Тиквеш Винфо (Септември 2016)

Page 1

Септември 2016 | Број 1

Во овој број…

Обраќање на претседателот на УО

Актуелно • Награди и признанија за нашите вина во 2016 • 2016 година на иновации и новитети во портфолиото на ВВ „Тиквеш“ • Берба 2016 • Виртуелно запознавање на „Тиквеш“

Активности • ВВ „Тиквеш“ дома и во странство • За „Тиквеш“ со срце кон нови победи • Комуникациска платформа „Вредности на виното“ • Кампања „Секоја капка е инспирација“ • Кампања – La Vie en Rose

Нашите луѓе • Филип Камби - Нова фаза во развојот на „Тиквеш“ благодарение на еден од најдобрите енолози во светот • Разговор со Томислав Кметовски - Кметот 40 години вредна и посветена работа

Општествена одговорност • Тиквеш во поддршка на заедницата

Издвојуваме • 1,2 милиони евра во модернизација и производство на премиум вина • 10 причини за високиот квалитет на нашите вина


Почитувани, Денес, гледајќи од дистанца на почетокот на промените во сега далечните 2003/04/05 година и сегашните состојби во „Тиквеш“ и лозарството во Македонија, некој ќе рече дека нема разлика, бидејќи повторно има незадоволни производители на грозје, има вишок на грозје и повторно хаос. Но не е така, во изминатиов период успеавме да ја подигнеме свеста во кооперантските односи, да направиме високоморални врски и заемна доверба и респект, на однос што е сосема нормален со сите актери во синџирот – грозјепроизводителите, вработените, трговските партнери, добавувачите, експертите, институциите и др. Денес ние како „Тиквеш“ ги немаме проблемите на обичното секојдневие што нè опкружува, денес „Тиквеш“ е компанија за гордост не само за нас поврзаните со „Тиквеш“, туку и на сите граѓани од Македонија и пошироко. Денес секој би сакал да биде поврзан со нас на кој било начин. Со нашата енергија и посветеност, покажавме како од потпросечна компанија со потпросечни производи се стига меѓу великаните, не случајно, не еднаш, туку перманентно и засекогаш. Затоа од нас ќе се бара уште повеќе, бидејќи ние знаеме да ги менуваме работите на вистинскиот начин и да влијаеме врз другите да се променат. На што се должи успехот на „Тиквеш“? Што е тоа што ние го променивме? Би рекол ништо. Ништо посебно – само ние се променивме! Прифативме да се соочиме со сите предизвици што постојат на отворениот пазар, незадоволството од опкружувањето, стравот, неизвесноста, злобата и сè што е човечка слабост и доблест... Затоа денес треба да бидеме горди, бидејќи изградивме свој сон и дури сега не смееме да бидеме арогантни, но да останеме скромни затоа што имаме уште многу да патуваме и да се докажуваме. Отпорите на тој пат ќе бидат уште поголеми и ќе немаме време да се опуштаме и да се радуваме, бидејќи за секој наш успех ќе ни треба уште поголем напор за да успееме во следниот, и во следниот, и во следниот... Сите ние што го правиме ова, мора да продолжиме да работиме со уште поголема посветеност, со уште поголема енергија, со уште поголема верба, затоа што имаме уште малку пат да поминеме, но патувањето ќе трае долго.

Светозар Јаневски Претседател на УО

2


Актуелно Награди и признанија за нашите вина во 2016 ВВ „Тиквеш“ редовно учествува на најзначајните светски вински натпревари, оние со најдолга традиција каде во конкуренција на најдобрите светски вина нашите вина редовно добиваат високи награди и признанија. Бројот на награди годишно достигнува над 50.

Рамо до рамо со најдобрите светски винарници • • •

Најмалку 50 награди годишно на најзначајните светски вински натпревари Најнаградувана винарница во регионот Единствена винарница од регионот сo oоценети вина над 90 поени од најреномираниот светски вински критичар, Роберт Паркер

И годинава не е исклучок. На натпреварите одржани во првата половина од 2016 година бележиме значаен успех и освоивме вкупно 37 награди. Конкретно, три златни и две сребрени медали беа освоени на големиот интернационален вински натпревар „Мундус вини“ во Германија. Златни медали освоија „Домен Лепово Шардоне 2015“, „Домен Лепово Гранд Куве 2013“ и „Каберне Франк Спешл Селекшн 2015“, додека „Темјаника Спешл Селекшн 2015“ и „Александрија Куве розе 2015“ добија сребрени медали. На престижниот светски натпревар на розе вина „Le Mondial du Rosé 2016“, што се одржа во Кан, Франција, „Тиквеш“ освои два сребрени медали за „Александрија Куве“ и за „Розе Класик“ од бербата 2015-та. На еден од најмасовните и најпрестижни светски вински натпревари „IWC – International Wine Challenge“ што се одржува во Лондон, нашите врвни вина освоија 13 медали и признанија, со што го надминаа минатогодишниот успех. Притоа, сребрени медали освоија „Темјаника Спешл Селекшн“ 2015та и „Каберне Совињон Спешл Селекшн“ 2014-та, а бронзени медали вината „Домен Лепово Гранд Куве“ 2013-та и „Шардоне Спешл Селекшн“ од бербата 2015-та. Останатите пријавени вина на „Тиквеш“ за годинешното оценување добија посебни признанија, со кои се истакнува нивниот квалитет. Новитетот во портфолиото, виното „Александрија розе“ 2015, освои златен медал на годинешниот натпревар „Citadelles du Vin“ што се одржа во Бордо, Франција, а на истиот натпревар белото вино „Совињон Бланк Спешл Селекшн“ 2014 доби сребрен медал.

Исто така, сите вина на „Тиквеш“ пријавени на најмасовниот светски вински натпревар „Декантер“ во Лондон, освоија награди, со што „Тиквеш“ освои најмногу награди од винарниците во регионот вкупно 13, од кои 7 бронзени медали и 6 специјални признанија. Конкретно, бронзени медали добија следните 7 врвни вина: „Домен Лепово Гранд Куве 2013“ и „Домен Лепово Шардоне 2014“; „Гренаш Бланк“ и „Шардоне“ од серијата „Спешл Селекшн“, берба 2015-та; „Александрија Куве“ 2014, црвено; како и „Бела Вода“ црвено од бербата 2013-та и „Барово“ црвено од бербата 2012-та. Повторно и оваа година, нашите вина беа оценети од Роберт Паркер и тимот на „Wine advocate“. Во најновото издание на специјализираното списание „Wine advocate“, објавени се оценки за црвените вина „Бела вода“ и „Барово“ од бербата во 2013-та, како и за белите варзии на овие вина од бербата во 2014та, а за првпат оценети се и вината од ексклузивниот бренд „Домен Лепово“ и тоа: Домен Лепово Гранд Куве 2013, Домен Лепово Пино Ноар 2013 и Домен Лепово Шардоне 2014. Тимот на Паркер и овојпат ги смести вината на „Тиквеш“ во категориите „многу добри“ и „извонредни“, во кои влегуваат вина со оценки од 80-89 и од 90-95 поени соодветно. Tри врвни вина на „Тиквеш“ освоија медали на најголемиот и од страна на купувачите најценет вински натпревар на Азискиот континет, што се одржува во Хонгконг – Кина. На China Wine & Spirits 2016, златни медали освоија црвеното тероар вино „Барово“ 2013-та и белото вино „Александрија куве“ 2015-та, а црвеното вино „Александрија Куве“ 2014 доби сребрен медал. „Гранд Куве“, берба 2013-та, произведено во винарницата „Домен Лепово“, се закити со двоен златен медал Овие награди се заслуга на секој од нас, на енергијата вложена од секој вработен на „Тиквеш“. Наздравуваме во чест на секој наш вработен, во чест на успехот позади кој стојат тие. Остануваме посветени и решени да бидеме најдобри. За сите награди и признанија може да се информирате подетално на http://tikves.com.mk/priznanija/

2015

2015 201 2015

2015

2015

2015

2015

201

2015

3


2016 - година на иновации и новитети во портфолиото на ВВ „Тиквеш“ Ова е година на иновации во производното портфолио на ВВ „Тиквеш“, кои нема да отстапат од нашата определба да понудиме најдобра вредност за парите во секој сегмент. Нашата цел е континуирано подобрување во сите сегменти и нудење нови вкусови и доживувања за потрошувачите. • Унифицирање и збогатување на линијата на жестоки пијалаци Во сегментот на жестоки пијалаци проширено е портфолиото со лозова ракија од 0,5 л . Во овој сегмент, во првата половина на годината, веќе се реализираше унифицирање и унапредување на амбалажата. Овие промени се во функција на поголема препознатливост на линијата, но и заради заштита на потрошувачите. Во оваа насока ново шише и нов затворач добија белата и жолтата ракија од 1 литар, а додаден е и жиг на сите шишиња за ракија. Се планира и дополнително проширување на оваа линија со ВС ракија од 0,05л.

