2 . Lesson
Б’ззз…Б
Интегриран ден БРм,брм,лет-лет-кпј на тревакпј на цвет
I Одделение Време за реализација Два часа
Македпнски јазик,Заппзнаваое на пкплината,Ликпвнп пбразпвание
ИКТ Метпди – Игра,игра на улпги,разгпвпр,илустарција,депнстаритвна метпда,истражуваое
Internet(YouTube клиппви за инсекти)Bing пребарувач One Note aplikacija na Microsoft Office Sky Drive Windows live mail
ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ПОСТИГНАТ УЧЕНИЦИТЕ: Да умеат да раскажуваат и анализираат слушнат текст.Да се оспособат за извлекување на поука од текст и поврзување со примери од секојдневниот живот. Утврдување на претстава за поимот ИНСЕКТИ Да разликуваат кои се инсекти ,да ги опишуваат,да знат нивни основни карактеристики,корист или штета од нив. Да се навикнат на учење во природна средина и доагање до знаење преку истражување и користење на различни извори на информирање(користење на Енциклопедии,списанија,Интернет,кажувања на други лица) Да се развива и насочува хуман однос кон живиот свет и позитивен однос кон природата во насока на нејзино користење без оштетување. -Да умеат да препознаат инсекти помегу повеке апликации поставени во One Note и да го бришат тој што не припага да биде помегу инсектите. Да умеат ликовно да се изразуваат и да ја покажуваат својата креатвност со користење на можностите за цртање и боење на One Note апликацијата со цел споделување на своите изработки со другарчиња од други училишта и пред своите родители во домот.
ВОВЕД ВО АКТИВНОСТ Ja играме играта-“ЛЕТА-ЛЕТА” за поттикнување весела и опуштена атмосфера и вовед во следните активности преку игра која е секогаш со радост прифатена.Потоа играта добива ново име и се вика-“Инсект е...инсект е...”за да стекнат децата правилна претастава за поимот и да умеат да направат разлика помегу инсекти и птици.
ЗАДАЧИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: (Поради возраста на учениците наставникот е соученик и активно ги насочува сите активности.Самостојното следење на поставени линкови за пребарување на оваа возраст не е во интерес на времето кое ни стои на располагање па затоа наставникот го води процесот а учениците стекнуваат претстава како и каде може да се дојде до информации за дадена тема која ни е од интерес.)
-Го раскажуваме текстот “Комарец и пајак”кој го учевме минатиот ден. -Извелекуваме поука од текстот и разговараме за карактеристиките и особините на инсектите за кои се зборува. -Поуката која ја извлековме ја поврзуваме со примери од животот на лугето. -Разгледуваме слкички од албумот”Животинско царство” и истовремено преку Бинг пребарувач пронаогаме слики и ги и опишуваме инсектите. -Во природно опкружување разгледуваме и опишуваме гумени модели на инсекти и со помош на видео клипови од You Tube децата стекнуваат претстава за изгледот,исхраната и карактеристиките на инсектите во нивната природна средина на живеење. Активно слушаат и ги меморираат правилата на играта која ке ја играме а сме слушнале за неа од нашите баби и дедовци. Ја играат играта “Бззз…”со почитување на правилата -Во играта додаваме мала измена и ја играме со помош на гумените модели па на тој начин именуваме инсекти и повторуваме за инсектите . -За време на прошетка во блиската околина пронаогаат инсекти и ги опишуваат.Разговараат за нивните живеалишта,користа и штета од нив. -Во One Note апликација бришат апликации кои не се инсекти а се поставени на слика подготвена од наставникот. -Во One Note апликација цртаат и обојуваат инсекти според пример апликација поставена на секоја стана.(прилог број 1) -Со помош на ученици ментори ги споделуваат своите израбoтки преку Sky Drive со неколку родители и другарчиња од соседното село.
РЕСУРСИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ(Со нив раководи наставникот поради малата возраст на учениците) http://www.youtube.com/watch?v=_lFzDQkOcYU&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=qNdo084s4eA&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=7Iennsc5xWs&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=gIwzscH0jwA
ПРОЦЕС: (Поради возраста на учениците најголем дел од Процесот е воден од страна на наставникот или ученици-ментори кога се во прашање планирани активности кои бараат истражување,читање и примена на ИКТ.) -Го раскажуваме текстот “Комарец и пајак”кој го учевме минатиот ден. Извелекуваме поука од текстот и разговараме за карактеристиките и особините на инсектите за кои се зборува. НЕ ТРЕБА СЕКОМУ ДА ВЕРУВАМЕ е поуката за која малку разговараме и си раскажуваме наши примери кога некој нас не излагал. Како, зошто и со што пајакот ја плете својата мрежа е тема околу која добиваме интересни одговори и размислувања. Потоа разгледуваме сликички од албумот”Животинско царство” и преку читање од страна на наставникот се запознаваме со дел од содржините кои ја задоволуваат детската љубопитност. Истовремено преку Бинг пребарувач пронаогаме слики и ги и опишуваме инсектите претставени на нив. СЛЕДУВА РАБОТА НА ОТВОРЕН ПРОСТОР Во природно опкружување ,во самиот двор на училиштето разгледуваме и опишуваме гумени модели на инсекти и со помош на видео клипови од You Tube децата стекнуваат претстава за изгледот,исхраната и карактеристиките на инсектите во нивната природна средина на живеењеУчениците се пресрекни што и компјутерот може на прошетка во дворот каде со негова помош добиваме нови непознати информации. ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ИГРАТА-Б’ззз Активно слушаат и ги меморираат правилата на играта која ке ја играме а сме слушнале за неа од нашите баби и дедовци.Презентирањето може да биде од страна на наставникот,ученици ментори или поканет гостин(бабичка или дедо кои ја играле играта) Потоа ја играме играта “Бззз…”,внимаваме на правилата. Детален опис на играта претставен е во Прилог1. -Во играта додаваме мала измена и ја играме со помош на гумените модели па на тој начин именуваме инсекти и повторуваме за инсектите и станува уште поинтересно. Учениците се насочуваат кон почитување на правила,прифакање на пораз и радување на туѓа победа. ПРОШЕТКА ВО БЛИСКАТА ОКОЛИНА За време на прошетка во блиската околина пронаогаат инсекти и ги опишуваат. Разговараат за нивните живеалишта,користа и штета од нив.Преку разговор
доагаме до заклучоци дека треба да се има позитивен однос кон живиот свет...Да не се уништува ничие живеалиште кое со труд е направено...Да не загадува околина нити да се кршат гранки додека се прeстојува ,учи или игра во природна околина. Уште неколку пати ја играат играта Бззз имитирајки разни инсекти. СЛЕДУВА РАБОТА ВО ONE NOTE(пример-прилог број 1) -Во One Note апликација бришат апликации кои не се инсекти а се поставени на слика подготвена од наставникот.Работаат во две групи и се помагаат мегусебно .Водат разговор и во некои моменти дури и применуваат гласање за да се согласат околу тоа дали апликацијата која е спорна во мометот претставува птица или инсект. На овој начин наставникот стекнува претстава кој ученик колку научил на ненаметлив начин на испрашување и проверка. -Во One Note апликација цртаат и обојуваат инсекти според пример апликација поставена на секоја стана. -На крајот со помош на ученици ментори ги споделуваат своите израбoтки преку Sky Drive неколку родители и другарчиња од соседното село со кои наставникот остварил контакт и се договорил за соработка.Преку поштата Windows Live добиваат повратна информација од страна на оној кој ги видел цртежите а писмата им ги чита ученик-ментор од петто одделенеие.
Кибритче на комјутер: Слична комбинација за оваа игра може да се прилагоди со примена на комјутер, доколку учениците ги распределиме да играат во парови. Тие отвораат празен документ в се проверува точноста на збирот, во зависност од возраста на учениците може
ЗАКЛУЧОК: Учениците донесуваат заклучок дека успеале низ игра да ги утврдат своите претстави за инсектите,да и разликуваат и да не ги поистоветуваат со птиците како што беше случај пред почетокот на овие активности. Треба да се има позитивен однос кон живиот свет...Да не се уништува ничие живеалиште кое со труд е направено...Да не загадува околина нити да се кршат гранки додека се прeстојува ,учи или игра во природна околина. Знаат многу повеке податоци и имаат одговор на многу прашања.Научија дека информации може да се добијат на повеке начини и од повеке извори . Додека работеле ги употребиле алтките за цртање и боење на One Note апликацијата.Користеле Интернет за учење преку видео клипови.Bling пребарувач за учење преку фотографии.Стекнале претстава како може нивните изработки да ги види некој кој е далеку и колку брзо може да стигне повратна информација преку електронско писмо.
ДЕЛ ЗА НАСТАВНИКОТ:
Играта не бара голем простор за играње нити посебни услови и реквизити за нејзина реализација со што ја прави мошне погодна за изведување во секој момент. Може да се користи како енергенс за време на утринската средба но и во воведен главен или завршен дел на часови при кои учениците усвојуваат содржини и цели кои бараат повеќе време за работа во едно место а природната потреба на детето за игра би можела да се задоволи со кратка пауза исполнета со играње на играта бззз....
Образовен линк: Играта е лесно прилагодлива за остварување на голем дел од цели од наставните предмети во прво одделение. Со нејзино прилагодување и додавање на нови елементи може да се користи на различни часови.Освен веке наведениот пример на примена играта Бззз може да се искористи на часовите по запознавање на околината за наставна соджина домашни и диви животни. Децата можат да ја изведуваат играта во која наместо бззз... би имитирале гласови на животни а оној кој погодува кој го допрел наместо името на другарчето треба да го погоди името на имитираното животно и да каже се што знае за него.
На комјутер Во зависнот со која тема и наставна содржина е поврзана играта на конкретниот час на компјутер учениците од прво одделение ке можат да илустрираат во Paint а потоа со печатење на цртежите да состават тематска сликовница…Да класифицираат слики од домашни и диви животни во папки на работна површина со влечење.Да уредуваат слика –Селски двор во Word работен лист со поставување на животните до своето младенче.
да се користи функцијата за собирање од excel или кал уатор ако се помала возраст учениците.
наставник
Весела Богдановиќ
ПРИЛОГ БРОЈ 1