Osnovni poimi za senzorna integracija m r jasmina troshanska

Page 1

Основни поими за сензорна интеграција

М-р Јасмина Трошанска Оваа публикација е изработена со помош од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на М-р Јасмина Трошанска и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.


Што е тоа сензорна интеграција? Сензорна обработка или сензорна интеграција е

невролошки процес кој се случува кај сите нас. Со помош на нашите сетила ние се перцепираме и доживуваме себе си и околината околу нас. СИ ни овозможува да одговориме на специфичните дразби кои доаѓаат до нас автоматски, ефикасно и соодветно. До нас во секој момент допираат огромен број сигнали, кои создаваат дразби кои ги регистрираме со 2 или повеќе сетила истовремено.


Што друго? Сетилата не предупредуваат, ни овозможуваат да

доживуваме впечатоци од околината но исто така влијаат и на нашиот ум.


Секоја личност различно ги доживува дразбите од околината, при што какви се нејзините доживувања такво е и однесувањето. Нивото на толеранција на дразби е под директно влијание на добросостојбата на личноста. Кога сме болни, заморени, депресивни, загрижени и под стрес можно е да не сме толерантни за сензорните стимулуси како што е случај кога се чувствуваме добро.


Што се случува допираат до нас? Сензациите

со

сензациите

кои

кои доаѓаат преку нервните завршетоци во нашето тело патуваат во многу области на нашиот мозок. Нашиот мозок ги споредува дојдените сензации со други чувства и потоа одлучува како ќе одговори. Мозокот постојано се развива и оспособува за структурни промени, додека ние умре.


Колку што повеќе ние го предизвикуваме нашиот

мозок со учење и правење нешто, толку повеќе создаваме нови врски на пример за везење, нижење или пак свирење на некој инструмент. Колку што повеќе се повторува некоја вештина, толку повеќе се зацврстува врската и вештината станува автоматска. Интервенциите преку сетилата, кај секоја личност можат да направат огромни промени на било која возраст!


Пример за пластичност на мозокот Кога прв пат свирите акорднервната врска е создадена. Со секое повторување, свирењето е се полесно, врската се зацврснува. Прстите знаат како да свират без свесно да мислите како да ги наместите. Всушност, имате преобликување на вашиот мозок.


Сите ние имаме седум сетила: Сетило

Канал преку кој се прима дазбата Вид Очи Слух Уши Допир ЛЕСНО ВООЧЛИВИ Кожа Мирис кои примаатНос дразби од Вкус Уста, јазик надворешноста на нашето тело Вестибуларно сетило Внатрешно уво (рамнотежа) СОКРИЕНИ Проприорецептори Мускули и зглобови кои на реагираат на дразби од (држење телото)

внатрешноста на нашето тело

Резултат

Информации кои патуваат во мозокот каде што се процесираат и се открива нивното значење


Двете сокриени сетила: -вестибуларните и -проприорецептивните Ние не сме свесни за нив Не можеме да ги контролираме Не можеме да ги видиме Заедно со тактилниот, овие два системи се

основа за здрав развој на детето. Кога скриените сетила работат автоматски и ефикасно, детето е во состојба да го фокусира својот поглед, слух (лесно воочливите сетила) и внимание при работата со раката.


Нормален развој на сензорната интеграција кај доенчиња и деца Основите на сензорната интеграција започнуваат во

матката на мајката кога детето започнува да ги чувствува движењата на мајката. Развојот на сензорната интеграција е сличен на зграда

од коцки која вообичаено ја градат децата. Секоја коцка се потпира на таа под неа.


Академска подготвеност, академски способности, сложени моторни способности, контрола на вниманието, организирано однесување, самопочитување и самоконтрола. Перцептивно-моторни способности, аудитивна дискриминација, говор, јазик, визуелна дискриминација, координација на рака-око, смислена активност. Сензо-моторни способности-свесност за телото, употреба на двете страни, доминација на едната рака, моторно планирање. Допир,рамнотежа, движење, позиција на телото (други сетила).

од 6 г.

од 3 г.

од 1 г.

од 2 м.



Како ги обработуваме сензорните информации?


