Содржина 1.
Вовед
2.
Цели на Законот за Управување со отпад
3.
Правила при управување со отпад
4.
Задолжителни програми при Управување со отпад
5.
Постапување со различните видови на отпад
6.
Постапување со комуналниот отпад
7.
Постапување со отпадот од производи и пакувања
8.
Постапување со интерен отпад
9.
Постапување со индустрискиот неопасен отпад
10.
Постапување со опасниот отпад
11.
Постапување со отпадните масла
12.
Постапување со искористени возила
13.
Постапување со медицинскиот отпад
14.
Постапување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест
15.
Постапување со отпадни гуми
16.
Мониторинг
17.
Надзор и надлежни органи
18.
Инспектор за животна средина
19.
Казнени одредби
20.
Практична примена за законските барања
21.
Рециклирање на хартија
22.
Рециклирање на пластика
23.
Рециклирање на дрво
24.
Рециклирање на метал
25.
Заклучок
с т р | 2
1.Вовед Секој има право на здрава животна средина и секој има должност да ги штити и да ги унапредува животната средина и природата. Во овој прирачник ќе го претставиме Законот за Управување со отпад, со цел да им помогнеме на правните и физичките лица да се запознаат со правата и обврските кои произлегуваат од законот за Управување со отпад, кој е
пред се од јавен
интерес. Правните и физичките лица Сoгласно Законот за Управување со отпад (Сл. Весник бр. 9/11 од 25.01.2011 год.) Член 21, кои во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да изработат и да ја реализираат програмата за отпад. Реализацијата на програмата за Управување со отпадот во бизнисите
не
треба да претставува тешкотија или пак да се смета за дополнителна работна обврска. Организациите треба да знаат дека Управувањето со отпадот е еден вид на нов начин и нова можност за работа,можност за нов извор на финасии. Доколку се рециклира отпадот ресурсите кружат што значи дека и не се губат, имаме гаранција за идната економија, што не е случај за праволинското движење на ресурсите , кое значи и нивно губење. Ресурсите се менуваат,од необновливи стануваат обновливи, се отвараат можности за нови пазари и нови производи , нови работни места, нов извор на финансии, и што е интересно компаниите можат да ги избегнат трошоците поврзани со животната
Управување со отпад
средина и депониите. Отпадот се создава при човековите активности, и се гледа како неизбежен нус продукт од економските активности. Рециклирање на отпадот ја претставува селекциjата
на отпадот и негово
повторно искористување. Процесот на собирање, издвојување, преработка и изработка на нови производи од искористени материјали и предмети се најчестите активности во процесот на рециклирањето
с т р | 3
2. Цели на Законот за Управување со Отпад Основните цели на Законот за Управување со отпад е да се намали количеството на создадениот отпад, да се искористат употребливите состојки на отпадот, да се сочуват природните ресурси за идните генерации, да се спречи загадувањето на животната средина што е поврзана со здравјето на луѓето, отстранувањето на отпадот да биде на таков начин што нема да биде негативнo за животната средина за здравјето и животот на луѓето Количество на отпад во РМ Дефинирањето на правилата, приоритети, програми, начини и условите за постапувањето со отпадот е дефинирано, бидејќи е утврдено во ( табела број 1), количеството на отпад што се создава на годишно ниво во РМ. Табела 1: Проценети количества на отпад што се создаваат Вид на отпад Комунален отпад Комерцијален отпад ( со состојки слични на оние од отпадот во домаќинствата) Отпад од здравствени институции Градежен отпад и шут Индустриски неопасен отпад Индустриски опасен отпад Отпад од рударство Земјоделски отпад - нус производи од животинско потекло Земјоделски отпад - нус производи од растително потекло Стари гуми Стари минерални масла Стари возила Стари акомулатори Управување со отпад
ВКУПНО
Проценка на количество (t/годишно) 420.000 150.000 1 500.000 2.120.000 77.500 17.300.000 4.900.000 550.000 5.000 8.000 17.500 3.500 ~ 26.000.000
с т р | 4
3. Правила при Управување со отпад При управувањето со отпадот треба да се избегнува загадувањето на животната средина , што може да предизвика негативни влијанија врз животот и здравјето на луѓето, на растенијата, и животните. Овие негативни влијанија можат да се предизвикаат со создавање на бучава и непријатна миризба, со загадување на почвата, водите и воздухот со што автоматски може да се загади голем дел од природните области и културното наследство, кое треба да се чува за идните генерации. Приоритет при Управување со отпад Главен приоритет на сите создавачи на отпад, е да ја намалат количината на создаден отпад. Но при управувањето со отпадот потребно е да се направи негова селекција, и по извршената селекција отпадот треба да
биде
