Modeli na dobri praktiki za tretman kaj autizam biomedicinski i aba tretman prof d r vladimir trajko

Page 1

Модели на добри практики за третман кај аутизмот: биомедицински и АБА третмантретманрешение за успех Prof. dd-r Vladimir Trajkovski Гевгелија, 07.05.2014 Оваа публикација е изработена со помош од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на проф. д-р Владимир Трајковски и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

1


Цел на предавањето Да се презентира преглед на биомедицинскиот и бихејвиоралниот третман на аутизмот

2


Аутистичен спектар на нарушувања • Ненормален развој на –Комуникативни вештини –Социјални вештини –Расудување

3


Сменета парадигма Аутизмот не е психолошка состојба – Тој е невро-гастро-имунолошко нарушување што е резултат на генетска сусцептибилност и средински инсулт.

4


Медицински проблеми кај аутизмот Токсиколошки

Имунолошки

ГИТ

Невролошки 5


Зошто биомедицински и бихејвиорален третман? третман? • Многу од децата со аутизам страдаат од коморбидни медицински состојби. • Треба да се тестираат медицинските нарушувања кои се во основа. • Со тоа се зголемува приемчивоста за бихејвиорален третман. • Синергистичките ефекти од третманот на однесувањето и биомедицинските интервенции резултираат со зголемување на успешни резултати.

6


Зошто постои преклопување меѓу бихејвиоралните и биомедицинските интервенции • Коморбидните биомедицински состојби може водат до неуспех или да го забават третманот. • Не постои единствен третман што функционира кај секое дете – она што функционира кај едно дете не функционира кај друго. • Бидете свесни за какви било промени во лекови или додатоци - ова може да влијае на однесувањето. 7


Зошто бихејвиоралните и биомедицинските интервенции одат рака под рака заедно? (1) • Ако детето страда од алергии Концентрацијата и фокусирањето може да бидат засегнати. • Ако детето страда од ГИ дистрес, како запек, дијареа: Ќе имаат грчеви, надуеност и тоа ќе ги мачи Болката може да доведе до самоповредување • Ако имаат имунолошки нарушувања Ќе се зголемува бројот на инфекции и воспаленија што може да влијае на вниманието и концентрацијата. • Ако биохемиските патишта се компромитирани Невротрансмисијата може да биде помалку или 8 прекумерно стимулирана.


Зошто бихејвиоралните и биомедицинските интервенции одат рака под рака заедно? (2) • Ако детето страда од дигестивни проблеми Неправилно разградената храна може да има влијание врз однесувањето. Не добиваат хранливи материи за биохемиските патишта и нема максимален метаболизам. • Ако детето има проблеми со детоксикација Се создаваат отрови, зголемен оксидативен стрес

– симптоми кои влијаат на вниманието.

9


Што е биомедицински третман? • Може да се дефинира како било кој агенс или терапија што директно влијае на телесната внатрешна средина. • Вклучува: диета/нутриција, нутрициенси, лекови и др. • Исклучува: ABA, логопедска терапија, окупациона терапија, аудитивен интеграциски тренинг, neurofeedback и друго. • Може да ја подобри клиничката слика на аутизмот во корелација со другите третмани. 10


Зошто биомедицински третман? • Генетска предиспозиција – алергии, автоимунитет, семејна историја. • Ослабен имун систем, чести инфекции, земање антибиотици уште првата година. • Воспаление на цревата, патогени. • Нарушен нутритивен статус. • Невозможност да се екскретираат акумулираните тешки метали. 11


Што опфаќа биомедицински третман? 1) Диета 2) Нутритивна терапија 3) Третман на патогените во цревата 4) Стратегии за метилација 5) Детоксикација (хелација) 6) Засилување на имунитетот 7) Антивирусна терапија 8) HBOT 12


13

http://talkaboutcuringautism.org/medical/supplement_help.htm


Третман на ГИТ

(1)

Справување со инфламацијата • Диета – GF/CF. Да се отстрани храна која може да отпочне имунолошки реакции и да резултира со цревно воспаление. • Справување со размножените бактерии, фунги и вируси. • Пробиотици: најмалку 2 пати на ден со оброкот. • Антигабични медикаменти: Nystatin, Diflucan, Sporonox. • Природни антигабични производи: орегано масло, лук, каприлна киселина, брусница, екстракт од семе на грејпфрут, терапевтски 14 ензими.