Сензорна регистрација • Откривање на сензорни информации од страна на ЦНС • Ние знаеме дека сме примиле некаква дразба од околината (што се уште за нас нема никакво значење).


Сензорно процесирање и обработка

Се случува на централно ниво, при што настанува прием на дразбата, модулација, интеграција и организација на дразбите со цел организмот да одговори на барањата од средината.




Сензорна модулација • Невромодулација е процес кој овозможува ЦНС да ги прилагоди информациите кои ги испраќа кон промените на внатрешната и надворешната средина. • Овде се врши селекција на сензациите, според интензитет, времетраење, комплексност, фреквенција, при што ние внимание посветуваме само на оние сензации кои ни се релевантни во контекстот.


Што претставува нарушување на сензорната интеграција? Неможноста да се прими, организира и одговори на сензорно примените информации на соодветен начин кој има значење за нас или за луѓето околу нас. • Нарушување на сензорна интеграција • Нарушување на сензорната обработка • Дисфункција на сензорна интеграција


Извадок од книгата “Out of Sync Child”


Мразам шишање, бањање или чешлање на косата Не сум свесен за нормалниот допир или болка и често ги допирам другите премногу слабо или премногу јако

Имам проблем со фокусирање и концентрирање

Плачам и ги затварам очите за да се заштитам од светлина Имам сиромашни моторни способности за пишување и сечење

Имам селективен слух или проблем во слушањето

Пречувствителен сум на јаки звуци како што се правосмукакла или блендер

Пребирлив сум во исхраната и одбивам нова храна и текстура

Ставам се во уста Секогаш намирисувам луѓе, храна или предмети

Се жалам на рабовите од мојата облека Или сум премногу слаб или премногу дебел Имам сиромашни моторни способности, како што е трчање и возење велосипед

Секогаш одам на прсти

Имам потешкотии во самостојно облекување и соблекување

Седам со нозете во W позиција

Облекувам чорапи "туку така" или никогаш не одам бос


Како ќе го забележиме нарушувањето на сензорната интеграција? • Самоповредување • Потешкотии при прилагодување на промени во одредени рутини • Стереотипно однесување • Потешкотии при извршување на секојдневни задачи за кои е потребно моторно планирање • Непредвидливи емоционални реакции • Нарушена способност за интеракција со други лица


• Проблеми со вниманието – фиксации, настојчивост, деконцентрираност • Потешкотии да остане внимателен но истовремено и опуштен – хиперактивност или хипоактивност • Избегнување допир или движење • Самостимулирачки однесувања – може да бидат постојани и да влијаат врз способноста за извршување на други работи


Колку категории постојат?

на

нарушувања

Според Winnie Dunn постојат 4 категории на

нарушувања на сензорното процесирање.


Тек на невролошки праг

Тек на саморегулацијата на однесувањето како одговор на дразбата Пасивни стратегии

Активни стратегии

Ниска регистрација

Барање на дразби

Висок

Низок Сетилна пречувствителност

Одбегнување на дразби


Барање на дразба - Sensation seeking Висок праг на надразливост и активна стратегија на

саморегулација. Овие деца се многу активни, континуирано ангажирани и возбудени. Тие бараат постојано дразби за да го достигнат високиот праг на надразливост. Лицата без попреченост од сите возрасти бараат сетилни искуства за да уживаат во нив. Барањето на дразба претставува проблем кога трае долго и саканата активност станува дел од однесувањето на лицето. Интервенции: Обезбедување на повеќе можности за саканата дразба во секојдневните животни активности.


Ниска регистрација - Low registration Високи сензорни прагови и пасивна стратегија за

саморегулација Кога луѓето имаат шема на сензорни обработка нискоа регистрација, тие ги забележуваат сензорните дразби многу помалку од другите. Овој тип на луѓе изгледаат незаинтересирано, тие не го забележуваат она што се случува опколу нив. Тие не се свесни за голем дел на активности кои нсе случуваат околу нив. Интервенција: Зголемување на интензитетот на сензорен влез за подобрување на можностите за забележување и одговарање на дразбите на околината.


