Бр. 33
09.02.2011
Фондација Аполонија
Гевгелија - град на културата 2011 со над 100-тина културни настани
Содржина: 2 Гевгелски музички моменти 2011 - проект од национален интерес
2 Натпревар во угостителство и туризам
Ден со природата
3
Достугнувања во екологијата во 2010
3
Уметник од ликовната колонија Аполонија 2010
3
За нас
4
ЕКО КАЛЕНДАР
4
Во Мотелот Вардар, во близи на на античкиот град “ Г о р т и н ија “ к ак о најстаро сведоштво на к у л т у р н и т е , цивилизациските трагови на овие простори, се одржа прес конференција за к у л т у р н а т а манифестација “Гевгелија град на културата 2011“. На конференцијата присуствуваше министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, заедно со преставници од министерството, претседателот на Собраниската комисија за култура Васко Шутаров, градоначалникот на општина Гевгелија, претставници на институциите од културата во градот, од фондација Аполонија, други невладини организации, уметници и заинтересирани граѓани. “Гевгелија е град кој има душа, добрина, кој негува грижливост за културните споменици и традиции од минатото, поради што Министерството за култура го прогласи за “Град на културата за 2011 година“ со цел питомото историско минато да го задржи својот сјај“ - рече Министерката за култура.
Добротворна Божиќна детска работилница
ПРИЈАТЕЛИ:
www.gevgelija.gov.mk
www.gvg.com.mk
www.gevgelijanet.com
На 3 и 4 Јануари во Мотелот Вардар, во организација на фондација Аполонија, се одржа добротворна божиќна детска работилница на која учествуваа деца од општина Гевгелија, децата со посебни потреби од Дневниот центар во Гевгелија, волонтерки од средношколскиот клуб Glow од Гевгелија, ученици флејтисти од музичкото училиште Васо Карајанов, групите Хипхоп, Ритам плус, манекенките од Домот на културата како и други млади таленти од Гевгелија. По завршувањето на работилницита Ирена и Стефани од клубот Glow заедно со еден социјален работник учествуваа во добротворната акција со донирање на предметите собрани за време на работилницата. Еве што тие имаа да споделат во врска со акцијата: “Имаше 10 семејства со 30 деца кои беа одберени од социјалните служби како најзагрозени. Пред новата година фондација Аполонија им достави храна и производи за домаќинство. Ние прво ги посетивме двете семејство во Гевгелија, потоа во Негорци, Прдејци, Милетково, Миравци, Богородица, Ѓавото, Богданци, Црничани и Дојран. Со волонтерска работа и помошта на организаторите како и учениците во божиќната работилница, придонесовме за барем малку среќа и надеж на нивните лица. Нашата добротворна работа не застанува овде, затоа што ќе организираме и други слични активности. Како што мајка Тереза има речено: Не е важно колку даваме туку колку љубов вложуваме во давањето.“
Apollonia Foundation INFO
Страна 2
Гевгелски музички моменти 2011 - проект од национален интерес Манифестацијата “Гевгелиски музички моменти“ на фондацијата Аполонија по втор пат влезе во програмата на Министерството за култура за 2011 година како проект од национален интерес. Во рамките на оваа манифестација ќе бидат одржани 19 концерти на класична музика програмски распоредени во два дела. Првиот настан од програмата започнa вчера - 8 Февруари со настапот на Нинослав Димов - саксофон, Стојан Димов кларинет/саксофон и Рита Трпчева - Поповиќ - пијано, сите познати уметници и професори од Факултетот за музичка уметност во Скопје. Богатата програма на која ќе продифелираат млади музички уметници од основните и средните училишта во земјата, Гевгелиски музички таленти, студенти од факултетот за музичка уметност, како и докажани уметници и професори по музика. Можна е и соработка со ученици од средното музичко училиште во Солун, Грција. Година воведена е една значајна новина, во текот на месеците Февруари, Март, Април и Мај два до три пати месечно, исклучиво во Вторник, ќе се реализираат концертите од првиот дел од програмата. Концертите кои ќе се одржуваат во хотелот Аполонија се дополнителен придонес на фондација Аполонија кон манифестацијата
“Гевгелија град на културата 2011“.
Натпревар во угостителство и туризам Младите од Гевгелија со сè подобри резултати Во текот на Декември во Сараево се одржа меѓународен натпревар на хотелско туристички школи на кој учествуаа 15 училишни центри од балканските простори. Преставниците од УЦ Јосиф Јосифовски од Гевгелија во мошне силна конкуренција го освоија второто место во категорија барменство - спремање на коктели. Учиниците од хотелско-туристичката н а с о к а п р и училишниот центар во Гевгелија во текот на Јануари зедоа учество и на Државниот натпревар на угостителскотуристички училишта од Р.Македонија кој се одржа во Охрид, а по повод празникот Богојавление, Водици. На овој натпревар учествуваа осум училишта од земјава, а од Гевгелија се натпреваруваа шест деца во четири категории, надгледувани од жири комисија составена од врвни професионалци од цела Македонија за секоја категорија, како и од централна жири комисија. Во категоријата готвачи нашите ученици го освоија второто место додека пак за презентација на својот град првото место. Ученикот Трајче Карагошев од III година го освои второто место за припремање на барски мешавини, а Даниел Чобанов, исто од III година го освои првото место во категоријата фламбирање на овошје. Хотелот Аполонија беше покровител на овие ученици, со тоа што им овозможни тренинг и подготовка со најискусниот персонал од Аполонија, како и давање на сета потребна подршка околу опремата и техничките средства за успешно претставување на овој натпревар.
Apollonia Foundation INFO
Ден со природата
Страна 3
Достугнувања во екологијата во 2010
Месец Јануари беше посветен на учење за водата
Топлик, активност - колку капки вода се потребни да се наполни една брана како Топлик
Локација Динќут, Стави ја планетата Земја во пластично шише и набљудувај го кружењето на водата! Повеќе слики на http://www.facebook.com/home.php? ref=home#!/photo.php
Гевгелија започна со рециклирање на пластични шишиња, благодарение на грант од US AID за "Програмата за рециклирање на пластика" изработена од волонтер, на мировниот корпус Кристен Хелсет и фондацијата Аполонија. Реализирани активности во рамките на овој проект: —50 деца, кои учествуваат во проектот “Ден на природата“ беа едуцирани за рециклирање на пластика, преку интерактивни игри. Децата го пренесоа своето знаење на локалната заедница со делење на над 1.000 едукативни брошура за рециклирање на пластика. —2 настани за собирање отпадоци беа одржани на 4-те локации на кои се рециклира пластика, собраната пластика беше сместена во новите садови за рециклирање. —15 нови контејнери за рециклирање пластика беа доставени до двете основните училишта во градот Владо Кантарџиев и Крсте Мисирков. —Сите 1.523 ученици кои посетуваат Владо Кантарџиев и Крсте Мисирков беа едуцирани за рециклирање на пластика, преку интерактивни наставни планови подучени од нивните учители а најмладите деца учеа од брошурата "Зошто треба да рециклирам", која беше спонзорирана од ОХО, кој даде свој придонес кон програмата за рециклирање пластика .
Уметник од ликовната колонија Аполонија 2010 Еден од учесниците во ликовна колонија Аполонија 2010 беше академик Васко Ташковски. Тој е роден на 31 август 1937 година во с. Нижополе, Битола. Средно уметничко училиште завршува во Скопје 1958 г, а дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964 година. Од 1966 до 1991 година работи како сценограф во Македонската телевизија. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи и графика. Повремено работи и графички дизајн. Има реализирано повеќе од 40 самостојни изложби а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство. Неговата работа беше презентирана и на публиката во Париз во 1992 со импозантна изложба и аукција на околу 100 уметнички дела. Последен пат ја презентира неговата работа пред Гевгелиската публика во Мај 2008, со самостојна изложба оддржана во хотелот Аполонија. Тој меѓу другото е и член на МАНУ - Македонската Академија на Науките и Уметностите. “Сликите на Васко Ташковски нè предупредуваат да ги зауздаме нашите деструктивни нагони кон природата и да ја воспоставиме изгубената хармонија со неа.”” Акад. Георги Сатрделов
Фондација Аполонија
Адреса:
ИДНИ НАСТАНИ:
15 Февруари 19:00 ч. Промоција на две книги од Стефан Марковски хотел "Aполонија" 22 Февруари 19:30 ч. Концерт на класична музика Maрјан Ивановски на виолончело и Весна Aнгелова на пијано хотел "Aполонија" 24 Февруари 2011 Ликовна изложба "Maл формат" Библиотека "Гоце Делчев"
Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Македонија. Телефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk
Фондација Аполонија во 2010 - Традиционално поддршка на Џез-фестивалот во Скопје; - Организирање на комедијата "Цунами" во изведба на драмското студио "Тетово" како дел од меѓународниот фестивал на комедијата во Гевгелија; - Учество во проектот "Мојот шарен детски свет" на Градската библиотека и Домот на културата, со поддршка на ликовна работилница за деца; - Донација на градот мешан хор Гортинија, и фолкорните групи: КУД Негорци, КУД Браќа Toлеви, поддршка на активностите на Ансамблот Бојмија; - Генерален спонзор на 3 дневниот мултимедијален арт фестивал "Бош 2010"; - Организирање на 9-тата ликовна колонија Аполонија 2010 со уметници од Македонија, Србија и Бугарија; - Поддршка на учениците од музичките училишта во Гевгелија, за учество на фестивал за флејта во Кавадарци; - Поддршка на детските активности за 4-от саем на книгата организиран од страна на јавната установа "Пионерски дом"; - Организирање на ликовна работилница за деца во соработка со Кроација осигурување; - Поддршка на млади музички таленти да учествуваат на Меѓународниот музички натпревар "Даворин Jeнко" Србија, каде што децата ја освоија првата и втората награда; - Донација за музички и балетски педагогија Асоцијација за унапредување на младите таленти во нивното музичко образование; - Донација на енигматскиот клуб ЦЕПИУМ; - Донација на Ристо Стамков од Гевгелија за објавување на збирката "Песни од јужно Повардарие"
ЕКО КАЛЕНДАР