Upravuvanje so ekolosko rabotenje vo vaseto pretprijatie

Page 1


Управување со

еколошките аспекти

во вашето претпријатие Скопје, септември 2011


Издавач: Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Скопје во рамките на проектот GREEN финансиран од Програмата за конкурентност и иновации на Европската Комисија Лектор: Дејан Василевски Брошурата во PDF формат може да се превземе на следната веб страница: www.mir.org.mk 2


ВОВЕД Управувањето со еколошките аспекти во вашето претпријатие е фундаментално за одржливото управување со бизнисот. Целта на оваа брошура е да им помогне на малите и средните претпријатија од прехранбената индустрија и индустријата за градежни материјали во идентификацијата на потенцијалните места за намалување на трошоците, запознавањето со националното и европското законодавство од областа на заштитата на животната средина, добрите практики за намалување на загадувањето и преземањето мерки и можности за подобрување на перформансот врз околината и квалитетот на животот. 3


Прехранбената индустрија е еден од најголемите производствени сектори во Р. Македонија. Таа создава 148.819 тони отпад годишно или 26 проценти од вкупниот цврст отпад што се одлага. Одговорна е за 2,9 проценти од штетните гасови емитирани во атмосферата. Над 90 проценти од отпадот се одлага на депонии. Овој отпад е мешавина на остатоци од храна и пакување и за него стратешката определба на Р. Македонија е редукција до 50 проценти на одлагањето на биоразградливиот отпад до 2020 година. Производството на материјали за градежништвото емитува 15 проценти од вкупното количество гасови виновни за климатските промени. Од овој сектор се создаваат близу 106.830 тони неопасен и 2.050 тони опасен отпад годишно, одлагајќи околу 80 проценти на депонии. Дури 40 проценти од неопасниот отпад од оваа индустрија може да се реупотреби. Големи количества од овој отпад можат да се реупотребат. Една од целите на ЕУ е во наредниот период да го поттикне користењето на градежните материјали што минимално ќе ја загадуваат животната средина, истовремено заштедувајќи енергија и пари.

4

ПОТЕНЦИЈАЛНИ МЕСТА ЗА НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ

Потрошувачката на ресурси во една организација е почетното место каде што треба да се бара евентуално намалување на трошоците. Во контекст на одржливиот развој, сите претпријатија треба да се стремат кон намалување на влијанието врз животната средина, т.е. за помала екстракција на минерали, максимална искористеност на суровините и меѓупродуктите и намалување на количествата вода и енергија, како глобално значајни ресурси. Поголемата реупотреба на суровините и отпадот од неискористените материјали значи и помали трошоци за нивна набавка.

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

ФАКТИ И БРОЈКИ


Воведувањето на евиденциски листи во вашето претпријатие ќе ги подигне свесноста и потребата од заштеди, директно посочувајќи ги местата каде што можат да се намалат трошоците, односно каде што има потенцијал за повторно искористување. Листите не треба да бидат премногу сложени и непрегледни. Треба да содржат редовни информации за количествата на купени суровини во однос на количествата на добиени продукти од тие суровини, за вкупната потрошена енергија за осветлување по просторија, одделение (хала), за греење на месечно ниво по одделение, за потрошена електрична или топлинска енергија за процес или продукт, за потрошена активна/реактивна енергија, за потрошена вода по одделение и сл. Овие податоци можат да се добијат од сметки, од директни мерења со инструменти, од водомери. Запомнете дека не можете да го контролирате тоа што не го мерите или не го евидентирате!

РЕСУРСИ И МАТЕРИЈАЛИ Податоците од листите можат да укажат на прекумерно користење на некој ресурс за да се добие продукт, поголемо осветлување во просторија од препорачаното, преголема моќност на светилките од потребното, непотребни загуби на топлина поради староста на објектот и друго. Можат да се увидат и можности за поголемо искористување на реактивната енергија (што инаку е загубена), преку конвертори. Овие информации се користат понатаму како индикатори за следење на перформансот и за контрола од страна на главните менаџери. Во светот се применуваат три типа индикатори за следење на ефикасноста: Апсолутни, релативни и мерливи (квантитативни) индикатори. Без оглед на тоа кој тип индикатори користите, тие треба да: 5


ff помогнат на вашата организација во разбирањето како промените на влезот на суровини или параметрите на производство можат да донесат зголемувања на ефикасноста и заштеда на пари, ff обезбедат информации за задоволување на барањата на заинтересираните страни (набавувачи, клиенти, потрошувачи, јавност).

Тони суровина за тон добиен продукт, потрошена енергија (kW) за тон добиен продукт, илуминација (lux), т.е. интензитет на светлина по одделение, потрошена вода (m3) по тон продукт, литри гориво по возило/поминати километри итн. Во однос на транспортот треба да се користат екогорива, што помалку емитуваат издувни гасови во атмосферата, да се направи најекономична рута при транспортот со најмала километража. Со тоа заштедувате и во пари за гориво и ги намалувате штетните емисии во атмосферата. При евидентирањето на ресурсите, пожелно е да се следат унифицираните табели и препораките за изработка на еколошките елаборати или еколошките дозволи (Табела 1), што ги содржат информациите за потрошувачката (во тони, литри, кубни метри), степенот на ризик и безбедност, CAS броевите за соединенијата или материјалите и складираното количество. Ова е од особено значење, посебно за материјалите класифицирани како опасни, согласно Законот за превоз на опасни материи (Службен весник на РМ, бр. 12/93), бидејќи за нив се потребни посебни мерки на претпазливост во однос на транспортот, користењето, складирањето и отстранувањето. На крајот, треба да се дадат фразите за степенот на ризик и мерките за безбедност од суровината.

