enterprise europe
Мрежа на бизнис можности
Основи на интелектуалната сопственост за мали и средни претпријатија European Commission Enterprise and Industry
Издавач: Европски Информативен и иновативен центар во Македонија ЕИИЦМ www.een.mk Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Скопје www.mir.org.mk Лектор: Дејан Василевски Прирачникот во PDF може да се превземе на следната веб страница: www.mir.org.mk
Скопје, декември 2010
Дали знаете дека препознавањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост е еден од основните елементи за зајакнување на конкурентноста на претпријатието и една од неговите најголеми вредности? Основното познавање и информирање за правата од интелектуална сопственост може во голема мера да ви помогне да почнете постапка за заштита и ефикасно искористување на своите права.
1
Што е интелектуална сопственост? Интелектуалната сопственост е насекаде околу нас. Со интелектуална сопственост се штитат креациите на човечкиот ум. Секој производ или секоја услуга во нашиот секојдневен живот е резултат на долг синџир на мали или на големи иновации, промени и подобрување на дизајнот и на функциите. Ако земеме за пример еден MP3-уред, сигурно неговиот дизајн е заштитен со индустриски дизајн или неговите технички делови се заштитени со патент, а неговото име со трговска марка. Дури и песните што ги слушаме на него се најверојатно заштитени со авторски права.
Интелектуалната сопственост вообичаено се дели на две групи: И н д у с т р ис к а с о пс т ве н о с т
(патент, трговска марка, индустриски дизајн, географски назив) и А в т о р с к о п р ав о и с р о д н и п р ава
(заштита на интелектуални креации во науката, литературата, уметноста, компјутерски програми)
Која е поврзаноста на интелектуалната сопственост со успехот на едно мало или средно претпријатие? Иновативните и креативните идеи се во срцето на најуспешните бизниси. Идеите треба да се развиваат, да се претворат во иновативни производи или иновативни услуги и успешно да се комерцијализираат. Без разлика на тоа каков производ произведува или каква услуга нуди, вашето претпријатие најверојатно создава креација што може да се заштити со право од индустриска сопственост. Инвестицијата во заштита е многу повеќе од заштита од потенцијалните конкуренти. Тоа е начин на зголемување на пазарната вредност на вашето претпријатие и зголемување на можностите за профит. Стратегиското искористување на интелектуалната сопственост значително може да ја подобри конкурентноста на вашето претпријатие. Како и сопственоста врз физичките предмети, интелектуалната сопственост мора да се здобие и да се одржува. Заради тоа, претпријатието треба да ја увиди вредноста на интелектуалната сопственост и да ја третира како капитал.
3
4
Како интелектуалната сопственост може да ја зголеми пазарната вредност на вашето претпријатие? Вредноста на интелектуалната сопственост и нејзиниот потенцијал за зголемување на вредноста на претпријатието и остварувањето на поголем профит честопати е потценета од страна на малите и средни претпријатија. Заштитата со интелектуална сопственост може да стане ценет капитал, на пример:
• Интелектуалната сопственост може да генерира профит преку лиценцирање, продажба или комерцијализација на производите заштитени со правата од интелектуална сопственост, со што ќе се зголеми вредноста на претпријатието и на профитот. • Интелектуалната сопственост што ја поседува претпријатието може да ја зголеми вредноста на претпријатието во очите на инвеститорите и на финансиските институции. • Во случај на продажба или спојување, интелектуалната сопственост може да ја зголеми вредноста на вашето претпријатие или да биде примарна или дури и единствена вредност на претпријатието.
5
Како се пренесуваат правата од индустриска сопственост?
6
Пренесувањето на правата од индустриска сопственост претставува дополнителен извор на приход за претпријатието. Овластување за отстапување на користење на некои од правата од индустриска сопственост се врши со договор за лиценца. За разлика од продажбата, кога целосно се пренесува правото на сопственост, со договорот за лиценца се дава дозвола за користење на заштитеното право под посебни услови. Договорот за лиценца мора да биде склучен во писмена форма и бара посебна вештина во составувањето. Советување со стручни лица кои работат во областа е од посебна важност при преговарање и изработка на договорот.
Дали правата од интелектуална сопственост можат да ги зголемат можностите за извоз на вашето претпријатие? Пред да се одлучат за извозно работење, претпријатијата треба да поминат низ низа клучни чекори: од идентификување на соодветен пазар за извоз, наоѓање канали на дистрибуција, проценување на трошоците, планирање средства и друго. Во својата извозна стратегија треба да се вклучи и интелектуалната сопственост, со што ќе се зголеми конкурентноста на претпријатието на извозните пазари. На пример, патентите можат да отвораат нови можности за извоз, вашата трговски марка или индустрискиот дизајн можат да ви помогнат да добиете поволна позиција на пазарот и лојални клиенти за вашите производи и услуги на странските пазари. Правата од индустриска сопственост се „територијални“, односно важат само во земјата во која се заштитени. Заштита на правата на странските пазари, ќе мора да се бара во странство, најчесто во оние земји што се одбрани како пазар за пласман на производите или услугите.
7
Интелектуалната сопственост како капитал? Како резултат на техничката и информатичката револуција и развојот на услужните дејности, претпријатијата согледуваат дека интелектуалната сопственост станува многу повредна од физичкиот имот. Дури и во секторите каде што традиционалните техники на производство се доминантни постојаното иновирање и креативноста се клучни за поголема конкурентност на пребирливите пазари. Затоа, претпријатието треба да најде начин да го искористи својот нематеријален капитал. Првиот чекор може да биде правна заштита доколку се исполнети критериумите за заштита со правата од индустриска сопственост:
8
• иновативни процеси и производи со патент; • креативен дизајн со индустриски дизајн; • дистинктивни знаци со трговска марка; • карактеристични производи со ознака на потекло и географска ознака.
Најпознат и најефикасен начин за заштита на пронајдоците е патентот Ш то е п ат е н т ?
Патентот претставува ексклузивно право на пронаоѓачот, за пронајдок од која било област на технологијата, што се дава под одредени услови за одреден временски период. Објект на патентната заштита е пронајдокот. Пронајдок може да се квалификува за заштита доколку е нов, содржи инвентивен придонес и може да се применува во индустријата. З о ш то д а го п ат е н т и ра м е с в о ј о т п р о н а ј д о к ?
Патентот е моќна бизнис-алатка што овозможува посигурна положба на пазарот и јакнење на конкурентноста на претпријатието. Заштитата на пронајдокот со патент значи ексклузивност врз новиот производ или процес и намалување на ризикот од повреда од страна на конкурентите, можност за дополнителни приходи преку лиценцирање или продажба на патентот. Патентното портфолио го зголемува угледот на претпријатието кое со тоа го докажува својот технички капацитет, инвентивноста и експертиза во областа во која работи.
9
К о и с е п ра в ата н а н о с и т е л о т н а п ат е н т ?
Во зависност од типот на патентот, носителот може да ги има следниве права: ексклузивно право за употреба на патентот во производниот процес, право да пласира производи на пазарот произведени со помош на патентот, право да забрани употреба на патентот од трети лица кои не се стекнале со негово одобрение. Носителот на патентот, во интерес на друго лице, може делумно или во целост да се откаже од своите права (лиценца или продажба). Д а л и т р е б а д а с е п ат е н т и ра с е к о ј п р о н а ј д о к ?
10
Одлуката дали да се патентира пронајдокот најчесто би требало да се заснова на комерцијална и деловна корист од патентирањето на производот, колку е вреден за компанијата и за конкурентите, дали е во согласност со стратегијата на компанијата, дали има пазар за него, дали ќе го подобри процесот на работење, дали може да се лиценцира? Процесот за заштита може да биде скап, а да не резултира со комерцијално вредна технологија или комерцијално вреден производ. К о ј го п о с е д у в а п ра в о то н а п ат е н т в о к о м п а н и ј ата ?
Во македонското законодавство не постојат одредби за сопственост врз креација создадена во работен однос. За да се избегнат спорови, договорите за вработување треба да содржат одредби за сопственост на пронајдоци од работен однос.
