жена. човек. тишина.
1
жена. човек. тишина.
2
жена. човек. тишина.
3
жена. човек. тишина.
Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ Глобално движење „100 Илјади поети за промена“ – Македонија Светска унија на поети
Scuola di poesia – School of poetry – Школа за поезија Делегација Македонија
Зборник поезија: „жена. човек. тишина.“ Издавач: Здружение за развој на култура и заштита на културно наследство
„Контекст - Струмица“ За издавачот: Митко Гогов Графичко уредување и дизајн: @kihuPotru Лектура:
Фросина Тасевска Илустрација на корица:
Anna Dunn Илустрации застапени во книгата:
Bianca Tschaikner, Luisa Uribe, Afsar Chandroth, Khuda Bux Abro, ghk, Mava, MHJ, Deviantonis…
4
жена. човек. тишина.
ВОВЕД: Особено ми е драго што на крајот на оваа 2016 година имаме можност да ви го претставиме зборникот поезија „жена. човек. тишина.“, кој излегува како резултат на креативниот предизвик по повод 25 ноември - Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и 16 дневната кампања за подигање на свеста која треба да заврши на 10 декември, односно на Светскиот ден на човековите права. Годинава како дел од Школата за поезија – Делегација Македонија (Scuola di poesia), online платформа која е дел од Светската унија на поети, а координирана од Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ се промовираа неколку електронски изданија на зборници со поезија, кои настанаа како резултат на активизмот на современата македонска поетска фела, особено на членовите на групата. По „Поетискон“, „сеМир“ и „#поплава“, овој пат сите оние кои се вклучија на објавениот предизвик / иницијатива имаа за цел да состават стихови по претходно предложени зборови и поставени правила. Во предизвикот не беше дозволено да се менуваат предложените зборови на било кој начин и истите учесниците требаше да ги искористат во дадена форма. Зборовите требаше да се искористат само еднаш, без повторување, а песните не требаше да бидат подолги од 20 стиха, со максимум 16 слога по стих. Секако, меѓу учесниците имаше и такви кои ги следеле и примениле правилата и такви кои дел од правилата ги занемариле, сѐ со цел да ја доближат нивната приказна поблиску до читателите. Нив овој пат не им замеривме... Сепак, овој предизвик го затвораме како успешен и во овој момент сакам да ги поздравам сите кои се вклучија. Поезијата која пристигна на нашата адреса раскажува за најразлични настани, епизоди од животот на авторите или она што тие го апсорбирале како животно искуство, нивните чувства, емоции, како и она што самата поставена тема кај нив предизвикало како реакција. Зборовите кои требаше да се искористат беа: точка / порој / наземи / чекано / чемрее / наклепа / вишнова / кожа / мешав / нарамува / продолжи / пруга / цути/ игла / чекорење / глас / допир /верзија / супстанца / возврати.
5
жена. човек. тишина.
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ со овој четври предизвик годинава (ис)праќа порака до македонската интернет заедница дека издавањето на електронски изданија е исклучително важно за македонската читателска публика и со помош на таквите изданија се мобилизира огромен број на публика која понатаму во процесот може да биде вклучена како активен или пасивен субјект кој може да допринесе до подобрување на заедницата во која живее. „жена. човек. тишина.“ е втор online проект годинава кој сака преку ангажирана поезија и во основа ангажиран пристап на авторот да помогне кон осветлување на исклучително важна тема од општеството која покажува негативни оцени во моментот и да се насочи кон расветлување на проблемите со кои се соочува една од најголемите ранливи групи во Македонија. За насилството врз жената сме слушале од памтивек, тоа е наметнато како дел од генетскиот код кај одредена група на граѓани и ваквиот поразличен пристап и анализа на оваа материја е можеби прв од ваков тип. „#поплава“ претставува е е-зборник на поезија кој говори за состојбите кои настанаа како резултат на еден период од историјата на македонскиот народ кој говори за меланхолијата, но и колективната свест на искрени автори кои безрезервно решија да се вклучат во повик со кој ќе можат да пишуваат за едно исклучително важно, но лошо парче историја за нашата држава. Во овој случај е исто, само проблемот за кој говориме не е само локален, туку глобален. Од овде позицијата со која самите автори настапуваат е малку поширока. Насилството врз жените не е случај само во Македонија, секојдневно сме сведоци на насилство извршено врз жените ширум светот. Родово-базираното насилство не е пример само овде, во тој контекст сите оние кои се вклучија во предизвикот се гласот/ крикот против дискриминацијата, тиранијата и насилството кое се склучува единствено поради разликата во половите. Живееме во време во кое сме сведоци на мегаломански техничко-технолошки промени, во време во кое технологијата напредува и речиси секојдневно сме сведоци на прогресивни идеи и продукти, но за жал во однос на релацијата со жената во некои делови од планетата Земја, сѐ уште се однесуваме како варвари. Постојат држави каде малолетни девојчиња, без нивна волја се принудени да стапуваат во брак со повозрасни, жени кои немаат право да го напуштаат домот веднаш штом стапат во брак, жени кои немаат право да напредуваат во кариерата само заради тоа што оформиле семејство итн.
6
жена. човек. тишина.
Во 21 век сѐ уште слушаме како некоја жена слугува на својот сопруг, како е изложена на отстрел доколку има сопствено мислење и како за жал завршува во болница со сериозни повреди, доколку има сопствено мислење. Овој зборник за поезија има за цел да покаже дека стиховите ја имаат силата внатре во себе да инкорпорираат желба, надеж, храброст и сила да ја променат иднината. Придонесот оваа е-стихозбирка да биде реалност е упатен до сите оние кои се вклучија. Можеби овој зборник нема да промени многу во статистиката и податоците кои ги добиваме од официјалните институции, но тој нема ни таква намера, напротив, намерата во суштина е најчовечка, најхумана. Луѓе сме – да не дозволиме ова да продолжи до недоглед! Нека овој е-зборник биде поттик до сите оние кои се сведоци или жртви на насилство го кренат гласот, ги информираат службите кои треба да помогнат и бидат пример на херои кои ќе стават крај на оваа лоша историја/ приказна/ реалност. Добронамерни читатели – ви благодарам што сте во овој корнер на online светот, посакувам здраворазумно читање на поезијата и голема благодарност што сте овде. Секое добро!
Митко Гогов
Претседател на „Контекст – Струмица“, основач на #100TPC - Македонија, амбасадор и претседател на Светската унија на поети – делегација Македонија
7
жена. човек. тишина.
8
жена. човек. тишина.
ФАКТИ И СТАТИСТИКА: Насилството врз жените е едно од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права. Глобално, една од три жени ќе доживее физичко или сексуално насилство во некој момент од својот живот, а во многу случаи токму од својот партнер. Исклучително важно е подигањето на свеста за родово базираното насилство како прашање на човековите права, на локално, национално, регионално и интернационално ниво; зајакнување на локалните напори за спречување на насилството врз жените; воспоставување на јасна врска помеѓу локалните и интернационалните напори во насока на споделување на нови поефективни стратегии; демонстрирање на женска солидарност; развивање на алатки за притисок врз владата да ги имплементира постоечките закони и да ги исполни ветувањата за подобрена заштита на жените жртви на различни форми на насилство. Во текот на општествениот развој моделите во кои се пројавува насилството се менувале согласно контекстот и факторите кои влијаат на општествените случувања. Постои широк спектар на мотиви и причини кои влијаат за појава на насилство. Тие секако варираат и во голема мера се под влијание на општествениот контекст. Насилството врз жените е кршење на човековите права. Насилството врз жените е последица на дискриминацијата врз жените преку контиуиран нееднаков третман помеѓу мажите и жените. Насилството врз жените спречува напредок во многу области, вклучувајќи ги и искоренување на сиромаштијата, борбата против ХИВ / СИДА, и мир и безбедност воопшто. Насилството врз жените и девојчињата не е неизбежно. Превенцијата е можна и од суштинско значење. Она што е карактеристично за македонското општество е честото нотирање на насилство во меѓуетнички средини како и насилство иницирано од мотиви поврзани со припадност на различна етничка група.