6

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

Примери:


Што се CAS броеви? Уникатни нумерички идентификатори доделени од Американскиот хемиски сервис за номенклатура (CAS) за секоја хемикалија, т.е. елементи, изотопи, органски и неоргански соединенија, органометали, метали, легури, минерали, соли, полимери, протеини, нуклеусни киселини итн. Најдобриот регистар на овие броеви е на хемиската лабораторија од Оксфорд: http://msds.chem.ox.ac.uk/newcas. html.

Што се R и S фрази? Фразите R и S – ризик и безбедност (Risk / Safety) – се систем на кодови за опасност за обележување на опасните хемикалии. Тие се составен дел на Листите за безбедност на материјалите (MSDS) и ги покажуваат класификацијата на супстанцијата, ризикот по човековото здравје и околината (токсичен, штетен, запалив итн.), односно начинот на безбедност – како да осигури заштита од евентуални несреќи и загадувања. Комплетната листа на фразите може да се види на: http://www.hse.gov.uk/chip/phrases.htm. Комплетните листи на фразите ги има и во Службен весник на РМ, бр. 15/08.

7


ЕНЕРГИЈА И ТОПЛИНА

Постојат повеќе утврдени методологии, но се чини методот на ЕМАС е најсоодветен и најраспространет. Имено, за секој одделен простор (одделение) се земаат вкупната површина A (во m2), потрошувачката на енергија во истата површина B (во kWh) и трошоците C (во денари/евра). Ефикасноста се одредува преку формулата ЕЕ = B/А (kWh/ m2), а за енергетските трошоци преку С/А (ден./m2). Вредностите за ЕЕ, согласно насоките на Европската комисија, треба да се движат од 0 до над 200; зависно од бодовите, ефикасноста се рангира (А-G) и преку нив претпријатието може да види дали ефикасно управува со енергијата. Бодување

Ранг

Ефикасност

0-30

A

Максимална

31-50

B

Одлична

51-70

C

Добра

71-120

D

Просечна

121-160

E

Потпросечна

161-200

F

Неефикасна

Над 200

G

Потполно неефикасна

Замената на светилките со поекономични, штедливи светилки, што се избегнуваат поради нивната поскапа набавна цена, гарантирано носи долгорочни заштеди на енергија и топлина. Табелата прикажува колкави се финансиските и енергетските заштеди во еден просечен век на траење помеѓу стандардна и флуоресцентна светилка. Ако земете дека во едно претпријатие има 50 светилки, доколку тие се заменат со штедливи, ќе траат до осум пати подолго, ќе ве чинат 2,5 8

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

Откако ќе се утврди колку енергија вкупно трошите во инсталацијата и по разните оддели, треба да се пресмета енергетската ефикасност на објектот.


пати помалку, а ќе го добиете истиот интензитет на светлина (илуминација). Тип светилка

Моќност (W)

Век на траење (h)

Трошок за 800 часови

Материјални Вкупни трошоци трошоци

Стандардна

100

1.000

46,5 €

3€

49,5 €w

8.000

9,3 €

11 €

20,3 €

Флуоресцентна 20 со иста илуминација

Препорачано ниво на илуминација во просторија, според нивото на работната комплексност, е: < 100 lux Скали, ходници, складови; 300 lux Обична канцелариска работа; 500 lux Интензивна канцелариска работа, компјутерска лабораторија; > 750 lux Многу прецизна работа (механизми).

Поставете автоматски системи за исклучување на светилките кога нема никој во просторијата или т.н. клапери, кога светилките се вклучуваат со ракоплескање. Инвестирањето во обновливи извори на енергија, на пример, геотермална енергија или искористувањето на сончевата енергија преку фотоволтажни ќелии, еколошки материјали, повеќе природна светлина во просториите, замена на светилките со поекономични, штедливи светилки, што се избегнуваат поради нивната поскапа набавна цена, гарантирано носат долгорочни заштеди на енергија и топлина. Испитајте ги топлинската пропустливост, продорната влажност и потрошувачката на примарна енергија во вашиот објект со специјален инструмент „Тесто 880-3“. Така ќе добиете јасна слика за енергетската ефикасност, ќе дознаете каде се најголемите загуби на енергија и топлина, односно каде е потребно инвестирање во санација. Во однос на HVAC или опремата за пренос на топлина, вентилациja и клима-уреди, секогаш треба да се набавува најновата на пазарот, а потребни се и редовни проверки 9


и одржување, со што се продолжува нејзиниот век. Поставувањето мерачи за температурата во одделенијата е добра навика преку која може да се регулира потрошувачката на топлина, истовремено намалувајќи го влијанието врз климатските промени. Приспособете ја работната температура соодветно.

- Канцеларии – од 19 до 21°С; - Работилници – од 16 до 19°С; - Тешка работа – од 11 до 14°С; - Складови – од 10 до 12°С. Само намалувањето на термопечките за еден Целзиусов степен може да ја намали потрошувачката на енергија за осум проценти.

кров

25%

10% ѕидови

35%

подови

10

прозори

15% 15%

проветрување

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

Препорачаната внатрешна температура за разните работни места треба да биде:


Не оставајте ги вратите често отворени и добро изолирајте ги прозорците, ѕидовите, покривите и подовите во вашиот објект. Типични загуби на топлина од еден објект се прикажани на сликата.

ДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ ОКОЛИНАТА Добра практика е емисиите од производните процеси во сите три еколошки медиуми – почва, вода, воздух – да се мерат редовно, за детерминирање на притисокот врз животната средина од вашите активности. Мерењата и анализите мораат да ги вршат акредитирани лаборатории или овластени институции, што се сертифицирани според стандардот ISO/IEC 17025:2005. Применливи добри практики се: реорганизација, санирање, инвестирање во најдобри достапни технологии, обуки за надградба на кадарот и подигнување на свеста.

НАМАЛУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ ВРЗ ПОЧВИТЕ Почвите можат да се контаминираат од директни истурања на опасни материи или отпади, истурања од течен биодеградабилен отпад. Дифузно загадување може да настане преку лизгања на земјиште или истекувања од илегални или несоодветно санирани депонии или септички јами. Добри практики се: ff Да се внимава околу местото каде што се складираат материјалите и каде што се одлага отпадот од процесите. Местото да биде со бетонирана непропусна подлога и да има решен систем на таложници, прелевници, што треба

11


да се изведат да немаат допир со почвите. ff Септичките јами да бидат бетонирани за да се спречи евентуално контаминирање. ff Да се преземат заштитни мерки за спречување ерозија, односно лизгање на земјиштето. ff Да не се исфрла големо количество на отпад или отпадни води на земјиштето.

ff Да се изработи план за ремедијација и враќање на локацијата во добра состојба.

НАМАЛУВАЊЕ НА ПРИTИСОЦИТЕ ОД МАТЕРИЈАЛИТЕ ШТО СЕ КОРИСТАТ Дефинирајте ги најзначајните аспекти и потенцијални влијанија врз еколошките медиуми од секој ресурс, за да знаете каде најмногу да водите контрола и да вложите во подобрувања, односно намалување на притисокот (што е законска обврска или препорака). Некои типови суровини што се користат во прехранбениот сектор и потенцијалните штетни влијанија врз околината се:

12

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

ff Да се изведат канали што ќе водат директно кон канализации, ретензиски шахти и сл.


Тип на материјал

Намена

Потенцијални влијанија врз животната средина

Органски растворувачи

Одвојување на хранливи компоненти

Најчесто се користат метилен хлорид, ацетон, етил етер, хексан, хептан и циклохексан. Сите имаат одередно ниво на токсичност, запаливост и испарливост. Претставуваат ризик од несреќи и извор на VOC-ови.

Соли, содиум нитрат и нитрит

Агенси за саламурење

Влијаат на квалитетот на отпадните води.

Сода

Лупење на овошје и зеленчук

Ја зголемува pH на отпадната вода.

Лимонска киселина

За вкус и долготрајност

Ја намалува pH на отпадната вода.

Железен сулфат

За третман на отпадната вода

Истурање или неправилно користење доведува до создавање на киселински раствори.

Хлоринирана вода

За миење на површини

Хлорот се врзува со други соединенија, создавајќи соли и органски соединенија кои се штетни за водните организми доколку се истура во реципиент..

Амониум

Фрижидери / разладни комори

Опасен загадувач ако дојде до негово истурање во реципиент или канализација. Иструрања од фрижидери/комори ќе ослободат штетни емисии во воздух. 13


Фрижидери / разладни комори

Има голема потрошувачка на кислород ако се истури во реципиент или канализација.

R404 и R22 (хидрохлор флуоро карбонати)

Фрижидери / разладни комори

Истурања од фрижидери/комори ќе ослободат штетни емисии во воздух, кои влијаат на разградување на озонот (климатски промени).

Материјали за пакување

Разна

Во поголеми количини бара рециклирање или безбедно отстранување.

Агенси за чистење, вклучувајќи јаки киселини, обелувачи и сл.

Чистење и дезинфекција

Потенцијални загадувачи ако дојде до нивно истурање во реципиент или канализација.

НАМАЛУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ ВРЗ ВОДИТЕ Отпадна вода од ефлуенти Овие ефлуенти се богати со органски материи (од суспендирани парчиња или од разните растворливи состојки во процесите), што ја зголемуваат биолошката потрошувачка на кислород. Постојат можности за намалување на количествата на супстанциите во отпадните води преку поголема контрола на процесите и чистење со поеколошки продукти. Од производните процеси на градежни материјали, отпадните води содржат големи количества на суспендирани честички – земја, камења, хидраулични и моторни масла, растворувачи, бои и лакови, а од прехранбената ситни парчиња месо, зеленчук, овошје, потоа растворувачи, масти, крв од животни и сл., што мораат да подлежат на третман пред 14

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

Етилен гликол и вода


испуштање во канализација или реципиент. Најчесто применливи методи се таложници, решетки, прелевници, разложување во септички јами. Доколку станува збор за поголем производен погон, најсоодветно решение е конструкција на мала пречистителна станица или повеќе објекти поврзани на заедничка станица. Размислувајте и во насока на екоремедијација, односно природно прочистување на отпадните води преку лагуни со растенија, што ги задржуваат органските и неорганските загадувачи, постигнувајќи намалувања на концентрациите до 90 проценти, подобрувајќи го квалитетот на ефлуентот, а чинат многу помалку во однос на пречистителните станици. Отпадна вода од чистење и дезинфекција Како суспендирани честички, pH кисела или базна, високи концентрации на биолошка и хемиска потрошувачка на кислород, високи концентрации на масти и масла. Исто така, може да има присуство на патогени бактерии во отпадната вода (особено во процесирањето месо и риба), зголемена соленост (производство на краставички или сирење), резидуи од пестициди, хлориди или фосфати од детергенти или други средства за дезинфекција.

