Publikacija

Page 1

network enterprise europe

enterprise europe Проверка на извозните ризици


ПРИРАЧНИК:

Проверка на извозните ризици

Скопје, ноември 2009


Развиен во соработка со Европскиот Информативен и Иновативен Центар во Македонија и СИНТЕФ Норвешка.

www.een.mk www.sintef.no

Издавач: Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Фондација М.И.Р. Скопје

Рецензија: Бранко Азески Лектура: Дејан Василевски Прирачникот во PDF формат може да се превземе на следната интернет страница: www.mir.org.mk


СОДРЖИНА 1.

Проверка на извозните ризици – Вовед

2.

Склучување договори

3.

Царински процедури

4.

Даноци

5.

Права од интелектуална сопственост

6.

Избор на продажни канали

7.

Производни барања/Стандардизација

8.

Барања во однос на амбалажирањето, означувањето и на

заштитата на животната средина

9.

Транспортни услови

10.

Услови на испорака. Меѓународни трговски клаузули –

Incoterms 2000

11.

Избор на условите за плаќање и на платежното осигурување

за извозот

12.

Одговорност на производителот

13.

Договори за слободна трговија

14.

Специјализирани финансиски институции

15.

План на мерки

16.

Поддршка за мали и средни претпријатија – Европски

информативен и иновативен центар во Македонија

5


1. Проверка на извозните ризици Вовед Светските пазари се отвораат, границите се бришат и слободното движење на стока, услуги, капитал и идеи ги спои различните економии како никогаш досега. Сето ова ја доближува надворешната трговија до претприемачот и ја прави поизводлива за претпријатијата од сите големини. Сепак, во споредба со продажбата на домашниот пазар, извозот може да биде многу покомплициран и понепредвидлив потфат, а последиците од неправилното инвестирање можат да бидат многу поголеми. Заради тоа, на претпријатијата што се во рана фаза на извоз, како и на претпријатијата што сакаат да го зголемат своето надворешно трговско работење, им се препорачува да ги препознаат и анализираат трговските ризиците и несигурности со цел да ги намалат преку добро планирање. 6

Извозот е често базиран на претходно развиен план за извоз. Овој план би требало да содржи: бизнисидеја, цели, стратегија, анализа на пазарот и конкретни пазарни планови што, меѓу другото, содржат правни рамки, пазарни пристапи, избрани канали на продажба, маркетинг менаџмент и друго. Сепак, голем број извозници сè уште не обрнуваат доволно внимание на: • • • • •

Општите услови за пристапот на пазарот; Правните прописи во земјата на извоз и увоз; Склучувањето договори; Услови на испорака; Наплата/исплата и гаранции.

Прирачникот Проверка на извозни ризици е подготвен со цел да им помогне на претпријатијата што се во почетнa фазa на извоз и да обезбеди преглед на критичните точки поврзани со извозните активности (а, делумно и со увозните). Го презентираме овој список на проверка како ориентир и динамична алатка за планирање на извозните активности на претпријатијата. Прирачникот Проверка на извозни ризици содржи општи информации за секоја обработена тема. Општите информации за темите содржани во брошурата треба да користат за запознавање со одредена тема пред да се изврши проверката. Проверката треба да биде извршена со списокот на проверка што следи по секоја тема. Во него се укажува на значајните прашања и проблеми што треба да бидат разгледани за да се предвидат можностите и пречките при извоз. Врз основа на одговорите што се добиени од списокот на проверка ќе може да се изврши анализа, што ќе покаже дали приоритетите поставени за избраниот пазар за извоз се правилно поставени или треба да бидат сменети. Анализата, исто така, обезбедува основа за составување план за акција што, меѓу другото, може да се користи и понатаму интерно во претпријатието.


Евалуација на ризици - Типови на ризици При надворешната трговија можат да се појават многу типови ризици што можат да се предвидат, но и што се непредвидливи. Предвидувањето на ризиците е од огромна важност за извозниците, затоа што нивната појава може да доведе до значајно намалување на планираниот приход. Процена и евалуација на ризикот значи и можност за управување со него. Заради тоа, треба да се обрне внимание на најчестите типови ризици при извоз: Политички ризик и ризици од промена на условите на странскиот пазар Избегнување на овој ризик значи добра процена на политичката, правната и економската ситуација во државата каде што се планира извоз. Примери: национализација, неочекувани извозни и увозни санкции, промена на прописите, војна и слично. Појавата на овие ризици е поверојатна во политички, социјално и економски нестабилни држави. Ваквите ризици се надминуваат со подлабоко запознавање со состојбата во државата и прописите на земјата-увозничка. Заштита од промена на административните мерки и промена на прописите може да биде вметнување клаузула во договорот со којашто се предвидува дека извозникот може да одбере поповолно решение за себе во случај на промена на прописите. Треба да се соберат информации за државата каде што се извезува, во Министерството за надворешни работи или стопанските комори, банките и слично. Обично, една држава е етикетирана како ризична доколку се смета дека во неа постои голема корумпираност кај државните власти. Комерцијален ризик Овој вид ризик подразбира можност купувачот да банкротира или да не е во состојба да ги исполни своите договорни обврски, односно е инсолвентен. Се препорачува да се направи анализа на клиентот преку стопанските комори, консултантските куќи, конкурентите и слично. Секогаш обидете се да го проверите кредитниот рејтинг на странскиот купувач. Комерцијалниот ризик најчесто се појавува како избегнување на плаќање. Јасен договор и прецизни услови за плаќање се важен предуслов, како и употреба на соодветни формални документи и проверка на праксата на плаќање на купувачот. Валутен ризик Во меѓународната трговија секогаш постои веројатност курсот на валутите да влијае на балансот на вредностите. Заради курсните разлики често може реално да се намали профитот на компаниите што вршат извоз или увоз. Постојат повеќе финансиски инструменти (термински трансакции и др.) што ги дозволува законската регулатива за заштита од вакви неповолни пазарни движења. Повеќето од поголемите банки можат да ви помогнат во изнаоѓање на ефикасни мерки за обезбедување на средствата. Банкарски ризик Банкарскиот ризик означува можност банките во земјата на извоз/увоз да се инсолвентни. Добра превентивна мерка е да се провери дали вашата банка соработува со странската банка. Производствен ризик Тука станува збор за карактеристиките на производите, на пример: квалитет, рок на траење, пакување, одржување и сервис. Важно е да се предвидат или осмислат алтернативи во случај купувачот да не ја добие стоката или се жали на нејзиниот квалитет. Пристапот зависи од тоа дали произведувате мало или големо сериско производство, дали произведувате зеленчук или трајни производи или производи што тешко се транспортираат. Транспортен ризик Овој ризик подразбира оштетување, губење или одложување на транспортот од страна на продавачот. Затоа, ако при составувањето на договорот купувачот и продавачот ги користат транспортните клаузули од INCOTERMS, својата меѓусебна одговорност ќе ја дефинираат на едноставен и сигурен начин, со што би се исклучиле двосмислености и можност за спорови. Incoterms 2000 го регулираат моментот на поминување на ризикот од продавачот кон купувачот. Вашиот транспорт треба да биде осигурен сè додека ризикот е на ваша страна.

7


2. Склучување договори Договор Договорот е основен документ при регулирање на секоја бизнис-соработка. Договорот ги содржи правата и обврските на двете страни (доверител и должник) и е израз на спогодбата на волја меѓу договорните страни. Правните системи во повеќето држави дозволуваат висок степен слобода на договарање помеѓу приватни субјекти, што значи дека субјектите можат слободно да одлучат за содржината и склучувањето на договорот. Важно е договорот да се состави во пишана форма, (иако често тоа не е законска обврска) и да ги содржи барем основните елементи на договор (предмет, цена и начин на плаќање, место и време на испорака и сл.). Сепак, без оглед на тоа колку е детален договорот, секогаш не можат да се покријат сите можни ситуации. Други извори на решавање на потенцијални проблеми мораат да бидат разгледани во случај договорот да не предвидува јасно решение. 8

Модели на готови договори – ова се договори со стандардни одредби, чијашто употреба е многу раширена. Постоењето на вакви договори е резултат на верувањето дека е економски побезбедно и исплатливо да се формулира договорот однапред, а се скусува времето потребно за склучување на договорот. Модели на договори обично се составени од економски посилните субјекти, што ја става другата страна во „земи или остави“ ситуација. Со цел да се заштити „послабата страна“, правото на повеќето држави пропишува дека во случај на голем дисбаланс помеѓу обврските на договорните страни, одредбите на ваквиот договор ќе бидат интерпретирани во корист на „послабата страна“. Ако се земе предвид искажаното, секој договор за купопродажба би требало да ги содржи минимум следниве одредби: • Опис на стоката; • Цена; • Права и обврски на договорните страни (купувач и продавач: плаќање, достава, пренос на сопственост, испорака на документи во врска со стоката); • Правила за испорака на стоката (особено време и место); • Правила за пренос на сопственоста, време кога сопственоста преминува на купувачот; • Правила за пренос на ризикот, време кога ризикот за губење или оштетување на стоката преминува на купувачот; • Одредби за законодавството што ќе се применува; • Одредби за виша сила (Force Majeure); • Доверливост; • Услови за раскинување на договорот.


Решавање спорови - Избор на надлежен суд Споровите што произлегуваат од договорите би требало да бидат решени пријателски преку консултации и договарање, што не е секогаш изводливо. Затоа, договорните страни треба да се договорат каде и кој ќе го решава евентуалниот спор, кој суд или арбитража? Договорните страни имаат слобода да одлучат кој ќе биде надлежен за решавање на евентуалниот спор, но доколку не го определат тоа во договорот можат да се соочат со големи проблеми и несигурност. Страните можат да изберат судска постапка што е особено скапа и може да трае долго или да се договорат за арбитража, што подразбира решавање на споровите надвор од судовите. Тоа е постапка што е најчесто практикувана во меѓународната трговија (особено кога станува за договори со високи суми). Признавањето на одлуките на арбитражните судови е многу поефикасно од имплементацијата на пресудите на судовите на различни држави. Договорните страни можат да изберат институционализирана арбитража (како што се арбитражните судови кај националните стопански комори или Меѓународната стопанска комора) или неинституционална арбитража (обично се избираат експерти од областа како арбитри). Спорот ќе се решава од страна на надлежниот суд или арбитража, во согласност со законодавството што го избрале страните или она на коешто укажува меѓународното приватно право на државата. Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија може да решава за меѓусебните деловни спорови меѓу членовите на Комората, меѓу членови на Комората и трети лица, како и меѓу правни лица од земјата и од странство, ако страните ја договорат надлежноста на овој суд со следната клаузула во договорите што ги склучувате со вашите деловни партнери: „Сите спорови што ќе произлезат од овој договор или во врска со него, вклучувајќи ги споровите за неговото толкување или полноважност, ќе се решаваат спогодбено. Ако спорот не може да се реши спогодбено, тој ќе се решава пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во согласност со одредбите на Правилникот на Постојаниот избран суд – Арбитража“. Предности на решавање на споровите преку Арбитража се: непристрасност во одлучувањето, стручност, затоа што партнерите можат за арбитар да именуваат специјалист за одредени правни прашања, а можат да именуваат и лице коешто не е правник, но е стручно во некое друго подрачје важно за предметот на спорот, побрза постапка, доверливост, поради тоа што арбитражните рочишта се затворени за јавноста. Целата документација во врска со арбитражната постапка се смета за доверлива, а донесената пресуда во постапката може да се објави само во согласност со странките.

9


Дали сте запознаени со типовите договори поврзани со меѓународната трговија (договор за купопродажба, дистрибуција и сл.)?

Дали се одлучивте за правото што ќе се применува за решавање на евентуални спорови што најдобро ги отсликува потребите на претпријатието?

Дали вашето претпријатие ја разгледа можноста за користење на модел договор и предностите и недостатоците на ваквиот договор?

Дали направивте преглед на важните релации што треба да бидат регулирани со договорот и на кој начин?

Дали вашето претпријатие ги провери сите релевантни правни регулативи во својата држава и ја избра земјата на извоз?

Тема – Услови за плаќање и осигурување

Проверка за правниот систем и склучување договор

10

Да

Не

Не знам

Коментар


Анализа Врз основа на воведот и на одговорите на прашањата од списокот, можете да изготвите извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга.

