м-р Јасмина Лукановска Дефектолог-арт- окупационен терапевт
Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на M-р Јасмина Лукановска и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.
Душата секогаш мисли во слики- Аристотел.
Арт терапија е форма на експресивна терапија
при која се користат уметнички материјали. За основа ја има терапевтската улога при создавање на уметнички дела. Ги комбинира традиционалните психотерапевтски теории и техники со разбирање за психолошките аспекти на креативниот процес, посебно својствата и особините на различни материјали.
Не постои возрасна граница за примена на арт
терапија; може да се применува индивидуално, во парови, со семејства, групи и заедници. Преку создавањето уметност и рефлексиите за себе и другите, се менуваат когнитивните способности, радоста и уживањето, самопотврдувањето преку создавањето уметност.
Арт терапевтите имаат професионална обука и
клиничка пракса, теориски знаења за човечкиот развој, психолошки теории, духовните, мултикултурни и уметнички традиции и терапевски потенцијали на уметноста. Ја користат во третмани, проценки,
истражувања и при тоа се консултираат со компететни стручни лица.
Користејќи ги сопствените вештини,
терапевтите одбираат материјали и постапки соодветни на потребите на клиентите и дизајнираат сесија постигнувања на саканите терапевтски цели. При тоа креативниот прецес се користи за да им се помогне на клиентите за подигнување на свесноста; достигнување на суд/проценка; подобро да се соочат со стресот, траумските искуства, да се подобрат релациите со семејството, пријателите.
Кај арт терапевтите се генерирале многу
спесифични дефиниции што е арт терапија, но најмногу од нив сепак се определуваат за две категории. Првата го инволвира верувањето во исцелителната моќ на креативниот процес при создавање уметност. Овој приод ја опфаќа идејата дека процесот на уметничко творење е терапевтски.
На него се гледа како на можност да се изрази
сопствената фантазија автентично спонтано; искуството што може да доведе до лично исполнување, емоционална репарација и заздравување. Втората дефиниција се заснова на идејата дека уметноста е средство за симболичка комуникација. Ваквиот пристап помага при разрешување на комуникациските прашања, емоциите и конфликтите.
Терапија доаѓа од грчкиот збор therapeia, што
значи ,,да се внимава на”. Тоа значи, да се подвои процесот на арт терапија на две нивоа. а)терапевтот само присуствува на чинот на создавање уметничко дело. Ова лично водство е клуч за терапевтскиот процес. Ова неопходна поддржувачка врска го води лицето низ искуство во уметничкото творење и да му помогне да го пронајде значењето низ тој пат.
б) Друг важен аспект е следењето на
индивидуата низ неговиот/нејзиниот личен процес на уметничко творење и при тоа да им се даде на уметничките материјали лично значење – да се пронајде приказна, опис, значење.
Сликата преставува врска помеѓу нашето
свесно и несвесно, таа е несвесен план на акција, на она што го работиме или она што ќе го работиме. Арт- терапијата е терапија која го користи уметничкиот медиум како примарен начин на комуникација и ги комбинира различните креативни техники од ликовна, музичка, драмска терапија, терапија со движење, семејна терапија итн. Во арт- терапијата не се користи само една метода, туку постои голем број на различни пристапи и нивни комбинации.
Карактеристики на учениците со посебни потреби Спецификите на учениците со посебни
потреби се јавуваат во темпото на развојот, кој најчесто е забавен. Кај учениците со посебни потреби се аспектирани степенот на интелигенција, квалитетот на перцепција, способностите за анализа и синтеза, мислењето и памтењето, вербалните способности, мотивацијата, како и моторните и социјалните компетенции
Овие ученици се со сиромашен речник,
недоволниот лексички фонд не им дозволува адекватно да ги изразат своите миси и истовремено му го отежнува разбирањето на искажаното од страна на соговорникот. Во говорните ситуации често употребуваат многу воопштени и несоодветни зборови Тешкотијата во ориентација во просторот преставува голем проблем при развивањето на способностите за читање, пишување, цртање, моделирање.
Тешкотиите во памтењето доаѓаат до израз во спориот процес на памтење и отсуство на примена на техниките на запамтување. Секоја нова содржина треба да биде прилагодена на способностите на ученикот, адекватно дозирана со примена на соодветни и за ученикот интересни наставни средства. Неопходно е повеќе пати да се повторува на нови примери, со нови наставни средства и дидактички материјал.
Овие ученици најчесто учат по пат на
имитации, затоа наставникот треба да биде во улога на модел кој учениците ќе го имитираат. Учењето на нови содржини треба да преставува надградување врз предходното знаење (секојдневните искуства) на учениците. При планирањето наставникот треба да го почитува принципот на функционално учење, наученото на часот да биде практично и применливо во секојдневното живеење.
Учениците ќе бидат помотивирани, а
интересот за учење ќе биде голем доколку содржината е презентирана во вид на приказна, со стил близок и разбирлив за учениците. Учениците треба да се постојано ангажирани, задоволни, а наставникот дискретно треба да ги има сите во фокус, и секако да се обидува да одговори на нивните специфични потреби и афинитети.
Арт- терапијата кај деца со посебни образовни потреби Арт- терапијата кај деца со посебни образовни
потреби овозможува поголем степен на самоспознавање, креативност, сигурност, како и задоволство од изработениот продукт. Ако се работи арт- терапија со деца со посебни образовни потреби важно е да се знаат теориите од детскиот уметнички развој и да се користат тие знаења како база за споредба
Две од највлијателните теории на ова поле се од
арт- едукаторите Victor. Lowenfeld. ( 1987) и Rhoda Kellogg ( 1969). Виктор го опишува дететовото рано цртање како прогресија од дисорганизирано, случајно шкрабање кон поконтролирано шкрабање. Келог не се согласува со идејата дека шкрабањето е главна кинестетска активност, и верува дека визуелниот интерес е од суштинско значење. И двајцата се сложуваат со идејата дека шкрабањето е важна, вродена, прелиминарна активност, под влијание од детската способност и физичко растење.
Раната интервенција е најдинамичниот и
критичен период во третманот кај децата со посебни образовни потреби, од едноставна причина- помлади се и поеластични во нивните мозоци. На оваа возраст невронските врски се сеуште високо- функционални. Терапевтот и родителите со манипулација на дечјата околина имаат најдобра шанса за правење промени во ожичување на детскиот мозок.
. Раната интервенција е времето меѓу првата
дијагноза ( 18-36 месеци) и периодот на започнување на училиште ( 6 години). Детето треба да е доволно големо да манипулира со материјали за да почне да работи на цртање ( 2-3 година е вообичаено добро време за да се започне со интеграција на арт- работа во терапија).
Кај некои деца со аутизам симптомите на
пореметување можат да влијаат врз раните стадиуми на комуникација на таков начин да користењето на говор е целосно блокирано. Постои поврзаност меѓу вербалниот говор и другите форми на комуникација посебно преку уметноста. Во такви случаи раната интервенција е неопходна . Оваа терапија може да започне од возраст од 12- 18 месеци.
Рехабилитацијата е тип на терапија каде што се
тренираат или вежбаат делови на мозокот( или телото) што биле оштетени од болест или повреда. Раната терапевска интервенција влијае за воспоставување на одредена атипична конекција во мозокот. Уметноста се користи за рехабилитација на детската креативност и имагинација. Цртањето секогаш се користи за регуларно оценување ( за дефицит на имагинација, фина моторика, дефицит во визуелно- просторна ориентација, развојно ниво). Уметноста се користи како практична терапија во оваа специјалност.
Во арт- терапијата продуктот не е важен, туку
акцентот е ставен на процесот на себе откривање, експериментирање, тактилна толеранција. Продуктот станува поважен за детето ( и терапевтот) кога детето ќе стане постаро, кога ќе почне да го разбира и да се восхитува на готовото делче. Кај одредени деца абстракното мислење може да се развие без интервенции, но тоа не значи дека овие вештини е невозмозно да се учат. Соодветната околна стимулација соодветно делува на дететовите потреби за развивање на креативно мислење кај сите деца.
Стадиуми во цртањето Развивањето на цртањето кај децата почнува во
исто време кога почнува и развојот на говорот, околу 15 месечна возраст. Тој период е познат како пре-репрезентационо
цртање или шкрабање. Цртањето кај децата опфаќа неколку стадиуми.
Стадиум на правење белег ( V. Lowenfeld) го
опишува како стадиум на чкртаница 2-4 години, која е главно мотивирана од физичката активност на детето. Овој стадиум е пропратен со вербален опис и е наменет за никого посебно, туку комуникација со самиот себе. Овој стадиум се вика уште “именувана чкртаница” Стадиум на пре- планирање- Ловенфилд вели дека на возраст од 4 години децата почнуваат да прават препознатливи цртежи. Детето почнува да ги поврзува белезите со светот околу нив.
Стадиум на планирање- децата откриваат дека белезите преставуваат објекти во вистинскиот свет, исто така ја откриваат и формата на говорот. Стадиум на интелектуален реализамСпоред Лукет во текот на овој стадиум децата цртаат што знаат, а не што гледаат. Цртежите зависат од тоа што им е во мислите, отколку што се наоѓа во нив. Кај децата со АСД приметливо е скокање на прешематската фаза на цртрање и неконвекционални избори на субјекти.
