212 petrov

Page 1

интервју

МАРЧЕЛА ГРАСИ (MArCEllA GrASSi)

Архитектурата како стар пријател

Марчела Граси е родена во Аргентина. На друг континент завршила студии по архитектура, а избрала да се занимава со трета професија и да живее во четврти град. Денес таа е фотограф кој живее во Барселона и многу е свесна за своето потекло од Јужна Америка. Зошто избрала да фотографира туѓа архитектура, а не да создава своја, што научила во Италија, а што во Шпанија. Кој влијаел на нејзиниот пристап кон фотографијата и каков е односот на музиката додека фотографира, специјално за „Порта 3“ зборува архитектот и фотографот Марчела Граси. Александар пЕТроВ, дипл.инж.арх.

иако сте дипломирале на Архитектонскиот факултет во Ферари, Вие сте станале фотограф. Како тоа повеќе да Ве интересира да ја „видите“ отколку да ја „допрете“ архитектурата?  Многу интересно прашање. На почетокот ме фасцинираше идејата да го видам мојот проект реализиран, да размислувам за просторот и да ја видам интеракцијата на светлото, луѓето и материјалите што стануваат архитектура. Со време сфатив дека ќе помине многу време пред да го видам некој свој проект реализиран, а јас сум една нестрплива личност, не можев да чекам. Заради тоа одбрав да ја „користам“ архитектурата на други и да ѝ дадам своја интерпретација, преку интеракција на таа архитектура со околината, со луѓето, со материјалите и со светлото. Отсекогаш сакав фотографија. Таа е присутна во моето семејство со генерации, а сама почнав да фотографирам на десет години.

првото работно искуство го стекнавте во Барселона, меѓу останатото и во студиото „Фератер“ (Ferrater). Како се вклопивте во нивниот начин на живот?

 Изминаа десет години од тогаш. Најубавата страна на работата во големо архитектонско студио е во тоа што можеш да работиш на проекти со различни скали, движејќи се од проекти кои се подетални до урбанистички проекти на некој кварт. Она што е највредно од тој период е што запознав многу млади архитекти, многу квалитетни, од цела Европа, од кои повеќето почнаа да создаваат свое име во архитектурата.

Се сеќавам на фразата изговорена од архитектот Марио Бота, во текот на една своја конференција на Миланскиот саем, каде ја претставуваше својата школа: Сликата е направена за да биде

потрошена, а архитектурата за да трае?

 Во прашање е една многу ефективна изјава, но не верувам дека се е црнобело, постои одлична архитектура која не е направена исклучиво за да трае, како и фотографиите што го одбележале преминувањето од еден во друг период, кои станаа симбол на една генерација, една нација или на еден историски момент. Можеби за Марио Бота таа фраза ја презентира неговата архитектура која е масивна, постојана и материјална, но постојат различни начини да се направи архитектура која е минлива, нематеријална, лесна и хетерогена. Јас верувам дека сликата стана основен елемент на нашето општество, во добата на Интернет гледаме илјада слики дневно. Од една страна на одреден начин тие се „потрошени“, а од друга страна ја чинат основата на презентација на нашето општество. 

3

27 септември 2013 ПОРТА

29


интервју Вашите фотографии потсеќаваат на делата на Габриеле Базилико (Gabriele Basilico), но во Вашиот случај фотографиите се во боја, со чисти објекти, без луѓе на нив, широкоаголен кадар, одлично осветлување и длабочина со јаки сенки.

 Многу сум ви благодарна за споредбата, Габриеле Базилико беше мој голем учител и неговата смрт е загуба за сите нас. За мене, тој е еден од татковците на фоторгафијата на современата архитектура, неговиот пристап кон контекстот во архитектурата, чувството за разбирање на градот се некои од работите што влијаеле врз фотографијата со генерации. Присуството на бои за мене е основна работа затоа што доаѓа од моето потекло. Моите спомени на Јужна Америка се составени од синото небо, многу јаките бои кои се користат многу интензивно, жолта, црвена, портокалова, зелена бујна вегетација. Ако обрнете внимание, во архитектурата на Јужна Америка, на пример Нимаер (Niemeyer), Бараган (Barragan), Клориндо Теста (Clorindo Testa), многу се користи бојата. Велите, чисти објекти без луѓе? Имено, првите години како фотограф фотографијата ја гледав како архитектура во архитектурата, нов начин за „читање“ на некое дело, игра на геометријата на сенки, интеракција на светлината во материјалите, цели згради со околината во текот на различни периоди од денот. Мислев дека човековото присуство е референца на размерите (како во нашите проекти, пресеци, изгледи), една точка или објект чие присуство се бара. Луѓето сакаат да се фотографираат, да бидат

протагонисти, но јас сакам протагонист да биде објектот, делото. Неодамна забележав дека напротив, присуството на човекот може да ја збогати фотографијата, давајќи му расположение, боја, облека, цел и употребна вредност на делото. Не смееме да заборавиме дека архитектурата е замислена за употреба на луѓето, не само како чист и перфектен објект кој претставува свој идентитет.

Дали слушате музика додека фотографирате?

 Многу ми е драго што ме прашавте за ова, зашто музиката е дел од мојот живот и секаде ме следи. Кога фотографирам сакам да ги слушнам звуците што се наоѓаат околу објектот, затоа што тие ја прават неговата реалност. После неколку часа работа, верувам дека можам да го слушнам гласот на објектот што вика, молчи, се крие или комуницира. За да се забележи суштината на еден дел, потребно е и да се послуша. Слушам различна музика, од џез до рок. Во текот на фотографирање портрети не сакам тишина, музиката е интегрален дел на мојот дијалог со моделот. Во тој случај сакам музиката да е енергија, а за мене чиста енергија е рок музиката. Порасната сум со гранџ музика, тоа е музика која ми допира до срцето, која претставува еден дел од мене и која ќе постои секогаш, признавам, пред некое време имав идеја да почнам кариера на рок ѕвезда.

Која техника ја корисите? Дали ги обработувате фотографиите за да добијат финална верзија?

 На почетокот фотографирав користејќи филм од 35 мм, а од пред неколку години користам дигитален фотоапарат. Секако, фотографиите многу ги обработувам бидејќи сакам да бидат што 30

3

ПОРТА

27 септември 2013


интервју посовршени, за подобро да ги нагласам карактеристиките на материјалот, просторот, обликот. Некогаш се случува објектот да не е завршен, во тие случаи потребно е да се измисли на одреден начин „слики за архитектот“ и да се заврши објектот што сè уште не е завршен.

Фотографиравте објекти на познати архитекти како Миралес Таљабуе (Miralles Tagliabue), Фератер (Ferrater), Бас (Baas), Бофил (Bofill), МАбарх (MABarch), Бетл и Роиг (Battle e Roig), кој најмногу Ве импресионира?  Ова прашање нема да ме извади од рамнотежа. Во секоја моја работа се обидувам да го разберам најдоброто од секој објект, да го дадам својот печат, иако веројатно некои решенија би биле поинакви да учествував јас во проектирањето. Секоја архитектура има потреба за нејзино единствено прикажување, верувам дека рационалниот стил може да се поправи преку ортогоналноста и просторот што така настанува. Од друга страна, архитектурата што има карактер на органска архитектура е голем предизвик за прикажување бидејќи бара пресврт во перспективата и разбирање како геометриските форми стануваат скулптури и како настанува

интеракција помеѓу нив и просторот.

Армин Линке (Armin Linke) е фотограф кој ја гледа архитектурата на еден начин кој е повеќе критички, иако ја задржува естетиката и убавината на надреалната композиција. Дали сте запознаени со неговите фотографии на кои се прикажани архитектонски дела од македонскиот социјализам?

 До денес не ги познавав делата на овој одличен уметник. Благодарам за

можноста да се запознам со неговите дела. Социјалистичкиот период во Македонија создаде навистина фасцинантни дела на архитектурата, надреални дела како од соништата. Ме потсетуваат на футуристички градови, кои можеше да ги замисли само Асимов. Би било интересно кога би можела да направам своја интерпретација.

Какво беше чувството кога ги фотографиравте делата на Оскар Нимаер во Нитерој, во Бразил? 

3

27 септември 2013 ПОРТА

31


интервју

 Патувањето во Рио де Жанеиро беше во 2007 година, во текот на прославата од 100-годишнината на раѓањето на Оскар Нимаер. Фотографирањето на дела на еден голем архитект за мене беше многу емотивно, пресвртница која ме убеди да се посветам на фотографијата. Неговата архитектура ја отсликува бразилската култура, органските форми претставуваат криви во природата, живописните бои претставуваат тропско овошје, а пристапот кон зградата под наклон ве повикува бавно да уживате во пејзажот скоро играјќи во ритамот на самба. Се восхитувам не само на фасцинантната архитектура која ни ја остави (во овој случај Бота е во право, архитектурата е направена за да трае) туку и на неговиот поглед кон животот и општеството. Неговата смрт остава голема празнина во современата архитектура и идеологијата на социјалната архитектура.

Колку урбаните сцени влијаат врз композицијата на фотографијата на некое дело кое го фотографирате?

 Како што нè учеше големиот Габријеле Базилико, верувам дека урбаните сцени се составен дел не толку на проектот на некоја зграда туку на нејзиното претставување. Односот (дијалог или контраст) со урбаната околина, според мене, е една од основите на фотографијата на современата архитектура.

Родени сте во Аргентина, студиравте во Италија, а живеете во Шпанија. Како влијаеја различните периоди на животот врз Вашата креативност, зрелост и формирање како фотограф?

 Тоа е добро прашање. Мојот мултикултурен пат беше пресуден за дефинирање на мојот идентитет како фотограф, секоја земја во која живеев влијаеше врз мене и го оформи начинот на кој ја интерпретирам фотографијата. Од Аргентина, како што реков, ми остана фасцинацијата на боите, интензитетот и чистината на синото небо. Од човечка страна, се врзувам за поимот пријателство како однос кој е длабок, фамилијарен и вечен. Од Италија, покрај образованието, ми остана вредноста на контекстот, важноста на историјата, фасцинацијата од делата на големите класични и 32

3

ПОРТА

27 септември 2013


интервју ренесансни мајстори. Беше среќна околност за мене што можев во живо да учам за италијанската уметност која ми остави богато културно наследство. Живеејќи во Барселона, не можам да кажам дека овој град ја претставува шпанската култура, но можам да кажам дека многу влијаеше на мојот пристап кон фотографијата. Големото значење кое се придава на проектирање јавни простори беше фундаментално во учењето за разбирање на отворениот простор во архитектурата: плоштади, улици, паркови... Потребен е поинаков пристап за да се сфати суштината на овој тип проекти. Постојано учам за да ги разберам новите нијанси. Вториот аспект на кој се восхитувам, за разлика од Италија и Аргентина, е поголемата слобода и еднаквост на жените во сферата на работењето, иако сè уште е потребно да се достигне нивото што постои во државите на северна Европа.

Покрај Ротердам и Базел, Барселона е еден од трите големи архитектонски центри во Европа. Колку овој град ги прошири Вашите видици во работата?

 Како што веќе споменав, Барселона и нејзините јавни простори се многу важни за мене. Според моето мислење, каталонската архитектонска школа има потрадиционален пристап и ја фаворизира конструкцијата, конструктивниот детаљ, суштината на материјалите и поинаков е пристапот од школата во Мадрид каде што повеќе се цени истражувањето во архитектурата, истражување со нови идеолошки или формални лимити, веројатно со повеќе слобода во проектирањето. Добрата страна на животот во град кој е културно многу жив, во кој постои идентитет кој се врзува за дизајн, е можност постојано да се проширува сопствениот пристап кон уметноста и согледувањата, и споредбите со новите авангарди. Живеам во кварт кој некогаш бил индустриски, зона 22@ Побленпу (la zona 22@ Poble Nou), кој постојано расте и секогаш имам можност да сум блиску до репрезентативната современа архитектура. Тоа ме поттикнува постојано да размислувам како да ја фотографирам, како да ја читам, како се однесуваат една со друга, сè додека не ги познавам како стар пријател. 

3

27 септември 2013 ПОРТА

33


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.