network enterprise europe
enterprise europe Водич за користење на TED-дневен електронски тендерник
ВОВЕД Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија како дел од Мрежата на бизнис можности Enterprise Europe Network преставува најголемата меѓународна мрежа за помош на малите и средни претпријатија. Мрежата има за цел да им помогне на компаниите во регионот најмногу да искористат од Европските можности, за нивниот бизнис. Кога станува збор за економската димензија на Европскиот пазар може да се каже дека на дневно ниво во Европа има бизнис потенцијал во вредност од скоро 1 милијарда евра. Таквите бизнис можности за да можат да бидат достапни за сите се публикуваат во Официјалниот Журнал на Европската Унија – ОЖЕУ (OJEU). Сериозноста и големината на овој дневен весник ја градат 26.000 организации од цела Европа кои во различни временски интервали публикуваат најразлични побарувања. Дневен електронски тендерник - TED (Tenders Electronic Daily) е интернет верзија на ОЖЕУ и воедно официјален извор на информирање за можности за јавни набавки во Европската Унија, Европска економска зона и пошироко. Интернет порталот со базата на публикувани тендери се наоѓа на линкот: http://ted.europa.eu Со редовно следење на TED може да се добиваат навремени информации за јавни набавки, услуги и сервиси на кои може и компаниите да аплицираат или да пристапат кон најразлични пазарни информации. Заради целосно искористување на потенцијалите на TED и олеснување на тековното работење на компаниите е изработен водич. Овој водич нуди вовед за пребарување на известувања објавени на TED, со цел да помогне да се постави сопствен профил на компанијата и како да се креира сервис за пребарувања и следење на јавните тендери. стр. 2 Фондација за менаџмент и индустриско истражување Миле Шошевски
ОПИС 1. Што сé може да се најде на TED ? Известувања за објавени тендери од страна на јавните администрации од 27 ЕУ земји членки, како и Исланд, Норвешка и Лихтенштајн.1 Известувања за тендери објавени од страна на европските институции за свои цели. Известувања за тендери кои опфаќаат некои проекти во земји кои не се членки на ЕУ, а се финансирани од европските фондови. Известувања за доделени договори. Најави за претстојни договори. Известувања за проекти финансирани од Европската инвестициона банка, Европската централна банка и Европската банка за обнова и развој. 2. Информации што не може да се најдат на TED ? Повици за предлози од институциите на ЕУ: тоа се грантови доделени на организации кон некоја нивна активност, проект кој има за цел да придонесува за политиката на ЕУ. Договори финансирани од страна на ЕУ во не-ЕУ земји, кога тие договори се договараат на локално ниво. Договори со вредност помала од назначената, а дефинирана според директивите на ЕУ.
3. Дали сите јавни огласи се на англиски јазик? Во базата на TED може да се најде преглед на секој оглас како на англиски јазик така и на сите јазици на ЕУ. Притоа, оригиналниот текст е достапен на јазикот на земјата од каде што е објавено известувањето.
1
Се подразбира за договори со минимум од 193.000,00€ и над таа вредност, за повеќе информации на линк:
http://simap.europa.eu/supplier/opportunities-in-europe/index_en.htm стр. 3 Фондација за менаџмент и индустриско истражување Миле Шошевски
Дополнително, постои услуга за автоматски превод достапна само за регистрирани корисници на тој начин што преводот на тендерот од оригиналниот документ на јазикот на кој би сакале да го прочитаме се испраќа преку електронска пошта. 4. Пристап до TED Во базата на TED има можност да се пристапи краткотрајно или пак со зачленување ако редовно се пребарува. Пристапување како посетител или краткотрајна посета: Оваа опција е за пребарување на последните 5 објавени журнали без можност да се пребаруваат постари известувања. Пребарување ТЕД како посетител На почетната страница има 3 опции за избор на пребарување (опсег, земја и бизнис можност) Опсег на пребарување: Стандардна опција - Последното издание, пребарување на објавени информации на денот кога сте ја посетиле интернет страницата Последните 5 изданија - пребарување на сите известувања од последните 5 публикации Сите тековни известувања - пребарувања на сите активни известувања од последните 5 публикации. Земјата на пребарување – регион или земја што сакаме да се пребара Деловни можности – опција за избор на типот на огласите и известувањата што се бараат. Откако се е избрано, ќе се појави листа на релевантни резултати. Пребарување на TED како регистриран корисник Регистрирање на TED : Во горната лева страна од почетната страница на TED постои опција за регистрирање на корисниците. Регистрацијата е бесплатна. По добивање на потврда за успешна регистрација, стр. 4 Фондација за менаџмент и индустриско истражување Миле Шошевски
се добива можноста со дефинираното корисничко име и лозинка да се пристапи кон базата на TED. Предности: Можност за пребарувате на архивите (ова значи дека се достапни сите известувања објавени во последните 5 години) Можност да се креираат наменски RSS канали (синдикација на сумарни резултати од тековни интернет пребарувања по клучни атрибути) Може да се зачуваат критериумите на пребарување, да не мора повторно да се внесуваат секој пат кога ќе се користи TED. Опција „My TED“ - објект кој дозволува да се зачувуваат известувањата и со лесен пристап за подоцнежно разгледување. Нуди можност за увид во неодамнешната историја на пребарување како и адресар за чување на email адресите за да може подоцна да се контактираат реципиентите. 5. Пребарување на TED базата По најавувањето на почетната страна во горниот десен агол, преку копчето „Барај“ се пристапува до формите за пребарување. Дополнително, за напредните корисници на TED постои можност за експертско пребарување. Опсегот на пребарување - се однесува на временски период на пребарување со 4 опции: Последното издание, ова е однапред зададена опција која бара известувања објавени во весник на денот на посета на интернет страницата Последните 5 изданија - интранет, објавени од последните 5 списанија. Сите тековни известувања - пребарувања на сите активни известувања во моментот. Архива - Сите известувања објавени во последните 5 години. Пребарувања по земја/регион на потекло – во опција се приложени листа на земји од ЕУ, земји од пошироката ЕУ зона и останати земји со можност за избор на секоја поединечно. стр. 5 Фондација за менаџмент и индустриско истражување Миле Шошевски
CPV - код (заеднички поимник на кодови за јавни набавки класифицирани по предметот на договор). Од листата на кодови се избираат релевантни CPV кодови со помош на знакот „+“. Ако е познат CPV кодот на бизнисот кој се бара, тогаш може од понуденото мени директно да се пребара и избере. Алтернативна опција е внесување на повеќе од еден код, а притоа секој од кодовите се внесува одвоен со запирка помеѓу себе. Доколку не е познат CPV кодот, тогаш пребарувањето се врши преку впишување на клучни зборови за пребарување. Во формата "филтер" (filter) се внесува клучниот збор, а доколку има повеќе клучни зборови тие се внесуваат со помош на знакот „+“. По пребарувањето, од понудената листа на кодови се избира најрелевантниот. Брзината на пребарување зависи од релевантноста на внесениот клучен збор. Забелешка: Може да се пребарува и со комбинација на зборови, на пример, ако се напише зборот „производи чистење“, тогаш листата на понудени кодови ќе понуди кодови од комбинација на зборовите, но и од секој збор посебно. Пребарување со целосен текст: Ако пребарувањето со клучен збор не помага, тогаш на располагање е опцијата „цел текст “ (full text). Кај оваа опција може да се користи и „Booleans“ (логички знаци и команди – НЕ/ И/ ИЛИ/ ""/ * ) Пример: Ако се внесе поимот цевка*, понуденото решение ќе биде листа на документи со карактер цевка (цевките, гасоводот, итн ...). Доколку се внесе "гориво станица" (со наводници) ќе се прикажат документи кои го содржат само овој израз. Откако ќе се внесе избраниот критериум на пребарување, филтрирањето се активира преку копчето „Барај/Search“, кое се наоѓа на дното на екранот. 6. Прегледување и користење на резултатите Резултатите од секое пребарување се прикажуваат во листа која ги содржи следните податоци: број на документот, наслов, стр. 6 Фондација за менаџмент и индустриско истражување Миле Шошевски
кодот на земјата, датум на објавување и рок на траење. Резултатите се наведени хронолошки по број на документ така што најпрво ќе бидат наведени неодамна објавените известувања. Исто така можно е резултатите да се сортираат во растечки/опаѓачки редослед по: земјата, рок и сл. Доколку добиените резултати не задоволуваат и сакаме да го промениме нашиот критериум на пребарување, тоа може да се направи преку копчето за „пречистено пребарување“ (refine search) на врвот на екранот. Во овој случај не се користи командата "Назад"(BACK) од менито на интернет прелистувачот за да се вратиме на претходната страница, бидејќи ќе се изгуби вкупното пребарување. Во добиената листа каде се наброени резултатите од пребарувањето повеќе информации за секое известување се добиваат со селектирање на истото. Откако ќе се отвори документот, истиот може да се печати, да се препрати преку електронска пошта, да се зачува во дигитална форма итн. Иконите за маневрирање со документот се во горниот десен агол. Тие се лесни и очигледни за користење. Селектираното известување има опција и да се прикаже во негова оригинална форма преку командата "оригиналниот јазик "(original language) на врвот на известувањето или може да се побара "машински превод - machine translation" за да ви биде испратен преку електронска пошта. Враќање назад на листата со резултати се прави преку командата "назад кон листата со резултати" (back to result list) во горниот лев агол и во овој случај не го користиме "Назад" од менито на интернет прелистувачот за да се вратиме на претходната страница. 7.
Зачувување на пребарувањата
Критериумите од претходни пребарувања може да се зачуваат, така што нема да треба повторно да се внесуваат при секое наредно пребарување Можете да ги зачувате вашите критериуми за идна намена (ова значи дека не ќе мора повторно да ги внесувате следниот пат кога ќе се најавите во системот). За да го направите ова: Пристапете кон менито за пребарување на страницата каде се сите пребарувани критериуми. стр. 7 Фондација за менаџмент и индустриско истражување Миле Шошевски
8.
На врвот на екранот се селектира "Уреди ги критериумите за пребарување" (manage saved search), а потоа "зачувај критериум на пребарување" (save search criteria) Понатака ќе биде понудена опција да се избере име на критериумите . Откако ќе дефинираме име, со опцијата "Зачувај" (Save) се завршува процесот на зачувување. Секое наредно влегување во базата на податоци преку опцијата "зачуван профил за пребарување“ (saved search criteria), во делот на „My TED“ може да се пребарува по истите критериуми. RSS канал за информирање
RSS (Really Simple Syndication) преставува опција за информирање која овозможува преку избран читач на вести да видите кога на интернет страната има додадено нова содржина. На тој начин го олеснува и го скратува времето на пребарување информации, без да има потреба да се пребаруваат одредени интернет страници или нови елементи. RSS канали на TED Постојат 2 вида на RSS канали што се на располагање во TED. Првиот вид е за општи информации на кои можете да се претплатите (без разлика дали сте регистрирани или не) поделени врз основа на бизнис сектори. За пристап до оваа опција под главното мени на почетната страница, одберете "RSS канали – RSS feed". На левата страна можете да изберете земја или регион, а потоа на десната страна ќе треба да го селектирате бизнис секторот за кој сте заинтересирани. После селекцијата, соодветните RSS информации со најновите содржини ќе бидат прикажани и тогаш може да се претплатите на овие новости кои ќе се прикажуваат преку избраниот интернет пребарувач (на тој начин нема да мора да се влегува во базата на TED). Исто така, постои можност да се креира наменски RSS канал (за оваа опција треба да сте регистрирани) што ќе информира врз основа на зачуваните пребарувања. При најавување во TED се селектира "зачувај профил за пребарување" што се наоѓа во „My TED“ секцијата. Изберете го името на зачуваните пребарувања што сакате да го поставите на RSS каналот. Соодветните RSS информации со најновите содржини ќе бидат прикажани и тогаш може да се претплатите на овие стр. 8 Фондација за менаџмент и индустриско истражување Миле Шошевски
информации преку вашиот интернет прелистувач (што значи дека не ќе мора постојано да се влегува во TED за да се дојде до новите информации). Дополнителна помош за пребарување низ TED На интернет страницата на TED исто така постои и водич за користење на базата на податоци. На врвот на страницата селектирајте го зеленото копчето за помош или на линк за помош во горниот десен агол на страницата, што ќе доведе до содржината. Потоа можете да го изберете делот што сакате да го прочитате преку селектирање на насловот или со внесување клучен збор во филтер секција и кликање на иконата за пребарување.
Контакт: Европски информативен и иновативен центар во Македонија Фондација за менаџмент и индустриско истражување ул.„Орце Николов“ 147 А 1000 Скопје, Р. Македонија т. ++389 2 3077008 / 3092813 ф. ++389 2 3092814 е mir@mir.org.mk
www.een.mk www.mir.org.mk
стр. 9 Фондација за менаџмент и индустриско истражување Миле Шошевски