Ново “паметно“ капаче кое автоматски го регулира протокот на течноста и обезбедува поголема контрола и практичност при полнењето на чашите.

• „Александрија“ во нова амбалажа Поради големината на брендот „Александрија“, овие вина добија посебно место во нашето портфолио, како засебен бренд, што значи нивно одвојување од линијата „Класик“. Вината добиваат нова амбалажа, а овој бренд се збогати со уште едно, ново вино – „Александрија розе “.

• Редизајн на линијата „Класик“ Новиот изглед на вината „Класик“ значи промена на амбалажата односно премин кон ново, повисоко шише, како и нови поексклузивни етикети. Во насока на задржување на препознатливоста на овие вина, кои се добро прифатени од потрошувачите, визуелните промени се во насока на задржување на постоечките препознатливи делови, но сепак модернизирани.

4


• Ново вино „Каберне Франк Спешл Селекшн“ Линијата „Спешл Селекшн“ се проширува со ново црвено вино од сортата каберне франк. Потврда за квалитетот на ова вино е што во март годинава, 4 месеци пред неговото официјално претставување на пазарот, „Каберне Франк Спешл Селекшн“ доби златен медал на еденод најпрестижните светски натпревари за вино „Mundus Vini“ во Германија .

• Екстензија на линијата „Special Selection“ со вина со поинаков стил „Спешл Селекшн oak edition “ Во текот на летово се лансираше ново вино „Шардоне Оук Едишн“ како дел од специјалната едиција вина но вина со поинаков стил - зреени во дабови буриња. Целта на лансирањето на оваа едиција е создавање ново винско искуство за домашните и за регионалните потрошувачи, односно доближување на светските вкусови и трендови на македонските и на потрошувачите од регионот. До крајот на летото, на пазарот ќе се појави и уште едно вино од оваа специјална едиција, односно виното „Каберне&Мерло“.

• Редизајн на ПЕТ-амбалажата. Новата ПЕТ амбалажа се пласираше на Хрватскиот пазар, а во наредниот период ќе се појави на полиците на пазарите кои ја имаат оваа линија во портфолиото. До крајот на годината се планираат и нови производи и подобрување на амбалажата на постојните и тоа: • Нов бренд во сегментот на традиционални вина • Нов бренд во ценовен сегмент близок до Класик вината Овие планови се доста амбициозни, но како лидери имаме обврска секогаш да бидеме чекор понапред од конкуренцијата, но тоа пред сè им го должиме на нашите верни потрошувачи. 5


Берба 2016 Пред нас е еден од најзначајните периоди од годината за секоја винарница. Се подготвуваме за уште една берба. Како што по утрото денот се познава, така од квалитетот на бербата можеме да дадеме предвидување за квалитетот на виното. Според нашите енолози можеме да очекуваме добар род кој ќе имаме задача да го преточиме во уште подобро вино. Веќе е изработен планот за бербата и одреден редоследот по кој ќе се берат различните сорти. Интензивната комуникација со сите добавувачи продолжува, а и оваа година се предвидени бонуси за квалитет од 40% до 50% за грозје одгледано со строга контрола и редукција на родот на самиот лозов насад, како и 2 денари од килограм за грозје берено и испорачано во мали гајби. Оваа година ќе откупиме 17,5 милиони килограми грозје, што е за 30% помалку во споредба со 2015 година. Од планираните количини за откуп, 3 милиони килограми ќе се обработуваат на линијата за микрофинификација.

00

60

00

60

5500

На нашите долгорочни соработници лозари и понатаму ќе им овозможиме поддршка во одгледување на најквалитетно грозје преку соодветна контрола на лозовите насади во текот на целата година. Остануваме посветени да го одбереме само најдоброто грозје за секој сегмент од нашето портфолио.

Виртуелно запознавање на „Тиквеш“ Со помош на Google Tour сите наши потрошувачи, посетителите и туристите во винарницата, увозниците и сите заинтересирани, ќе можат виртуелно да се запознаат со „Тиквеш“. Овозможена е тура од 360 степени која постојано ќе биде надополнувана со нови фотографии и позиции. Ќе може да се видат фотографии од лозјата, фотографии од текот на бербата и слично. Со помош на Google Tour се овозможува полесно лоцирање на нашата винарница. Турата е достапна на линкот https://tourmake.it/en/tour/ a9fd2649332113cab2b34883e6c1619b, а е споделена на нашата веб страница и на социјалните медиуми..

6


Активности

Ова беше слоганот на Првата интернационална конференција на ВВ „Тиквеш“, која се одржа на 20 и 21 мај, во Охрид. Конференцијата имаше информативна и мотивациска функција. Настанот беше можност да се споделат информации за моменталната состојба на нашата компанија, дел од позначајните проекти што се реализирани, но и идните планови и насоки на движење на компанијата. Во одлична атмосфера имавме можност заеднички да прославиме за одличните продажни резултати, особено на регионалните пазари, и меѓусебно да се мотивираме за уште поголеми успеси. На конференцијата учествуваа речиси 140 претставници на компанијата и на деловните партнери од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Настанот беше можност за меѓусебна координација и подготовка за следните фази на развојот на компанијата, но и можност за подобро запознавање и зацврстување на односите, што несомнено треба да придонесе за подобра соработка и понатамошен успех. Работниот дел од конференцијата се состоеше од презентации за актуелните и планираните активности, на очекуваните резултати, како и од посета на пазарот, реализирана во голем број продажни и угостителски објекти во Охрид. Двата исклучително продуктивни и корисни дена поминати покрај Охридското Езеро потврдија дека: Успехот е само фраза ако не се избориш за него. Ништо не се случува ако сами не го создадеме. Веруваме во нашите вредности, во вредностите на нашите производи. Во нашата мисија не сме сами, дел сме од големото семејство на „Тиквеш“. Познато и признато. Врвно од Македонија!

Дестинација 2020 На отворањето на Првата интернационална конференција на „Тиквеш“, парафразирајќи го големиот Черчил, претседателот на УО, г. Светозар Јаневски, рече: „Работејќи заедно, јас можам само да ви ветам крв, пот и солзи, но затоа ние ќе ја освоиме секоја грмушка, секој рид и никогаш нема да се предадеме и нема да застанеме да се качуваме сè додека не се качиме на самиот врв“. Врвот што треба да се освои е „Тиквеш“ да се етаблира како еден од најзначајните играчи на светската винска мапа. Остварувањето на оваа цел е возможно само доколку стратешки се работи таа да стане реалност. - Соништа без цели се само соништа и тие на крајот поттикнуваат разочарување потенцираше во своето обраќање генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски, цитирајќи го познатиот холивудски актер Дензел Вашингтон. Колку се соништата поголеми толку и нивната реализација бара постепено движење, чекор по чекор, а со секој од нив сме поблиску до посакуваната цел. Нашата актуелна дестинација е 2020 година, во која сакаме да го видиме „Тиквеш“ како лидер во винскиот бизнис во Централна и во Источна Европа и предводник во експанзијата и светското препознавање на регионот.За да ја достигнеме посакуваната позиција во 2020 година, нашата стратегија е дополнително да ја зацврстиме регионалната лидерска позиција и да ги прошириме пазарите на кои се продава „Врвното од Македонија“. За четири години од сега очекуваме „Тиквеш“ да ги пласира своите производи во повеќе од 30 земји во светот. Наша стратегија остануваат иновациите и развојот на портфолиото на брендови како и регрутација и развој на талентите на сите пазари. Очекуваме раст на приходите и на продажбата како и понатамошно усовршување на квалитетот на нашите производи, кој дополнително ќе биде потврден со нови награди на најреномираните светски натпревари. Целите се амбициозни, но со дисциплина, постојаност и посветеност сè е возможно. Со срце за „Тиквеш“, подготвени за нови победи. 7


ВВ „Тиквеш“ дома и во странство

Странски пазари

Постојаните инвестиции во производството, лансирањето нови производи, иновациите во портфолиото, промотивните активности и градењето на позитивниот имиџ и репутација на компанијата придонесуваат во севкупниот успех на пазарот и се рефлектираат на вкупната продажба.

Во способноста да се пресретнат и да се задоволат различните барања на пазарот и на потрошувачите, меѓу другото, се гледа регионалната лидерска позиција на „Тиквеш“. Секој член на нашиот продажен тим и дистрибутерите што се нашето пошироко семејство, се еднакво мотивирани и посветени за секојдневни пазарни победи и доближување на „Врвното од Македонија“ до што поголем број консументи.

Сепак, секој поединечен пазар има свои специфичности и бара поинаков пристап во освојувањето соодветна позиција и остварување успех. За тоа е неопходно да се познаваат потрошувачите, нивните желби и вкусови, но и начинот на функционирање на дистрибуцијата и продажбата, со цел ефикасно да може да се одговори на потребите и навиките и на нашите купувачи и деловни партнери. Од тој аспект, нашата позиција и предизвици се различни на одделните пазари, па соодветно и идните планови и активности се разликуваат на секој од нив. На конференцијата во Охрид, беа најавени и планови за настапот на Тиквеш на домашниот и пазарите од извоз:

„Тиквеш“ во Македонија Лидерската позиција на ВВ „Тиквеш“ на домашниот пазар не е стекната случајно. Таа е резултат на континуирана работа и долгорочна стратегија во повеќе области и оддели во рамките на компанијата. Со цел да се овозможи понатамошно унапредување на продажбата, меѓу другото воведуваме и автоматизиран систем за следење и анализа на податоците од пазарот. На тој начин ќе се обезбеди увид во состојбите на пазарот во реално време и брза анализа на добиените податоци, како и преземање соодветни активности за унапредување на продажбата и пазарната позиција на ВВ „Тиквеш“. Овој систем ќе овозможи осознавање на сите детали на пазарот и формулирање идни планови за домашниот пазар.

8

Врз основа на сериозни пазарни истражувања, во 2016 година на различните регионални пазари ќе се фокусираме на различни адути и предизвици. Во Србија фокусот е на розе вината и поинтензивни промоции, како и воведување иновативни производи, во БиХ е неопходно да се унапреди продажбата на линијата „Спешл Селекшн“ преку продажба на вино на чаша, додека во дел од останатите земји приоритет е проширување на портфолиото, фазно лансирање на иновациите во портфолиото, активности за унапредување на дистрибуцијата, како и специфични активности за земјите што имаат приморски дел и развиен туризам, како Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Нашата цел е вината на „Тиквеш“ да стигнат што подалеку. Меѓу пазарите надвор од регионот секако големо значење имаат скандинавските земји, Велика Британија и Полска за продажба на висококвалитетно вино, а меѓу клучните пазари се и САД и Кина. Она што е специфично е дека кај сите овие пазари треба да се надмине бариерата на препознатливост на Македонија како винска земја и „Тиквеш“ како винарница, како и приспособување на специфичностите на конкретниот пазар. Освен овие пазари, до 2020 година е планиран и влез на рускиот пазар, како и во Бразил и на африканскиот континент.


Комуникациска платформа „Вредности на виното“ Стручна конференција „Влијание на умерената консумација на вино врз здравјето – истражувања и докази“ Како вистински лидер на домашната и на регионалната винска индустрија секогаш иницираме проекти и активности што имаат поширок интерес. Неодамна „Тиквеш“ ја иницираше комуникациската платформа „Вредности на виното“, чија основна цел е ширење на научните факти што потврдуваат дека врвните македонски вина содржат високи концентрации на органски соединенија, кои имаат позитивно влијание врз здравјето, како и многубројни уникатни карактеристики, кои совршено се вклопуваат во современите животни стилови. Во рамките на оваа комуникациска платформа ќе се реализираат низа различни активности, кои ќе ја потврдат и ќе ја промовираат нераскинливата врска на квалитетното вино со здравјето, храната и со животниот стил. Платформата не само што ќе ги промовира сите вредности на виното туку ќе содржи и едукативна компонента. Активностите ќе се реализираат преку соработка и партнерство со сите организации, институции и поединци, кои имаат што да кажат за вредностите на виното, со што сите заедно ќе придонесеме за промоција и верификација на нашето вино во земјата, регионот и ширум светот. Прва активност со која започна реализацијата на комуникациската платформа е стручната конференција „Влијание на умерената консумација на вино врз здравјето – истражувања и докази“, која се одржа на 19 мај, во Скопје, во организација на ВВ „Тиквеш“. На конференцијата беа претставени научни истражувања и сознанија за здравствените ефекти на умерената консумација на вино, а беа претставени научните трудови истакнати домашни и странски истражувачи: д-р Сабина Пасамонти, д-р Виолета ИвановаПетропулос, д-р Клемен Лисјак, д-р Андреја Ванзо.

Во продолжение со вас ги споделуваме најзначајните заклучоци и факти, кои беа претставени на конференцијата. • Умерена консумација на вино = една до две чаши на ден • Квалитетните вина се богати со состојки позитивни за човековото здравје • Македонските вина, особено вранецот, имаат исклучително висока антиоксидантна активност • Не само црвените вина, туку и белите содржат состојки што се моќни антиоксиданси • Во Македонија, поради малиот број прскања на лозите, виното може да се смета за органско За деталите од конференцијата и за сите активности поврзани со платформата „Вредности на виното“, ќе може да се информирате и на вебстраницата на ВВ „Тиквеш“: http://tikves.com.mk/ komunikatsiska-platforma/ и на фејсбук профилот на Тиквеш.

9


Кампања „Секоја капка е инспирација“ Ова е голема година за Alexandria вината! Оваа година се случи нивното ребрендирање и новиот изглед, издвојување од Classic сегментот и претставување на новото вино Alexandria Rose. Во таа чест направивме кампања со која го славиме Alexandria виното сè до последната капка! Слоганот „Секоја капка е инспирација“ совршено ја пренесува нашата порака, како и дизајнот на материјалите кој претставува три капки вино - црвено, бело и розе, гледани преку микроскоп. Под капата на оваа кампања беа изработени многу промотивни материјали и беа организирани многу дегустации и HoReCa активности.

Капка црвено вино под микроскоп

Капка бело вино под микроскоп

Капка розе вино под микроскоп 10


Кампања „La Vie en Rose“ La Vie en Rose е слоганот на нашата промотивна кампања која иницијално е наменета за развојот на српскиот пазар, а беше посебно фокусирана на виното Александрија Розе. Кампањата опфати емитување на рекламен спот на ТВ каналите во регионот, дигитални објави ширум регионот, надворешно огласување во Србија, како и два поголеми промотивни настани, во Белград и Бања Лука.

11


НАШИТЕ ЛУЃЕ Филип Камби Нова фаза во развојот на „Тиквеш“ благодарение на еден од најдобрите енолози во светот Почетокот на соработката на „Тиквеш“ со Филип Камби, пред околу шест години, означи нова фаза во развојот на „Тиквеш“, пред сè на нашето производно портфолио. Благодарение на неговиот ангажман и неговата тесна соработка со нашиот енолошки тим врвните македонски вина добија француски шмек, квалитетот на вината се подигна на многу повисоко ниво, кој заедно со потписот на Камби, придонесе за освојувањето на бројни меѓународни награди и признанија. Филип Камби ја носи титулата „Најдобар енолог за 2010“, доделена од најпознатиот вински критичар во светот Роберт Паркер. Но, малкумина знаат дека овој денес исклучително познат енолог, пред да ја започне својата кариера во винската индустрија, бил успешен рагбист. Лекциите научени во спортот, како таа дека ништо не е невозможно да се постигне доколку се трудиш доволно за да го оствариш, денес се дел од неговата филозофија за виното. При својата последна посета на ВВ „Тиквеш“, Филип Камбиуште еднаш го искажа своето задоволство од соработката со целокупниот тим, но и од квалитетот и успехот на нашите вина. Секако, тој има значаен придонес за ваквите успеси, но секогаш го истакнува значењето на поволностите на регионот,

12


реализираните обемни инвестиции во нова технологија, унапредувањето на практиките на одгледување на грозјето и секако стручноста на тимот со кој соработува. - Сметам дека „Тиквеш“ и во моментов располага со широка палета квалитетни вина за да ги задоволи различните вкусови на љубителите на виното во светот. „Тиквеш“ во изминатите неколку години направи сериозни инвестиции во сите клучни сегменти на производството за да може да дојде до посакуваната позицијата – да биде препознаен како производител на автентични, квалитетни вина. И успеа во тоа за многу кратко време. Следниот предизвик беше да се докаже дека првичните високи оценки за квалитетот не биле случајни, туку дека „Тиквеш“ е способен да го одржи високиот квалитет на своите вина во континуитет. Треба да се каже дека „Тиквеш“ успеа и во тоа. Показател се високите оценки од Паркер неколку години по ред, како и медалите што вината на „Тиквеш“ ги освојуваат секоја година од различни берби - вели Камби.

Неговиот потпис стои на вината „Бела Вода“ и „Барово“, но значително е неговото влијание во унапредувањето на квалитетот на сите други линии на вина, како и на создавањето на вината од нашата бутик-винарница „Домен Лепово“. - Исклучително успешно го реализиравме и следниот предизвик што беше поврзан со производството на луксузни вина во ограничена серија од брендот „Домен Лепово“, произведени според најдобрата француска винска школа. Последните оценки на Паркер за вината од „Домен Лепово“, кои се подобри од вината произведени од познатиот вински регион по долината на реката Рона во Франција, од каде што доаѓам, се одличен показател колку е голем и значаен досегашниот успех на „Тиквеш“ истакнува Камби.

13


Разговор со Томислав Кметовски - Кметот 40 години вредна и посветена работа Во првиот број на Winfo, рубриката наменета за претставување на вработените ја посветуваме на нашиот колега, Томислав Кметовски, на сите подобро познат како Кметот. Иако од неодамна замина во пензија, тој изминатите речиси 40 години посветено работеше во „Тиквеш“ и навистина има интересна приказна испишана за време на неговиот работен век како возач на камион. Томислав во „Тиквеш“ почнал да работи во 1977 и до 2003 година вршел транспорт главно на производи кон стоваришта и поддистрибутери. За време на сезоната на берба превезувал грозје од лозови насади до винарницата, а кога било потребно и празни шишиња од стаклари до винарницата. Во периодот кога за виното се користела повратна амбалажа, негова задача била нејзино транспортирање, за што повозрасните ќе се сетат дека така се работело во минатото. Имал можност да доживее различни искуства испорачувајќи ги производите на „Тиквеш“ во и надвор од Македонија, секако и на просторите на поранешната држава. „Возев и вино во цистерни до Словенија”, раскажува Томислав и се сеќава како потоа ова вино таму се преработувало и брендирало како словенечки производ. Вели дека во Словенија не заостанувала и продажбата на виното „Кратер“, кое тогаш во големи колични го пиеле и мажи и жени. Споредувајќи го тогашниот и моменталниот пристап и начин на работа, а имајќи можност да биде сведок на многуте промени и трансформации кои настанале, Томислав вели: „Мора да се биде во тек, да се развива бизнисот, да се инвестира. На пазарот се појавуваат нови играчи и конкуренцијата е сè поостра. Затоа сметам дека е добар пристапот на производство на вино во шишиња наместо наливно“. Од 2003 Томислав воглавно врши дистрибуција на производи низ Скопје до сите клучни купувачи. При испораките неретко ги убедува купувачите да одберат „Тиквеш“, а не некој друг бренд, истакнувајќи ги предностите на нашите вина. Истовремено е голема поддршка и на Маркетинг секторот, преземајќи ја дистрибуцијата логистиката за сите промотивни настани на „Тиквеш“ организирани во главниот град.

14

и


Кога го прашавме што му оставило најголем впечаток во текот на неговата кариера и дали има некоја случка во која била потребна снаодливост и брза реакција и со тоа на несекојдневен начин придонел кон остварувањето на целите на компанијата, со смеа раскажува за дистрибуцијата на вино во Бургас (Бугарија). Имено, пред неколку години Кметот требало итно да испорача вино во ексклузивен хотел во Бургас, но поради краткиот рок на испораката тој ги немал сите потребни документи за транспорт преку граница. Морал брзо да најде решение и одлучил да се претстави како директор кој оди во Бургас на важна дегустација на која треба да ги претстави вината. За да биде поубедлив , облекол одело, ставил машна и земал и актовка. На крај успеал да пренесе 100 пакети вино во Бугарија и да ги однесе производите на време на потребното место. Секогаш насмеан, вели дека во било кое време од денот бил подготвен да ја заврши секоја задача поставена пред него. Најголема сатисфакција во работата му претставувало кога колегите велеле „Кметот е еден“ или „Кметот ќе ја заврши работата“ знаејќи дека можат во секое време да сметаат на неговата исполнителност. За својата посветеност и напорна работа Томислав Кметовски доби ТИКВЕШ ЅВЕЗДА за 2015 година, награда што ја добиваат највредните работници во текот на годината, за која вели: „Оваа награда многу ми значи. Таа е доказ дека трудот што сум го вложил се почитува”. Томислав е татко на Анета и Иван на кои е особено горд. И по заминувањето во пензија, тој продолжува да биде активен и доскорешните работни обврски сега ги заменува со земјоделие, поминувајќи го времето на Скопска Црна Гора каде го обработува земјиштето на својот посед. „Навикнат сум на работа и не можам да седам”, вели Томислав. Да, сите што го познаваат ќе се согласат дека тој мора постојано да биде во движење. Му посакуваме среќни пензионерски денови, во кои ќе поминува повеќе време со семејството и неговата нова пасија – земјоделството.

Кметот на една од последните испораки на „ Тиквеш“ – донацијата на „Тиквеш“ за населението од подрачјата погодени од поплавите во август 2016

15


општествена одговорност Тиквеш во поддршка на заедницата Доброто вино, уметноста и културата отсекогаш совршено се надополнувале. Таков е случајот и со вината на „Тиквеш“ кои се неизбежен дел од најбитните културни манифестации како што е „Охридско лето“, Струшки вечери на поезијата, Филмскиот фестивал Браќа Манаки и многу други.

Гостите на „Охридско лето“ и оваа година уживаа во врвните вина на „Тиквеш“.

16

Во Виното на Тиквеш уживаа и Enrique Inglesias, John Newman, Aldi Meola, Prodigy и други светски познати имиња и тоа не само во Македонија туку и во регионот..


Врвните македонски вина - совршена инспирација за најпознатите светски поети

Таков е случајот и со вината на „Тиквеш“ кои се неизбежен дел од најбитните културни манифестации како што е „Охридско лето“, Струшки вечери на поезијата, Филмскиот фестивал Браќа Манаки и многу други.

Доброто вино, уметноста и културата отсекогаш совршено се надополнувале.

17


ИЗДВОЈУВАМЕ Посветени на производство на врвни вина 1,2 милиони евра во модернизација и производство на премиум вина Нашата определба за производство на врни вина во изминатите години јасно ја демонстриравме со инвестиции како во технологија, така и во човечкиот потенцијал, кои од 2003 година достигнаа вредност од речиси 40 милиони евра. Во изминатиот период „Тиквеш“ ја заокружи инвестицијата во најсовремена технологија за преработка, одлежување и полнење на виното, поддржана од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија - ИПАРД. Вкупните вложувања на ВВ „Тиквеш“ во реализацијата на овој инвестициски проект надминуваат 78 милиони денари (1,2 милиони евра), од кои преку ИПАРД се обезбедени приближно 30 милиони денари (480 илјади евра). Вкупната инвестиција од 1,2 милиони евра е наменета за набавка на најсовремена опрема која вклучува опрема за одлежување и пакување на виното, како и најсовремена лабораториска опрема. Остануваме посветени на нашиот одржилив раст и развој во што како и до сега ќе продолжиме да вложуваме значителни финасиски средства.

18


10 причини за високиот квалитет на нашите вина Високиот квалитет на вината на ВВ „Тиквеш“ се должи на низа фактори, при што секој од нив има еднакво големо значење и придонес во процесот на создавање вино со исклучителен квалитет:

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.

8. 9.

„Тиквеш“ го сочинуваат стручни луѓе, со огромна посветеност и страст кон виното. Регионот нуди поволни климатски услови за одгледување грозје и производство на вино, а специфичниот тероар дава уникатност и автентичност на нашите вина. „Тиквеш“ секогаш ги одбира најдобрите локации од регионот за да се добие „Врвното од Македонија“. Сопствените лозови насади како и соработката со нашите долгорочни кооперанти во насока на контрола на лозовите насади, ни овозможува снабдување со најквалитетно грозје. Квалитетот на грозјето го зголемуваме со ограничување на приносите на лозите Квалитетот на грозјето го зголемуваме со контрола на наводнувањето Континуирано инвестираме во развој на луѓето и примена на најсовремена технологија. Во периодот од 2004 до 2016 инвестициите изнесуваат околу 35 милиони евра. Располагаме со модерни производствени капацитети (најнови машини, ладилници, танкови, буриња за ферментација и одлежување на виното...), кои се соодветно димензионирани и планирани за обезбедување висок квалитет на различните произведени вина. Најсовремената технологија ни овозможува производство на вина од различни профили, но секое со најголема вредност во одделниот сегмент. Благодарение на контролата на кислородот во процесот на производство, од преработката на грозјето до флаширањето, при што се применува технологија базирана на инертни гасови, нашите вина имаат трипати помала концентрација на сулфурдиоксид и не предизвикуваат главоболки. Технологијата на микровинификација ни овозможува да ги избереме најдобрите зрна од најдоброто грозје, а дабовите буриња за ферментација и одлежување на виното, додаваат на комплексноста и квалитетот на вината. Заради зачувување на квалитетот, грозјето се бере рачно, во мали гајби од 20 кг, а зрната дополнително се селектираат и на опремата за микровинификација.

10. За ферментација и одлежување на премиум вината, секоја година набавуваме најквалитетни француски дабови буриња.

Нашата намера е ова електронско списание постојано да го збогатуваме со содржини што се од ваш интерес и се надеваме дека овој прв број ќе ве поттикне да дадете предлози и идеи за теми што сметате дека во иднина треба да бидат опфатени. Би сакале да ве охрабриме и да ги споделувате со нас сите информации што се од интерес и сметате дека треба да бидат дел од Интерниот информатор. Пишете на следниот маил elena.mladenovska@tikves.com.mk и дајте придонес во обликувањето на содржините

19


www.tikves.com.mk

20


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.