Apollonia Foundation INFO Бр. 1
02.06.2008
Фондација Apollonia
Newsletter — Нов проект на Фондацијата Apollonia Содржина: Француска вечер
2
Посета на Зоолошката градина во Скопје
2
Светски ден на планетата Земја
2
Меѓународна изложба на мозаици
3
Играчки за 3 најмалите, подарок од Симон Трпчески и фондација Apollonia Донација од фондацијата за Симон Трпчески
3
Музички моменти со квартетот флејти “АУЛОС”
4
Фондацијата Apollonia со цел да ги информира граѓаните на општина Гевгелија и пошироко, kako и сите почитувачи на културата, музиката, уметноста, убавиот пишан збор за културните настани и хуманитарните активности кои се случуваат под нејзино покровителство го издава овој електронски информатор кој ќе излегува on-line еднаш месечно. Со самото информирање се надеваме дека ќе ги поттикнеме нашите читатели да присуствуваат и бидат дел од настаните кои ги организира фондацијата Apollonia. Би биле многу среќни ако успееме да постигнеме соработка во смисол на размена на идеи за организирање на настани со чија што р е а л и з а ц и ј а ќ е г о з бо г а т и м е културниот живот на Гевгелија или ќе направиме нешто добро за сите нас.
Секој оној кој сака да биде дел од овој проект, и да добива месечно информатор на e-mail може да поднесе барање на: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk Информаторорт е достапен и на Web страниците на Градската Библиотека и О п ш т и н а т а Гевгелијa. www.gevgelija.gov.mk
www.biblioteka.edu.mk
Промоција на книга во хотелот Аполонија
На љубовта и е доволна само љубовта. Таа нема ништо, ниту може да се има. Љубовта не дава ништо освен себе. И не зема ништо освен себе... Ценка Попова Милковска
Роман за човековите страсти, нагони и агонија - така професорот Илија Карајанов пишува за првиот краток роман на Ценка Попова Милковска - “А сепак беше”. Промоцијата на книгата се одржа на 30.05.2008 во хотелот Apollonia и беше проследена со поетско читање во романтична атмосфера и прекрасни музички изведби. Честитки за авторот, изодевте долг пат, но вредеше!
1
Apollonia Foundation INFO
Страна 2
La diversite de la France
„La diversite de la France“ е името на овогодишната Француска Вечер која се одржа во Хотелот Apollonia на 29.05.2008. Вечерта се состоеше од француски танци и песни, драмска едночинка како и видео бим проекција со мала но богата презентација на францускиот живот и култура. Овој настан е во организација на учениците од УЦ “Јосиф Јосифовски” Гевгелија, под менторство на професорите Мирјана Чамчиќ, Виолета Аризанова и Драги Хаџи-Николов.
Посета на Зоолошката градина во Скопје Децата кои се дел од проектот “Ден со природата” на 04.05.2008г. ја посетија Зоолошката градина во Скопје. Овој проект, кој трае веќе 8 месеци, е наменет за заштита на човековата околина. Деца на возраст од 6-12 години во викенд деновите одат на излети и прошетки во природа, се со цел да ја осознаат поврзаноста на човекот со природата, низ игри и забава да научиме како да се однесуваме со неа и да
уживаме во тоа. Децата беа воодушевени од животните. Забавата продолжи во игротеката Action Park, место кое е како рај за деца. Заклучокот кој го донесовме на крајот е дека о ва па т у в ањ е бе ш е совршено и мора да го повториме. За повеќе информации посетете ја страницата коjа ја изработија децата
Take care of animals
www.nature-day.piczo.com
Акција за чистење по повод Светскиот ден на планетата Земја
По повод Светскиот ден на планетата Земја, а во рамките на проектот Ден со природата, на 22 ри Април фондацијата Аполонија во соработка со основните училишта од Гевгелија и општината Гевгелија, организираше акција за чистење на зелените површини околу некои стамбени објекти во Гевгелија. Со оваа активност сакаме да го одбележиме овој значаен ден, и да дадеме еден мал придонес кон зачувувањето и грижата на нашата околина. Нашата порака е: Нека секој ден биде EARTH DAY!
