Бр. 34
14.03.2011
Фондација Аполонија
Февруарски културни настани Концерти „Гевгелиски музички моменти 2011 “
Содржина: Промоција на книга – Стефан Марковски
2
15 години – Синтезис
2
Ден со природата – Активности во Февруари
3
Зоран Маџиров со ново CD
3
За нас
4
ЕКО КАЛЕНДАР
4
ПРИЈАТЕЛИ:
www.gevgelija.gov.mk
www.gvg.com.mk
www.gevgelijanet.com
Манифестација та „Г евг ели ск и музички моменти 2011“, организирана од страна на Фондацијата „Аполонија“ свечено беше отворена на 8-ми Февруари со изведба на концерт за пијано и саксофон. Артистите кои ја имаа честа да го отворат првиот дел од концертите на класична музика наречен „Гевгелиска пролет“ беа изведувачите на саксофон Нинослав и Стојан Димов и изведувачот на пијано Рита Трпчева. Тие отсвиреа дела од J. Demersseman, Buzarovski, Matitia и Wiedoeft. Посебен впечаток остави пр еми ер на та изв ед б а на адаптацијата за два саксафона и пијано, на делото “Pequena Czarda“ на Педро Итуралде, со извонредната изведба на авторот на аранжманот Стојан Димов заедно со Нинослав Димов. Покрај настапите во Скопје, Куманово, Охрид, Ниш, Нови Сад, Копер, Кршко, Берлин, Потсдам, Бајрот, Нинослав бележи и повеќе солистички настапи со оркестарот на Македонската Филхармонија, Филхармонијата од Косово, “Lietzeorchester“ oд Берлин. Од почетокот на студиите на ФМУ во Скопје, тој е водач на саксофон квартетот „Димов“, со кој што настапувал во Дубровник, Сараево, Белград, фестивалите „Скопско Лето“ и „Охридско Лето“, итн. Од 2007 г. тој е член и коосновач на „Bensmann Saxophon Quartet“, светски реномиран ансамбл од овој вид, кој зад себе има богата дискографија од преку триесет носачи на звук. Прочитајте и дознајте повеќе на: http://gevgelijanet.com/art-/1274--2011.html. Вториот концерт на класична музика од оваа програма, исто така изведен во Февруари, беше концертот на Марјан Ивановски – виолончело и Весна Ангелова – пијано. Публиката во Гевгелија ја имаше можноста за прв пат да ја слушне изведбата на Шопен сонатата за гудачки инструмент и пијано, многу тешко дело кое пијанистите обично го избегнуваат и за кој што се верува дека авторот го напишал како свое проштално дело на две години пред неговата смрт. Оваа програма е во чест на 50 годишнината од виолончелизмот во Македонија, а воедно и програмски настап беше во одбрана на магистарскиот труд на Ивановски. Концертите на класична музика оваа година се поддржани од Министерството за култура на Р. Македонија и тие претставуваат дополнително учество на Фондацијата „Аполонија“ во збогатување на манифестацијата „Гевгелија – Град на културата 2011“.
Apollonia Foundation INFO
Страна 2
Промоција на книга – Стефан Марковски На 15-ти Февруари во хотел „Аполонија“ беше одржана промоција на две поетски книги од гевгелискиот автор Стефан Марковски: „За некои спомени од онаа некогашност...“ поетска абирка од 62 песни распределени во 12 сегменти, секој одделно претставува поетска целина и „Апеирон“- кратка поема во 21 пеење во која читателот наидува на синкреза од авторовите метафизички мненија и некои од древните светски митолошки обрасци. Во однос на двете книги како критичари се јавуваат Владимир Мартиновски и Томислав Захов соодветно. Се очекува и двете книги, после презентацијата во Гевгелија да бидат промовирани и во Скопје и во други помали градови низ Македонија. Стефан Марковски е студент на Филолошкиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Неговиот роман „Еднонасочно“, објавен во 2009 год. ја доби наградата „Петре М. Андреевски“ од Фондацијата „Рамковски“. Добитник е на втора награда на конкурс во категоријата расказ/повест од МАНУ во 2007 г. и на трета награда на конкурсот за есеј од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во декември минатата година. Претходно во категоријата есеј прими втора награда на натпревар објавен од страна на средното училиште „Панче Арсовски“-Скопје во 2008 и на ГОИ – фондацијата за мир при УНЕСКО -Токио во 2009 год. Неговите интереси, покрај пишувањето проза и поезија се фокусирани на изучување на природните науки, посебно на човековата свест и нејзините морфо-функционални корелати и на тоа прашање, моментално комплетира негов сопствен научен и филозофски труд, кој со голема веројатност се очекува да биде објавен во текот на оваа година. Меѓувремено пишува и дело кое опфаќа повеќе теми од општествените науки. Овој настан беше организиран од страна на Фондацијата „Аполонија“ и литературната група на Тони Аврамов, професор по македонски јазик и литература во средното училиште во Гевгелија, како дел од манифестацијата „Гевгелија – Град на културата 2011“.
15 години – Синтезис Со промоција на инструментален албум и документарец за историјата на групата, Синтезис во Декември 2010 год. прослави 15 годишнина постоење на македонската и светската кулутрна сцена. Синтезис е група која ја претставува македонската фолклорна музика со привремени аранжмани, притоа користејќи оригинални македонски инструменти, како што се: кавалот, гајдата, зурлата, тапанот, тарамбуката и тамбурата. Моќно и експлозивно, Синтезис во светски размери претставува најекспониран македонски проект. Воглавно во поддршката за културни настани во 2010 год., групацијата „Аполонија“ го поддржа и последниот проект на Синтезис за 2010 год.,а тоа е издавањето на CD со инструментална музика. Соработката помеѓу Аполонија и овие амбасадори на македонската автентична музика започна многу одамна. „Во оние моменти кога на нашата група навистина ѝ требаше помош, секогаш наоѓавме поддршка од Аполонија. Во ова време па и поднебје, каде авторските права, пордажбата и друго се многу минорни и еден бенд како Синтезис не може да се потпре на истите како би можел да продолжи со војата мисија, промовирање на македонската култура во светот, па поддршката од фирми, институции и фондации како Аполонија се од огромно значење за да се одржи континуитетот на културните активности во Македонија и надвор“ вели Марјан Јовановски од Синтезис. За нивните достигнувања и за нивната музика прочитете повеќе на официјалната веб страна: http://www.synthesis.com.mk/eng/
Страна 3
Apollonia Foundation
Ден со природата – Активности во Февруари Февруари како месец за проектот “Ден со природата“, беше посветен на едукација на децата за редуцирањето, реупотребувањето и рециклирањето. Почнавме во Горничет со организирање на активности и игри, кои ќе ги натераaт децата лесно да сфатат колку долго различните отпадоци се распаѓаат, како може повторно да се
употребат нашите пластични шишиња за куглање, како да се штеди водата и што може да се рециклира во Гевгелија. Следната недела ја посетивме компанијата за откуп на отпад „Близнак ком“ и таму децата имаа можност да видат како селектираната пластика се подготвува за рециклирање. Третата недела сите деца направија свои постери со пораката кои тие сакат да ја поделат со другите деца кои учат во училиштето во Негорци. Тие побара дозвола од своите наставници да ги закачат тие постери во училиштето со цел да ги мотивираат нивните другарчиња како треба да се однесуваат во природа. И за успешно да се заврши месецот организиравме акција за собирање отпадоци во училиштето во Негорци, во која учествуваа околу 40 деца. Имавме натпревар во групи „кој ќе собере повеќе ѓубре“ и како и секогаш,ги селектиравме пластичните шишиња во посебни сини вреќи и ги ставивме во контејнерите за рециклирање пластика во Гевгелија. Секој месец во “Ден со природата“ работиме со децата на одредена тема од областа на животната средина и од сите активности кои ги имавме во месец Февруари, може да се каже дека бевме доста успешни. Многу сме горди со децата, бидејќи иницијативата нивните постери да се стават во училиштето во Негорци беше нивна идеја. Повеќе слики на http://www.facebook.com/home.php?ref=home#!/ photo.phpfbid=181011875268112&set=o.37503956985&pid=379114&id=100000779021113
Зоран Маџиров со ново CD „Roots From The Roof : Balkano Nuevo“ е новото CD на добро познатиот македонски музичар и композитор Зоран Маџиров кој беше промовиран во Ноември 2010 год. На ова CD тој свири на неговите стандардни инструменти вибрафон, ксилофон и шишиња, по што е препознатлив не само во Македонија, туку и надвор од нашите граници. „После долга работа надвор од нашата држава одлучив да направам производ кој ќе ја отсликува македонската музика. Овде повторно се задржуваат џез звуците, меѓутоа во еден поинаков амбиент. Практично ова нè води назад кон нашите музички корени и се обидува да ни даде една нова слика за македонската музика.“ – вели Зоран Маџиров за неговото музичко дело. Она што е многу интересно е дека во Февруари,светски познатиот магазин за џез музика “Jazz times" во своето последно издание објави критика на неговиот албум. Еве дел од објавата на Wilbert Sostre: “Маџиров има одлична техника на свирење и неговите мелодии сјаат. Тоа особено се забележува на песните „Balkan Vulkan“, „Butchers Changes“, „Cheese under lid“. Балканските звуци што преовладуваат на „The Long Longing“, особено ги истакнува Зоран Крагуевски, чии импровизации на кларинет даваат дополнителна убавина на целиот амбиент.“ Целиот овој текст можете да го прочитате на следниов линк: http://jazztimes.com/ community/articles/27174-cd-review-zoran-madzirov-roots-on-a-roof-balkano-nuevo. Една од активностите кои ги имаше групацијата Аполонија во 2010 год. и се однесува на културата е и поддршката на овој проект на Маџиров.
Фондација Аполонија
Фондација Аполонија во 2010 КУЛТУРА
Адреса:
ИДНИ НАСТАНИ:
14.03.2011 20ч Пионерски дом Театарска претстава „СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ Македонски народен театар 18.03.2011 Детски градинки Изложба на експонати од отпаден материјал и рециклирана хартија 22.03.2011 19.30ч Хотел Аполонија Концерт на Борче Наумовски на гитара
Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Македонија. Телефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk
Организирани осум ликовни изложби: Годишна изложба на ДЛУГ – Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија Изложба на Мирјана Крстева Массетти Изложба и концерт – Џез вечер Изложба на Мајкл Клоус од Канада Изложба на фотографии “Поглед врз Гевгелија“ од Петар Арџанлиев Изложба на здружението Мултимедиа – Гевгелија Изложба “Етно моменти” од Драги Хаџи-Николов Аџи Магистерска изложба на Горан Јованов Две промоции на книги и една поетско-музичка вечер: Промоција на книга “Eхо од бранови” од младиот поет Владимир Мартиновски, во соработка со Градската библиотека Гоце Делчев од Гевгелија, а во рамките на “Топол културен бран“ Промоција на книгата “Посакувани копнежи” од Љубица Стојчева Поетска вечер насловена “Бисерите на светската поезија” , односно презентација на Израелската поезија
ЕКО КАЛЕНДАР