НАМАЛЕНИ ПРИТИСОЦИ ВРЗ АТМОСФЕРАТА СТАЦИОНАРНИ (ТОЧКЕСТИ) ИЗВОРИ Најчести емисии од точкести извори од двата сектора се: ff Гасови од согорување (NOx, SO2, CO), чад и цврсти честички (ПП10) од сушари и печки – треба редовно да се мерат и да се преземаат мерки за контрола со цел да бидат во количества што не се штетни по животната средина. 15


ff Непријатни мириси – да се намалат до прифатливите граници мирисите од екскавација на трупови, чување животни, бојадисување, лакирање и други слични процеси, што зависат од ефикасноста на поставената вентилација и близината на чувствителни рецептори (домови, училишта, болници и сл.). ff Испарливи органски соединенија (VOC-ови), ослободени во воздухот најчесто од процеси на бојадисување, сушење, печење, што се екстремно токсични и со акутни ефекти по здравјето на луѓето. ff Издувни гасови од возила – во просек едно возило со просечна старост од пет години испушта 150 грама СО2 на километар, 0,8 грама NOx на километар, 0,4 грама SО2 на километар (овие штетни гасови ги создаваат климатските промени). За да го пресметате влијанието врз атмосферата од вашиот возен парк, водете евиденција за поминатите километри за секое возило и помножете го со емитираните емисии. За поголеми возила и камиони, емисиите се многукратно поголеми. Постои можност при редовните технички прегледи на возилата да се измери количеството емисии во испусните гасови.

16

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

ff Емисии што ја уништуваат озонската обвивка (CFC, HCFC), од климатизери и разладни комори. При избор на климатизери и разладни комори внимавајте тие да бидат со еколошки фреон Е3, бидејќи не емитуваат гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, односно не влијаат штетно врз климатските промени.


ДИФУЗНИ ИЗВОРИ Дифузен извор е емисија што доаѓа во одреден медиум индиректно (без испуштање) преку дисперзија во воздухот. Овие извори најчесто се многу деликатни за идентификација, бидејќи се потребни детални анализи пред да се донесат факти за изворот на загадување (што може да биде стотици километри од локацијата на инсталацијата) и трендот на неговото ширење во медиумот околу објектот, што се одредува преку техники на моделирање. Пожелно е да ги вршат консултанти од областа на заштитата на животната средина.

ПРИТИСОЦИ ОД ШТЕТНА ВРЕВА ВО ОКОЛИНАТА Нивото на штетна врева се мери според три типа индикатори – Ld (ден) од 6 до 19 часот, Le (приквечер) од 19 до 23 часот, Ln (ноќ) – од 23 часот до 6 наутро. За сите периоди се мерат максималната јачина на звук LA и енергетското еквивалентно ниво на врева LAeq. Треба да се пополни табелата што содржи информации за изворот на врева, опремата што ја емитува, каде е мерено и со каков инструмент, интензитетот (доколку има активности во текот на целиот ден се мери трипати), еквивалентното ниво и времетраењето на емитувањата. Доколку има чувствителни рецептори во близина на инсталацијата – домаќинства, станбени згради, градинки, училишта, болници, мора да се измери нивото на штетна врева што доаѓа до нив. Има три типа врева во околината: импулсна (на пример, експлозиви), континуирана (разладни уреди) и дисконтинуирана (машини). Во добрите практики за заштита од штетна врева најпрвин спаѓа дефинирањето на т.н. зони на штетна врева – колкаво е нивото на врева до објектот, на пет километри од него, надвор од границите на инсталацијата, кои се жариштата или местата каде што е најсилен интензитетот, потоа мерките како преградите, добра изолација на прозорците и ѕидовите, користење на лична заштитна опрема кај вработените и при посети на странки. Табела од мерења на штетната врева:

17


18 Brüel & Kjæl 2270

Brüel & Kjæl 2270

Бетонска база

Бетонска база

Нема осетливи рецептори, објектот е во индустриска зона.

Локација N4: Фронтално мерење на 4 метри пред бетонската база

Локација N5: Страничнио мерење на 5м позади базата – на границата на инсталацијата

Осетливи рецептори

8 часови преку ден

8 часови преку ден

54,1

По потреба – периодично 4 часови преку ден

По потреба – периодично 4 часови преку ден

По потреба – периодично 4 часови преку ден

Периоди на емисија -број на часови денски/ навечер

39,4

47,1

63,3

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

41° 19' 47.3383" N 21° 32' 6.8891" Е

41° 19' 47.7588" N 21° 32' 6.9323" Е

41° 19' 47.8704" N 21° 32' 3.9659" Е

Brüel & Kjæl 2270

Производна машина за бетонски плочи и ивичници, машина за цевки

Локација N3: Мерење на 2 мтери од задниот дел на објектот со отворени прозори

41° 19' 47.7059" N 21° 32' 4.4807" Е

Brüel & Kjæl 2270

Производна машина за бетонски плочи и ивичници, машина за цевки

Локација N2: Фрнтално мерење на 6,4м пред дворната врата

78.3

41° 19' 47.4780" N 21° 32' 4.6499" Е

Brüel & Kjæl 2270

Производна машина за бетонски плочи и ивичници, машина за цевки

Локација N1: Централно мерење во халата

Интензитет на бучава LAeq (dB)

Национален координатен систем (6N, 6E)

Опрема/ Референца

Извор/Уред

Локација


НАМАЛЕН ПРИТИСОК ОД ОТПАДOT Секое намалување на количествата отпад, односно негова реупотреба, значи помали трошоци за одведување до депонија, но и помал притисок врз околината. Неопасниот отпад, како хартијата, картоните и пластиката, треба да се рециклира, но само откако максимално ќе се реупотреби сè што може да се врати на добавувачите, бидејќи во спротивно треба да се одложи на депонија. Секогаш кога ќе донесувате одлуки, имајте ја предвид хиерархијата за постапување со отпадот (сликата подолу).

Карактеристични типови на отпад во двата сектора: Прехранбен:

Цврст комунален Цврст биодеградабилен Цврст конфискати-коски, влакна, кожа, копита итн. Хартија, пластика, картонски кутии Цврсти суспендиран-масти Течен од чистење и миење Течен – крв од животни Течен биодеградабилен Течен-масла (хидраулични и моторни)

Градежни материјали:

Цврст комунален Хартија, пластика, картонски кутии, стакло Метален-жици, клинци, итн. од железо, бакар Неметален, PVC Фарбани материјали (вклучително и дрво) Бои и лакови Течен од чистење и миење Течен од производство-киселини, соединенија, сл. Течен-масла (хидраулични и моторни)

19


Добри практики при управувањето со отпадот: ff Контејнерите за отпад да бидат најмалку 800 метри од подземен извор на вода, да има лесен пристап на возила до нив!

ff Мора да се има договор со откупувачот или преземачот на отпадот, тој мора да биде овластен за дадениот тип отпад! ff Да се избегнува мешање на цврстиот и течниот отпад, таложниците и септичките јами редовно да се чистат и да се одржуваат! Опасниот отпад мора да се бележи посебно и да се постапува со него согласно законите. Хидрауличните и моторните масла, батериите и акумулаторите мораат да се предадат само на овластено претпријатие за откуп. Бојадисаните материјали, кантите од бои и разредувачи и електронскиот и електричниот отпад се, исто така, класифицирани како опасен отпад што мора посебно да се одлага на депонии што имаат специјална дозвола за таков вид отпади.

ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ Двата сектора се под огромен притисок поради ангажирањата на државите за намалување на глобалните климатски промени, заштеда на светските значајни ресурси како минерали, вода и енергија, количествата отпад, зачувувањето на биодиверзитетот, загадувањето на водните површини, но и подобрувањето на човековото здравје и квалитетот на живот. Непочитувањето на законските 20

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

ff Кантите да се поставуваат на бетонирана подлога, најмалку на половина километар од објектот каде што нема пад на теренот!


обврски од областа на заштитата на животната средина подлежи на тешки финансиски санкции, негодување кај локалното население и локалните организации, но и нарушено реноме на претпријатието. Тоа повлекува и недоверба кај купувачите и клиентите, намалување на заработката и притисок од јавноста. Македонското законодавство сè повеќе фаќа приклучок кон европската и светската легислатива за заштитата на животната средина. Близу 80 проценти од разните директиви и правилници се транспонирани во националното законодавство. Познавањето на законите овозможува непречено работење и ја подобрува ефикасноста во организациите. Следува кус преглед на законските обврски од областа (подолу е дадена детална листа): Законот за животна средина (Службен весник на РМ, бр. 53/05), Уредбата за типови на индустриски активности што мораат да изработат интегрирана еколошка дозвола (Службен весник на РМ, бр. 89/05) и Правилникот за изгледот на апликацијата за еколошка дозвола (Службен весник на РМ, бр. 4/06) ја даваат рамката за поголемите претпријатија од двата индустриски сектора. Доколку вашата активност нема обврска за интегрирана дозвола, тогаш е потребно да изработите еколошки елаборат, согласно Правилникот за еколошки елаборати (Службен весник на РМ, бр. 50/09) и Уредбата за активностите за кои е потребен елаборат (Службен весник на РМ, бр. 80/09).

Енергетска ефикасност и CО2 емисии Со Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти (Службен весник на РМ, бр. 147/07) се одредуваат максималните вредности на топлинската пропустливост [W/ (m2K)] низ преградите на градежни објекти, заштита во однос на продор на влага, неконтролирано навлегување воздух и заштита од сонце, максималните специфични количества на примарна енергија [kWh/m2] годишно. Овој правилник има за цел да обезбеди намалување на потрошувачката на 21


примарна енергија во градежните објекти, како и намалување на емисијата на CО2.

Складирање материјали

- Складирање на опасни материи, што ќе биде добро изолиран, проветруван, бетониран и без електрични уреди; правете редовен попис – доколку потполно не се користи некоја суровина во подолг временски период, нема потреба да ја нарачувате во толкави количества. Редовно барајте ги листите за безбедност и вршете проверка дали безбедносните услови се задоволени и материите се соодветно означени. Мора да се пропише процедура за начинот на управување со овие материи, личната заштитна опрема што мора да се носи и сл. Местата каде што се складираат опасните материи треба да бидат соодветно мапирани и прописно обележани со рестрикција на влез. - Одобрени производи, каде што производите се класифицирани согласно усвоените процедури, соодветно обележани и подготвени за пакување и транспорт. - Вратени производи, каде што најпрвин треба да се провери дали може да се коригира грешката (несоодветна амбалажа, ознака, грешка во изведбата и сл.) или не. Треба да се провери дали може да се реупотреби некоја компонента. Производите се третираат како отпад и се чуваат до нивно конечно уништување или одведување до депонија.

Воздух Емисиите од стационарни извори треба да бидат пониски од пропишаните законски максимално дозволени концентрации во воздухот (МДК) во Службен весник на РМ, бр. 3/1990. 22

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

Во однос на складирањето, согласно законот треба да се предвиди простор за:


Дозволените граници на испарливите органски соединенија во ЕУ се регулирани со Директивата за емисии од растворувачи 1999/13/ЕС и Директивата за бои и лакови 2004/42/ЕС. Во однос на штетните емисии од издувните гасови што влијаат негативно на климата, препораките на Европската унија до 2012 година се редукција на емисиите: 130 грама СО2/км, 0,5 NOx/км и 0,15 SО2/км. За останатите гасови штетни по атмосферата (хлорофлуориди, фреон итн.) тука се праговите дадени во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во воздух (Службен весник на РМ, бр. 50/05) и Правилникот за класификација на објектите што со испуштање на штетни материи можат да го загадат воздухот во населените места (Службен весник на СРМ, бр. 20/74).

Штетна врева во околината Вревата во околината се мери согласно методите утврдени со Правилникот за примената на индикаторите за врева, дополнителните индикатори за врева, начинот на мерење врева и методите за оценување со индикаторите за врева во животната средина (Службен весник на РМ, бр. 117/08). Мерењата можат да ги вршат овластена институција или приватни фирми што поседуваат соодветна експертиза и современа опрема за мерења – тип I (отстапки од ± 0,5 dB) или тип II (± 2-3 dB) и редовно баждарени. Секако, најпознати марки на уреди за мерење се „Бруел и Кјаел“, „Касела“, „Оптимус“, „Тесто“, „Сирус“ (Bruel & Kjael, Casella, Optimus, Testo, Cirrus) итн. Правилникот за поблиските услови во поглед на потребната опрема (Службен весник на РМ, бр. 152/08) ги дава насоките за мерењата на штетна врева. Од мерењата е потребно да се приложи детален извештај, што ќе ги содржи координатите на мерните локации, еквивалентното ниво на врева од секој уред, периодот на користење на уредот во текот на денот или ноќта. Граничните вредности за нивото на штетна врева зависат од типот на зони (населени места) каде што е сместена инсталацијата. Има четири типови зони, од кои 23


во индустриската зона е дозволено највисоко ниво на врева во околината (70 dB преку ден, 55 dB во текот на ноќта). Вредностите и зоните се дадени во Правилникот за гранични вредности на нивото на врева во животната средина (Службен весник на РМ, бр. 147/08).

Отпадни води На излез од инсталацијата, односно од пречистителната станица, концентрациите треба да бидат под дозволените граници, согласно Уредбата за класификација на води (Службен весник на РМ, бр. 18/99). Се мерат повеќе физичкохемиски параметри на водата, како биолошката и хемиската потрошувачка на кислород, боја и мирис, температура, киселост, концентрации на азотни соединенија, фосфор, органски соединенија, тешки метали.

Отпад Сите типови отпад треба уредно да се евидентираат во Регистри, со цел следење на местата на создавање, начинот на одлагање и кои типови отпад би имале потенцијал за повторна употреба. Согласно законската регулатива (Службен весник на РМ, бр. 147/07), индустриите треба да го селектираат неопасниот отпад во посебни контејнери, означени со разни бои (зелена, сина, кафеава, жолта, во црни вреќи). Во Табелите за регистрирање отпад во првата колона се ставаат референтниот број и типот на отпадот – цврст или течен. Во третата колона се става каталошкиот број на сите отпади, зависно од видот, унифицирани во Европскиот каталог на отпади од 2002 година, а пренесени во македонското законодавство во Службен весник на РМ, бр. 100/05 – Листа на видови отпад. 24

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

Инсталација што се наоѓа во индустриска зона ќе има потреба од три до пет мерења, додека доколку е ситуирана во урбана или рурална средина, бројот на мерни места може да биде и над седум, бидејќи мора да се измери нивото што доаѓа до чувствителните рецептори.


Отпадите се групирани по индустриски сектори, но има и поглавја што се универзални (на пример, поглавје 20 за комунални отпади, поглавје 14 за растворувачи, фрижидери итн. или поглавје 15 за отпад од пакување). Поглавјата 1, 3 и 17 претежно се однесуваат на индустријата за производство на градежни материјали, додека поглавјето 2 се однесува на прехранбениот сектор. Во наредните колони треба да се наведе начинот на третман, односно што се прави со отпадот – селекција, таложење, компостирање и каде се одложува во границите на локацијата, како и методот и локацијата на одложување. Следуваат примери на регистри за отпад од двата индустриски сектора. Пример на евиденција на отпад од прехранбената индустрија Реф. бр

Вид на отпад

Број од листата на видови на отпад (Сл. весник на РМ бр.100/2005)

Количина на отпад на годишно ниво (тони/ м3/литри)

Начин на третман на отпадот

Метод и локација на одложување

1.Ц

Комунален отпад

20 03 01

2 тони

одлагање во контејнери

градска депонија

2.Ц

Биодеградибилен отпад

02 01 03

0.5 тони

селектирање и одлагање во кафени канти

се употребува за производство на компост или се депонира одделно

3.Ц

Отпад од пакување (картонска и лимена амбалажа, пластични ќеси)

15 01 01 15 01 06

минимална

се селектира одделно (во зелени кутии) или на поткровјето

градска депонија или се реупотребува (картонски кутии)

4.Т

Течен отпад од чистење и миење површини

5 литри

таложење со решетки

се одведува во главна канализација

02 01 01

25


26

Вид на отпад

Градежен шут

Вратен бетон

Комунален отпад

Талог од таложниците

Масло за подмачкување и за возилата (хидраулично и моторно)

Реф. бр.

