5 minute read
Модерна љубов
Испотени дланки, забрзано срце и пеперутки во стомакот – скоро сите ја знаат оваа состојба. Љубов... Влегувањето во љубовна врска денес е сосема различно од времињата на нашите предци. Поразлично било и пред само 20 години. Што се има променето? Што е љубовта во време на Тиндер?
Овие денови, се “сопнуваме” на љубовта на секој чекор. Гледаме романтични филмови кои ни се сервирани на екраните и читаме книги кои ни дпставиваатљубовни приказни преплавени со страст. Зборот љубов во различни контексти се појавува на секое ќоше по социјалните мрежи. Таа визија за љубовта која е насекаде прикажана ја буди вербата во нас за потрага по нашата друга половина. Ние си замислуваме дека љубовта е како стрелата на Купидон – не руши и не ни дозволува да оддолееме на љубовната магија. Но љубовта е само збор сè дури некој не му даде значење. Ги прашав моите пријатели за нивната дефиниција за љубов. Што кажаа тие? “Љубовта е освежителна како утринско ветре” без двоумење вели Енес. Маријана е сигурна дека “љубовта е варојатно најдебатираниот збор, но колку и да е иронично, бе треба напиот мозок да го дефинира руку нашето срце” Марлена вели “љубовта е едноставно зборување, длабока емоционална поврзаност со друга личност – моќна и безусловна. Кога сакаш некого, ти си комплетно несебичен со таа личност – мислејќи на нивната благосостојба и среќа пред твојата”. Љубовта не е лесно да се опише во неколку зборови. Може да биде необично чувство, врска, или состојба која резултира од преклопувањето на биолошките, хемиските, социјалните, историските па дури и економските фактори. Има толку дефиниции за љубов, колку што има луѓе во светот.
Advertisement
Голе дел од тоа ако ја разбираме љубовта доаѓа од вредностите со кои сме пораснале и врските кои сме ги искусиле како деца. Ако почнеме да гледаме во историјата н врските и нивните различни форми, доаѓаме до заклучок дека најчесто креираната визија за романтичната љубов, заснована на слободниот избор на партнер, е фундаментален нов концепт. Дури на крајот на 18-тиот и 19-тиот век, со индустријализацијата и придружната визија за општество изградено на економска слобода, се роди современиот концепт на брак заснован на љубов меѓу партнерите. Претходно, при влегувањето во врска се водел главно од рационални премиси. Чувствата биле оставени зад себе. Денес, ние очекуваме нашиот партнер да исполни многу наши потреби како близина, нежност, забава, донесување одлуки,внимание и грижа кои ни се овозможени благодарение
на припаѓањето во заедницата на пријатели и роднини. Шансите за содавање на врска која ги задоволува сите наши потреби се малку нереални. Ние слушаме сè повеќе дека луѓето не се создадени за да се совпадат еднаш засекогаш. Дополнително на фактот дека живееме подолго и подолго, една “доживотна“ врска не може да трае 3040 годии туку над 50-60 години.
Милениумците кои пораснаа гледајќи ги Дизни анимациите со зацрвенети лица се жртви на визијатаза романтича љубов. Тие многу добро го знаат концептот на “half-orange“ (“половинапортокал“) кој треба да го задоволиме за да нè исполни нас и љубовта која нема крај. Новите генерации веројатно ја перцепираат љубовта малку поразлично. Тие се помалку романтични и имаат помалку верба во “среќно до крајот на животот“ бидејќи имаат искуство со нестабилни родителски врски почесто од другите. Поради ова, тие исто може да чувствуваат дека поврзувањата се безначајни.
Кога се зборува за љубов во 21 век, невозможно е да не се спомне нашиот најблизок придружник-мобилниот телефон. Можеме да најдеме стотици апликации за запознавање кои ни дозволуваат да истражиме и воспоставиме врски на интернет. Сепак, речиси неограничениот избор може да донесе и ризик. Бидејќи како би можеле да знаеме кој е нашиот иден партнер? Апликациите за запознавање исто може да ја отежнат стабилноста на врската. Бидејќи што се случува кога криза во врската ќе не удри или нешто ќе тргне наопаку? Дали “случајно“ ќе ја уклучиме апликацијата да видиме дали имаме некои подобри можности? Важна улога во промената на перцепцијата за љубовта имаат и стриминг слугите како Нетфликс. Врските на телевизиските серии се прикажани многу пореалистично, и љубовта не е толку евидентирана таму.
Движењето за слободна љубов од 60тите, популаризацијата на контрацептивните апчиња,
ЛГБТИ+ исто така го имаат променето нашето разбирање за интерперсоналните врски и сексуалноста. Но промените кои сме ги опсервирале во последните години не се само поради законодавните и социјалните проблеми Еден од есенцијалните аспекти е пристапот кон телото и голотијата, и во последниве години исто до порнографијата. Секс налик на порно, авантури за една ноќ, блискост и проблеми со посветеноста – со ова се соочуваат луѓето кои сакаат да бидат во врска.
Дали се бориме со љубовна криза? Љубовта во 21 век изгледа проблематична. Можеби затоа што живееме во лавиринт од сигнали и различни визии за љубовта, сè повеќе сме изгубени и, во исто време, неспособни да се вклучиме во врска. Дали треба да прифатиме дека љубовта е комплицирана и да престанеме да се грижиме за наоѓање на нашиот господин/госпоѓица правилен? Треба да одиме сигурно и да живееме како што сакаме, но треба да бидеме повнимателни и кон оние околу нас, а не само кон нашите потреби.
Јоланта Чиопчинска
Преведувач: Мартина Даниловска
Извори: Olga Kamińska: #LOVE. Jak kochać w XXI wieku. The Guardian: Love in the 21st century.