Informator na Fondacijata Apolonija 15

Page 1

Бр. 15

05.08.2009

Apollonia Foundation

Ден со природата - активности И за време на летниот период, децата од Гевгелија ја имаат можноста да истражуваат и учат за природата, учествувајќи во излетите и активностите кои се дел од едукативниот еколошки проект наречен “Ден со природата“. Најинтересни патувања за месец Јули беа посетите на 2-та познати водопади во близина на Струмица. Еден интересен факт што децата го научија е дека во Македонија има околу 150 водопади. Највисокиот е на планината Кораб - 138 метри висок и лоциран под врвот Мал Кораб. Скриени во длабочините на шумите, посетени само од најхрабрите и најтпеливи љубители на природата, водопадите претставуваат единствено доживавање и авантура. Нај посетени се Смоларските и Колешинските водопади, на падините на планината Беласица.

Содржина Пиано концерт на Емил 2 Рибарски Фолклорна група

2

Сојуз на училишен спорт

3

Стипендија за студенти

3

Академик Васко 3 Ташковски, по трет пат во Ликовната колонија Аполонија 2009 За нас

4

Eко календар

4

ПРИЈАТЕЛИ:

www.gevgelija.gov.mk

На границата помеѓу Македонија, Бугарија и Грција, на 650 м надморска височина се наоѓаат Смоларските Водопади. Тие се најголеми водопади на Беласица, каде водата се спушта од височина 35-40 метри. Природата околу водопадот изобилува со вегетација и мов кој никогаш не ја менува својата зелена боја. Тука во зима природата создава прекрасни мразулци кои висат од карпите. Пред самиот водопад има дупка за која локалните жители раскажуваат своја приказна. Легендата вели дека кралот Марко скокна со својот коњ од водопадот и со коњскиот чевел направил дупка во камењата која луѓето од Смоларе ја нарекуваат “дира”. Во близина се наоѓаат и Колешинските водопади. На југо-источниот дел од земјата, во нискиот тек на реката

www.gvg.com.mk

www.biblioteka.edu.mk

Баба. Високи 21 м, со дијаметар на паѓање од околу 16 м, тие се водопади од скалест вид. Децата беа воодушевени од убавините кои природата ги создала овде, и затоа работите кои ги научија за создавањето на водопади, ерозија на земјата, загадување и штедење на водата имаат поголем ефект на нив.


Apollonia Foundation INFO

Страна 2

Пиано концерт на Емил Рибарски На 14 Јули на сцената на хотел ’’Аполонија’’ свое прво концертно претставување пред гевгелиската публика имаше младиот македонски п и ј а н и с т Е м и л Р и б а р с к и . Сонатите од Скарлати, скерцо и полонеза од шопен, беа најава за богатото музичко доживување, а во вториот дел од концертот за прв пат беа изведени ’ ’ С л и ки т е од и з л о ж ба ’ ’ на Му с о р г с к и. Со истиот репертоар кој е достоен за класичните музички мајстори Емил Рибарски , на 18-ти јули, настапи и на престижниот меѓународен фестивал ’’Л’Ескала’’ што се одржува во Жирона, Шпанија. Неговиот концерт во Гевгелија ја започна сезоната концерти што се планирани во првиот дел на манифестацијата ’’Гевгелиски музички моменти’’

која веќе десет години опстојува под покровителство на Фондацијата ’’Аполонија’’. Емил Рибарски е од Скопје и потекнува од семејство на професионални музичари. Дипломирал во 2006 година со највисоки оценки на одделот за пијано на ФМУ Скопје во класата на Милица Шперовиќ-Рибарски. Дипломирал и на Академијата “Анџелика Константијана“ во Рим, во класата на Марчела Крудели. Особено значајно за неговиот уметнички развиток е неговото усовршување во тек на една академска година на Државниот Конзерваториум П.И.Чајковски во Москва, во класата на заслужниот артист на Русија, Андреј Диев. Рибарски моментално работи како пијано професор на ДМБУЦ Илија Николовски – Луј во Скопје.

Фолклорна група “Негорци” Културно уметничкото друштво “Негорци“ за втор пат оваа лето имаше можност да го презентира Македонскиот фолклор надвор од Македонија. Овој пат околу 30-тина деца на 18 дневната турнеја низ Европ, зедоа учество дури на 2 интенационални фестивала. Првиот фестивал беше насловен “Internationales Trachtentreffen der Mosel in Krov - Germany“ кој се одржа традиционално по 56ти пат, и на кој учетвуваа многу фолкорни групи од Германија и 6 фолк групи од други странски земји. Вториот фестивал беше 10тиот Меѓународен фестивал во СЦХ-Аген, каде одржаа 10 концерти пред голем број на публика, меѓу кои беа и претставници од Македонската Амбасада. Во Холандија тие имаа и свои настапи пред публиката на Хаг и Делфт. КУД Негорци се врати од турнеја со импресии дека концертите кои ги остварија им беа доста успешни. Сега се подготвуваат за третата турнеја оваа лето, а тоа е во Турција, со учество на највозрасните членови на групата. Се гордееме со нивната работа и успех, тие се вистински амбасадори на Македонската култура, и затоа исто како и изминатите години, Фондацијата Аполонија ги поддржа нивните активности и даде донација за да им помогне околу оваа турнеја.