Избегнување на дразби - Sensation avoiding Ниски

прагови и активна стратегија за саморегулација. Овие деца се поврзани со ритуали, се водат според правила и се несоработливи. Нивното однесување е насочено кон лимитирање на влезот на дразби со кои се соочуваат. Не сакаат нови дразби затоа што им е тешко да ги разберат, па затоа следат само ритуали. Интервенции: внимателно изложување на помал број на дразби се со цел да не дојде до преоптоварување а со тоа и повлекување од секојдневните животни активности.


Сетилна пречувствителност-Sensоry sensitivity Ниска сензорни прагови и стратегија на пасивна

саморегулација. Овие лица откриваат дразби многу повеќе од другите (го слушаат возот од далеку). Овие деца лесно се вознемируваат, хиперактивни се и заради нив често има поплаки. Иако дразбите им сметаат тие се пасивни и подобро ќе плачат отколку да заминат Интервенции:обезбедување на структуиран и контролиран влез на дразби за да не дојде до пренадразливост.


Поттикнување и третман на сетилата Сите ние понекогаш ненамерно ги поттикнуваме сетилата на децата без да ја знаеме дефиницијата и конкретната цел за тоа - посетата на игротеки, забавни паркови, базени, тобогани, нашите баби ги лулаат децата, им даваат да играат со тесто, да копкаат во градината и да ги осознаваат својствата на природата.


За сетилата за прв пат зборува италијанската лекарка и педагог Мариа Монтесори

Мариа Монтесори (1870 –1952)


"Мозокот во создавање! Што можеме да направиме за да помогнеме"


Таа развила дидактички материјали за сензорно

образование. Вредноста на нејзините материјали е непроценлива бидејќи на децата им дава средства за сетилно образование кои поттикнуваат развој и подобрување на вештините за набљудување, споредување и расудување. Правилната употреба на нејзините материјали

резултира со создавање на одлична основа за развој на интелигенција која понатаму ќе се надградува во текот на целиот живот.


Материјалите за развој на сетилата кои таа ги создала се:

Цилиндрични блокови

Розева кула


Широки скали

Комбинирана активност од широки скали и розева кула

Црвени прачки


Биномска коцка

Триномска коцка

Цилиндри во боја


Мистериозната торбичка Рапави и мазни табли

Конструктивни триаголници

Звучни цилиндри


Ѕвончиња

Миризливи шишиња

Плочки во боја........


ТРЕТМАН НА СЕТИЛАТА


Постојат неколку видови на третмани за нарушувањата на функцијата на сетилата Терапија на сензорна интеграција на Jean Ayres Терапија на сензорно процесирање на Lucy Jane Miller. SNOEZELEN пристапот на Jan Hulsegge и Ad Verheul. Други методи: физички тренинг, аудитивен

интегративен тренинг


Терапија на сензорна интеграција Терапијата на сензорна интеграција е една од

најзабавните третмани бидејќи се заснова на игровни активности во средина која е пријатна за децата и ги задоволува и поттикнува нивните потреби за сензации.


За прв пат во 1963 г. Jean Ayres ОТ од Америка го

воведува терминот сензорна интеграција. Тоа е окупациона терапија која го сместува детето

во соба која е специфично дизајнирана да ги стимулира и предизвикува сетилата.


Сензорната интеграција се заснова на идеата дека

лицата со моторни и сензорни проблеми имаат проблем во процесирањето на информациите кои нивното тело ги прима низ различните видови на сетила. Овие нарушувања се третираат со специфични сензорни активности како што се лулање, скокање, четкање, масажа, вежби за рамнотежа, воден аеробик итн. За време на третманот, терапевтот работи заедно со детето и дозира одредено ниво на сензорни дразби со кои детето може да се справи.


Се заснова на четири принципи: Само точен предизвик-детето мора да биде во

состојба да предизвиците кои се презентирани низ игра. Адаптивен одговор - детето го адаптира своето однесување на нови и корисни стратегии кои се одговор на предизвиците кои му се поставуваат. Активно учество во игровната активност. Насочување на детето-сите искуства на детето кои се поттикнуваат имаат терапевтска цел.


Третманот се врши од лица кои се обучени како

сензорни терапевти, окупациони терапевти или други професионалци кои имаат посетено додатни обуки за користење на овој пристап.