Техники и игри во арт- терапијата Анализата на податоците меѓу мноштвото на
техники и игри во арт- терапијата, како најприменливи во раната интервенција во едукацијата и рехабилитацијата ги посочува (Martin, N. 2009)
Следење на сенка- целта на оваа техника е да се
развие свесноста за телото, читање на јазикот на телото, цртање на фигура. Следење на сенка е всушност следење на активноста на телото. Треба да се исклучат светлата, едно дете треба да ја држи ламбата, а друг врсник стои пред хамерот. Терапевтот ја следи сенката од другото дете што стои пред хамерот. Детето може да ги почуствува деталите од телото и облеката. Активноста продолжува со презентирање пред огледало.
Следење на телото- целта е да се развие
свесност за телото, цртање на фигури, имитирање. На децата им се покажува да легнат на хамерот во поза во која тие сакаат и треба да се црта секое тело. Потоа на нацртаното тело децата можат да ги нацртаат деталите на своето тело, а потоа и на своите врсници. Хартијата треба да се закачи на ѕид, да се пофалат за добро завршената работа, да се охрабрат за да дадат описи и да раскажат околу фигурите индивидуално и како група.
Игра- фати ја топката - целта е проширување на
имагинативно мислење. Топката се подава со музика, кога ќе запре музиката, кај она дете каде што е топката кажува една боја на другарчето што е до него. Тогаш личноста мисли 3 различни работи на таа боја: автобус, сонце. Игра- Направи звук на... Целта на оваа игра е правилно користење на звуци. Една личност мисли и прави звук како птица, мачка, кола......Групата размислува што е тоа. Личноста што ќе погоди е следниот.
Материјалите за работа се најразновидни,
почнувајќи од природните материјали, молив, боици- дрвени, водени, темперни, колаж, пластелин, глина, материјали за рециклирање........ При изведување на арт- терапијата треба да се внимава на добрата подготвеност на средината и материјалите со кои ќе се работи. Внимателно да се испланира времето за објаснување на активноста која отприлика трае 20 минути и време за изведување на активноста која е во времетраење од 20 минути . Голем акцент е ставен во изразувањето на чувствата и емоциите кога е креирана творбата, како и во завршниот продукт.
Вклучувањето на арт- терапијата во раната
интервенција , во едукацијата и рехабилитацијата кај деца со посебни образовни потреби постепено се зголемува. Децата од најрана возраст се запознаваат со материјалите за работа, експериментираат, творат, се едуцираат и рехалибитираат. Арт- терапијата е од голема помош во запознавањето на своето тело, просторот околу себе, развивањето на имагинативната игра и имагинацијата, моториката на телото како и фината моторика. Преку цртањето и креирањето дирекно се влијае врз развојот на говор и комуникацијата со околината.Често пати се откриваат и скриените уметнички потенцијали кај одредени деца.
Пример за прв час по арт- терапија- 5 ученици Да се запознаеме-нашите имиња и да ги научиме
имињата на другите Учениците се наместени и стојат во круг. Им се објаснува дека треба да си подаваат еден до друг клопче волница и да го кажуваат своето име кога ќе дојде клопчето кај нив. Потоа треба кога ќе го фрлаат клопчето, да го кажат името кај кого е истото.Се плете пајакова мрежа. 2.Вежба- Цртаме заедно Цел-да се изгради чувствителност према членовите во група и свесност за прифаќање и дозволување на еднакво учество. Материјали-хамер, фломастери
Се договараме дека хамерот ќе го залепиме на
зид, на него ќе цртаме лето-плажа, сонце, бранови... .Секое дете црта по нешто на хамерот неколку минути, а другите гледаат. Кога цртежот е готов, целата група го врти грбот кон сликатаим се поставуваат општи прашања-каква боја е сонцето?, дали има облаци на сликата?.... Одговорите може да се бодуваат Како за крај им се дава релаксирачка играЗаедно одбираме еден од групата да покаже на другарче пр.Предходно му се кажува некоја боја и треба да покаже што има тоа другарче во кафена боја ( пр. Боја на коса, боја на очи).
Пример за втор час по арт- терапија – 5 ученици 1.Водени од предходниот час- за да видиме дали ги
паметат имињата на своите другарчиња, играме игра со подавање на топка и кажување на имињата 2.Прво разговараме за омилените ликови од цртани филмови. Секој си го кажува својот омилен лик и некои карактеристики за него. Се договараме дека овој час ние ќе се викаме како нашите ликови, пр- том, снежана, вештерка. Во позадина можеме да пуштиме и некоја музика од цртан филм. Значи децата сега треба да глумат дека се тие ликови. За да ги запаметат новите имиња си подаваат со клопчето како минатиот час и си ги кажуваат нивните имиња.
3.Денес ќе го цртаме ликот во кој се замислиле
самите тие.( облека, коса, очи, нешто карактеристично за нив). Ги лепиме готовите цртежи на зид и секој раскажува за својот цртеж. 4. За крај- игра- цртање во воздух- а другите погодуваат што е тоа.
Благодарам на вниманието