Третман на ГИТ

(2)

• Антивирусни медикаменти: Valtrex. • Антивирусни природни производи: лист од маслинов екстракт, екстракт од семе на грејпфрут, терапевтски ензими. • Антимикробни медикаменти: Flagyl, Gentamycin, Paramomycin. • Антимикробни природни производи: оригано масло, лук, семе на грејпфрут.

15


Третман на ГИТ

(3)

• Справување со лошата нутриција заради инфламација на ГИТ. • Суплементи на витамини и минерали Babyvit и Juniorvit, плус цинк и магнезиум. • Подржете адекватна дигестија. • Дигестивните ензими DPP4 се важни. Ензимите ја разложуваат храната и помалку е веројатно да предизвикаат реакција од имунолошкиот систем. • DPP4 исто така работи во циклусот на метилација. • DPP4 се создава во цревата (ги вари глутен и казеин), но ако цревата се надуени и содржат вишок на мукус, нејзиното производство може да 16 биде намалено.


Поддршка на имуниот систем

(1)

• Ниски дози Naltrexone во вид на крем се даваат навечер. • Привремената блокада на опиоидни / ендорфин рецептори со Naltrexone предизвикува во мозокот да се ослободи повеќе ендорфин. Ендорфин дејствува како цитокин и ја подобрува комуникација во имунолошкиот систем и го подобрува абнормалниот Th1/Th2 однос. • Го намалува автоимуниот процес преку инхибиција на факторот кој ги претворува имуните клетки во Th2 клетки.

17


Поддршка на имуниот систем

(2)

• Ambrotose/ликонутриенти Есенцијални јаглехидрати кои му помагаат на имуниот систем да го препознае сопственото како сопствено и да го избегнат автоимуниот процес. • Omega 3 масни киселини Го модулираат имуниот систем преку сменето производство на цитокини. Тие можат да го сменат имуниот одговор од проинфламаторен кон антиинфламаторен. 18


Поддршка на метилацискиот пат Methylcobalamin (MB12 ) TMG или DMG Фолна киселина Магнезиум Цинк DPP4 19


Поддршка на трансулфурацискиот пат Витамин B6 Магнезиум Таурин

20


Справување со оксидативен стрес (1) • Користете антиоксиданси • Витамин C (одличен ефект заедно со вит. E) • Таурин, е директен антиоксиданс и ги поддржува витамините А и Е преку обезбедување на апсорпција на жолчните соли. • Селен е добар антиоксиданс. • Подржете производство на Глутатион. • Магнезиум и витамин B6 го поддржуваат ова во клетките. 21


Справување со оксидативен стрес (2)

• Млекото ја поддржува функцијата на црниот дроб, а клетките на црниот дроб произведуваат повеќе цистеин во организмот кој се претвора во глутатион во мозочните клетки. • I.V. давање на глутатион не работи на долгорочна основа. Глутатион треба да се внесе во внатрешноста на клетката, но не можеме да го ставиме таму! • Подржете го производството на глутатион. • Сулфатите ги чистат токсините во клетката оставајќи го глутатионот да се справи со оксидативниот стрес поефикасно. 22


Детоксикација • Да се поддржи црниот дроб. Фаза I од црнодробна детоксикација • Размислете за користење на нетоксични средства за чистење, органски пестициди во домашни услови. Јадете органски одгледувана храна. Фаза II од детоксикација (конјугација) вклучува повеќе различни патишта. Еден од нив е употребата на глутатион, друг е употребата на сулфурациската патека која бара сулфатите да функционираат. Размислете за користење на солени бањи за да се добие сулфат во телото или за апсорпција на 23 магнезиум сулфат.


Хелација • Отстранување на тешки метали. Се прави интравенски, орално, ректално или трансдермално. Средства: EDTA, DMSA, DMPS, Глутатион. Отстранувањето на металите може да води до обновување на ГИТ проблемите (размножување на габи). Ако е сочуван имуниот систем и ако се нормални биохемиските процеси, тогаш организмот сам ги отстранува тешките метали. 24


Зголемете ја клеточната енергија Клетката има потреба од енергија (ATP) за да може да функционира правилно (метилација/сулфурација). • Истражувањето на MacFabe покажало дека можеби постои оштетување на клетката во искористување енергетските извори (масни киселини со куси синџири). • Давање на коензим Q10, ацетил L-Carnitine, и Омега 3 масни киселини може да ја зголемат клеточната енергија.

25


Карнитин • Pochini покажал (in vitro) дека беталактамските антибиотици го инхибираат митохондрискиот транспортер на карнитинот. • Цефалоспорините предивизкуваат иреверзибилна инхибиција по пролонгирана експозиција. • PEDIATRICS 2007 – извештаи за деца со енцефалопатија и напади по долготрајно давање на антибиотици. 26


Омега 3 • Важни за невротрансмитерска функција. • Важни за флуидност на клеточна мембрана и за опоравување (постоксидативен стрес). • Важни за ензимска регулација. • Важни за генска експресија. • DHA (докозахексаноична киселина) е предоминантна во мозокот и е поврзана со системите за аудиторно и визуелно процесирање. • EPA (еикозапентаноична) го модулира имуниот систем преку промена на производството на цитокини од проинфламаторни во антиинфламаторни. 27


Омега-3 препорачани дози: Омегадози: DHA/EPA комбинација • • • • •

1-3 год. 4-8 год. 9-13 год. 14-18 год. Возрасни

700 mg 900 mg 1200 mg 1600 mg 1600 mg

Забелешка: Максимално количество за возрасни е 3000 mg или 3 грама на ден. Food and Nutrition Board, Institute of Medicine, Adequate Amounts (AI), 2002.

28


Цинк • Учествува во многу физиолошки процеси, вклучувајќи дигестија, функција на имунолошки систем и метилација. • Го отпочнува ензимскиот процес кој го претвора Б6 во неговата активна форма (P5P). • Помага во реверзија на високиот бакар/цинк сооднос кој се среќава кај децата со аутизам. • Давајте го во текот на ноќта далеку од храна и други додатоци кои содржат минерали. • Сите форми на цинк се корисни, да се избегне цинк сулфат кој може да го раздразни желудникот. • Повеќето деца реагираат поволно на доза од 15 29 до 30 mg / ден.


Мелатонин • Може да помогне со појавата и одржување на спиење. • Започнете со доза од 3 mg. • Течниот мелатонин има побрз ефект. • Мелатонин го регулира ензимот кој го претвора Б6 во неговата активна форма (P5P). • Мелатонин делува како антиоксиданс. • Во една студија е најдено дека невроните се заштитени од оштетувањата на живата со хормонските нивоа на мелатонинот. 30


Methyl B12 Витамин B12 е најмалку токсичен и добро се толерира. • Го има како инјекции, спреј и особено помага кај воспаленија на ГИТ. • Витамин B12 игра клучна улога во стабилизација на глутатион и редукцискиот статус за ендогените оксиданти. • Тешко се тестира за дефициенција. • Многу високи дози можат да ги регенерираат нервите. • Methyl-B12 е блиску поврзан со метаболниот пат на фолната киселина и битен во детоксикацијата. Препорачани дози: За приближно 85% од децата 64.5 mcg/kg/секои 3 31 дена дава добри резултати.


Високи дози на B6 и Магнезиум Преку 20 студии Магнезиум

за

ефикасноста

на

B6

• 45-50% од децата и возрасните со аутизам имаат корист со високи дози на B6 и Магнезиум. • Витамин B6 е потребен за производство на серотонин, допамин и глутатион. • Магнезиум ја намалува хиперактивноста предизвикана од витамин B6 кога се дава сам. Препораки: – 8 mg/kg на витамин B6 (maximum до 1000 mg) 32 – 4 mg/kg Магнезиум

и


Vitamin Ц • Витаминот Ц антиоксидант и може да биде од голема корист кај децата со аутизам. • Витаминот Ц треба да почне да се дава во доза од 5-10 мг/кг/дневно со постепено покачување на дозата. • Употребата на витамин Ц била испитувана во една мала двојно-слепа, плацебо-контролирана вкрстена студија, каде што било најдено ублажување на симптомите кај училишните деца со аутизам. • Авторите поставиле хипотеза дека дејството се должи на претпоставените допаминергички ефекти на витаминот Ц. • Резултатите од оваа студија сé уште не се 33 повторени.


Витамин Д • Зголемена преваленција на аутизмот во последните години кореспондира со зголемување на медицински совети за да се избегне сонцето, совети кои веројатно ги намалиле концентрациите на витамин Д (калцитриол) во развојот на мозокот. • Аутизмот е честа појава во областите на намалена УВЗ пенетрација, како што се урбаните области, области со високо загадувањето на воздухот. • Аутизмот е почест кај лица со темна кожа кои имаат недостаток на витамин Д. • Една студија покажала дека деца со витамин Д дефицитарен рахитис имаат неколку маркери за аутизам, кои очигледно исчезнуваат со давање на високи дози на витамин Д. • Дози за деца и адолесценти 200-400 IU. 34 Med Hypotheses Hypotheses.. 2008 2008;;70 70((4):750 750--9. Epub 2007 Oct 24 24..


Суплементација со аминокиселини • Некои деца со аутизам имаат дигестивни проблеми заради намаленото внесување на протеини. Ова може да доведе до аминокиселински недостаток, лишување на мозокот со невротрансмитери, хормони, ензими, имуноглобулини, глутатион, итн. • Препораки: Тестирање: одредување аминокиселини во плазма, или 24 часовна урина (ЗАБЕЛЕШКА: невообичаено високи нивоа во урината може да укажат на нивно трошење). • Да се зголеми внесот на протеини. • Користете ензими за варење. • Дадете одредена аминокиселина ако недостасува.

35


Рана интервенција Доенчиња и мали деца со доцнења во развојот, или биолошко/средински ризици за доцнења. Интервенцијата е: Семејно ориентирана Сеопфатна Координирана Развојно соодветна Обезбедена во природна средина 36 MA Department of Public Health Bureau of Family Health and Nuttrion36


Цели на рана интервенција кај аутистичниот спектар на нарушувања • Да им се помага на лицата со аутистичен спектар на нарушувања да функционираат со поголема независност: – Го промовира квалитетот на нивниот живот. – Ги олеснува психолошките и финансиските притисоци на нивните фамилии. – Ги олеснуваат финансиските притисоци на надворешните агенции за поддршка. • Интервенцијата е поефикасна ако е понудена рано, отколку, да се лечи подоцна. • Има јасна потреба за евалуација на раните интервенции во однос на нивното влијание врз проблемите поврзани со 37 аутистичниот спектар на нарушувања. 37


Што е рана интензивна бихејвиорална интервенција? • АБА се засновува на: – Поттикнување – Обликување – Засилување • Употребена кај деца со аутизам и поврзани нарушувања. • Целта е да се намали несоодветното однесување и да се зголеми социјалното соодветно однесување. • Се обидува да ги отстрани бихејвиоралните карактеристики на аутизмот. 38


Применета бихејвиорална анализа (АБА) Дисциплина посветена на разбирање и подобрување на човечкото однесување.

39 39


Некои компоненти на АБА

(1)

• Подучување со дискриминативни налози • Обликување • Исчезнување • Засилување • Поттикнување • Врзување 40


Некои компоненти на АБА (2) • Применета: социјално значајни, непосредно важни за индивидиуата или за општеството во природната средина. • Бихејвиорална: социјално валидна, забележителна и мерлива. • Аналитичка: дава убедливи, репродуктивни и концептуално разумни демонстрации за како да се постигнат специфични промени во однесувањето. • Користи докажани стандарди на интервенција кои биле експериментално демонстрирани. Одлуки донесени врз основа на податоци за да се постигне прогрес. 41


Клучните компоненти • Да се започне рано во животот на детето; • Голем број на часови неделно; • Долго траење; • Многу често зазема место во домот на детето; • Инструкции еден на еден од терапевт, наставник и/или родител. 42


Генерален опис

(1)

• Интервенцијата се случува во изолиран или приватен простор и вклучува време за учење и игра. • Целните вештини се детерминирани од тим. • Фокусирани на вештини што детето не ги прави или барем не постојано. • Го следи развојниот напредок. • Терапевтите се тренирани за бихејвиоралните техники. • Специфични стратегии се употребени за решавање на проблем во однесувањето. • Интервенцијата е под надзор на аналитичар на однесување • Периодични тимски состаноци се многу често одржувани.

43


Генерален опис

(2)

• Дискретен пробен формат е користен за учење (инструкција-одговор-последица) – Дадена е кратка, прецизна инструкција – Детето е поттикнато да одговори, ако е потребно – Детето е поттикнато за одговарање – Материјалите се отстранети и нови материјали се поставени за следната проба • Пробите се повторуваат се додека детето не одговори што е можно посамостојно • Целта е продолжена се додека не го задоволи критериумот за совладување • Родителите се тренирани да генерализираат вештини во природната средина.