Страна 3

Apollonia Foundation INFO

Сојуз на училишен спорт Сојузот на училишен спорт на општина Гевгелија е дел од Федерацијата на училишен спорт кои има сојузи како овој во Гевгелија низ цела Македонија. Задачата на овој сојуз е да организира спортски активности, игри и натпревари за талентирани ученици кои имаат желба да спортуваат и кои се избрани од нивните наставници во училиштата каде учат. Во Јули тие имаа фудбалски натпревар во Србија, и фондацијата Аполонија им помогна со мала донација за покривање на дел од патните трошоци. Една од работите која децата ја учат, спортувајќи во тимови, е дека индивидуалните залагања за групните цели е тоа што ги прави тимовите, компаниите, општествата и цела цивилизација успешни.

Стипендија за студенти Фондацијата Аполонија одсекогаш го помагала образованието, како една од суштинските компоненти на животот. Донации за училиштата, едукативни проекти, праќање професори на конгреси и семинари и индивидуални стипендии се работи кои фондацијата ги прави за образованието како една дејност која што е од јавен интерес. Оваа година еднократна стипендија доби Марија од Гевгелија, студент во трета година на Универзитетот Овидиус во Констанца, Романија. Таа студира медицина, или поконкретно за забен техничар, има одлични оцени, и нејзиното барање за донациа ги исполни условите на фондацијата за стипендија. Се надеваме дека еден ден ќе бидеме во можност да формираме Академија Аполонија, со фонд за стидендирање ученици и студенти кои имаат високи оцени, а поради финансиски тешкотии не можат да си дозволат студирање.

Академик Васко Ташковски, по трет пат во Ликовната колонија Аполонија 2009 Еден од учесниците во овогодинешната ликовна колонија Аполонија 2009 е академик Васко Ташковски. Тој е роден на 31 август 1937 година во с. Нижополе, Битола. Средно уметничко училиште завршува во Скопје 1958 г, а дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964 година. Од 1966 до 1991 година работи како сценограф во Македонската телевизија. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи и графика. Повремено работи и графички дизајн. Има реализирано повеќе од 40 самостојни изложби а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Неговата работа беше презентирана и на публиката во Париз во 1992 со импозантна изложба и аукција на околу 100 уметнички дела.

“Сликите на Васко Ташковски нè предупредуваат да ги зауздаме нашите деструктивни нагони кон природата и да ја воспоставиме изгубената хармонија со неа.””

Последен пат ја презентира неговата работа пред Гевгелиската публика во Мај 2008, со Акад. Георги Сатрделов самостојна изложба оддржана во хотелот Аполонија, а негови дела беа претставени и на изложбата од минатогодишната ликовна колонија Аполонија. Тој меѓу другото е и член на МАНУ - Македонската Академија на Науките и Уметностите. Васко Ташковски уште во раната возраст ја почуствувал својата наклоност и моќ на владеењето со цртежот, и со исконски фанатизам ги барал и ги пронаоѓал сите можности да изнедри максимум во оваа област. Ташковски има уметнички изградена ликовна природа, и тој го посвети своето знаење на посебен вид фантазија.


Apollonia Foundation

За нас Веруваме дека спортот ја поттикнува физичката положба, тимскиот дух и социјалната етика.

Адреса:

ИДНИ НАСТАНИ: 18-22 Aвгуст, Гевгелија и Валандово Отворени Забавни Фудбалски Школи Повеќе од 200 деца од нашата општина ќе имаат можност да учат фидбал во средина во која детето е во центарот на вниманието

Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р.Македонија

Една од областите која фондацијата Аполонија ја поддржува и спаѓа во дејностите од јавен интерес е спортот. Изминатите години во полето на спортот го имаме направено следново:

Тeлефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk

Спонзорирање на локални екипи во фудбал, кошарка, ракомет и кикбокс. Спонзорирање активности на Спортските Асоцијации кои се фокусираат на спортска едукација на децата. Спонзорирање на Планиски Алпинистички експедиции

клубови

и

Нашите идни планови вклучуваат: Инвестирање во одржување на полето на спортот. Купување на потребна опрема и соработка со т р е нер и те за ра з вој на с п ор то т . Спонзорирање на спортски настани и активности.

ЕКО КАЛЕНДАР Nature Day goes to Koleshino Waterfalls in Strumica.

This we know - the earth does not belong to man, man belongs to earth.

63,000 square miles of Rainforests are being destroyed each year.

Penguins live only in the Southern Hemisphere and never in the Northern Hemisphere.

Every ton of recycled office paper saves 380 gallons of oil.

Recycling glass reduces that pollution by 14-20%.

If the Antarctic ice sheet melted, it would produce a sea -level rise of at least 60 meters.

In Peninsular Malaysia, more tree species are found in 125 acres of Tropical Forest than in the entire North America.

Approximately 5 million tons of oil produced in the world each year

Open Fun Football School starts today in Gevgelija and Valandovo

If a mole does not find food within 12 hours, it will die. Its chief Happy revolution food consists of inDay sects & earthworms.

It’s “ILINDEN”

Over 100 pesticide ingredients are suspected to cause birth defects, cancer, and gene mutations.

84% of all household 1 dishwasher load waste can be recycled. uses 9-12 gallons

Energy saved from one recycled aluminum can will operate a TV set for 3 hours, and is the equivalent to half a can of gasoline.

"Tell me what you eat and I will tell you what you are!" Brillat-Savarin

Computers pose an environmental threat because much of the material that makes them up is hazardous.

One bus carries as many people as 40 cars!

More than 1/3 of all energy is used by people at home.

Man did not weave the web of life, he is merely a strand in it. Whatever he does to the web, he does to himself.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.