9
жена. човек. тишина.
Насилството покрај тоа што е честа појава помеѓу младите и врсниците не отстапува и помеѓу партнерските врски. Во Република Македонија во врските 36,1% од испитаниците користеле „пцовки или го нарекувал/а со погрдни изрази“ својот партнер, 27,3% се заканиле со „физички напад“, 26,6% имале „физичка пресметка“ со својот партнер, 30,1% „удриле шлаканица или го турнале“ својот партнер, 26,1% „удриле тупаница, клоца или го давеле“ својот партнер. За ниту еден од наведените модели не постои значајна разлика во однос на полот, односно и машките и женските имаат слично искуство со манифестирање на насилно однесување во партнерскиот однос.
10
жена. човек. тишина.
Насилството врз жените продолжува да биде глобална пандемија 35% од жените и девојките на глобално ниво доживеале некоја форма на физичко и сексуално насилство во текот наживотот и седум од десет жени се соочуваат со оваа злоупотреба во некои земји во светот. Се проценува дека 133 милиони девојчиња и жени доживеале некаква форма на насилство врз женски гениталии во 29 земји во Африка и на БлискиотИсток. Во светот, повеќе од 700 милиони жени биле венчани уште на детска возраст, 250 милиони од нив стапиле во брак уште пред да наполнат
15 години.
Девојките кои се мажат пред да наполнат 18 години се со помала веројатност да го завршат своето образование и со поголема веројатност да доживеат семејно насилство и компликации при породување. Последиците од насилството врз жените трае со генерации. Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство од
11. 5. 2011 година, позната како Истанбулска
конвенција, претставува најзначајниот меѓународен документ за борбата со семејното
насилство.
Како
меѓународен
документ,
Конвенцијата
дава
исклучителен и забележлив придонес на меѓународен план во борбата со насилството врз жените и домашното насилство. Во Конвенцијата државите-потписнички, меѓу кои и Македонија, поставуваат цели за ефективна борба против насилството врз жените и домашното насилство, а она што е особено значајно е што во Конвенцијата насилството врз жените се дефинира како кршење на човековите права, додека, пак, домашното насилство ги означува сите акти на физичко, сексуално, психичко, односно економско насилство што се случуваат во рамките на семејството или домаќинството. Република Македонија е потписник на Истанбулската конвенција, но сè
уште
ја
нема
ратификувано
истата
заради
што
се
доцни
и
со
имплементацијата и со прилагодување на државните политики и промена на надлежностите на институциите.
11
жена. човек. тишина.
Оваа година периодот од 25 ноември до 10 декември - денот за одбележување на заштита на човековите права е насочен кон подигање на свеста и мобилизација на граѓаните за да зборуваат за промени. Исто така оваа година Генералниот секретар на ОН и иницијативата за здружување за спречување на насилството врз жените праќа покана за „Обој го
светот портокалово“ користејќи ја бојата за симболизирање на кампањата и посветла иднина без насилство.
12
жена. човек. тишина.
Стартување на "Народната Повелба за создавање на ненасилен свет" 25 мај 2011 напишано од @robertjburrowes
Народната Повелба за создавање на ненасилен свет беше лансиран истовремено на 11 ноември 2011 на неколку
локации ширум светот.
Целта на оваа Повелба е да се создаде светско движење кое ќе стави крај на насилството во сите негови форми. Народната повелба ќе им даде глас на милиони обични луѓе од целиот свет кои сакаат крај на војната, угнетувањето, уништувањето на животната средина и насилство од секаков вид. Се надеваме дека оваа Повелба ќе ги поддржи и обедини обичните луѓе од целиот свет, храбри борци против насилството. Како што можеме да видиме Народната Повелбата многу темелно ги опишува главните форми на насилство во светот. Исто така презентира стратегија како да се стави крај на ова насилство. Секој од нас може да влијае во запирањето на насилството и помогне во создавањето на мирен и праведен свет. Некои од нас ќе се фокусираат на намалување на нашата потрошувачка, некои од нас ќе ги едуцираат нашите деца на родителски начин, начин кој е безбеден за децата и ја поттикнува нивната еманципација, некои од нас ќе пружат ненасилен отпор пред лицето на военото насилство. Сечиј придонес е важен и потребен. Се надеваме дека оваа Повелба ќе биде отскочна даска за сите нас кои ќе превземеме чекори кон создавање мирен и праведен свет, без разлика колку мали и скромни тие чекори би биле. Со слушање на длабоката вистина во себеси, меѓусебното разбирање/ сослушување и слушањето на планетата Земја, секој од нас може да го најде својот уникатен начин како да помогне при создавањето на овој ненасилен свет.
13
жена. човек. тишина.
ЖЕНА. ЧОВЕК. ТИШИНА. - ИЗБОР ПОЕЗИЈА -
14
жена. човек. тишина.
15
жена. човек. тишина.
Слаѓана Брезовска Титаниум Во гради една точка нарамува глас за допир што цути за верзија светла од мешав порој суви лисја да се роди сака. Да раздува возој , изгради пруга и шини - кожа вишнова. Распослана наземи така да биде игла од компас за секоја една што не знае како и каде да продолжи в мака. Во чекано чекорење да возврати, да наклепа божествено женска титаниум супстанца.
16
жена. човек. тишина.
Незнајна Наземи цути чекорење. Кожа чекано чемрее, некој мешав глас игла наклепа за порој вишнова верзија кој допир нарамува. За некого пруга е појдовна точка, да возврати,да продолжи во незнајна супстанца.
17
жена. човек. тишина.
Роза Миткоска Затаена мисла Маглив поглед кон точка зенитна. Во спомени мешав, неосетно потонав. Срцево скожурено од болка, ми чемрее. Скршено детство буди порој солзи горчливи. Молба до Бога, тоа Сонце чекано да изгрее. Кожа да ми огрее, со лузни сета. Миговна мисла снага ми фрла ничкум, наземи. Ја видов како бол нарамува на плешки кревки. По пруга на очајот, патот го бара. Одот и се крати, да продолжи не може. Во скутој нејни лице да ни цути. Ќе издржи таа и тон болка да се наклепа. И секој збор што ко игла душа и' боде. Дур таа пуста вишнова, в глава му удира. Сила нема на силата да возврати. Глас нема викот да го замолчи. Секој допир спокој во ноќите и' краде. Тоа меко чекорење во мисли ми одѕвонува. Посветла верзија на живот да ни пружи. Каде љубовта е супстанца опиплива.
18
жена. човек. тишина.
Јаготка Томовска Жена. Човек. Тишина. Не ставај никогаш точка на недореченото Не протекувај како порој по силен дожд Застани цврсто наземи и варди се од ветерот Она што е чекано мора да дојде,не заминувај Дај му крилја на срцето, нека не чемрее Не придавај му важност некому на она што ќе го наклепа Образите секогаш нека ти бидат розови или боја вишнова Затоа што имаш кожа бела што сјае од невиност Ги мешав зборовите за да ги разбереш само ти Животот често ни нарамува бисаѓи од маки на плешките Продолжи да чекориш и не свртувај се назад Пред тебе ќе сретнеш пруга која кон излез те води На место каде љубовта цути во градина од слога Само внимавај да не нагазиш на некоја игла Која ќе сака да го успори или го врати твоето чекорење Од некаде ќе слушнеш глас, а тое е ехо на твојот бег Ќе почуствуваш допир на нечија топла рака И ќе видиш друга димензија и верзија на животот Измешани со магична супстанца што ќе избрише се А ти прифати го предизвикот и возврати со иста мера.
