата сакаат активности со проприорецептивниот систем Почесто се среќава барање на проприорецептивен инпут, инпут хипосензитивност


Хиперсензитивност

Користење на тешки предмети

Склекови на стол или ѕид

Џвакање цврста храна

Влечење и туркање

Активности кои го смируваат детето во

текот на денот


Хипосензитивност

Длабок притисок на телото

Сендвич

Виткање во ќебе/фолија фолија

Играчки што вибрираат

Фрлање/фаќање вреќички со зрна

Одење на раце


Потешкотии во моторното планирање

Што да се направи и како тоа да се направи

Препреки, моторни лавиринти

Качување/симнување симнување

Игри со наизменични секвенционални движења, допирање делови од тело на ритам/ Симон вели

Игри со топка

Твистер


Идеи

Играње плочка и слични игри Игралиште : висење од шипки, качување по скали

Играње со тешка топка

Влечење/туркање тешка кутија

Возење велосипед, трчање

Одење по угорнина


Идеи

Скокање на трамболина или јаже

Чистење на подот, собирање лисја

Месење на тесто, пластелин, пластелин глина

Игри со влечење и туркање

Одење на раце, одење по одредена шема

Силни прегратки и масажи


Важни напомени

Смирува

Организира

Регулира

15 мин. има 1-2 часа позитивен ефект на процесот на сензорна обработка


Активности за тактилен систем


Што го стимулира тактилниот систем

Допир

Различни текстури

Вибрација

Температура

Притисок

Болка

Дефензивен и дискриминаторен систем


Хиперсензитивен тактилен систем- тактилна дефензивност

Wilbargerov протокол

Длабок притисок

Силни гушкања

Тешки активности


Важно

Избегнувајте да го изненадите детето со случаен нежен допир Цврст допир , притисок Доколку дозволува детето користете различни текстури,, суви наспроти мокри Активности кои вклучуваат притисок на целото тело Фрлање и фаќање со тешки предмети


Тактилна хипосензитивност

Работа со различни тактилни медиуми

Игра со скриени предмети/бројки/букви предмети

Боење со прсти, пена за бричење

Четкање

Масирање, употреба на вибрации

Тактилни кутии

Пластелин и слични материјали

Игра со лепливи материјали


Барање на тактилен стимул

Обезбедување на различни можности за истражување на тактилни медиуми, на соодветен насочен начин Менување на тактилната стимулација Додавање на вестибуловестибуло проприорецептивен инпут



Важни напомени Најголемиот сензорен систем Не поврзува со светот и со другите Терморегулација Емоционална стабилност


Активности за аудитивен систем


Што го стимулира аудитивниот систем

Звуци , звучни бранови Има поголем бенефит ако се спои со вестибуларна стимулација


Хиперсензитивност на аудитивниот систем

Понудете слушалки кои ќе ги намалат звуците од околината Седење подалеку од можни извори на звуци – врата, тоалет, клима Слушање на музика која релаксира Предвремена подготовка на детето за гласна околина/настан настан Зборувајте со тивок, мек глас, јасни и кратки инструкции


Хипосензитивност на аудитивниот систем

Привлечете му внимание на детето пред да му се обратите Зборувајте бавно и јасно Давајте една по една едноставни инструкции, спојте ја инструкција со гест или визуелна демонстрација Комбинирајте звуци со движење(музичко столче) Дајте му повеќе време на детето да ја обработи информацијата и одговори


Активности за визуелен систем


Што го стимулира визуелниот систем

Светлина, светлосни бранови


Хиперсензитивен визуелен систем

Променете ја светлината, светлината загушено светло, ако е потребно очила за сонце Бариера за намалување на визуелна дистракција

Користете визуелни распореди

Расчистување на непотребни материјали

Наставни ливчиња растеретени од текст

Намалена употреба на боја на ливчињата


Хипосензитивен визуелен систем

Играјте со батериска ламба во затемнет простор, барање на предмети/слики предмети во просторот Фаќање на предмети што бавно се движат-балони Решавање на лавиринти, лавиринти скриени слики, пронаоѓање на разлики Сложувалки Игри – погоди што гледам, гледам со опис на предмет од просторот


Користете листови со подебели и потемни линии Редот за пишување обележете ги со жолто Работните листови да бидат со голем контраст, со доволно бел простор, без непотребни детали Боењето да се почнува од оцртаните линии


Активности за олфакторенгустативен систем


Што ги стимулира

Слатко, солено, кисело и горко

Мирис


Хиперсензитивност

Играње со храна како начин да се воведат нови вкусови и текстури Боење со различни кремови, кремови шлаг и слично Нижење на макарони, макарони корнфлекс Активности кои ја ангажираат оралната мускулатура


Хипосензитивност

Активности кои бараат вложување напор од структурите околу устата Дување балони во млеко/сок млеко Шмукање течност преку тенка или извиткана цевка Пиење на погусти течности низ цевка Јадење на храна која бара поголемо џвакање Стимулирање со интензивни вкусови


Пребирливост во исхраната

Орална преосетливост Детето јаде само одредена храна, одредена боја или текстура Потреба од ритуали и едноличност при исхраната Воведување на нова храна прави тантруми


Стратегии за надминување на пребирливоста во исхраната Подготовка за јадење преку

Масирање на лицето на детето

Користење на четка за заби што вибрира

Џвакање на гумени цевчиња

Играње игри со оралната мускулатура

Дување низ цевка на мали топчиња

Постепено воведување на нови вкусови и текстури


Активности со олфакторен систем


Хиперсензитивнос Хиперсензитивност

Користете мирис да се покрие несаканиот мирис Арома-терапија: лосиони,свеќи,миризливи лосиони масла, Нанесете лосион или крема што детето го сака пред да се влезе во непријатна просторија Најдете продукти без мирис ако детето не толерира мирис


Хипосензитивност

Сензибилизирајте го детето со игри со мирисање: Ставање на миризливи капки на памук, спојување на исти мириси Ставање на познати мириси под носот на детето, со затворени очи да го погоди мирисот Шетање низ просторот и погодување на мириси – цвеќе, трева...


Стратегии за постигнување на оптимално ниво на будност


Што е оптимално ниво на будност

Состојба во која мозокот и нервниот систем се спремни да учат, да се адаптираат, прилагодуваат, прилагодуваат да се менуваат и да го примаат сензорниот инпут пр. компјутер – му треба време да се загрее, да ги собере сите потребни информации да стартува, стартува а понекогаш треба да се рестартира или крахира


Знаци на високо ниво на будност

Во состојба на високо ниво на будност, невроните имаат низок праг за активација. Помалку информација е потребна за да реагираат брзо, и потребно им е повеќе време за смирување Навидум неважни работи доведуваат до претерани реакции Лесно одвлекување на вниманието од неважни информации


Знаци на ниско ниво на будност

Во состојба на ниско ниво на возбуденост, невроните имаат висок праг за активација Потребни се повеќе и поинтензивни информации за да се создаде реакција Побавна реакција Често пропуштаат важни детали и учењето е потешко


Како да се смири детето со високо ниво на будност

Нежно бавно лулање во лулашка или столче Правење на "сендвич" сендвич" Длабок притисок со перници по телото на детето Тесна облека, која обезбедува притисок на целото тело Виткање во ќебе, фолија со меурчиња мумија


Обезбедете место за повлекување на детето – шатор, ќоше со перници Орални активности за смирување – пиење преку цевка, повлекување погусти течности, грицкање цврста, цврста тврда храна, мастика Активности за целото тело – носење тешки предмети, туркање и влечење Одење на раце


Стискање на пластелин, пластелин топчиња и сл.

Пригушено светло,, тивок простор

Мирис на ванила, лаванда


Активности кои организираат

Шмукање

Вибрација

Проприорецептивни активности

Џвакање

Пливање

Активности со ритам


Како да се разбуди дете со ниско ниво на будност

Брзо, интензивно лулање

Трчање, игри со бркање

Силни светла

Силни мириси

Ладна вода

Јака музика со неочекувани звуци

Играчки со звуци и светла


Скокање на трамболина или на пилатес топка, скокање на јаже Одење како различни животни Редење, носење тешки предмети, дел од мебел Активности со притисок притисок- туркање на ѕид, туркање на рацете,, подигнување од столче


Материјали и опрема

Лулашки Топки – терапевтски топки и топки за вежбање од различна големина

Трамболина

Кутии со зрна

Тактилни материјали

Тешки предмети

Скутер и рампа


Големи перници, душеци

Пена, бои

Скала и опрема за качување

Трапез







Забавувајте се и играјте! И не заборавајте најважниот дел од опремата сте Вие!

Маја Трајчова Дефектолог Детски Свет Исток mtrajchova@gmail.com


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.