НИНА БОГАТИНОСКА 08.04. 2020 АРХИТЕКТУРА Под поимот Архитектура се подразбира наука и уметност за проектирање и создавање на градби и обиекти. Еден од најпознатите архитекти од стариот век бил римскиот писател, архитект и инженер Маркус Витрувиус Полио, кој работел во l век п.н.е.
Сл. 1 Римски архитект Витрувиј Автор е на познатото дело „10 книги за архитектурата“. Едни од најмистичните архитектонските дела се пирамидите во Египет. Тие претставуваат гробници за фараоните и нивните сопруги. Од околу 145 пирамиди откриени во Египет најрана откриена е пирамидата Џосер изградена помеѓу 2630 - 2611 година п.н.е. Оваа пирамида е дизајнирана од архитектот Имхотеп и се смета дека таа е една од нај старите монументални градби во светот кои се направени од камен и малтер. Архитектот „Инхотеп“ е заслужен бидеќи е првиот кој ја замислил идеата создавање обиект (пирамида) составен од голем број на скали кои се намалуваат кон врвот. Најпознати пирамиди се трите пирамиди во Гиза, Каиро. Пирамидата Куфу во Гиза која е прогласена за едно од седумте светски чуда во античкиот свет.
сл.2 Скалеста пирамида на архитектот Имхотеп
Сл. 3 Пирамиди во Египет
Ова се само неколку примери од и од модерната архитектура: 1. Музеј Гугенхајм - Френк Лојд Рајт 2. Ла Саграда Фамилиа - Антонио Гауди 3. Концертна Сала - Френк Гери
Сл. 4 Музеј Гугенхајм
Сл. 5 Ла Саграда Фамилија
Сл. 6 Концертна Сала, Лос Анџелес