19
жена. човек. тишина.
20
жена. човек. тишина.
Лилјана Пецова Илиеска Релјефна Секоја точка на телово порој од бесови врзува наземи ме наоѓа чекано, исчекано повеќе да боли да чемрее в тага, в часот зол за секоја наклепа вишнова дамка на лице да ми остави и кожава памети кога мешав светлини и тупаници нарамува таа, болката и знае да продолжи со низа удари како воз низ пруга што се тетерави како род на нива што цути в зима како игла в срце што пече. И секое мое чекорење напред со силен глас против тихувањето мое ќе е нов допир на телово нова верзија од точки што се поврзуваат во супстанца од ново себеизмислување да возврати со нови поетски слики на „НЕ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ВАКА“
21
жена. човек. тишина.
Александар Митовски Стаж Една модра слива на личниот пејзаж Сѐ исплакано, суво – ништо не зрее. Студи овде, вели, тишинува со стаж и покри дел од свој’та кожа-пруга дваж. Возови в глава, и невреме вирее – порој ѝ цути на личниот ѝ пејзаж. Продолжи, твојата верзија е колаж, неговата е похота што чемрее. Та што ако, вели, тишинува со стаж па ми возврати поглед рамен на витраж: неговиот допир слаб е и не грее, црно сонце е на личниот ми пејзаж, наземи седи, нарамува игла – маж! Јас мешав супстанца, тој чиниш сребрее... Свет на бајки, вели, тишинува со стаж: воздивна, наклепа глас, отвори багаж. Едно чекано чекорење старее. Вишнова точка на личниот ѝ пејзаж; што да правам, вели, тишинува со стаж.
22
жена. човек. тишина.
Сузана Мицева *** Како долго чекано дете, породи виножито, а потоа светот се претвори во огромна виолетова точка. Најпосле телото полегна врз шумлива есенска постела, и остана наземи со последната молитва која што чемрее врз вишновата усна. Надежта е непозната супстанца врз кожа наклепена со бол, и допирот, чиниш чекорење на метална чизма. Иглата го зашива гласот во кој пливаат солзи дури раните не станат порој што ќе ги поплави пругите на сите напатени возови. На некоја непозната станица, закрилена во мало купе, го нарамува својот пат и продолжува. Таму каде што во душата е вечна пролет и се’ цути, и божилакот - ореол над главите мешан со трнливо цвеќе. На небото се смее и возвраќа со бои, дури полицецот, во одаите на полицијата, раскажува друга верзија.
23
жена. човек. тишина.
Наталија Наумовска Жена. Човек. Тишина Во студена соба седам наземи и молчам мојата кожа го памети тој нежен допир, а сега душата почна да ми чемрее и порој од солзи ненајавен блика, сцената мрачна, пак се појави како слика. Погледот негов ладен и остар како игла крвта во вените во вишнова боја ми ја смрзна, љубовта наша за миг престана да цути и се стави точка без последно збогум на молкот мој со погласен молк возврати. Се наклепа со студ и меланхолија, зимата продолжи и во лето, ни неговото чекорење не беше исто толку долго сонцето никогаш го немав чекано, а од него ни трага, ни глас. Секој сам своите маки си ги нарамува, моите чиниш големи како најдолгата пруга во темна верзија ги мешав со среќни спомени без да знам дека главната супстанца ми фали, а таа била скриена во мене.
24
жена. човек. тишина.
Фросина Тасевска *** Во чекорење мисли ми се раѓаат за допир нежен душа ми чемрее наземи порој горчливи солзи налик вишнова боја надоаѓаат, а јас молам сонце да ми изгрее. Чекано ветување под кожа набабрува да се продолжи, да се возврати охрабрува точка да се стави на верзија скудна не ме остава,цути надеж во мене будна. Дур мешав супстанца за ветеното ми утре глас не пуштив нит изустив со игла сама болката си ја шиев внатре и пруга и куќа на распеќето поместив. Но, од денес тагата не ќе ме нарамува и збеснати твои писоци ќе измамува. Судба твoјa од мои живи рaни сетила ќе наклепа за дa сум ти (дo)живoтнa острица која ќе те рассекува!
25
жена. човек. тишина.
26
жена. човек. тишина.
Љупка Антеска *** 1. (жена) Од уста со игла тишина вади, не дозволува да и` чемрее. Нарамува точка за да може да продолжи таму каде чекорењето глас нема, мразот е прогласен за вечна супстанца, а секој допир е осуден на двојна верзија. 2. (тишина) Пред да почне се подготви: Наклепа кожа со стакло, со оган возврати од наземи па среде вишнова градина изгради пруга. 3. (човек) Неа ќе ја голтне цвеќе-змеј што цути. Јас ќе триумфирам по порој од чекано време. Ох, каде беше тишино-жено додека години мешав крв и небо.
27
жена. човек. тишина.
Марина Мијаковска Соба на молкот Уште една точка на ѕидот! Во дланките порој од есенски стравувања. Во дом од две половини наземи молчи една црноока жена со сино срце во таен чекор чекано. Во доцен час чемрее една женска желба. Грозен удар од машка рака се наклепа во вишнова боја по бела и мека кожа. Мешав сегашно и идно време! Болката ја нарамува ранец од рани во минатото! Продолжи да бара скалила за излез од траорот. Во светов цути омраза со црно-бела пруга. Ко игла в гради боде косата на стравот. Со мир и бавно чекорење напред паднатата силуета пушта прекорлив глас кон суровата реалност и конечно ја остварува својата универзална визија:
Да се биде женска супстанца значи да се почне од почетокот! Тишината од куќата да возврати со Слобода за секоја следна жртва!
28
жена. човек. тишина.
Мариета Дукиќ *** Јас и ти станавме точка Во порој од трње и овенати рози Спуштени наземи ко за причест Ко да умревме за време чекано Едно дете стои и чемрее А домот наклепа сред грдоста Наместо да вишнее разумот Во моја кожа мешав бол и страв А тоа нарамува нова мисла Да застане или продолжи Да оди или згазне на пруга Во мене цути само една игла Која боли повеќе при чекорење Нема веќе глас ни допир Ти си лоша верзија На најефтина супстанца Бог ќе ти возврати.
29
жена. човек. тишина.
30
жена. човек. тишина.
Светлана Папачеќ Болна тишина Те молам стави веќе точка Запри го овој порој, чувства набиени Пресилен е, ме кутна наземи А колку беше чекано – Ти либе мое Душава венее и чемрее за тебе Ниту глас, нит абер прати некаков А јас... Желна за допир, милување Со љубов ти не ми возврати Ноќе будна верзија сонев јас кутрата Кошула мирисав твоја, кожа мажествена Вишнова во бојата, мирис кога цути цвет Игла ме дупи во срцево, корне, разранува Залудно е моето чекорење во ноќта глува Наклепа коса косачот стогодишен Искоси коров што пруга крие, сокрива Бовча си јас нарамувам со малку руби во неа Куќа ти празна оставам, живот мора да продолжи Супстанца од две компоненти Мешав сал само сол и вода.
31
жена. човек. тишина.
Зорица Милошевска Жена Со игла и рапав конец ја соши болката. Не се сети да возврати, ни да се наклепа. Товарот секој ден што го нарамува, ја сотре наземи да робува. И одново продолжи по таа жешка пруга. Тешкото чекорење и го следев. и посакав вишнова гранка да ја сепне, на нејзината кожа да ја сетне. Порој од солзите исплакани ја понесе, да чемрее, да не престане. И удрив со чекано! Да се разнесе темната тишина. Врескав посилно од неа, мешав чувства и удари, да цути, одново да расцути по таа точка што си ја стави. Ама ни допир не допира до неа, ни глас не испушта сирота. Па таа е само супстанца, таа е само човек. Кревка верзија на своите соништа.
32
жена. човек. тишина.
Марина Василевска-Стојановска Жена. Човек. Тишина. Кога ќе ставам точка на поројот солзи. Ќе почувствувам допир на твојата кожа наземи. Продолжи да трагаш по нашата љубов. Во чудесна, вишнова градина таа цути. Светнатата игла кожата ја набоде. Брзото чекорење по пругата, тивкиот глас го прекина. Додека супстанцата не возврати на новата верзија на љубовта. Создавам тишина Која буди човек во една Жена.
33
жена. човек. тишина.
Тања Кармзова-Костиглиола *** Точка сум на твојата нова кошула, застаната на првата јамка на реверот. Порој отрови надвиснуваат од таванот и се стрват на белото платно послано наземи. Чекано празнење чемрее во аголот, барајќи погоден миг да го наклепа презирот и устата погана, вишнова. Кожа оставив на секој раб од креветот додека мешав етер и етерични масла и барав ветерот да ги нарамува сите пцовки со кои животот ти се продолжи. Без пруга до неповрат спокој не ќе ми цути, ниту игла во чекорење ќе ти измоли глас, ќе пцовисам за барем еден безболен допир и за поинаква верзија на очигледниот крај. Наместо дамка, посакувам да бев супстанца што ќе ти возврати со серотонин складиран меѓу вратните пршлени.
34
жена. човек. тишина.
Жаклина Филипова-Свеќаровска жена. човек. тишина. Долго е чекано нашето чекорење да почне во иста точка. И да продолжи Не праволиниски, ко по пруга, ниту како порој, стихијно, бурно... Мојата кожа чемрее за допир што нема да ме фрли наземи небаре пеперутка со суви крила со игла на надмоќта пронижана Зар мојот глас не те нарамува со онаа специфична супстанца што без тежина тегобно тежи? Душата ми е модра, а срцето цути со вишнова боја Мешав сѐнешто од палетата на животот и којзнае која е оваа моја верзија што не умее да возврати, не умее да го наклепа оружјето, та посилно да стане од тишината. Да крикне: Жена сум, и човек!, а ти: ни жена, ни човек. Само штама.
35
жена. човек. тишина.
36
жена. човек. тишина.
OFF: (Овие песни не ги исполнуваат сите правила, но, сепак...)
37
жена. човек. тишина.
Милена Ристова-Михајловска Збор – пченица. Литература – воденица. Ликови: Брашнаровски – Поледелецот: Вредно си ја обработува својата нива. Сади, одгледува и сее пченично жито. Славјановски – Поетот: Сопственик на нива што често ја посетува, ама не за да си го одржува поседот (оти најмува аргати), туку за да го набљудува, да се инспирира од природата, да пишува поезија (велат, романтичарска била). Пченицата: персонифициран лик на пченицата од нивата на Брашнаровски. Воденицата: персонифициран лик на воденицата крај реката до нивата на Славјановски. (Од лево на сцената - воденица. Десно од неа житни класја, засадени во нивата на Славјановски. Десно од неговата нива има меѓа што граничи со нивата на Брашнаровски. Рефлекторите се силно блеснати и хартиено сонце виси централно над сцената, малку подолу од кренатата завеса. Пладне е. Се среќаваат Брашнаровски и Славјановски на меѓата што им ги дели двете ниви. Првиот го милува со рака житото, вториот - Аристотеловата „Поетика“ што ја држи в раце).
38
жена. човек. тишина.
Поледелецот: Зрно по зрно – класје. Поетот: Слово по слово – збор. Поледелецот: Класје по класје – тони пченица. Поетот: Збор по збор – реченица. Поледелецот: Тон по тон – полни амбари. Поетот: Реч по реч – стихозбирки, книги, романи. Поледелецот: Зрната бројни циклично метаморфозираат. Од полиња родни, во амбари суви, меѓу два остри камена прво умираат, а потем од брашно во леб фениксираат. Вода речна чини улога моќна. Чиста, ем бистра, плодна и родна. Придвижува воденица,
39
жена. човек. тишина.
бодрејќи ја од матката своја да роди снежнобели чеда што за родот човечки злато лебно вредат. Поетот: И речениците стројни циклично се селектираат. Од творечки души, во пратишини глуви, на бело лисје хартиено умираат а потем прочитани и тие фениксираат. Деница сјајна им чини улога моќна. Светла ем сјајна, будна и рана. Осветлува неуки и штородени, им вткајува в души килим од мудрост, за да им створи вредна ука, што за родот човечки е дар дур‘ срце чука. Пченицата: Слушаш ли, сестро,
40
жена. човек. тишина.
побратимке моја стара, поледелецот вели јас сум злато, поетот тврди ти си дар, од мое тело раѓам свилен леб, од твоја душа раѓаш блажен збор. Воденицата: Сестричке, пченичке, ти клетко лебна, клетко реченична, многу зборој за нас си чувме ние двете. Да им ги одречеме ќе биде гест на скромно дете, оти, вистина е, од твое пченично злато се раѓа леб, од мои стихозбирки, книги, романи прогледува слеп. Мене сестри мили ми се и Вода и Деница,
41
жена. човек. тишина.
а јас, ни сум сал вода, ни сум сал деница ни сум сал вода што врви бесно низ кањонче тесно, ни сум сал деница што вруток и е свод небесен, а лик ранодневен, красен... Ете, јас ни сум сал вода, ни сум сал деница, ама живототворна сум ко Вода и со свое дело осветлувам ко Деница затоа ме кум кумувал со име ВоДеница. И оти поледелецов те тебе вика Пченица, а поетов те нарекува Збор, и оти ти си ми сестра миленица, јас сум без двоумење двоимена – Литературна воденица.
42
жена. човек. тишина.
Снежана Паноска Милост божја
Ти бепче, ти дете, ќе станеш и мома ти сакана рожба,од душата душа, ти чекано дете од моите деца , наземи си сонце и божилак в’ очи да те сакам тивко , без око да солзи. Ми чемрее душа и ми цути око, те бараа мило ко’ игла во сено, те зедов во раце со немирен допир ми изгоре кожа , не испуштив глас . Нарамува денот рамки без слики, и не пуштив глас низ пруга, низ река, и не чекав мигот да возврати љубов , сал’ глас силен ми донесе абер , “Ни дојде, ни дојде , нова душа мајко“. И наклепа косач нова коса в’мугри, да искоси жито , да собере дарој’ да раздели радост ко’ задивен порој. Продолжив да садам и вишнови стебла, да растат ко’ тебе, за да сладиш душа, да ме памтиш по нив и име да славиш . Чекорење, брборење, ти растеш ко’ вода, “Продолжи , се молам - род родовник следи “. Мешав разни бои и си барав сличност, во баба , во дедо и предци низ веко’ј, сал нови супстанци јас во тебе најдов, верзија на тато си и на мама лика ,
43
жена. човек. тишина.
возврати ми само трошка љубов твоја , моја душо мала,од душата душа. Ќе дочекам велам да направам точка , да насликам лика, да посакам стихо’ј , да станеш и мома и жена и мајка , да не плачат очи по рожби и внуци, сал’ радост да имаш, моја душо слатка, моја Јана мила , моја божја милост .
44
жена. човек. тишина.
Славица Гаџова-Свидерска Телото за кое е забрането да се зборува Врз тебе се канализираат негативните енергии на историјата Ги примаш, ги бришеш и се отвораш за нов почеток Твоето месо ги апсорбира сите завети за прекин на крвопролевањата А, ти ќе продолжиш да крвопролеваш Да се правиш помало од клопче волница стркалано на подот да бегаш од собата во која служиш како тепих или молчиш како ѕид со врамени слики Магично да се симнуваш во прекрасната баналност на шарените каталози за козметика меѓу балсамите меѓу илјада и едниот мелем што можеби конечно ќе ти ја зацелат душата или расечената усна
(од поетската збирка ТЕЛА, „Награда Караманов 2016“)
45
жена. човек. тишина.
Емилија Матаничкова Жена. Точка. Тишина. (Од телото фрлено во чадот на буништето, Лежеше и еден толчник што крваво ги омекна Сите пори на моето живеење.) Од една проѕирна точка во поројот што плута, Останав така - само една Товар капка. Чеканот твој што Чемрееше време, Сеуште ја наклепува молитвата За мојата распослана кожа – Што трепетлика беше ко вишнова пупка. Оној кој ги расфрли сите мои полени, Оној кој ги измеша сите мои поими за нијанси и бои. И сета сивотија ја нарамив на кревките крилја, Ги исчистив нежно од реата на прашината И со мојот здив росен Продолжив да ги пребојувам, нежно – ко мајчински, Долж пругата од надежи и роса... Каде цутеше вишновата трепетлика. Со врвот остар од иглата, Нежно, ги одделив сите сомнежи и тага, И со гласот свој што лебди Над стрмните сознанија, Оној глас кој чекореше над поројот, Оној глас што е сенка на воденоста и Кој како дождовен килим се најде слободно во својот океан. Оној нејзин, детски и женски и сечиј – од надежи и
46
жена. човек. тишина.
прераѓања, Тој е и оној глас што на полниот со сенки куфер Фениксно го допира и му дава исчистена верзија. Му додава нова супстанца од надрастеност. Му возврати со капки гласна тишина. Таква е таа проѕирна запирка порој, Таа солза од океан која, Го исчисти трњето За омајот свој пак раскошно да го вее, Долж сите диви карпести екоти и Долж развлечените и спокојни изгрејсонца.
47
жена. човек. тишина.
Митко Гогов .жената на убиецот живееш. навидум си точка исправена пред налутен порој од огнени јазици, но, наземи си спуштена на коленици, полегнатно се молиш и “чекано“ го дочекуваш како пруга низ која струи возот на болот. :машиновозачот како ковач на смртта го кова со лузни твоето умртвено тело. глас и допир си на кој не се сеќава(ш), чекорење кое не знае да возврати звук, изгубено ехо си на љубовта која чемрее и поглед си: „силно удрен од ѕидот“! балоните со игла пукнати ќе не ослободат, мила, тагата нема да продолжи да ја нарамува твојата загриженост, ти си кожа која тешко се носи, вишнова убавина која се поретко цути, мешав сон на убиец си кој сака: да гази, да удира, да убива, да продолжи да снима верзија на животот помешан со отровна супстанца. денот престана да дише. се пријави?
48
жена. човек. тишина.
49
жена. човек. тишина.
„Насилството врз жените е глобална пандемија. За разлика од болестите, за неа нема лек, но има начини да се спречи пред да се случи.“
Совесен граѓанин
50
жена. човек. тишина.
ИСТРАЖУВАЊЕ: Насилството врз жените претставува сериозна повреда на човековите права што феноменолошки се манифестира како резултат на дискриминаторски третман односно нееднаквост помеѓу мажите и жените. Ценејќи ја потребата од посебна заштита на жените од овој вид насилство, Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција 54/134 на 17. декември 1999 година, го утврди 25. Ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, на што претходеше Декларацијата за борба против насилство врз жените од 20. декември 1993 година. И покрај фактот дека насилството врз жените е глобална пандемија и околу 70 проценти од жените доживеале насилство во нивниот живот, во Република Македонија се пренебрегнуваат фактите и не се обрнува потребното внимание за подобрување на состојбите од аспект на негово спречување и заштита на жртвите. За ова говори фактот дека жените - жртви на родово базирано насилство не ја добиваат соодветната заштита од институциите надлежни да ја пружат таа заштита. Овој вид на насилство кај нас најчесто се случува во рамки на семејството и поради тоа се изедначува со семејно насилство, иако тоа е само една од формите низ кое се манифестира. И покрај изменетата законска регулатива, правилниците и протоколите за работа, сепак во РМ механизмот на превенција и заштита на жените жртви на насилство во пракса не дава видлив и ефективен резултат односно соодветна заштита на жртвите и гонење на сторителите. Уште при самото пријавување на насилството во полиција, во центрите за социјална работа и здравствените установи и минувајќи низ лавиринтите на системот,
жртвите
стануваат
по
втор
пат
жртви
Имено,
полициските
службеници кои првично се повикани да реагираат, многу често не се сензибилизирани ниту обучени за проблематиката и пријавите ги нотираат по своја лична проценка и убедување, а најчесто како „нарушување на јавниот ред и мир“ со што го минимизираат стореното кривично дело. Од друга страна пак Центрите за социјална работа со нивниот слаб капацитет и мали ресурси, не се во состојба квалитетно и навремено да одговорат на пријавите на жртвите, особено не надвор од работното време. Насилството не се случува во
51
жена. човек. тишина.
„определено работно време“, а непостоењето на дежурни служби за соодветна и навремена реакција е еден од најгорливите проблеми кај нас. Згрижувањето
на
жртвите
во
шелтер
–
центрите
претставува
дополнителен проблем, бидејќи нивниот број се намалува, а во повеќето градови низ државата воопшто и не постојат шелтер-центри, односно засолништа за привремено згрижување на жртвите на насилство. Двојната виктимизација на жртвите особено се чуствува при постојаното повторување на настанот пред различни институции, што понатаму води кон „обележување“ на жртвата во
средината во која живее и понатаму срамот ја одвраќа и
обесхрабрува да води понатамошна постапка пред институциите. Хелсиншкиот комитет потсетува дека Република Македонија е потписничка на Конвенцијата на Советот на Европа (Истанбулска конвенција) за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство, која за прв пат во Европа утврдува правно обврзувачки стандарди за спречување на насилство врз жената, вклучувајќи го и семејното насилство, за заштита на жртвите и казнување на сторителите. Годинешното одбележување на 25 ноември воедно претставува и апел до Владата и Собранието на РМ за поскоро ратификување на Истанбулската конвенција и прилагодување на домашната регулатива во согласност со одредбите на Конвенцијата. Светската здравствена организација потенцира дека насилството има долгорочни последици на психичкото и физичкото здравје на жените. Имено, жените со насилен партнер почесто страдаат од депресија и проблеми со прекумерно консумирање алкохол и почесто се соочуваат со несакана бременост и абортуси, како и сексуално преносливи инфекции меѓу кои и ХИВ. „Жртвите на насилство често не го пријавуваат нападот. Сведоците понекогаш одбиваат да преземат нешто. Заедно мора да го запреме тоа и да ги искорениме стереотипите кои ги потценуваат женските гласови и да покажеме дека насилството врз жените е неприфатливо и нема да се толерира од никого“ – пишува во соопштението на Европската комисија по повод Меѓународниот ден за елиминирање на насилство врз жените.
52
жена. човек. тишина.
Застрашувачки е фактот дека секоја трета жена во светот е жртва на физичко и/или сексуално насилство, најчесто извршено од страна на нејзиниот интимен партнер. Денес светот се обединува за да се осуди насилството врз жените и девојчињата и да се поттикнат конкретни чекори за да се стави крај на овој глобален проблем. На 25-ти ноември, ширум светот започнаа 16-те дена активизам со кои треба да се сврти вниманието, да се подигне јавната свест и да се предизвика конкретна акција за елиминирање на сите форми на родово базирано насилство. Овој ден е одбран за Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените за да се одбележи убиството на трите активистки од Доминиканската Република кои во 1960 година се брутално убиени поради нивниот бунт против диктаторскиот режим на тогашниот претседател на земјата Рафаел Труиљо. 16-те дена активизам траат до 10-ти декември, Светскиот ден на човековите права. Датумите не се одбрани случајно, туку со цел да се направи поврзување помеѓу насилството врз жените и девојчињата и кршењето на човековите права. Имено, токму насилството врз жените е едно од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права, од што во светски рамки страда секоја трета жена. Скоро половина од жените убиени во текот на 2012-та настрадале од својот партнер или член на семејството. Статистички, силувањето и домашното насилство
претставуваат
поголема
закана
за
жената
отколку
ракот,
сообраќајните несреќи, војните и маларијата заедно. Податоците говорат и дека 603 милиони жени во светот живеат во земји каде семејното насилство сеуште не се смета за кривично дело. Исто така, на глобално ниво, близу половина од сексуалните напади се извршени над девојчиња помали од 16 години. Вклучувањето на Македонија во глобалниот повик за активизам под мотото „Направи го твоето соседство портокалово“ (Orange your neighborhood),
53
жена. човек. тишина.
годинава се одвива преку повикот за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата – сега! Во текот на 16-те денови активизам испланирани се и се реализираат бројни активности: трибини, форуми, дебати, уметнички инсталации, театарски претстави и маршеви, а споделени се и идеи во кои доминира портокалована боја и чија цел е свртување на вниманието на целото општество за овој горлив проблем. Активностите во рамките на оваа кампања имаат за цел да ја подигнат свеста и да поттикнат акција против семејното насилство како грубо кршење на основното човеково право од што на светско ниво страда секоја трета жена во текот на својот живот.
54
жена. човек. тишина.
55
жена. човек. тишина.
Азбука на насилството А – агресивност Б – бруталност В – вербално насилство – е форма на психичко/емоционално насилство и вклчува користење на зборови кои се заканувачки, понижувачки, навредувачки, обвинувачки,
критикувачки.
Помалку
агресивните
форми
на
вербално
насилство се однесуваат на изјави кои иако невпечатливи, сепак имаат скриена цел да ја манипулираат, понижат или лажно да ја обвинат жртвата. Г – генитално осакатување – или познато како женско обрежување е штетна традиционална
практика
на
целосно
или
делумно
одстранување
на
надворешните гениталии кај младите девојчиња и жени. Најчесто жртви се девојчиња до пет години. Д – демнење – намерно однесување на повторено заканување насочено ко друго лице што предизвикува лицето да се плаши за својата безбедност. Демнењето, како облик на родово базирано насилство, директно е насочено и несразберно ги погодува жените. Секој аспект од животот на жените кои биле жртва на демнење е проследен со страв и анксиозност. Ѓ – Бројките СЕ луѓе! Е – економско насилство – секое дејствие на ограничување или спречување во располагање на лични приходи и финансиски средства, за одржување на заедничко домаќинство и за грижа на детето, со што се предизвикува економска зависност на жртвата. Економското насилство е форма на семејно насилство. Ж- жртва – е секое лице кое трпи насилство од различен вид. Кога станува збор за родово базираното насилство и семејното насилство најчесто жртви се жените. З – загрозување на сигурност Ѕ – „Како дете го слушав докторот како ѝ вели на мајка ми „Госпоѓо Стјуарт,
56
жена. човек. тишина.
мора со нешто да сте го провоцирале. За кавга се потребни двајца“. Погрешно! Мајка ми не беше ништо виновна, а и да била, насилството, никогаш, ама никогаш не треба да биде избор на еден маж“ – Патрик Стјуарт, актер. И – интимно партнерско насилство – насилство од страна на интимен партнер без разлика дали живеат во заедница или не, образец на контролирачко однесување кое вклучува психичка, физичка, емоционална, вербална, сексуална и/или економска злоупотреба. Ј – насилство врз жени на Јавни простори – насилство врз жените на јавни места се манифестира во следните форми – груби коментари, несакано сексуално
внимание,
зјапање,
свиркање,
допирање,
стискање,
физичко
насилство, сексуално насилство, малтретирање, вознемирување, силување итн. Оваа форма на насилство е позастапена во ноќните часови и влијае на ограничување на движењето кај жените. К – кривично дело Л – лишување Љ – љубомора – љубомората е непријатна емоција што се заснова на посесивна љубов кон партнерот/ката и најчесто замислена (некогаш реална) закана дека ќе ја изгубат саканата личност, односно ќе бидат напуштени. Љубомората е чувство што се темели на несигурноста во сопствените вредности и немањето довеба во интимниот партнер. Љубомората е често причина за семејно насилство или интимно партнерско насилство. М – малолетнички бракови – ова е честа појава во земјите во развој, непропорционално влијаејќи на девојчињата, загрозувајќи го нивниот живот и егзистенција. Раното стапување во брак може да доведе до трајни емоционални, физички и психолошки страдања. Н – насилник – секое лице што врши дејствие на насилство. Њ – „Њујорк Тајмс“ во јули месец 2015 година ја имаше една од највпечатливите насловни страни со жените жртви (35 од вкупно 46) на сексуално насилство и тоа од страна на комичарот Бил Козби. Секоја од нив проговори за страшното искуство, после долги години молчење.
57
жена. човек. тишина.
О – обид за убиство/бегство П – присилна стерилизација или присилен абортус – секоја стерилизација или абортус изведен без согласност, често и без знаење на жената се смета за присилна стерилизација или абортус. Принудното одземање на женскиот репродуктивен потенцијал може да доведе до екстремна социјална изолација, напуштање од страна на семејството, страв од медицински персонал и третмани, како и долготрајна агонија. Р – родово базирано насилство – значи секој акт на насилство кое резултира со или е веројатно дека ќе резултира со физичка, сексуална или психолошка штета или страдање на жртвите, вклучувајќи и закани за такви акти, принуда или своеволно лишување од слобода, без разлика дали се случуваат во јавност или во приватниот живот насилство. Родово базираното насилство е насочено против жената затоа што е жена и несразмерно ја погаѓа. С – сексуално насилство и силување – присилен сексуален однос кој во себе вклучува психолошка присилба и физичка сила. Во позадина на силувањето може да постои и задоволување на сексуалната птореба, но најчесто е израз на докажување на моќ, доминација и одржување на контрола врз жртвата. Сексуалното насилство може да се случи и од страна на брачен партнер и тогаш станува збор за „силување во брак“. Т – траума – последица кај личноста по преживување на неочекувано, виско стресно и вознемирувачко искуство. Траумата може да биде физичка, психичка и емоционална. Жените жртви на насилство најчесто доживуваат и повеќе од едно трауматично исксутво, особено кога се работи за семејно насилство и интимно партнерско насилство кое трае повеќе години. Ќ – ќотек У – уцена Ф – физичко насилство и Фемицид – физичкото насилство се манифестира со употреба на физичка сила или пак закана дека истата ќе биде употребена и подразбира широк спектар на дејствија. Фемицидот пак, е најтешка форма на насилство врз жени и може да биде директна последица на семејно насилство
58
жена. човек. тишина.
