Celik

Page 1

Lesson Челик ЧЕЛИК Наставен предмет Математика и Заппзнаваое на пкплината

I Одделение Време за реализација Два часа

ИКТ Метпди Игра, разговор, демонстрација, практична работа, Илустративна метода

Microsoft Office Word Tool Kids – едукативен спфтвер

ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНАТ:  

 

    

Учениците се насочуваат кон културен однос и соработка со постарите лица од кои многу може да се научи. Вежбаат слободна комуникација, активно слушање на соговорникот , прераскажување на доживувања,правилно поставување на прашања , извлекување на заклучоци и поуки применливи во секојдневниот живот. Учениците се поттикнуваат на мерење,проценување и споредување димензии искажани со нестандардни мерки(педа,чекор,прст,Челик,Чомак) Бележење на податоци(поени)во Microsoft Office Word со користење на алатката за цртање готови форми ...Пребројување на поените и проценка кој е победник според бодовна состојба на двете споротиставнеи групи. Утврдување на стекнати знаења од изучените теми по Запознавање на околината. -Развој на свест за грижлив однос кон природата. -Поттикнување на навики за соработка со повозрасните и учење од нив ни позитивни примери. -Прифаќање и придржување кон правил на игра. -Воведување во примена на ИКТ и сфакање на комјутерот како средство за добивање на потребни информации и учење.


ВОВЕД ВО АКТИВНОСТ 

Игра “РАСТЕ-РАСТЕ,,,”

Разговор за време на прошетка во природа(Листопадни и зимзелени дрвја...Добри и лоши примери за однос кон природата за време на излети ,игри и прошетки)

ЗАДАЧИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ:

             

Активно вклучување во разговор за време на прошетка на тема-Грижлив однос кон природата и давање примери за добро и лошо еколошко поведение Раговор со бабата на Димитар околу игрите кои ги играла како малечка. Внимателно следење на објаснувањето на бабата за време на презентирање на правилата на играта –ЧЕЛИК Активно учество за време на групната активност-Боење на стапчињата за играта ЧЕЛИК Мерење со прсти,дланки,чекори. Мерење до Челикот и Чомакот(должина на клупа,маса,висина на другарче) Мерење со чекори и Чомаци за време на исцртување и подготовка на теренот за играта. Чинвање со чинвалката-СОЛ-ПИПЕР со цел формирање на двата тима за игра Натпревар помегу капитените на двете групи во префаќање на стапот за да се реши која група прва започнува. Играње на играта со одговарање на прашања од темите по ЗО поставени до линиите со поени Бележење на поени во Word (прилог2) Промена на улогите на екипите Пребројување на поените и честитки за победничката екипаРабота во Tool Kids


РЕСУРСИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: 

Подготвени Word работни листови за бележење поени(прилог 2)(во соработка со ментори-ученици)

ПРОЦЕС: За време на прошетка во блиската околина разговараме со бабата на Димитар и ја запрашуваме кои игри ги играла како малечка со своите другарчиња.Бабата ни раскажува како изработувале самите играчки од листови од орев ..кукли и топки од партали.Ни раскажа и како ја играле играта ЧЕЛИК со едно големо стапче наречено ЧОМАК и едно мало стапче зашилено на двете страни кое го викале ЧЕЛИК.Не подучи дека стапчињата што се користат за игра не треба да се кршат од дрвјата и да се оштетува природата туку да се користат суви паднати гранки. Учениците и раскажуваа приказна која ја учевме минатиот денво која се зборува за детето Филип за да си собере черешни.Потоа кажуваа други примери кога и како забележале некој да ја очтетува природата при што изведувавме заклучоци во корист да се подигне еколошката свест кај учениците. Бабата неколку пати ни поакажа како се играла играта Челик и кои се нејзините правила а потоа ни ги подари нејзините стапчиња за игра.И се заблагодаривме и се упативме во дворот на училиштето каде со фломастери ги украсивем и Челикот и Чомакот за да бидат шарени во нашата игра.Додека ДЕцата ги обојуваа стапчињата наставникот со помошна ученици-ментори распоредува подготвени прашања од изучените теми по ЗО и ги ставаат во куќарки направени од амбалажа за млеко и јогурт. Играта на бабичката ќе биде малку изменета и прилагодена со оглед на возраста на децата која не дозволува собирање поени со стотки .Новата цел на наставникот е да провери кои цели се оставарени од наставната програма по ЗО преку поставување прашања извлечени од кукичката до која летнал Челикот при замнавувањето.Секое правилно одговорено прашање носи поени за екипата за која играчот игра.Освоените поени се бележат на два компјутери –посебно за секоја група(прилог2). Бидејки целта на наставникот е воедно да ги провери постигањата и усвоеноста на целите за наставна содржина-Мерење и проценување со нестандардни мерки-Децата имаат задача да ја измерат должината на двете стапчиња со прсти и педи .Потоа со Челикот и Чомакот ставени во улога на нестандардни мерки мериме колку е дога клупата,колку е високо другарчето... За обележување на теренот за игра на играта Челик помагаат учениците-ментори а учениците од прво одделение ги мерат потребните растојанија кои треба да се обележат со куќички со чекори и со помош на Чомакот како нестандардна мерка.


