IN MED I
AS RES
број 6 април 2 021
65 години ПОСТОЕЊЕ
Весник на учениците од СОЗШУ„Ѓорче Петров “ Кавадарци
ИМПРЕСУМ Весник на учениците на СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци Издавач: СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци За издавачот: Горан Велковски, директор на училиштето Главен и одговорен уредник: проф. Владко Тасев Редакција: Учениците на СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци Издавачки совет: Горан Велковски, Владко Тасев, Лилјана Георгиева, Коле Станоев Дизајн и графичко техничка обработка: проф.Владко Тасев Печати: „Еко колор компани“ Кавадарци Адреса: СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Ул. “Шишка“ 23 Кавадарци KОН ОВОЈ БРОЈ Тел: 043 412 180 Факс. 043 412 910 Оваа година е значајна за нас, како училиште и како E-mail: zsuckavadarci@t-home.mk почитувачи на делото на револуционерот Ѓорче Петров, inmediasres.sozsu@gmail.com чие име со гордост го носиме. Новото, шесто издание на весникот „In medias res“ е инспирирано од двоен јубилеј, кој со радост го одбележуваме. Тоа се 65 годишнина од Содржина: постоењето на СОЗШУ и 156 годишнина од раѓањето на 1. Насловна Ѓорче Петров. 2. Импресум По тој повод, подготвивме јубилејно издание на весникот. 3. Интервју со директорот, Горан Велковски Овој број ќе има монографски карактер и ќе вклучи 4. Ѓорче Петров-100 години симбол на слободата значајни настани и промени што се случиле во 5. Реновирање на училиштето претходните години од постоењето на нашето училиште. 6. Ден на училиштето 7. Проекти, меѓународни соработки 8. Проекти, меѓународни соработки 9. Носталгија и спомени 10. Образовно рандеву МАССУМ 11. Вински приказни 12. Практична настава 13. Унапредување на наставниот процес 14. Настава од далечина 15. Културни активности 16. Уредување на околината 17. Стипендии и награди 18. Поетски клуб 19. Ова може да биде твоја приказна 20. Постер
Досегашните периодични изданија на училишниот весник и монографијата на училиштето.
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
2
65 години постоење
Интервју со г-дин Горан Велковски, директор на училиштето По повод Денот на училиштето, го посетивме директорот, г-дин Горан Велковски, со намера подобро да им го претставиме на читателите директорот, неговата работа во изминатиот период, како и плановите за следниот период. In medias res: - Господине директор, вие сте на чело на нашето училиште повеќе од три години. Може ли да им се претставите на нашите читатели за подобро да ве запознаат?
Директор: - Најнапред би сакал да ве поздравам, драго ми е што сте овде. Во училиштето сум веќе 15 години како професор, а последниве три години како директор. Мојата цел е да се подобрат условите за настава на сите можни начини како и да се промовира нашето училиште, не само во Кавадарци туку и пошироко. In medias res: - Во периодот од почетокот на пандемијата до сега забележавме дека се направени многу промени во нашето училиште. Mожете ли подетално да не запознаете со нив? Директор: – Со оглед на ситуацијата со пандемијата наставата се одвива од далечина, а ние се потрудивме максимално да го искористиме овој период за реконструкција на сите потребни работи во училиштето, кои досега недостасуваа, се разбира со поддршка од Локалната самоуправа на град Кавадарци и од сите меѓународни организации од кои добивме грантови. Конкретно најголема инвестиција е промена на покривот и фасадата, а исто така се изведе замена на подовите во целото училиште, внатрешно се реновираа неколку кабинети, а горди сме и со новата лабораторија изработена за фармацевтската струка која е една од подобрите во државата. Се разбира во периодот кој што следи, додека училниците се празни, ќе се продолжи со подобрување на сите други услови во училиштето. In medias res: - Каква е соработката со родителите, Локалната самоуправа и стопанските субјекти од Кавадарци и пошироко? Директор: – Ние како раководна структура во училиштето, не само јас како директор туку и сите други максимално се трудиме да ги подобриме сите други аспекти на функционирање на училиштето. Еден дел од тоа е соработката со родителите и Локалната самоуправа кои се вклучени во сите работи кои што се одвиваат во училиштето. Во последните две години зголемена е соработката со стопанските субјекти, имаме склучено меморандум со 10 компании каде што нашите ученици ја изведуваат практичната настава, која, за