Petrov 216

Page 1

архитектура

ЛАИМБАХ, ЦИРИХ, ШВАЈЦАРИЈА

Предградие како приспособлив и хуман начин на живеење

Лајмбах

Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх. (Италија)

26

26

ПОРТА

31 јануари 2014


О

на што отсекогаш пленувало во швајцарската архитектура e нејзината прецизност, едноставност, удобност и високи стандарди при изведбата, односно се внимава на секој детаљ. Во оваа земја се добива впечаток дека градежниот процес е општа култура (инаку како би можело да се протолкува толкаво изобилство на квалитетен изграден и урбан простор?). Верувам дека за тоа не се доволни само зададените општински стандарди и дека е потребна сеопшта граѓанска свест за да се постигне таков реален процес и значаен резултат во целост. Впрочем, во оваа земја нема потреба да се талка по успешни архитектонски остварувања потпишани од познати имиња. Тие се наоѓаат насекаде. Кога ќе се заобиколат градовите како Базел, Тун, Лугано, Цирих, тоа се потврдува и конкретно. Тие како градски средини се доста артикулирани и претставуваат компактни структури испреплетени со најразлични модерни и историски објекти. Но, она што е можеби највпечатливо е конзистентноста во нивниот развој, по нивните рабови, или оние места кои честопати ги препознаваме како периферии или како предградија. Овие странични населби, карактеристични за современите општества, преку нивниот развој антрополошки ни го доловуваат начинот на урбаното созревање. Секако, тие се различни и по начинот на развој и насоките по кои се развиваат, како што се на пример екстремните фавели во Латинска Америка или критичниот слам во 

архитектура Станбен комплекс „Бела виста

Силдваjдштрасе

31 јануари 2014 ПОРТА

27

27


архитектура англосаксонските градови. Но, овој тип на швајцарската субурбаност е најхуман и најприфатлив, заради неговата питомост, складност и пропорционална приспособливост, во сооднос пред сè со природната околина (за разлика од двата горенаведени примери). Тие се оригинални примероци кои можеме да ги изучуваме како ретки но успешни населби. Во потполност се адаптирани со природата (околните планински шуми и зелени површини), селата, населбите и градските јадра. На некој начин, земјиштето се конзумира рационално и на најдобар можен начин, иако и тоа е дел од високото либерално и потрошувачко општество. Лајмбах е еден од многуте тамошни примери на разретчената швајцарска периферија. Претставува периметрална населба, која се наоѓа на јужниот дел од Цирих и се протега во областа 2. Достигнува густина од 1.733 жители на км2. Тоа е висок статистички параметар за површина која се протега на само 2,9 км2 и затоа го прави интересен за анализа, бидејќи неговата пренаселеност речиси и не се чувствува. Поглед од солитерот

28

28

ПОРТА

31 јануари 2014

Овој циришки сателит е полн со чист воздух и доминантна природа. Се протега по течението на реката Зил и под падините на шумата Ентлисберг. Имено, Лаjмбах датира од 1895 година и станува дел од Цирих како што градот расте и се шири. Станувајќи дел од надојденото урбано ткиво низ годините, Лаимбах се стреми кон урбанизација. Таа станува етичко и оригинално решение. Индустријализацијата е сведена на минимум, а се произведува хартија и керамика. Бројот на населението значително се зголемува. Перфектниот градски превоз овозможува функционален начин на егзистирање. Притоа е формирано и сопствено урбано јадро со сите современи стандарди. Во таквата урбана поставеност меѓу постоечката архитектура и природа ниеден сегмент не е доведен во конфликт. Таа дополнително се интегрира и е во служба на маалскиот живот. Во подножјето на планината се зачувани сите постоечки фарми и типичниот селски амбиент сосе живината. Едноставно, некогашното село беспрекорно коегзистира и во новосоздадената урбана целина.

Во близината се поставени и архитектонски структури, каде што може да се ужива во слободното време, пиејќи еколошко чисто млеко и најразновидни млечни производи произведени на самото место. Шумата се користи за спортување и практикување на разновидни алтернативни спортови. Реката Зил ја разбива тишината со целокупната фауна. Централното јадро на ова предградие се развива во 60-тите години на минатиот век, се појавуваат првите типови куќи во низа и блоковски згради, а во 70-тите години се градат и неколку солитери. Иако со таквата поставеност битно се менува идентитетот на предградието, Лајмбах неприкосновено и идилично функционира. Погледот од внатрешноста на солитерите кон околината е елемент кој овозможува да се медитира и ужива, додека пак покрај падините се протега чудна визија на еден надреален и едноставен модернизам, кој се преплетува со небеската линија на солитерите заробени од околниот алпски пејзаж. За просторниот развој е задолжена кооперативата „Цурлинден“, која го


архитектура

креира развојот на ова предградие во секоја фаза, преку архитектонските конкурси, па сè до нивната реализација. Оваа кооператива се залага и за концептот на мобилност и намалување на паркинг местата. Во нејзина надлежност се и комплексот „Зилбоден“ (200 станови и деловен простор) и два станбени објекти од по 116 станови, наречени „виставерде“ (зелен поглед). Овој масивен станбен комплекс, многу убаво се протега и вклопува во самиот простор. Интересно е поставен, закривен во двата правци, и ја разбива ригидната поставеност која произлегува од околните градби. Добиен е извонреден пресек со чисти пропорции и одлична организација на становите. Значајни се огромните прозорци и тераси, генерално како стандард и за останатите градби, заедничките простории за социјализација на отворено, а притоа топографијата е неоштетена и максимално зачувана (потпорни ѕидови речиси и да не постојат, иако нагибите се релативно високи). Кооперативата „Цурлинден“ ги има преиначено и постоечките солитери со енергетско ефикасни панели долж површината на фасадите. Во предградието преовладува мирна атмосфера, нема голема раздвиженост по улиците, но се забележуваат доста млади луѓе. Владее привид на комотно живеење и би било мошне интересно литературно да се долови овдешното урбано секојдневно функционирање.  31 јануари 2014 ПОРТА

29

29


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.