архитектура
Кралски мелбурнски институт за технологија, Австралија
*
Корален казу
32
3
ПОРТА
Објектот на КМИТ се простира на површина од 35.000 м2. Составен е од канцелариски простор за 850 вработени, 12 специјализирани одделенија за предавање и 64 училници со капацитет за 30 до 60 ученици. Ова е најскап објект изграден од овој тип во Австралија со буџет од 182 милиони Александар Петров австралиски долари.
, дипл.инж.арх. (Австралија)
28 јуни 2013
архитектура
М
елбурн како викторијанска метропола продолжува да плени со своите најнови и современи достигнувања. Град исполнет со објекти и зданија, кои постојано се нижат и поттикнуваат на восхит, размислување и дебатирање. Овој пат ќе се запознаеме со уште едно остварување при Кралскиот мелбурнски институт за технологија, штотуку отворениот факултет за бизнис, кој ја надополнува перцепцијата на архитектурата во Мелбурн. Се работи за комплексен објект, како по својата форма и структура така и по начинот и брзината со кои е изграден. (Изведбата на објектот е завршена пред крајниот рок).
Дело е на познатото архитектонско биро „ЛИОНС“ од Мелбурн, кое низ годините бележи висок подем во својот квалитет, и постигна голем прогрес со последните изведени проекти, кои на некој начин го креираат стилот по кој е препознатлива австралиската архитектура. Во моментов се зафатени и со изградбата на уште еден амбициозен објект, Институтот за молекуларни студии, во едно мелбурнско предградие. Објектот на КМИТ се простира на површина од 35.000 м2, која е распределена на 12 ката. Составен е од канцелариски простор за 850 вработени,12 специјализирани одделенија за предавање и 64 училници со капацитет за 30 до 60 ученици. Ова е најскап објект изграден од овој тип со буџет од 182 милиони австралиски долари. Во Австралија моментално најмногу се инвестира во терцијарната едукативна индустрија. Објектот е сместен покрај чистиот пешачки партер, кој веќе постои на главната сообраќајна артерија „Сванстон“, и ја опкружува старата постоечка зграда (Building 39). Иако се работи за зграда со културно богатство (од 1887 година), доста флуидно соработува со новонастанатиот урбанитет и не влегува во конфликт со него. Дел од ѕидот на таа стара зграда одлично е вклопен и при влезот во кампусот. На тој начин, дополнително се збогатува проектантскиот дискурс. Токму во овој сооднос се игра со „барокен“ стил преку две апсолутни временски дистанци и нивната релевантна интерпретација. Кампусот сам по себе прикажува пренатрупаност и екстравагантност во која недостига правило и ред. Структурата е ад хок поставена во согласност од произлезената форма, и не следи проектен модул за да се избалансира распределбата на просториите. Во овој случај, создадената хаотичност посочува на елипсестите и кружните барокни линии кои делумно се надминуваат, затоа што надворешната фасада иако е синусоидно разиграна, знае на моменти да ги заостри (со прави и остри агли) некои од своите облини. Нејзината маса е многу напната и хроматски варира. Поседува невообичаена ширина долж нејзиниот периметар и како таква наликува на пештера, чија внатрешност е едвај осветлена. (Платонска симболика). Изобилува со елементи на додатни делови и бушења во обвивката, кои ја комплицираат нејзината повторливост. Брановидната обвивка е определена од метален алгоритам, кој е пресметан во сооднос со растојанието и ширината, и се повторува во неколку различни бои. Од приземјето можеме слободно да се движиме до горните катови без никаков проблем или какво било контролно
3
28 јуни 2013 ПОРТА
33
архитектура
Осветлен корал во урбаниот океан
ограничување. Владее „тотален либерализам“. Следејќи ги централните скали го напуштаме партерниот дел и се упатуваме кон горните катови, кои потсетуваат на одредени сегменти од трговски центар. Изобилуваат со најразлични просторни единици, кои немаат никаква заедничка поврзаност, со што го расчленуваат и го прават динамичен и живописен овој објект. Иако изобилува со овие содржини и целини, воопшто не нè троши како негови корисници. Зградата на КМИТ типолошки е „вертикално“ поставена. Внатрешните ходници, кои го „бушат“ нејзиниот волумен, ги поврзуваат заедничките простории и портали предвидени за студентите и професорите. Овој концепт е базиран на серија
Основа приземје 34
3
ПОРТА
28 јуни 2013
социјални поставки со дупли височини, распространети низ зградата како главни фокусни точки при секој кат. Се користат за неформално учење на студентите. Преку нив во внатрешноста влегува природна светлина, проветрување, се добиваат мноштво прекрасни урбани визури, разнолико ентериерно уредување и одвојување од професорските простории. Со нив се наметнува peer-to-peer методот на изучување, и на некој начин симболично се поистоветува со некогашното школскo двориште. Порталите сe предвидени за студентите како простор за социјализација, социjaлна интеракција преку технологии и одмор од секојдневниот академски програм. Поставени се во низа и варираат
Основа 1 кат
архитектура при поставувањето и лоцирањето низ зградата. Дизајнот на зградата е приспособен на широкиот спектар на училници и различните школски методи: дидактика, дискурзивност, проекти базирани на тимска работа, тимско изучување и симулирани работилници. Статички зградата е изведена 2/3 со стандардна, после затегната, бетонска структура и 1/3 од челична структура. Челичните носачи се користат кај театрите, каде што има распон во големина до 20 метри. Плочата е бетонска и ја следи фасадната линија со повеќе од 184 прекршени линии и сите се со различен агол. Запазени се и најмодерните технолошки достигнувања, кои ја следат општинската политика за енергетска ефикасност. Ги поседува сите еколошки
карактеристики од пет ѕвездички, меѓу кои и двојно застаклените прозорци, разладните станици, рициклираната вода за тоалетите, соларни панели за топла вода, користење на атмосферската вода и уреди-потикнувачи на климатизација и осветлување. Ова е само едно парче од градот, кое го доловува привидот на урбан океан. Парче осветлен корал, кој нè облева на дното по кое се движиме. Пред влезот се наоѓа трамвајска постројка. Тука проаѓа и трамвајот со број „1“, кој ве вози директно до брегот. Секој е занесен од звуците на најновите технологии. Секоја приказна ја забележуваме минувајќи едни покрај други. Тука запирам, стојам и чекам додека ме следат звуците на мелбурнската сцена:
Централна комуникација
Портали
Амфитеатар
Училници
Основа 2 кат
Основа 3 кат
3
28 јуни 2013 ПОРТА
35
архитектура DIARY ENTRY 603 ANOTHER DULL DAY IN OUR CORAL SANCTUARY RINGO’S MESSED UP ON JELLYFISH TEA AND BINDI’S BAD FASHION IS GETTING TO ME ONCE I DESIRED TO BE UNDER THE SEA AND I WILL LET THAT BE A LESSON TO ME
I WILL SWIM TO THE SURFACE CLIMB A DEAD TREE AND LET THE TORNADOS TAKE CARE OF ME! OO WEE OO WEE BINDI AND ME BINDI AND ME OO WEE OO WEE APOCALYPSE JAM UNDER THE SEA Bindi Irwin Apocalypse Jam DAN KELLY
*Казу е американски музички инструмент, кој претежно го користат музичарите на блуз. DAN KELLY е брилијантен мелбурнски музичар, чијашто оригинална инспиративна музика прекрасно го доловува градот во кој компонира. Стиховите од негова позната песна ги посветуваме на овој урбан корал, кој испушта блуз бранови. Заеднички простории
36
3
ПОРТА
28 јуни 2013