1 minute read

Живот без маски враќање во иднината

Next Article
art as therapy

art as therapy

Животов со маски е една голема незгода, па кога би се вратиле во иднината, што посакувам во таа пригода? Искрено, не знам од каде да почнам, што најпрво е најважно да се промени, не можам да воочам... Но, кога враќањето во иднината, би можело да биде идеално, замислете нешто вакво: (Можеби ќе мислите дека сум смешна, но зарем на секое дете не е желба, да си го живее животот со песна, зарем секое дете, кое мисли дека може да го смени светот и векот, не посакува да.....?) Сите војни се далечни испади, а светот обединувачки политики води, тука е крајот на секаква изолација, и започната е долгата револуција! Сите гладни, жални деца, среќни се сега, имаат топол дом и постела мека

А жените во општеството заробени не се веќе, дома весели лица ги чекаат, со насмевки и по некое цвеќе Сите народи слободни се сега, знаат дека нивната нација, треба да е заштитена, зашто е вредна!

Advertisement

Живот без маски - враќање во иднината

Животинското царство во хармонија цвета, а зачуваната планета-Земја, задоволно се смешка Сите индивидуи се засебна песна, сечиј живот злато вреди, а за секого само по внатрешната убавина се суди. Секој колку што му треба зема, и знае дека во љубовтасе крие вистинита и вечна среќа! ,,Мир, мир, мир!” ,,Војната заврши!” ,,Радувајте се што сте живи! Зашто ова е нов свет! Па, ајде, Фрлете во облаци по некој цвет” Епа, драги другари мои, што можам да кажам, освен дека за ова да се оствари, ќе направам с`е што можам, зашто да биде светот ваков, навистина сакам

сакам

Дафина ,,Даффне” Веселиноска

This article is from: