Бр. 14
06.07.2009
Apollonia Foundation
Традиционално по осми пат ликовна колонија Аполонија 2009
Содржина КУД Браќа Толеви на Меѓународна културна манифестација во БиХ
2
Уште еден успех за гимнастичарите од Партизан - Гевгелија
2
Меѓународно признание за хорот “Гортинија”
3
Кабаре 6
3
Изложба на Христина 3 Зафировска За нас
4
Еко календар
4
ПРИЈАТЕЛИ:
www.gevgelija.gov.mk
Од 15 до 25 Јуни фондацијата Аполонија беше домаќин на ликовната колонија Аполонија 2009 која оваа година беше организирана традиционално по осми пат. Почетокот на новата ликовна сезона на колонијата беше симболично одбележан со изложба на дела кои беа создадени во претходната ликовна колонија Аполонија 2008. Изложбата која се одржа во изложбениот салон на хотелот Аполонија ја отвори Димитар Малиданов, декан на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Тој во своето обраќање посочи дека токму изобилието на светлина на југот ја прави различната поетика и автентичност на авторите, во доловувањето на реалната слика од гевгелиското поднебје со многу раскошна и моќна симболика. Учесници на оваа десетдневно престижно уметничко творечко дружење во мотелот „Вардар“, во близина на античкиот град Гортинија, беа уметници од домашната и странска ликовна сцена: 1.
www.gvg.com.mk
www.biblioteka.edu.mk
Васко Ташковски, академик од Скопје
2.
Ниче Василев од Струмица
3.
Миле Петров од Гевгелија
4.
Гордана Гевгелија
Петрова
од
5.
Боре Минов од Штип
6.
Панде Петровски од Битола
7.
Симонида Китановска
8.
Марија Стојадиновиќ Крушевац, Србија
9.
Василев Васко од Севлиево, Бугарија
Филипова
од
Ликовната колонија беше доста успешна, 24 прекрасни дела беа создадени. Читателите на овие информатори ќе имаат можност во следните изданија да ги видат делата и да се запознаат малку подобро со нивните автори.
Apollonia Foundation INFO
Page 2
КУД Браќа Толеви на Меѓународна културна манифестација во БиХ Деновиве, 0д 3-6 Јули, фолклорната група КУД Браќа Толеви од Гевгелија, го презентираше македоскиoт фолкор на интернационалниот културен настан во Бања Лука “5-ти Козара етно“ кој е во организација на Туристичката организација на градот Бања Лука и КУД Пискавица. Основната идеја на оваа манифестација е да се покажат запоставените и заборавени народни обичаи како туристички потенцијал на планините Козара и Поткозарје, да укаже на некои нови туристички правци како промоција на селски туризам и заштита на културните и природни вредности на козарските села. Главна цел на манифестцијата е зачувување, унапредување и промоција на културните и туристички вредности на овој регион. Овој етно настан ја покажува суштината на фолклорот, ги потсетува посетителите на начинот на којшто луѓето живееле порано и сето тоа го презентира како интересна туристичка атракција. Изложби, фолкор, традиционални песни и ора, работа на полиња се дел од интерсните настани од оваа церемонија. На 5-от Козара Етно, учествуваа кутурно-уметнички друштва од Босна и Херцеговина и други земји, 10 традиционални вокални групи од територијата на Козара кои беа дел од натпреварувачкиот дел како и етно, уметнички и фолклорни групи од БиХ, Србија, Македонија, Белгија и Унгарија кои зедоа учество во ревијалниот дел од програмата. Горди сме што и Гевгелија се претстави со традиционалните песни и игри од овој регион на овој културен настан од светски ранг. Фондацијата Аполонија го подржа учеството на фолклорната група КУД Браќа Толеви, затоа што веруваме дека нашиот фолклор, и традиција се едни од најдобрите амбасадори на Македонската култура. За да добиете повеќе информации за овој настан посетете ги страниците: http://kozaraethno.com и http:// www.banjaluka-tourism.com.
Уште еден успех за гимнастичарите од Партизан - Гевгелија Во КРЦ Партизан, Стар Дојран, од 17 до 23 Јуни се одржа пионерски повеќебој на државно ниво кој беше во организација на Федерацијата за гимнастички спортови на Македонија. Во овој спортски настан учество зедоа 75 деца од гимнастичките клубови во Битола, Прилеп, Струмица, Скопје и Гевгелија. Најдобрите пионери кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини категории, по возраст и пол, во екипна и поединечна конкуренција освоија медали, дипломи и награди. Од друштвото за гимнастички спортови Партизан од Гевгелија учествуваа 13 деца во неколку дисциплини и ги постигнаа следниве резултати: 1.
Прво место поединечно до 11 години женски - Попова Михаела и Несторова Тања го делат ова место
2.
Второ место во истата категорија - Аврамова Ангела
3.
Трето место во истата категорија - Атанасовкса Росана и Атанасова Теодора го делат ова место
4.
Прво место екипно до 11 години женски
5.
Севкупен победник во сите категории, женски Второ место
Фондацијата Аполонија, втор пат оваа година ги подржа активностите на гимнастичкото друштво, и помогна со патните трошоци на децата, кои секогаш се враќаат од државните натпревари со награди и медали. Горди сме на нивната работа и успех. За повеќе информации погледнете ја страницата: http://fgsm.org.mk
Page 3
Apollonia Foundation INFO
Меѓународни признанија за градскиот хор “Гортинија”
Кабаре 6
Аматерската театарска група КАБАРЕ 6 од Гевгелија, во своето десетгодишно успешно работење во и надвор од Р. Македонија, додаде уште една успешна активност, настапувајќи на Меѓународниот фестивал за алтернативен театарски израз ФАКИ 12, кој се одржа од 19 до 24 мај во Загреб, Р. Хрватска. Поставувајќи свое дело на една од неколкуте сцени во Културен центар МЕДИКА во Загреб, КАБАРЕ 6 веднаш ја освои тамошната домашна и странска публика, со што предизвика заинтересираност за соработка кај останати професионални и аматерски театарски групи од Балканскиот регион. Благодарение на ова, во рамките на фестивалот, КАБАРЕ 6 и Театарската група LJUD од Словенија остварија заеднички проект, кој резултираше со позитивен ефект кај публиката за која што беше наменет.
Нашиот градски мешан хор Гортинија, оваа година учествуваше на најголемиот светски фестивал на православна хорска музика „Денови на православна музика“ во Хајновка, Република Полска. На фестивалот учествуваа триесетина хорови од цел свет, одлична можност за презентација на македонската православна музика како и квалитетите на хорот за интерпретација на духовна музика. Настапот беше одлично оценет и хорот ја доби Специјалната награда за интерпретација. Презентацијата на хорот беше овозможена со голема Со тоа, Аматерската театарска група КАБАРЕ 6 доста поддршка на градоначалникот Иван Франгов и успешно ја претстави општина Гевгелија во Загреб и фондацијата „Аполонија“. загарантира услови за понатамошна соработка со останати меѓународни театарски групи и учество на други фестивали Подетални информации за настапот во Полска може да надвор од Р. Македонија. се најдата на web страната на фестивалот:
http://festiwal.cerkiew.pl/page.php?id=76
Фондацијата Аполонија ја подржа оваа нивна активност и даде донација за покривање на дел од патните трошоци за учество на фестивалот во Загреб. За повеќе информации за фествалот посетете: www.attack.hr/faki/
Изложба на Христина Зафировска Во организација на фондацијата Аполонија, на 5 Јуни во изложбениот салон на хотелот Аполонија, беше отворена изложбата на Христина Зафировска од Скопје насловена “Создавање II“ , дела кои во оваа фаза го одредуваат нејзниот автентичен и претпознатлив творечки ракопис. “Преку овие дела ни е претставен нескротливиот твоеречки порив, креативна енергија што го бара својот пат и излез со цел да се екстериоризира во една експресија која произлегува од внатрешната нужност . Со еден многу карактеристичен ликовен јазик визуелно е претставена имагинарна та, ментал на с лик а з а п роц ес о т н а создавање на уметничко едно дело“ - вели критичарот А.Јанчевска. Христина е родена 1983 во Скопје. Дипломира на Фкулутетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со графички дизајн во класата на проф. Симон Шемов. Христина учествувала во 20-тина групни изложби во Скопје, Белград, Истамбул, Требиње, Прага и Пекинг. Била дел од 7 работилници и колонии во Македонија, Хрватска и Србија. Во 2000 ја доби првата награда од Домот на култура од Кратово, за учество на традиционалната ликовна колонија “Лазар Софијанов“ во Кратово. Индивидуални изложби: “Создавање“ - Младински културен центар (2007) и последната “Создавање II“ која беше изложена во Гевгелија, Скопје и Прилеп.
Apollonia Foundation
Адреса:
ИДНИ НАСТАНИ: 14.07.2009 21ч. Хотел Аполонија Концерт на класична музика Eмил Рибарски - пиано Концертот е дел он манифестацијата 10 годThe concert is part of the manifestation 10 год Гевгелиска пролет
Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р.Македонија Телефон: 034/ 213-222 Факс: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk
За Гевгелиски музички моменти Оваа година е 10 годишнина од почетокот на традиционалната манифестација насловена “Гевгелиски музички моменти“. Преку одржувањето на манифестацијата ГЕВГЕЛИСКИ МУЗИЧКИ МОМЕНТИ, Фондацијата Аполонија се обидува да ги втемели и постојано развива чувствата и односот на Гевгеличани кон класичната музика. Во изминатите десет години, на подиумот во хотелот Аполонија пред Гевгелиската публика се претставиле плејада репродуктивни уметници, од ученици и студенти на музичките школи и академии, па се до врвни мизичари како Симон Трпчевски. Со години наназад, оваа манифестација е единствената можност љубителите, како и учениците и наставниците од основното музичко училиште во Гевгелија да ги проследат во живо изведбите на многу дела од класичната музика. Фондацијата Аполонија ќе продолжи со реализација на оваа манифестација, уверена во благородноста на оваа "мисија на овозможени средби со вредностите на класичната музика". Оваа година сезоната на концерти од Гевгелиската Пролет започнува на 14 Јули со пиано концерт на младиот музичар Емил Рибарски од Скопје. Ве покануваме да дојдете на концерт и да уживате во неговата музика.
ЕКО КАЛЕНДАР