44


Рана интензивна интервенцијаинтервенцијабазирана дома и во Центарот (1) • Индивидуализирано програмирање – Проценка и развој на индивидуализиран план за третман, програми за учење и системи на податоци кои се концентрираат на деловите за комуникација, социјализација, вештини за играње, вештини на сигурност, лична нега и подготвителни вештини за училиште. • Интензивно еден на еден учење – 30-40 часа неделно; некои учења се случуваат во домот на детето или општината; некои учења може да бидат направени во типична училница. 45


Рана интензивна интервенцијаинтервенцијабазирана дома и во Центарот (2) • Тренирање и надзор – Обезбедено од професионалци стручни во применета анализа на однесување, развојна и детска психологија • Тренирање на родителите и вклученост – Охрабреност за партиципација и активно подржување, вклучувајќи периодични состаноци на тимот и планирање на програмата. • Документација на напредокот – Собирање податоци за наставните цели на индивидиуата со следење на 46 прогресот.


Тимска соработка Кој треба да биде вклучен?

Индивдуа Семејство

Кругот за поддршка на лицата

Услуги поврзани со персонал

Парапрофесионалци

Наставници 47


Колку е ефективна АБА кај аутизмот?

(1)

Околу 50% на деца со аутизам и лесна интелектуална попреченост на кои била спроведена рана интервенција со АБА постигнале нормален IQ и се едуцирале во редовни училници со минимална помош. 48


Колку е ефективна АБА кај аутизмот?

• Раната интервенција на аутизмот со користењето на АБА е препорачана од: • Оделот за здравство во државата Њујорк. • Американската институција Сургеон Генерал. • Националниот истражувачки совет. • Научната асоцијација за третман на аутизам.

(2)

49


Зошто АБА е ефективна кај аутизмот? аутизмот?

(1)

• Сеопфатна: ги учи сите вештини (пр: седење, присуство, имитирање, следење на насоки, јазик, социјални вештини, вештини за самопомош). • Цел и употреба на обработени податоци: фокусот на објективните мерки и анализи на однесувањето обезбедуваат тековно повратни информации за прогресот и назадувањата. 50


Зошто АБА е ефективна кај аутизмот? аутизмот?

(2)

• Емпириски нагласок: третманите се базирани врз принципи и процедури подржани од истражување. • Ниво на интензитет: 25 до 40 часа неделно за 3 години.

51


Рана бихејвиорална интервенција на аутизмот

(1)

Првата година - се редуцира несоодветното однесување, учат за присуство, имитација, следење на инструкции , зборување во кратки фрази, вештини за играње и вештини за самопомош.

52


Рана бихејвиорална интервенција на аутизмот (2) • Втората година - го прошируваат експресивниот вокабулар, учат повеќе апстрактни концепти, проширен третман во група и места во средината. • Третата година- предучилишни и училишни вештини, соодветни емоционални изразувања, опсервационо учење, инструкции и другарства со нормално развиените врсници. 53


Анализа на трошоци и придобивки на рана интензивна АБА кај аутизмот

• Просечен животен трошок за дете со аутизам е преку 4 милиони $. • Просечен трошок на рана, интензивна АБА е 150,000 $ за околу 3 години. • Просечни животни заштеди од АБА третманот се помеѓу 1.6 и 2.7 милиони $. 54


Заклучок • Аутистичниот спектар на нарушувања има епидемиски размери. • Постојат мноштво медицински нарушувања на имуниот систем, ГИТ, метаболизмот со генетска предиспозиција. • Постојат средински откочувачи кои може да ги иницираат симптомите. • Биомедицинскиот третман може да помогне во многу случаи. • Мета анализите покажуваат дека ЕИБИ може да ги олесни клиничко значајните придобивки во интелектуалното, социјалното, емоционалното и адаптивното функционирање кај децата со аутизам во 55 предучилишниот период.


Порака

Аутизмот се третира Постојат многу индивидуални разлики меѓу лицата со аутизам. Третман кој е ефикасен за едно дете со аутизам може да има мала или никаква корист за друго дете со аутизам. 56


Ви благодарам на вниманието +389-2-3148-834 +389-2-3118-143 president@mssa.org.mk http://www.mssa.org.mk Мacedonian Scientific Society for Autism 57


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.