2
Страна 3
Бр. 1
Меѓународна изложба на мозаици По повод 15 - годишното постоење на ателјето за мозаици во рамките на меѓународната ликовна струмичка колонија на 23 мај 2008 во изложбениот салон на хотелот Apollonia во Гевгелија беше отворена изложба на мозаици. Вкупно 25 дела на седум автори од Македонија, Италија и Србија беа презентирани пред љубителите на ликовната уметност. Оваа изложба е прва по ваков обем во Македонија и меѓу ретките на Балканот. Делата веќе беа изложени во Струмица, а ќе бидат изложени и во другите поголеми градови на Македонија и Италија.
Ви препорачуваме: www.bayram.org.mk www.dlum.org.mk
Има една напогрешлива вистина дека човекот не го измислил каменот, но од каменот измислил многу промислени чуда и естетски вредности... Петре М. Андреевски
Играчки за најмалите, подарок од Симон Трпчески и фондацијата Аполонија
“Trpceski is the real deal. A pianistic talent in a thousand.” The Times, June 2005 Еден од најзначајните и најдраги настани за фондацијата Аполонија за 2008 год. е доделувањето на средствата собрани од последниот концерт на Симон Трпчевски во Гевгелија. Играчки за децата од градинката "Детска радост" е подарокот за нашите најмили. Децата и воспитачките од градинката за да ја искажат својата благодарност нацртаа прекрасни цртежи за Симон и приготвија приредба за гостите, меѓу кои беа и братот на Симон Трпчески, член од неговиот организациски тим, како и претставници на Apollonia.
www.trpceski.com
Донација од фондацијата за Симон Трпчески
Се чуствуваме многу среќни што бевме дел од еден вака голем и многу значаен проект, помагајќи Симон Трпчески и Македонија да добијат Steinway Grand Piano D. Најголем музички Амбасадор на Македонија ја има целата наша подршка.
3
Фондација Apollonia
Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Идни настани: 05.06.2008 Концерт Дуо Гелебешеви промоција на нивното CD Apollonia Hotel 20.30-21.30
Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk
15.06.2008-25.06.2008 Ликовна Колонија Apollonia Јуни, 2008 Изложба - Друштво на Ликовни Уметници Гевгелија ...
Lets all work together for Greater Good!
Apollonia Foundation е основана заради остварување на хуманитарни, образовни, културни, уметнички, социјални, спортски, научни, те хн и чки, е ко номс ки и др уги покренати иницијативи, со цел за унапредување, ширење и развој на овие полиња во градот Гевгелија, Општината Гевгелија и во Република Македонија. Apollonia Foundation со поттикнувањето и спонзорирањето на активностите и потребите во образованието, културата, уметноста, заштитата на човековата околина, спортот, здравството, ќе биде постојано вклучена во многуте полиња на општествениот живот во Општината Гевгелија и Република Македонија преку преземањето иницијативи и помагањето на установи, здруженија и поединци во нивното унапредување на сопствените активности, за доброто на целата заедница. Да направиме нешто добро за сите Нас!
Музички моменти со квартетот флејти “АУЛОС”
Уште еден успешен концерт во склоп на Гевгелиска Пролет 2008 - Музички Моменти, се одржа на 30 ти Мај во големата сала на хотелот Apollonia. Овој пат публиката имаше задоволство да ужива во прекрасните изведби на државните победници на натпреварот за ученици и студенти во Македонија. Катерина Бачевска, Ангелина Катмерова, Маја Станковска, Марија Јакимовска се членовите на квартетот флејти “АУЛОС”, а беа придружувани од проф. Марија Вршкова на пијано и Даниела Јововиќ на флејта, ментор Доц. Страшо Темков. Девојките беа фантастични, и се надевам дека ќе слушнеме многу од нив во иднина.
4