Informator na Fondacijata Apolonija br.8

Page 1

No. 8

05.12.2008

Apollonia Foundation

Гевгелиска музичка есен со 4 концерта на класична музика одржани во Декември Последниот месец од 2008 беше исполнет со концерти и други културни настани. Само во рамките на манифестацијата Гевгелија Музичка Есен беа одржани 4 концерти на класична музика.

На 04.12.2008 Софија Никовска - виолина & Елена Атанасовска - пијано беа првите кои го започнаа серијалот од концерти во Хотел Аполонија. Тие изведоа композиции од J.S. Bach, L.van Beethoven, J. Brahms, J. Saint– Seans.

На 11.12.2008 настапија Љупчо Чедомирски - кларинет & Дуња Иванова - пијано. Нивната програма се состоеше од композиции од C. Saint Saens, F. Poulenc и Lj. Cedomirski.

На 27.12.2008 Нина Костова Јанчевска изведе композиции од Чајковски.

ПРИЈАТЕЛИ:

www.gevgelija.gov.mk

www.biblioteka.edu.mk

На 29.12.2008 Новогодишен Гала концерт со познати уметници од Скопје, со хорот “Гортинија” од Гевгелија, мала драма од Венко Андоновски во режија на Даниела Џишева, и многу богата новогодишна програма. Овој спектакуларен настан беше одличен начин да се одбележи крајот на манифестацијата Музички Моменти 2008, и да се најави почетокот на друга година која се надеваме дека ќе биде уште побогата со културни настани.


Apollonia Foundation INFO

Page 2

“Рецепти за осаменост” - Промоција на нова книга од Бранисла Димитров На 18 ти Декември во 20 часот во Хотелот Аполонија беше промовирано најновото дело на познатиот колумнист Бранислав Димитров, книгата со наслов Рецепти за осаменост. Гевгелиската публика ја имаше ратката можност да се дружи со авторот кој ја натера широката македонска популација нетрпеливо да стои пред киосците секој Вторник навечер чекајќи го новиот број на весникот ТЕА кај што излегуваа неговите колумни. Зад себе има оставено многу дела кои и се многу познати на македонската јавност. Напишал 8 драми, една монодрама како и 3 пиеси за деца. Почнал да пишува колумни уште од 1969 година прво во тогашниот Фокус, а потоа во Жена, Денвник, Утрински весник па се до Теа модерна. Посетителите на промоцијата учествуваа во дружењето со него, поставуваа интересни прашања во врска со неговите интригантни раскази. . Сите до задоволство ја поздравија неговата нова книга и му посакаа успеси во новата година и ште многу дела кои ќе не држат будни до доцна навечер

“Беа тоа времиња кога маалските дворови испуштаа миризливи воздишки на рузмарин, магданос, нане, шимшир, и шебој... Небото над Скопје блескаше како... Не вреди. Џабе ќе зборувам.” Branislav Dimitrov

Новогодишен пијано концерт на децата од класата на проф. Љубица Улишева Декември 2008 беше месец кога дури и најмалите надежни музичари од Гевгелија одржаа Новогодишен пијано концерт. Шестнаесет деца на различна возраст, од класата на проф. Љ уб иц а Улишева настапија во Ресторанот на хотелот Аполонија на 25ти Декември. “Тивка ноќ” отпеана и отсвирена од толку слатки деца беше совршен Новогодишен подарок за родителите, роднините и сите останати во публиката.

Ден со природата — новости

Децата од проектот беа многу активни овој месец. Тие го дадоа најдоброто од себе за подготвување на Новогодишна приредба која ја изведоа пред 120 други деца. Тие ќе настапат повторно на Божичната приредба која ќе се одржи напладне на 7 Јануари во хотелот Аполонија. Приредбата ќе биде завршеток на Божиќната работилница која ја организираше фондацијата Аполонија. Игри, ликовно катче, оригами клуб, изложба на ракотворбите кои децата од проектот Ден со природата ги изработија и многу, многу забава. Сето ова во хотелот Аполонија, секој ден од 2ри до 4ти Јануари, од 12 до 16 часот, и завршна претстава со лотарија за сите деца кои шчествуваа во овој настан. Ова е втора работилница која ја организираме за децата и планираме ова да премине во традиција.


Apollonia Foundation INFO Page 3

Донација на болницата во Гевгелија Аполонија секогаш настојува да биде пријател со секого, да му помага на секој и затоа многу често дава донации на болници како би учествувала во создавањето на подобра медицинска грижа за сите. Овој месец фондацијата Аполонија даде донација од 110.000 денари за Интерното одделение во Општата болница во Гевгелија, кое веќе неколку месеци беше во целосно реновирање. Нашата донација беше за поставување нови ПВЦ врати и прозорци на целото одделение. Ова е едне голем проект за болницата, кадешто меѓу другото беа реновирани и собите за лекување на пациентите, беа поставени посебни тоалети и и тушеви во секоја соба. Ова е прв пат Интерното одделение да биде реновирано, а условите за лекување на болните беа лоши и не според европските стандарди. Ние сме многу среќни што учествувавме во проект од толку голема важност, и што помогнавме во подобрувањето на медицинската нега на граѓаните од Гевгелија.

Концерт дуо Гелебешеви По промоцијата на нивното прво CD во Јуни, јавноста во Гевгелија имаше задоволство да ги чуе повторно оваа година пијано дуото Гелебешеви на концерт кој се одржа на 24ти Декември во хотелот Аполонија. Катерина Гелебешева - Костадиновска и Глигор Гелебешев се активни на Македонската сцена и надвор веќе 7 години. Тие настапуваат во сите градови во Македонија, како и на фестивалите “Охридско Лето”, “Хераклеја Вечери”, “Интерфест” - Битола, “Скопско лето”,... Забележителни им се нивните концерти во Париз (Edmond Michelle сала) -2005 и Нови Сад -2007.

Фондацијата Аполонија верува дека доброто здравје треба да е универзално, и затоа минатата година дониравме опрема за подобрување на работата на 3 одделенија од Гевгелиската болница.

Концерт на Хорот Кочо Рацин од Скопје Вториот концерт кој се оддржа вечерта на 25ти Декември во хотелот Аполонија , и кој беше во организација на фондацијата Аполонија беше концертот на хорското музичко друштво Кочо Рацин од Скопје. Овој хор е формиран во 1946г. Во селото Горно Врановце. Добитник е на бројни награди. Од нив, за презентирање на македонското музичко творештво во светот ХМД Кочо Рацин е одликуван со Орденот за заслуги на народ со Сребрена Ѕвезда, престижната Св. Климентова награда, 13 ноемвриска награда на град Скопје, наградата “Феникс” доделена од општина Центар, наградата “4 јули” на Сојузот на борците, Златна плакета од Мокрањеви денови од Неготин Краина и многу други награди, плакети,пофалници и признанија.

Аљоша Симјановски - пијано концерт

Аљоша Симјановски - Пијанист, композитор, филмски и телевизиски режисер од Скопје. Џезот како методологија, - формата како глагол, е основната поента на неговиот креативен напор во областа на музиката и филмот. Настапувал на концерти и учествувал во проекти во Њујорк, Токио, Монтре, Таипеи, Амстердам, Мелбурн. На 18ти Декември јавноста во Гевгелија имаше задовоство да присуствува на неговиот Џез концерт, кој се одржа во хотелот Аполонија. На концертот беше проектиран и неговиот краток филм од 1994 “Мојата љубов Чарли Паркер”. Тој исто така ги има режирано и филмовите Стапица (2007), Пикасо (1988) и над 100 документарни наслови. Овој настан беше подржан од фондацијата Аполонија.


Фондацијата Аполонија во 2008 На почетокот на Новата година 2009 би сакале да дадеме еден краток осврт на работите кои ги направивме минатата година.

Apollonia Foundation

Здравство - 6 донации на луѓе од Гевгелија за индивидуални медицински третмани, купување опрема за 3 оддела во Гевгелиската болница, помагање на доктори да одат на семинари и сипозиуми за подобрување на нивното знаење од областа на медицината.

Адреса:

Едукација - Купување нови играчки за децата од градинките во Гевгелија (заеднички проект со Симон Трпчевски), вклучување на сите школи во едукативна програма за човековата околина.

Идни настани: 7.01.2009, 12 ч. Во хотел Аполонија Божиќна приредба за децата кои учествуваа во работилницата организирана од фондацијата Аполонија

16.01.2008, 19 ч. Во хотелот Аполонија Фолклорна група од Босна насатпува зедно со Гевгелиската фолклорна групаБојмија.

Гевгелиски Партизански Одред 1 1480 Гевгелија Р. Македонија Телефон: 034/ 213-222 Fax: 034/213-223 E-mail: snezana.dimitrova@apollonia.com.mk fondacija@apollonia.com.mk

Култура - повеќе од 20 концерти, 7 изложби, 3 промоции на книги, 1 Ликовна колонија со учество на 10 уметници беа одржани во хотелот Аполонија а помогмати од фондацијата Аполонија. Учество во проектот за купување Гранд пијано за Симон Трпчевски, донација за одновување на древна црква и манастир Лесново, спонзорирање издавање на книги, доделување стипендии за студенти, донација за “Супер Ѕвезда 2008” фестивал за деца, подржување на активностите на фолкорни групи,... Спорт - подржување на активностите на локалниот фудбалски клуб (спонзорирање на нивната турнеа во Франција), спонзорирање на спортските настани “Отворени Забавни Фудбалски Школи” и “Исправи ја грешката”. Заштита на човековата околина - секој викенд преку целата година организирање на проект Ден со приодата, за сите деца од Гвегелија, прославување на Денот на Планетата Земја со акција за чистење, земање активно учество во сите еколошки акции споведувани од Владата. Се надеваме ќе направиме уште многу повеќе оваа година. Together we can make a difference!

ЕКО КАЛЕНДАР


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.