3 minute read

8 Филмови и серија

Со новонастанатите компликации поврзани со коронавирусот јас, како и многу други, повторно често се наоѓам меѓу четири ѕида. И се разбира, покрај другите интровертни активности, имав прилика да изгледам и многу убави филмови кои би сакала да ги споделам со вас:

1. Одвеано од виорот (1939)

Advertisement

Ја започнувам листава со најпрекрасниот филм на сите времиња, според мене. Преработка на класиката ,,Одвеано од виорот” од Маргарет Мичел, иако 4 часа долг, не дава простор ни една минута за да земете вздив. Феноменална сцена после феноменална сцена. СЕ е прекрасно, од костимите, до пејзажите, до квалитетот на снимката, а да не зборувам за изборот на глумците и за самата приказна. Доколку ви е досадно, не мислете се што да правите повеќе од миг, туку уживајте во оваа прекрасност!

2. Тома (2021)

Доколку сакате да се изгубите во друго време и имате потреба убаво да се исплачете, ова е совршениот филм за такви животни моменти. Освен тоа што ќе живеете во Југославија тие два-три часа, ќе се сретнете со прекрасни песни, кои ќе ви бидат заглавени во глава следните неколку дена.

3. Малите жени (2019)

Кога би можела да го опишам овој филм со еден збор, тоа би бил зборот мирна удобност. Овој е еден од оние филмови кој е измислен за врнежливи денови, домашни колачиња, чаша какао и меки ќебенца. Ќе се почувствувате како повторно да сте дете.

4. Спенсер (2021)

Новиот филм за Дијана е ремек-дело и го препорачувам од сЕ срце. Ја претставува како токму она што била. Силна жена, која успеала да се избори за слобода.

5. Седумгодишното чешање (1955)

Ќе ве расположи и уште еднаш, ќе ве потсети колку е Мерлин Монро прекрасна!

6. Високо општество (1956) 7. Лудиот Пиеро (1965)

Овој филм е одличен доколку ви е потребен материјал за размислување и сте фан на егзистенцијализмот. Но, и самото тоа што Ана Карина и Белмондо се во главните улоги е доволно добра причина за гледање на филмов.

8. Двенеделен рок (2002)

За љубителите на романтична комедија. Случајно го начекав на МРТ една вечер и морам да кажам дека сум среќна поради тоа. П.С. Сандра Булок е прекрасна, а јас допрва сега дознавам...

Во ред, сега откако ви дадов филмови за гледање по еден за секој ден од неделата и еден плус доколку ги изгледате сите пред недела, време е да ви ја откријам најслаткопрекрасната серија на светот....

Девојките Гилмор

Комплетно сум заразена, па добро е што сум на распуст.

А сега толку од мене, одам да си ја продолжам епизодата....

Чао!

Дафина Веселиноска-Дафне

This article is from: