Informator na Fondacijata Apolonija br.11

Page 1

No. 11

06.04.2009

Apollonia Foundation

Саем на книга во Гевгелија Она што го привлече вниманието на гевгеличани оваа недела беше третиот Саем на Книга што се одржа во Пионерскиот дом од 30.03-02.04.2009. Осум издавачки куќи и неколку други помали компании се претставија на овој саем кој беше организиран од Пионерскиот дом како и книжарницата Ниепром од Гевгелија. Деца од 6 основни училишта (од прво до четврто одделение) учествуваа во многу активности кои што беа организирани за нив што го направи саемот уште поуспешен. Меѓу другото имаше активности како: Креативна работилница за избор на најдобра маска, ликовна работилница-Хари Потер, Карневал-Априлијада, избор за најдобро изработена маска, друштвени игри, час по танц и многу други активности кои ја поттикнаа детската креативност. Општината се вклучи во обезбедувањето награди за сите учесници што беше одлична мотивација за нив. СОДРЖИНА: Прослава на денот 2 на жената во Дневниот центар за деца со посебни потреби Изложба “ДОПРЕН ОД ЗВУКОТ” од Toни Шулајковски

2

Детски музички натпревар

3

“Ден со природата“ 3 активности Ден на дрвото Засади ја својата иднина

3

За нас

4

Еко календар

4

ПРИЈАТЕЛИ:

www.gevgelija.gov.mk

www.biblioteka.edu.mk

Фондацијата Аполонија обезбеди награди за Карневалот-Априлијада. Од секој клас беше избран по еден целосно осмислен костум, и така 60 костуми беа наградени. Децата на фондацијата беа дел од многу активности вклучувајќи го натпреварот за аранжман на цвеќе каде што како гости покажавме што можеме да направиме со природното цвеќе од нашите градини и шуми. Тоа беше уште еден едукативен час за тоа како да се цени природата и да се води грижа за неа. Се надеваме дека овој настан ќе прерасне во традиција.


Apollonia Foundation INFO

Страна 2

Прослава на денот на жената во Дневниот центар за деца со посебни потреби Јас сум еден и како единка неможам многу да сторам, но можам да направам нешто, и нема да одбијам да го направам тоа затоа што сами правиме толку малку но заедно можеме да направиме сè Helen Keller

Helen Keller, Мајка Teresa, Ayn Rand, Eleanor Roosevelt и многу други не толку познати херојќи, насекаде низ светот, водеа животи кои треба да служат за пример како жената соочува “бродоломи“ користејќи ја својата внатрешна сила. 8 Март е ден за славење на жената. По повод Денот на жената, децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби со своите наставнички подготвија приредба за нивните мајки, баби, роднини и сите припаднички на понежниот пол од нашата општина кои им доаѓаат во посета. Бетка беше првата која го отвори овој настан со најава на учесниците во приредбата, а Стефан беше оној кој подели цвеќиња и прегратки на сите присутни. Околу 25 деца, од најмали до најголеми, дојдоа да пејат, играат и да ги забавуваат овие деца и нивните гости. Децата од фондацијата Аполонија беа исто едни од нив.

Изложба “ДОПРЕН ОД ЗВУКОТ” од Toни Шулајковски Во организација на фондацијата Аполонија , во петок на 20.03.2009, со почеток во 19 30 часот во галеријата на хотел Аполонија во Гевгелија беше отворена изожбата на минијатури од академскиот сликар Тони Шулајковски. Беа изложени 40 минијатурни дела работени во техниките акрилик и масло на платно. Ова е второ претставување на делата на Тони Шулајковски пред гевгелиската публика. М-р Тони Шулајковски веќе 17 години остава свој печат во македонското современо сликарство. Тој напорно се развива и усовршува на две полиња. Како сликар, има остварено 35 самостојни изложби и учествувал на преку 50 групни изложби, а како ликовен педагог работејќи во основно училиште во Скопје, во текот на 13 години има освоено преку 90 награди на конкурси за ликовни творби за деца во републиката и надвор од неа. Од 2005 година работи и со талентирани деца во своето ликовно студио ARS VIVENDI пренесувајќи им ја љубовта кон уметноста, но и техниките и начинот на кој се пренесува она што го гледаат, на хартија или платно. Изложбите му се претежно концептуални, а нивните наслови ја остваруваат комуникацијата на авторот со публиката. Во последната изложба ДОПРЕН ОД ЗВУКОТ, авторот всушност зборува за својата неисцрпна инспирација, електронскиот звук, т.е. електронската музика која кај него предизвикува интергалактички акции и реакции.


Страна 3

Apollonia Foundation INFO

Детски музички натпревар

“Ден со природата“ активности

На 3ти и 4ти Април во Скопје беше одржан 47-от државен натпревар по музика за ученици и студенти. Стамкова Сара, Костова Ивана и Гогова Нада се трите ученички кои веќе четири години свират флејта во музичкото училиште Васо Карајанов во Гевгелија и зедоа учество во овој музички натпревар. “Од досегашното нивно образование, овие ученички, покажале особен интерес и желба кон музиката како и љубов кон својот инструмент, што се забележува преку нивните редовни концертни настапи во Последна недела рамките на училишните во Март, правиме активности, како и игло на пошироко во реализација Смрдлива Вода и учество на воншколски Имаше многу културни настани со цел збогатување на уметничкото живеење снег на во нашиот град”, вели нивната професорка Сузана Стојановска. планината Кожуф Фондацијата Аполонија ги поддржува желбите на младите музичари кои сакат да го покажат и споредат својот овие 2 недели талент, и затоа го спонзориравме нивното учество во овој натпревар. Сите од нив освоија награди. Сара и Ивана трето место, а Нада го доби второто место. Се гордееме со нивниот успех и им посакуваме уште многу награди во иднина.

1ви Март, пешачење низ ридот над Негорци Дренот е веќе расцветен

Вероника најде пролетни цвеќиња и бубамара иако поголемиот дел од земјата беше покриен со 1/2 метар снег

Ден на дрвото - Засади ја својата иднина Тоа што им правиме на шумите во светот е слика на тоа што си правиме еден на друг.

Под мотото "Ние два милиони, станавме светски зелен бренд - излези засади и инспирирај ги останатите шест милијарди", на 14 Март беа засадени пет милиони нови садници во рамки на акцијата "Ден на дрвото - Засади ја својата иднина”. Македонските граѓани имаа чест да засадат два милиони садници, додека останатите три милиони беа во семе и ги засадија вработените на Јавното претпријатие “Mакедонски Шуми“.

Во Гевгелија, локацијата за посадување дрцва беше во близина на селото Моин, и овој пат 36.000 садници (чемпрес, јасен и даб) беа засадени тој ден. Вработените во Македонски Шуми ја продолжија оваа акција и во наредните 2 дена задасија уште 20.000 дрвца. Аполонија како и обично учествуваше во оваа акција со забележителен број на вработени и со уште 50 деца од фондацијата Аполонија. Нажалост временските околности, не беа на наша страна, и имавме потешкотии со децата кои мораа да се вратат порано поради дождот и силниот ветер, но сепак ова беше добро за растенијата кои планираме да ги посетиме во една од нашите “Ден со природата“ прошетки, и да видиме колку се пораснати.

Mahatma Gandhi

Фондацијата Аполонија има пратено писмо до ова јавно претпријатие барајќи од нив да не вклучат со децата од проектот Ден со природата во сите нивни активности кои се поврзани со заштита и обнова на шумите. Наредното засадување ќе биде на есен но се надеваме дека пред тоа ќе реализираме слични активности кои ќе влијаат позитивно на воспитувањето на децата и ќе ги научат на значењето на дрвјата за нашиот живот и како да се грижиме за шумите.


Идни настани за 2009 год.

Apollonia Foundation

ИДНИ НАСТАНИ: * 13.04.2009 19:00 Отварање на Велигденската изложба на традиционални ракотворби “Златните раце на Македонската жена“ во Хотел Аполонија

Адреса: Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р. Македонија Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk

* 22.04.2009

Оваа година фондацијата Аполонија продолжува со својата работа, спонзорирање и поддржување на образование, културно наследство, здравство, уметност и музика, спорт, заштита на околината и ветува дека ќе помага на поединци и групи се со цел да се подобрат нивните активности, за доброто на целата општина.

* Затоа продолжуваме со едукативниот проект за деца од областа заштита на човековата околина Ден со природата, и планираме да вклучиме уште повеќе деца и волонтери во него, и да ја пренесеме пораката за тоа колку важно е за сите нас да се грижиме за природата. and we intend to involve more new children and volunteers in it, and to instill the message of how important it is for all of us to take care for nature. * Оваа година планираме да започнеме заедничка соработка со Прва детска амбасада во светот Меѓаши. Веќе размислуваме за реализирање проекти во Гевгелија кои ќе влијаат на зголемување на јавната свест и како да ис се пристапи и помогне на децата кои веќе се жртви или сведоци на насилство.

Проектот Ден со природата го прославува Денот на планетата Земја со неколку различни еколошки акции вклучувајќи ги училиштата од Гевгелија

* Наскоро започнува Велигденскиот проект, во кој двете основни училишта од градот ќе бидат вклучени. Проектот е изложба на детски цртежи и изработки со велигденски мотиви. Фондацијата за таа цел ќе донира материјали потребни за ликовните кабинети во училиштата, и во нашите планови е сличен но уште поголем, добротворен проект за Божиќ. Најдобрите детски цртежи ќе бидат дел од изложбата на традиционални ракотворби направени од жената која е во организација на Дом на култура Гевгелија.

EКО КАЛЕНДАР

Book fair in Pionerski Dom with children's masquerade, flower contest, creativity and dance lessons and many more activities for children.

Nature Day is in Negorski Spa today.

Children from schools start with the contest for making best Easter Arts

Exhibition of traditional woman's artifact. 19 h. Apollonia Hotel

Exhibition lasts until 20th April. In the period 9:00 –21:00h

During holidays the exhibition will be opened in the time between 12:00-14:0Oh Apollonia Foundation is organizing events for celebrating Earth day

Nature Day in Ski Kozuf


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.