Prezentaci 2 jasmina troshanska p

Page 1

ФИЗИЧКА СТРУКТУРА, РАСПОРЕД И ИНДИВИДУАЛЕН СИСТЕМ ВО РАБОТАТА СО УЧЕНИЦИТЕ СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ И АУТИЗАМ М-р Јасмина Трошанска Оваа публикација е изработена со помош од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е исклучиво одговорност на М-р Јасмина Трошанска и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.


Училницата треба да биде пријатно катче за секое дете


Структурално учење Структурално учење е систем на организирање на училницата, методите, средствата и наставниот процес воопшто. Се применува во учењето на децата со интелектуална попреченост и аутизам заради нивните специфичности во: -експресивната комуникација -одржување на внимание -меморија -организација -соработка со другите луѓе -сензорна стимулација од околината -неразбирање на однесувањето на другите луѓе -неразбирање на социјалните правила и односи


Зошто структура? 1. Овозможува разбирање на комуникацијата 2. Го минимализира несоодветното однесување преку воведување на јасни и предвидливи ситуации. 3. Им помага на децата да учат подобро 4. Ја развива и подобрува самостојноста 5. Помага во усвојување на стратегии за однесување


Преку ваквата организација децата: ќе бидат посмирени ќе бидат посамостојни позадоволни и способни да работат самостојно и продуктивно во подолг временски период.


Структурата подразбира:

-Физичка структура -Распоред -Индивидуален систем на работа -Визуелна структура и информација


ФИЗИЧКА СТРУКТУРА -мебел -материјали -околина


Кога се уредува училницата најважни се јасни визуелни и физички граници

Поделбата на училницата или дефинирање на: -простор за самостојна работа, -индивидуална работа; -групна работа и -игра.


Во услови каде што е невозможна ваква поделба потребно е да се ограничи просторот за работа и одмор. Во секој дел на просторот детето ќе знае што од него се очекува.


катче за документација

катче за изработки на учениците

катче за грижа за природата простор за самостојна работа материјали за работа

простор за групна работа и работа на под


индивидуална работа со дете со аутизам


работа во мали групи


Доколку детето лесно се вознемирува, во училницата можете да имате тивко катче или пак простор надвор од училницата каде што ќе може детето да замине доколку се вознемири од гужва, мирис или пак светло.


простор за компјутери


Материјалот за работа треба да му биде лесно достапен на детето со аутизам.


КАДЕ ВО ВАШИТЕ УЧИЛНИЦИ СЕДАТ ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ? ШТО ПРАВАТ И КАДЕ СЕ ДВИЖАТ ЗА ВРЕМЕ НА ОДМОРОТ? Некои деца подобро работат ако седат пред наставникот, некои пред таблата а некои пак близу вратата.


Физичките граници посебно се важни за децата со аутизам. Тие треба да имаат определено место за седење или стоење и за време на одморот, во спротивно може да пројави негативно однесување за време на одморот. Во почетокот можеби ќе биде потребно некои деца да не излегуваат за време на одморот, затоа што секое излегување од училница ќе го сватат дека си одат дома!


Просторот и местото на детето од година во година треба да се менува во зависност од потребите на детето


2008/2009


2009/2010

2010/2011

2014/2015


Пример: Ученик има 14 г., со Аспергеров синдром во редовно училиште. Самостоен е во работата но се вознемирува од звуци-едногласно зборување од страна на децата, ѕвонење на ѕвончето, звукот при боење со мрсни или дрвени боици и слушање и пеење со придружена гласна музика. Каде тој би седел во училницата? Што би можеле да направиме за тој да не се вознемирува?


•Соодветно место за седење е во првиот ред до вратата за да може брзо и лесно да го напушти часот доколку се вознемири. •Доколку го напушти часот, точно треба да добие визуелни насоки и информации што треба да направи и каде треба да оди: -ќе седи во ходникот пред вратата каде има столче означено за него или -ќе оди кај точно определено лице од стручниот тим.


Доколку остане во училница, може да добие часовник кој ќе го предупредува 5 минути пред да ѕвони ѕвончето и тој ќе стави тампони или слушалки на ушите. Кога во училницата има гласна музика или децата гласно зборуваат тој може на слушалки да си пушти музика и да се заштити од звуците. Секако за сето ова треба да добие визуелни напатствија.


Заклучок Физичката структура на училницата може да биде важен фактор за успехот или неуспехот во учењето.


РАСПОРЕД

Што за вас значи зборот РАСПОРЕД? 1. План според кој тече некоја процедура 2. Серија на активности кои треба да бидат направени според одредан временска рамка 3. Листа на детали кои редоследно треба да се завршат


Што би се случило доколку немаме распоред? Распоредот ни овозможува дисциплина и организација.

ред,

Распоредот нуди структура, сигурност и рутина.


За учениците со интелектуална попреченост кои имаат проблем со разбирање и планирање на времето и за учениците со аутизам кои не можат да предвидуваат распоредот ни овозможува смирено однесување и поголема соработка.


Кој е најчестиот формат на распоред кој се користи во училиште? -Пишуван распоред, дневен, вертикален, групен. Голем дел од децата со ИП и аутизам не можат да го прочитаат, не можат да го разберат денот како целина и често се "губат" во ходниците посебно во предметна настава. Дали децата со ИП и аутизам го разбираат распоредот?