или интимно-партнерско насилство. Терминот фемицид означува намерно убиство на жена затоа што е жена. Х – Хали Бери во една пригода изјави дека изгубила 80 % од слухот на едното уво откако била претепана од поранешно момче, чиј идентитет не го откри, но се верува дека се работи за Висли Снајпс. Исто така, Бери била сведок како татко ѝ ги злоставува мајка ѝ и постарата сестра. Ц – Познатата пејачка Тина Тарнер беше во брак со Ајк, а на јавноста ѝ е добро позната приказната за бруталното претепување на Тарнер во повеќе наврати. Во една прилика пејачката едвај останала жива, а за време на бракот била и сексуално злоставувана. Ч – убиства во име на „Чест“ – акт на одмазда,најчесто со смрт, од страна на машки
член
кон
женски
член
на
семејството
поради
нанесување
„срам“/обесчествување на името на семејството. Причина за ваквата одлука може да биде: неприфаќање да влезе во договорен брак, жртва на сексуален напад, стил на облекување кој не е соодветен според кретериумите на машките членови на семејството, опстојување на партнерска врска која не е одобрена од семејството. Џ – Таткото на Шарлиз Терон бил насилен алкохоличар кој постојано ги малтретирал Шарлиз и нејзината мајка на сите можни начини, а често им се заканувал дека ќе ги убие. За жал, заканите се оствариле, а мајката во самоодбрана го застрелала кога Шарлиз имала само 15 години. Ш – шовинизам – во овој контекст се мисли на машки шовинизам, односно свесно или несвесно убедување дека мажите се супериорни од жените во сите сфери од живеењето. Тој се однесува на одржувањето на фиксирани верувањата и ставови на машка супериорност, поврзани со отворена или прикриена амортизација на жените. Предизвикувањето на шовинистичките ставови често резултира со анксиозност или други симптоми.
59
жена. човек. тишина.
60
жена. човек. тишина.
СТУДИОЗНО: Изминатава деценија, притисокот од групите за човекови права, за права на
жените
и
меѓународната
заедница
имаа
влијание
врз
политичката
посветеност во Македонија за справување со родовата не-еднаквост и насилството
врз
жените.
Сепак,
овие
напори
главно
имаа
ефект
врз
унапредување на законската рамка за семејно насилство, додека родовобазираното насилство не е вклучено како посебен вид на насилство во законодавството. Остануваат области кои не се доволно опфатени во политиките, како што е интеграцијата на родовите прашања во урбанистичкото планирање, како и постоење на слабости и пропусти во системите за поддршка на жртвите и насилниците. Перцепциите на жените за нивната безбедност се исто така под влијание на физичкиот изглед на урбаната средина, па така подобро одржувана, широка, и добро осветлена урбана околина ги прави жените да се чувствуваат побезбедни. Тие, исто така, имаат зголемено чувство на сигурност во текот на денот, во споредба со ноќта. Жените ги препознаваат родовите како фактор во нивната перцепција за безбедноста и насилството. Да се биде жена, сама, и да се носи одреден тип на облека, од страна на жените, се сметаат како најважни причини за насилство врз нив. Пристапот до јавните простори за жените е ограничен поради ширењето на наративи дека тие се повеќе ранливи и резултира во страв од потенцијални злоупотреби. Таквите наративи се оформени од тоа кој го користи јавниот простор (на пример, корисници на дрога), како и видот на активностите/акциите кои се одвиваат во специфични простори (на пример, давање на комерцијални сексуални услуги), контекстот (изливи на јавно насилство), сензационалистичко известување за брутални случаи на насилство од страна на медиумите, лични искуства со насилни напади и општото чувство на ранливост. Оттука, реакциите на жените на насилството во јавните простори се воздржување или саморестрикција на мобилноста (ограничување на места/простори каде тие се чувствуваат безбедно) како еден од главните механизми на самоодбрана, кои тие го комбинираат со разни други механизми дискутирани во рамки на оваа студија.
61
жена. човек. тишина.
Насилството врз жените на јавни места се манифестира во следните форми: груби коментари, несакано сексуално внимание, зјапање, свиркање, допирање, стискање,
физичко
насилство,
сексуално
насилство,
малтретирање,
вознемирување, силување, итн. Некои жени јасно го идентификуваа родовобазираното насилство во сите негови форми, а други не го препознаваат, а понекогаш дури и ги оправдуваат некои форми на насилство со обезбедување алиби (однесување на жените, изглед или облека која, според нив, провоцира насилство). Поради тоа што редовно се предмет на најраспространетите форми на родово-базирано насилство (како на пример, зјапање, свиркање, сексуални коментари), многу жени го прифаќаат ваквиот тип на насилство како неизбежен дел при користењето на јавните места. Родово-базираното насилство не се препознава во институциите (како што се болници, училишта, полиција) и на тој начин се потхранува или оддржува системот на нееднаквости и толеранција кон одредени форми на насилство. Родово-базираното насилство меѓу учениците и средношколците е широко распространето. Поголемиот дел од наставниците, директорите и учениците не ги препознаваат специфичните и различните форми на насилства (на пример, силеџиство) и вработените во училиштата не успеваат да ги признаат „внатрешните" причини за насилството, туку тоа го гледаат како негативно влијание од „надвор". Родово-базираното насилство меѓу младите зема форма на насилство меѓу партнери, каде девојките не се во можност да направат разлика меѓу љубов и љубомора. Како резултат на тоа, девојките имаат тешкотии да препознаат сексуално. Психолошката агресија, заканите и навредите на работа сеуште се сметаат главно како нарушување на личните односи помеѓу колегите и претпоставените, со што не се успева да се признае општествениот и политичкиот контекст на работните односи, кои не се имуни на негативните стереотипи, сексизам и родово-базираните борби за моќ.
62
жена. човек. тишина.
Сексуалните работнички, корисниците на дрога, жените со попреченост и жените кои припаѓаат на малцинствата се во групата на женски лица особено погодени од насилство поради природата на нивната работа/ попреченост/ националност, а исто така, тие се повеќе ограничени во можностите да избегнат насилство и да имаат пристап до услуги за поддршка. Жените од етничките малцинства се соочуваат со недостаток на основни услуги, особено во областите каде што тие се мнозинство, како што е недостатокот од гинеколог со полно работно време во општината Шуто Оризари. Одбранбените механизми што жените ги практикуваат за да се заштитат од насилство се разликуваат. Тие се особено развиени меѓу маргинализираните групи и вклучуваат (но не се ограничени на избегнување на користење на одредени јавни простори)избегнување да се излегува во текот на ноќта, избегнување на контакт преку поглед, како и носење одредена облека како форма на заштита од потенцијални напади. Жените
реагираат
на
насилството
со
воздржување
од
користење
на
институционалните механизми поради недостаток на доверба кон институциите на системот. И покрај фактот што за повеќето жени полицијата е клучна во институционалниот одговор на насилството врз жените, постои висок процент на незадоволство од начинот на справување со пријавените случаи од страна на полицијата. Како резултат на тоа, жените имаат тенденција да го избегнуваат овој механизам во случаи на насилство (односно да не пријавуваат). Дополнителна причина за непријавување на насилството е и фактот што жените се срамат или пак се плашат дека луѓето ќе создадат предрасуди за нив или нивните семејства. Поради фактот што насилството врз жените е повеќеслојно, пристапот во справувањето со ова комплексно прашање изискува сплет од акции. Ова вклучува
соодветно
законодавство,
превенција,
инклузивни
системи
за
поддршка на жртвите, и брза акција против сторителите кои ќе обезбедат целосна заштита на жртвите и нивните семејства.
63
жена. човек. тишина.
64
жена. човек. тишина.
Кои се Мирабел сестрите? Како една од стратегиите да се подигне свеста за родово базираното насилство и да се фасцилитира вмрежување на жените лидерки од оваа област, се
воспостави
„16
дена
активизам
против
насилство
врз
жените“
интернационалната кампања, која прв пат е организирана во 1991 година од Институтот за женско глобално лидерство. Кампањата започнува на 25ти Ноември – Меѓународниот ден за борба против насилство врз жената и завршува на 10ти Декември – Меѓународниот ден на човекови права. 25ти ноември за прв пат почнал да се одбележува во 1981 година во знак на спомен на насилното убиство на Мирабел сестрите во 1960 од страна на диктаторот на Доминиканската Република, Рафаел Трухиљо. Како резултат на притисокот и делувањето на женските организации, Генералното Собрание на Обединетите нации, 1999 година го прогласи 25ти Ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените. Така, оваа кампања стана една од алатките за подигнување на свесноста на општата популација за системот за човекови права на Обединетите нации. Идејата е овие денови на еден симболичен начин да го поврзат насилството врз жената и човековите права, ставајќи акцент на тоа дека ваквиот вид на насилство е кршење на основните човекови права. Мирабел сестрите, Патриа, Минерва, Марија Тереза и Деде, или како уште и биле нарекувани „Пеперутките“, биле политички активистки и давале силен отпор кон диктатурата на Трухиљо. Поради своите револуционерни активности, тие заедно со своите сопрузи постојано апсени и притворувани. На 25 ти ноември, три од Мирабел сестрите биле убиени, од страна на припадници на тајната полиција на Трухиљо. Веста за бруталните убиства, ја шокирало и налутило нацијата, и помогнала да се покрене анти- Трухиљо движењето. Мирабел сестрите станале симбол на феминистичкиот отпор, а во годините по нивната смрт, тие се споменувале во поеми, песни и книги. Во овој 16 дневен период, се одбележуваат уште два значајни датуми:
29ти ноември- Меѓународен ден на жените бранители на човекови права , и 6ти декември со кој се одбележува годишнината од масакрот во Монтреал. 29ти ноември- Меѓународен ден на жените бранители на човекови права. Тоа е интернационална кампања, која започнува во 2004 година, за признавање и заштита на човековите права на жените бранители кои преку различни активности се залагаат за остварување на сите човекови права за сите луѓе.
65
жена. човек. тишина.
Кампањата истакнува дека жените кои се борат за човековите права, и сите активистки, се соочуваат со конкретни повреди, како резултат на нивниот пол. 29ти ноември е ден на признание на човековите права на жените бранители, и тоа е ден на кој се одбележува активизмот, застапувањето и храбрите дела на отпорот.
6ти декември со кој се одбележува годишнината од Монтреалскиот масакр. На 6 ти декември 1989 година, 25 годишниот Марк Лепине, влегол на Универзитетот во Монтреал, во зградата на Факултетот за инженерство со полуавтоматска пушка. Започнал крвав поход во кој убил 14 жени и повредил уште 13 други од кои девет жени и четворица мажи. Лепине бил уверен дека не е примен на факултетот поради жените студентки. Пред да се убие, тој оставил писмо со објаснување, кое содржи критики за феминиситките, како и листа на деветнаесет истакнати жени, кои тој особено ги презирал. Оваа група убиени жени станале симбол, трагични претставници, на неправдата врз жените. Во 1991 година канадската влада го прогласи 6 ти декември за Национален ден на сеќавање и акции за насилството врз жените. Овие 16 дена активизам се користат за организирање стратегии од страна на поединци и групи, од целиот свет кои повикуваат на елиминација на сите форми на насилство врз жените, преку: - подигнување на свеста во врска со родово базираното насилство како тема од човековите права, на локално, национално, регионално и интернационално ниво; - зајакнување на локалните активности во врска со насилството врз жените; - воспоставување на јасна врска меѓу локалната и интернационалната работа за да се запре насилството врз жените; - обезбедување на форуми каде организациите ќе можат да развиваат и споделуваат нови и ефективни стратегии; - покажување на солидарност на сите жени од светот, кои се организираат против насилството врз жените; - креирање алатки за вршење притисок на владите да ги имплементираат ветувањата кои ги дале, за да се елиминира насилството врз жените.
66
жена. човек. тишина.
Од 1991 година, околу 5179 организации, од 187 земји, земале учество во интернационалната кампања, 16 дена активизам против родово базираното насилство. Македонија неколку години уназад зема учество во кампањата. Во текот на кампањата се организираат активности со цел кревање на свеста на општата популација во врска со постоењето на овој глобален проблем. Националната мрежа ја спроведува оваа кампања во последните четири години. Во 2011 кампањата беше насловена како Гласот на мажите во превенцијата против
насилството врз жените; додека во 2012 слоганот на кампањата беше Кажи НЕ на насилството врвз жените. Оваа година темата на кампањата, во организација на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство е „16 дена активизам за 16 убиени жени за 6 години“. Сите овие убиства се извршени од членови на поблиското семејство, најчесто сегашни или бивши партнери. Во поголемиот дел од овие случаеви, веќе постоело и било пријавувано семејно насилство. Невладините организации повикуваат дека општеството треба да усвои „нула“ толеранција за сите облици на насилство врз жената. Не само овие 16 дена, вкоренетоста на овој проблем бара работа и посветеност во текот на целата година.
67
жена. човек. тишина.
СОДРЖИНА: Вовед ......................................................................................................................................................... 7 Факти и статистика ........................................................................................................................... 11 Наилството врз жените продолжува да биде глобална пандемија .......................... 13 Стартување на „Народната Повелба за создавање на ненасилен свет“ ................. 15 Поезија: Слажана Брезовска .......................................................................................................................... 18 Роза Миткоска .................................................................................................................................... 20 Јаготка Томовска ............................................................................................................................... 21 Лилјана Пецова Илиеска ............................................................................................................... 23 Александар Митоски ....................................................................................................................... 24 Сузана Мицева ................................................................................................................................... 25 Наталија Наумовска ......................................................................................................................... 26 Фросина Тасевска ............................................................................................................................. 27 Љупка Антеска ................................................................................................................................... 29 Марина Мијаковска ......................................................................................................................... 30 Мариета Дукиќ ................................................................................................................................... 31 Светлана Папачеќ ............................................................................................................................. 33 Зорица Милошевска ....................................................................................................................... 34 Марина Василевска-Стојановска .............................................................................................. 35 Тања Крмзова Костиглиола .......................................................................................................... 36 Жаклина Свеќаровска-Филипова .............................................................................................. 37 OFF: Милена Ристова-Михајловска .................................................................................................... 40 Снежана Паноска ............................................................................................................................. 45 Славица Гаџова Свидерска .......................................................................................................... 47 Емилија Матаничкова ..................................................................................................................... 48 Митко Гогов ........................................................................................................................................ 50 Истражување ...................................................................................................................................... 53 Азбука на насилството ................................................................................................................... 58 Студиозно ............................................................................................................................................. 63 Кои се Мирабел сестрите? ............................................................................................................ 67
Содржина ............................................................................................................................................. 70
68
жена. човек. тишина.
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ меѓу основните цели и задачи ги има поставено: развојот на културни политики на локално и национално ниво, афирмирањето на независната културна сцена и алтернативните практики во културата, промовирањето и негувањето на современите и традиционалните културни вредности,
поттикнување
на
мултидисциплинарноста
во
творештвото
и
усовршување на дигиталните вештини и реактуализирање на традиционалните вредности од современа перспектива. Овој предизвик позади кој стои здружението „Контекст – Струмица“, т.е. публикувањето на четвртото електронско издание на литература (поезија) е исклучително важна активност за сите оние што се занимаваат со книжевност, а посебно со поезијата како специфичен жанр во литературата, кој суптилно навлегува во интимата на секој љубител на пишаниот збор, а воедно служи и за мапирање на нови автори кои имаат интерес да се претстават пред македонската и поширока публика и да пренесе порака, која во овој момент се надеваме дека ќе наиде на доабр слух, соживување и поддршка на загрозените. Иако можеби некој ќе си помисли дека поезијата сè помалку се чита, а списанијата сè помалку ја застапуваат оваа книжевна форма, поезијата сè уште постои. Можеби нејзиниот животен простор станува видливо сè потесен и потесен. Можеби навидум со овој чекор само ја променуваме формата како поезијата да стигне поблиску до читателот, а всушност правиме нов резерват во кој ќе го заштититиме овој заштитен и редок вид на изразување, со што ќе помогнеме во успешното зачувување и пренесување на идните генерации.
Ви благодариме што сте со нас – пријавете насилство доколку го препознавате!
- следете ги нашите следни активности –
69
жена. човек. тишина.
70
жена. човек. тишина.
71