Alatki za samokontrola vo ucilnica anna plesa greece

Page 1

Алатки за самоконтрола во училницата Anna Plessa, ΜΕd, BCBA www.monorodi.gr


Самоконтрола: Како се справуваме со стресни ситуации?

Monorodi Center, All rights reserved, 2012

2


Алатките за самоконтрола можат да се користат за: • Да се зголемат позитивните однесувања • Да се намалат несоодветните однесувања во училницата • Подучување на вештини за саморегулација • Подучување на вештини за толеранција (како да се справите со чекање додека да се исполни некое барање) Пракса врз основа на докази/податоци!


Самоконтрола “ Самопосветеност ” • Чекори кои треба да се исполнат денес за да се остварат долгорочните цели • Импулсивноста се сведува на минимално ниво - Нема да јадам десерт по мојот оброк бидејќи сакам да ги намалам калориите за да ослабам на долг рок - Ќе ја кренам мојата рака во училницата наместо да скокнам од место, за да ми дозволи учителката со другарот да играм на компјутерот


Самоконтрола кај типичната популација Вообичаени техники: • Бихејвиорални: правење нешта за да се регулираме самите • Јазик: споделување на мисли и емоции • Мета-когнитивни: зборување со себе, анализа на проблем, решавање на проблем, медитирање (MIND Institute, 2012)


Што се случува при ASDs – спектрални потешкотии • Бихејвиорални: несоодветни реакции • Јазик: нефункционален или нецелосен • Мета-когнитивни: недоволно развиени


Самонадгледување! 1. Подучете го да идентификува дека некое однесување се случило 2. Подучете го самиот да ги забележи своите реакции (ја завршив работата/ добив поен или не станав од местото/ не ја изгубив концентрацијата / добив ѕвезда или го удрив мојот другар па затоа не смеам да погледнам во кутијата/ изгубив токен) и 3. Научете го соодветно да се самозајакнува (Добив време со iPad-от) Во училиштето: Наставникот ја префрла улогата за самонадгледување на ученикот


Забелешка! • Научете го вашиот ученик да знае што да прави а не само да му кажувате • Осигурете се дека тој е мотивиран за да учествува во процедурата • Научете го на правила за однесување, вежбајте повеќе пати со него, играјте улоги • Закажете намалување на насочувањето за да осигурате независност кај ученикот


Совети • http://watchminder.com • Apps for iPad https://itunes.apple.com/us/app/timetimer/id332520417 ) • http://www.timetimer.com/ • T-Chart • Reinforcer menu


Пример Ќе запаметам да: • Кревам рака • Работам мирно • Останам на местото Дневен извештај за постигнување на цели


Бихејвиорални договори • Пишани договори меѓу возрасниот и клиентот кои идентификуваат: 1.Очекувано однесување 2.Позитивни и негативни последици 3. Временски распоред Договорот му овозможува на вашиот ученик да има структура и самоконтрола при однесувањето


Создавање на бихејвиорален договор Чекор 1: идентификувајте го очекуваното однесување Чекор 2: идентификувајте со што ќе му изразувате пофалба Чекор 3: идентификувајте што тој треба да направи (опишете му ги должностите) Чекор 4: Бонус по избор


Создавање на бихејвиорален договор Чекор 1: Идентификувајте го очекуваното однесување Мерливо За набљудување “ Џон треба да го почитува својот наставник и да биде тивок во училницата ” (наместо да не прави врева) “ Џон треба да ги следи инструкциите на својот учител за време на јазичната лекција ”


Создавање на бихејвиорален договор Чекор 2: идентификувајте со што ќе му изразувате пофалба Вие заедно со студентот одбирате што тој би сакал да освои од изборот на зајакнувачи • Мотивирачки • Економично • Не одзема многу време • Разноликост на зајакнувачи (од 5 до 8)

Поголема ефективност


Создавање на бихејвиорален договор • Чекор 3: идентификувајте што тој треба да направи (опишете му ги должностите) • Позитивно однесување • Распоред на време


Создавање на бихејвиорален договор • Чекор 4: Бонус по избор • Може да користиме бонус за да го засилиме Чекор 3


Создавање на бихејвиорален договор • Чекор 5: Објаснете му го договорот на детето уште еднаш • Користејќи едноставен речник • Користејќи визуелна поддршка • Соодветно за сите возрасти


Создавање на бихејвиорален договор • Чекор 6: суспензија и имплементација • Ученикот може во секое време да го гледа договорот • Возрасниот може да го потсетува детето да погледне во договорот во секое време


Создавање на бихејвиорален договор Преглед

• Целно однесување • Зајакнување: Што добива, како и кога • Последици доколку тој не успее да се држи до договорот, бонус по избор • Имплементација: Кој надгледува? Имајте ја во предвид и временската распореденост. Поедноставете го договорот и доведете го во форма да биде визуелно разбирлив • Закажете датум за преглед на договорот • http://www.freeprintablebehaviorcharts.com


Мојот договор Име Датум Цели Последици доколку не ги следам моите цели Доколку успеам мојата награда ќе биде Мојот договор ќе се прегледува на Потпис


Пример • Мои цели: Кога другите зборуваат јас не ги прекинувам Секогаш ќе бидам фин со луѓе Ќе внимавам во мојата група • Кога ќе ги постигнам моите цели ќе добијам: Џамлии кои можам подоцна да ги заменам со нешто друго од понудениот избор • Доколку не успеам да ги постигнам целите ќе: Ги изгубам џамлиите • Бонус: ќе добијам повеќе џамлии доколку му помогнам на Мики да ги оствари своите цели • Мојот договор ќе се промени: Кога ќе ги остварам сите поставени цели. • Доколку чувствувам дека не ми е од помош


Пример • Мои цели: Ќе правам се што прават сите од групата Зборувам околу и прашувам за темата која ни е поставена Не го ставам прстот во нос и се извинувам секогаш кога ќе ждригнам Кога ќе ги постигнам моите цели ќе добијам:Џамлии кои можам подоцна да ги заменам со нешто друго од понудениот избор • Доколку не успеам да ги постигнам целите ќе: Ги изгубам џамлиите • Бонус: ќе добијам повеќе џамлии доколку се согласам со нешто што сака Ник • Мојот договор ќе се промени: Кога ќе ги остварам сите поставени цели. • Доколку чувствувам дека не ми е од помош


Прибирање на податоци • Како да се забележи позитивно однесување. Како да се забележи негативно однесување • Алатки за самонадгледување • Тренер: пополнува листа на поставени точки или прави едноставни прибелешки (пр. Налепница во кутија кога ученикот покажува позитивно однесување)


Потешкотии кај системите за самоконтрола • Секогаш кога мотивацијата не се зема во предвид: 1. Проверете дали зајакнувачите се директно поврзани со инструментот и ако се осигурете се дека тие се претставуваат често, систематски и дека им е зачувана вредноста (МО) 2. Проверете дали е премногу тешко да се постигне поставеното однесување 3. Проверете дали има доволно инструкции за поставениот систем


Недостатоци • Обично, ние се фокусираме да го контролираме однесувањето на ученикот наместо да го научиме самиот да го избере соодветното однесување • Самоконтролата не се постигнува веднаш. Потребно е трпение и систематска работа. Се препорачува вклучување на ученикот при преглед на неговиот договор.


Предности • Ја зголемува независноста ( целта на секое образование) • Ја намалува потребата за директна поддршка и надзор • Лесен премин во различни околини • Помала “ конкурeнција за моќ ” • Ученикот се чувствува подобро!


ABA и справување со однесувања: Распоред за активности •Подобрување на однесувањето при задача •Намалување на несоодветно однесување •Непречен премин од една во друга активност •Стекнување на нови вештини •Поголема независност •Подобра самоконтрола


Распоред на активности

• Изградете ја вашата структура врз основа на рутина во училницата


• • • •

Справување со однесувања: Основни принципи (Структура во училницата)

Дали има секојдневна програма која е стабилна? Дали се догледни активностите? Колку трае секоја активност Дали наставникот остварува интеракција со нашиот клиент при 1. Давање на зајакнување? 2. Управувајќи го да извршува задачи? 3. Поставување на граници и дисциплинирајќи го? 4. Или остава се во рацете на придружникот на детето?


Што е распоред на активности? • Визуелен распоред кој се состои од слики и зборови и одредува: • Кои последователни чекори се потребни за да се изврши една активност • Листи со дневни рутини • Структура • Се основаат врз нивото на вештини на детето • Ваквиот распоред може да се состои и од пишани инструкции доколку детето знае да чита


Распореди на активности Важна литература • Распореди за активности за деца со аутизам: Учење за независно однесување (1999) Lynn E. McClannahan & Patricia J. Krantz • Поставување на услови за функционирање на визуелната подршка во домот и заедницата: Стратегии за индивидуалци со аутизам и Синдром Asperger Jennifer L. Savner & Brenda Smith Myles • Визуелни стратегии за подобрување на комуникацијата: Практична подршка на училиште и дома (2000) Linda A. Hodgdon • Bryan, L.C. & Gast, D.L. (2000). Предавање за однесувања при задачи или при активности во распоред за хиперактивни деца со аутизам преку распореди на активности кои се состојат од слики Journal of Autism and Developmental Disorders, 30, 553-567. • Dooley, P. (2001) Користење на распоред со активности за да се припомогне при школските активности Journal of Positive Behavior Interventions, 3, 57-62.


Училишниот распоред со активности мора да биде предаван • Детето се запознава со премините за време на училишниот ден • Ученикот гледа која активност е следна • Распоредот може да содржи избор на активности • Кога се соочува со непредвидени промени, ученикот во распоредот може да најде алтернативи за да ја замени таа активност


Распоред со активности на училиште • Ученикот мора да се запознае со својот распоред на почетокот на неделата, на почетокот на денот како и претходната вечер • Понатамошното обновување на распоредот се одвива со учество на ученикот • Можно зајакнување на сите премини


Во текот на денот на детето му се нудат избори (вклучувајќи и избор на зајакнувачи за завршени задачи)

Пешачење низ дворот

Купување на сок од кантината


Премин дома-училиште (почеток и крај на училишен ден) • Доколку е потребно може да се користи мини распоред за да се олесни оваа • процедура


Премин дома-училиште (почеток и крај на училишен ден) • Доколку се јават непредвидени однесувања, и кај детето се јави зголемено ниво на вознемиреност може да се користи распоред со што да се направи прво-потоа


Формати на распореди за активности • Има многу бои, форми и големини • Мора да се адаптираат на потребите на ученикот • Сликите мора да го зголемат сфаќањето на ученикот • Ние преферираме користење на посебни папки за секоја активност во училиштето


Распореди за активности


Пренесување на распоредот на активности во училиштето

•Прво одлучете дали распоредот ќе се креира со учество на ученикот. •Научете ги како сликата и зборот се поврзани со активноста •Научете го детето секогаш да го проверува својот распоред при промена на активност

•Давајте му знаци да гледа во распоредот •Помогнете му да ја следи активноста •Направете корекција на грешките со стоење зад него и насочувајќи го •Засилете ја активноста уште на почетокот и користете токени кога детето успешно ќе ја заврши задачата


«Пауза» и «Чекаj»

Проценете ја упорноста на вашиот ученик

Monorodi, All rights reserved, 2012


Пауза од час Почитувајте ги границите за упорност на ученикот • Идентификувајте стресни или потешки ситуации во училницата • Придружникот му дозволува на детето да излезе надвор и да намести мерач на време • Кога ќе му истече времето тоа се враќа во училницата (користете зајакнувач) • Придружникот се уверува дека на детето му е поставена задача која може да ја изврши (потребно ви е да успее да ја изврши задачата)


За време на паузата Справување со однесувањето • Колку пати смее детето да праша за пауза? • Колку долги можат паузите да бидат? • Кога има добар ден дали му е дозволено да прави повеќе паузи како награда? • Можат ли паузите да се претворат во бегство од училницата? • Целта е тој сам независно да си ги одредува паузите


Инструкции за “ Чекање ” за време на активностите • Секогаш кога материјалот му предизвикува потешкотии • Секогаш кога некоја активност трае предолго • Доколку мора,нема друг избор • Доколку заврши некоја задача пред другите • Кога стои во ред или редица


“ Чекање ” • Одредете го времето за чекање според претходните резултати • Овој пат визуализирајте • Користете награди за време на чекањето • Додадете играчки и игри доколку времето се продолжува


Помош • Ригидно-ако сака се да заврши без помош сам • Доколку не иницира сам

Monorodi, All rights reserved, 2012


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.