11


3. Царински процедури Вовед Кога се извезува стока, царински обврски и други давачки се плаќаат во согласност со правните одредби на државата во којашто се увезува. Најчесто, стоката ќе биде пуштена од магацините на царината, кога ќе бидат платени давачките. Освен данокот на додадена вредност (ДДВ) и царината, исто така, можат да се јават и други давачки за увоз на стока и акцизи што се предвидени во посебни закони и правилници. Во Македонија, како и во сите европски земји, не се плаќа царина при извоз на стоки, што значи обврската за плаќање се појавува во земјата-увозник. Во зависност од царинската политика на земјата во којашто се увезува стоката, за неа може да биде пропишана обврска за плаќање на царина или не. 12

Кој плаќа царина, ДДВ и други давачки/такси? Царина, ДДВ и други даноци се обврска или на купувачот или на продавачот. Во некои случаи тоа е обврска на извозникот. Условите за испорака наведени во договорот помеѓу продавачот и купувачот ќе определат кој има обврска да ги носи споменатите давачки. Затоа, при склучувањето на договорот треба да се внимава и на регулирањето на овие обврски. Како се пресметуваат царините и таксите? Царината е обично пресметана како процент од царинската вредност на стоката, односно нејзината трансакциска вредност, а тоа е вистински платена цена или цена што треба да се плати (според ставки наведени во Царинската тарифа). Некои држави ја утврдуваат царината според бруто-тежината на стоката. Дали царината и таксите мораат секогаш да бидат платени? Постојат исклучоци од обврската на плаќање царина. На пример, во Мaкедонија не се плаќа царина за: опрема увезена врз основа на странска инвестиција, предмети за употреба на саеми, трговски изложби или слични манифестации, пратки испратени на организации за правата од индустриска сопственост. Многу држави имаат воведено квота систем, според којшто давачките се намалуваат или не се плаќаат во одредени периоди или за одредени количества стока.

• Документи што ја следат стоката во надворешната трговија (извоз/увоз) Документацијата потребна при надворешно трговско работење е особено обемна, а извозниците мораат да бидат сигурни дека нивната документација е целосна со цел да се избегнат ризиците, а со тоа и одолжувањето на испораката. Ваквата документација ги вклучува следните документи за извоз:


§ Царинска декларација (Единствен царински документ – ЕЦД) претставува документ врз чијашто основа се врши пријавување на стоката за царинење. ЕЦД го пополнува извозникот или шпедитерот и го става на увид на царинските органи. Содржи информации за стоката според тарифните бројки (од Царинската тарифа) и други релевантни податоци.основа на воведот и на одговорите на прашањата од списокот, можете да изготвите извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга. § Фактура. Фактурата ја испраќа продавачот. Ги содржи податоци за купувачот и продавачот, опис на стоката, рубрика за количество, единична цена, вкупна цена, услови на плаќање, назнака за паритет (валута). Фактурата е обично основата за пресметување царини и даноци што треба да се платат. Список на пакувања и товарен лист се придружни документи на фактурата. § Документи потребни во земјата-дестинација (уверение за потекло, уверение за движење) Уверението за потекло ФОРМ А со коешто се докажува македонското потекло на стоката за примена на преференцијални тарифни мерки врз основа на Општиот систем на преференцијали, го издава Стопанската комора на Р. Македонија ако се исполнети пропишаните услови за примена во одредена земја. Уверението за движење ЕУР. 1 со коешто се докажува македонското потекло на стоката го издава царинскиот орган. • Сертификат за краен корисник Доколку извозникот-производителот забранува препродажба на своите стоки, на пример, за да ја заштити својата интелектуална сопственост, може да побара од купувачот да му достави Сертификат за краен корисник, што обично го издаваат стопанските комори во секоја држава. Кога македонска компанија е купувач, овој сертификат го издава Стопанската комора на Македонија.

• Документи што се издаваат врз основа на меѓународни конвенции § TIR Карнет – ТИР-карнетот овозможува забрзување на движењето при друмскиот превоз на стока, упростување на царинските процедури и намалување на трошоците. ТИР-карнетот им овозможува на превозниците слободен и без задржувања премин преку границите, со царински преглед само во местото на поаѓање и местото на дестинација (освен во исклучителни ситуации кога постојат одредени сомневања за криминални дејства). Издавач на карнетот во Македонија е СИЗ „Македонија сообраќај“ Америт (http://www.amerit.org.mk/). § АТА карнет – Доколку сакате да освоите нови пазари неопходно е примероците од своите производи привремено да ги изнесете во странство поради презентација пред потенцијалните купувачи или за изложување на саеми и изложби. АТА-карнетот овозможува едноставен премин преку државните граници, без плаќање царини или давање на посебни гаранции. АТА-карнетот е меѓународен царински документ што се користи за поедноставување на привремениот увоз во странска земја, со рок на важење од една година. Кој може да користи АТА-карнет? Малите и големите претпријатија, поединци – можат да бидат корисници на АТА-карнетот, што посебно е наменет за трговци, излагачи на саеми, трговски патници и деловни луѓе коишто сакаат да ги прошират своите пазари, да ги унапредат деловните контакти и да ја зголемат конкурентноста на странските пазари претставувајќи ги своите мостри, користејќи професионална и научна опрема, педагошки материјал и сл. За која стока АТА-карнетот најмногу се користи? АТА-карнетот може да се користи практично за сите стоки наменети за лична или професионална употреба, особено за трговски мостри, стручна опрема, саемски и изложбени експонати. Со помош на АТА-карнет привремено се увезува стока за широка потрошувачка: компјутери, алати, камери, видеоопрема и канцелариска опрема, облека, слики, ласери, индустриски и земјоделски машини и алати и сл. Врз основа на АТА-карнет не смее да се увезе стока што лесно се расипува, стока наменета за преработка, обработка или поправка. Привремениот увоз на стока врз основа на АТА-карнет се однесува на стока што ќе биде повторно извезена во иста состојба, во каква што била и увезена.

13


Во Република Македонија АТА-карнети издава и заверува Стопанската комора на Македонија. По поднесувањето на барањето, карнетот се заверува и се издава во рок од неколку денови, со минимум трошоци и формалности. * Освен наведените, исто така, можат да ви бидат потребни и други сертификати и извозни дозволи и документи како, на пример: (фитосанитарни дозволи и др.).

Каде да се добијат информации: Властите во државите на извоз и увоз можат да ви дадат одредени информации. За одредени прашања можете да се обратите до Министерството за економија на Р. Македонија (www.economy.gov.mk) и Стопанската комора на Македонија (www.mchamber.org.mk). Исто така, добар извор на информации се и царинските власти (www.customs.gov.mk) и ангажирање на добар шпедитер. Повеќе информации во врска со ова можат да се најдат на (www.mifa.org.mk), Групација на меѓународни шпедитери и логистички оператори. Интернет-страницата www.uslugi.gov.mk содржи презентација на услугите што ги даваат државните власти (документите и лиценците и сл.).

14

Исто така, од голема корист ќе ви биде www.exim.gov.mk, интернет-страницата на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM. EXIM e електронски систем што го користат шеснаесет институции на Р. Македонија што имаат надлежности во областа на надворешно трговското работење. EXIM овозможува пребарување според тарифниот број на стоката и добивање информации за тоа кои дозволи се потребни за увоз, извоз или транзит преку користење на опцијата Пребарување. Преку опцијата Тарифни квоти, под Пропишани количества на тарифни квоти, деловната заедница може да се информира за тоа кои тарифни квоти и од кои земји се достапни за распределба. EXIM овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции. Преку системот, подносителите можат да го следат статусот на процесирање на нивните барања, сè до нивното конечно издавање. Преку EXIM увозниците ќе имаат можност електронски да поднесуваат барања за распределба на тарифните квоти достапни согласно трговските договори склучени од страна на Република Македонија. Тарифните квоти на дневна основа ќе бидат распределувани според принципот „прв дојден, прв услужен“.


Дали вашата држава има склучено некој договор за слободна трговија со државата со којашто тргувате (извезувате)?

Дали планирате да ангажирате шпедитер или некој друг којшто ќе ви помогне околу царинските процедури?

Доколку одговорот е да, наведете ги условите за ова плаќање.

Дали подлежите на плаќање такси и даноци во државата во којашто извезувате?

Дали ви е потребна некоја друга дозвола од државата пред да го извршите извозот и која?

Дали ви е потребна дозвола за извоз?

Дали знаете кои регулативи, договори за трговија, услови и тарифи ве обв рзуваат во вашата држава и во земјата каде што планирате извоз? Дали ви се потребни некои посебни сертификати или документи во земјата на извоз/увоз во врска со извоз на вашата стока?

Тема: Надворешна трговија и царински процедури Да

Список на проверка за тема: Надворешна трговија и царински процедури

15

Не

Не знам

Забелешки


Анализа Врз основа на воведот и на одговорите што произлегуваат од списокот, можете да креирате извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга.

16


4. Даноци Данок на додадена вредност (ДДВ) Данокот на додадена вредност е општ потрошувачки данок што се пресметува и плаќа во сите фази на производство и трговија. ДДВ пресметува и плаќа во секоја прометна фаза низ којашто поминува еден производ. Извозот обично не е предмет на данокот на додадена вредност. Македонскиот концепт на ДДВ е во согласност со европската директива за ДДВ. Предмет на оданочување • Промет на стоки и услуги што се врши во земјата од страна на даночниот обврзник, во рамките на неговата стопанска дејност. • Увоз на добра. 17

Даночен обврзник Даночен обврзник е секое правно и физичко лице коешто самостојно врши стопанска дејност. Правните лица се регистрираат како даночни обврзници на ДДВ под услов да го достигнат прагот на регистрација, пропишан со закон. Прагот на регистрација е минимален износ на годишен промет пропишан со закон што треба да го оствари правното лице за да биде вклучено во системот на ДДВ. Во Македонија прагот е утврден на 1.300.000 МКД. Малите претприемачи имаат законска можност на опција по сопствено барање да се регистрираат за ДДВ во Управата за јавни приходи. Доколку не се регистрирани во фактурите на искажуваат данок и добиваат третман на крајни корисници, а со тоа немаат право на повраток на данокот. Даночна основа Даночна основа за пресметување на ДДВ за прометот на стоки и услуги е износот на платениот надомест без ДДВ. Даночна основа при увоз на стоки При увоз на стоки даночната основа е царинската вредност на стоката, вклучувајќи ги сите увозни давачки (акцизи, такси, придонеси и др.) без вклучено ДДВ. Даночна стапка * Општата даночна стапка на ДДВ во Македонија е 18 проценти и се применува на целиот промет на производи и услуги, освен во случаи кога се применува повластена даночна стапка. * Повластената даночна стапка изнесува 5 проценти и се применува на сите производи и услуги што се од витално значење за населението (храна, електрична енергија, вода, лекови и др.).


ДДВ-ослободувања: Со право на одбивка од претходно платен данок • Извоз на добра во странство; • Испорака на добра во слободни зони, царински зони и сл.; • Брокерски услуги; • Промет со благородни метали; • Меѓународен воздушен сообраќај; • и др. Ослободување од ДДВ при увоз • Промет при увоз на сите добра што се ослободени од ДДВ во земјата; • Транзит; • Увоз за привремено извезени добра (во непроменета состојба); • Добра наменета за саеми и изложби; • Добра добиени од донации за хуманитарни организации; • и др.

Данок на добивка Обврзници на данокот на добивка се правни лица коишто остваруваат добивка од дејност во земјата и странство. 18

Избегнување на двојно оданочување: на обврзник-резидент на Р. Македонија којшто на добивката што е остварена со работа во странство платил данок во другата држава, му се намалува пресметаниот данок во земјата за износот на данокот од добивка платен во странство, а најмногу до износот на данокот што би се добил со примена на даночната стапка утврдена со нашиот закон. Во други случаи се применуваат Договорите за избегнување на двојно оданочување што Македонија ги има потпишано со: Полска, Финска, Холандија, Италија, Шведска, Турција, Хрватска, Франција, Данска, Швајцарија, Унгарија, Кина, Русија, Словенија, Украина, Тајван, Бугарија, Египет, Романија и Чешка.

Договори што се преземени од поранешна СФРЈ: СР Германија, Белгија и Чехословачка во однос на Словачката Република. * До влегувањето во сила на овој договор останува во примена договорот што поранешна СФРЈ го има склучено со СР Германија. ** Овој договор се применува во однос на Р. Србија и Р. Црна Гора. Извор: Министерство за надворешни работи на Република Македонија.


Ред. Сл. бр. весник

Држава

Датум на влегување во сила на договорот

Датум на примена на договорот

1

152/2007 Австрија

20 јан. 2008 г.

1 јан. 2008 г.

2

16/1998

Албанија

2 септ. 1998 г.

1 јан. 1999 г.

3

96/2005

Белорусија

26 јан. 2006 г.

1 јан. 2007 г.

4

23/1999

Бугарија

24 септ. 1999 г.

1 јан. 2000 г.

5

48/2000

Данска

14 дек. 2000 г.

1 јан. 2001 г.

6

7/2000

Египет

Не е во сила

/

7

55/2009

Естонија

21 мај 2009 г.

1 јан. 2010 г.

8

7/2002

Иран

Не е во сила

/

9

157/2008 Ирска

Не е во сила

/

10

34/1997

8 јуни 2000 г.

1 јан. 2001 г.

11

103/2008 Катар

26 септ. 2008 г.

1 јан. 2009 г.

12

49/1997

НР Кина

29 ноем. 1997 г.

1 јан. 1998 г.

13

47/2007

Летонија

Не е во сила

/

14

103/2008 Литванија

27 авг. 2008 г.

1 јан. 2009 г.

15

130/2006 Молдавија

28 дек. 2006 г.

1 јан. 2007 г.

16

47/2007

Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

8 авг. 2007 г.

1 јан. 2008 г.

17

17/1997

Полска

17 дек. 1999 г.

1 јан. 2000 г.

18

7/2002

Романија

Не е во сила

/

19

7/1998

Русија

5 јули 2000 г.

1 јан. 2001 г.

20

31/1998

Словенија

20 септ. 1999 г.

1 јан. 2000 г.

21

86/2007

СР Германија*

Не е во сила

/

22

8/1997

СР Југославија**

22 јули 1997 г.

1 јан. 1998 г.

23

44/1999

Тајван – Р. Кина

9 јуни 1999 г.

1 јан. 2000 г.

24

45/1995

Турција

28 ноем. 1996 г.

1 јан. 1997 г.

25

21/1998

Украина

23 ноем. 1998 г.

1 јан. 1999 г.

26

12/2002

Унгарија

14 март 2002 г.

1 јан. 2003 г.

27

7/2002

Финска

22 март 2002 г.

1 јан. 2003 г.

28

23/1999

Франција

1 мај 2004 г.

1 јан. 2005 г.

29

13/1999

Холандија

21 апр. 1999 г.

1 јан. 2000 г.

30

17/1995

Хрватска

11 јан. 1996 г.

1 јан. 1997 г.

31

7/2002

Чешка Република

17 јуни 2002 г.

1 јан. 2003 г.

32

55/2000

Швајцарија

27 дек. 2000 г.

1 јан. 2001 г.

Италија

19


Дали сте запознаени со процедурата за повраток на ДДВ и документацијата потребна за тоа?

Дали ги проверивте вашите обврски за плаќање на данокот како извозник? Доколку да, наведете ги.

Дали вашето претпријатие е регистрирано за целите на ДДВ?

Тема – Данок на додадена вредност

Список на проверка за Данок на додадена вредност – ДДВ

20

Да

Не

Не знам

Забелешки


Анализа Врз основа на воведот и на одговорите што произлегуваат од списокот, можете да креирате извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга.

21


5. Права од интелектуална сопственост Вовед – Препознај ја и заштити ја својата интелектуална сопственост

22

Интелектуалната сопственост е форма на сопственост што е од нематеријална природа, што е производ на креативноста на човекот. Интелектуалната сопственост ги претставува правата што произлегуваат од интелектуалните активности во индустријата, науката, литературата и уметноста. Една од најважните особини на сопственоста се состои во тоа што сопственикот, во основа, може да ја употребува, односно искористува сопственоста неограничено во согласност со својата волја и никој да не може злонамерно да ја употреби неговата сопственост. Се разбира, постојат законски ограничувања на употребата, односно искористувањето на сопственоста. Користењето и располагањето со овие права претставува економска придобивка за носителот на правото, како и корисен фактор за поттикнување и напредок на општеството во целина. Правата од интелектуална сопственост вклучуваат: авторски и сродни права (литературни творби, музички и уметнички творби, компјутерски програми и сл.) и права од индустриска сопственост. Според Законот за индустриска сопственост на Македонија, права од индустриска сопственост се: патент, трговска марка, индустриски дизајн, ознака на потекло и географска ознака. Know-how е практична експертиза стекната преку научна работа, тренинзи и искуство и генерално не е заштитена со посебна регулатива, најчесто се регулира со договор или со други основни правни принципи (спречување на разоткривање на тајната на Know-how на други). Најчесто, правната заштита на Know-how е поврзана со нејзиното користење од страна на застапници, носители на лиценци и вработени.

Општо за заштитата Пред да се врши извоз треба да се види дали вашето претпријатие поседува одредено знаење – интелектуална сопственост што треба да биде заштитена на национално или меѓународно ниво, особено во земјата на извоз. Оваа заштита ви дава право да бидете ексклузивен сопственик и корисник на тие права за одреден временски период и да ги спречите другите да ги користат без ваша согласност. Заштитата на правата од индустриска сопственост е првенствено национална работа. Аплицирањето за заштита на правата од интелектуална сопственост мора да биде извршено во секоја национална институција посебно, што е скапа и долга процедура, но меѓународните спогодби и договори ја олеснуваат оваа ситуација на многу начини. Националните регулативи за заштита на правата од интелектуална сопственост во голема мера се хармонизирани преку меѓународната соработка и разликите не се големи. Државниот Завод за индустриска сопственост (www.ippo.gov.mk) е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост.


Патент Патентот претставува ексклузивно право на пронаоѓачот, за пронајдок од која било област на технологијата, што се дава под одредени услови за одреден временски период. Објект на патентната заштита е пронајдокот. Носителот на патентот има исклучително право да го користи во производство заштитениот пронајдок, да располага со патентот, да забрани трети лица да го користат заштитениот пронајдок и др. Пронајдок може да се квалификува за заштита доколку е нов, содржи инвентивен придонес и може да се применува во индустријата. Иако патентот се смета за исклучиво монополско право на носителот, правото може да биде ограничено со други закони (национална безбедност или нелојална конкуренција) или со одредени договори. Целта на заштитата на пронајдокот со патент е да се спречат останатите од искористувањето на пронајдокот без дозвола на носителот на правото. Законите на различни држави ги пропишуваат исклучоците од патентибилност, на пример, спротивни на закон и морал, хируршки и дијагностички постапки или постапка за третман на живо на човечко или животинско тело, освен пронајдоци што се однесуваат на производите што служат за примена на овие постапки. Меѓународна заштита Во согласност со меѓународните договори од областа на патентите, меѓународна заштита може да се бара во различни држави преку Државниот завод за индустриска сопственост или преку Европскиот патентен завод.

Трговска марка Во услови на висок степен на индустријализација и глобализација, масовно производство и застапеност на голем број производи и услуги на пазарот, значењето на знаците со коишто се обележуваат стоките и услугите во прометот е огромно. Со трговска марка се штити знак што може графички да се прикаже и што е подобен за разликување на стоките и услугите во прометот. Во зависност од тоа дали трговската марка служи за обележување стоки или услуги на пазарот, таа може да биде стоковна или услужна трговска марка. Услов за заштита на знак со трговска марка се дистинктивноста (новост во однос на веќе заштитените знаци и негова релација во однос на стоките и услугите што се обележуваат со него) и можноста за негово графичко прикажување. Меѓународна заштита Носителот на трговска марка, односно подносителот на пријавата за признавање на трговска марка може да поднесе пријава за меѓународна регистрација на трговската марка во согласност со Мадридскиот договор и Мадридскиот протокол кон коишто пристапила Република Македонија. Од 1.9.2008 година за поднесување барање за меѓународна регистрација на трговска марка доволно е да биде поднесена пријава за национална регистрација на трговската марка доколку договорните страни истовремено се членки и на Договорот и на Протоколот. Значи, за да се постапи по барањето за меѓународна регистрација нема потреба претходно да биде извршена национална регистрација на трговската марка како што се постапуваше досега. Националната регистрација на трговската марка е услов за поднесување пријава за меѓународна регистрација само во однос на земјите што се членки само на Договорот.

Индустриски дизајн Според Законот за индустриска сопственост, под индустриски дизајн се подразбира форма, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или нивна комбинација. Услови за правната заштита на индустрискиот дизајн е новоста и применливоста во индустриско или занаетчиско производство. Речиси сите национални законодавства го штитат индустрискиот дизајн, единствено ако може да се примени во индустријата или на производи што се произведуваат во големи серии. Условот индустриски дизајн да се применува на корисни производи за да може да се штити со право на индустриска сопственост е основниот белег по којшто се разликува предметот на заштита од оној на авторското право што е концентриран на уметничката креација. Меѓународна заштита: Заштита на индустриски дизајн може да се бара преку Државниот завод за заштита на индустриска сопственост во согласност со Хашкиот договор за меѓународно депонирање на индустриски дизајн.

23


Интелектуалната сопственост и царинските процедури Мерки за заштита на интелектуалната сопственост на границите се предвидени во Законот за царински мерки за заштита на интелектуалната сопственост (Службен весник на Р. Македонија, бр. 38/05). Носителот на правото треба да поднесе барање во писмена форма за преземање дејства од царинските органи кога постојат оправдани причини дека со стоката се повредува правото од интелектуална сопственост. Доколку царинските органи пред поднесување на барање на носителот имаат оправдани причини за сомневање дека со стоката се повредува правото од интелектуална сопственост го одложуваат пуштањето на стоката и ја задржуваат.

Ознака на потекло на производот и географска ознака Географскиот назив се штити со ознака на потекло и географска ознака. Означувањето на производите со географски називи има големо економско значење при извозот на производите и овозможува полесно пробивање на странските пазари. Со ваквата ознака му се дава јасна порака на потрошувачот за потеклото на производот и за посебните квалитет и својства што ги има тој производ, а се резултат на природните услови на тоа подрачје или на традиционалниот начин на производство што го практикуваат луѓето од тоа подрачје. Постапката за признавање на правото на користење на заштитен географски назив се поведува со пријава до Државниот завод за индустриска сопственост.

24

Застапници во постапката за заштита на правата од индустриска сопственост Основна задача на застапникот е нудење на професионална правна помош и професионални услуги на заинтересираните лица во врска со заштита на правата од индустриска сопственост. Застапниците ги советуваат своите странки при заштитата на пронајдоци и знаци за разликување, изработуваат писмени барања за признавање на правата од индустриската сопственост, а особено при прометливоста на правата. Домашните претпријатија можат да ангажираат застапник од индустриска сопственост којшто ќе им помогне при остварувањето на правата или да ги остварат своите права сами, лично, односно преку законскиот застапник. Странските правни и физички лица не можат да се појават како странки во постапката пред Заводот и пред органите на државна управа, но тие своите права ги остваруваат преку полномошник којшто е домашно физичко или правно лице регистрирано за застапување во областа на индустриската сопственост.

Корисни линкови: • Државен завод за индустриска сопственост, http://www.ippo.gov.mk, каде што освен информациите за заштита на правата од индустриска сопственост ќе најдете список на овластени застапници за правата од индустриска сопственост. • Царина на Р. Македонија, http://www.customs.gov.mk.


Проверивте ли дали ви е потребна меѓународна заштита? Дали ги заштитивте вашите права на меѓународно ниво?

Дали интелектуалната сопственост на вашето претпријатие е национално заштитена (во форма на патент, трговска марка, индустриски дизајн)?

Дали вашето претпријатие поседува одредено знаење што може да биде заштитено со патент, дизајн или трговска марка?

Тема – Права од интелектуална сопственост

Список на проверка

25

Да

Не

Не знам

Забелешки


Анализа Врз основа на воведот и на одговорите што произлегуваат од списокот, можете да креирате извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга.

26


6. Избор на продажни канали Вовед Важно е секој извозник да го најде најефективниот начин за влез на странскиот пазар. Ова може да подразбира поврзување со посредници, директна продажба или партнерство со веќе постоечки локални претпријатија на пазарот на којшто сакаме да извезуваме. Исто така, постои можност за отворање претставништво. Треба да се има предвид дека националното законодавство може да има позитивни и негативни влијанија на различни видови соработка. Во секој случај, деловната релација со партнер треба да биде регулирана со договор. 27

Дистрибутер Преку Договорот за дистрибуција продавачот (производителот, снабдувачот) го овластува купувачот – странско правно лице, да тргува на одредена територија со стоката што му ја продал. За купувачот, продавачот е единствениот снабдувач на стоката за одредена договорена територија (доколку е договорена исклучива дистрибуција). Во основа, продавачот ја продава стоката на увозникот (дистрибутерот) којшто понатаму ја продава на договорената територија, на свој ризик. За да добие ексклузивитет, дистрибутерот би требало да има вработено стручни работници, да поседува магацини, сервиси, широка мрежа на продажба и финансиска поддршка од реномирана банка, што важи за сите дистрибутери, но особено за оние што сакаат да добијат исклучива дистрибуција. Најчесто, на продавачот му одговара да има повеќе од еден дистрибутер, освен ако купувачот купува големи количества на неговата стока и со тоа може да си обезбеди ексклузивитет. Користење на стандардните договори може да биде добар водич за подготовка на договор за дистрибуција. Во некои случаи слободата на договарање може да биде ограничена со задолжителни прописи (во државата на дистрибутерот) што мораат да бидат почитувани без оглед на договорот и изборот на правото што ќе се применува.

Трговски застапник Трговскиот застапник дејствува во име и за сметка на производителот на одредена територија, претставувајќи ја целосно или само одреден дел од производната линија на производителот, со цел да ја зголеми продажбата на целниот пазар и да обезбеди партнерства.