преработен по пат на рециклирање, за да се овозможи повторна употреба, да се создаде нов производ кој ќе се пласира на пазарот, или пак да се користи како извор на енергија. Правните и физичките лица кои превземаат одредени активности во процесот на производството, се должни да употребуваат суровини со чија преработка се создава помалку отпад, да применуваат технологии кои обезбедуваат почисто производство и кое ги штити природните ресурси, односно да произведуваат производи, кои при нивното производство и употреба не ја загадуваат животната средина, или загадувањето да го сведат
Управување со отпад
на најмала можна мера , за да се има одржлив развој
с т р | 5
4. Задолжителни програми при Управување со отпад Правните и физичките лица Сoгласно Законот за Управување со отпад (Сл. Весник бр. 9/11 од 25.01.2011 год.) Член 21, кои во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад се должни да изработат и да ја реализираат програмата за отпад. Оваа програма за управување со отпад, треба да ја доставаат
наредниот период, најдоцна до месец септември во тековната
година, до органот на државната управа кој е надлежен за заштита на животната средина. Во Програмата треба да се наведе кое е постојаното ниво на создавање на отпад, по видови, количини, и извори на создавање, како и предвидувањето за создавање на отпад за наредната година. Техниките , мерките за избегнувањето на отпадот, инвестиционите зафати, постапувањето со отпадот, временската рамка
и рокови за реализација на плановите за
спроведување на стандардите како што е (ISO 14001 ), планираните актвиности за обуката на кадарот и сите други останати мерки кои се превземени од страна на организацијата. Правните и физичките лица кои се должни да ја реализираат програмата за отпад, треба да назначат најмалку едно стручно лице – Управител со отпад. Управителот со отпад треба да поседува потврда за учество во обука за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад и уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Потврдата за учество во обука за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад се добива со завршување на обука за управување и/или Управување со отпад
постапување со отпад спроведена од страна на овластено правно лице од страна на министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, врз основа на програма за обука.Ова стручно лице треба да ја реализира годишната програма на самата организација, да ја следи тековната состојба за управувањето со управувањето со отпад, да превзема мерки и активности за намалување и отстранување на отпадот,
води постојана евиденција и
изготвува извештаи за спроведените активности.Стручното лице Управител со отпад има обврска да ги
информира раководните органи на правното и
с т р | 6
физичкото лице за можното загрозувања на животната средина, животот и здравјето
на
луѓето
што
е
резултат
на
производството,
третманот,
преработката и отстранувањето на отпадот и предлага конкретни решенија. Контролата на видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и се отстранува е исто така обврска на Стручното лице Управител со отпад
5. Постапување со различните видови на отпад Различните видови
на отпад кои се создаваат при функционирањето
на
компаниите, вклучувајки ги и производствените и услужните дејности, бараат и различен начин на постапување со отпадите. Законот за Управување со отпад
Управување со отпад
точно ги дефинира правилата за ракување со различните типови на отпад
6.
с т р | 7
Постапување со комуналниот отпад (неопасен отпад ) Комунален отпад е отпад што се создава од физички лица од домаќинствата (отпад од домаќинства) и комерцијалниот отпад. Отпадот од домаќинствата е отпадот кој секојдневно се собира од домаќинствата, како и посебно собраниот опасен отпад од домаќинствата, кабаст отпад, градинарски отпад и слично. Правните и физичките лица кои создаваат или поседуваат комунален или друг вид на отпад се должни отпадот да го предадат на правни и физички лица кои поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање отпад, односно дозвола за трговија со неопасен отпад, или да го остават на места определени од страна на градоначалникот на општината, на општината во градот Скопје и на градот Скопје. Општите правила за постапување со комуналниот и со другите видови неопасен отпад
ги пропишува Министерот кој раководи со органот на
државната управа надлежен за работите од областа на животната средина Посебните правила за постапување со комуналниот и со другите видови неопасен отпад на својата територија ги пропишуваат, со посебен пропис, советот на општините и градот Скопје, на предлог на градоначалникот на општините и градот Скопје. Правните и физички лица кои создаваат комунален и друг вид неопасен отпад, се должни да го селектираат отпадот според видот и според неговите карактеристики, во согласност со општите и посебните пропишани правила за
Управување со отпад
постапување со отпадот.
с т р | 8
7. Постапување со отпадот од производи и пакувања Произведувачот на
отпадот при самото
дизајнирање на производот и на
пакувањето, произведувачот е должен да користи технологија која што овозможува најефикасна повторна употреба на материјалот и на енергијата, да ја стимулира повторната употреба и преработката на производот и на пакувањето. Произведувачот треба да овозможи еколошки одржлив третман, повторна употреба, преработка или отстранување на искористениот производ и на пакувањето. При процесот на производство, произведувачот треба да користи суровини, материјали и полу производи со кои се намалува создавањето на отпадот и употребата на енергија и материјали. Исто така при
процесот на производство, произведувачот е должен да
избегнува употреба на материјали и/или производи кои содржат опасни супстанции во количини и концентрации кои негативно влијаат врз здравјето на луѓето и животната средина во текот на процесот на производство, при нивната
Управување со отпад
употреба или при постапувањето со производот кога станува отпад.
с т р | 9
8.Постапување со интерен отпад Инертен отпад е отпадот што е отпорен и не подлежи на никакви значителни физички, хемиски или биолошки трансформации, не се раствора, не согорува и не реагира на друг физички или хемиски начин, не се биоразградува, а отпадот и неговиот исцедок не влијаат на друга материја со која што доаѓаат во допир, на начин на кој може да ја загрозат животната средина, животот и здравјето на луѓето при што вкупното количество и содржина на загадувачките супстанци во отпадот и екотоксичноста на процедокот мора да биде незначителен за да не го загрозува квалитетот на површинските или подземни води. Затоа правните и физичките лица кои постапуваат со инертен отпад се должни да обезбедат доказ дека инертниот отпад нема да се раствора, согорува или на друг начин физички или хемиски да реагира, да се биоразградува или на друг начин да влијае на друга материја со која што стапува во допир, со што би се предизвикало загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето. Интерниот отпад најчесто го создаваат правните и физичките лица кои при изведувањето на градежни, преработувачки, занаетчиски работи и други дејности создаваат инертен отпад (градежен шут) кој нема својство на комунален отпад, и се должни сами да го соберат и да го транспортираат отпадот на местата определени од општините и градот Скопје или истите да ги предадат на овластени правни и на физички лица кои собираат и транспортираат отпад. За предавањето на отпадот исто така треба да се обезбеди доказ. Исто така за Советот на општините и на градот Скопје, на предлог на градоначалникот на општините и на градот Скопје, ги определуваат Управување со отпад
местата за третман и отстранување на инертен отпад, во согласност со општинските планови, односно Планот на градот Скопје, за управување со отпад и во согласност со просторните и урбанистичките планови.
с т р | 10
9. Постапување со индустрискиот неопасен отпад Индустриски неопасен отпад е отпадот што се создава при производствените процеси во индустријата и не содржи опасни карактеристики, а според својствата, составот и количеството се разликува од комуналниот отпад. Создавачот или поседувачот на индустриски неопасен отпад е должен да го преработи отпадот што настанува со вршење на дејностите. За постапувањето со овој тип на отпад правните и физичките лица кои се должни да предадат идентификационен формулар, доколку отпадот е наменет за транспорт, а исто така се одговорни за точноста за наведените податоци во идентификациониот формулар, потребно е да достават уште еден примерок од овој идентификационен формулар до градоначалникот на општините и градот Скопје. Правните и физичките лица кои постапуваат со индустрискиот неопасен отпад не смеат да го преземат отпадот без да го примат идентификациониот
Управување со отпад
формулар.
с т р | 11
10. Постапување со опасниот отпад Опасен отпад е отпадот што по својот состав или концентрации на опасни супстанции може да предизвика опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето и кои што имаат едно или повеќе опасни својства, како што се:
експлозивност,
токсичност,
реактивност
инфективност,
(оксиданси),
канцерогеност,
запаливост, мутагеност,
надразливост, токсичност
за
репродукција, екотоксичност и својства на испуштање отровни гасови при контакт со вода, воздух или киселина, утврдени во согласност со Законот за Управување со отпад или друг пропис, а притоа во листата на видовите отпад е наведен и посебно обележан како опасен отпад, вклучувајќи го и секој отпад што е измешан со опасен отпад. За постапувањата со опасниот отпад Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина ги пропишува поблиските услови, бидејќи постапувањето со овој вид на отпад се врши одвоено од дргугите видови на отпад. Бидејќи станува збор за отпад кој може негативно да влијае врз целата животна средина најчесто се забранува истурање и исфрлање на отпадот во почвите, водата, во садовите за комуналниот отпад, канализационите и другите инфраструктури. Не треба да се согорува или гори на места што не се предвидени за таа намена, како и користење на средства и инсталации при горење кои можат да ја загрозат животната средина, животот и здравјето на
Управување со отпад
луѓето. Опасниот отпад се забранува да се меша со други видови опасен отпад, како и мешање на опасниот отпад со неопасен отпад. Создавачите на опасен отпад како
и правните и физичките лица кои
постапуваат со опасниот отпад се должни да водат евиденција, особено за опасните карактеристики на создадениот опасен отпад и да го класифицираат според Листата за видовите отпад. Оваа евиденција се однесува исто така и на местото каде што е создаден и складиран отпадот, односно
каде што е
предаден на јавното или на правното лице овластено за собирање и за
с т р | 12
транспорт на опасен отпад. Потоа, операторот на депонијата и операторот на инсталациите за отстранување на опасниот отпад се должни да го евидентираат и да го идентификуваат опасниот отпад што е примен за отстранување. Сите овие податоци се еден вид на извештај, и треба да се доставуваат еднаш годишно до надлежниот орган за вршење на стручни работи од областа на животната средина. Правните и физичките лица кои постапуваат со опасниот отпад се должни да издадат идентификационен формулар и кон него да приложат извештај за карактеристиките на отпадот, доколку отпадот е наменет за транспорт. Исто така тие се одговорни за точноста на податоците во формуларот. Правните и физичките лица кои постапуваат со опасниот отпад не смеат да го преземат отпадот без да го примат идентификациониот формулар, и се должни за вршење на стручни работи од областа на животната средина. Постои и можност за договор помеѓу правни и физички лица кои што создаваат или поседуваат опасен отпад за собирање и транспортирање на опасниот отпад со правни лица коишто поседуваат дозвола за собирање и транспортирање
Управување со отпад
на опасен отпад.
с т р | 13
11.Постапување со отпадните масла Отпадните масла се минерални, синтетички или индустриски масла, во течна или во полутечна состојба кои се непогодни за употребата за која што првично биле наменети, особено оние употребени масла за моторите со внатрешно согорување, маслата за менувачките кутии, како и маслата за турбини хидрауличните
и
масла вклучувајќи ги и масните остатоци од резервоарите,
мешавини од вода и на масла од емулзии. Во постапувањето со отпадните масла се забранува исфрлање на отпадните масла во почвите, водите, во садовите за комунален отпад, во канализационите
и во другите инфраструктурни системи и објекти, како и
складирање , преработка и отстранување на отпадните масла на места кои не се предвидени
за таа намена. Исто така се забранува
отстранување на отпадните масла кои предизвикуваат воздухот над пропишаните гранични
преработка
или
загадување на
вредности согласно со прописите за
заштита на воздухот , здравјето на луѓето и животната средина. Мешањето е забрането, за отпадните масла со неопасен и опасен отпад, особено се забранува мешање со ПХБ/ПХТ при нивното собирање, транспортирање, складирање, третман и преработка. Поседувачите на отпадните масла во зависност од количините на отпадните масла што годишно ги создаваат се должни да обезбедат собирно место за отпадните масла, нивно привремено складирање, или нивно безбедно пренесување во центар за собирање. Отпадните масла се должни
да ги
предадат во собирно место, тоа може да биде центар за собирање ,или пак во
Управување со отпад
инсталација за преработка или за отстранување на отпадните масла. Министерот кој раководи со органот на државната управа ги пропишува постапките
за управувањето со отпадните масла, во кој се влучени
третманите и отстранувањето на отпадните масла, нивното собирање, транспортирање, преработка, складирањето, начинот на водењето евиденција за отпадните масла и доставувањето на податоците.
с т р | 14
12. Постапување со искористени возила Искористени возила се оние возила чија употребна функција веќе не финкционира или престанала. Кога сопственикот ги отфрлил, има намера или пак од него се бара да го отфрли. Затоа произведувачот на возилата уште при самиот процес на дизајнирање треба да биде свесен дека особено е важно возилото да може да се расклопува обезбедувајќи ги сите
информации за
расклопувањето на возилата, за сите нивни компоненти и матријали.Овој процес е важен за рециклирањето , за да може повторно да се преработи возилото и добие нов ресурс, односно вака настанува процесот на кружното движење на ресурсите. Сопствениците на возилата се должни да го предадат возилото на правни или физички лица кои поседуваат дозвола за собирање на возила , или за нивен третман и преработка, согласно со Законот за Управување со отпад. При предавањето правните или физичките лица се доолжни да обезбедат потврда која гарантира дека искористеното возило е превземено. Исто така правните и физичките лица треба да обезбедат потврда за уништување на искористеното возило, и да ја достават до надлежниот орган за регистрација на возилото. На пазарот се забранува пласирање на компоненти и матријали на возила кои содржат жива, олово, шестовалентенхром и кадмиум. Вклучувајќи забрана за предавањето на компонентите и материјалите од искористените возила како комунален отпад. Правните и физичките лица кои поседуваат дозвола за да вршат третман или преработка на искористените возила имаат обврска да ги одвојат сите опасни
Управување со отпад
компоненти што претсавуваат опасен отпад од искористените возила и да ја обезбедат нивната понатамошна обработка. Имаат обврска да водат база на податоци и каде што јасно ќе се следи повторната употреба, сите процеси и фази на преработката на искористените возила. Затоа потребо е да водат евиденција за
сите произведени или увезени
или пак пуштени во промет
возила. Овие податоци за евиденција се доставуваат до надлежниот орган за вршење на стручни работи во областа на животната средина, на пропишани обрасци најдоцна до 31 Март во тековната година, и важат за предходната
с т р | 15
година. Потоа надлежниот орган за вршење на стручни работи во животната средина води своја база на податоци . 13. Постапување со медицински отпад Медицинскиот
отпад
е
отпадот
што
се
создава
во
медицинските
и
здравствените институции како што се стационари, болници, поликлиники и амбуланти, забни ординации, ветеринарни друштва и слично. Овој вид на отпад настанува како производ на употребени средства и матријали при дијагностицирањето, лекувањето, третманот и превенција на болестите кај луѓето и кај животните. Медицинскиот отпад спаѓа во групата на опасен отпад и со него се постапува во согласност со одредбите за опасен отпад. Опасниот отпад и од објектите во кои се спроведува здравствена заштита на луѓето ги вклучува
инфективниот,
хемискиот,
фармацевтскиот
отпад,
како
и
цитостатичните лекови, остри предмети и друг вид на опасен отпад. Начинот на постапување со медицински отпад, начинот на пакување и обележување на медицинскиот отпад, програмите за управување со отпад во објектите за здравствена и ветеринарна заштита ги одобруваат и пропишуваат повеќе лица. Тоа се Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина во согласност со министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на здравството и министерство кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на ветеринарното здравство. 14. Постапување со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат
Управување со отпад
азбест Азбестот е влакнест минерал кој се користи како топлотен и електричен изолатор, се применува во градежништвото (покриви, подови, ѕидови, топлотна изолација, цевки за водовод и канализација), автомобилската индустрија, електрани, бродоградилишта. Азбестите материјали се наоѓаат во секојдневното опкружување, многу често во индустрискиот или комуналниот отпад.
с т р | 16
Отпад од азбест се остатоци од производство, преработка или употреба на азбест , како и супстанците , материјалните
и производите
кои содржат
азбест, а кои создавачот го отфрла , има намера или пак од него се бара да ги отфрли. Отпадот што содржи и ослободува азбестни честици, влакна или азбестен прав може да се складира и да се отстранува на места предвидени исклучиво за таа намена, како и да биде одделен од другите видови отпад, селектиран и соодветно спакуван. Начинот на постапување со овој тип на отпад го одредува Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Правните и физичките лица кои постапуваат со отпад од азбест и со отпад од производи кои содржат азбест се должни да постапуваат внимателно и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита со кои се спречува ослободување на азбестни честици, влакна и азбестен прав во воздухот, како и спречување на излевањето на течности што содржат азбестни влакна
15. Постапување со отпадни гуми Отпадните гуми се гуми од моторни возила како што се (автобуси, камиони, приколки, моторцикли, и др) потоа земјоделските и градежните машини чија употрена функција завршила, каде што сопственикот има намера да ги отфрли, или пак од него се бара да ги отфрли. Начинот на постапување со отпадните гуми, како и условите кои треба да ги исполнуваат правните и физичките лица кои увезуваат употребувани гуми ги
Управување со отпад
пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Произведувачот на гуми кои се продаваат посебно или се составни делови од возилата се должни да обезбедат нивна преработка и рециклирање на составните компоненти за да можат Правни и физички лица кои собираат, транспортираат, преработуваат или отстрануваат отпадни гуми, за
кои
се
должни да водат и чуваат евиденција за отпадните гуми и количините на преработените гуми.
с т р | 17
Увозот на употребувани гуми е забранет. Но има и исклучок
каде што на
увозот на употребувани гуми е дозволен, доколку е економски оправадано и не го загрозува здравјето на луѓето и животната средина. Увозот на употребувани гуми се врши врз основа на дозвола која ја издава министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина согласно со законот или друг вид на пропис. 16. Мониторинг Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина и општините и градот Скопје, во согланост со нивните надлежности кои се утврдени со закон се должни да обезбедат постојан мониторинг за состојбата на животната средина, која е поврзана со фактот дека треба да се да се соберат сите информации поврзани со областа
на управувањето со
отпадот. Затоа се спроведува Мониторинг на локално ниво од страна на општините и градот Скопје за
управување со неопасниот отпад , и
мониторинг на целата територијата на Република Македонија за опасниот отпад кој го врши Надлежниот орган за вршење на стручни работи во областа на животната средина. Програма за мониторинг на управувањето со отпадот донесува Надлежниот орган за вршење на стручни работи во животната средина, кој исто така управува со државната мрежа, за која потребно е да достави годишен извештај најмалку еднаш годишно до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина. Управување со отпад
Постои можност за основање на заедничка администрација на две или повеќе општини која ќе врши мониторинг на територијата на општините и/или градот Скопје, или да го доверат на правно и физичко лице да го вршат мониторингот во нивно име и за нивна сметка, што се уредува со посебен договор. Правните и физичките лица кои вршат мониторинг односно кои се сопственици, или корисници на одредени инсталации што создаваат, преработуваат и отстрануваат отпад се должни мониторингот на
с т р | 18
управувањето со отпадот да го вршат во согласност со условите утврдени во интегрираната еколошка дозвола или дозволите за работа. 17. Надзор и надлежни органи Органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина врши надзор над примената и прописите на Законот на управување со отпад. Државниот инспекторат за животна средина го врши инспекцискиот надзор. Постојат овластени инспектори за животна средина на општините и овластени инспектори за животна средина на градот Скопје. Исклучок е
надзорот на создавањето, селектирањето и пакувањето на
медицински отпад кој го врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во соработка со државниот инспектор за животна средина.
Како и
инспекцискиот надзор во делот на прометот со
производи и пакувања,
означувањето
и
на
производите
и
пакувањата
информирањето
на
потрошувачите го врши државниот пазарен инспектор. Во случај кога ќе се утврди постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, инспекторот ќе издаде усна наредба за итно и неодложно отстранување на утврдените недостатоци кои записнички ги констатира во рок од 48 часа. Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот за животна средина утврди дека е сторена неправилност составува записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за
Управување со отпад
едукација на лицето, односно сторителот на прекршокот , каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.
с т р | 19
Постапка за едукација Едукацијата ја организира и спроведува инспекторот за животна средина, односно овластениот инспектор за животна средина кој го извршил инспекцискиот надзор, во рок
кој не е
подолг од осум дена од денот на
спроведувањето на инспекцискиот надзор. Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за еден или повеќе субјекти. Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој
се
спроведува
едукацијата
не
се
јави
на
едукацијата, ќе се смета дека едукацијата не е спроведена, а доколку се јави на закажаната едукација и истата ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност
18. Инспектор за животна средина Инспекторите за животна средина има право да :
Да укажуваат за утврдените неправилности и да определат рок за нивно отстранување;
Да наредуваат за
да се
превземат соодветни
мерки и активности во рок кој тие ќе го определат;
Привремено да забранат вршење на дејност, професија или должност;
Управување со отпад
Да поднесе барање за поведување прекршочна постапка
Да поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка.
Заради отстранување на утврдените недостатоци инспекторот за животна средина и овластениот инспектор за животна средина можат да вршат и
Доколку правните и физичките лица сметаат дека инспекторот за животна средина, нема донесено соодветна одлука има право на поднесување на жалба. Жалбата се изјавува во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Комисијата за одлучување по жалба формирана согласно со Законот за животната средина
с т р | 20
други овластувања и одговорности во согласност со закон.
За извршениот инспекциски надзор, инспектор за животна средина и овластениот инспектор за животна средина е должен да состави записник за констатираните наоди и примерок од записникот да достави до одговорното лице во правното лице коешто било предмет на надзор и до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.
19.Казнени одредби Доколку правните и физичките лица не ги исполнат барањата во поглед на почитување на Законот за Управување со отпад, Државата пропишува казнени одредби во форма на парични казни, кои ќе треба да ги исплатат во одреден временски период. Казнени одредби за правните лица Правното лице кое не изработува програми
и годишен извештај
за
управување со отпад за тековната година и не ги достави до надлежните органи, постапува спротивно од законот или фрла, напушта, гори или неконтролирано отстранува отпад може да му се изрече прекршок и да плати износ од Износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност .
Правното лице кое
не го селектира и не го класифицира опасниот отпад,
според видот и карактеристиките определени во Листата на видовите отпад, постапува спротивно на одредбите на законот за Управување со отпад, исто Управување со отпад
така врши складирање, третман и преработка на отпад без дозвола, нема поставено видеонадзор, врши трговија со неопасен отпад без дозвола,не обезбедиил видеонадзор на пропишаниот начин, ќе му се изрече прекршок и Износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност.
с т р | 21
20. Практична примена за Законските барања Нај практичен пример за реализација на законот на Управување со отпад е процесот на рециклирање на отпадот, кој значително влијае врз економскиот и одржливиот развој. Во долу наведените примери се претставени најчестите видови на отпад, и добиените производи од нивното рециклирање. Целта е да се запознаеме што се може да се добие со рециклирањето на отпадот Компаниите при усогласување со Законските акти за Управување со отпадот и Заштита на животната средина, наидуваат на еден голем предизвик за тоа е рециклирањето
на отпадот кој се создава за време на производството.
Интересен и економичен е пристапот на рецилкирањето на материјалите. Една од по главните цели на Законот за Управување со Отпадот е искористување на употребливите состојки на отпадот. Во долу наведениот текст се претставени неколку интересни практики поврзани со рециклирањето на неколку видови на отпад, каде што целосно може да се искористат состојките од самиот отпад и да се добијат нови видови на производи. 21. Рециклирање на хартија Хартијата е еден од најважните матријали во Вашата канцеларија. Од овој вид на матријал Ние секојдневно уживаме, почнувајќи со читањето на утринскиот весник,завршувајќи со потпишувањето на документите. Хартијата е најчестиот отпадок која не може да се рециклира неограничено.
Управување со отпад
Хартијата која треба да се рециклира мора да биде чиста без други додатоци како пластика, храна и други материи затоа што ќе биде тешко рециклирањето. Придобивки од рециклирањето на хартија
Се снабдуваат вредни суровини за индустријата Се намалува потребата за нови депонии Ги спречува емисиите на многу стакленички гасови и загадувачи на води Се добива 35% помалку загадена вода Се генерира 74% помалку загаден водух
Со рециклирањето на 1 тон хартија се заштедува
с т р | 22
0,32 кубни нафта 2,7 кубни метри за просторот за депонии 28 кубни тери вода
Преку 5.000 производи можат да се добијат од рециклираната хартија и тоа:
Книжни пари Завој Наметки за о болница Филтри за кафе Картони за пакување на јајца Маски за заштита од прашина Хартиени крпи
Интересно:
Во 1897 година во САД беа произведени чевли за јавање од рециклирана хартија
22.Рециклирање на пластика Пластичните пенкала, пластични папки за сметување на документи, пластични хефталици, пластичен држач на садовите....сето ова е дел од Вашата канцеларија, неминовни премети со чија помош ги исполнувате работните обврски. Придобивки од рециклирањето на пластика Зачувување на необновливите фосилни горива – производството на пластика троши 8% од годишното производство на нафта (4% како суровина и 4% како енергенс во производствениот процес)
Управување со отпад
ја намалува употребата на енергија ги намалува количествата на цврст отпад што се носи на депонија ги намалува емисиите на јаглероден диоксид (CO2), азотен оксид (NO) и сулфур диоксид (SO2) заштеда на 7,4 кубни метри од просторот за депонија произведувањето на нова пластика од рециклиран материјал се користат само две третини од енергијата потребна за нејзиното производство од суровина
Интересно
600 до 900 литри нафта од која се добива амбалажата за шишиња можат да се заштедат со еден рециклиран тон пластика
с т р | 23
Производи кои можат да се добијат од рециклираната пластика:
Управување со отпад
Разни деловни возила Видео касети Канцелариска опрема Играчки Изолациски матријал Вреќи Контењери Боци Цевки Лабараториска опрема Огради Канти Кутии за намирници Полиестерни влакна Фластери Меки шишиња Теписи Облека
с т р | 24
23. Рециклирање на дрво Земјата содржи околку 1 трилјон тони дрво, кое расте по стапка од 10 милјарди тони годишно. Доминантната употреба на дрвото е за мебел и градежништво. Цел: преку рециклирање на дрвото општеството да стане повеќе одржливо Дрвени врати, бироа, столчиња, делови од кујната, шкафови, сето ова е дел од вашата канцелариска опрема. Придобивки од рециклирањето на дрвото Се зачувуваат ретките видови дрвја за идните генерации Обновливи извори на енергија Се намалува загадувањето на воздухот Се намалува загадувањео на водата Се забавува ефектот од глобалното затоплување од кое се очекуваат последици по здравјето на луѓето и животните во целит свет Производи кои можат да се добијат од рециклирање на дрвото: Биомаса- Тоа е органска материја од која може да се произведува топлина, гориво, и струја.Биомасата може да се конвертира директно во течност при потребата за пренос.Топлината може да се користи за хемиско конвертирање на биомасата во гориво, кое може да се гори како нафтата за да произведе струја. Биомасата може да се гори директно со што се создава пареа за производство на струја или општо, за процесите на производство. Покрај тоа, зголемување на бројот на мали котли на биомаса се инсталирани во болниците, училиштата, библиотеките и на фармите. Сите овие котли, големи или мали, бараат гориво специфични за нивните потреби.
Управување со отпад
Рециклирањето на дрво се користи за животинска постелнина или рогозина . постои спектар на рециклирани производи кои одговараат за различни животни како што се кокошки, коњи, говеда, живина, гулаби, канаринци, зајаци. Овој вид на постелнина е економичен, и обезбедува топлина за животните Покривање на земјиште-рециклираното дрво се користи за покривање на разновидна површина како што се градини, патеки, земјиште за арена за коњи, површина за голф патишта. Исто така со рециклирањето на дрво се користи за уредување на јавни паркови,кружни текови.
с т р | 25
24. Рециклирање на металот Металот е произбеден од природна суровина, руда, која е дел од нашето најзначајно државно богаство. Се работи за необновни извори на енергија, чии се залихи непрезено се трошат. Освен контролата за трошење потребно е и тие да се рециклираат. На тој начин се зачувуваат ресурсите. Повеќе видови: Старо железо вклучува: железо и челик и алуминиум, бакар, калај, месинг. Многу од нашите домашни апарати се направени од метали. Ова вклучува машини, фрижидери, печки и шпорети и бојлери. Отпадот од несакана апарати може да се категоризираат во два главни вида и тоа: ладилни (фреон) и не-ладилни. Придобивки од рециклирањето на металот
Управување со отпад
Заштеда Нагјолемите заштеди се постигнуваат во областа на енергијата. преработката на отпадоците од челик заштедата на енергија е 65%. На алуминиумот 92%, Заштеда на на бакарот 85%, Заштеда на оловото 65% Производи кои можат да се добијат од рециклирање на металот: Автомобили Автобуси Кутии Лименки за пијалок Алати Фрижидери Колички за пренсување на опрема Дигалки Авиони Интересно Во некој развиени ремји во Европа, старите афтомобили ги рециклираат, а со доплата може да се купи поефтин и нов автомобил . Исто така може и да се рециклираат и електричните апарати. Годишно во Германија се рециклира околу 100.000 фриждери, 150.000 телевизори и околу 15.000 тони друг вид на апарати
с т р | 26
25.Заклучок Управувањето со отпадот и неговото рециклирање значи дека производството можеме да го гледаме еколошки и економски. Можеме да заклучиме дека секоја супстанца е потенцијален отпад, односно по неколку недели таа станува прав отпад, или пак во рок од неколку години. Со други зборови можеме да кажеме дека материјалите кои ги троши индустриската економија не умираат. Тие само се трансформираат, во други облици. Од овој едноставен процес помеѓу инпутот и аутпутот, кој е последица на конзервацијата на масата, произлегува дека економскиот раст е поврзан со растот или создавањето на отпадот. Интересен е фактот дека многу ресурси се не обновливи, но често постојат
Управување со отпад
начини истите да се рециклираат, и повторно да се искористат.