За овие деца распоредот може да содржи слики, цртежи или предмети Што доколку не го разбираат распоредот за целиот ден? - се прави распоред за пола ден и му се покажуваат првите два часа, после одморот се прави распоред за вторите два часа. Што доколку не го разбираат и тој распоред? -се прави распоред за активностите на еден час кои ќе следат една по друга.


ВАЖНО! -Видот на распоредот и бројот на содржините треба да одговараат на нивото на разбирање на детето! -Доколку детето го разбира распоредот лесно ќе може да премине од една до друга активност самостојно.


ВАЖНО! Дали децата можат да следат редоследни активности со помош на визуелен знак? Дали разбираат пред-после?


Начин на користење на распоредот Некои деца зимаат збор, слика или предмет од својот распоред од лево и ја ставаат десно во означено место-квадратче.


Некои деца ја превртуваат сликата од распоредот по завршената акивност. Некои деца лепат житони на простор за завршена работа.


Доколку распоредот е со предмети (може и слики), откако ќе завршат со активност, децата го зимаат предметот и го ставаат во корпа (џеб) за завршено.


Распоредот... ...позитивно влијае врз однесувањето; ...ja намалува анксиозноста; ...ja зголемува мотивацијата; ...создава рутина; ...ја подобрува соработката. ...


Распоредот... ..... се воведува прво преку предмети (оригинални потоа репрезентативни предмети), потоа едноставни зборови, слика-збор, фотографии на реални предмети и на крај пишувани распореди. Можат да бидат мобилни-детето да си го носи со себе или да бидат фиксирани на клупа или ѕид.


Распоредот.... Може да се користи дома, на училиште или во било која средина. Постојат голем број компјутерски програми или пак слики и симболи кои можат да се симнат од интернет за да се подготвуваат распореди. http://autiplan.com/starting-with-autiplan www.do2learn.com http://www.mayer-johnson.com/


Вид на распоред

Различни видови на распореди

Должина на распоредот

Локација на распоредо т

Доаѓање до распоредот

Манипулирање со распоредот

ПРЕДМЕТИ

-Функционални предмети -Делови на предмети -Репрезентативни предмети

-Пред-после -Низа од 3 -Низа од 4 -Низа од 5 и повеќе

-Ѕид -Во садови

-Физичко водење

-Користи предмет во задачата -Споредува предмети -Става предмети во кутија

СЛИКИ

-Налепници или чичак траки -Реални цртежи -Симболички цртежи -Комерцијални слики -Фотографии -Црно бели слики -Слики во боја

-Пред-после -Низа од 3 -Низа од 4 -Низа од 5 и повеќе -Пола ден -Цел ден

-Ѕид -Садови -Со чичак траки -Фото албум

-Физичко водење -Кажи «провери распоред» -Ѕвонче -Трепкачка светлина

-Споредува слики -Споредување на слики со ставање во кутуја -Ставање на слики во џебови -Ставање на слики во кутија -Превртување на сликите во џебови или чичак траки -Прешкртување на слики

ПИШАНИ ЗБОРОВИ

-Едноставен збор -Едноставни зборови -Кратки фрази -Реченици -Истакнати зборови -Зборови/работни

-Пред-после -Низа од 3 -Низа од 4 -Низа од 5 и повеќе -Пола ден -Цел ден

-Ранец -Папка -Тетратка -Табла

-Кажи «провери распоред» -Ѕвонче -Трепкачка светлина -Часовник -Штоперка

-Прешкртување -Штиклирање


Кога децата ќе стекнат доверба во употребата на својот индивидуален распоред, се преминува кон следното ниво на структуирано учење

ИНДИВИДУАЛЕН РАБОТЕН СИСТЕМ


Системот на индивидуална работа му дава на детето систематски начин на приоѓање кон работата при што треба да постои во секоја од неговите задачи.


Преку системот на работа детето може да увиди : Што ќе работи? Колку треба да сработи? Како ќе работи? Кога завршува? Што треба да прави следно?


При работата со системи треба да се внимава тие да одговараат на детето 1. По должина-одозгора надолу и од лево на десно 2. Видот на системот на одговара на развојниот стадиум на детето -работа со кутии од лево на десно -со слични картички (по боја, форма, букви) -пишувани.


Се користат активности кои децата можат сами да ги прават без помош, се учи детето како да ја земе задачата, како да ја сработи и да ја стави во кутијата за крај.


Децата кои ќе користат системи со пишувани зборови треба да се научат како по завршувањето ќе ги прецртуваат,кога ќе ја завршат секоја активност.


Инструкциони техники кои ги користат наставниците при ваквото учење се: Јасни и конкретни упатства Поттикнувачи-физички, вербални и визуелни Зајакнувачи-храна, играчки, омилена активност


ВИЗУЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА Визуелното презентирање на информациите помага во учењето. Елементите на визуелната информација даваат значење на задачата и на активностите во задачата.


Позитивни резултати се постигнуваат само ако постои -визуелна јасност,

-добра визуелна организација и добри визуелни напатствија.

јасно презентирана задача

Со добро организиран материјал лесно може да се ракува

Што точно треба да се


Работилница Комуникацијата не ја сочинуваат само зборови


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.