Трговскиот застапник ги подготвува и ги имплементира договорите со клиентите, но тие мораат да бидат потпишани од производителот. Трговскиот застапник добива провизија од продажбата, но тој не одговара за никакви трговски ризици.

Франшиза Успешен бизнис-концепт, исто така, може да биде предмет на извоз. Партнерите можат овој однос да го регулираат со договор за франшиза. Со овој договор примачот на франшизата стекнува право да употребува систем на исклучиви права, деловна репутација и трговско искуство на давателот на франшизата. Давателот на франшизата го пренесува правото на трговска марка заедно со трансферот на знаење и искуства, како и бизнис-концептот. Примачот на франшизата е обврзан да ја користи според условите во договорот и да плати одреден надоместок за тоа. Овој договор може да трае неодредено време, но тогаш особено внимание треба да се обрне на одредбите за престанок на договорот со отказен рок и последиците за договорните страни.

28


7. Производни барања/ стандардизација Вовед - Норми и стандарди Техничките норми можат многу да се разликуваат од земја до земја, па оттука, неопходно е пред да се реализира извозот да се проверат сите релевантни прописи и да се добијат сертификати-атести од локалните овластени органи, со цел производот да може да ги исполни пропишаните услови на целниот пазар. Во повеќето случаи, техничките норми се базираат врз меѓународно прифатени стандарди. Стандардите претставуваат доброволни значајни карактеристики на производите, услугите или работните процеси, вклучувајќи ги и методите за тестирање. Примената на стандардите не е задолжителна, освен доколку таа не е експлицитно пропишана со даден технички или друг пропис. Одреден применет стандард истовремено обезбедува поголема конкуренција под слични услови. Институтот за стандардизација на Република Македонија е членка на ISO (Меѓународната организација за стандардизација), IEC (Меѓународната електротехничка комисија), CEN (Европскиот комитет за стандардизација – придружна членка) и на други субјекти. Членството во меѓународни организации и учеството во нивните активности ја овозможуваат примената на меѓународните и на европските стандарди, директиви, правилници итн. во македонската економија и на македонскиот пазар.

Процеси на ЕУ-стандардизација Европските власти за стандардизација (CEN, CENELEC и ETSI) ги оформуваат и ги усогласуваат актуелните европски стандарди што автоматски ги исполнуваат барањата во однос на здравствената заштита и на безбедноста пропишани со закон. Со цел олеснување на пазарната контрола, со тоа што само на прифатливите производи им се дозволува да циркулираат на пазарот, за многу групи производи е воведена посебната ознака (CE) со којашто се означува дека производите се произведени согласно со пропишаните барања.

- означувањето е предуслов за извоз на технички производи во ЕУ. CE-ознаката на производот е доказ дека одреден производ ги задоволува сигурносните барања на една или повеќе директиви на ЕУ. CE-ознаката не е ознака за квалитет; производот што носи CE-ознака покажува дека производот е безбеден за здравјето и за човековата околина.

29


По спроведување на соодветна процедура за оцена на сообразноста на производот со безбедносните барања, производителот составува декларација за сообразност со којашто тој декларира дека производот ги исполнува сите здравствени и безбедносни барања на сите релевантни директиви за поставување на CE-ознаката. Оваа декларација понатаму задолжително го придружува производот на пазарот. CE-ознаката ја поставува производителот, со што крајната одговорност за безбедноста на производот ја има производителот. За одредени производи оцената за сообразноста, односно евалуацијата, мора да ја спроведува трета страна, односно независно компетентно тело. Доколку производителот нема регистрирано седиште во ЕУ, тогаш одговорноста ја презема негов овластен претставник или увозник одговорен за пласман на производот или, во одредени ситуации, дури и дистрибутерот како краен добавувач на производот до потрошувачите. Повеќе информации во врска со CE-означувањето можете да добиете во Стопанската комора на Македонија.

Стандардизацијата во Македонија

30

Македонските национални стандарди се означени со кратенката MKS. Дел од главните цели на стандардизацијата во Македонија е подобрување на: квалитетот на производите, процесите и услугите со дефинирање на нивните карактеристики што ја определуваат нивната способност да исполнат конкретни барања; квалитетот на човековиот живот и здравје, безбедноста на имотот и заштита на животната средина и на природата; меѓународната трговија со производи и услуги по пат на елиминирање на бариерите за трговијата итн. Институтот за стандардизација на Република Македонија е посебна јавна институција што врши дејности во областа на стандардизацијата. Меѓу останатото, Институтот за стандардизација е надлежен за следново: подготовка и усвојување на македонските национални стандарди и на други документи во делот на македонската национална стандардизација; водење регистер на македонските стандарди; давање информации на заинтересирани страни од базите на податоци и други дејности. Информативниот пункт формиран како дел од Институтот обезбедува информации во врска со: предложени и/или усвоени национални технички прописи и стандарди; надлежни тела за усвојување на прописите; предлагани и/или усвоени постапки за оцена на сообразноста; членството и учеството во работата на меѓународни и регионални тела за стандардизација и системи за оцена на сообразноста; и обезбедување примероци од документи побарани од заинтересирани субјекти согласно со Спогодбата меѓу земјите-членки на СТО во врска со техничките бариери за трговијата (TБT). На интернет-страницата http://www.isrm.gov.mk можете да најдете информации во врска со Институтот за стандардизација на Република Македонија, неговите надлежности, соодветните закони, услугите итн. Основните закони во оваа област се Законот за стандардизација, Законот за акредитација (Службен весник на РМ, бр. 54/02), Законот за метрологија, Законот за техничките барања за производите и за оцена на сообразноста на производите (Службен весник на РМ, бр. 55/02). Исто така, можете да се консултирате со Институтот за акредитација на Република Македонија (www.iarm.gov.mk), каде што можат да се најдат сите информации во врска со постапките за акредитација.

Сертификација Сертификацијата е постапка на атестирање на производот што ја врши овластено тело што потврдува дека производот е во сообразност со пропишаните критериуми. Сертификацијата и означувањето истовремено претставуваат и демонстрација на квалитетот на производот, при што се гарантира дека: • производот е произведен согласно со утврдениот стандард, • производството се одвива под контрола и надзор, • производот е тестиран и контролиран, • во случаите кога производот не го исполнува утврдениот стандард, купувачите можат да побараат надомест, односно компензација


За да се обезбеди дека производите наменети за извоз ќе влезат на пазарот што е можно поскоро, треба да се скуси периодот потребен за сертификација, па оттука, во некои случаи оцената на сообразноста е корисно да се изврши во земјата на производството.

Кога сертификатот издаден во една земја се признава во друга земја? 1) Спогодби за заемно признавање на сертификатите меѓу две земји 2) Спогодби за соработка, кога националните овластени тела ги прифаќаат наодите од истата лабораторија и, согласно тоа, тие претставуваат основа за добивање на останатите национални сертификати; 3) Акредитација – телата за акредитација работат на усогласување на меѓународните постапки за акредитација на институциите за издавање сертификати; 4) Владино овластување – владата на секоја земја овластува конкретен субјект (организација) за издавање сертификати, при што тоа не мора да биде организација на нејзина територија. На овој начин, сертификатот на организацијата овластен, односно одобрен во повеќе земји, е валиден во секоја од овие земји; 5) Еднострано признавање – државата или владата може еднострано да ја признае валидноста на сертификатите на нејзина територија. ЕУ има единствен приод кон сертификацијата. Преку усогласени закони на земјите-членки, во законодавството на секоја земја-членка се содржани барањата, техничките спецификации и стандардите за сите производи, со исклучок на прехранбените производи, хемиските производи и фармацевтските производи.

31


8. Барања во однос на амбалажирањето, означувањето и заштитата на животната средина Барања во однос на амбалажирањето 32

Во случај договорните страни во својата спогодба да не го прецизирале начинот на пакување односно амбалажирање, тоа мора да ги исполни следниве барања: (а) успешно да ги заштити амбалажираните производи, со што ќе се овозможи ракувањето со нив; (б) амбалажата мора да биде приспособена кон избраниот вид транспорт; и (в) амбалажата мора да ги почитува прописите за увоз, особено санитарните прописи, прописите за јавно здравје и безбедносните прописи во земјата на дестинација, вклучувајќи ги и прописите за заштита на животната средина. Доколку содржината на амбалажата (производите) е или може да биде штетна, со соодветното амбалажирање се гарантира намалување на ризикот од случајна штета (на пример, предупредувања на амбалажата во однос на ракување со производот од страна на деца). Покрај здравствените и безбедносните барања што мораат да се исполнат, важни се и прописите во однос на рециклирањето. Тие содржат нови барања во однос на квалитетот и посебно обележување со коишто се гарантираат ефикасното сортирање, рециклирање и повторна употреба на производите. Барањата во однос на амбалажирањето обично не се толку строги како барањата во однос на производството и обично се темелат врз здравствени и безбедносни услови.

Барања во однос на означувањето Барањата во однос на означувањето честопати се пропишуваат во националното законодавство. Ова можат да бидат барања во однос на означувањето на производот, во однос на амбалажирањето или во однос на обете. Намената на означувањето е да претставува инструмент на пазарна контрола со цел да се овозможи протокот само на безбедни и квалитетни производи, како и на купувачот да му се обезбедат информации во однос на производот врз основа на коишто тој ќе може да го оцени производот и да избере меѓу слични производи од различни производители.


Постојат различни барања во однос на означувањето, при што најбитни се барањата за означување како доказ за сообразноста со техничките производни барања (ознаката „CE“), барањето за наведување на содржината на производот, неговиот состав, рокот на употреба итн. (типично за прехранбените производи), еко-означувањето, наведувањето на земјата на производство, предупредувањата, прирачникот за корисниците, забелешките за корисниците итн. Симболите или ознаките што укажуваат на сообразност со барањата во однос на производството можат да бидат исти во различни земји, согласно со меѓународно усогласените барања во однос на производството. Битно е да се одбележи дека како услов вашиот производ да ги почитува царинските формалности на земјата на увоз, придружната документација мора да се преведе на службениот јазик на таа земја (ознаките, упатствата и прирачниците).

Барања во однос на заштитата на животната средина – еколошко производство и еколошки производи Како резултат на сè поголемата еколошка свест кај потрошувачите, приоритет им се дава на оние производи што ги задоволуваат еколошките барања, како и на изготвувањето прописи во делот на животната средина во различни земји што се однесуваат на задолжителните мерки за заштита на животната средина во текот на производството, како и посебните барања во однос на производството според коишто производителот може да користи одредени еколошки ознаки врз своите производи во случај на исполнување на тие барања. Еколошко означување Еколошкото означување на производите се користи за да го искаже високиот приоритет што се дава на заштитата на животната средина за време на производството на означените производи, како и за да укаже на тоа кои производи се најприфатливи за купувачите во еколошка смисла, заедно со високиот квалитет на означените производи. Постојат еколошки прописи во однос на фабриките, производството и одделните производи. Почитувањето на прописите во однос на означувањето е доброволно, како и означувањето. Еколошки сертификат Голем дел од националните прописи со коишто се пропишуваат мерките за заштита на животната средина се применуваат на ниво на претпријатија. Како резултат од почитувањето на овие прописи се добива еколошки сертификат. Стандардот ISO 14001 претставува меѓународен стандард за мерки за заштита на животната средина. Во глобални рамки, се преземаат активности за изготвување на нови производни барања за заштита на животната средина GEN (Глобална мрежа за еко-означување), со цел да се прошират користењето и примената на меѓународно усогласени барања, иако националните/регионалните прописи во овој дел сè уште остануваат да важат. Меѓународна соработка Како дел од политиката на ЕУ во делот на заштитата на животната средина и нејзиниот развој, ЕУ има создадено посебни барања и ознаки во делот на заштитата на животната средина за целиот внатрешен пазар на ЕУ, таканаречената „еко-ознака“ (еко-знак). Екоознаката е незадолжителен систем дизајниран да ги поттикне претпријатијата на пазарот да пласираат еколошки производи и услуги, а од друга страна, да им помогне на потрошувачите полесно да ги препознаат овие производи. Во моментов, со прописот за еко-знакот се опфатени следниве производи: тоалетна хартија, машини за миење садови, материи за подобрување на квалитетот на почвата, душеци за кревети, бои и лакови за внатрешни делови од просториите, обувки, текстилни производи, персонални компјутери, детергенти за алишта, детергенти за машини за миење садови, хартија за копирање, светилки, преносни компјутери, фрижидери, машини за перење итн. (http://ec.europa.eu/environment/ecolabel/about_ecolabel/what_is_ecolabel_en.htm)

33


Доколку вашиот производ е со потекло надвор од Европската унија, на пример, доколку сте производител од земја во развој или во некоја од земјите-кандидатки за пристапување кон ЕУ, вашето барање за еко-знак односно еко-ознака можете да го доставите до надлежното тело во која било земја-членка на ЕУ во којашто вашиот производ треба да се увезе или извезе. Доколку производот е присутен само на еден пазар во ЕУ, вашето барање можете да го доставите до одредено надлежно тело во таа земја.

34


Постојат ли барања во однос на означувањето на одредени производи? Го следи ли претпријатието еколошкото означување од страна на конкуренцијата? Дали означувањето претставува резултат од усогласена национална регулатива?

Дали вашето претпријатие сака да изгради еколошки профил? Доколку е така, ја разгледало ли претпријатието можноста од примена на еколошко означување или означување за рециклирање за своите производи?

Постојат ли барања за одред ено амбалажирање/означување на вашиот производ (на пример, за рециклирање) на целниот пазар? Доколку е така, кои се тие?

Го земавте ли предвид видот на транспортот?

Знаете ли кои се важечките одредби за амбалажирањето на вашиот производ? Дали важат општите барања за амбалажирањето? Дали тие се базираат врз усогласени стандарди што амбалажата веќе ги задоволува? Постојат ли алтернативни начини/видови на амбалажирање на вашиот производ и има ли разлика во трошоците?

Тема – Барања во однос на амбалажирањето, означувањето и заштитата на животната средина Да

Не

Не знам

Забелешки

Означете и дадете коментари врз основа на одговорите дадени од претпријатието и врз основа на воведот за темата за којашто читавте

Список на проверка за амбалажирањето, означувањето и заштитата на животната средина

35


Анализа Врз основа на воведот и на одговорите што произлегуваат од списокот, можете да креирате извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга.

36


9. Транспортни услуги Вовед - Транспорт Типичен пример за начинот на којшто производите се транспортираат по морски пат од продавач во Земја А до купувач во Земја Б е следниов: Стоката се подигнува на местото на деловна активност на продавачот од страна на внатрешен превозник (компанија што работи со камиони или со железница) и се транспортира до морско пристаниште за превоз во странство. Превозникот ја одлага стоката во складиште или на пристаниште поради испитување од страна на царинските службеници и за консолидирање со останатата стока доколку товарот не е доволно голем за сам да заземе еден цел брод. Стоката се товари на бродот, а бродарот на испраќачот му издава товарен лист. Бродот се укотвува во морското пристаниште во Земјата Б. Кога купувачот (или неговиот посредник) го доставува товарниот лист, стоката се истоварува и се испорачува до царината поради инспекција. Откако царината ќе изврши проверка на стоката и на соодветните документи и откако ќе ги наплати сите увозни даноци или давачки, стоката се одобрува за влез во Земјата Б. По ова, локален превозник ја пренесува стоката до местото на деловна активност на купувачот (овие активности во Земјата Б се организираат од страна на купувачот или на неговиот посредник). Речиси истата постапка се спроведува кога производите се транспортираат по воздушен пат, преку железница или со камиони, со исклучок на тоа дека превозникот ја издава потребната документација за тој конкретен транспорт, а во трансферот на стоката се вклучени помалку посредници.

Избор на решенија за меѓународен транспорт Испорачувањето на вашиот производ до потрошувачот/купувачот честопати е исто толку важно колку и производот. Елемент од витално значење е определувањето на најдоброто транспортно решение, што вклучува безбедна и навремена реализација на успешен извоз. Кога го бирате транспортното решение, запаметете дека најбитни елементи во транспортните услуги се сигурноста, флексибилноста и брзината. Лошо избраното транспортно решение може да се покаже како мошне скапа активност и може да доведе до тоа на вашето претпријатие да се гледа како на несигурно претпријатие.

Кои транспортни форми се расположливи и каде? Во моментов, постои одлична можност овие информации да се пребаруваат на Интернет. Најдоброто решение е комбинирањето на неколку форми на транспорт (воздушен, морски/речен или внатрешен). Камионскиот/железничкиот транспорт несомнено е многу конкурентен, особено на главните европски пазари. Како ефикасни можат да се покажат и нетрадиционалните комбинации како авионски-бродски транспорт на стоки, дури и повеќе од само авионскиот транспорт.

Внатрешен транспорт Внатрешниот транспорт обично го врши компанија за превоз со камион или железничка компанија.

37


Вообичаено, продавачот го организира превозот во внатрешноста на земјата, каде што внатрешниот превозник ја превезува стоката до превозникот-посредник во пристаниште или на аеродром, којшто потоа го организира транспортот на стоката во странство. Друмскиот или железничкиот транспорт го регулираат неколку регионални спогодби. Во Европа, друмскиот транспорт е регулиран со Конвенцијата за склучување договор за меѓународен друмски превоз на производи (CMR) од 1956 година, додека железничкиот транспорт се раководи според Конвенцијата за меѓународен железнички транспорт (COTIF) од 1980 година. CMR се применува секогаш кога производите се превезуваат меѓу две земји, каде што барем едната од нив е потписничка на Конвенцијата. Конвенцијата од превозникот бара да издаде белешка за консигнација како инструмент за којшто не се преговара и што претставува доказ за изготвување на договорот за транспорт и за приемот и состојбата на стоката. Доколку во договорот за друмски превоз се вклучува употреба на повеќе превозници, секој превозник одделно се третира како страна во договорот, што значи дека секој од нив е одговорен за целата трансакција. COTIF, што го регулира железничкиот транспорт, ги содржи речиси истите одредби како и CMR. Обете конвенции пропишуваат дека превозниците се одговорни за загубата, штетата или доцнењето до одредена граница утврдена со конвенциите. Поморски транспорт на стока Повеќето производи се транспортираат од страна на заеднички превозници (коишто превезуваат производи, односно стока за повеќе од една страна). Товарниот лист (B\L) е документ во поморскиот транспорт на производите што го издава океанскиот превозник и тој има три функции: претставува доказ дека е склучен договор за транспорт на производи, го потврдува приемот на производите за транспорт и претставува обезбедување (документ за право на контрола) што е преносливо врз основа на превезуваните производи. Транспортниот лист ги опишува транспортираните производи и ги дефинира нивното количество и состојба. Тој обично однапред се пополнува од страна на шпедитерот, а кога производите ќе се натоварат, превозникот проверува дали натоварените производи се во согласност со наведените производи. Доколку сè е во ред, превозникот го потпишува товарниот лист и му го враќа на шпедитерот.

38

Воздушен транспорт на производи Превозот на производи со воздухопловни средства е регулиран со Варшавската конвенција од 1929 година (со нејзините четири дополнувања). Документот што се користи при воздушниот превоз е листот за воздушен транспорт – инструмент што го издава воздушниот превозник до шпедитерот, а што служи како потврда за прием на производите и како доказ за постоењето на договор за превоз, но не претставува документ со којшто се гарантира правото на контрола врз производите. Листовите и белешките (белешките за консигнација) што се користат во воздушниот транспорт пристигнуваат со производите и не се праќаат одделно. И во овој случај, финансиската одговорност на превозникот е ограничена до граница утврдена со Конвенцијата. Каде да се најдат ефикасни транспортери/шпедитери? Кога вашите сопствени потреби и можности се дефинирани, имате добра почетна точка за контактирање со различни транспортери или шпедитери. Интересни понуди можат да се најдат со пребарување на Интернет (се препорачува претпазливост), специјализирани весници/списанија и именици. Обично, шпедитерски компании можат да се најдат на аеродроми, пристаништа, големи железнички станици, зависно од тоа за која форма на транспорт е специјализиран шпедитерот. Кога станува збор за битни испораки или за долгорочна соработка, детално треба да се испитаат економскиот статус и осигурувањето на транспортерите (што не треба да се идентификува со транспортното осигурување на извозникот) и треба да се проверат клиентите на транспортерите. Проверка може да се направи и кај стопанската комора или кај други транспортни компании и шпедитери за тоа дали транспортерот е сигурен и дали навистина поседува развиена мрежа за транспорт на производите до одредена дестинација. Исто така, треба да го проверите и шпедитерот. Шпедитери При подготовката на аранжмани за транспорт на производи, купувачот и продавачот доаѓаат во контакт со најразлични посредници, како магацински субјекти или пристанишни власти, но за вас најважни се шпедитерите – фирмите што изготвуваат или што помагаат во изготвувањето на транспортни аранжмани, со специјализирани познавања од таа област. Тие обезбедуваат услуги и документација зависно од видот на транспортот и од посебните барања на извозниците, доколку ги има.


Со овие услуги се определува расположливоста на бродовите, и на пристанишните капацитети и на просторот за ангажирање, се елиминираат трошоците врз основа на бруто-тежина, вредност, се дава опис на производите и на пристаништето на дестинација, се обезбедуваат дозволи за извоз, се разгледуваат условите од акредитивот, се изготвува транспортната документација (вклучувајќи и извозни декларации), се добиваат сертификати за потеклото од локалната стопанска комора, се купува осигурувањето итн. Заради тоа, се препорачува при извозот да се користат шпедитерски услуги. Од шпедитерот треба да се побара да предложи неколку транспортери, имајќи ги предвид потребниот начин на транспорт во конкретниот случај, цените и рутите што транспортерите имаат намера да ги користат. По ова, извозникот може да одлучи кои транспортери најдобро одговараат на неговите потреби. Исто така, доколку извозникот сака тој да одлучи за датумот на почнување на транспортот и за трасата на транспортерите (на пример, на камионите), вашиот шпедитер треба да организира неконсолидиран транспорт. По изборот на транспортерите, шпедитерот ги организира транспортот и сета потребна документација. Колку е важна цената на транспортот и што е опфатено со неа? Иако цената на транспортот е битен фактор при изборот на транспортното решение, корисниците на транспортот честопати грешат со тоа што ги забораваат дополнителните трошоци поврзани со пренесувањето, складиштењето, патарините, даноците итн. Какви видови производи продавате? Првото и основното прашање е во врска со производот – физичките особини на производот (големина, цврстина, материја итн.), дали тој е опасен на кој било начин, како е амбалажиран итн. На пример, доколку извезувате свежа храна, овие производи мораат да се транспортираат со соодветен транспорт и да се испорачаат истиот ден или, доколку станува збор за замрзната храна, таа мора да се транспортира со посебни начини на транспорт, како камион-ладилник. Потоа, тука е и прашањето за големината на пратката и за тоа дали е потребно посебно амбалажирање или опрема за нејзин транспорт. Можеби клиентот има посебни барања во однос на пакувањето или во однос на формата на пратката или во однос на складиштењето итн. Дали се пресметуваат сите овие трошоци? Кои барања се битни за транспортерите? Ваша цел се сигурните транспортери со соодветна деловна етика, коишто ги почитуваат договорените услови, коишто се способни и подготвени за брза последователна акција во случај да дојде до какви било измени во транспортот на пратката. Точното фактурирање е доказ дека имате добар договор со транспортерите, дека тие имаат добар увид во сопствените транспортни и манипулативни трошоци и слично. Понатаму, битно е да се изберат транспортери коишто навистина ги покриваат соодветните/ целни области. Ова е значајно при транспортот на прекуморски пазари, каде што разликата меѓу транспортерите и шпедитерите коишто имаат локална надлежност (и мрежа на транспортери со бројни посредници) може да биде драстична. Важно е вашиот шпедитер да поседува информациска и комуникациска платформа што овозможува електронска размена на информации. Осигурување на производите во транспорт Осигурувањето на производите што се транспортираат е од голема важност во меѓународната трговија. Еден меѓународен транспортер/превозник одговара само со ограничена одговорност за производите, при што продавачот во повеќето случаи е одговорен за производите сè додека тие не стигнат на местото на испорака. Најчестите видови осигурување на пратките (поврзано со поморското осигурување) се следниве: • Ослободено од конкретен просек (FPA) – покривањето се обезбедува само доколку дојде до целосна загуба на осигурениот имот (производи) како резултат од настан опфатен со осигурувањето; • Со просек (WA) – покривање на делумната загуба или оштетување на производите, со или без франшиза; • Сите ризици, што претставува најцелосно осигурување. Оваа осигурителна полиса ги покрива загубите од сите причини што не се експлицитно исклучени како такви од полисата.

39


Од традиционална логистика кон фокусирањето врз меѓународните синџири на снабдување Примената на логистички модели е значајна кога се работи на промовирање на транспортните услуги во дадена земја. Проблемот со примената на овие традиционални логистички модели за извоз на пратки е фактот дека овде не се земаат предвид аспектите како граничните премини, посебните барања за документите, различните трговски култури и правната рамка. Во изминативе неколку години, фактот дека повеќето претпријатија фактички учествуваат во битни синџири на снабдување го постави акцентот врз меѓународните синџири на снабдување и врз нивната ефикасна примена. Да се има увид во актуелните синџири на снабдување и во тоа каде се наоѓа вашето претпријатие во рамките на општиот проток на производи може да претставува добар почеток за подобрување на протокот на влезните и излезните информации, производи и плаќања. Освен тоа, овде станува збор за повеќе учесници, а не само за транспортерот. Корисни линкови: (www.mifa.org.mk), Групација на меѓународни шпедитери и логистички оператори.

40


Имате ли претстава за најбитн ите синџири на набавка на вашето претпријатие, доколку ги има?

Имате ли заеднички информациски платформи?

Поседува ли транспортерот развиена мрежа во земјата на увоз?

Ја проверивте ли деловната репутација на транспортерот? Дали се задоволувачки резултатите од неговото претходно работење?

Дали е важно внимателното ракување со производите?

Дали за вашите производи се важни соодветниот транспорт, амбалажирање и означување?

Дали е важна цената на транспортот, амбалажирањето и означувањето?

Дали сигурноста, флексибилноста и брзината се конкурентни фактори за транспортот?

Тема – Транспортни услови

Означете и дадете забелешки, врз основа на одговорите од претпријатието

Список на проверка за транспортни услови

41

Да

Не

Не знам

Забелешки


Анализа Врз основа на воведот и на одговорите што произлегуваат од списокот, можете да креирате извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга.

42


10. Услови на испорака Меѓународни транспортни клаузули – Incoterms 2000 Вовед Воспоставувањето граница меѓу одговорноста на продавачот и одговорноста на купувачот ќе зависи од условите на испораката што се пропишуваат со нивниот трговски договор. Комерцијалните (трговските) услови – условите на испораката определуваат кој ќе го носи ризикот за време на транспортот (купувачот или продавачот), кој ќе го организира транспортот и ќе ги плати транспортните трошоци, кој е одговорен за извозните и за увозните формалности, а се дефинира и моментот на трансфер на ризиците и на трошоците. Најмногу користените приватни трговски клаузули се условите објавени од страна на Меѓународната стопанска комора (ICC) во Париз и се нарекуваат INCOTERMS (Меѓународни правила за толкување на трговски термини) – множество на унифицирани прописи за толкување на меѓународните комерцијални прописи со коишто се дефинираат трошоците, ризиците и обврските на купувачите и на продавачите во меѓународните трансакции. Овие прописи за првпат беа објавени во 1936 година, а оттогаш периодично се ревидираат. Во моментов важи верзијата Incoterms 2000. Примената на Incoterms Доколку сакате да ги примените Incoterms морате експлицитно да ги вклучите во вашиот договор. Понатаму, вашиот договор мора да содржи експлицитни упатувања до прописите за толкување утврдени во најновата ревизија на Incoterms (Incoterms 2000), при што со дополнителни договорни одредби ќе треба да ја загарантирате соодветната примена на условите. Исто така, Incoterms не се „закони“. Во случај на спор, судовите и арбитрите го разгледуваат следново: 1) купопродажниот договор; 2) кој ги поседува производите; и 3) какво плаќање е реализирано, доколку дошло до тоа. Incoterms 2000 може да се вклучат во купопродажниот договор под услов страните да се согласат: 1. Да реализираат продажба на производи. 2. Да ги индицираат трошоците, ризиците и обврските на секоја страна во однос на испораката на производите, на следниов начин: • Кога испораката е завршена? • Која страна мора да ги почитува соодветните одобренија и формалности утврдени од страна на владата? • Кои се начинот и условите на превозот? • Кои се условите на испораката и што е неопходно како доказ за испораката? • Кога ризикот од загуба се пренесува од продавачот на купувачот? • На кој начин страните ќе ги поделат транспортните трошоци? • Какви известувања мораат страните меѓусебно да доставуваат во однос на транспортот и на трансферот на производите? 3. Накусо да се утврдат основните услови на транспорт на испорака.

43


Incoterms 2000 нема: 1. Да важат за договори за услуги. 2. Да дефинираат договорни права и обврски освен оние поврзани со испораката. 3. Да прецизираат детали за трансферот, транспортот и за испораката на производите. 4. Да определуваат на кој начин ќе се пренесува правото на контрола врз производите. 5. Да заштитат дадена страна од сопствениот ризик од загуба. 6. Да ги опфатат производите пред или по испораката. 7. Да ги дефинираат правните лекови во случај на кршење на договорот. Во однос на INCOTERMS (и трговските услови воопшто) битно е да се знае следново: • • • • • • •

Incoterms претставуваат значаен дел од договорот за трговија и испорака на производи. Страни во Incoterms се купувачот и продавачот (сите други учесници, како транспортерот или осигурителната компанија, претставуваат трета страна во контекст на Incoterms). Страните што ги усвојуваат INCOTERMS или кои било други трговски услови треба да обезбедат дека нивната намера е јасно изразена – доколку тоа не се случи, судовите ќе ги применуваат содржаните дефиниции според сопствените јурисдикции. Страните треба да внимаваат при менувањето или дополнувањето на значењето на кој било конкретен услов, инаку судовите можат да ја игнорираат измената или да одлучат дека целиот услов нема правна сила. Страните треба секогаш да применуваат трговски услови затоа што доколку тоа не го сторат, на судовите ќе им биде препуштено да ја определат намерата на страните и да донесат пресуда за предметот врз основа на локалната комерцијална практика. Местото на испорака мора да се прецизира во согласност со условите за испораката. Датумот на испорака мора да се прецизира затоа што тоа е битно за ограничување на ризикот и на трошоцитe.

44

13 различни услови на испорака Incoterms се класифицираат во четири групи, организирани според обврските на страните. Тие почнуваат од минимална финансиска одговорност на продавачот (EXW) и се движат во насока на максимална финансиска одговорност на продавачот (DDP). Финансиската одговорност се менува за купувачот, бидејќи сите принципи се базираат врз рефлексивниот принцип (финансиска одговорност на продавачот – финансиска одговорност на купувачот). За увозникот и за продавачот/извозникот е битно да го ограничи ризикот што е можно повеќе, како и да ги ограничи транспортните трошоци што го носи со себе секој од нив. Четирите групи се: 1. Праќачка или Е-група, што се состои од EXW (од работите), каде што ризикот поминува на купувачот во моментот кога производите, индивидуализирани, се ставаат на располагање во просториите на продавачот. 2. Главниот транспорт се плаќа од страна на продавачот или F-група, што се состои од FCA, FAS и FOB. (Продавачот е обврзан да ги испорача производите до превозникот именуван од страна на купувачот. Од тој момент, ризикот и трошоците поминуваат на купувачот.) 3. Главниот транспорт го плаќа продавачот или С-група – но, каде што купувачот го носи главниот транспортен ризик (две критични точки). С-групата се состои од CFR, CIF, CPT и CIP. 4. Прием на производите или D-група, каде што продавачот ги покрива трошоците и ризикот на транспортот до соодветното место, честопати земјата на дестинација. D-групата се состои од DAF, DES, DEQ, DDU и DDP. Одредени INCOTERMS важат само за одредени форми на транспорт. FAS, FOB, CFR, CIF, DES и DEQ важат само за поморскиот транспорт и за транспортот по внатрешните водни патишта. Останатите услови – EXW, FCA, CPT, CIP, DAF, DDU и DDP – важат за која било форма на транспорт. Тие се особено важни кога се користат неколку различни форми на транспорт.


Има ли вашето претпријатие транспортно осигурување?

Би сакало ли вашето претпријатие да ја преземе одговорноста за увозните формалности во земјата на купувачот?

Подготвено ли е вашето претпријатие да го носи ризикот од транспортот?

Би сакало ли вашето претпријатие да ги покрие вообичаените транспортни трошоци?

Имате ли тешкотии со тоа што ги разделувате договорите за продажба и договорите за транспорт?

Дали изборот на условите на испорака претставува конкурентен фактор за вашето претпријатие?

Дали вашето претпријатие се пријавува за транспортни услуги?

Дали вашето претпријатие е запознаено со I ncoterms 2000? Планирате ли да ги користите Incoterm во Вашите договори?

Тема – Услови на испорака

Означете и дадете забелешки, врз основа на одговорите од претпријатието

Список на проверка за условите за испорака

45

Да

Не

Не знам

Забелешки


Анализа Врз основа на воведот и на одговорите што произлегуваат од списокот, можете да креирате извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга.

46


11. Избор на условите за плаќање и на платежното осигурување за извозот Вовед Од гледна точка на повеќето извозници, главен ризик е ризикот од неплаќање или ризикот од доцнење со плаќањето. Изборот и утврдувањето на условите за плаќање и за осигурување во договорот треба да бидат во согласност со вашата претходна оцена на комерцијалните, политичките и останатите ризици во однос на клиентот и на неговата земја. Без таква оцена, ризикувате своите производи да ги испратите на непознато место и да се потпрете врз надеж и доверба, а не врз пресметан ризик. Сеопфатната оцена на ризиците ќе ви даде соодветен увид за опфатот на ризикот што вашето претпријатие може да го носи, како и основа за предлагање услови на плаќање што претставуваат мал ризик за вашето претпријатие. Важен совет: Во купопродажниот договор прецизно треба да ги утврдите датумот, местото и начинот на плаќање, како и начинот на решавање на евентуалните спорови што би можеле да произлезат во однос на плаќањето.

Форми на плаќање: отворена сметка, авансно плаќање, incasso документ или акредитив Отворена сметка – кога се продаваат преку отворена сметка, производите се продаваат директно на увозникот, заедно со фактура и со друга документација за испораката. Овој начин на плаќање („купи сега, плати подоцна“) се применува во локалната трговија во дадена земја. Продажбата на кредит преку отворена сметка е особено присутна кај постојаните клиенти во индустриските земји. Меѓутоа, увозникот мора да знае дека нема никакво друго осигурување освен зборот на купувачот. Колку е подолг кредитниот период, толку е помала шансата да се соберат паричните средства. Оттука, морате да оцените на кој начин можете да ја осигурате својата продажба на кредит преку отворена сметка во странство. Плаќање однапред – Гледано од аспект на извозникот, идеално е плаќањето за неговите услуги да се реализира однапред. Во некои поранешни комунистички земји и во бројни земји во развој, ова е единствениот прифатлив начин на плаќање поради нестабилните услови. За возврат, купувачот честопати бара гаранција по видување. Доколку е непрецизно формулирана, оваа гаранција може да претставува средство на притисок врз продавачот од страна на купувачот во однос на плаќањето на претходните трошоци, врз основа на евидентирани и побарувани кусоци, недостатоци и доцнења во

47


Incasso документ е форма на плаќање каде што извозникот ја има контролата врз производите сè додека не се реализира наплатата на паричните средства или сè додека не се добие документот за наплатата. Инкасо-документите се инструмент на плаќање при што предавањето на документите е условено со плаќање на финансиски документи (меница, чек, емство) или комерцијални документи (фактури, транспортни документи). Се користи во меѓународната трговија доколку се работи за клиенти и за земји во коишто се има доверба. Од аспект на ограничувањата, оваа форма на плаќање не ве штити од последиците од несолвентност или од избегнување на плаќањето, ниту од проблеми со плаќањата како последица од политички ризик. Во овој случај, банките имаат само посредничка улога, наспроти акредитивот, каде што банките имаат улога на одобрување односно ендорсирање. Акредитивот претставува инструмент што го издава банката (банката на купувачот) на барање од барателот за издавање акредитив (купувачот-клиент на банката) со којшто банката се обврзува на корисникот (продавачот) да му плати одредена парична сума во одреден рок откако корисникот ќе достави документи утврдени од страна на барателот за издавање акредитив. Ова значи дека банката на купувачот му гарантира плаќање на продавачот кога тој ќе ги достави потребните трговски документи, откако ќе се продадат производите и во случај тој да ги исполнува сите барања содржани во акредитивот.

48

Акредитивот претставува инструмент на плаќање што придонесува кон избегнувањето на ризиците во реализацијата на купопродажниот договор, како во смисла на испораката, така и во смисла на плаќањето. Меѓународниот акредитив му овозможува на продавачот, штом ќе ги испорача производите, а врз основа на примените документи за транспортот, да добие исплата; на овој начин, тој го осигурува плаќањето и може да ги искористи паричните средства за ново производство. Од друга страна, купувачот (увозникот), со дефинирање на условите на плаќање врз основа на акредитивот во рамките на кредитната клаузула во основниот договор, се обезбедува себеси во смисла дека испораката ќе се изврши согласно со договорот. Овој вид плаќање најчесто се користи во меѓународната трговија и учествува со максимум 80 проценти во сите плаќања. Постојат бројни варијанти на акредитив (на пример, неотповикливо, отповикливо, потврдено, предмет на преговори, „стендбај“ итн.), иако, поради банкарските такси, тоа претставува релативно скапа форма на наплата. На извозниците им се советува да прифаќаат само неотповиклив и потврден акредитив како инструмент за плаќање. Неотповиклив акредитив не може да се менува без експлицитна согласност од корисникот (продавачи/извозници) и нуди најголема сигурност. Потврден акредитив – втора банка го додава своето одобрување (ендорсирање) на кредитот, наведувајќи дека и таа ќе го изврши плаќањето врз основа на прецизирани документи. „Стендбај“ акредитив претставува кредит што го добива продавачот и со којшто се именува купувачот како корисник; се користи како гаранција дека производите што продавачот ги испорачува ќе функционираат како што е ветено. Доколку тоа не се случи, купувачот може да ги врати производите и да добие надомест на куповната цена од банката што го издава кредитот. Оваа форма на плаќање има меѓународно признаена правна рамка, Унифицирани царини и практики за документирани кредити – UCP 500, издадени од страна на Меѓународната стопанска комора (Публикација ICC 500). Понекогаш, а особено при контакти со клиент во САД (со исклучок на поголемите компании), на извозникот му се нуди да прими плаќање по пат на чекови или сертифицирани чекови – внимавајте на оваа форма на плаќање, бидејќи не содржи никаква гаранција или обезбедување во однос на наплатата.

