Петров 219

Page 1

репортажа Матунга / Мумбај

ГРАД КОЈ ЈА ПРИКАЖУВА ИДНИНАТА НА СИТЕ УРБАНИ ЦИВИЛИЗАЦИИ

MAXIMUM БОМБАЈ

Мумбај е единствен град во Индија кој може да се нарече урбанизиран, иако сè уште се присутни руралните навики без чие шаренило не може да се замисли врелината на овој англомерат. Градот се развива самиот од себе, без планирање и урбана политика. Во него живеат 21 милион жители кои го карактеризираат неговиот хаос.

С

о либерализицијата на светскиот пазар и брзата експанзија на повеќето градови од третиот свет, ако може сè уште така да се наречат, се создадоа многу

30

30

ПОРТА

25 април 2014

Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх., специјално за Порта3 од Индија комплексни урбани ситуации кои излегуваат од секаква перцепција на контрола и урбана политика. Метрополата Мумбаj (некогашен Бомбај) е еден таков пример. Тој е најголем град во Индија, главен град на областа Махараша, финансиски центар и седиште

на берзата, со просечна густина од 31.214 жители/км2. Ова е град кој ја прикажува иднината на сите урбани цивилизации. Овој урбан флуид се развива со неконтролирана мера и брзина и претставува типичен пример на денешната


репортажа глобализација. Настанува спонтано од неколку острови, првобитно како португалска колонија кон крајот на 17 век, а потоа и како важна стратешка британска колонија. Јужниот дел од градот (каде се наоѓа легендарната Колаба) и ден-денес коегзистира со старите викторијански градби и колонијалниот стил на уредување. Следователно низ годините се развива и централниот дел од градот (познати се населбите Дадар, Матунга, Курла, Санта Круз и славната Бандра), за да својата максимална експанзија ја доживее кон север и исток со перифериите Тхане и Нави Мумбaj. Мумбај е единствен град во Индија кој може да се нарече урбанизиран, иако сè уште се присутни руралните навики без чие шаренило не може да се замисли врелината на овој англомерат. Градот се развива самиот од себе, без планирање, без политика. Во него живеат 21 милион жители кои го карактеризираат неговиот хаос. Инфраструктурата е провизорна и владее тотален делириум, отсутна е секаква функционална поделба на просторот. Сообраќајот е со незамислив интензитет и самостојно се регулира. Изложени сте на Rajif Ghandi sealink

24-часовен стрес од сирени, долги возни редици, отсуство на какво било правило за возење, освен возачкиот инстикт. Сообраќајната бука што потсетува на хаварија од нуклеарна централа е сплет на разноразни движења, било да е тоа пешачки, автомобилски или секаков друг превоз, а тука се вбројуваат и црножолтите ауторикши кои брмчат хаотично во сите правци, или стадо од крави кои на моменти го зголемуваат сообраќајниот адреналин. Пешачки премини речиси и да не постојат, а сообраќајните знаци ги има само на пофреквентните улици. И малкуте тротоари што постојат се окупирани во функција на трговската размена, а во ноќните часови луѓето нив ги користат за спиење. Физички, градот се простира насекаде, расчленет е, без урбана ориентација и поделба. Високите градби се простираат во континуитет. Карактеристично е што зградите не се од збиен тип, како што сме навикнати да ги перцепираме во западните метрополи. Јавниот простор се живее максимално и е преблокиран, користен од секого и на секаков начин, без притоа да вроди каков било конфликт помеѓу корисниците. Приватниот простор, пак, е

Матунга / Мумбај

под постојан видео надзор и насекаде заштитен со силно обезбедување. Иако има зони кои се доста ексклузивни и скапи, не е никаков проблем нивните станари да го споделат нивното секојдневие во надворешноста со сиромашните маси кои ги има насекаде. Извонредно чувство на коегзистенција. Градот тоне во ѓубриште. Тоа се репродуцира обратно пропорционално од капацитетот на јавните служби за неговото собирање. Mожеби

тоа претставува најголем ресор за неговиот развој, доколку се приспособат во неговата рициклажа и разработка. Во Мумбаj се забележливи масивните бизнис центри (претежно со ИТ агенции), кои никнуваат распространети насекаде низ градот. Новите урбанитети кои се раѓаат со висококатници и нашминкани фасади се обиколени со огромни пространства на сиромашни гета (сламови или сметлишта). Над 50% од населението живее во такви инстант населби, без никаков стандард и услови за живот. Тие се симбол и причината за западната финансиска криза. Впрочем, овие урбани спотови се издржуваат од тие гета, чие сиромашно и емигрантско население ги поткрепува со својата евтина работна сила. Затоа тие бизнис јадра успеваат да се наметнат со конкуретна цена на странските пазари и со тоа да го привлечат странскиот капитал и да го одржат својот економски раскош. И тоа е она изворедното во овој град. Огромните гетоизирани површини на сиромашни граѓани се интегрирани во самата метропола. Тоа е она што овој град го разликува од фавелите во Латинска  25 април 2014

ПОРТА

31

31


репортажа гледано на мапата изгледаат како тумор на постоечкиот урбан организам). Затоа општинските власти се залагаат да ги сведат на нула, ако тоа е воопшто возможно. Постојат дузина проектни предлози од локалниот архитект Мукеш Мехта, со кои се предвидува реорганизација на сламовите преку резиденцијални типологии регулирани од пазарниот режим. Оваа магма од луѓе во Мумбаj и моментот на западната криза ни ја олицетворува апокалиптичната визија на францускиот стрип „Инкал ноир“ (Моебиус), каде преку драматични сценарија го отсликува одумирањето на постлибералниот град. (Она што би останало од светските метрополи, откога ќе ја изгубат својата самоиздржливост). Во стрипот се забележува големата густина од луѓе и натрупаност со ѓубриште што посочува на таква интерпретација и го доловува ситуационизмот како филозофско размислување.

Америка и сличните сметлишта во Африка и Азија, каде секогаш најранливите и сиромашни маси се протерани од градот и многу често концентрирани на неговите ивици. Во централен Мумбај се наоѓа Дарави, најголемиот „слам“ во светот, иако последните истражувања укажуваат на други жаришта на такви гета низ градот, кои

растат пропорционално и инстинктивно. Гетата од бараки се физички забележливи во морфологијата на градот, каде покрај регуларното урбано ткиво се гледаат огромни пространства на урбани флеки, кои пополнуваат секаква празнина на градот и се распределени низ различни делови од градот. (Морфолошки

Inkal noir(moebius)

Мапа на густината на сламовите 32

32

ПОРТА

25 април 2014

Во периодот од пети до 19 февруари, Меѓународната асоцијација на дизајнери „Иксид“ и Институтот за економија Велинкар, беа организатори на „Интердизајн Мумбај“, семинар и работилница со тема за хуманизирање на самиот град. Оваа работилница беше од посебно значење не само заради тоа што систематски ги опфаќаше клучните прашања за развојот на градот, туку и затоа што беше иницирана од Центар за економски науки. Тоа е првпат ваков тип на проблематика да се разработува од страна на сериозни економски институции и менаџмент со свои студии, со што би се создале услови за развој на посебна дисциплина на урбаниот маркетинг, потпомогнат од дизајнот и


Kanchanjunga apartments,Charles Korea

неговото значење. Семинарот броеше 15 странски експерти од секаква област, кои заедно со домашните 15 експерти се потрудија конкретно да дебатираат за можните решенија на градот. Тој беше поделен на неколку теми, каде учесниците пробаа да дадат иновативни одговори на критичните прашања. Причина за овој меѓудизајн беше и моменталниот економски бум што го доживува Мумбај. Неговиот Бдп е во постојан раст (од него државата има приход од над 40% преку данокот и 60% од царината). На градот му се укажува шанса за преродба. Овој период е многу битен за него затоа што ќе мора да го одлучи патот по кој ќе се движи неговиот развој. Тој веќе е под финансиски притисок на либералниот пазар, но на оваа карта нема да може да издржи на подолг период. Тој е приморан самиот да го најде својот одржлив процес пред да го доживее колапсот. Економскиот пресврт во последните

репортажа години значително ја подобрува градската инфраструктура. Ланската година беше пуштен во употреба западниот брз автопат, кој го карактеризира иконскиот мост Раџив Ганди и помогна да се растерети сообраќајот во тој дел од градот, а со него и да го отвори погледот спрема урбаниот „лендскејп“. На почетокот на месец февруари се отвори и вториот терминал на меѓународниот аеродром со придружниот надвозник Сахар во должина од 2,2 км. (дозволено е движење само на автомобили, без тешкиот сообраќај и јавниот превоз). Во полн ек се гради брзиот источен автопат, а интензивно се напредува и со подземната железница (метрото) што треба да се заврши до 2021 година. Понови градби кои го привлекуваат внимението, секако, се Уметничкиот центар во Бандра и најскапата недвижност Антилија, луксузна зграда од 27 ката со паркинг за 150 автомобили, во која живее само една фамилија од петчлено семејство (со тотална цена на изградба од една милијарда долари). Во тој дел од градот, кој важи за еден од најлуксузните, Педар роад, се наоѓа и ремек-делото на модерната архитектура од 70-тите години на минатиот век, Kanchanjunga apartments, дело на познатиот архитект Чарлс Кореа, кој, исто така, е и планер на Нави Мумбај. Овој солитер претставува една вертикална верзија на „Унита ди хабитацион“ во Марсеј. Кругот на овој прекрасен и луд максимум не би можеле да го заокружиме без населбата Бандра (на западниот дел од градот), која е најкосмополитската и каде се наоѓаат голем број кафулиња, барови, ресторани и продавници. Таму живеат боливудските актери и познатите парси (жители со персиско потекло, дојдени во 20тите години на 19 век и едни од побогатите граѓани). Главната променада што гледа во Арапско Море и се протега до португалските тврдини ни го оживотворува овој прекрасен боливудски „филм“ полн со апсурди. 

25 април 2014

ПОРТА

33

33


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.