1.Ц

2.Ц

3.Ц

4.Ц

5.T

29 литри

10m³

1664 тони

Нема Податок

Нема Податок

Количина по месец

350 литри

120m³

19968 тони

Нема Податок

Нема Податок

Годишна количина

Количина (тони, m3, литри)

Се собира со зафаќање и реупотребува за подмачкување или се отсранува

Заедно со градежниот шут

Контејнери за комунален отпад

На платото, веднаш се реупотребува за бетонирање , санација и др.

Позади платото, на самата локација

Преработка/ одложување

Се дава на овластен откупувач од Штип. (има Договор)

Се носи на депонија за градежен шут Песиопарци на 5km.

Од ЈП се одлага на депонија Алинци (има Договор)

Бетонирање на структури во објектотпатишта, некоја конструкција, платото

Се носи на депонија за градежен шут Песиопарци на 5km.

Метод и локација на одложување

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

13 02 03

19 08 04

20 03 01

17 01 01

17 00 00

Број од Европскиот каталог (Сл. весник на РМ бр.100/2005)

Пример на евиденција на отпад од производство на градежни материјали


Листа за законски обврски од областа на заштита на животната средина ЗАКОН/ПРАВИЛНИК/УРЕДБА

ПРОБЛЕМАТИКА

Закон за животна средина (Сл. весник на РМ, бр.53/05);

Сите

Уредбата за типови на индустриски активности кои мора да изработат интегрирана еколошка дозвола (Сл. Весник на Р.М бр. 89/05); Правилик за изгледот на апликацијата за еколошка дозвола (Сл. Весник на Р.М бр. 4/06);

Индустриски дејности

Уредбата за активностите за кои е потребен Еколошки елаборат (Сл. Весник на Р.М бр. 80/09); Правилник за изгледот на Еколошки елаборат (Сл. Весник на Р.М бр. 50/09);

Индустриски дејности

Закон за заштита на природата (Сл. весник на РМ, бр.67/04);

Заштита на природа (доколку дејноста е во Национален Парк, природен резерват и сл.)

Закон за заштита од бучавата во животната средина (Сл. весник на РМ, бр. 79/07); Правилникот за поблиските услови во поглед на потребната опрема која треба да ја поседуваат овластени научни стручни организации и институции како и други правни и физички лица, за вршење на определени стручни работи за мониторинг на бучава (Сл. весник на РМ, бр. 152/08); Правилникот за примената на индикаторите за бучава, дополнителни индикатори за бучава, начинот на мерење на бучава и методите за оценување со инидкаторите за бучава во животната средина (Сл. весник на РМ, бр. 117/08);

Штетна бучава во околината

Правилник за граничните вредности на нивото на бучава во животната средина (Сл. весник на РМ, бр. 147/08); Закон за управување со отпадот-пречистен текст (Сл. весник на РМ, бр. 09/11); Листа на видови отпад (Сл. Весник на Р.М, бр.100/05);

Правилник за општите правила за постапување со комуналниот и другите видови неопасен отпад (Сл. весник на РМ, бр.147/07);

Управување со отпад

Правилник за поблиските услови за постапување со опасниот отпад и начинот на пакување и означување на опасниот отпад (Сл. весник на РМ, бр. 15/08); Правилник за постапките и начинот на собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла, начинот на водење евиденција и доставување на податоците (Сл. весник на Р.М, бр. 156/07);

27


Закон за квалитетот на амбиентниот воздух (Сл. весник на РМ, бр. 67/04); Правилник за критериумите, методите и постапките за оценување на квалитетот на амбиентниот воздух (Сл. весник на РМ, бр. 82/06);

Воздух

Правилник за максимално дозволените концентрации и количества и за други штетни материи што можат да се испуштаат во воздухот од одделни извори на загадување (Сл. лист на СРМ, бр. 3/90); Закон за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ, бр. 51/2005); Просторен план на Република Македонија (Сл. весник на РМ, бр. 39/04);

Просторно планирање, изградба

Закон за водите (Сл. весник на РМ, бр. 87/08); Уредбата за класификација на води (Сл. весник на РМ, бр.18/99);

Управување со води

Правилник за енергетска ефикасност на градежни објекти (Сл. Весник на РМ, бр. 147/07);

Енергија

Закон за превоз на опасни материи (Сл. Весник на Р.М, бр.12/93);

Суровини, транспорт

Правилник за класификација на објектите што со испуштање на штетни материи можат да го загадат воздухот во населените места (Сл. Весник на СРМ бр. 20/74);

Климатски промени, изградба

Правилник за внатрешни и надворешни планови за реагирање во вонредни состојби (Сл. весник на Р.М, бр.50/09).

Спречување хаварии, заштита на вработени и биодиверзитет

28

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

Уредба за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, цели вредности и долгорочни цели (Сл. весник на РМ, бр. 50/05);


МОНИТОРИНГ И КОНТРОЛА КАКО МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ Со поставувањето на еколошки цели за намалување на претходно идентификуваните аспекти и притисоци, менаџерите кај вработените и другите засегнати страни покажуваат посветеност кон намалувањето на негативните влијанија од активностите на претпријатието врз околината. Кога ќе се поставуваат целите, треба да се користат SMART индикатори, преку кои се следи перформансот или дали целта е постигната или не: Специфични – секоја цел треба да се однесува на одреден проблем. Мерливи – треба да се изразат квантитативно, на пример, намалување на отпадот за пет проценти. Достижни – да не се ставаат цели што не можат да се постигнат. Реалистични – не премногу амбициозни. Временски обврзани – мора да се одреди датум на очекувано завршување (постигнување) на целта. Треба да се наспомене дека при дефинирањето на целите, претпријатијата што подлежат на законската обврска за интегрирани еколошки дозволи и кои мораат да ги усогласат процесите согласно најдобрите достапни техники (НДТ) за нивниот сектор до 2014 година мораат да ја вметнат оваа цел – набавка на најсовремени технологии во производството. Целите треба да бидат постојано мониторирани и контролирани. Тоа се постигнува со усвојување процедури, преку кои лесно може да се следи перформансот. Секое отстапување од целите или непочитување на процедурите треба да се евидентира и навремено да се пронајде алтернативно решение за усогласеност. Постојат два типа процедури: 1) Системски процедури – поврзани со функционирањето на претпријатието. 29


Регистар на еколошки политики; релевантно законодавство; записници од обуки; процедура за внатрешен аудит. 2) Оперативни процедури – поврзани со контрола на идентификувани значајни аспекти. Примери за оперативни процедури: Постапка за управување со течен отпад; планови за реагирање во вонредни состојби; процедура за класификација на отпадите, извештај од хаварија или еколошка несреќа.

ЗГОЛЕМЕН ПРОФИТ Сите претходно споменати мерки што ви носат заштеди секако дека влијаат позитивно на зголемувањето на профитот во вашето претпријатие. Идентификувањето на прекумерната набавка на суровини или ресурси ќе донесе заштеди, т.е. профит. Суровините или меѓупродуктите што нема да се искористат во производството можат да се понудат на други.

30

Енергијата добиена од обновливи извори, на пример, може да се нуди надвор од сезоната на откуп и преработка на земјоделски продукти, кога нема потреба од толку големи количества.

Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

Примери за системски процедури:


Некои видови отпад можат да се продадат на собирачи на железо, бакар, алуминиум, непреработено дрво и слично, што имаат дозвола за таа дејност. Кујнскиот и биодеградабилниот отпад имаат можност да се компостираат и да се продаваат како ѓубриво со висок квалитет за потребите на земјоделците или да се искористат како гориво преку дигестори за биогас. Пепелта од согорувањето на конфискатите во месната индустрија, исто така, може да се собира и да се реискористи. Со вашето залагање и вашата посветеност кон одржливото управување и заштитата на животната средина, ги зголемувате шансите за пронаоѓање на нови бизнис-партнери, пазари и потрошувачи ширум Европа и светот. Воведувањето на добри еколошки практики во малите и средните претпријатија е една од основните цели на ЕУ, па постојат голем број програми и иницијативи што нудат разновидна финансиска поддршка за вашиот бизнис – грантови, кредити, размена на искуства, обуки.

ПОДОБРЕН ИМИЏ Се креира позитивен имиџ кај јавноста во средината каде што се наоѓате и пошироко, расте довербата кај клиентите и потрошувачите што, секако, отвора нови бизнис-можности и профити. Денес низ целиот свет потенцијалните бизниспартнери, клиенти и потрошувачи сè повеќе се интересираат за соработка само доколку демонстрирате посветеност кон намалувањето на влијанијата, совесно користење на ресурсите и грижа за животната средина. Со почитувањето на законските обврски се избегнува плаќање казни, се доведува до поретки контроли од инспекции и притисоци од населението или невладините организации. Разгледајте ја можноста за имплементирање на еколошкиот менаџмент-систем и негова сертификација согласно интернационалниот стандард ISO 14001:2004, што е од особено значење за извозно-ориентираните претпријатија. Редовно едуцирајте ги вработените и следете ги трендовите 31


Управување со еколошките аспекти во вашето претпријатие

за да добиете стручен кадар и подобрување во работата. Треба да се наспомене дека претпријатие што има имплементирано еколошки менаџмент-систем според стандардот ISO 14001:2004 плаќа до 20 проценти помали годишни административни трошоци за еколошките дозволи или елаборати.

32


Корисни линкови ff Фондација за менаџмент и индустриско истражување: www.mir.org.mk; www.een.mk ff Законски обврски од областа на заштитата на животната средина - Министерство за животна средина и просторно планирање: www.moepp.gov.mk ff Прирачници за ЕМАС за МСП: ec.europa.eu/environment/emas/tools/index_en.htm ff БРЕФ документи за најдобрите достапни техники (НДТ) по индустриски сектори: http://eippcb.jrc.es ff Прирачници на Светска банка по индустриски сектор: www.ifc.org/ifcext/sustainability.nsf/content/EHSGuidelines ff Алатки за подобрување на перформансот: www.ecodesign.at/pilot; www.environmenttools.co.uk ff Софтверски решенија: SimaPro 7, LIMAS, Energy Analyzer (Carbontrust), CCalC software ff Прирачник на WRAP за разни типови индустрии: www.wrap.org.uk/business/index.html

33



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.