Вообичаени форми на обезбедување на плаќањето Договорни гаранции Во врска со гаранциите, битно е да се знае што може да биде побарано согласно со дадена гаранција. За гаранциите за плаќање, побарува продавачот, врз основа на фактот дека купувачот не платил навреме.


Многу повообичаени во меѓународната трговија се договорните гаранции, каде што купувачот бара неговото плаќање да биде вратено или бара одложено плаќање, врз основа на тврдењето дека продавачот не ги исполнил своите договорни обврски. За продавачот од најголема важност е да ги формулира гаранциите за побарувањата на таков начин што купувачот да биде обврзан да ги документира наводите за неправилности во испораката, пред да се изврши враќањето на плаќањето. Според договорните гаранции, обично трета страна (банката) ја гарантира обврската за плаќање. Банкарски гаранции Поголемите банки имаат гарантни системи што можат успешно да се искористат и приспособат кон различните потреби на претпријатијата. Содржината на банкарската гаранција секогаш се пропишува од страна на продавачот и на купувачот (договорните страни) и таа се издава од страна на банката на купувачот врз основа на прелиминарен договор меѓу страните. Со користење на банкарската гаранција, продавачот се обезбедува дека, доколку купувачот не ја плати цената за примените производи, банката ќе ја исполни оваа обврска наместо купувачот. Затегнувачка камата во договорот Можете да одлучите во трговскиот договор да ја утврдите и затегнувачката камата во случај на доцнење со плаќањето или во случај на избегнување на плаќањето. Битно е да се биде свесен за фактот дека затегнувачката камата за доцнење со плаќањето што можете да ја барате и да ја утврдувате се разликува од земја до земја. Кредитно осигурување Кредитното осигурување е осигурувањето на побарувањата во однос на продажбата на производи и на услуги. Осигурителните полиси го покриваат комерцијалниот ризик во случаите на побарувања во однос на извозот на производи, изведбата на инвестициски работи и други услуги во странство итн. Треба да се користи и осигурувањето во случај на избегнување на плаќањето. Заради големата конкуренција во областа на осигурувањето, на извозниците им препорачуваме да споредат различни понуди од различни осигурителни компании. Овде спаѓа релацијата со големината и со условите на претпријатието, актуелната изложеност на ризик и степенот на покриен ризик на пазарот, осигурителната полиса, а особено условите за плаќање во случај на изгубени побарувања. Задржување на имотните права Друга мерка што можете да ја примените е задржување на имотните права во трговскиот договор со цел купувачот да се спречи да располага со производите или да ги препродава пред за нив да плати. Сепак, постојат огромни разлики меѓу различни земји во однос на задржување на имотните права како средство за остварување на наплатата. Правно гонење Арбитражата или судското решавање, исто така, можат да се сметаат за форма на обезбедување на плаќањето. Битно е договорот да содржи одредби во однос на решавањето спорови во случај ниту купувачот, ниту продавачот да не сакаат или да не можат интерно да го решат спорот. Судската постапка и арбитражата имаат свои предности и недостатоци што треба да се разгледаат, од аспект на нивната ефикасност и објективност.

49


Имате ли сознанија за националните институции што ги поддржуваат извозните дејности во смисла на осигурување или на финансирање?

Дали осигурувањето на плаќањето се реализира во форма на кредитно осигурување, банкарски гаранции или задржување на имотни права при доцнење или по пат на законски прогон?

Дали во моментов корис тите авансно плаќање и како тоа се реализира? (Продажба преку отворена сметка, документ incasso или кредитно писмо?)

Имате ли неисплатени долгови? Дали сте задоволни со вашата банка?

Сте имале ли проблеми со кредит или со наплата?

Колку долго чекате за наплата? Има ли негативни последици за вашиот капитал?

Кои методи би ги примениле за да обезбедите наплата во странство? Ги сметате ли овие методи за успешни?

Дали генерално постои голема конкуренција во однос на условите за кредитирање и за плаќање?

Дали е клиентот од големо комерцијално значење за вашето претпријатие?

Имате ли на располагање какви било кредитни информации за клиентот? Кој може да ви обезбеди такви информации?

Дали конкретниот клиент е нов на пазарот или нов за вас?

Имате ли направено профил на ризик на клиентот и на соодветната земја?

Тема – Услови на плаќање и на осигурување

Да

Не

Не знам

Коментари

Список на проверка за услови на плаќање и на осигурување Обележете и дадете коментари, врз основа на одговорите дадени од претпријатието и на општиот вовед што го прочитавте

50


Анализа Врз основа на воведот и на одговорите што произлегуваат од списокот, можете да креирате извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга.

51


12. Одговорност на производителот Вовед

52

Производителот и продавачот го носат ризикот од одговорност за штетата претрпена од страна на купувачот или на трето лице како последица од материјалните недостатоци на производите. Оваа финансиска одговорност во Македонија е регулирана со Законот за облигациски односи (Службен весник на РМ, бр. 18/01). Покрај ова, постојат одредби во однос на одговорноста на производителот за штетата предизвикана од недостатоците на неговиот производ; тие се наоѓаат во Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РМ, бр. 38/04). Како производител, морате да бидете свесни за одговорноста што ја имате за вашиот производ. Законот за облигациски односи пропишува дека „оној што во промет ќе го стави предметот што тој го произвел, а поради некој недостаток за кошто тој не знаел, претставува опасност од штета за лицата и за предметите, е одговорен за штетата што би настанала како последица од тој недостаток“. Производителот, исто така, е одговорен и за какви било опасни особености на производите во случај да не ги презел сите неопходни мерки за спречување на штетата што тој можел да ја предвиди по пат на предупредување, безбедна амбалажа или друга соодветна мерка. Директивата 85\374\ЕЕЗ на Советот на Европа го воспоставува принципот на објективна одговорност на производителите. За производител се смета секој учесник во производниот процес; увозник на неисправни производи; секој субјект што го поставил својот назив, називот на компанијата или која било друга ознака врз производот; секое лице што го испорачува производот чијшто производител не може да се идентификува. Иако увозникот може да се повлече и да ја препушти одговорноста на производителот, оваа можност може да се исклучи со договор меѓу страните. Според регулативите на ЕУ, одговорноста за производството, односно производната одговорност, најпрвин се однесува на производителот, но и на дистрибутерот/продавачот. Увозникот и дистрибутерот/продавачот можат да се исклучат од одговорност во случај тие да можат да го именуваат производителот, под услов производителот да ја врши својата деловна активност во рамките на пазарот на ЕУ. Дистрибутерот/продавачот, исто така, се исклучува од одговорноста доколку може да го именува увозникот на производот на пазарот. Производителот се исклучува од одговорноста доколку докаже: дека не го ставил производот во промет; дека недостатокот што предизвикува штета настанал откако тој го ставил производот во промет; дека производот не бил наменет за комерцијална продажба; дека производот не бил произведен, ниту дистрибуиран во рамките на вообичаениот тек на неговата деловна активност; дека секоја неисправност на производот претставува последица од непридржување кон финансиската одговорност за почитување на барањата содржани во актите на јавните власти итн. Исто така, доколку оштетената страна е виновна за штетата, одговорноста на производителот може да се намали. Субјектите што увезуваат производи надвор од пазарот на ЕУ сами одговараат за производната одговорност и треба да постапуваат како што се бара за да ги регулираат овие прашања во рамките на комерцијален договор со производителот или да се заштитат себеси со осигурување.


Битно е да се истакне дека можната обврска за компензација има своја појдовна точка, односно основа во локалните прописи на местото во коешто настанала штетата. Тоа важи и за пресметување на обемот на штетата и на точниот износ што треба да се плати како надомест за штетата. Оттука, точниот износ на надоместот за штетата може во голема мера да варира, зависно од тоа на кој пазар се продаваат производите. Овие прописи не се усогласени, па затоа, при нивната меѓусебна споредба се јавуваат јазови. Заради тоа, важно е производителите да имаат осигурување што, исто така, ќе ја опфати извозната продажба.

53


Запознаени ли сте со прописите во однос на производната одговорност?

По ваше мислење, дали се сигурни вашите производи?

Осигурено ли е вашето претпријатие од евентуална производна одговорност?

Дали сте производител или продавач ? Се разликува ли вашата одговорност во овие случаи?

Тема – Производна одговорност Да

Не

Не знам

Забелешки

Обележете и дадете коментари, врз основа на одговорите дадени од претпријатието и на општиот вовед што го прочитавте

Список на проверка за производна одговорност

54


Анализа Врз основа на воведот и на одговорите што произлегуваат од списокот, можете да креирате извештај со акцент врз можностите и пречките со коишто вашето претпријатие може да се соочи при извозот на својот производ/услуга.

55


13. Договори за слободна трговија Договорите за слободна трговија, исто така, овозможуваат давачките да не бидат наплатени при тргување помеѓу потписнички на овие договори. Договор за слободна трговија е билатерален или мултилатерален договор за трговска соработка помеѓу држави или региони со цел подобрување на трговската соработка. Традиционалните договори за слободна трговија вклучуваат, пред сè, ослободување од одредени давачки. Македонија е потписничка на следниве мултилатерални Договори за слободна трговија:

56

- ЦЕФТА Договор Договорот за пристапување во ЦЕФТА, наречен ЦЕФТА 2006, е потпишан на 19 декември 2006 година во Букурешт. Од 22.11.2007 година стапи на сила во однос на сите потписнички на Договорот и тоа: Р. Македонија, Р. Албанија, Босна и Херцеговина, Р. Хрватска, Р. Молдавија, Р. Црна Гора, Р. Србија и УНМИК за територијата на Косово. Во Република Македонија, ЦЕФТА 2006 е објавен во Службен весник на РМ, бр. 69/2007. Договорот претставува значаен чекор во напорите за економско интегрирање на земјите од Југоисточна Европа (регионот), но и е инструмент за подготвување на регионот за интеграција во ЕУ. Од економски аспект, окрупнувањето, односно можноста за создавање на единствена зона на слободна трговија, е особено поволна за земјите со мали пазари како Република Македонија. Овој договор, покрај либерализацијата на трговијата со стоки, за првпат отвора простор за зголемена соработка помеѓу нејзините членки и во следниве области: трговијата со услуги, јавни набавки, инвестиции и заштита на интелектуалната сопственост. Со примената на ЦЕФТА 2006 во регионот дојде до значително раздвижување на трговската размена, а со тоа и до зголемување на неговите конкурентски предности. Сосем е јасно дека формирањето на ЦЕФТА, слободната трговска зона на просторот на ЈИЕ, плус Молдавија и Албанија, е дел од процесот на глобализација и економската интеграција на регионот кон ЕУ. Оваа фаза од економската интеграција едноставно е неизбежна, согласно искуството од интегративниот процес на земјите од Централна и Источна Европа, пред датумот на нивно конечно пристапување во ЕУ. Прашањето што се поставува е дали треба оваа фаза од интегративниот процес на нашата земја да ја гледаме само како нужност или да согледаме дека ЦЕФТА е рамка за економски раст на регионот, чиишто крајни резултати треба да обезбедат наша конечна економска интеграција во ЕУ. Фактите од трговската размена од 2008 година говорат дека ЦЕФТА договорот имаше благопријатно влијание на размената помеѓу земјите од регионот, така што обемот на стоковата размена на Македонија со ЦЕФТА земјите во 2008 година оствари пораст од 571 милион американски долари, што претставува 35 проценти повисок обем од 2007 година. Притоа, забележителен е поволен биланс во размената со зголемување на суфицитот во 2008 година од 72,3 проценти во однос на 2007 година, единствено со Молдавија имаме незначителен дефицит, а податоците од размената со Косово/УНМИК не се внесени поединечно. Од аспект на движењето во размената во првите месеци од 2009 година, поради влијанијата од глобалната криза забележан е значителен пад од 41,6 проценти, во најголема мера во размената со Србија и Хрватска.


- ЕФТА Договор Договор за слободна трговија меѓу земјите-членки на ЕФТА (Economic Free Trade Area), Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка и Исланд и Република Македонија е во примена од 1 мај 2002 година. Овој договор, што е еден од низата договори склучени во процесот на општата либерализација на трговијата на Република Македонија, согласно природата на ЕФТА, се однесува на либерализацијата на индустриските производи и риби и други рибни производи. Други земјоделски и прехранбени производи од Глава 1 до 25 од Хармонизираниот систем се предмет на билатерални концесиски списоци со секоја земја-членка на ЕФТА. Согласно Договорот, стоките со потекло од Република Македонија веднаш ќе се увезуваат во земјите на ЕФТА ослободени од царинските давачки и квантитативните ограничувања, а во предвидениот транзициски период од десет години, во којшто постепено треба да се воспостави зона на слободна трговија, ќе се укинат сите царински давачки и квантитативните ограничувања на увозот од ЕФТА, освен во случаи предвидени со Договорот. Договор за слободна трговија меѓу ЕФТА и Република Македонија е склучен со намера да се учествува во процесот на економската интеграција во Европа, при што се имаше предвид постоечките меѓусебни врски и интерес да се унапредат, како и заедничката поддршка на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа. Тој е дел од мрежата на договори за либерализација на трговија, како на националното, така и на регионалното ниво. Во рамките на интегративните процеси на Западен Балкан со стратегијата на ЕУ се предвидуваат три фази: I фаза – асиметричната либерализација на трговската политика на ЕУ кон земјите од Западен Балкан и отстранувањето на трговските бариери во однос на регионалниот извоз кон ЕУ како и повратна транзициска либерализација кон ЕУ; II фаза – вклучувањето на Западен Балкан во ЦЕФТА, како и понатамошна либерализација на интрарегионалната трговија (меѓу земјите во регионот) и трговијата со земјите од Централна Европа; III фаза – треба да обезбеди договор на слободна трговија помеѓу регионот и ЕФТА земјите и Република Турција. Овие фази треба да доведат до регионалната интеграција во паневропската слободна трговска зона, па и до можност за користење на паневропската кумулација на стоки помеѓу ЕУ, ЕФТА, ЦЕФТА, Турција и земјите од Западен Балкан.

- Договор за стабилизација и асоцијација Договорот за стабилизација и асоцијација се фокусира на почитување на клучните демократски принципи и суштинските елементи важечки на единствениот ЕУ-пазар. Благодарение на слободната трговска зона со ЕУ и корелативните дисциплини (конкурентност и прописите за државна помош, интелектуална сопственост итн.) и придобивките (право на пристапување) и преку реформите насочени кон усвојување на ЕУ-стандардите, процесот на стабилизација и асоцијација овозможува на економијата на Република Македонија да се интегрира со таа на ЕУ. Времената спогодба за трговија и трговски прашања меѓу Република Македонија и Европските заедници (Службен весник на РМ, бр. 39/2001), како „преодно решение“ до имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, што се применува од 2003 година, со стапување на сила на 1 јуни 2001 година, овозможи увоз на стоките со потекло од Република Македонија во земјите-членки на ЕУ, без царински давачки и квантитативни ограничувања, а на стоките од ЕУ при увозот во Република Македонија се наплатува давачка што со одредена динамика се намалува, за до 2011 година да биде целосно ослободена од царински давачки или кај земјоделскопрехранбени стоки царинското намалување се применува во рамките на квотите. Царинските давачки на овие стоки при увозот во Република Македонија прогресивно се намалуваат согласно: Анекс 1 – помалку чувствителни стоки; Анекс 4 (ц) – свинско месо, сирење и бело сирење – концесии во рамките на квоти; Анекс 5 (б) – риби и рибни производи; Протокол 1 Анекс 1 – текстилни производи и облека; Протокол 2 – производи од челик; Протокол 3 Анекс 2 – преработени земјоделски производи.

57


Бесцарински увоз во Република Македонија на стоки со потекло од земјите-членки на ЕУ се применува согласно: Протокол 3 Анекс 2 – преработени земјоделски производи; Анекс 4 (а) – земјоделски стоки; Анекс 4 (б) – бесцарински увоз на земјоделски стоки во рамките на годишни квоти; Протокол 3 Анекс 2 – преработени земјоделски производи. Основен услов да се примени преференцијален царински режим на стоките во трговската размена помеѓу Република Македонија и ЕУ е доследно почитување на правилата за потекло за стоки и нивното администрирање, согласно Протоколот 4 кон Временската спогодба, со којшто се дефинира поимот „производство со потекло“ и методите на управна соработка. Тоа значи дека непочитување на критериуми на потекло на стоки од Република Македонија или од ЕУ, билатерално анулира преференцијален трговски режим. Од април 2008 година поставени се правни основи со коишто се овозможува примена на дијагонална кумулација на потекло на стоки од Република Турција и земјите што се во процесот на стабилизација и асоцијација. § Билатерални договори за слободна трговија се потпишани со Турција и Украина.

58


14. Специјализирани финансиски институции Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) Пожелно е да се провери можноста од користење на услугите на Македонската банка за поддршка на развојот Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР). Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) е основана во 1998 година. Основна задача на банката е да го промовира извозот, преку негово кредитирање и други форми на поддршка; да се обезбеди поддршка на развојот на малите и средните трговски друштва, преку одобрување на инвестициски кредити, како и да овозможи осигурување на наплатата од извршениот извоз од комерцијални ризици на кус рок. Кредитна политика Приоритет има поддржувањето на развојот (преку сеопфатна поддршка на малите и средните претпријатија) и промовирањето на извозот како стратешка определба на Република Македонија. Со Кредитната политика се обезбедуваат кредити и други финансиски инструменти за субјектите на сите стопански сектори. Притоа, имајќи ја предвид структурата на капиталот и изворите, како и поширокиот стопански амбиент, особено внимание се дава на кредитирањето на малите и средните претпријатија и на кредитирањето на извозот (подготовката на производството за извоз и извозот). Своите кредити и другите финансиски инструменти банката ги пласира до корисниците на кредитите преку деловните банки во Република Македонија (банки-учеснички). Политика за промоција на извозот Во реализацијата на политиката на промоција на извозот МБПР се раководи од Макроекономската политика на Република Македонија, во којашто како приоритетни секторски гранки се назначени: -

Индустријата; Земјоделството; Градежништвото; Транспортот, комуникациите; Туризмот; Надворешнотрговскиот сектор.

Целни групи – корисници на кредитите Во принцип, финансиската поддршка е првенствено наменета за мали и средни претпријатија што обезбедуваат повисок степен на финализација, технолошки иновации и развој, нови работни места, што се конкурентни на домашниот и странскиот пазар. МБПР во следните неколку месеци ќе биде една од институциите преку којашто македонската влада директно финансиски ќе интервенира кај компаниите (особено малите и средните), за ублажување на последиците од светската економска криза. На интернет-страницата на банката, http://www.mbdp.com.mk, можат да се најдат повеќе информации за условите и за постапките за кредити за извоз, како и за комерцијално кредитно осигурување.

59


15. План на мерки

Клиент и пазар – комплетен профил на ризиците Како дополнување на деталната проверка на ризикот, можете да пополните посебни табели за проверка на ризикот, особено кога станува збор за клиенти коишто се од стратегиско и големо финансиско значење за вас. Дали ризикот (зависно од клиентот и пазарот) ќе биде низок, среден или висок најчесто е детерминирано од надворешни фактори (политички, валутен, банкарски), но планирањето треба да биде во рамките на проценката колку можете да си дозволите да изгубите. Списокот на проверка треба да резултира со процена и препорака колку далеку треба да отидете со продажбата, испораката и плаќањето со конкретниот клиент.

60

Тип ризик

Низок

Среден

Висок

Заклучоци

Комерцијален Политички ризик Банкарски ризик Валута Производство Транспорт Интерен Целосна процена

Изготвената анализа би требало да обезбеди солидна основа за план на мерки со којшто конкретно ќе се дефинира што е она што претпријатието треба да го направи за да се приспособи кон пазарните услови. Во планот треба да се земат предвид искуството и компетентноста на претпријатието во областа на извозот што може да се темели, на пример, врз подобрувањето на компетентноста и потребата од детални информации во дадена област.

Полињата Анализа и Препорачани мерки треба да ги пополни консултант врз основа на одговорите дадени од страна на претпријатието.


Одговорност на производителот

Услови на плаќање и на осигурување

Услови на испорака

Транспортни услови

Барање за заштита на животната средина, за амбалажирање и за означување

Производни барања и стандардизација

Избор на продажен канал

Права на интелектуална сопственост

ДДВ

Трговска размена со странство/Царински постапки

Правен систем и склучување договори

Тема

Анализа

61

Препорачани мерки


16. Поддршка за МСП - Европски информативен и иновативен

центар во Македонија Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) е македонската компонента во глобалната мрежа на Enterprise Europe Network. Во неа членуваат преку 600 партнерски организации од 45 држави, и тоа: здруженија на претпријатија, стопански комори, универзитети, агенции кои даваат услуги на повеќе од 25 милиони мали и средни претпријатија (МСП). Мрежата Enterprise Europe Network e aдминистрирана од страна на Извршната агенција за конкурентност и иновации – EACI при Европската комисија и претставува еден од клучните инструменти за реализација на Рамковната програма за конкурентност и иновации – CIP на Европската унија. Enteprise Europe Network настана со спојување на европските мрежи кои имаа задача да овозможат организиран настап на МСП на единствениот европски пазар: Мрежата од евро-инфо центри и мрежата на Иновативни релејни центри за трансфер на технологии.

62

Главната цел на ЕИИЦМ е да овозможи организиран настап на македонските МСП на глобалниот пазар така што ќе се надминат постоечките бариери. Подобрување на конкурентноста на македонската економија преку зголемување на степенот на иновации на МСП е основна мисија на ЕИИЦМ. Дејноста на центарот опфаќа: 1. Интернационализација на македонските МСП во бизнис сферата, во трансферот на технологии и учество во научно-истражувачки проекти; 2. Дисеминација на информации од доменот на ЕУ политиките, иницијативите и тековите релевантни за МСП; 3. Наоѓање на меѓународни партнери за бизнис соработка, технолошка размена и заедничко учество во развојни проекти; 4. Организација на меѓународни настани: компаниски мисии, брокерски настани, средби на компании и други форми на билатерална и мултилатерална соработка; 5. Воспоставување, водење и ажурирање на бази на македонски компании за меѓународна соработка; 6. Информации и публикации за актуелни меѓународни прашања, теми и настани; 7. Обука, помош и поддршка на македонските МСП за учество на единствениот европски пазар; 8. Поддршка на македонските субјекти за учество во програмите на Европската унија (ЦИП, ФП7 итн.); 9. Промоција на македонските традиционални и културни вредности. ЕИИЦМ претставува проектен конзорциум координиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членки на конзорциумот се Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија. Со воспоставување на контакт со која било од овие институции, македонските МСП можат да ги добијат услугите од мрежата, преку едношалтерски систем и бесплатно. Дополнителни информации и контакти можете да најдете на интернет-страницата на Европскиот иновативен и информативен центар во Македонија: http://www.een.mk.


Neither the European Commission nor any person acting on behalf of the European Commission is responsible for the use which might be made of the information contained herein. The views in this publication are those of the author and do not necessarily reflect the policies of the European Commission.

Издавањето на прирачникот е финансирано од: Амбасадата на Кралство Норвешка во Скопје, Република Македонија и Европскиот Информативен и Иновативен Центар во Македонија


Проверка на извозни ризици Отворањето на светските пазари и доближувањето на надворешната трговија до претприемачот го прави извозот сè покомплициран и понепредвидлив, поради што на фирмите во раната извозна фаза им е потребно однапред да ги препознаат и анализираат трговските ризици. Прирачникот„Проверка на извозните ризици“ е подготвен со цел да обезбеди преглед на критичните точки поврзани со извозните активности, што ќе послужи како ориентир и динамичка алатка за нивно планирање и контрола. Проверката на ризикот на секоја критична точка се врши со помош на специјализирани списоци за секоја тема, со соодветна содржина во вид на прашања, што понатаму служат за анализа на правилно поставените приоритети за настап на одреден пазар. Анализата обезбедува основа за поставување и на планот за акција. Во прирачникот се опфатени повеќе важни прашања, што се сметаат за основни елементи на извозниот процес, а под којшто се подразбира циркулација на стоки, услуги, документи и пари преку граница. При планирањето на извозот треба да се направи детална проверка на ризикот, земајќи ги предвид сите типови ризици, како елементи на списокот на проверка, што треба да резултира со проценка на степенот на ризичност (низок, среден или висок) и препорака за натамошните чекори на продажба, испорака и плаќање со конкретниот клиент.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.