Родителите ги идентификуваат проблемите, тие

најдобро го познаваат своето секојдневните животни ситуации.

дете

во

Програмата за третман се изработува заеднички

од страна на терапевтот и родителите.


Терапија на сензорно процесирање

Создадена е од страна на Lucy Jane Miller, PhD,

OTR, која била ученик на Ayres и пионер во истражувањата на сензорното просецирање.


Таа

се придржува на истите принципи од теоријата за сензорна интеграција но додава: Интензитет - лицето посетува терапија секојдневно Развоен проистап - терапевтот ја адаптира работата на развојната возраст на детето а не на календарската. Тест-ретест - систематска евалуација при што секој пациент се тестира пред третманот и после одреден период.


Водење

на процесот наспроти водење на активноста - терапевтот се фокусира само на точната емотивна врска и работи на нејзино зајакнување.

"joie de vivre" - среќата во терапијата е главната цел и се постигнува преку социјална партиципација, саморегулација и самодоверба.

Користење

на комбинација на интервенции во праксата до сега.

најдобрите


Snoezelen или контролирана мултисензорна средина е терапија за лица со аутизам и други попречености во развојот, деменции или повреди на мозокот.

Snoezelen


Оваа терапија потекнува од Холандија, 1970 г. ја

создале Jan Hulsegge и Ad Verheul кои работеле во центар за лица со интелектуална попреченост.

“snuffelen”=истражува “doezelen”=релаксира


Во почетокот потребно било да се создаваат

материјали за уредување на собите но потоа на пазарот се појавува големиот англиски производител ROMPA® International кој започнува со производство и продажба на уреди. Во моментов во Германија постојат повеќе од 1200 snoezelen соби.


Овие терапевти во рамките на летен фестивал направиле сензорен шатор во кој инсталирале вентилатор кој дува ленти, мастило помешано со вода проектирано на екран, музички инструменти, тактилни предмети, сапуни, шишиња со масло и вода и обоена вкусна храна. Постигнале огромен успех, посебно со нискофункционалните клиенти кои имале интерес за вербални и невербални контакти.


е недиректна терапија која е контролирана од клиентот а не од терапевтот. Таа може да биде адаптирана како мултисензорна или насочена кој едно сетило, едноставно преку прилагодување на осветлувањето, атмосферата, звуците, текстурата на потребите на клиентот во моментот. Во рамките на третманот не постои конкретна насока, туки целта е да им се помогне на корисниците да добијат максимално задоволство од активноста во која се вклучени. Snoezelen


Предноста на Snoezelen терапијата е што таа не

се потпира на вербална комуникација и може да биде користена од страна на лица со умерена интелектуална попреченост, аутизам а исто така може да ги поттикне на активност и оние кои воопшто не би можеле да се поттикнат.


Видео


За да се биде успешен како терапевт потребно е голем интерес за ова поле, многу литература и многу многу практична работа бидејќи најголемите знаења се стекнуваат преку искуството!


Откривање и следење на дисфункционалноста на сетилата Нарушување на сензорното процесирање во ниту една класификација не е забележано како ментално нарушување. Дијагнозата започнува откако започнуваат да се користат стандардизирани тестови, стандардизирани прашалници, слаки за проценка и слободно набљудување на играта.


Стандардизирани тестови: Тест на сензорна интеграција и праксија (SIPT) DeGangi-Berk тест на сензорна интеграција (TSI) Тест на сензорни функции на новороденче (TSFI) Стандардизирани прашалници: Сензорен профил (SP) Сензорен профл за новороденчиња и деца Сензорен профил за адолесценти и возрасни Сензорен профил за придружници на училиште Мерење на сензорната обработка Мерење на сензорната обработка на предучилишна возраст


Други тестови: Развоен тест на визуелна перцепција Beery–Buktenica развоен тест на визиомоторна

интеграција Милерова скала на функции и партиципативност Bruininks-Oseretsky тест на моторни способности


Презентација на: Сензорен профил (SP) Сензорен профил за адолесценти и возрасни


М-р Јасмина Трошанска Потпретседател на МНЗА E-mail: jasminaiva@gmail.com Web page: www.mssa.org.mk

62


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.