К о л к у ч и н и п ат е н т и ра њ е то п р о н а ј д о к ?
Во зависност во видот на пронајдокот, државите каде што ќе се заштитува, пријавата и приговорите, како и дали ќе се користи застапник кој ќе ви помага во постапката за пријавување, трошоците на патентирањето се многу различни. К о е е в р е м е т ра е њ е то н а п ат е н т н ата з а ш т и та ?
Генерално, 20 години. Што се случува по истекот на времето на п ат е н т н ата з а ш т и та ?
Кога истекува времето предвидено за заштита со патент, заштитата завршува и пронајдокот станува општо добро. Пронајдувачот нема повеќе ексклузивни права врз пронајдокот и пронајдокот станува достапен за комерцијална експлоатација од сите, без надомест. К о ј а е у л о гата н а п ат е н т и т е в о с е к о ј д н е в н и о т живот?
За да добие заштита со патент, носителот на патент е обврзан да го разоткрие својот пронајдок. Користа што ја има општеството од патентот се состои од објавувањето на пронајдокот на јавноста и можноста по определен временски период сите членови на општеството да го користат конкретниот пронајдок, слободно и без надомест. Не само што претставуваат заштита за пронаоѓачите, патентите се и значајна информација и инспирација за идните генерации истражувачи и пронајдувачи и за развојот на општеството.
11
Трговската марка е лицето на вашиот бизнис Што е трговска марка?
Со трговска марка се штити знак што може графички да се прикаже и е соодветен за разликување на стоките и услугите на еден учесник во прометот од друг. Трговската марка е дистинктивен знак со кој се идентификува одреден производ или одредена услуга. К о е е з н ач е њ е т о н а т р г о в с к ата м а р к а з а м о е т о п р е т п р и ј ат и е ?
12
Во услови на глобализација и присуство на огромен број производи и услуги на пазарот знаците со кои се обележуваат стоките и услугите се од огромно значење за производителите кои се стремат да го означат својот производ со знак што ќе биде дистинктивен и привлечен за потрошувачите. Со помош на трговската марка претпријатието го гради својот имиџ и својата препознатливост, а во исто време гарантира за постојаниот квалитет на производот или на услугата. Истовремено, овој систем го поттикнува претпријатието да инвестира во подобрување на квалитетот на својот производ, со што ќе ја зголеми репутацијата и ќе освои нови пазари. Ко и с е м о и т е п ра в а к а ко н о с и т е л н а р е г и с т р и ра н ата т р го в с к а м а р к а ?
Носителот на трговската марка има ексклузивно право да ја користи трговската марка за означување на своите производи и услугите, да спречи други да рекламираат идентични или слични производи под истата или под слична марка или да го пренесе правото на трето лице за одреден надомест.
К о л к у т ра е п е р и о д о т н а з а ш т и та ?
Во нашата земја периодот на заштита е десет години, со можност за неограничено продолжување. К а к в и з н а ц и м о ж ат д а б и д ат з а ш т и т е н и со трговска марка?
Можностите се речиси неограничени, зборови, букви, бројки, слики, цртежи, комбинации на бои и знаци. Услов за заштита е дистинктивност на знакот и можност за негово графичко претставување. Сепак, постојат апсолутни причини за одбивање регистрација доколку станува збор за генерички или описни термини или трговската марка е спротивна на јавниот поредок и моралот, знамиња, амблеми, грбови на држави и меѓународни организации, религиозни симболи или нивна имитација. Д а л и т р го в с к ата м а р к а м о ж е д а б и д е дополнителен извор на финансиски средства за м о е то п р е т п р и ј ат и е ?
Правото на користење на трговската марка може да се пренесе преку договор за лиценца или франшиза за одреден надомест. Во случајот на франшиза, давателот на франшизата го пренесува правото на трговската марка заедно со трансферот на знаење и искуства и неговиот бизнис-концепт, со што има и поголема контрола врз оној на кого го пренесува правото во однос на обичните договори за лиценца.
13
Дизајнот ја продава стоката Што се штити со индустриски дизајн?
Со право на индустриски дизајн се штити дизајн што е нов и има индивидуален карактер. Индустрискиот дизајн се однесува на украсните, односно естетските аспекти на производот. Со индустриски дизајн не можат да се штитат дизајни што се спротивни на јавниот поредок и моралот, технички планови и скици, државен грб на знаме или амблем, препознатливи делови од културно наследство. К о и с е п ра в ата н а н о с и т е л о т н а и н д у с т р и с к и о т дизајн?
14
Носителот на индустрискиот дизајн има исклучиви права да го користи индустрискиот дизајн и да забрани други да го користат без негова согласност, со тоа може да спречи копирање од страна на другите производители и зајакнување и издвојување на позиција на претпријатието на пазарот. Зошто индустрискиот дизајн е важен за вашето п р е т п р и ј ат и е ?
Надворешниот изглед на производот е она што го прави атрактивен и привлечен за потрошувачите. Со помош на индустрискиот дизајн производителите ги издвојуваат своите производи од конкурентите и го градат угледот на претпријатијата.
К о и с е п р и ч и н и т е з а з а ш т и та н а и н д у с т р и с к и о т дизајн?
Со заштитата на индустрискиот дизајн сопственикот има ексклузивно право да го користи или да спречи неодобрено копирање или имитација од други. Регистрираниот дизајн ја зголемува комерцијалната вредност на претпријатието, регистрираниот дизајн може да биде и продаден или лиценциран за одреден надомест, што може да значи и влез на нови пазари. Можноста за заштита ја поттикнува креативноста за иновации и креирање на нови дизајни, што, доколку се добри и успешни, ја зголемуваат вредноста и угледот на претпријатието. К о л к у т ра е п е р и о д о т н а з а ш т и та с о и н д у с т р и с к и дизајн?
Индустрискиот дизајн трае пет години, со можност да се продолжува за период од по пет години, но не повеќе од 25 години. Дали треба да се заштити дизајнот во с т ра н с т в о ?
Од причина што правата од индустриска сопственост се територијални, значи привилегиите важат само во државата каде што правата се заштитени, доколку вашето претпријатие има намера да настапи на странски пазари со својот оригинален дизајн или да го лиценцира нивното производство на претпријатија од странство, треба да се бара заштита и во оние земји каде што планира да извезува.
15
Користењето на географските називи за обележување на специфичните производи е значаен фактор за освојување на нови пазари Оз н а к а н а п о т е к л о и г е о г р а ф с к а о з н а к а
16
Што е ознака на потекло? Географскиот назив се штити со ознака на потекло и со географска ознака. Ознаката за потекло на производот се користи за да се заштити географскиот идентитет на производот чиишто главни карактеристики во голема мерка се условени од местото, односно од регионот каде што се произведени, при што тие карактеристики се добиени по природен пат, под влијание на климата или почвата, или од традиционалниот начин на производство. Означувањето на производите со географски називи има големо економско значење при извозот на производите и овозможува полесно пробивање на странските пазари. Кои производи можат да добијат ознака на потекло? Ознака за потекло можат да добијат природни производи, земјоделски производи, индустриски и занаетчиски производи, како и ракотворби. Која е предноста на користење на ознаката на потекло? Користењето на заштитените географски називи за означување на производите што потекнуваат од определено подрачје претставува моќна маркетингалатка. Со тоа се дава јасна порака на потрошувачот за вистинското потекло на производот и за посебниот квалитет и својства што ги има тој производ, што се резултат на природните услови на тоа подрачје или на
традиционалните знаења што ги имаат луѓето од тоа подрачје. Каде се поднесува барање за ознака на потекло? Барање за ознака на потекло се поднесува во Државниот завод за индустриска сопственост. За производите од прехранбената индустрија барање се поднесува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Кои права ги има корисникот на заштитениот географски назив? Корисникот на заштитениот географски назив има право да го користи за означување на производот што е запишан во регистарот на заштитени географски називи на Државниот завод за индустриска сопственост, односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Карактеристика на заштитените географски називи е нивната непрометливост, односно правото на користење не може да се пренесува или да се отстапува на други. Кој може да регистрира ознака на потекло? Барањето може да биде поднесено од страна на државен орган, на локален административен орган или на производителите. Колку трае правото за користење на ознака на потекло? Правото да се употребува ознаката на потекло трае пет години од денот на внесувањето во регистарот и може да се продолжува неограничен број пати доколку се исполнуваат условите за добивање на правото на користење.
17
18
Каде можам да добијам информации за постапката за заштита на правата од индустриска сопственост? Домашните претпријатија можат да поднесат барање за заштита на правата во нашата земја лично, односно преку својот законски застапник до Државниот завод за индустриска сопственост. Државниот завод за индустриска сопственост е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост. Постапката за заштита на правата од индустриска сопственост е специфична управна постапка што бара посебни познавања од областа и заинтересираните лица можат да ангажираат застапници во постапката. Основна задача на застапникот е нудење на професионална правна помош и професионални услуги на заинтересираните лица во врска со заштита на правата од индустриска сопственост, преносливост, односно лиценцирање или продажба. На веб-страницата на Државниот завод за индустриска сопственост, http://www.ippo.gov.mk, каде што освен информациите за заштита на правата од индустриска сопственост ќе најдете и список со контакти на овластени застапници за правата од индустриска сопственост.
Информации за прашања од интелектуална сопственост за мали и средни претпријатија можете да најдете и на следниве европски портали: IPR-Helpdesk и InnovAccess Услуги на IPR-Helpdesk http://www.ipr-helpdesk.org IPR-Helpdesk обезбедува поддршка во доменот на интелектуалната сопственост на постоечките и на потенцијалните учесници во истражувачки и развојни проекти финансирани од страна на Европската комисија, како и на организации што имплементираат иновациски проекти. Главни корисници на услугите на оваа програма се малите и средните претпријатија (МСП) и јавните истражувачки организации. Интернет-страница: Детални информации за инте лектуалната сопственост во рамките на истражувачките и иновациските проекти, бројните документи и остана тите ресурси, како што се поимник на термини, вести и релевантни линкови. Линија за помош: Одговори на одредени прашања поврзани со ИС од страна на експерти во рок од три работни дена. Онлајн-обуки: Тренинг-модули од областа на упра вувањето со ИС наменети за запознавање со основните елементи од областа и тестирање на постоечкото знаење. Специјализирани обуки: Курсеви што се изведуваат кај клиентите од страна на соодветни експерти. IPR-билтен: Статии од експерти и искуства од пракса. Е-весник: Можност за добивање на најновите инфор мации од областа на ИС по пат на електронска пошта. Сите наведени услуги се бесплатни.
19
InnovAccess http://www.innovaccess.eu Проектниот конзорциум се состои од националните патентни канцеларии на Европската унија, Европската патентна организација и Организацијата за хармони зација во внатрешниот пазар. Основната цел на оваа мрежа е да им обезбеди гене рални информации на МСП и на академскиот сектор за заштитата на правата од интелектуална сопственост на домашен, странски и меѓународен пазар.
20
Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) е дел од глобалната мрежа за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) - Enterprise Europe Network, мрежа во која членуваат повеќе од 600 партнерски организации од над 40 држави. Главна цел на мрежата е да им помогне на МСП да ја зголемат својата конкурентност и иновативност преку бесплатни услуги за изнаоѓање на партнери за бизнис и технолошка соработка како и за заедничко учество на европски проекти. Дополнително, партнерите од мрежата на своите клиенти им обезбедуваат и специјализирани советодавни услуги како што се: информации и консултации за извори на финансирање и пристап до финансии, информации за европскиот пазар и ЕУ- легислатива, информации за заштита на правата од интелектуална сопственост, пристап до европски програми за истражување и иновации и сл. ЕИИЦМ е проектен конзорциум во кој партнери се Универзитетот “Кирил и Методиј” како е координатор, Агенцијата за поддршка на претприемништво во Р. Македонија, Стопанската комора на Македонија и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. Партнерите на ЕИИЦМ стојат на располагање за дополнителни информации и можностите за користење на услугите на мрежата.
http://www.een.mk http://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu