интервју
ЈУРЕ КОТНИК, АРХИТЕКТ, СЛОВЕНИЈА
Контејнерите се добар одговор на некои прашања
kekec300
Како решение за привремени градби, контејнерите можат да бидат брзо поставени и брзо пренесени или изградени на локации каде што не е дозволено трајно градење. Затоа многу познати компании ги користат, за да го претстават нивниот бренд на најдобрите локации во светот. На оваа тема за Порта3 разговараме со словенечкиот архитект Јуре Котник. Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх. (Италија) Веќе подолго време се занимавате со проучување на контејнерите. Успеавте во спроведувањето на Вашата идеја, како претставување на еден вид културна револуција. Дали денешниот граѓанин е подготвен да живее во ваков дом? Може ли европскиот човек да се откаже од куќата од неговите соништата? Контејнерите влегоа во фокусот на 34
34
ПОРТА
28 март 2014
архитектурата и популарната култура во почетокот на 2000-те, и тие веднаш добија широк медиумски одзив како симбол на глобализацијата, мобилноста и екологијата, преку можноста за рециклирање на неупотребените превозни контејнери. Оваа нивна карактеристика е добредојдена за потребите на еден современ човек, меѓутоа луѓето сè уште се конзервативни во поглед
интервју на домувањето. Тоа воопшто не е лошо, со оглед на тоа што ние сè уште не сме во позиција да ни треба мобилно модуларно живеалиште. Јас се залагам за користење на контејнери онаму каде што можат да се искористат нивните главни карактеристики. Контејнерите се најдобри за привремени градби кои можат да бидат брзо поставени и брзо пренесени или изградени на локации каде што не е дозволено трајно градење. Затоа, многу познати компании ги користат за да го претстават нивниот бренд на најдобрите локации во светот. Во овој сегмент архитектурата од контејнери е речиси непобедлива, додека во други полиња архитектурата сè уште може да нуди поадекватни одговори на сегашните предизвици.
Дали овој вид на градење може да го замени современиот, глобален проблем и начин на живеење? До кој степен трошокот за производство на контејнери е оправдан и кои се разликите на живеење во него?
Контејнерите се само шпајз. Направив пресметка во 2011 год., дека ако ги употребиме сите постоечки контејнери во светот, во тоа време ќе се покрие кинескиот градежен пазар само за 78 дена. Тоа покажува дека контејнерите во глобалниот размер не претставуваат некоја значајна
закана за класичното градежништво. Како и да е, контејнерите се многу конкурентни во некои сегменти, како на пример во нискобуџетното домување, во мотели или студентски домови. Побарувачката на овој вид на употреба е во подем и покрај кризата во градежниот бизнис. Контејнерите се добар одговор на неколку прашања, но не на сите. Архитектите се малку опседнати со пронаоѓање на одговорот за создавање на една универзална архитектура, во смисла на модуларна и мобилна структура, така што се создадени илјадници концепти и речиси секој славен архитект најмалку во еден момент пробал да направи таков проект. Повеќето од објектите не успеале поради два фактора: или биле предизајнирани или биле прескапи. Една од причините зошто контејнерите се најблиску до оваа идеја, е тоа што тие не се направени за тоа, па така, архитектите можат да ги позајмат како големи лего коцки и да ги приспособат кон нивните архитектонски визии.
Издадовте неколку книги кои претставувале и доживеале значаен успех. Најпознатата го носи имаето "CONTAINER ARCHITECTURE". Тоа е вашата прва книга со која ја освоивте и Плечниковата награда во 2009 година во Словенија. Издадена е од страна на една издавачка куќа во Барселона. Што можете
да кажете за тој оправдано заслужен успех, еве после неколку години?
Првата книга беше препечатувана и распродадена неколку пати на англиски и француски. Добар знак беше и тоа кога четири од петте издавачи ми понудија да ја издадам. Пишувам книги бидејќи сметам дека пишувањето ми помага во мојата работа. Ми помага подобро да разберам туѓи проекти и подобро да ги објаснам моите. Тоа е главната причина, со оглед на тоа што пишувањето на архитектонски книги не е многу профитабилна работа.
Доста истражувате за детски градинки, пишувате и книги на таа тема. Колку оваа типологија може да биде флексибилна и корисна во време на денешните проблеми, особено во контекст на градежните технологии?
Градинките денеска се соочуваат со големи предизвици, но не толку многу во смисла на технологија и конструкција, туку повеќе во нивната содржина и програма. Типологиите за градинки што ги користевме со децении не може да го развијат сиот потенцијал на децата од денешнината и децата на иднината, така што промените се неизбежни. Можеме да забележиме дека современите градинки и училишта се конвертираат од традиционални formavila
28 март 2014 ПОРТА
35
35
интервју
1phare paris
институционални структури во отворени пејзажи за учење, каде што децата повеќе можат да учат самите, простори каде што можат да бидат активни и да влијаат повеќе врз својот образовен процес.
Градинката „Кекец“ ја изградивте во 2010 година. Во неа ставате акцент на целиот колорит на панелите, што ротирајќи задаваат најразлични сценарија кои одлично влијаат врз децата. Колку еден ваков симпатичен и детски гест може да влијае на тежината на еден проект?
Надворешниот лик на градинката, нејзиниот изглед и комбинацијата на светли бои наидоа на широк медиумски одзив насекаде во светот. Проектот се најде на кориците на неколку книги и магазини низ светот и беше изложен на неколку изложби. Самата идеја произлезе од недостигот на пари за нова опрема за игралиште, и ова беше единствено решение да се стори нешто околу буџетот за градење. Сепак, „Кекец“ е симбол за нова генерација на градинки, каде децата можат активно да влијаат врз градинките, можат да ги менуваат, тоа е силна симболична порака која е само игра, а градинката функционира како една голема играчка.
ajda1
Моментално живеете на релација Париз – Љубљана, а често престојувате и во Русија. На кој проект работите моментално?
Работам многу на советување на влади и меѓународни организации за оптимизација на образовната архитектура. Тоа би значело зголемување на ефективноста на просторот и истовремено редуцирање на трошоците. Моментално работам за Светската банка на проект во неколку делови на Русија и Советот на Европа во Црна Гора. Исто така, моментално имам две градинки на моето работно биро и продолжувам да пишувам книги и статии.
Професионално сте се оформиле во две школи, словенечка и шпанска (се сеќавам дека некое време учевте и во Франција на Ecole Speciale d’architecture). Можете ли да ги споредите, а воедно и да ни ги претставите разликите меѓу овие два начина на учење?
Во архитектурата особено големо влијание има човечкиот фактор на учење архитектура. Тоа, исто така, значи дека постои правилото на Гаусовата линија, повеќето професори кои ги имав беа многу добри, но имав и такви кои не беа толку добри. Па така, меѓу школите главната разлика е во различното опкружување и различните предизвици со кои се соочуваш, кои ти помагаат да ги сфатиш различните задачи. Како на пример, во најголем дел од 36
36
ПОРТА
28 март 2014
JelkaLo
интервју
1phare paris
Европа архитектите поддржуваат големо количеството на сонце, додека во Јужна Европа наоѓаат решение за заштита од сонцето и некои други такви слични детали. Така што главните разлики се предизвиците со кои се соочуваш, било да се климатски или културни или пак некои други.
Во последната година се чувствува затишје во сферата на градењето во Словенија. Кои се причините за тоа и какви се Вашите визии и погледи во една блиска иднина?
ajda2
Во многу земји пред кризата многу луѓе мислеа дека градежниот бизнис е најдобриот начин да заработат пари, така што инвестираа во него без да знаат многу за тоа. Продукцијата беше голема, но не многу добра во поглед на квалитетот. Мислам дека можеме да констатираме дека има подобри проекти во последните години, откако бироата можат да се посветат повеќе на своите проекти. На пример, во архитектурата за градинки можеме да забележиме познати бироа кои се пријавуваат на конкурси, пред тоа тие беа едвај способни да ја завршат работата за другите клиенти. Архитектурата, генерално барем, стана повеќе свесна, па дури и ѕвездите архитекти го ограничија неограниченото трошење и покажување. Затоа можеме да забележиме дека јавната и социјалната инфраструктура, како парковите и улиците, стануваат повторно значајни во архитектурата. Тоа е добро за сите. И како професија, некои од моите колеги за да преживеат беа принудени да работат други неархитектонски проекти и мислам дека придобивките од креативноста, се на сè, можат да придонесат за квалитетот на архитектурата на еден подолг рок.
Дали сте престојувале во Македонија и како гледате на словенечките архитекти кои работеле и создавале во тоа некогашно време во Скопје? (Јуриј Принцес - Народниот Театар, Марко Мушич - Универзитетот Кирил и Методиј...)
kekec300
Тие проекти се наследство на еден период во архитектурата и нашата заедничка историја. Лично ми е драго дека словенечките архитекти ја прифатиле оваа шанса да работат во Македонија, бидејќи таквата културна размена ги врзува нашите култури. Во секој случај, јас сум за отворени граници и отворен пазар. Работењето во странство е нашата реалност. Ние сме две мали земји со ограничени извори и можности за работа, така што архитектите мораат да бидат во потрага за поголеми можности на други места. 28 март 2014 ПОРТА
37
37