Informator na Fondacijata Apolonija 10

Page 1

Бр. 10

03.03.2009

Apollonia Foundation

Синтезиз во Виетнам

Содржина: Писмо Благодарница 2 од Министерството за Надворешни Работи ...Меѓународен натпревар Даворин Јенко во Белград

2

Tour.reg проект

3

Друштво на ликовни 3 уметници од Гевгелија 3 Промоција и дегустација на вино на Св. Трифун

За нас

4

Еко календар

4

ПРИЈАТЕЛИ:

Македонскиот етно бенд Синтезис замина во Виетнам каде одржа 2 концерта на 18 и 28 Февруари во Hanoi and Ho Chi Minh, правејќи ја првата културна промоција на Македонија во оваа далечна Источна земја. Коцертите беа организирани во соработка со Виетнамскиот диригент Le Fi Fi, кој веќе 16 години работи во Македонија. Ова е прв пат бенд од Балканските Земји да оди во Виетнам. “Импресиите од првиот концерт беа прекрасни, полна сала многу овации, а меѓудругото изведовме и една песна на Виетнамски, нивна позната народна песна. “ вели Марјан Јовановски од Синтезис. С и н т е з и с г и ко м би н ир а корените на Македонското фолклорно музичко наследство со современи аранжмани, користејќи полн асортиман на оригинални Македонски инструменти, како кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука или тамбура. Моќен и експлозивен, СИНТЕЗИС е најекспониран Македонски светски музички проект. Името “Синтезис” е одбрано за да го искаже концептот на групата, кој е да ги комбинира традиционалните звуци со современите аранжмани за да креира музичка синтеза. Кон признавањето на големите доприноси кои Синтезис ги има направено за афирмација на Македонската музика и култура преку бројните концерти насекаде низ светот (Јапонија, Израел, САД, Италија, Франција и многу други), ќе го додадеме и прогласувањето за Почесен Амбасадор на Македонската Култура во 2006 год, од страна на Македонската Стопанска комора. За повеќе информации околу бендот: www.synthesis.com.mk. Фондацијата Аполонија е горда да каже дека исто така зеде учество во овој проект, и му помогна на бендот со донација од 2000€ за покривање на дел од трошоците за патувањето во Виетнам. Ние веруваме дека културното наследство ги формира нашите идивидуални, локални и национални идентитети и затоа треба да ги почитуваме, цениме и промовираме нашите културни богатства, а Синтезис е дефинитивно едно од нив.


Apollonia Foundation INFO

Pa

Писмо благодарница од Министерството за Надворешни Работи На барање на Амбасадата на Република Македонија во Букурешт и во соработка со Фондацијата Аполонија, неколку компании од Гевгелија зедоа учество во добротворниот Божиќен Базар кој се оддржа во Букурешт во Декември, минатата година. “Ноел”, “Випро” и “Јостела” ги дадоа бесплатно своите производи и сите пари собрано од продажбата беа упатени во добротворниот фонд за деца со посебни потреби. Дел од производите беа дадени како Божиќен подарок на 43 деца од селото Урзикуца, близу Крајова, кои посетуваат настава по македонски јазик како најмлада генерација на Македонците во Романија. Еве го писмото кое фондацијата Аполонија неодамна го доби од Министерството за Надворешни Работи и Амбасадата на Република Македонија во Букурешт, каде тие ја искажуваат својата благодарност за поддршката и придонесот кој фондацијата го даде за овој настан.

Млади и талентирани музичари од Гевгелија освојуваат прва награда на Меѓународниот натпревар Даворин Јенко во Белград Тројца ученици од Гевгелија, млади и талентирани музичари, заедно со 600 други музичари од цела Европа, учествуваа во Меѓународниот натпревар Даворин Јенко во Белград. Децата се вратија во Македонија со извонредни резултати. Андонов Ѓорге кој свири пијано само една година, го освои второто место во А категоријата во пијано соло дисциплината, иако беше најмадиот натпреварувач во оваа категорија. Пијано дуото Иван Гавриловски и Јованов Ице го добија првото место во Б категоријата од пијано дуо натпреварувањето. Сите три деца се исклучително талентирани музичари со осет за ритам и мелодиски движења. Тие се ученици во класата на проф. Љубица Улишева во музичкото училиште Васо Карајанов, Гевгелија. Ние сме среќни да кажеме дека фондацијата Аполонија ги поддржа овие деца со донација од 22.000 денари, за покривање на трошоците за нивното сместување во Белград.

Нивното учество во овој натпревар беше организиран од страна на Здружението на музички и балетски педагози на Македонија, со седиште во Гевгелија . Се надеваме дека овој успех ќе биде инспирација за сите други таленти, и за луѓето кои се одговорни да вложат во нивната иднина. Погледајте: www.msdjenko.edu.yu


Page 3

Apollonia Foundation INFO

Tour.reg проект Професорите од УЦ Јосиф Јосифовски од Гевгелија, кои се дел од меѓународниот проект Tour.Reg, се вратија од студиската посета во Bad Ishal - Австрија со многу добри впечатоци за тоа што видоа и што научија таму. Тие посетија часови по послужување, готварство, хотелиерство, маркетинг и туризам во н а ј д о б р о т о туристичко училиште во Австрија Salzkammergut, а исто така одржаа и предавање за Гевгелија и туризмот овде на учениците кои учат таму. Главната цел на оваа посета беше наставниците да се запознаат со концептот на туристичките училишта во Австрија, начинот на нивната работа, и воглавно наставните содржини и програми, како и запознавање со организацијата на туризмот во Австрија.

Друштво на ликовни уметници од Гевгелија Во изложбениот салон на хотелот Аполонија веќе 4 месеца е во тек п о с т о ј а н а т а афирмативна изложба на дела на уметниците од Гевгелија која е во организац иј а на ДЛУГ - Друштвото на ликовни ум етниц и о д Гев ге лиј а и фондацијата Аполонија. Уметничките дела предизвикаа голем интерес кај граѓаните од Гевгелија и гостите кои престојуваат во хотелот, па неколку дела беа и продадени. За подобро постигнување на главната цел на и з л о ж б а т а – аф и рм ац и ј а н а

Гевгелиските уметници, беше издаден и каталог со сите уметници од д р у ш т в о т о . Фондацијата Аполонија даде донација од 18.000 денари за оваа цел.

Промоција и дегустација на вино на Св. Трифун По повод Св. Трифун, Денот на лозарите, на 14ти Февруари во Гевгелија, во рамките на проектот “Патот на виното”, беше оддржана промоција и дегустација на вино од Гевгелија. Винариите Риго Импекс, Јостела и Плодомакс ги презентираа своите најдобри продукти на потрошувачите во Гевгелија. Промоцијата се оддржа во мотелот Вардар, а беше организирана од Винарските визби, Фондацијата за локален развој - Гевгелија и фондацијата Аполонија. “Патот на виното” започна минатата година и овој проект е реализиран со зедничка соработка на општината Гевгелија и нивните партнери од Грција.


ЗАЧУВУВАЊЕ И ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА КУЛТУРНО-ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО Преку Договорот за стратешка соработка со НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА – МУЗЕЈ ГЕВГЕЛИЈА постојано сме вклучени во реализација на проектите за систематско истражување на археолошкиот локалитет ВАРДАРСКИ РИД:

Apollonia Foundation

ИДНИ НАСТАНИ * 5.03.2009, 19ч. Хотел Аполонија Концерт класична музика од класата на проф. Љубица Улишева

* 5.03.2009, 10ч. Дневен Центар за деца со посебни потреби Концерт за децата - по повод Денот на жената

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р. Maкедонија Тeлефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk

Отстапен е објект кој потполно одговара на потребите на музејот за првичната фаза на зачувување на пронајдените артефакти на Вардарскиот Рид; * Учество во финансирањето на проектот за дислокација на Споменикот на Слободата од Вардарски рид на нова локација; * Учество во финансирањето на издавање соодветна стучна литература поврзана со афирмација на Вардарски Рид: Една од нив е монографијата “Антички монети од Вардарски Рид” од Бобан Хусеновски. * Финансирање на маркетинг проекти – изработка на копии на фигури пронајдени на Вардарскиот Рид:

* Март, Хотел Аполонија Изложба на Тони Шулајковски

Копија на фигурата СИРЕНА– интегрален дел од брозениот сад АУТЕПСА. Копија на сребрена монета со ликот на А л е к с а н д а р М а к е д о н с к и . * Финансирање на презентациите на артефактите пронајдени на Вардарски Рид во изложбена витрина во хотелот Аполонија – Гевгелија

ЕКО КАЛЕНДАР

Classical concert for 8th March 19h

Apollonia Hotel

Lets all plant our future!

Exhibition Toni Sulajkovski

* If you want to add some interesting information for our next Eco calendar send us an e-mail. Thank you.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.