Учениците се делат во две екипи одбираат членови за својот тим.

со помош на чинвалката-СОЛ-ПИПЕР во која два капитени си

За да се одлучиме која екипа прва ќе започне со игра двата капитени одигруваат борба за освојување на Чомакот фрлен во воздух и префаќан со дланките на двата капитени наизменично се додека не се освои врвот на стапот и така се решава кој прв ќе започне. Играта започнува со првиот играч од едната екипа кој треба да го замавме Челикот што подалеку но и да одговори точно на прашањето за да освои поени за својата група.Доколку стапчето биде фатено од играч на спротивната група додека лета во воздух-тогаш играчот излегува од игра и следува друг од неговиот тим. Штом поминале на ред сите членови од едната екипа ,екипите си ги заменуваат положбите за игра. На крајот се пребројуваат поените и се прогласува победник. Наставникот преку следење на играта добива сознанија кој колку постигнал од целите по ЗО. Следува работа во Тool Kids каде имаат задача да ги уредат дрвцата соодветно на годишното време претставено на сликите.

ЗАКЛУЧОК:  

 

   

Учениците преку игра вежбаа културен однос и соработка со постарите лица од кои многу може да се научи. Вежбаа слободна комуникација, активно слушање на соговорникот ,прераскажување на доживувања,правилно поставување на прашања ,извлекување на заклучоци и поуки применливи во секојдневниот живот. Вежбаа мерење,проценување и споредување димензии искажани со нестандардни мерки(педа,чекор,прст,Челик,Чомак) Бележеа податоци(поени)во Microsoft Office Word со користење на алатката за цртање готови форми ...Пребројуваа поените и проценуваа кој е победник според бодовна состојба на двете споротиставнеи групи. Утврдувааа на стекнати знаења од изучените теми по Запознавање на околината. Развиваа свест за грижлив однос кон природата. Соработуваа со повозрасните и учеа од нив ни позитивни примери. Креативно се изразуваа во Tool kids едукативен софтвер за деца.


ДЕЛ ЗА НАСТАВНИКОТ: Играта е природна потреба на детето која мора да биде задоволена на оваа возраст за да се задржи вниманието на ученикот и да се постигнат планираните цели.Играта Челик овозможува проверка на стекнати знаења низ метод на игра и така на еден ненаметлив начнин наставникот има прилика да ги провери постигаањата а учениците не се ставени во позиција на несигурноси и стравприсутни појави при класично испитување.

ОБРАЗОВЕН ЛИНК Според замислата и планот на наставникот играта Челик лесно се насочува и прилагодува за проверка и постигање на цели од повеке наставни предмети од програмата за прво одделение. Наместо поени кои се добивааа и собираат, наставникот во прво одделение може да додаде нови правила и моменти на игра при кои учениците ке одговаараат подготвени прашања слично на Квизнатпреварите кои ги користи за таква цел во досегашната пракса. Ученикот може да добие задача да извлече буква од купот букви поставени на линијата до која замавнал со стапчето...да ја именува...да каже предмет на таа буква..да го нацрта предметот во Paint... Може да извлече збор од куп зборови поставени до линијата до каде замавнал...да ги изброи буквите..да каже лпка е прва буква во зборот.....да го напише Зборот во Word. Moже да одгатнува гатанка....да каже антоним на иазвлечен збор..да каже реченица за извлечена сликичка...да опиже извлечена слика со повеке реченици и да измисли приказна за неа... и низа други слични примери на прилагодување на класичната игра ЧЕЛИК. По завршувањето на играта може да се спроведе Говорна вежба иРаскажување на доживувања и нивно илустрирање .

ЧЕЛИК НА КОМПЈУТЕР    

 

Ученикот од прво одделение може да бележи и брои поени во Word. Да ја нацрта шемата на играта во Paint За време на играта може да добие задача да нацрта предмет на дадена буква во Paint..да избрише апликации поставени во Word кои не одговаараат на извлечената буква... Може да црта во Paint зимзелени и листопадни дрвја,добро и лошо еколошко поведение на деца во природа,..да ги испечати изработките со помош на наставникот и да состават тематска сликовница. Може да класифицира слики расфрлани по работна површина во две папки со влечење(зимзелени и листопадни дрвја) Преки Sкype може да разговара со другарче од друго училиште и да ги опише правилата на игра(Говорна вежба-Раскажување по сеќавање)

наставник Весела Богдановиќ


прилог број 1

ЧЕЛИК Потребен материјал за игра: 1 тенок дрвен стап во должина од 1 метар. 1 тенок дрвен стап во должина од 25 cm со зашилен врв од двете страни.

Потребен простор за игра: Широка земјена површина со широчина од 25 метри, а должина може да биде и до 100 метри. На секои десет метри се обележува линија на која се запишуваат поени. Види пример

100

200

300

400

500

Во земја е потребно да се издлаби долгнавеста длабнатина во длабочина од 10 cm, широчина 5 cm, а долга 25 cm.

Краткиот стап наречен челик се поставува над издлабена во земја длабнатина која има форма на правоаголник и се поставува под прав агол со подолгите страни од правоаголникот (вдлабнатината). Оваа игра е групна, во неа можат да бидат вклучени повеќе деца, а се препорачува до 10 играчи поделени во две групи (5 + 5). Кој прв започнува:


За да се определи која група ќе ја започне играта, еден учесник го фрла стапот во височина, а потоа го фаќа со една рака. Учесник од спротивниот тим го фаќа стапот над раката на другарот. Рацете на овие две другарчиња се поставуваат една над друга додека не се дојде до крајот на дрвениот стап. Ученикот кој го држи стапот мора да го стиска силно, затоа што другиот ќе се се обиде со малиот дрвен стап – челикот – да го завлече големиот дрвен стап, за да му падне. Тоа не е удар, туку забавено туркање на стапот од раката. Ако падне големиот дрвен стап, играта први ја започнуваат оние кои успеале да го бутнат, во спротивно играта ја започнуваат оние играчи кои се од страната на момчето кое го држел стапот.

Правила на игра: Играта ја започнува едно момче кое го удира челикот кој е наместен како на сликата подолу. Тој се обидува да замавне со подолгиот дрвен стап одоздола, под челикот и да го крене во воздух, замавнувајќи го далеку.Момчето стои во место и гледа. Момчињата од спротивната екипа се наместени како на сликата и се обидуваат да го фатат челикот. Ако го фатат со раце, ова момче – удирач излегува од игра и продолжуваат неговите соиграчи. Значи не ја губат партијата, туку се менува удирачот.

100

200

300

400

500

Ако успешно се фрли челикот, тој лета во воздух и паѓа на земјата. Се мери до која ообележана линија е поблиску и се бележи бројот на поени. Секој играч од групата треба да го фрли челикот за да на крајот се соберат вкупно поените на целата група. Потоа се менуваат местата и играат учесниците од спротивната група. Победник е онаа група која ќе собере најмногу поени, односно победуваат оние деца кои најдалеку го фрлаат челокот.


прилог 2 Апликациите расфрлани надвор од облачето се поените на вашата група.Со секој освоен поен повлекувајте апликација во победничкото облаче.

в

вв

Број на поени -------------


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.