жал, заради пандемијата е одложена. Како најзначајни би ги истакнал: Национални шуми, Гоце Делчев и Тиквеш кои не само што им пружија можност на нашите ученици за практична настава туку и ги стипендираа и имаат еден вид загарантирано вработување. In medias res: - Нашите читатели веројатно ќе бидат заинтересирани кои се вашите планови за следниот период. Кои се најважните моменти во блиската иднина на нашето училиште? Директор: - Во последните години бројот на нови ученици е зголемен за 70%. Се надеваме дека со подобрување на условите оваа бројка ќе се зголеми и ќе привлечеме што повеќе ученици. Во зависност од ситуацијата ќе продолжиме да работиме на подобрување на изгледот на сите кабинети, како и сите останати потреби на училиштето. Нормално училиштето е постојано отворено за сите предлози од ученичката заедница кои редовно се прифаќаат. In medias res: - На крајот од овој разговор, би сакале да ви се заблагодариме за времето и да ве замолиме да испратите порака по повод денот на нашето училиште? Директор: - Ја користам оваа прилика да им го честитам Денот на училиштето на сите наши ученици, родители и вработени, секако и на нашите драги пензионери, а на студентите во следните периоди од нивното школување им посакувам многу успех. СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
3
65 години постоење
Ѓорче Петров - 100 години симбол на слободата
Ѓорче Петров, целосно име Георги Петров Николов (2 април 1865, с. Варош, Прилепско - 28 јуни 1921, Софија, Бугарија) — македонски професор, публицист, историчар, идеолог н а М а к е д о н с к а т а револуционерна организација. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Како учител во Скопје (1888–1891) соработувал со митрополитот Те о д о с и ј Го л о г а н о в и ј а поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Бил професор во Битола (1891–1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895–1897). Основал повеќе р е в ол у ц и о н е р н и г р у п и и кру жоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, К ру ш е во , К и ч е во , Ре с е н , Леринско и Костурско). Бил член на Централниот комитет на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО. Ја објавил книгата Материјали по изучувањето на Македонија (Софија, 1896)...
Ликот на нашиот патрон, големиот македонски револуционер Ѓорче Петров е овековечен со спомен бистата која е дело на проф. Кирил Мукаетов.
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
4
65 години постоење
Реновирање на училиштето Во периодот од септември 2019 година, а завршно со патрониот празник (март) е извршена комплетна обнова на училиштето . Нов покрив и енергетски ефикасна фасада доби СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, едно од најст арите училишт а во општината. Во ова училиште со проектот кој го финансираше Кралството Норвешка се обезбедија подобри услови за настава на 250 ученици кои се образуваат во областа на земјоделството, шумарството и здравството. Вкупната вредност на извршените градежни зафати изнесува 84 илјади евра. 80 илјади евра се грант од Норвешката амбасада во земјава, а 4 илјади евра ги обезбеди општина Кавадарци. Со ова овозможивме, едно од најстарите училишта од средна стручна спрема да има добри услови. Самите ученици да имаат подобра животна средина. Претходно кровот беше азбестен с е г а е с о мат е р и ј а л и ко и с е безбедни. Ф а с а д ат а е е н е р ге т с к и ефикасна и постигнавме околу 40% заштеда на енергија. Со тоа овозможуваме добра иднина за ова училиште, за кое во изминативе две години имаме зголемен интерес од учениците“. На училишната зграда инсталирани се 1200 м2 термоизолациона фасада и се изврши промена на 1500 м2 азбестен кров. Градежните работи се изведуваа во изминативе четири месеци. Гр а н т о т з а о п ш т и н а Кавадарци е еден од четирите грантови за инфраструктурни про екти доделени на четири општини преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна М а кед о н и ј а , с п р о вед у ва н од Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги УНОПС. Ур е д е н а е и х е м и с к а лабораторија според најмодерни стандарди во светот. СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
Извршено е реновирање на с и те с а н и та р н и ј а з л и в о училиштето. Процесот на подобрување на условите за учениците и наставниците е унапреден и со реновирање на ходниците и училниците.
5
65 години постоење
Ден на училиштето Патрониот празник на СОЗШУ „Ѓорче Петров” се прослави к омбинирано во просториите на училиштето и во домот на култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци. Во четврток, 05.03.2020 година во спортската сала, по овој повод, се организираа натпревари по соодветните струки што се застапени во училиштето, како и спортски натпревари во кошарка меѓу екипи на наставници од средните училишта и во одбојка меѓу женски екипи на ученици од средните училишта. Во училиштето, пред бистата на патронот се одржа историски час посветен на животот и делото на Ѓорче Петров, Во петок, 06.03. 2020 година се положи свежо цвеќе на бистата на патронот, а во 17.00 часот во галеријата на домот на културата беше истакната изложба на предмети и слики од активности во училиштето. Во 18.00 часот во големата сала на Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци започна свечената седница по која следеше богата културно уметничка програма подготвена од учениците и нивните ментори. Директорот, господин Горан Велковски ги поздрави присутните и даде краток осврт на досегашните постигнувања на Земјоделско – Шумарското Училиште и плановите за идните развојни планови на училиштето, а воедно им изрази признание на сите соработници, во знак на благодарност, за помошта и поддршката во возвишената мисија што ја спроведува нашето училиште. Професор Љупчо Бинов, претседател на училишниот одбор, ги додели јубилејните награди за успешна работа во воспитнообразовниот процес во нашето училиште. Како дел од свечената седница следуваше неофицијален, забавен дел од оваа свеченост кој претставува музичко - балетски и драмски коктел што го подготвија талентираните млади луѓе кои се школуваат во нашето училиште. На наше огромно задоволство изведовме и целовечерна драмска претстава направена според делото на Јован Стерија Поповиќ „Покондирена тиква“ во адаптација и режија на Микица Илова. Домот на култура „Иван Мазов –Климе“ Кавадарци секогаш ни дава несебичната поддршка во сите наши проекти. Оваа свеченост беше еден од најубавите настани што ни се случија минатата година и долго ќе ни остане во сеќавање. СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
6
65 години постоење
Проекти, меѓународна соработка....
На 24 фебруари 2020 делегација на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, беше во работна посета на Средња школа за околиш и дрвни дизајн, Сараево, Босна и Херцеговина. Посетата беше во функција на соработка и размена на ученици и наставници од овие три училишта со неколкудневен престој и изведување на активности поврзани со соодветната струка во рамките на проектот „Exchange for the Future“ кој го финансира RYCO (Regional Youth Cooperation Office). Меморандумот за соработка беше потпишан на 28 јануари 2020 година во Краљево, Република Србија. меѓу трите сродни училиште од Западен Балкан од областа на шумарството и дрвопреработувачката индустрија: Шумарска школа – Краљево, Република Србија, СОЗШУ Ѓорче Петров од Кавадарци. Република С. Македонија и Средња школа за околиш и дрвни дизајн. Сараево, Босна и Херцеговина. Овој престој во Сараево на наставници и ученици од нашето училиште е почеток на една плодна соработка. Оваа соработка ќе се состои од размена на ученици и наставници од овие три училишта со неколкудневен престој и изведување на активности поврзани со соодветната струка. Секако покрај стручните знаења учесниците во овој проект ќе разменуваат и културолошки специфичности.
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
7
65 години постоење
Проекти и меѓународни соработки На 13 септември 2019 год. започна првата фаза од реализацијата на меѓународниот проект Green Guard од програмата Erasmus+ . Ш е с н а е с е т у ч е н и ц и од з е м ј од е л с ко ветеринарната струка и двајца професори заминаа во Италија, во областа Умбрија во близина на градот Перуџа. Тие престојуваа 2 недели во Италија. Втората фаза се реализира во месец Ноември со в т о р а т а г р у п а о д 1 6 у ч е н и ц и о д ш у м а р с ко дрвопреработувачката струка.
Во периодот од 08. до 10 ноември 2019 година, делегација од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци, беше во посета на Средња пољопривредна и прехрамбена школа од Сомбор, Република Србија. Посетата беше по повод патрониот празник на ова училиште. На прославата присуствуваа и делегации на сродни училишта од Александровац, Горажде и Нови Сад. Оваа конструктивна средба се одвиваше во пријателска атмосфера во насока на продлабочување на создадените врски во полза на натамошна соработка која би се состоела во размена на ученици и наставници од овие училишта.
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
8
65 години постоење
Носталгија и спомени.... На 7 јули 2020 год, во посета на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци беше Министерот за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство - Трајан Димковски. Министерот Димковски. Тој пред 35 години бил ученик во нашето училиште и со задоволство се потсети на школските клупи, училници, ходници и работни простории каде престојувал 4 години. Нашето училиште е гордо, на ваквите успешни животни приказни. Во минатото и сега, нашето училиште било единствено во државата, со застапеноста на некои профили. Заради тоа, ученици од цела Македонија доаѓаат на школување, токму кај нас. Приказната за СОЗШУ „Ѓорче Петров“ продолжува, но со нови актери. Учениците и наставниците се менуваат, но целтта останува иста: Да создадеме стручњаци кои успешно ќе се носат во областа на Земјоделието, Шумарството, а сега и во Медицината. - Денеска повторно седнав во училишна клупа, во Средното Општинско Земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Петров” во Кавадарци. Пред 35 години јас учев во ова средно училиште. Тие денови ми се едни од најубавите во животот, но за тоа сите ние стануваме свесни дури откако ќе завршат. Ова училиште како воспитно образовна организација за средно образование од посебен општествен интерес, има значајна улога во оспособувањето на кадри од земјоделска, шумарска и дрвопреработувачка струка. Младите луѓе коишто се образуваат во ова училиште, а припаѓаат на различни култури и етникуми, се оспособуваат за работа и живот. Тие понатаму чекорат во животот давајќи го својот придонес во општеството. Ова училиште во последните три години бележи зголемување на бројот на запишани ученици. Младите луѓе сфаќаат дека земјоделското производство е меѓу најблагородните професии бидејќи тоа значи производство на храна. Им посакувам понатамошен успех и на училиштето и на сите млади луѓе кои одбрале овде да се образуваат во најубавиот период од нивниот живот. Заслужувате и можете! СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
9
65 години постоење
Образовно рандеву - МАССУМ Иако ситуацијата со корона вирусот го искомплицира одржувањето на Образовното рандеву 2020 сепак се случи некласично одржување кое ја продолжи традицијата на овој најмасовен средношколски собир. Универзитетот ФОН овозможи платформа на која одделни натпревари се реализираа електронски. И во оваа состојба во услови на пандемија посветеноста на МАССУМ сепак успеа да ја одржи оваа важна манифестација што стана младински национален бренд. Еве ги резултатите од on-line Образовното рандеву 2020 во кои учествуваа ученици од нашето училиште и постигнаа солидни резултати во голема конкуренција. Резултати од конкурсот за Најдобра поетска творба: 8. Ученик: Розе Милкова Ментор: Влатко Тасев „Кампување на месечината' 9. Ученик: Валерија Пашова Ментор: Влатко Тасев „Чувства“
Спомени од Образовното рандеву во Кичево 2019 година
Резултати од натпреварот за јавен говор: 8. Розе Милкова, поени 80 Ментор: Влатко Тасев Резултати од натпреварот за Најдобра фотографија 11. Борис Бојаџиев 25. Розе Милкова Ментор: Ѓоко Тодоров
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
10
65 години постоење
Вински приказни...
Традицијата треба да се чува и одржува и во услови на пандемија. Трајноста на основните вредности е резултат на посветеноста на институциите. СОЗШУ “Ѓорче Петров" од Кавадарци го негува овој обред, со почит кон природата и животот. (14 фебруари 2021) СОЗШУ „Ѓорче Петров“- е училиште препознатливо по меѓународните проекти. „Европски вински патишта“ Активен проект од програмата Erasmus+, кој продолжува и во учебната 2020/21 год
На 5 декември 2020 година во регионалниот вински музеј во Кавадарци се одржа Тиквешки вински салон, презентација на малите семејни винарски визби. Нашето училиште, кое е расадник за идни енолози, а во чии простории и во рамките на наставниот процес се произведува врвно вино од сопствени лозови насади, зеде учество во оваа манифестација. СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци е секогаш во тек со актуелните настани поврзани со струките кои се изучуваат во него. Тиквешкиот гроздобер е манифестација од меѓународен карактер, а нашето училиште редовно и масовно учествува во сите сегменти од овој значаен настан. Промовирајќи ја винскатта култура СОЗШУ е еден од клучните субјекти во унапредувањето на земјоделството и винарството во нашиот град. Носителите на воспитно - образовниот процес безрезервно и перманентно, во континуитет го пренесуваат своето знаење и искуство на младите луѓе кои својата животна определба одлучиле да ја пронајдат во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
11
65 години постоење
Практична настава
Ученици со својот ментор изведуваат практична настава во наставната шума во месноста Михајлово во која се наоѓа и планинска куќа за сместување на ученици и наставници од СОЗШУ. Во аптека РЕМЕДИА-М се одржа практична настава со идните фармацевтски техничари од СОЗШУ ”Ѓорче Петров” - Кавадарци. Во текот на часот тие беа запознаени со аптеката и тековното работење во неа. Аптека Ремедиа-М им пожели успешен старт на младите фармацевтски техничари и многу успех во иднина.
Практична настава со физичко присуство на ученици од СОЗШУ,, Ѓорче Петров" Кавадарци, од Земјоделско - ветеринарна струка, профил лозаро - винарски техничар, со почитување на здравствени протоколи. Полнење, затворање и етикетирање на репрезентативни млади вина од училишната мини винарија, подготвени за винска промоција заедно со винарските здруженија од нашиот град.
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
12
65 години постоење
Унапредување на наставниот процес Во просториите на СОЗШУ „Ѓорче Петров” Кавадарци редовно се одржуваат предавања, обуки и семинари на разни теми поврзани со наставниот процес. Целта на предавањата е да го свртат вниманието кон веќе во голема мера занемарената воспитна и образовна функција во нашите училишта, да им помогне на наставниците да ги идентификуваат причините за недисциплинираното и асоцијално однесување на учениците, да ги унапреди техниките, моделите и стратегиите за полесно справување со образовно – воспитните проблеми, како и да ги запознае наставниците со светските искуства на овој план, односно како развиените земји во светот ( САД, Канада, Норвешка, Шведска и др.) се справувуваат со овие проблеми. Целна група на проектите се наставниците и педагошко-психолошката служба во училиштата. Секако, бидејќи физичкото присуство е оневозможено заради пандемијата, се организираат онлајн семинари или т.н. вебинари, на кои исто така се вклучени голем број наставници.
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
13
65 години постоење
Настава од далечина - предности и недостатоци Поради настанатата ситуација со вирусот Ковид-19, СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци од неодамна започна процес на интерактивни предавања преку интернет за своите ученици. СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци долго време користи електронски платформи за комуникација и работа со учениците, па така ова не претставува особен проблем. Наставата се одвиваше преку неколку платформи и тоа преку групи на социјалната мрежа Facebook, кои всушност претставуваат поединечни класови и на платформата за поставување наставни материјали Moodle. Сите потребни материјали беа поставени на платформата Moodle, а за директна комуникација со учениците се користеше ZOOM, а од почетокот на новата учебна година се користи платформата Мicrosoft-teams . Со ова на учениците им овозможуваме да се продолжи со образовниот процес и во една ваква вонредна ситуација. Учениците добро го прифатија новиот начин на работа и се надеваме дека ситуацијата многу бргу ќе се врати во нормала и ќе можеме да продолжиме со наставата во училниците, каде што е и вистинското место за овие важни животни
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
...Мојот шестнаесетти роденден се претвори во ден кога за последен пат во 2020 година бев навистина на училиште? Токму на овој ден во нашата држава беше прогласена пандемија. Да! Пандемија, како во филмовите. Сите бевме исплашени, не излегувавме од дома, практикувавме социјална дистанца, носење маски, соочување со т.н. „Online“ настава и што ли уште не. Грозно, зар не? Но оваа пандемија ни покажа дека треба да поминуваме повеќе време со семејството, да се почитуваме и да си помагаме едни со други, едноставно ни ја покажа вредноста на животот и научивме како повеќе да го цениме нашиот живот. Се надевам дека што побрзо ќе помине сето ова и ќе се врати нормалниот начин на живот. Животот во кој нема да има потреба од оддалечување од пријателите и од другите луѓе и во кој ќе можеме повторно да одиме навистина на училиште и слободно да се движиме низ светот. Мери Ѓорѓиева
14
65 години постоење
Културни активности... На 26 февруари 2020 година во СОЗШУ „Ѓорче Петров” Кавадарци во соработка со претставници од МВР се реализира едукативна работилница на тема: „Спречување на насилството“.
На 19 февруари 2021 година, по повод Светскиот ден на мајчиниот јазик, СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци подготви рецитал кој беше изведен во просториите на Библиотека „Феткин“ од Кавадарци Покрај „видливиот интернет“, постојат и други два дела од интернетот за кои ретко се зборува. Во прашање се „Deep Web“ и „Dark Web“. За подобра едукација на учениците за овој тип на интернет, како и за претпазливоста на неговото користење, на часовите по македонски јазик и литература во прва година под менторство на професорот Владко Тасев и училишниот психолог Валентина Мукаетов се спроведоа едукативни работилници.
На 30 мај 2019 година учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров„ - Кавадарци изведоа хуманитарен перформанс кои го нарекоа „Иднината зависи само од нас“ во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, поддржан од УСАИД. На 27 септември 2019 во Велес во општинската сала беше одржана дебата на тема "Учиме за НАТО" во организација на центарот за евроатлански интеграции и на истата учествуваа повеќе средни училишта од регионот.
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
15
65 години постоење
Уредување на околината
- Цвеќето е украс на природата и неговата убавина не признава ограничувања. И во овие апокалиптични тешки времиња за човекот тоа е тука за да не охрабри и утеши. Цветот, кој се одгледува во оранжериите на нашето училиште нуди надеж за иднината!
Во времето на Ковид-19, кога учениците не можат да ја изведуваат практичната, професионалната и феријалната практика, вработените од училиштето самите се грижат за добриот изглед на училишниот двор.
Општина Кавадарци заедно со СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци аплицираше и обезбеди средства во висина од 190.000 ден за подигање и озеленување на нови зелени површини. Средствата се обезбедени од Влада на РСМ и истите се искористија за падигање на нови површини во дворот на СОЗШУ кои ќе служат за наставно научни цели и за производство на нов посадочен материјал. Површините се во вид на леи и во нив се посадени околу 40 различни видови на дрвја и грмушки. СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
16
65 години постоење
Стипендии и награди На мала свеченост, според протоколите за заштита, беа доделени стипендиите за најуспешни ученици од нивната струка. Училиштето е отворено за многу надворешни лица и стопански организации со кои соработува за подобро изведување и усовршување на наставниот процес како стручно средно училиште и профилирање на млади, едуцирани кадри. Постои отворена соработка со сите основни и средни училишта од нашиот град и пошироко низ РМ, а исто така и соработка со високошколските образовни институции. Соработката се проширува и остварува и со стопанско- производните субјекти од нашиот град и пошироко, со локалната самоуправа, со невладините организации, а имаме и плодна соработка со електронските и печатените медиуми заради целосна афирмација и промоција на нашето училиште. Овде постојано се вложува во знаењето и напредувањето. За таа цел потпишани се неколку меморандуми за соработка со кои се обезбедуваат стипендии за најдобрите ученици. По завршувањето на училиштето стипендистите на ЈП „Македонски шуми“, ВВ „ТИКВЕШ“ и АД „Гоце Делчев“ имаат можност за стекнување работен однос во овие стопанските организации.
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
17
65 години постоење
Поетски клуб Поезијата е присутна секогаш и секаде. И во време и во невреме, додека постои животот ќе постојат и гласноговорници на чувствата, копнежите и мислите што се кријат длабоко во човековата душа. Овие мали поетски збирки, објавени онлајн, сведочат дека желбата за творење е несопирлива и секогаш наоѓа начин да се пробие и да донесе светлина. Надица Коцева е ученичка Надица Тасева е во втора година во СОЗШУ ученичка во втора „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, година во СОЗШУ идна фармацевтка, која ја сака „Ѓорче Петров“ својата идна струка првенствено Кавадарци. Овој заради хуманоста. Таа сака да им поетски труд е нејзин помогне на луѓето, да им ги прв обид да го претвори ублажи телесните болки и да ги својот внатрешен порив направи среќни. Но, нејзината во зборови и преку нив животна мисија не е само тоа. Од да го објави својот нејзината кревка душа излегуваат внатрешен свет. Се магични зраци кои се лек за други наоѓа во најбурните напатени души. Љубовта е лек и години од својот живот и таа го дава на сите на кои им е нормално е своите песни потребен, безусловно и безмерно. да ги посвети на Ветерот е пријател на поетот. најсилното чувство, кое Само тој има моќ да ја слушне всушност и не признава поетовата душа и да ја утеши. Тој возраст и нема никакви може да биде принц од сказната и ограничувања. Љубовта да ја исполни празнината. е универзална и припаѓа секому, но никој не ја Марија Темова е ученичка поседува; таа самата во трета година во СОЗШУ „Ѓорче одлучува кому ќе се Петров“ Кавадарци. Овој поетски предаде и кога ќе го труд, како што всушност кажува и насловот, е нејзин прв обид да го напушти. Во своите објави својот внатрешен свет и да песни, младата поетеса проговори на свој начин за своите Надица, силно ја чувства, доживувања и копнежи. доживува, се радува, но Во нејзината поезија се и пати заради испреплетуваат разни мотиви. неостварени исчекувања Преку нив откриваме на вистинската љубов. мултикултурна и космополитска Слатката одмазда што ја личност, која, сепак, најмногу си подготвува за неверниот го сака своето: својата земја, е всушност искрено и мајка, традиција и избраникот на топло овековечување на своето срце. Секако, тоа не значи незаборавните спомени дека не ја почитува туѓата од доживеаната љубов. вредност, напротив... Преку искрената љубов кон сопствените Со својот поетски вредности таа, всушност ги првенец таа се вбројува велича и вредностите на другите. во редот на уметничките Нејзините приоритети се души кои се универзални и единствени. гласноговорници на Можеби токму затоа, нејзината заветот кон љубовта и поезија плени со својата убавина култот на убавината и и сила. Таа ни пренесува моќна добрината. порака. Младата поетеса Марија се радува, но и тагува заради неостварени исчекувања, но не жали за тоа: ...зашто никогаш немаше да бидам она што сум денес... СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
18
65 години постоење
Ова може да биде твојата приказна Јас сум горда ученичка во СОЗШУ ,,Ѓорче Петров" -Кавадарци. Откако завршив втора година овде, сфатив дека сум го направила вистинскиот избор. Запознав многу нови соученици, а професорите се многу спремни и организирани, многу пријателски настроени и секогаш желни да помогнат. Ми се отворија многу нови хорозонти. Најважно е дека го учам она што го сакам. Фармацијата е моја страст и планирам и понатаму да продолжам да учам медицина. Обожавам да им помагам на луѓето на кои им треба помош. Мојот избор е фармацевтски - лаборантски техничар, се надевам дека многу од вас, идни средношколци, ќе го следите мојот пример, затоа што можеби токму вие ќе го пронајдете лекот за рак, епилепсија, лупус или астма.
Денес сум средношколец и учам во Средното општинско земјоделско - шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци. Тука имам убави денови исполнети со занимливи настани и интересни содржини. Струката што ја изучувам во моето училиште е земјоделско - ветеринарна, посветена на екологијата и здравата храна. Тоа е приоритет на целиот човечки род и јас сакам активно да се вклучам во борбата за опстанок на мојата единствена планета. Мојот избор е уникатен и е посветен на природата. На овој начин сакам да го споделам моето размислување и да го препорачам моето училиште како избор за понатамошно школување на учениците од основните училишта.
Мојот избор за идна професија беше СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци. Сега, кога помина една учебна година сфатив дека сум го направил вистинскиот избор. Се чувствувам сигурно и многу пријатен ми е престојот во просториите на моето ново училиште. Ми се отворија нови хоризонти, запознав нови лица од цела Македонија, а многу сум задоволна и со науката со која се запознавам и планирам да и се посветам во иднина. Шумарско - дрвопреработувачката струка е дефинитивно мој приоритет, а особено ме интересира одгледувањето на цвеќиња и украсни дрвца како и нивното имплементирање во просторот. Јас сум среќна со мојот избор и се надевам дека мојот пример ќе го следат многу идни средношколци.
СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци
19
65 години постоење